Фајнанс тинк Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fajnans-tink/ За подобро да се разбереме Sat, 02 Dec 2023 12:28:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Фајнанс тинк Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fajnans-tink/ 32 32 Фајнанс тинк: Ризични владини мерки https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/fajnans-tink-rizichni-vladini-merki/ Sat, 02 Dec 2023 13:44:07 +0000 https://republika.mk/?p=718670

Институтот за економски анализи Фајнанс тинк (Finance Think) смета дека владиниот пакет антикризни мерки е со зајакната компонента на таргетираност кон граѓани, домаќинства и компании кои се ранливи или имаат оправдана потреба од тековна и структурна поддршка, пишува МКД.мк

Сепак, одредени мерки по својот обем, како и одредени мерки кои не се директно поврзани со кризата, но помагаат во поглед на нејзините последици, се донесени во време кога земјата влегува во изборен циклус и во време кога инфлациските очекувања остануваат подигнати. Во таа смисла, проценуваме дека таквите мерки носат значајни ризици, анализира Фајнанс тинк.

Анализата на ФТ ја пренесуваме во целост:

По обем, најновиот антикризен пакет е сличен со претходниот (за 2022 година) кој изнесуваше 760 милиони евра. Сепак, јачината на кризата и фазата во која беше економијата во 2022 споредено со денес се драстично различни. Во текот на 2022 година, енергетската криза го имаше својот врв, како резултат на рекордните цени на примарните производи од храна и енергија. Додека, денес, цената на енергентите и производите од храна на глобалните пазари е стабилизирана или намалена, а домашната понуда на електрична енергија се зголеми. Оттука, ако минатата година имавме акутна состојба и постоеше реално оправдување за обемен пакет антикризни мерки, оваа година се наоѓаме во излезна фаза од кризата. Оттука, вкупниот планиран буџет е несоодветен на моменталната потреба. Истовремено, иако пакетот е наречен антикризен, мерките опфаќаат и цели кои не се директно поврзани со кризата, што може да предизвика погрешна перцепција, особено имајќи предвид дека државата влегува во предизборен период. Во тој поглед, клучната препорака е наместо постојан кризен фокус, во оваа фаза тој да се префрли на градење отпорност и одржливост на економијата.

Од вкупно 26 мерки, 13 се надоврзуваат на мерките објавени во 2022 година, од кои шест се картактеризираат како антикризни мерки, а останатите седум како мерки кои придонесуваат за ублажување на ефектите од кризата, но постоеја или веројатно би постоеле и доколку криза немаше. Потоа, шест се нови мерки кои пружаат времена поддршка на доходот на ранливи категории граѓани и, оттука имаат карактер на нови антикризни мерки; додека, преостанатите четири се нови мерки кои не се директно поврзани со кризата. Забележливо е дека, барем кај мерките кои се директно сврзани со кризата, поединечните буџети се намалени во однос на претходниот пакет, што во голема мера се должи и на постепеното напуштање на линеарните мерки за сметка на таргетираните мерки, што беше поранешна препорака од, но и услов кој земјата го презеде за стекнување на Аранжманот за претпазливост и ликвидност од Меѓународниот монетарен фонд, порано годинава.

Табела 1. Пакет владини мерки од ноември 2023

 

 

Претходни антикризни пакети

Нов антикризен пакет

Мерки што се надоврзуваат на мерките објавени во 2022 година

Субвенционирање на цената на електрична енергија на регулиран пазар

222.7 милиони евра

35 милиони евра

Субвенционирање на цената на топлинска енергија

17.4 милиони евра

7.4 милиони евра

Програма за енергетска сиромаштија за корисници за ГМП и приматели на социјална пензија

40 милиони евра

5.9 милиони евра

Финансиска поддршка за енергетска сиромаштија преку оглас (МЕ)

~1 милион евра

1 милион евра

Финансиска поддршка на најранливите категории граѓани

8 милиони евра

2.7 милиони евра

Финансиска поддршка на приматели на пониска пензија

12.2 милиони евра

35 милиони евра

Поволни заеми за зголемување на енергетска ефикасност на општините

10.5 милиони евра

10 милиони евра

Поддршка на домаќинствата за инвестиции во обновливи извори и енергетска ефикасност

