Фадил Зендели Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fadil-zendeli/ За подобро да се разбереме Fri, 17 Nov 2023 13:48:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Фадил Зендели Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fadil-zendeli/ 32 32 Абдуш Демири, предлог за член на ДИК на Европскиот сојуз за промени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/abdush-demiri-predlog-za-chlen-na-dik-na-evropskiot-sojuz-za-promeni/ Fri, 17 Nov 2023 13:48:26 +0000 https://republika.mk/?p=702550

Ние како пратеници на Европскиот сојуз за промени информираме дека наш кандидат за член е Адбуш Демири кој ги исполнува сите критериуми, изјави на денешната прес-конференција во Собрание пратеникот Фадил Зендели од Беса.

Посочи дека изборот на член од албанската опозиција е релевантен и неопходен.

Свесни за важноста од фер и демократски изборен процес, а загрижени за транспарентноста и независноста на процесот, како и нагласувајќи го фактот дека во моментов во оваа комисија нема член од албанската опозиција сметаме дека изборот на нашиот кандидат за член на ДИК е легитимен, релевантен и неопходен. Како резултат на тоа очекуваме изборот на кандидатот на албанската опозиција за член на ДИК да не биде узурпиран за какво било политичко пазарење, туку да се обезбеди застапување на нашите интереси во оваа комисија за да се избегнат какви било манипулации и сомневања во изборниот процес - порача Зендели.

Тој одговорајќи на новинарско прашање рече дека немаат информација дали Алијансата за Албанци исто така има поднесено предлог кандидат.

Не знаеме дали имаат предлог, треба службите да имаат информација, тие се оние кои ги оценуваат кандидатите и условите кои ги исполнуваат кандидатите, но тоа не е наш проблем затоа што законот е многу јасен. Законот јасно укажува каква е поделбата на Државната изборна комисија, во моментот има четворица членови од мнозинството, три членови има опозицијата, значи недостасува еден член од опозицијата, јасна е ситуацијата дека ние сме парламентарна група од опозиција и законот е јасен и недвосмислен за какви било манипулации - посочи Зендели.

The post Абдуш Демири, предлог за член на ДИК на Европскиот сојуз за промени appeared first on Република.

]]>

Ние како пратеници на Европскиот сојуз за промени информираме дека наш кандидат за член е Адбуш Демири кој ги исполнува сите критериуми, изјави на денешната прес-конференција во Собрание пратеникот Фадил Зендели од Беса. Посочи дека изборот на член од албанската опозиција е релевантен и неопходен.
Свесни за важноста од фер и демократски изборен процес, а загрижени за транспарентноста и независноста на процесот, како и нагласувајќи го фактот дека во моментов во оваа комисија нема член од албанската опозиција сметаме дека изборот на нашиот кандидат за член на ДИК е легитимен, релевантен и неопходен. Како резултат на тоа очекуваме изборот на кандидатот на албанската опозиција за член на ДИК да не биде узурпиран за какво било политичко пазарење, туку да се обезбеди застапување на нашите интереси во оваа комисија за да се избегнат какви било манипулации и сомневања во изборниот процес - порача Зендели.
Тој одговорајќи на новинарско прашање рече дека немаат информација дали Алијансата за Албанци исто така има поднесено предлог кандидат.
Не знаеме дали имаат предлог, треба службите да имаат информација, тие се оние кои ги оценуваат кандидатите и условите кои ги исполнуваат кандидатите, но тоа не е наш проблем затоа што законот е многу јасен. Законот јасно укажува каква е поделбата на Државната изборна комисија, во моментот има четворица членови од мнозинството, три членови има опозицијата, значи недостасува еден член од опозицијата, јасна е ситуацијата дека ние сме парламентарна група од опозиција и законот е јасен и недвосмислен за какви било манипулации - посочи Зендели.

The post Абдуш Демири, предлог за член на ДИК на Европскиот сојуз за промени appeared first on Република.

