факултети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fakulteti/ За подобро да се разбереме Tue, 30 Jan 2024 14:22:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png факултети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fakulteti/ 32 32 Бизнисот секторот бара пет отсто од Буџетот за образованието и ревизија на работењето на сите факултети во државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/biznisot-sektorot-bara-pet-otsto-od-budhetot-za-obrazovanieto-i-revizija-na-raboteneto-na-site-fakulteti-vo-drzhavata/ Tue, 30 Jan 2024 14:22:01 +0000 https://republika.mk/?p=738644

Пет отсто од Буџетот да се одвојуваат за образованието и да се ревидира работењето на сите високообразовни институции во државата, е едно од клучните барања на бизнисот што ќе им биде испорачано на политичките партии.

Како што рече денеска претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, мора да се спречи натамошната ерозија на квалитетот на високото образование, но и да се продуцира неопходниот стручен кадар.

Засукани ракави, храброст и преземање ризик се неопходни за да се воведат одредени процеси кои мора да доведат до подобрување на кадровскиот потенцијал. Оваа порака ќе биде силно пренесена и до лидерите на партиите. Ќе бараме за образованието да се одвојуваат пет отсто од Буџетот, но не веднаш, туку во мандатни периоди и ќе бараме ревизија на работењето на сите високообразовни институции во државата за да се спречи натамошната ерозија на квалитетот на високото образование, истакна Азески на прес-конференција.

Според него, земјава е мала и има потреба за специјализирани кадри.

Ние не сме Америка, ние сме мала земја, немаме огромни потреби, туку имаме специјализирана потреба за кадри и треба да се свртиме кон тоа. Оваа порака значи дека во тие дејности ќе одвојуваме средства кои би ги зголемиле активностите. Така ќе дојдеме и до реформиран Буџет кој ќе стане развоен и ќе и овозможи на државата да финансира продуктивни дејности, во нејзин интерес, подвлече Азески.

Тој е оптимист дека земјава може да конкурира и да испорача нешто вредно и значајно во ЕУ со интелигенција, образование и култура.

 

The post Бизнисот секторот бара пет отсто од Буџетот за образованието и ревизија на работењето на сите факултети во државата appeared first on Република.

]]>

Пет отсто од Буџетот да се одвојуваат за образованието и да се ревидира работењето на сите високообразовни институции во државата, е едно од клучните барања на бизнисот што ќе им биде испорачано на политичките партии. Како што рече денеска претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, мора да се спречи натамошната ерозија на квалитетот на високото образование, но и да се продуцира неопходниот стручен кадар.
Засукани ракави, храброст и преземање ризик се неопходни за да се воведат одредени процеси кои мора да доведат до подобрување на кадровскиот потенцијал. Оваа порака ќе биде силно пренесена и до лидерите на партиите. Ќе бараме за образованието да се одвојуваат пет отсто од Буџетот, но не веднаш, туку во мандатни периоди и ќе бараме ревизија на работењето на сите високообразовни институции во државата за да се спречи натамошната ерозија на квалитетот на високото образование, истакна Азески на прес-конференција.
Според него, земјава е мала и има потреба за специјализирани кадри.
Ние не сме Америка, ние сме мала земја, немаме огромни потреби, туку имаме специјализирана потреба за кадри и треба да се свртиме кон тоа. Оваа порака значи дека во тие дејности ќе одвојуваме средства кои би ги зголемиле активностите. Така ќе дојдеме и до реформиран Буџет кој ќе стане развоен и ќе и овозможи на државата да финансира продуктивни дејности, во нејзин интерес, подвлече Азески.
Тој е оптимист дека земјава може да конкурира и да испорача нешто вредно и значајно во ЕУ со интелигенција, образование и култура.  

The post Бизнисот секторот бара пет отсто од Буџетот за образованието и ревизија на работењето на сите факултети во државата appeared first on Република.

]]>
Денеска почнуваат уписите на УКИМ: На 23 факултети има слободни 10.473 места за бруцошите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/deneska-pochnuvaat-upisite-na-ukim-na-23-fakulteti-ima-slobodni-10-473-mesta-za-brutsoshite/ Wed, 30 Aug 2023 07:30:14 +0000 https://republika.mk/?p=677174

На 23-те факултети во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре се официјалните датуми од првиот рок за пријавување кандидати за упис во прва година за претстојната академска година, иако и досега беше овозможено и е во тек електронското аплицирање преку системот за студентски сервиси iKnow https://www.iknow.ukim.edu.mk/

Според Конкурсот на УКИМ, за студиската 2023/2024 година слободни се 10 473 места, од кои 5074 за редовни студенти финансирани од државниот буџет, 4439 за редовни со кофинансирање на студиите и 960 за вонредни студенти, а може да се запишат и странски студенти за кои има или утврдено број или процент од вкупниот број запишани студенти на одредена студиска програма.

