фалсификати Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/falsifikati/ За подобро да се разбереме Mon, 29 Apr 2024 08:15:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фалсификати Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/falsifikati/ 32 32 Уапсени и експресно осудени двајца македонски државјани фатени на граница со 600 бланко картички за фалсификување документи https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/uapseni-i-ekspresno-osudeni-dvajtsa-makedonski-drzhavjani-fateni-na-granitsa-so-600-blanko-kartichki-za-falsifikuvane-dokumenti/ Mon, 29 Apr 2024 08:15:15 +0000 https://republika.mk/?p=772095

Двајца државјани на Македонија биле уапсени во Грција, а потоа и осудени на затворска казна, откако грчката полиција во петокот при претрес на граничниот премин Дојран кај нив пронашла 599 фалсификувани бланко документи, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција соопштија дека двајцата мажи биле уапсени откако им била извршена проверка при влезот во Грција, а кај едниот, во поставата на јакната пронашле скриени вкупно 440 бланко документи (лични карти, возачки дозволи, дозволи за престој) од разни европски земји, кои биле одземени.

При претресот на возилото во багажникот биле пронајдени уште 159 празни документи, кои исто така биле одземени.

Грчката новинска агенција АНА-МПА објави дека Прекршочниот суд во Кукуш, двајцата уапсени ги прогласил за виновни за фалсификување и здружување со цел економска корист и биле осудени на затворска казна од пет години.

Според АНА-МПА двајцата обвинети за време на рочиштетот не откриле детали за нивните активности и се бранеле со молчење.

The post Уапсени и експресно осудени двајца македонски државјани фатени на граница со 600 бланко картички за фалсификување документи appeared first on Република.

]]>

Двајца државјани на Македонија биле уапсени во Грција, а потоа и осудени на затворска казна, откако грчката полиција во петокот при претрес на граничниот премин Дојран кај нив пронашла 599 фалсификувани бланко документи, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека двајцата мажи биле уапсени откако им била извршена проверка при влезот во Грција, а кај едниот, во поставата на јакната пронашле скриени вкупно 440 бланко документи (лични карти, возачки дозволи, дозволи за престој) од разни европски земји, кои биле одземени. При претресот на возилото во багажникот биле пронајдени уште 159 празни документи, кои исто така биле одземени. Грчката новинска агенција АНА-МПА објави дека Прекршочниот суд во Кукуш, двајцата уапсени ги прогласил за виновни за фалсификување и здружување со цел економска корист и биле осудени на затворска казна од пет години. Според АНА-МПА двајцата обвинети за време на рочиштетот не откриле детали за нивните активности и се бранеле со молчење.

The post Уапсени и експресно осудени двајца македонски државјани фатени на граница со 600 бланко картички за фалсификување документи appeared first on Република.

]]>
Полицијата влезе во три сервиси за автомобили низ Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/politsijata-vleze-vo-tri-servisi-za-avtomobili-niz-ohrid/ Mon, 30 Oct 2023 13:43:32 +0000 https://republika.mk/?p=696339

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за општ и насилен криминал и СВР Охрид одзеле шест возила поради сомнение за фалсификат.

Како што соопшти МВР, по добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен суд Охрид, извршени се претреси на 19.10 2023 во три сервиси за возила на подрачје на СВР Охрид и при тоа се одземени шест возила, а извршени се и службени разговори со повеќе лица.

Извршено е вештачење од страна на Одделот за форензички испитувања и по документирање на случаите од страна на СВР Охрид до ОЈО Охрид ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, наведуваат од МВР.

The post Полицијата влезе во три сервиси за автомобили низ Охрид appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за општ и насилен криминал и СВР Охрид одзеле шест возила поради сомнение за фалсификат. Како што соопшти МВР, по добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен суд Охрид, извршени се претреси на 19.10 2023 во три сервиси за возила на подрачје на СВР Охрид и при тоа се одземени шест возила, а извршени се и службени разговори со повеќе лица.
Извршено е вештачење од страна на Одделот за форензички испитувања и по документирање на случаите од страна на СВР Охрид до ОЈО Охрид ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, наведуваат од МВР.

The post Полицијата влезе во три сервиси за автомобили низ Охрид appeared first on Република.