]]>
Зендели прашува: Колку милиони евра ќе се слеат на сметките на Еуровиа и Ак Инвест кои се најголеми донатори на ДУИ? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zendeli-prashuva-kolku-milioni-evra-ke-se-sleat-na-smetkite-na-eurovia-i-ak-invest-koi-se-najgolemi-donatori-na-dui/ Sat, 16 Sep 2023 17:49:39 +0000 https://republika.mk/?p=682475

Пратеникот Фадиљ Зендели, говорејќи во името на Aлбанската опозиција нагласи дека првиот вицепремиер Артан Груби го персонализирал овој коридор, што морало навреме да се направи, но според него, сега проектот врие поради до конфликт на интереси, бидејќи двете компании се најголемите донатори на ДУИ.

„Компаниите ЕУРОВИА и АК ИНВЕСТ се најголемите донатори на ДУИ, тој дури и го злоупотребува присуството на амбасадорката за да прикрие вакви корупциски скандали. Народот чека одговори за ваквите случувања. Дали Артан Груби и кажал на американската амбасадорка Анџела Агелер дека го злоупотребува нејзиното присуство за да покрива нови скандали со партиски донатори на ДУИ? Колку милиони евра ќе се слеат на сметките на „Еуровиа“ и „АК ИНВЕСТ“? Колку од тие средства ќе се слеат на сметката на ДУИ, а колку во џебовите на некои клиентелисти инсталирани околу Али Ахмети-вели Зендели.

The post Зендели прашува: Колку милиони евра ќе се слеат на сметките на Еуровиа и Ак Инвест кои се најголеми донатори на ДУИ? appeared first on Република.

Пародија – Пратеник во македонското собрание поднесе оставка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/parodija-pratenik-vo-makedonskoto-sobranie-podnese-ostavka/ Sun, 30 Jul 2023 18:38:56 +0000 https://republika.mk/?p=667068

Откако попладнево лидерот на ДУИ, Али Ахмети упати писмо до премиерот Димитар Ковачевски и го објави на неговата официјална страница на Фејсбук, дека сите министри и функционери на ДУИ поднесуваат оставки од функциите и дека стапуваат на сила кога опозицијата ќе гласа за уставните измени, и единствениот пратеник на БЕСА, Фадиљ Зендели се пошегува на Фејсбук.

„Како пратеник поднесувам оставка од функцијата, доколку ДУИ и СДСМ гласаат за отстранување на 20% и во уставот пишува АЛБАНСКИ ЈАЗИК“.

The post Пародија – Пратеник во македонското собрание поднесе оставка appeared first on Република.

И Зендели од БЕСА нема да гласа за уставните измени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/i-zendeli-od-besa-nema-da-glasa-za-ustavnite-izmeni/ Sat, 29 Jul 2023 18:14:00 +0000 https://republika.mk/?p=666714

Уште еден пратеник од албанскиот политички блок најави дека нема да ги поддржи уставните измени.

Запрашан дали ќе гласа за уставните измени, единствениот пратеник на Движењето Беса, Фадил Зендели за ТВ21 изјави дека нема да гласа за предлогот кој не вклучува отстранување на терминот „20 проценти“ што се однесува на албанскиот јазик.

The post И Зендели од БЕСА нема да гласа за уставните измени appeared first on Република.

]]>

Уште еден пратеник од албанскиот политички блок најави дека нема да ги поддржи уставните измени. Запрашан дали ќе гласа за уставните измени, единствениот пратеник на Движењето Беса, Фадил Зендели за ТВ21 изјави дека нема да гласа за предлогот кој не вклучува отстранување на терминот „20 проценти“ што се однесува на албанскиот јазик.

The post И Зендели од БЕСА нема да гласа за уставните измени appeared first on Република.

]]>
Џафери до пратеникот од Беса: Абре, Зендели, Гостивар од центар на наркомани го направивме град https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-do-pratenikot-od-besa-abre-zendeli-gostivar-od-tsentar-na-narkomani-go-napravivme-grad/ Sun, 15 Jan 2023 20:47:52 +0000 https://republika.mk/?p=597248

Пратеникот Фадиљ Зендели, од редовите на Беса, денес му постави прашање на фејсбук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пред неговата посета во Чегране.

