фалсификувани евра Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/falsifikuvani-evra/ За подобро да се разбереме Tue, 24 Sep 2024 20:36:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фалсификувани евра Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/falsifikuvani-evra/ 32 32 Скопјанец со фалсификувани евра си купил автомобил во Кавадарци https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjanets-so-falsifikuvani-evra-si-kupil-avtomobil-vo-kavadartsi/ Tue, 24 Sep 2024 20:36:00 +0000 https://republika.mk/?p=819391

СВР Велес поднесе кривична пријава против Р.И.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.

На 01.04.2024, при купопродажба на возило во Кавадарци, пријавениот пуштил во оптек три фалсификувани банкноти во апоени од по 100 евра.

The post Скопјанец со фалсификувани евра си купил автомобил во Кавадарци appeared first on Република.

]]>

СВР Велес поднесе кривична пријава против Р.И.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. На 01.04.2024, при купопродажба на возило во Кавадарци, пријавениот пуштил во оптек три фалсификувани банкноти во апоени од по 100 евра.

The post Скопјанец со фалсификувани евра си купил автомобил во Кавадарци appeared first on Република.

]]>
Уапсен маж од Лопате, пробал да се коцка со фалсикувани евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/uapsen-mazh-od-lopate-probal-da-se-kotska-so-falsikuvani-evra/ Thu, 15 Aug 2024 13:31:18 +0000 https://republika.mk/?p=806926

Четириесет и тригодишен жител на селото Лопате, Кумановско, бил приведен поради сомневање дека во казино пуштил во оптек фалсификувани банкноти во апоени од 100 евра.

Како што соопшти МВР, полициски службеници од СВР Куманово вчера во 16.50 часот во Куманово, го лишиле од слобода А.Н.(43).

Тој се сомничи дека на 13.08.2024 во казино на плоштад „Нова Југославија“ во Куманово се обидел да размени фалсификувана банкнота од 100 евра. Исто така, по преземени мерки било утврдено дека А.Н. пред десет дена во истото казино пуштил во оптек три фалсификувани банкноти од 100 евра. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, наведуваат од МВР.

The post Уапсен маж од Лопате, пробал да се коцка со фалсикувани евра appeared first on Република.

]]>

Четириесет и тригодишен жител на селото Лопате, Кумановско, бил приведен поради сомневање дека во казино пуштил во оптек фалсификувани банкноти во апоени од 100 евра. Како што соопшти МВР, полициски службеници од СВР Куманово вчера во 16.50 часот во Куманово, го лишиле од слобода А.Н.(43).
Тој се сомничи дека на 13.08.2024 во казино на плоштад „Нова Југославија“ во Куманово се обидел да размени фалсификувана банкнота од 100 евра. Исто така, по преземени мерки било утврдено дека А.Н. пред десет дена во истото казино пуштил во оптек три фалсификувани банкноти од 100 евра. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, наведуваат од МВР.

The post Уапсен маж од Лопате, пробал да се коцка со фалсикувани евра appeared first on Република.

]]>
Се ковале тука, па се растурале низ Косово – како да се препознаат лажните монети од 2 евра? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-kovale-tuka-pa-se-rasturale-niz-kosovo-kako-da-se-prepoznaat-lazhnite-moneti-od-2-evra/ Fri, 09 Aug 2024 07:43:04 +0000 https://republika.mk/?p=804811

Последниот случај со апсењето на косовска територија полицаец од Македонија, кој се сомничи дека изработувал фалисфикувани монети во апоени до 2 евра, го отвори прашањето како граѓаните да ги препознаат овие лажни пари.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/politsaets-od-resen-sam-iskoval-iljadnitsi-moneti-od-po-2-evra-gi-rastural-niz-kosovo/

Според експерите од Народната банка со мала едукација на граѓаните овие лажни монети можат лесно да се препознаат.

Дизајнот на фалсификуваните монети често изгледа заматен, со доста нерамнини и гребнатини, а формата им е неправилна. Натписите на рабовите на оригиналните евромонети се остри, заради полесно препознавање од лицата со оштетен вид, додека кај фалсификуваните се нејасни и непретпознатливи. Преку употреба на магнетет можете релативно и лесно и едноставно да утврдите фалсификувана пара, велат од НБРМ за „Канал 5“.

