ФАМЕ’С Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fame-s/ За подобро да се разбереме Sat, 15 Jul 2023 10:36:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ФАМЕ’С Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fame-s/ 32 32 Оркестарот „Фаме’с“ и виолинистката Ирина Мурезану од Романија на Охридско лето https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/orkestarot-fame-s-i-violinistkata-irina-murezanu-od-romanija-na-ohridsko-leto/ Sat, 15 Jul 2023 10:36:24 +0000 https://republika.mk/?p=661626

Музичката програма на годинешното 63 издание на „Охридско лето“ продолжува со Романска вечер и концертот на виолинистката Ирина Мурезану и уметниците од Европскиот оркестарски изведувачки институт „Фаме’с“.

„Фаме’с“ претставува музички образовен центар создаден во рамките на компанијата „Фаме’с“ која се занимава со професионално снимање и продукција на музика. Организиран во објектот и професионалното студио на „ФАМЕ’С“ во Скопје, центарот претставува уникатна платформа за професионална музичка едукација, размена на искуства и креативност, наменет за млади талентирани инструменталисти од Европа.

Овој проект е дел од програмата за Пан-Европски културни ентитети (CREA-CULT-2021-PECE), поддржан од Европската Унија.

Креирајќи професионална и оригинална оркестарска и музичка содржина, преку различни дигитални платформи, проектот се стреми и кон развој на нова публика, пренесувајќи ги искуствата и културниот диверзитет на европското музичко наследство.

Главен фокус Институтот има кон делувањето на оркестарот кој работи во полето на класичната, хибридната, филмската музика и професионално снимање на оркестарска музика. „Фаме’с“ Институтот беше домаќин на голем број млади музичари од различни земји од Европа (земји учеснички во програмата Креативна Европа) како и врвни музички уметници кои ги раководеа активностите на оваа програма. Меѓу нив, ќе ги забележиме и имињата на диригентот Тимоти Редмонд, Колсимча бенд, Оливие Труан, Алистер Кинг, Луис Иварс, Франческо Тристано, Роб Мазурек, Бенџамин Шварц, Куареим Квартетот, Оливие Дежурс, Етијен Аблеин, Габриел Прокофјев, Игор Корети, Емили Дејвис и Ирина Муресану.

Виолинистката со романско потекло Ирина Муресану е лауреат и победничка на повеќе престижни натпревари за виолинисти како Меѓународниот натпревар во Монтреал, натпреварот „Кралица Елизабета“, натпреварот на Универзитетот во Јужна Африка (УНИСА), меѓународниот натпревар во Вашингтон, натпреварот во „Шадт“ во Алентаун и други.

Ирина Муресану е барана како солист на двете страни на Атлантикот, како и во САД, Европа, Канада, Азија и Јужна Африка, а нејзините специфични програми кои се тематски конципирани придонесуваат да биде подеднакво активна на концертните платформи, како солист и камерен музичар. Таа е член на Бостонското камерно трио од 2001 година, а настапувала на бројни фестивали во САД, Холандија, Белгија, Франција и др. Муресану е посветена и на изведбата на дела од современата музичка литература, од кои голем дел се напишани токму за неа. Нејзините изведби се запишани на носачи на звук на повеќе интернационални издавачки куќи.

Муресану е професор на Универзитетот во Мериленд, а била дел од професорскиот кадар на Конзерваториумот „Беркли“ како и на Харвард и МИТ. Носител е на престижната Диплома за уметност и титула доктор на музичка уметност од Конзерваториумот „Њу Ингланд“ каде студирала со легендарниот француски виолинист Мишел Оклер.

Концертот ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ со почеток во стандардниот фестивалски термин од 21 часот.

 

The post Оркестарот „Фаме’с“ и виолинистката Ирина Мурезану од Романија на Охридско лето appeared first on Република.