Со над илјада слободни места за повеќе студиски програми и годинава се Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство/ФИНКИ (1150), Природно-математичкиот факултет (1050) и Правниот факултет (1055). Филозофскиот факултет располага со 915 слободни места за бруцоши, Филолошкиот факултет – 775, Медицинскиот – 760, Економскиот факултет – 700, Машинскиот – 600, Факултетот за електротехника и информациски технологии/ФЕИТ – 570…

Во пресрет на уписите, проректорката за настава на Скопскиот универзитет, проф. д-р Христина Спасевска, за МИА изјави дека оваа година кандидатите може да избираат 195 студиски програми на прв циклус студии: интегрирани петгодишни студиски програми, четиригодишни, тригодишни и стручни студии.

Оваа година нашиот универзитет нуди нови или повторно акредитирани студиски програми, меѓународно препознатливи и усогласени со студиските програми на европските универзитети, кои овозможуваат поголема мобилност на идните студенти и се усогласени со потребите на пазарот на труд. Поради тоа очекуваме дека бројот на кандидати ќе се зголеми и на студиските програми кои се од интерес за македонското стопанство и јавниот сектор. Следејќи го бројот на веќе пријавените кандидати, имајќи ги предвид демографските движења во државата, како и бројот на матурантите кои сакаат да студираат во странство, интересот треба да остане барем ист како и претходната академска година, посочи проф. Спасевска.

Откако ќе се пријават за упис, прелиминарната ранг-листа со резултати од успехот на кандидатите од средно образование ќе биде објавена на 4 септември. На факултетите на кои покрај успехот од средно училиште има и приемен испит, проверката на знаења и умеења е на 1 септември, а прелиминарната листа со резултатите ќе биде објавена на 6 септември. Конечната ранг-листа на примени на сите факултети ќе биде објавена на 11-ти, а на 12 и 13 септември е запишувањето на кандидатите кои од 1 октомври ќе бидат студенти на УКИМ.

Вториот рок за уписи на Скопскиот универзитет е на 18 и 19 септември, а третиот, каде што ќе останат слободни места, ќе биде на 28 септември 2023.

The post Денеска почнуваат уписите на УКИМ: На 23 факултети има слободни 10.473 места за бруцошите appeared first on Република.

]]>

На 23-те факултети во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре се официјалните датуми од првиот рок за пријавување кандидати за упис во прва година за претстојната академска година, иако и досега беше овозможено и е во тек електронското аплицирање преку системот за студентски сервиси iKnow https://www.iknow.ukim.edu.mk/ Според Конкурсот на УКИМ, за студиската 2023/2024 година слободни се 10 473 места, од кои 5074 за редовни студенти финансирани од државниот буџет, 4439 за редовни со кофинансирање на студиите и 960 за вонредни студенти, а може да се запишат и странски студенти за кои има или утврдено број или процент од вкупниот број запишани студенти на одредена студиска програма. Со над илјада слободни места за повеќе студиски програми и годинава се Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство/ФИНКИ (1150), Природно-математичкиот факултет (1050) и Правниот факултет (1055). Филозофскиот факултет располага со 915 слободни места за бруцоши, Филолошкиот факултет – 775, Медицинскиот – 760, Економскиот факултет – 700, Машинскиот – 600, Факултетот за електротехника и информациски технологии/ФЕИТ – 570… Во пресрет на уписите, проректорката за настава на Скопскиот универзитет, проф. д-р Христина Спасевска, за МИА изјави дека оваа година кандидатите може да избираат 195 студиски програми на прв циклус студии: интегрирани петгодишни студиски програми, четиригодишни, тригодишни и стручни студии.
Оваа година нашиот универзитет нуди нови или повторно акредитирани студиски програми, меѓународно препознатливи и усогласени со студиските програми на европските универзитети, кои овозможуваат поголема мобилност на идните студенти и се усогласени со потребите на пазарот на труд. Поради тоа очекуваме дека бројот на кандидати ќе се зголеми и на студиските програми кои се од интерес за македонското стопанство и јавниот сектор. Следејќи го бројот на веќе пријавените кандидати, имајќи ги предвид демографските движења во државата, како и бројот на матурантите кои сакаат да студираат во странство, интересот треба да остане барем ист како и претходната академска година, посочи проф. Спасевска.
Откако ќе се пријават за упис, прелиминарната ранг-листа со резултати од успехот на кандидатите од средно образование ќе биде објавена на 4 септември. На факултетите на кои покрај успехот од средно училиште има и приемен испит, проверката на знаења и умеења е на 1 септември, а прелиминарната листа со резултатите ќе биде објавена на 6 септември. Конечната ранг-листа на примени на сите факултети ќе биде објавена на 11-ти, а на 12 и 13 септември е запишувањето на кандидатите кои од 1 октомври ќе бидат студенти на УКИМ. Вториот рок за уписи на Скопскиот универзитет е на 18 и 19 септември, а третиот, каде што ќе останат слободни места, ќе биде на 28 септември 2023.