Во април слична акција беше откриена и од шпанската полиција, каде беше фатена кинеска група која произвела околу милион евра во лажни монети од по две евра.

Шпанската полиција преку видео и фотографии објави информации како да бидат препознаени лажните евра. Тие немаат доволно детали и нарези на работ на монетите како вистинските евра, а како најлесен начин за проверка е употреба на магнет. Вистинските монети се демагнетизирани и не може да се фатат и залепат на магнет, додека лажните раегираат на привлекувањето на магнетот.

https://youtu.be/dsDdJomk9TI?si=V3Tflfenc4JBCpdn

The post Се ковале тука, па се растурале низ Косово – како да се препознаат лажните монети од 2 евра? appeared first on Република.

]]>

Последниот случај со апсењето на косовска територија полицаец од Македонија, кој се сомничи дека изработувал фалисфикувани монети во апоени до 2 евра, го отвори прашањето како граѓаните да ги препознаат овие лажни пари. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/politsaets-od-resen-sam-iskoval-iljadnitsi-moneti-od-po-2-evra-gi-rastural-niz-kosovo/ Според експерите од Народната банка со мала едукација на граѓаните овие лажни монети можат лесно да се препознаат.
Дизајнот на фалсификуваните монети често изгледа заматен, со доста нерамнини и гребнатини, а формата им е неправилна. Натписите на рабовите на оригиналните евромонети се остри, заради полесно препознавање од лицата со оштетен вид, додека кај фалсификуваните се нејасни и непретпознатливи. Преку употреба на магнетет можете релативно и лесно и едноставно да утврдите фалсификувана пара, велат од НБРМ за „Канал 5“.
Во април слична акција беше откриена и од шпанската полиција, каде беше фатена кинеска група која произвела околу милион евра во лажни монети од по две евра. Шпанската полиција преку видео и фотографии објави информации како да бидат препознаени лажните евра. Тие немаат доволно детали и нарези на работ на монетите како вистинските евра, а како најлесен начин за проверка е употреба на магнет. Вистинските монети се демагнетизирани и не може да се фатат и залепат на магнет, додека лажните раегираат на привлекувањето на магнетот. https://youtu.be/dsDdJomk9TI?si=V3Tflfenc4JBCpdn

The post Се ковале тука, па се растурале низ Косово – како да се препознаат лажните монети од 2 евра? appeared first on Република.

]]>
Тошковски: Се постапува во случајот со фалсификување на пари во кој е осомничен вработен во МВР https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/toshkovski-se-postapuva-vo-sluchajot-so-falsifikuvane-na-pari-vo-koj-e-osomnichen-vraboten-vo-mvr/ Tue, 06 Aug 2024 17:51:37 +0000 https://republika.mk/?p=804014

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, изјави дека се постапува во случајот со фалсификување на пари во кој е осомничен вработен во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР.

Во гостувањето на Канал 5 Телевизија, министерот Тошковски не сакаше да открие повеќе детали во врска со случајот, со цел, како што рече „истрагата да може да функционира како што треба“.

– Она коешто го имаме од заедничката соработка помеѓу двете полиции на Косово и на Македонија во соработка со Интерпол, во конкретниот случај е преземено како дејствие и за конкретниот случај се постапува и сметам дека не би можел да излезам со повеќе информации во однос на ова, сè со цел истрагата да може да функционира како што треба да функционира, рече Тошковски.

Станува збор за лицето Ш.Д. (34) од Ресен, вработено во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР кое беше приведено на косовска територија во координирана акција меѓу македонската и косовската полиција под сомнение за сторено кривично дело – „фалсификување пари“.