Едно прашање до г. Ахмети. За 20 години владеење на ДУИ, дали може да наведете еден проект што го имате реализирано на територија на општина Гостивар, а што е важен за граѓаните и Албанците од Гостивар? Нема такви проекти г. Ахмети!!!???“.

Прашањето наместо Ахмети го одговори Талат Џафери.

А бре Фадиљ Зендели, пратеник на Беса. Поранешен мој војник во 16 бригада. Не ти е ли јасно дека главен проект на Али Ахмети е центарот на Гостивар, кој беше центар на кражби и наркомани во Гостивар, а денеска не е. Во 2005, бидејќи за одлуките што ги донесе ДУИ, Али Ахмети, спроведени од ексградоначалникот на општината Невзат Бејта, јас не негирам, центарот на Гостивар стана центар на град и градот се претвори во град тогаш. Но, тоа не го направи еден човек, било Невзат Бејта или Талат Џафери, тоа го направи ДУИ, одговори Џафери.

The post Џафери до пратеникот од Беса: Абре, Зендели, Гостивар од центар на наркомани го направивме град appeared first on Република.

Беса добила покана за средба од Рама, но нема намера да седи на иста маса со лидерот на ДУИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/besa-dobi-pokana-za-sredba-od-rama-no-nema-namera-da-sedi-na-ista-masa-so-liderot-na-dui/ Mon, 09 Jan 2023 14:31:04 +0000 https://republika.mk/?p=594980

Пратеникот од Движењето Беса, Фадил Зендели денеска изјави дека неговата партија добила покана за средбата на првите луѓе на партиите на Албанците во земјава со албанскиот премиер Еди Рама, но рече дека тие нема да присуствуваат на неа. Тој оцени дека оваа средба е во полза на ДУИ и дека секогаш кога оваа партија има внатрешни проблеми се одржуваат вакви средби во Тирана.

Ние имаме покана од премиерот на Албанија за утрешната средба. Централното претседателство одлучи дека ние сме спремни да соработуваме со Република Албанија и со премиерот Рама, но како политичка партија Движење Беса не сме спремни да седнеме на иста маса со ДУИ. Во овој момент на ДУИ му е потребна средба во Тирана. Не гледаме дека на некој друг му е потребна таква средба. ДУИ има интерес од една таква средба како што тоа ја злоупотреби во 2017 година за свои цели. Секогаш кога имаат свои внатрешни проблеми со свои внатрешни противници, (ДУИ) бараат помош од регионот. Не гледаме дека сега треба да им излеземе на помош - рече Зендели.

Тој потенцира дека кога политичките партии на Албанците барале да седнат на маса да се договорат за некои прашања, лидерот на ДУИ никогаш не бил подготвен да зборува со нив, а дури и во некои медиуми ги има навредено нарекувајќи ги злобници.

Ако сме ние злобници тогаш не гледаме никаква причина да седнеме со него на иста маса кога нему му е потребно - истакна пратеникот на Беса.

Движењето Беса, додаде тој, има сопствени автономни политики и смета дека треба да соработуваме тука внатре.

Ќе имаме средба со премиерот на Албанија, но не кога тоа е во полза и во интерес на ДУИ и на нејзините интереси - истакна пратеникот Зендели.

Лидерите на политичките партии на Албанците во земјава утре се очекува да заминат на заедничка средба во Тирана на покана на албанскиот премиер Еди Рама.

The post Беса добила покана за средба од Рама, но нема намера да седи на иста маса со лидерот на ДУИ appeared first on Република.

Зендели: Немаат мнозинство, па ја префрлаат вината врз ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zendeli-nemaat-mnozinstvo-pa-ja-prefrlaat-vinata-vrz-vmro-dpmne-i-opozicijata/ Tue, 04 Oct 2022 08:57:11 +0000 https://republika.mk/?p=557148

Беса засега нема да поднесе иницијатива за интерпелација на првиот вицепремиер во Владата Артан Груби, изјави за МИА пратеникот од оваа партија Фадил Зендели, откако синоќа во јавноста се појавија вакви информации. Коментирајќи ја состојбата во Собранието Зендели се сомнева дека власта има мнозинство во Парламентот велејќи дека вината за тоа владејачките партии ја префрлаат на опозицијата.