The post Денеска почнуваат уписите на УКИМ: На 23 факултети има слободни 10.473 места за бруцошите appeared first on Република.

]]>
Само на 1 од 10 факултети, студентите со попреченост може да добијат литература во пристапен формат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/samo-na-1-od-10-fakulteti-studentite-so-poprechenost-mozhe-da-dobijat-literatura-vo-pristapen-format/ Thu, 20 Jul 2023 11:43:32 +0000 https://republika.mk/?p=663516

Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД) организираше јавен настан на кој беа презентирани клучните наоди од Анализата за пристапот до високо образование на лицата со попреченост која ја изготвија Здружението за асистивна технологија ,,Отворете ги прозорците” во соработка со Народниот правобранител, а со поддршка на ВФД во рамки на проектот „Практикувај демократија” поддржан од Британската амбасада во Македонија.

Анализата ја утврдува физичката пристапност на државните факултети, достапната литература, асистивна технологија и друг вид на поддршка за студентите со попреченост. Анализата е спроведена преку прашалник пополнет од 40 факултети, теренски увид во физичката пристапност на 17 факултети на 4 универзитетски кампуси, како и фокус групи и интервјуа. Автор на анализата е Кристијан Лазарев од Здружението за асистивна технологија ,,Отворете ги прозорците”.

Дури на 55% од факултетите нема студенти со попреченост или факултетите не водат статистика за бројот на студенти со попреченост. Ниту еден факултет не ги објавува своите соопштенија и документи во брајов формат, пристапен аудио формат или стандардно писмо во зголемен формат. Голем дел од предавалните и библиотеките се со ограничена физичка пристапност, а дури на 55 % од факултетите нема лифт, иако факултетите се на повеќе катови. За 40 % од студентите со попреченост јавниот превоз е целосно непристапен. Само на 10 % од факултетите студентите со попреченост формално може да добијат литература во пристапен (аудио или дигитален) формат.

На настанот се обрати заменичката на Народниот правобранител – г-а Васка Бајрамовска -Мустафа.

Оваа анализа е прв чекор кон независност на лицата со попреченост и овозможување на нивното право на високо образование, а особено имајќи предвид дека се соочуваме со недостиг на податоци во оваа област и видливоста на студентите со попреченост.

Според нашите информации, најголем број на млади со попреченост по завршување на средното образование не се одлучуваат да го продолжат образованието поради немање на соодветен пристап. Бројот на 50тина студентите во сите три циклуси на студии алармира за овој проблем. Како општество мораме по посветено да работиме за овозможување на живот и високо образование за лицата со попреченост, рече таа.

Според пратеничката Жаклина Лазаревска од Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со хендикеп, членовите на Интер партиската парламентарна група се стремат кон целосно имплементирање на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост.

Националната стратегија за образование како и националната стратегија за правата на лицата со попреченост содржат бројни активности кои се генерално во надлежност на Министерството за образование и наука со цел континуитет на унапредување на правата на младите и создавање на инклузивна средина.

Наша обврска е да обезбедиме лицата со попреченост да имаат и пристап до високото на образование без дискриминација и на еднаква основа со другите, без разлика на автономијата на универзитетите. Анализите од ваков вид треба да бидат презентирани и пред пратениците со задолжително присуство на претставниците на универзитетите, вели Лазаревска.

Претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, г-дин Исмаил Камбери потенцираше дека секој човек има свои уникатни перспективи и потенцијали, наша обврска е да овозможиме секој поединец да унапредува во општеството без дискриминација.

Комисијата до сега има утврдено дискриминација во 11 случаи од кои 2 се во областа на образованието.