~1 милион евра

1.1 милион евра

Поволни заеми за мали и средни претпријатија за инвестиции во проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

10 милиони евра

10 милиони евра

Поволна кредитна линија за зелена транзиција во соработка со ЕИБ

100 милиони евра

100 милиони евра

Зелено финансирање на мали и средни претпријатија и домаќинства за инвестиции во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност

45 милиони евра

790.000 евра

Проширување на опсег на компании корисници на гарантна шема од Гарантен фонд на Развојна банка

15 милиони евра

39 милиони евра

МојДДВ

/

42.2 милиони евра

Нови антикризни мерки

Финансиска поддршка за зголемување на платите во приватниот сектор во опсегот 3.000 – 9.000 денари

/

Изгубен фискален приход по основ на придонеси (не е проценет)

Финансиска поддршка за ученици во основно и средно образование

/

14.3 милиони евра

Ваучери за превоз на студенти

/

2 милиони евра

Ограничување на затезната камата до висина на долгот

/

/

Намалување на висината на стапката на казнената камата за 3 п.п. за граѓаните со низок доход

/

/

Намалување на цената на млекото и млечните производи

/

/

Нови мерки што не се директно поврзани со тековната криза

Авансна исплата на субвенции на 40.000 земјоделци (ИПАРД)

/

8.1 милиони евра

Поволна кредитна линија за поддршка на женско претприемништво, дигитализација и проекти со позититивен придонес за животната средина, во соработка со Француска агенција за развој

/

50 милиони евра

Поволни заеми за мали и средни претпријатија, создавање и зачувување на работни места, поддршка на женско претприемништво и зелени инвестиции, во соработка со Банка за развој на Советот на Европа

/

50 милиони евра

Фонд за енергетска ефикасност за приватниот и јавниот сектор, во соработка со Светска Банка

/

5 милиони евра

Извор: Проценка на Finance Think врз основа на соопштенија на vlada.mk

 

Од аспект на структурата, поддршката само за домаќинствата зафаќа 17% од вкупниот буџет (невклучувајќи ги субвенциите на цената на електрична и топлинска енергија), додека за компаниите изнесува 74% (Табела 2). Сепак, поддршката за домаќинствата во 2023/24 година е зголемена, што повторно се должи на зајакнување на таргетираната компонента на пакетот. Таргетираните мерки во новиот антикризен пакет за категориите граѓани: ученици, студенти и пензионери кои се ранливи се оправдани. Вкупниот планиран буџет за овие мерки е 70.1 милиони евра и нивното учество во вкупниот пакет е 10.5%.

Вкупниот планиран буџет за компании е зголемен трипати. Сепак, половина од мерките опфаќаат поволни кредитни линии за поддршка на компаниите во износ од вкупно 249.8 милиони евра или 37.7% од буџетот. Овие кредитни линии се најчесто обезбедени од Развојната банка или во соработка со меѓународните финансиски иституции (ЕБОР, ЕИБ, Банка за развој на Советот на Европа, Светска Банка и Француската агенција за развој).

Една од клучните мерки за компаниите, а посредно и за вработените, е мерката за субвенционирање на придонесите за зголемување на платите на работниците во распон од 3.000 до 9.000 денари. Фајнанс тинк укажува дека оваа мерка носи ризици од манипулација на основната плата која ќе биде земена како споредбена основа за зголемување на платата. Притоа, неопходно е како споредбена основа да се земат месеци за кои платите се веќе исплатени, односно тоа би биле месеците август, септември и октомври 2023.

 

Табела 2. Пакети владини мерки во 2022 и 2023/24 година

 

Претходни антикризни пакети

Нов антикризен пакет

Поддршка за домаќинства и земјоделци

80 милиони евра

112.3 милиони евра

Поддршка за компании

155.8 милиони евра

492 милиони евра

Поддршка за компании и домаќинства

385.1 милиони евра*

42.4 милиони евра*

Поддршка за јавен сектор

14.9 милиони евра

14.9 милиони евра

Системски мерки за ублажување на ефектите од ценовната и енергетска криза

/

516.2 милиони евра

Покрај пакетот антикризни мерки, дополнително беа објавени „системски мерки за ублажување на ефектите од ценовната и енергетска криза“ за 2023 и 2024 година, во износ од 516 милиони евра. Овие мерки се состојат од зголемување и усогласување на пензии и на плати во јавниот сектор. За зголемени пензии за над 338,000 пензионери планирани се 278 милиони евра (100 милиони евра за зголемување и 178 милиони евра за усогласување со новата методологија).  ФТ Став бр. 59 за пензиите и состојбата со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување од август 2023, Фајнанс тинк укажува дека порастот на пензиите кој е поголем од законската рамка за усогласување го доведува под ризик трендот на стабилизација на пензискиот систем и долгорочната самоодржливост.