Нема такво нешто во моментов, но не исклучувам дека во иднина како опозициска партија нема да поднесеме интерпелација за министри на ДУИ и власта генерално, изјави за МИА Зендели.

Пратеникот на Беса смета дека владејачките партии немаат мнозинство во Парламентот и дека она што се случува во ДУИ со „огнената група“ е внатрешна работа на партијата.

Немаат мнозинство. Мислам дека власта на некој начин ја префрла вината на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и другите опозициски партии. ДУИ нè меша и нас, но во суштина проблемот е во самото мнозинство кое во Собранието нема капацитет и нема бројки односно мнозинство да ги реализира своите политики, рече Зендели.

Во изјавата за МИА тој не сакаше да ја коментира состојбата во ДУИ велејќи дека станува збор за внатрешна работа на ДУИ, како и дека пратениците кои се потписници на барањата на „огнената група“ никаде јавно не кажале дека ќе настапуваат самостојно или дека се против политиките на партијата.

The post Зендели: Немаат мнозинство, па ја префрлаат вината врз ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата appeared first on Република.

Илиевски: Со ова спремаат терен и за иницијативата за Талат Џафери https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ilievski-so-ova-spremaat-teren-i-za-inicijativata-za-talat-dzaferi/ Thu, 26 May 2022 20:33:15 +0000 https://republika.mk/?p=507404

И после зошто 2% верба во судовите, коментира Богдан Илиевски на веста дека Уставниот суд на денешната седница ја отфрли иницијативата со која политичката партија Левица бараше да се поништи Одлуката за разрешување на пратеникот Фадил Зендели донесена од Комисијата за избор и именувања во Собранието.

https://republika.mk/vesti/makedonija/otfrlena-inicijativata-za-ustaven-sud-ne-e-sporno-shto-zendeli-beshe-razreshen-od-sobraniskata-sednica/?fbclid=IwAR04Hq1pHCadfuuP5NnzT2_EoUv7fXk-4SdHJe3zi-pCMgV8WYPMwEBxuig

Две работи:
1. Со ова спремаат терен и иницијативата за оцена на уставноста на изборот на Талат Џафери да биде оценета/отфрлена по ист начин, како индивидуален правен акт.
2. Судот (основниот) го осуди Трајко Вељановски за 27-ми април ОЦЕНУВАЈЌИ ја неговата работа како претседавач на конститутивната седница (демек, дал збор преку ред на Зекирија Ибраими пејачот на албанската химна, што Ибраими и други сведоци го негираа, а пејачот Зекирија воопшто не беше вклучен во обвинителниот акт, обвинителката не го повика ни како сведок - а според неа бил дел од „сценариото“).
Притоа Основен суд ОЦЕНУВАШЕ работа по деловник на Вељановски што НЕ МУ Е работа, а Уставен се иземал од оцена на уставност 🙂
И после зошто 2% верба во судовите..., пишува Илиевски.

The post Илиевски: Со ова спремаат терен и за иницијативата за Талат Џафери appeared first on Република.

]]>

И после зошто 2% верба во судовите, коментира Богдан Илиевски на веста дека Уставниот суд на денешната седница ја отфрли иницијативата со која политичката партија Левица бараше да се поништи Одлуката за разрешување на пратеникот Фадил Зендели донесена од Комисијата за избор и именувања во Собранието. https://republika.mk/vesti/makedonija/otfrlena-inicijativata-za-ustaven-sud-ne-e-sporno-shto-zendeli-beshe-razreshen-od-sobraniskata-sednica/?fbclid=IwAR04Hq1pHCadfuuP5NnzT2_EoUv7fXk-4SdHJe3zi-pCMgV8WYPMwEBxuig
Две работи: 1. Со ова спремаат терен и иницијативата за оцена на уставноста на изборот на Талат Џафери да биде оценета/отфрлена по ист начин, како индивидуален правен акт. 2. Судот (основниот) го осуди Трајко Вељановски за 27-ми април ОЦЕНУВАЈЌИ ја неговата работа како претседавач на конститутивната седница (демек, дал збор преку ред на Зекирија Ибраими пејачот на албанската химна, што Ибраими и други сведоци го негираа, а пејачот Зекирија воопшто не беше вклучен во обвинителниот акт, обвинителката не го повика ни како сведок - а според неа бил дел од „сценариото“). Притоа Основен суд ОЦЕНУВАШЕ работа по деловник на Вељановски што НЕ МУ Е работа, а Уставен се иземал од оцена на уставност 🙂 И после зошто 2% верба во судовите..., пишува Илиевски.