Свесност, пристапност и развивање на политики за еднаквост се клучни за нашето општество. Политиките за обезбедување еднаквост и инклузивност во областите на вработување, образование и социјална интеграција се клучни за користење на потенцијалот на лицата со попреченост во нашето општество во целина.

Мерката за унапредување на државата не лежи само во нејзиниот економски раст, туку како ги третираме маргинализираните лица во општеството.

Директорката на ВФД во Македонија, Дона Костуранова истакна дека за да имаме еднаквост на лицата со попреченост во општеството, еден од предусловите е еднаков пристап до образование, вклучувајќи го и високото образование.

Во моментов, високото образование е недостапно за многу лица со попреченост, што ги ограничува и нивните можности за образовен и професионален развој и директно влијае на квалитетот на живот и можностите.

 

За поеднаков пристап до високото образование, анализата препорачува дека пристапноста треба да биде критериум во набавките, реконструкцијата и стратешкото планирање на факултетите и студентските домови, да  се обезбеди асистивна технологија и помагала, и да се обезбеди стручна и научна литература во пристапни формати, како и пристапен транспорт за студентите со попреченост. Меѓу другото треба задолжително да се почне со водење дигитална евиденција за статистички податоци за студентите со попреченост, за подобро планирање на нивните потреби и инклузивноста на факултетот како и формално назначување на административни асистенти за поддршка на студентите со попреченост.

The post Само на 1 од 10 факултети, студентите со попреченост може да добијат литература во пристапен формат appeared first on Република.

]]>

Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД) организираше јавен настан на кој беа презентирани клучните наоди од Анализата за пристапот до високо образование на лицата со попреченост која ја изготвија Здружението за асистивна технологија ,,Отворете ги прозорците” во соработка со Народниот правобранител, а со поддршка на ВФД во рамки на проектот „Практикувај демократија” поддржан од Британската амбасада во Македонија. Анализата ја утврдува физичката пристапност на државните факултети, достапната литература, асистивна технологија и друг вид на поддршка за студентите со попреченост. Анализата е спроведена преку прашалник пополнет од 40 факултети, теренски увид во физичката пристапност на 17 факултети на 4 универзитетски кампуси, како и фокус групи и интервјуа. Автор на анализата е Кристијан Лазарев од Здружението за асистивна технологија ,,Отворете ги прозорците”. Дури на 55% од факултетите нема студенти со попреченост или факултетите не водат статистика за бројот на студенти со попреченост. Ниту еден факултет не ги објавува своите соопштенија и документи во брајов формат, пристапен аудио формат или стандардно писмо во зголемен формат. Голем дел од предавалните и библиотеките се со ограничена физичка пристапност, а дури на 55 % од факултетите нема лифт, иако факултетите се на повеќе катови. За 40 % од студентите со попреченост јавниот превоз е целосно непристапен. Само на 10 % од факултетите студентите со попреченост формално може да добијат литература во пристапен (аудио или дигитален) формат. На настанот се обрати заменичката на Народниот правобранител – г-а Васка Бајрамовска -Мустафа.
Оваа анализа е прв чекор кон независност на лицата со попреченост и овозможување на нивното право на високо образование, а особено имајќи предвид дека се соочуваме со недостиг на податоци во оваа област и видливоста на студентите со попреченост. Според нашите информации, најголем број на млади со попреченост по завршување на средното образование не се одлучуваат да го продолжат образованието поради немање на соодветен пристап. Бројот на 50тина студентите во сите три циклуси на студии алармира за овој проблем. Како општество мораме по посветено да работиме за овозможување на живот и високо образование за лицата со попреченост, рече таа.
Според пратеничката Жаклина Лазаревска од Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со хендикеп, членовите на Интер партиската парламентарна група се стремат кон целосно имплементирање на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост.
Националната стратегија за образование како и националната стратегија за правата на лицата со попреченост содржат бројни активности кои се генерално во надлежност на Министерството за образование и наука со цел континуитет на унапредување на правата на младите и создавање на инклузивна средина. Наша обврска е да обезбедиме лицата со попреченост да имаат и пристап до високото на образование без дискриминација и на еднаква основа со другите, без разлика на автономијата на универзитетите. Анализите од ваков вид треба да бидат презентирани и пред пратениците со задолжително присуство на претставниците на универзитетите, вели Лазаревска.
Претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, г-дин Исмаил Камбери потенцираше дека секој човек има свои уникатни перспективи и потенцијали, наша обврска е да овозможиме секој поединец да унапредува во општеството без дискриминација.
Комисијата до сега има утврдено дискриминација во 11 случаи од кои 2 се во областа на образованието. Свесност, пристапност и развивање на политики за еднаквост се клучни за нашето општество. Политиките за обезбедување еднаквост и инклузивност во областите на вработување, образование и социјална интеграција се клучни за користење на потенцијалот на лицата со попреченост во нашето општество во целина. Мерката за унапредување на државата не лежи само во нејзиниот економски раст, туку како ги третираме маргинализираните лица во општеството.
Директорката на ВФД во Македонија, Дона Костуранова истакна дека за да имаме еднаквост на лицата со попреченост во општеството, еден од предусловите е еднаков пристап до образование, вклучувајќи го и високото образование.
Во моментов, високото образование е недостапно за многу лица со попреченост, што ги ограничува и нивните можности за образовен и професионален развој и директно влијае на квалитетот на живот и можностите.
  За поеднаков пристап до високото образование, анализата препорачува дека пристапноста треба да биде критериум во набавките, реконструкцијата и стратешкото планирање на факултетите и студентските домови, да  се обезбеди асистивна технологија и помагала, и да се обезбеди стручна и научна литература во пристапни формати, како и пристапен транспорт за студентите со попреченост. Меѓу другото треба задолжително да се почне со водење дигитална евиденција за статистички податоци за студентите со попреченост, за подобро планирање на нивните потреби и инклузивноста на факултетот како и формално назначување на административни асистенти за поддршка на студентите со попреченост.