]]>

Музичката програма на годинешното 63 издание на „Охридско лето“ продолжува со Романска вечер и концертот на виолинистката Ирина Мурезану и уметниците од Европскиот оркестарски изведувачки институт „Фаме’с“. „Фаме’с“ претставува музички образовен центар создаден во рамките на компанијата „Фаме’с“ која се занимава со професионално снимање и продукција на музика. Организиран во објектот и професионалното студио на „ФАМЕ’С“ во Скопје, центарот претставува уникатна платформа за професионална музичка едукација, размена на искуства и креативност, наменет за млади талентирани инструменталисти од Европа. Овој проект е дел од програмата за Пан-Европски културни ентитети (CREA-CULT-2021-PECE), поддржан од Европската Унија. Креирајќи професионална и оригинална оркестарска и музичка содржина, преку различни дигитални платформи, проектот се стреми и кон развој на нова публика, пренесувајќи ги искуствата и културниот диверзитет на европското музичко наследство. Главен фокус Институтот има кон делувањето на оркестарот кој работи во полето на класичната, хибридната, филмската музика и професионално снимање на оркестарска музика. „Фаме’с“ Институтот беше домаќин на голем број млади музичари од различни земји од Европа (земји учеснички во програмата Креативна Европа) како и врвни музички уметници кои ги раководеа активностите на оваа програма. Меѓу нив, ќе ги забележиме и имињата на диригентот Тимоти Редмонд, Колсимча бенд, Оливие Труан, Алистер Кинг, Луис Иварс, Франческо Тристано, Роб Мазурек, Бенџамин Шварц, Куареим Квартетот, Оливие Дежурс, Етијен Аблеин, Габриел Прокофјев, Игор Корети, Емили Дејвис и Ирина Муресану. Виолинистката со романско потекло Ирина Муресану е лауреат и победничка на повеќе престижни натпревари за виолинисти како Меѓународниот натпревар во Монтреал, натпреварот „Кралица Елизабета“, натпреварот на Универзитетот во Јужна Африка (УНИСА), меѓународниот натпревар во Вашингтон, натпреварот во „Шадт“ во Алентаун и други. Ирина Муресану е барана како солист на двете страни на Атлантикот, како и во САД, Европа, Канада, Азија и Јужна Африка, а нејзините специфични програми кои се тематски конципирани придонесуваат да биде подеднакво активна на концертните платформи, како солист и камерен музичар. Таа е член на Бостонското камерно трио од 2001 година, а настапувала на бројни фестивали во САД, Холандија, Белгија, Франција и др. Муресану е посветена и на изведбата на дела од современата музичка литература, од кои голем дел се напишани токму за неа. Нејзините изведби се запишани на носачи на звук на повеќе интернационални издавачки куќи. Муресану е професор на Универзитетот во Мериленд, а била дел од професорскиот кадар на Конзерваториумот „Беркли“ како и на Харвард и МИТ. Носител е на престижната Диплома за уметност и титула доктор на музичка уметност од Конзерваториумот „Њу Ингланд“ каде студирала со легендарниот француски виолинист Мишел Оклер. Концертот ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ со почеток во стандардниот фестивалски термин од 21 часот.  

The post Оркестарот „Фаме’с“ и виолинистката Ирина Мурезану од Романија на Охридско лето appeared first on Република.

]]>
Киноконцерт на Европскиот креативен оркестар на ФАМЕ’С и диригентот Оливие Дежур https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kinokontsert-na-evropskiot-kreativen-orkestar-na-fame-s-i-dirigentot-olivie-dezhur/ Thu, 09 Feb 2023 08:56:11 +0000 https://republika.mk/?p=606784

Европскиот креативен оркестар при институтот ФАМЕ’С предводен од францускиот диригент Оливие Дежур, вечер во Скопје, ќе одржи кино концерт со почеток од 19 часот во Кинотеката.

Како што најавуваат оеганизаторите, овој проект е дел од третиот семинар на институтот ФАМЕ’С наменет за млади музичари од различни европски земји и од Македонија, во чии рамки овие млади луѓе имаат можност да се обучат и да го практикуваат и усовршат своето знаење во делот на оркестарското свирење и музицирање, да се запознаат со различни стилови во областа на симфониското музицирање, како и филмската и медиумската индустрија.

На репертоарот на концертот е проекција на немиот филм „Авантурите на принц Ахмед“, кој се смета за првиот анимиран филм во историјата на филмската уметност и концертна изведба во живо на оригиналната музика од истиот.