The post Тошковски: Се постапува во случајот со фалсификување на пари во кој е осомничен вработен во МВР appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, изјави дека се постапува во случајот со фалсификување на пари во кој е осомничен вработен во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР. Во гостувањето на Канал 5 Телевизија, министерот Тошковски не сакаше да открие повеќе детали во врска со случајот, со цел, како што рече „истрагата да може да функционира како што треба“.
– Она коешто го имаме од заедничката соработка помеѓу двете полиции на Косово и на Македонија во соработка со Интерпол, во конкретниот случај е преземено како дејствие и за конкретниот случај се постапува и сметам дека не би можел да излезам со повеќе информации во однос на ова, сè со цел истрагата да може да функционира како што треба да функционира, рече Тошковски.
Станува збор за лицето Ш.Д. (34) од Ресен, вработено во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР кое беше приведено на косовска територија во координирана акција меѓу македонската и косовската полиција под сомнение за сторено кривично дело – „фалсификување пари“.

The post Тошковски: Се постапува во случајот со фалсификување на пари во кој е осомничен вработен во МВР appeared first on Република.

]]>
Полицаец од Ресен сам исковал илјадници монети од по 2 евра, ги растурал низ Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/politsaets-od-resen-sam-iskoval-iljadnitsi-moneti-od-po-2-evra-gi-rastural-niz-kosovo/ Tue, 06 Aug 2024 06:32:35 +0000 https://republika.mk/?p=803708

На косовската територија, вчера е приведено лицето Ш.Д., на 34-годишна возраст од Ресен, вработено во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи, а поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело - „фалсификување пари“, соопштија вечерва од МВР.

Исто така беа извршени претреси на три локации, при што се пронајдени и одземени две машини со компресори за потиснување, шест метални печати за изработка на монети од две евра, шест вреќи со полупроизвод на монети и една вреќа со готов производ на фалсификувани монети. Одземенети предмети ќе бидат предадени на понатамошно вештачење, се наведува во соопштението.

Од Обвинителството информираат дека поради регистрирани неколку случаи на пуштање во оптек на фалсификувани пари во Косово, Специјалното јавно обвинителство на Република Косово (СПРК) заедно со Секторот за истражување економски криминал и корупција во косовската полиција, со поддршка на други истражни и разузнавачки органи во таа држава, од 2023 година „започнаа повеќе активности насочени кон спречување на дистрибуцијата на фалсификувани пари, особено евра на косовскиот пазар со што се нарушуваше пазарот и јавниот интерес“.

Како резултат на овие активности, започна голема меѓународна истрага во рамките на која беше формиран заеднички истражен тим меѓу Косовското специјално обвинителство од една страна и Основното јавно обвинителство - Скопје од друга. Во спроведување на активностите на истражниот тим, беа вклучени претставници на Истражниот центар на ОЈО - Скопје, на Одделот за борба против организиран и сериозен криминал, Единица за финансиски криминал при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и на Директоратот за економски криминал при Косовската полиција, соопшти Обвинителството.

Работејќи заедно, тие реализирале операција во која вчера во Косово бил уапсен државјанин на Македонија, „за кого постои сомнение дека произведувал и пуштал во оптек во Косово стотици илјади фалсификувани метални евромонети во номинална вредност од по две евра“.

Во исто време, во Скопје беа извршени претреси на три локации при што беа пронајдени и запленети машини за фалсификување на евромонети, готови и полуготови фалсификувани монети, калапи и материјали потребни за изработка на монетите. Сите тие ќе бидат предмет на натамошно вештачење. По наредба на специјалниот јавен обвинител на Косово, македонскиот државјанин беше привремено задржан 48 часа, по што до надлежниот суд е доставен предлог за негово обезбедување во текот на постапката, се додава во соопштението.

https://youtu.be/EVfl1CV9NL0?si=JKP3a_yTieDw71Mr

Оваа операција, како што се појаснува, во целост е поддржана од Европол и од Проектот на Европравда за кривична правда на Западен Балкан, „кои овозможија оперативна координација, критична разузнавачка анализа и техничка помош за успешна реализација“.

Истражните органи од Република Косово и Република Македонија остануваат посветени на заедничките напори за сузбивање на криминалот кој ги нарушува финансиските текови и соодветно ќе ја информираат јавноста за текот на постапките, се истакнува во соопштението на Обвинителството.