]]>
Да беа оригинали, ќе вредеа 176 милиони евра: 2100 лажни луксузни часовници за Македонија пресретнати во Германија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/da-bea-originali-kje-vredea-176-milioni-evra-2100-lazni-luksuzni-chasovnici-za-makedonija-presretnati-vo-germanija/ Fri, 02 Dec 2022 18:03:41 +0000 https://republika.mk/?p=581060

Повеќе од 2.100 фалсификувани луксузни часовници во транзитна пратка за Македонија се запленети на аеродромот во Франкфурт, јави дописникот на МИА од Белград.

По запленувањето се појавија сомнежи за автентичноста на ваквите вредни предмети кои пристигнале со пратка од Хонг Конг.

Дванаесет пакети биле на пат кон Македонија, а биле транспортирани преку аеродромот во Германија.

Да беа оригинали, часовниците би вределе околу 176 милиони евра, се вели во соопштението на царинската служба, пишува „Дојче веле“.

Цариниците ги пронашле часовниците во октомври, но квалитетот на фалсификуваните часовници бил толку висок што царинската служба побарала мислење од 11 производители на луксузни часовници.

Често лажните часовници не можат да се препознаат на прв поглед, а единаесет изворни производители го потврдија сомнежот дека се работи за фалсификати, изјавила Кристи Штрас, портпаролка на царината на аеродромот во Франкфурт.

Таа додава дека лажните часовници веќе се уништени.

Минатата година главниот царински оддел во Франкфурт покрена постапки за дури 8.958 гранични заплени.

Царинските службеници запленија часовници, лекови, телефони, електроника, облека, обувки, но и производи за лична нега и играчки за деца.

The post Да беа оригинали, ќе вредеа 176 милиони евра: 2100 лажни луксузни часовници за Македонија пресретнати во Германија appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 2.100 фалсификувани луксузни часовници во транзитна пратка за Македонија се запленети на аеродромот во Франкфурт, јави дописникот на МИА од Белград. По запленувањето се појавија сомнежи за автентичноста на ваквите вредни предмети кои пристигнале со пратка од Хонг Конг. Дванаесет пакети биле на пат кон Македонија, а биле транспортирани преку аеродромот во Германија.
Да беа оригинали, часовниците би вределе околу 176 милиони евра, се вели во соопштението на царинската служба, пишува „Дојче веле“.
Цариниците ги пронашле часовниците во октомври, но квалитетот на фалсификуваните часовници бил толку висок што царинската служба побарала мислење од 11 производители на луксузни часовници.
Често лажните часовници не можат да се препознаат на прв поглед, а единаесет изворни производители го потврдија сомнежот дека се работи за фалсификати, изјавила Кристи Штрас, портпаролка на царината на аеродромот во Франкфурт.
Таа додава дека лажните часовници веќе се уништени. Минатата година главниот царински оддел во Франкфурт покрена постапки за дури 8.958 гранични заплени. Царинските службеници запленија часовници, лекови, телефони, електроника, облека, обувки, но и производи за лична нега и играчки за деца.

The post Да беа оригинали, ќе вредеа 176 милиони евра: 2100 лажни луксузни часовници за Македонија пресретнати во Германија appeared first on Република.

]]>
Пазарот „врие” од фалсификати кои содржат сирупи, на пчеларите им останува да ја вратат довербата кај потрошувачите https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/pazarot-vrie-od-falsifikati-koi-sodrzat-sirupi-na-pchelarite-im-ostanuva-da-ja-vratat-doverbata-kaj-potroshuvachite/ Thu, 24 Mar 2022 10:57:50 +0000 https://republika.mk/?p=477662

Пазарот „врие" од фалсификати кои содржат сирупи. На пчеларите им останува да ја вратат довербата кај потрошувачите, а тоа може да го сторат само преку правилна едукација и со институционална поддршка од Агенцијата за храна и ветеринарство, инспекторатите и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), беше речено на отворањето на годинашните пролетни „Денови на македонскиот мед".

Манифестацијата ја организира Пчеларско здружение „Матица" од Скопје, со поддршка на Општина Центар и ќе трае до 26 март.

На штандовите поставени долж улица „Македонија", посетителите можат да купат мед, полен, прополис, матичен млеч, восок и други пчелни производи. Цената на тегла ливадски и шумски мед е 500 денари, а медот од костен чини 600 денари.