Филмот се заснова на приказни од популарното дело „Арапска ноќ“ и го следи патешествието на принцот Ахмед.

Како дел од проектот, минатата година, се посочува, се одржаа неколку семинари, каде се работеше на класичната, филмска и хибридна музика, Carte Blanche како и мастерклас за студиско снимање. Во нивни рамки се одржаа и неколку концерти и тоа во Скопје, концертот во Филхармонија, раководен од маестро Бенџамин Шварц, потоа концертот во соработка со ECSA (Европската асоцијација на композитори) кој се одржа во Сплит, на специјалниот настан на доделување на Камил наградите, како и концертот на филмска музика исто така во Сплит, раководени од маестро Тимоти Редмонд.

Оркестарот на ФАМЕ’С Институтот во партнерство со Скопскиот џез фестивал, настапи на отворањето на минатогодинешното издание на фестивалот, заедно со музичката ѕвезда Роб Мазурек и неговиот Експлодинг стар оркестра. Мазурек беше дел и од вториот семинар со Carte Blanche мастерклас.

Следна активност е семинарот за хибридна музика со популарниот двоец, диригентот Етиен Абелин и познатиот диџеј и продуцент Габриел Прокофјев, во чиишто рамки ќе се одржи концерт во Белград на 18 февруари во концертната сала „Коларац“.

Проектот е ко-основан од Креативна Европа со поддршка на Европската Комисија, како дел од проектот Паневропски културни ентитети 2021-2027 година .

The post Киноконцерт на Европскиот креативен оркестар на ФАМЕ’С и диригентот Оливие Дежур appeared first on Република.

]]>

Европскиот креативен оркестар при институтот ФАМЕ’С предводен од францускиот диригент Оливие Дежур, вечер во Скопје, ќе одржи кино концерт со почеток од 19 часот во Кинотеката. Како што најавуваат оеганизаторите, овој проект е дел од третиот семинар на институтот ФАМЕ’С наменет за млади музичари од различни европски земји и од Македонија, во чии рамки овие млади луѓе имаат можност да се обучат и да го практикуваат и усовршат своето знаење во делот на оркестарското свирење и музицирање, да се запознаат со различни стилови во областа на симфониското музицирање, како и филмската и медиумската индустрија. На репертоарот на концертот е проекција на немиот филм „Авантурите на принц Ахмед“, кој се смета за првиот анимиран филм во историјата на филмската уметност и концертна изведба во живо на оригиналната музика од истиот. Филмот се заснова на приказни од популарното дело „Арапска ноќ“ и го следи патешествието на принцот Ахмед. Како дел од проектот, минатата година, се посочува, се одржаа неколку семинари, каде се работеше на класичната, филмска и хибридна музика, Carte Blanche како и мастерклас за студиско снимање. Во нивни рамки се одржаа и неколку концерти и тоа во Скопје, концертот во Филхармонија, раководен од маестро Бенџамин Шварц, потоа концертот во соработка со ECSA (Европската асоцијација на композитори) кој се одржа во Сплит, на специјалниот настан на доделување на Камил наградите, како и концертот на филмска музика исто така во Сплит, раководени од маестро Тимоти Редмонд. Оркестарот на ФАМЕ’С Институтот во партнерство со Скопскиот џез фестивал, настапи на отворањето на минатогодинешното издание на фестивалот, заедно со музичката ѕвезда Роб Мазурек и неговиот Експлодинг стар оркестра. Мазурек беше дел и од вториот семинар со Carte Blanche мастерклас. Следна активност е семинарот за хибридна музика со популарниот двоец, диригентот Етиен Абелин и познатиот диџеј и продуцент Габриел Прокофјев, во чиишто рамки ќе се одржи концерт во Белград на 18 февруари во концертната сала „Коларац“. Проектот е ко-основан од Креативна Европа со поддршка на Европската Комисија, како дел од проектот Паневропски културни ентитети 2021-2027 година .

The post Киноконцерт на Европскиот креативен оркестар на ФАМЕ’С и диригентот Оливие Дежур appeared first on Република.

]]>