The post Илиевски: Со ова спремаат терен и за иницијативата за Талат Џафери appeared first on Република.

]]>
Разрешувањето на Фадил Зендели денеска пред Уставен суд https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/razreshuvanjeto-na-fadil-zendeli-deneska-pred-ustaven-sud/ Thu, 26 May 2022 06:22:02 +0000 https://republika.mk/?p=507037

На дневен ред на денешната седница на Уставниот суд е предметот оформен по иницијатива на политичката партија Левица, со која се оспорува Одлуката на Собранието од 3 март 2022 година за разрешување на членот на собраниската Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Фадил Зендели.

Подносителот на иницијативата смета дека пратеник не може да биде разрешен од работно тело на Собранието без предлог на матичната Комисија за прашања на изборите и именувањата, затоа што тоа е спротивно на уставното начело на уставност и законитост.

Во наводите на иницијативата пишува дека оспорениот акт го нарушува системот на нормативна хиерархија и овозможува заобиколување на предвидените уставни и законски норми.

Според подносителот, меѓу другото, оспорениот акт не ги исполнува кумулативно сите деловнички услови за да се најде на дневен ред на собраниска седница.

Разрешувањето на Зендели беше побарано откако Движењето Беса премина во опозиција и мнозинство во Комисијата за избори и именувања наместо власта, имаше опозицијата. Поради блокадата на работата на Комисијата, беше закочен и изборот на нови членови на Уставниот суд, како и други именувања.

The post Разрешувањето на Фадил Зендели денеска пред Уставен суд appeared first on Република.

Мицевски до Митрески: Со разрешување на Зендели го прекршивте Деловникот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/micevski-do-mitreski-so-razreshuvanje-na-zendeli-go-prekrshivte-delovnikot/ Thu, 03 Mar 2022 20:54:07 +0000 https://republika.mk/?p=467404

ВМРО-ДПМНЕ ја бранеше процедурата која што СДСМ и ДУИ ја злоупотребија и максимално го прекршија деловникот, вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во емисијата Анализа на ТВ 24, за разрешувањето на Фадил Зендели од член на собраниската комисија за избори и менувања.

Според Мицевски ова што се случува во македонскиот парламент е сериозно за демократијата посочувајќи дека владејачкото мнозинство се повикале на член 114 и член 118 во кои стои дека се врши избор, именување и разрешување на носители на јавни функции, додавајќи дека член на комисија не е јавна функција со што го злоупотребиле Деловникот на Собранието.

Оваа траги комедија во кој се случуваше во македонскиот дом на демократијата е навистина сериозно и дека ова е едно од поголемите прекршувања и поголемите злоупотреби на Деловникот, објасни Мицевски.

Разрешување на пленарна седница на член на комисија за избори и именувања пратеник и да се вратиме ретроспективно назад од целата постапка и процедура е обратна. Се повикуваат на член 114 и 118 од Деловникот каде што во самиот член се разработува прашањето за избори, именување и разрешување на носители на јавни функции. Членовите не носители на јавни функции, ама како тргнале мислев дека не од член на комисијата туку и од пратеник ќе го разрешат, нагласи Мицевски.

Мицевски порача дека ова што го прави владејачкото мнозинство во однос на разрешувањето на Зендели е поради тоа што СДСМ и ДУИ сакаат да изберат Уставни судии кои што ним им одговараат.

Ви требаат Уставни судии, четири на број, и не можете со Фадил Зендели да ги поминете тие што ги планирате. Македонската јавност многу брзо ќе се увери за ова што го зборувам кога ќе ги дадете имињата, потенцираше Мицевски.