Имаме и матичен млеч, перга, прополис, полен, маст од прополис,… Годинава беше тешка. Преовладува шумскиот мед. Сепак, добро е. Сметам дека потрошувачите се уште купуваат мед во маркети, не веруваат дека овој, од нашите производители, е природен, вистински, квалитетен. Се сомневаат, дури некои знаат и да ни кажат „ова не е прав мед". Ние тука не можеме ништо, освен да им објасниме и да им посочиме која е разликата во однос на фалисикуваниот мед, вели Тамара Митревска, чие семејство произведува мед и има штанд на манифестацијата.

Кошничките на Митревски им се во Горно Коњари, Кумановско, кон Свети Николе, покрај Пчиња, а ги носат на паша во Македонски Брод и во Берово каде средината е чиста.

Се надеваме дека годинава пандемијата ќе стане минато. Несакајќи да ја прекинеме традицијата, во срцето на Скопје нудиме мед и други пчелни производи кои се дар од природата со целосно почитување на КОВИД мерките. Нашата цел е деновиве, преку непосредни контакти, да ги едуцираме потрошувачите како да препознаат вистински мед меѓу напливот на се поголемиот број фалсификатори. Сакаме да укажеме колкава е важноста на медот и другите пчелни производи во секојдневната исхрана на човекот. Живееме во време кога напнатоста и стресот се прифатени како начин на живот, а има и многу вируси, алергии и болести кои пред стотина години воопшто не постоеле. Дел од нив се јавуваат поради неправилната и вештачка исхрана, а медот е единствена природна супстанца која од дамнина се користела како најважна храна, истакна претседателот на „Матица", Венче Билбиловски.

Тој нагласи дека нашите граѓани се уште трошат многу малку мед во споредба со останатите земји.

Јапонците годишно трошат 16 килограми по глава на жител, а ние само 900 грама. Разликата е огромна. Се повеќе на нашиот пазар има мед измешан со сирупи за да се оствари профит. Со тоа се уништуваат природните својства на медот, напомена Билбиловски.

Според него, земјава може да се пофали со квалитетен мед.

Бараме да бидеме заштитени со закон за да ги оствариме нашите права. Можеме да се пофалиме со квалитетен мед за кој во светот секоја година добиваме високи признанија. Сакаме државава да ја промовираме како регион од кој може да се набави природен мед според највисоките стандарди за здрава храна и со тоа да ја афирмираме, истакна претседателот на „Матица".

Градоначалникот на Центар Горан Герасимовски порача дека Деновите на медот се одлична можност граѓаните да се запознаат со медот и пчеларската култура.

Овој настан овозможува директна комуникација меѓу пчеларите и купувачите, како и одлична шанса за младите потенцијални пчелари да се запознаат со начинот на одгледување пчели и производството на мед, потенцира Герасимовски.

Официјалното отворање на манифестацијата ја заокружи македонскиот сликар и хуманист Живко Поповски-Цветин кој во оваа прилика на Герасимовски му подари, како што рече, цветна, пчелна рамка во која се „сместени" една матица во бело-жолта боја и цвеќињата на мирот.

Луѓето тука може да се снабдат со вистински, квалитен мед и со други пчелни производи, рече Цветин.

И годинава, поради КОВИД пандемијата, манифестацијата не беше отворена со настап на дечиња од скопските градинки.

The post Пазарот „врие” од фалсификати кои содржат сирупи, на пчеларите им останува да ја вратат довербата кај потрошувачите appeared first on Република.

