фалсификувана анкета Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/falsifikuvana-anketa/ За подобро да се разбереме Sat, 06 Apr 2024 20:32:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фалсификувана анкета Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/falsifikuvana-anketa/ 32 32 Стоилковски: Зад шемата за фалсификување документи злоупотребени државни институции, Муслиу, Пендаровски и Зечевиќ на тапет за изборна манипулација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-zad-shemata-za-falsifikuvane-dokumenti-zloupotrebeni-drzhavni-institutsii-musliu-pendarovski-i-zechevik-na-tapet-za-izborna-manipulatsija/ Sat, 06 Apr 2024 09:54:25 +0000 https://republika.mk/?p=763005

Јасно е дека наместо да излезат со програма каде има проекти, главната програма на СДС е фалсификување на документи и лични имиња. Имаме основано сомневање дека зад таквата мрежа за фалсификување на документи и лажни вести кои веќе се употребуваат против ВМРО-ДПМНЕ се брутално злоупотребени најмалку две државни институциии. Шемата и нашите основани сомневања се дека зад ова седи директно Стево Пендаровски, неговиот директор на разузнавање Еролд Муслиу како и поранешниот разузнувач, а сега генерален секретар на СДС Миле Зечевиќ - обвини на денешната прес-конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Според изнесените тврдења дел од ова бил и Асаф Еисин, мешетар, дел од израелска група на Тал Ханан за која има истраги за фалсификати и вмешаност во избори низ светот.

Да потсетиме Стево Пендаровски кажа дека Асаф работи за СДС, а СДС тоа го негираше. Посредник е Миле Зечевиќ, генерален секретар на СДС, а главни одобрувачи и добавувачи се Стево Пендаровски, претседател на држава, сега кандидат на СДС, и Еролд Муслиу, директор на Агенцијата за разузнавање поставен од Стево Пендаровски. Оттука свесни за изборниот дебакл, се преминува во злоупотреба на институции, Кабинет на Претседателот и Агенцијата за разузнавање, кои што наместо да работат во одбрана на Македонија, се занимаваат со црна кампања и фалсификување за Стево Пендаровски. Заедничка работа на овој тим управуван од Асаф Еисин, со одобрување на Пендаровски е да склопат и креираат наводни документи, фалсификувани листови, врз определени податоци, (на пример седницата на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во декември, на која е споменат РИШ) па сето тоа да го зачинат, со лажни податоци за имиња, насоки и сето тоа со фалсификување на потписи на лица коишто се познати во јавноста, како и со лица кои што не постојат - рече Стоилковски.

Тој тврди дека ваквите креирани документи, вклучувајќи и наратив, приказна, се дава на, како што рече, определени медиуми креирани од СДС до СДС, или медиуми кои не гледаат проблем во црни пари во кампања.

Приказната добива покритие под „свиркач“, за СДС потоа правно да се сокрие од улогата креатор на фалсификувани документи и лажни вести во изборни цели. Потврда за сето ова е молкот од СДС по потврдата од Стево Пендаровски за ангажманот на мешетарот Асаф Еисин во изборната кампања, а во меѓувреме во јавноста излегуваат неговите зафати. Има уште една потврда, а тоа е дека ликот во центарот на оваа мрежа Асаф Еисин, е избркан од ВМРО- ДПМНЕ, каде што дојде да ги понуди своите нечесни услуги, да се прават фалсификати, да се влегува во приватниот живот на луѓето, да се прават измислици за политичките противници.Сега е јасно дека СДС го прифатиле Асаф и ја прифатиле неговата работа - посочи Стоилковски на денешната прес-конференција.

Тој побара одговори од СДСМ.

СДС мора да одговарат колку чини неговиот ангажман, кој го плаќа, дали има склучено договор, или не, па дали израелскиот мешетар за црната кампања на СДС се плаќа со кеш од тендерите од РЕК Битола? Црна кампања не носи никому ништо добро, целта им е да намалат пораз, да намалат дебакл, со смалена излезност на јавноста. Но, ова не е само црна кампања со клевета, ова се кривични дела фалсификување на документи и фалсификување на потписи. И Еролд Муслиу, и Стево Пендаровски како Миле Зечевиќ а и нивниот извршител Асаф треба да знаат дека за ова ќе има одговорност. За брзо време за брзо од сега ќе следи одговорност.

СДСМ пак денеска обвини дека претседателот на ДИК, Александар Даштевски бил дел од како што тврдат, фалсификуваната анкета.

Скандалот со лажните анкети од оперативниот план на ДПМНЕ, со вмешаност на државната телевизија, нејзиниот генерален директор, општините под капата на ДПМНЕ, отвора уште една димензија на злоупотреби. Во документите на ДПМНЕ меѓу задолжените лица за неопределени гласачи, обезбедување избирачки список е наведен претседателот на ДИК Александар Даштевски. Претседател на ДИК, според законските прописи не смее да учествува во партиски активности на која било партија. Соработка при предизборни активности на партија од страна на претседателот на ДИК е неспоива во неговата функција и улогата на државната изборна комисија при спроведување на фер и демократски избори. Ова е потенцијално кривично дело, што се заканува да фрли дамка на почетокот на изборен процес, велат од СДСМ.

The post Стоилковски: Зад шемата за фалсификување документи злоупотребени државни институции, Муслиу, Пендаровски и Зечевиќ на тапет за изборна манипулација appeared first on Република.

]]>