The post Полицаец од Ресен сам исковал илјадници монети од по 2 евра, ги растурал низ Косово appeared first on Република.

]]>

На косовската територија, вчера е приведено лицето Ш.Д., на 34-годишна возраст од Ресен, вработено во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи, а поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело - „фалсификување пари“, соопштија вечерва од МВР.
Исто така беа извршени претреси на три локации, при што се пронајдени и одземени две машини со компресори за потиснување, шест метални печати за изработка на монети од две евра, шест вреќи со полупроизвод на монети и една вреќа со готов производ на фалсификувани монети. Одземенети предмети ќе бидат предадени на понатамошно вештачење, се наведува во соопштението.
Од Обвинителството информираат дека поради регистрирани неколку случаи на пуштање во оптек на фалсификувани пари во Косово, Специјалното јавно обвинителство на Република Косово (СПРК) заедно со Секторот за истражување економски криминал и корупција во косовската полиција, со поддршка на други истражни и разузнавачки органи во таа држава, од 2023 година „започнаа повеќе активности насочени кон спречување на дистрибуцијата на фалсификувани пари, особено евра на косовскиот пазар со што се нарушуваше пазарот и јавниот интерес“.
Како резултат на овие активности, започна голема меѓународна истрага во рамките на која беше формиран заеднички истражен тим меѓу Косовското специјално обвинителство од една страна и Основното јавно обвинителство - Скопје од друга. Во спроведување на активностите на истражниот тим, беа вклучени претставници на Истражниот центар на ОЈО - Скопје, на Одделот за борба против организиран и сериозен криминал, Единица за финансиски криминал при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и на Директоратот за економски криминал при Косовската полиција, соопшти Обвинителството.
Работејќи заедно, тие реализирале операција во која вчера во Косово бил уапсен државјанин на Македонија, „за кого постои сомнение дека произведувал и пуштал во оптек во Косово стотици илјади фалсификувани метални евромонети во номинална вредност од по две евра“.
Во исто време, во Скопје беа извршени претреси на три локации при што беа пронајдени и запленети машини за фалсификување на евромонети, готови и полуготови фалсификувани монети, калапи и материјали потребни за изработка на монетите. Сите тие ќе бидат предмет на натамошно вештачење. По наредба на специјалниот јавен обвинител на Косово, македонскиот државјанин беше привремено задржан 48 часа, по што до надлежниот суд е доставен предлог за негово обезбедување во текот на постапката, се додава во соопштението.
https://youtu.be/EVfl1CV9NL0?si=JKP3a_yTieDw71Mr Оваа операција, како што се појаснува, во целост е поддржана од Европол и од Проектот на Европравда за кривична правда на Западен Балкан, „кои овозможија оперативна координација, критична разузнавачка анализа и техничка помош за успешна реализација“.
Истражните органи од Република Косово и Република Македонија остануваат посветени на заедничките напори за сузбивање на криминалот кој ги нарушува финансиските текови и соодветно ќе ја информираат јавноста за текот на постапките, се истакнува во соопштението на Обвинителството.

The post Полицаец од Ресен сам исковал илјадници монети од по 2 евра, ги растурал низ Косово appeared first on Република.

]]>
Другари од Синѓелиќ си фалсификувале евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/drugari-od-singelik-si-falsifikuvale-evra/ Tue, 04 Jul 2023 11:18:01 +0000 https://republika.mk/?p=657999

Полициски службеници од СВР Куманово синоќа во село Отља, Липковско, ги привеле О.О.(19) и О.М.(21) од Сингелиќ, осомничени за фалсификување пари, соопшти МВР.

При контрола кај нив биле пронајдени 450 фалсификувани евра. Полицијата вели дека двете лица биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

The post Другари од Синѓелиќ си фалсификувале евра appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од СВР Куманово синоќа во село Отља, Липковско, ги привеле О.О.(19) и О.М.(21) од Сингелиќ, осомничени за фалсификување пари, соопшти МВР. При контрола кај нив биле пронајдени 450 фалсификувани евра. Полицијата вели дека двете лица биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

The post Другари од Синѓелиќ си фалсификувале евра appeared first on Република.

