фан-зона Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fan-zona/ За подобро да се разбереме Tue, 18 Jun 2024 12:08:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фан-зона Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fan-zona/ 32 32 Поради најава за невреме затворена е фан зоната во Дортмунд https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/poradi-najava-za-nevreme-zatvorena-e-fan-zonata-vo-dortmund/ Tue, 18 Jun 2024 12:08:56 +0000 https://republika.mk/?p=788760

Во Дортмунд затворена е фан зоната и јавната површина за гледање на натпреварот од првото коло на групниот турнир на Евро 2024 меѓу репрезентациите на Турција и Грузија, пишува порталот dortmund.de.

Одлуката е донесена поради тоа што е добиено предупредување за невреме. Германската метеоролошка служба предупреди на ризик од врнежи од дожд, молњи и силни ветрови во градот.

Навивачите без билети за натпреварот на стадионот беа повикани да останат дома. Градскиот претставник на Дортмунд за ЕП 2024, Мартин Зауер, истакна дека безбедноста на навивачите е приоритет за градските власти.

Натпреварот меѓу репрезентациите на Турција и Грузија ќе се игра попладнево на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ со почеток во 18 часот.

Европското фудбалско првенство се игра во Германија од 14 јуни до 14 јули. Десет германски градови се домаќини на турнирот.

 

The post Поради најава за невреме затворена е фан зоната во Дортмунд appeared first on Република.

]]>

Во Дортмунд затворена е фан зоната и јавната површина за гледање на натпреварот од првото коло на групниот турнир на Евро 2024 меѓу репрезентациите на Турција и Грузија, пишува порталот dortmund.de. Одлуката е донесена поради тоа што е добиено предупредување за невреме. Германската метеоролошка служба предупреди на ризик од врнежи од дожд, молњи и силни ветрови во градот. Навивачите без билети за натпреварот на стадионот беа повикани да останат дома. Градскиот претставник на Дортмунд за ЕП 2024, Мартин Зауер, истакна дека безбедноста на навивачите е приоритет за градските власти. Натпреварот меѓу репрезентациите на Турција и Грузија ќе се игра попладнево на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ со почеток во 18 часот. Европското фудбалско првенство се игра во Германија од 14 јуни до 14 јули. Десет германски градови се домаќини на турнирот.  

The post Поради најава за невреме затворена е фан зоната во Дортмунд appeared first on Република.

]]>
Затворена фан зона во Берлин пред почетокот на ЕП поради сомнителен предмет https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/zatvorena-fan-zona-vo-berlin-pred-pochetokot-na-ep-poradi-somnitelen-predmet/ Fri, 14 Jun 2024 18:49:55 +0000 https://republika.mk/?p=787703

На неколку часа пред почетокот на премиерниот натпревар од Европското првенство меѓу Германија и Шкотска, полицијата затвори фан зона во Берлин.

Германските медиуми пренесуваат дека причината за ова е сомнителен предмет кој бил пронајден во неа. Едно лице е уапсено, а на местото има и кучиња кои бараат бомби и стручњаци за нивно деактивирање.

Предметот бил пронајден при рутинска проверка на просторот наменет за навивачи, а уапсен е маж кој го оставил ранецот покрај влезот. Во фан-зоната во Берлин било предвидено во живо да се следи натпреварот меѓу Германија и Шкотска кој се игра во Минхен.

 

The post Затворена фан зона во Берлин пред почетокот на ЕП поради сомнителен предмет appeared first on Република.

]]>

На неколку часа пред почетокот на премиерниот натпревар од Европското првенство меѓу Германија и Шкотска, полицијата затвори фан зона во Берлин. Германските медиуми пренесуваат дека причината за ова е сомнителен предмет кој бил пронајден во неа. Едно лице е уапсено, а на местото има и кучиња кои бараат бомби и стручњаци за нивно деактивирање. Предметот бил пронајден при рутинска проверка на просторот наменет за навивачи, а уапсен е маж кој го оставил ранецот покрај влезот. Во фан-зоната во Берлин било предвидено во живо да се следи натпреварот меѓу Германија и Шкотска кој се игра во Минхен.  

The post Затворена фан зона во Берлин пред почетокот на ЕП поради сомнителен предмет appeared first on Република.

]]>