За платите во јавниот сектор се предвидени средства и за зголемување од 10% согласно Општиот колективен договор и за регрес за годишен одмор (52 милиони денари), како и за зголемување на платите во 2024 година од 150 милиони евра. Иако овие мерки се важни за поддршка на животниот стандард на примателите, нивното невнимателно ставање во функција е спротивно на процесот на стабилизација на инфлациските очекувања и може да влијае инфлаторно, со тоа смалувајќи ги напорите на носителите на политиките за поскоро постигнување ниска и одржлива инфлациска стапка. Дополнително, овие мерки се промовираат во време кога земјата влегува во изборен циклус“.

The post Фајнанс тинк: Ризични владини мерки appeared first on Република.

]]>

Институтот за економски анализи Фајнанс тинк (Finance Think) смета дека владиниот пакет антикризни мерки е со зајакната компонента на таргетираност кон граѓани, домаќинства и компании кои се ранливи или имаат оправдана потреба од тековна и структурна поддршка, пишува МКД.мк Сепак, одредени мерки по својот обем, како и одредени мерки кои не се директно поврзани со кризата, но помагаат во поглед на нејзините последици, се донесени во време кога земјата влегува во изборен циклус и во време кога инфлациските очекувања остануваат подигнати. Во таа смисла, проценуваме дека таквите мерки носат значајни ризици, анализира Фајнанс тинк. Анализата на ФТ ја пренесуваме во целост:
По обем, најновиот антикризен пакет е сличен со претходниот (за 2022 година) кој изнесуваше 760 милиони евра. Сепак, јачината на кризата и фазата во која беше економијата во 2022 споредено со денес се драстично различни. Во текот на 2022 година, енергетската криза го имаше својот врв, како резултат на рекордните цени на примарните производи од храна и енергија. Додека, денес, цената на енергентите и производите од храна на глобалните пазари е стабилизирана или намалена, а домашната понуда на електрична енергија се зголеми. Оттука, ако минатата година имавме акутна состојба и постоеше реално оправдување за обемен пакет антикризни мерки, оваа година се наоѓаме во излезна фаза од кризата. Оттука, вкупниот планиран буџет е несоодветен на моменталната потреба. Истовремено, иако пакетот е наречен антикризен, мерките опфаќаат и цели кои не се директно поврзани со кризата, што може да предизвика погрешна перцепција, особено имајќи предвид дека државата влегува во предизборен период. Во тој поглед, клучната препорака е наместо постојан кризен фокус, во оваа фаза тој да се префрли на градење отпорност и одржливост на економијата. Од вкупно 26 мерки, 13 се надоврзуваат на мерките објавени во 2022 година, од кои шест се картактеризираат како антикризни мерки, а останатите седум како мерки кои придонесуваат за ублажување на ефектите од кризата, но постоеја или веројатно би постоеле и доколку криза немаше. Потоа, шест се нови мерки кои пружаат времена поддршка на доходот на ранливи категории граѓани и, оттука имаат карактер на нови антикризни мерки; додека, преостанатите четири се нови мерки кои не се директно поврзани со кризата. Забележливо е дека, барем кај мерките кои се директно сврзани со кризата, поединечните буџети се намалени во однос на претходниот пакет, што во голема мера се должи и на постепеното напуштање на линеарните мерки за сметка на таргетираните мерки, што беше поранешна препорака од, но и услов кој земјата го презеде за стекнување на Аранжманот за претпазливост и ликвидност од Меѓународниот монетарен фонд, порано годинава. Табела 1. Пакет владини мерки од ноември 2023     Претходни антикризни пакети Нов антикризен пакет Мерки што се надоврзуваат на мерките објавени во 2022 година Субвенционирање на цената на електрична енергија на регулиран пазар 222.7 милиони евра 35 милиони евра Субвенционирање на цената на топлинска енергија 17.4 милиони евра 7.4 милиони евра Програма за енергетска сиромаштија за корисници за ГМП и приматели на социјална пензија 40 милиони евра 5.9 милиони евра Финансиска поддршка за енергетска сиромаштија преку оглас (МЕ) ~1 милион евра 1 милион евра Финансиска поддршка на најранливите категории граѓани 8 милиони евра 2.7 милиони евра Финансиска поддршка на приматели на пониска пензија 12.2 милиони евра 35 милиони евра Поволни заеми за зголемување на енергетска ефикасност на општините 10.5 милиони евра 10 милиони евра Поддршка на домаќинствата за инвестиции во обновливи извори и енергетска ефикасност ~1 милион евра 1.1 милион евра Поволни заеми за мали и средни претпријатија за инвестиции во проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија 10 милиони евра 10 милиони евра Поволна кредитна линија за зелена транзиција во соработка со ЕИБ 100 милиони евра 100 милиони евра Зелено финансирање на мали и средни претпријатија и домаќинства за инвестиции во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност 45 милиони евра 790.000 евра Проширување на опсег на компании корисници на гарантна шема од Гарантен фонд на Развојна банка 15 милиони евра 39 милиони евра МојДДВ / 42.2 милиони евра Нови антикризни мерки Финансиска поддршка за зголемување на платите во приватниот сектор во опсегот 3.000 – 9.000 денари / Изгубен фискален приход по основ на придонеси (не е проценет) Финансиска поддршка за ученици во основно и средно образование / 14.3 милиони евра Ваучери за превоз на студенти / 2 милиони евра Ограничување на затезната камата до висина на долгот / / Намалување на висината на стапката на казнената камата за 3 п.