]]>
Хрватска преплавена од лажни евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/hrvatska-preplavena-od-lazhni-evra/ Tue, 03 Jan 2023 12:06:07 +0000 https://republika.mk/?p=593072

Полицијата посочува дека во земјите кои го вовеле еврото двојно е зголемен бројот на фалсификувани банкноти на пазарот, а најчесто фалсификувани се оние од 50 евра.

Со оглед дека Хрватска е туристичка земја, се очекува зголемување на бројот на фалсификувани евра на пазарот, како и на фалсификувани монети, пренесува „ХРТ“.

Тамошната полиција апелира граѓаните да вршат финансиски трансакции преку финансиските институции бидејќи тоа е најбезбедно, а напоменуваат дека можни се и казни во случај да добијат фалсификувани пари. Во кафулињата, диско клубовите и маркетите најчесто се подметнуваат фалсификувани пари. Во Европа месечно се откриваат во просек по 35.000 фалсификувани банкноти. Секоја година во оптек се 420.000 такви, а најмногу се произведуваат во земјите од Југоисточна Европа. Пропишаната казна за прекршителите е до десет години затвор.

The post Хрватска преплавена од лажни евра appeared first on Република.

]]>

Полицијата посочува дека во земјите кои го вовеле еврото двојно е зголемен бројот на фалсификувани банкноти на пазарот, а најчесто фалсификувани се оние од 50 евра. Со оглед дека Хрватска е туристичка земја, се очекува зголемување на бројот на фалсификувани евра на пазарот, како и на фалсификувани монети, пренесува „ХРТ“. Тамошната полиција апелира граѓаните да вршат финансиски трансакции преку финансиските институции бидејќи тоа е најбезбедно, а напоменуваат дека можни се и казни во случај да добијат фалсификувани пари. Во кафулињата, диско клубовите и маркетите најчесто се подметнуваат фалсификувани пари. Во Европа месечно се откриваат во просек по 35.000 фалсификувани банкноти. Секоја година во оптек се 420.000 такви, а најмногу се произведуваат во земјите од Југоисточна Европа. Пропишаната казна за прекршителите е до десет години затвор.

The post Хрватска преплавена од лажни евра appeared first on Република.

]]>
Камерунец со над милион фалсификувани евра уапсен на аеродромот во Тирана https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kamerunec-so-nad-milion-falsifikuvani-evra-uapsen-na-aerodromot-vo-tirana/ Thu, 17 Feb 2022 14:31:27 +0000 https://republika.mk/?p=459936

На меѓународниот аеродром во Тирана е спречен обид за внес на над милион фалсификувани евра во различни апоени, при што упасен е државјанин на Камерун.

Полицискиот комесаријат на аеродромот „Ринаси“, во соработка со специјалците од отсекот за истрага на економски и финансиски криминал во УЈП – Тирана, по добиена информација по оперативен пат дека странец ќе се обиде да влезе во Албанија со значителни количини фалсификувани банкноти, успешно ја финализираа акцијата насловена „Ластра“. Во нејзини рамки уапсен е камерунскиот државјанин Ј.Н.(53), кој поседувал дозвола за престој во една од земјите на Европската Унија - се наведува во полициското соопштение.

Во соопштението се додава дека при контролата, полициските службеници во багажот на овој граѓанин откриле 1 милион и 75 илјади фалсификувани евра, во различни апоени, најмногу од 500 и 200 евра, апаратче и специјална хартија за производство на банкноти од различни апоени, кои се запленети заедно со мобилен телефон.

Од истражните дејствија постојат основи на сомнение дека овој државјанин во соработка со други државјани во нашата држава пуштале во оптег фалсификувани банкноти. Продолжува работата за откривање и приведување на соработниците - се наведува во соопштенето.

The post Камерунец со над милион фалсификувани евра уапсен на аеродромот во Тирана appeared first on Република.