The post Само на 1 од 10 факултети, студентите со попреченост може да добијат литература во пристапен формат appeared first on Република.

]]>
Дојави за бомби на факултетите во Крагуевац https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dojavi-za-bombi-na-fakultetite-vo-kraguevats/ Wed, 29 Mar 2023 08:43:51 +0000 https://republika.mk/?p=624924

Полициската управа во Крагуевац утрово била информирана дека сите факултети добиле информација за поставена бомба.

На факултетите е извршена итна евакуација, а специјални екипи вршат претрес на зградите, потврдија од полицијата за Нова.рс.

Тие наведуваат дека поради темелна проверка се уште немаат информации од терен.

 

The post Дојави за бомби на факултетите во Крагуевац appeared first on Република.

]]>

Полициската управа во Крагуевац утрово била информирана дека сите факултети добиле информација за поставена бомба. На факултетите е извршена итна евакуација, а специјални екипи вршат претрес на зградите, потврдија од полицијата за Нова.рс. Тие наведуваат дека поради темелна проверка се уште немаат информации од терен.  

The post Дојави за бомби на факултетите во Крагуевац appeared first on Република.

]]>
Факултетите, судовите и затворите поради долгови, можат да останат без струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/fakultetite-sudovite-i-zatvorite-poradi-dolgovi-mozat-da-ostanat-bez-struja/ Sun, 04 Dec 2022 19:17:20 +0000 https://republika.mk/?p=581782

Поради големи долгови и факултетите, судовите, зоолошката градина, затворите може да останат без струја, објави ТВ Телма.

ЕВН од утре ќе испорачува известување за исклучување и до овие инситуции. Претходно ваков документ добија Клинички и Железници, дека за помалку од две недели можат да останат без електрична енергија.

Како што пишува Телма министерот за финансии Бесими ќе проба да најде пари за барем да го намали долгот од околу 7 милони и Клинички да се спаси од мрак.

Во меѓувреме се токмат нови милионски набавки на струја.Од утре продолжува купувањето на електрична енергија.За само три дена за нешто над 10.000 мегават часови ќе се потрошат над 4 милиони евра.

 

The post Факултетите, судовите и затворите поради долгови, можат да останат без струја appeared first on Република.

]]>

Поради големи долгови и факултетите, судовите, зоолошката градина, затворите може да останат без струја, објави ТВ Телма. ЕВН од утре ќе испорачува известување за исклучување и до овие инситуции. Претходно ваков документ добија Клинички и Железници, дека за помалку од две недели можат да останат без електрична енергија. Како што пишува Телма министерот за финансии Бесими ќе проба да најде пари за барем да го намали долгот од околу 7 милони и Клинички да се спаси од мрак. Во меѓувреме се токмат нови милионски набавки на струја.Од утре продолжува купувањето на електрична енергија.За само три дена за нешто над 10.000 мегават часови ќе се потрошат над 4 милиони евра.  

The post Факултетите, судовите и затворите поради долгови, можат да останат без струја appeared first on Република.

]]>