п. за граѓаните со низок доход / / Намалување на цената на млекото и млечните производи / / Нови мерки што не се директно поврзани со тековната криза Авансна исплата на субвенции на 40.000 земјоделци (ИПАРД) / 8.1 милиони евра Поволна кредитна линија за поддршка на женско претприемништво, дигитализација и проекти со позититивен придонес за животната средина, во соработка со Француска агенција за развој / 50 милиони евра Поволни заеми за мали и средни претпријатија, создавање и зачувување на работни места, поддршка на женско претприемништво и зелени инвестиции, во соработка со Банка за развој на Советот на Европа / 50 милиони евра Фонд за енергетска ефикасност за приватниот и јавниот сектор, во соработка со Светска Банка / 5 милиони евра Извор: Проценка на Finance Think врз основа на соопштенија на vlada.mk   Од аспект на структурата, поддршката само за домаќинствата зафаќа 17% од вкупниот буџет (невклучувајќи ги субвенциите на цената на електрична и топлинска енергија), додека за компаниите изнесува 74% (Табела 2). Сепак, поддршката за домаќинствата во 2023/24 година е зголемена, што повторно се должи на зајакнување на таргетираната компонента на пакетот. Таргетираните мерки во новиот антикризен пакет за категориите граѓани: ученици, студенти и пензионери кои се ранливи се оправдани. Вкупниот планиран буџет за овие мерки е 70.1 милиони евра и нивното учество во вкупниот пакет е 10.5%. Вкупниот планиран буџет за компании е зголемен трипати. Сепак, половина од мерките опфаќаат поволни кредитни линии за поддршка на компаниите во износ од вкупно 249.8 милиони евра или 37.7% од буџетот. Овие кредитни линии се најчесто обезбедени од Развојната банка или во соработка со меѓународните финансиски иституции (ЕБОР, ЕИБ, Банка за развој на Советот на Европа, Светска Банка и Француската агенција за развој). Една од клучните мерки за компаниите, а посредно и за вработените, е мерката за субвенционирање на придонесите за зголемување на платите на работниците во распон од 3.000 до 9.000 денари. Фајнанс тинк укажува дека оваа мерка носи ризици од манипулација на основната плата која ќе биде земена како споредбена основа за зголемување на платата. Притоа, неопходно е како споредбена основа да се земат месеци за кои платите се веќе исплатени, односно тоа би биле месеците август, септември и октомври 2023.   Табела 2. Пакети владини мерки во 2022 и 2023/24 година   Претходни антикризни пакети Нов антикризен пакет Поддршка за домаќинства и земјоделци 80 милиони евра 112.3 милиони евра Поддршка за компании 155.8 милиони евра 492 милиони евра Поддршка за компании и домаќинства 385.1 милиони евра* 42.4 милиони евра* Поддршка за јавен сектор 14.9 милиони евра 14.9 милиони евра Системски мерки за ублажување на ефектите од ценовната и енергетска криза / 516.2 милиони евра Покрај пакетот антикризни мерки, дополнително беа објавени „системски мерки за ублажување на ефектите од ценовната и енергетска криза“ за 2023 и 2024 година, во износ од 516 милиони евра. Овие мерки се состојат од зголемување и усогласување на пензии и на плати во јавниот сектор. За зголемени пензии за над 338,000 пензионери планирани се 278 милиони евра (100 милиони евра за зголемување и 178 милиони евра за усогласување со новата методологија).  ФТ Став бр. 59 за пензиите и состојбата со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување од август 2023, Фајнанс тинк укажува дека порастот на пензиите кој е поголем од законската рамка за усогласување го доведува под ризик трендот на стабилизација на пензискиот систем и долгорочната самоодржливост. За платите во јавниот сектор се предвидени средства и за зголемување од 10% согласно Општиот колективен договор и за регрес за годишен одмор (52 милиони денари), како и за зголемување на платите во 2024 година од 150 милиони евра. Иако овие мерки се важни за поддршка на животниот стандард на примателите, нивното невнимателно ставање во функција е спротивно на процесот на стабилизација на инфлациските очекувања и може да влијае инфлаторно, со тоа смалувајќи ги напорите на носителите на политиките за поскоро постигнување ниска и одржлива инфлациска стапка. Дополнително, овие мерки се промовираат во време кога земјата влегува во изборен циклус“.