]]>

Пазарот „врие" од фалсификати кои содржат сирупи. На пчеларите им останува да ја вратат довербата кај потрошувачите, а тоа може да го сторат само преку правилна едукација и со институционална поддршка од Агенцијата за храна и ветеринарство, инспекторатите и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), беше речено на отворањето на годинашните пролетни „Денови на македонскиот мед". Манифестацијата ја организира Пчеларско здружение „Матица" од Скопје, со поддршка на Општина Центар и ќе трае до 26 март. На штандовите поставени долж улица „Македонија", посетителите можат да купат мед, полен, прополис, матичен млеч, восок и други пчелни производи. Цената на тегла ливадски и шумски мед е 500 денари, а медот од костен чини 600 денари.
Имаме и матичен млеч, перга, прополис, полен, маст од прополис,… Годинава беше тешка. Преовладува шумскиот мед. Сепак, добро е. Сметам дека потрошувачите се уште купуваат мед во маркети, не веруваат дека овој, од нашите производители, е природен, вистински, квалитетен. Се сомневаат, дури некои знаат и да ни кажат „ова не е прав мед". Ние тука не можеме ништо, освен да им објасниме и да им посочиме која е разликата во однос на фалисикуваниот мед, вели Тамара Митревска, чие семејство произведува мед и има штанд на манифестацијата.
Кошничките на Митревски им се во Горно Коњари, Кумановско, кон Свети Николе, покрај Пчиња, а ги носат на паша во Македонски Брод и во Берово каде средината е чиста.
Се надеваме дека годинава пандемијата ќе стане минато. Несакајќи да ја прекинеме традицијата, во срцето на Скопје нудиме мед и други пчелни производи кои се дар од природата со целосно почитување на КОВИД мерките. Нашата цел е деновиве, преку непосредни контакти, да ги едуцираме потрошувачите како да препознаат вистински мед меѓу напливот на се поголемиот број фалсификатори. Сакаме да укажеме колкава е важноста на медот и другите пчелни производи во секојдневната исхрана на човекот. Живееме во време кога напнатоста и стресот се прифатени како начин на живот, а има и многу вируси, алергии и болести кои пред стотина години воопшто не постоеле. Дел од нив се јавуваат поради неправилната и вештачка исхрана, а медот е единствена природна супстанца која од дамнина се користела како најважна храна, истакна претседателот на „Матица", Венче Билбиловски.
Тој нагласи дека нашите граѓани се уште трошат многу малку мед во споредба со останатите земји.
Јапонците годишно трошат 16 килограми по глава на жител, а ние само 900 грама. Разликата е огромна. Се повеќе на нашиот пазар има мед измешан со сирупи за да се оствари профит. Со тоа се уништуваат природните својства на медот, напомена Билбиловски.
Според него, земјава може да се пофали со квалитетен мед.
Бараме да бидеме заштитени со закон за да ги оствариме нашите права. Можеме да се пофалиме со квалитетен мед за кој во светот секоја година добиваме високи признанија. Сакаме државава да ја промовираме како регион од кој може да се набави природен мед според највисоките стандарди за здрава храна и со тоа да ја афирмираме, истакна претседателот на „Матица".
Градоначалникот на Центар Горан Герасимовски порача дека Деновите на медот се одлична можност граѓаните да се запознаат со медот и пчеларската култура.
Овој настан овозможува директна комуникација меѓу пчеларите и купувачите, како и одлична шанса за младите потенцијални пчелари да се запознаат со начинот на одгледување пчели и производството на мед, потенцира Герасимовски.
Официјалното отворање на манифестацијата ја заокружи македонскиот сликар и хуманист Живко Поповски-Цветин кој во оваа прилика на Герасимовски му подари, како што рече, цветна, пчелна рамка во која се „сместени" една матица во бело-жолта боја и цвеќињата на мирот.
Луѓето тука може да се снабдат со вистински, квалитен мед и со други пчелни производи, рече Цветин.
И годинава, поради КОВИД пандемијата, манифестацијата не беше отворена со настап на дечиња од скопските градинки.

The post Пазарот „врие” од фалсификати кои содржат сирупи, на пчеларите им останува да ја вратат довербата кај потрошувачите appeared first on Република.

]]>
Д-р Даниловски: Цвета бизнисот со фалсификати, под итно да се укинат ковид-сертификатите https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-danilovski-cveta-biznisot-so-falsifikati-pod-itno-da-se-ukinat-kovid-sertifikatite/ Thu, 17 Feb 2022 07:31:04 +0000 https://republika.mk/?p=459651

Епидемиологот д-р Драган Даниловски смета дека ковид-сертификатите треба да се укинат под итно.

Знаеме дека вакцините не штитат од заразувањето, а посебно што цвета бизнисот со фалсификати. Неприфатливо е што со стручно-неисправна и бесмислена мерка да се инсистира да се зголеми опфатот со вакцинација. Тоа е бесмислено, потенцира докторот.

Даниловски е скептичен за резултатите од скринингот што се прави на неколку локации низ Скопје, бидејќи според него, не се проведува пропорционални и систематски.

Не може по случаен избор да се собираат граѓани. Вака ова ѓутуре се вели народски, како кога се прават анкети за политички и разно разни работи. Аматерски е, вели Даниловски, додавајќи дека покрај Скопје како најголема територијална единица, има и други населени места сите имаат разлилна големина и треба пропорционално да се собере одрреден број граѓани за тестирање од секоја од тие територијални единици.

The post Д-р Даниловски: Цвета бизнисот со фалсификати, под итно да се укинат ковид-сертификатите appeared first on Република.