The post Фајнанс тинк: Ризични владини мерки appeared first on Република.

]]>
Македонија е се поблизу до рецесија: „Фајнанс тинк“ оценува дека економијата оди во минус https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/makedonija-e-se-poblizu-do-recesija-fajnans-tink-ocenuva-deka-ekonomijata-odi-vo-minus/ Sat, 10 Sep 2022 12:14:37 +0000 https://republika.mk/?p=549427

Во вториот квартал од 2022, БДП се зголеми за 2,8 отсто на годишна основа. Овој раст е сличен на динамиката од 2021 година, но е под очекуваниот, остварен е во услови на нагласена неизвесност која произлегува од руско-украинскиот конфликт, како и во услови на забрзан раст на цените. Со оваа состојба е сврзан нискиот раст во преработувачката индустрија (1,5 отсто), како и продолжената стагнација кај градежништвото (0,2 проценти), се наведува во анализа на „Фајнанс тинк” (Finance Think).

Од друга страна, како што се посочува во анализата, пост-пандемиската консолидација продолжи со солидна динамика од 8.1 отсто кај трговијата, транспортот и хотелиерството.

Извозот и увозот ја задржаа својата динамика од почетокот на годината, 14,7 отсто и 25,2 проценти, соодветно, додека бруто инвестициите бележат изненадувачки висок раст (46,5 отсто), но тој е веројатно сврзан со акумулацијата на залихи во пресрет на растечките неизвесности на глобалната сцена – велат од макроекономскиот монитор на организацијата „Фајнанс тинк”.

Стабилниот пазар на труд и растот на платите, како што посочуваат, ја поддржаа приватната потрошувачка, иако со благо забавен раст (4 отсто), додека јавната потрошувачка бележи силен пад од 7,2 проценти, што е во линија со несразмерната реализација на буџетскиот дефицит (една четвртина за половина година).

Невработеноста во вториот квартал од 2022 понатамошно благо се намали, на 14,5 отсто од претходните 14,8 проценти (К1-2022). Благо подобрување бележи и вработеноста, од 47,1 отсто на 47,3 проценти, но нема особени знаци на значајно реактивирање на работоспособното население кое се пасивизираше во текот на пендемијата – се наведува во анализата.

Според „Фајнанс тинк” во вториот квартал од 2022, инфлацијата се искачи на 12,3 отсто на годишна основа. Овој раст на цените, како што додаваат, е скоро во целост движен од глобалните притисоци врз цените на примарните производи и енергијата, но тие се пренесоа и врз пошироката потрошувачка кошничка, особено во делот на домување, транспорт и ресторанско-хотелски услуги.

Неизвесноста во економијата останува висока, додека видливата стагфлација во вториот квартал од 2022 ќе станува поинтензивна до крајот на годината, со зголемена веројатност од рецесија од почетокот на идната година. И покрај намалувањето на цените на храната на глобалните пазари од јуни 2022, понатамошното зголемување на цените на енергентите укажува на подолготрајност на ценовните притисоци во споредба со претходните очекувања. Оттука, „Фајнанс тинк“ надолно ја ревидира проекцијата за растот на БДП во 2022 на 2,1 отсто (од претходните 2,8 отсто), додека проекцијата за годишната стапка на инфлација нагорно на 12,2 проценти (од претходните 9,7 проценти) –  се вели во анализата на „Фајнанс тинк”.

The post Македонија е се поблизу до рецесија: „Фајнанс тинк“ оценува дека економијата оди во минус appeared first on Република.

]]>

Во вториот квартал од 2022, БДП се зголеми за 2,8 отсто на годишна основа. Овој раст е сличен на динамиката од 2021 година, но е под очекуваниот, остварен е во услови на нагласена неизвесност која произлегува од руско-украинскиот конфликт, како и во услови на забрзан раст на цените. Со оваа состојба е сврзан нискиот раст во преработувачката индустрија (1,5 отсто), како и продолжената стагнација кај градежништвото (0,2 проценти), се наведува во анализа на „Фајнанс тинк” (Finance Think). Од друга страна, како што се посочува во анализата, пост-пандемиската консолидација продолжи со солидна динамика од 8.1 отсто кај трговијата, транспортот и хотелиерството.
Извозот и увозот ја задржаа својата динамика од почетокот на годината, 14,7 отсто и 25,2 проценти, соодветно, додека бруто инвестициите бележат изненадувачки висок раст (46,5 отсто), но тој е веројатно сврзан со акумулацијата на залихи во пресрет на растечките неизвесности на глобалната сцена – велат од макроекономскиот монитор на организацијата „Фајнанс тинк”.
Стабилниот пазар на труд и растот на платите, како што посочуваат, ја поддржаа приватната потрошувачка, иако со благо забавен раст (4 отсто), додека јавната потрошувачка бележи силен пад од 7,2 проценти, што е во линија со несразмерната реализација на буџетскиот дефицит (една четвртина за половина година).
Невработеноста во вториот квартал од 2022 понатамошно благо се намали, на 14,5 отсто од претходните 14,8 проценти (К1-2022). Благо подобрување бележи и вработеноста, од 47,1 отсто на 47,3 проценти, но нема особени знаци на значајно реактивирање на работоспособното население кое се пасивизираше во текот на пендемијата – се наведува во анализата.
Според „Фајнанс тинк” во вториот квартал од 2022, инфлацијата се искачи на 12,3 отсто на годишна основа. Овој раст на цените, како што додаваат, е скоро во целост движен од глобалните притисоци врз цените на примарните производи и енергијата, но тие се пренесоа и врз пошироката потрошувачка кошничка, особено во делот на домување, транспорт и ресторанско-хотелски услуги.
Неизвесноста во економијата останува висока, додека видливата стагфлација во вториот квартал од 2022 ќе станува поинтензивна до крајот на годината, со зголемена веројатност од рецесија од почетокот на идната година. И покрај намалувањето на цените на храната на глобалните пазари од јуни 2022, понатамошното зголемување на цените на енергентите укажува на подолготрајност на ценовните притисоци во споредба со претходните очекувања. Оттука, „Фајнанс тинк“ надолно ја ревидира проекцијата за растот на БДП во 2022 на 2,1 отсто (од претходните 2,8 отсто), додека проекцијата за годишната стапка на инфлација нагорно на 12,2 проценти (од претходните 9,7 проценти) –  се вели во анализата на „Фајнанс тинк”.

The post Македонија е се поблизу до рецесија: „Фајнанс тинк“ оценува дека економијата оди во минус appeared first on Република.

]]>