The post Мицевски до Митрески: Со разрешување на Зендели го прекршивте Деловникот appeared first on Република.

Собранието го разреши Фадил Зендели https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sobranieto-go-razreshi-fadil-zendeli/ Thu, 03 Mar 2022 12:28:45 +0000 https://republika.mk/?p=467045

Собранието со 61 глас – за, го разреши членот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата Фадил Зендели.

Разрешувањето на Зендели беше побарано бидејќи мнозинството имаше намера да има мнозинство гласови во Комисијата за избори и именување за избор на нови членови на Уставниот суд и за други именувања. Опозицијата оцени дека разрешувањето на Зендели било потребно за власта да врши партиски назначувања во институциите.

Проблемот со мнозинството во комисијата за избори и именувања се создаде откако Беса премина од власт во опозиција и новата ситуација власт-опозиција не се поклопуваше со составот на собраниските комисии.

The post Собранието го разреши Фадил Зендели appeared first on Република.

]]>

Собранието со 61 глас – за, го разреши членот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата Фадил Зендели. Разрешувањето на Зендели беше побарано бидејќи мнозинството имаше намера да има мнозинство гласови во Комисијата за избори и именување за избор на нови членови на Уставниот суд и за други именувања. Опозицијата оцени дека разрешувањето на Зендели било потребно за власта да врши партиски назначувања во институциите. Проблемот со мнозинството во комисијата за избори и именувања се создаде откако Беса премина од власт во опозиција и новата ситуација власт-опозиција не се поклопуваше со составот на собраниските комисии.

The post Собранието го разреши Фадил Зендели appeared first on Република.

]]>
Милошоски: Разрешувањето на пратеник од работно тело без одлука на комисијата за избори и именувања e неделовнички и недемократски чин https://arhiva3.republika.mk/vesti/miloshoski-razreshuvanjeto-na-pratenik-od-rabotno-telo-bez-odluka-na-komisijata-za-izbori-i-imenuvanja-e-nedelovnichki-i-nedemokratski-chin/ Wed, 02 Mar 2022 12:28:56 +0000 https://republika.mk/?p=466448

На денешната седница во Собранието на Република Македонија пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски истакна дека разрешувањето на член на комисијата за избори и именувања и повикувањето на член 114 дека се работи за избран и именуван функционер е голема глупост, како и газење на Уставот и интегритетот на пратениците.

Прво, околу разрешувањето во самата комисија, има еден член кој што ја определува надлежноста на комисијата, член 7 од одлуката за прашања за избори и именувања комисијата има претседател, 12 члена и избрани заменици, меѓу другите надлежности, комисијата има надлежност за предлагање на состав на постојани и повремени работни тела на собранието и нивни членови. Самата комисија е постојано работно тело и има членови, и да треба да смени некој член, дали сака доброволно да се смени или да биде избран на некоја друга позиција, градоначалник или да му се случи некој здравствен проблем тогаш комисијата треба да го даде предлогот, и да каже колегата или колешката тој и тој член од комисијата од денес не е член, член е некој друг или се заменува членувањето од една во друга комисија. Затоа сметам дека разрешувањето на пратеник од работно тело без одлука на комисијата за избори и именувања не е деловнички и не е демократски чин - истакна Милошоски.

Пратеникот додаде и дека повикувањето на член 114 дека се работи за избран и именуван функционер е голема глупост како и газење на Уставот и интегритетот на пратениците.

Повикувањето на член 114 дека се работи за избран и именуван функционер е голема глупост за којашто ве посоветувале правнички. Избраните и именувани функционери даваат заклетва, избран и именуван функционер може да биде обвинител, директор, може да биде избран во советот на МРТВ или некој друг фуункционер којшто го бира Собранието, но тие луѓе дават заклетва и излегуваат од Собранието и одат на позициите на кои се избрани. Овде ние не сме го виделе колегата Фадил Зендели да дава заклетва дека е член на Комисијата за избори и именувања и дека тоа него го направило попривелегиран од сите нас. Тоа е нонсенс и мислам дека е газење на Уставот и на интегритетот на пратениците - нагласи Милошоски.

The post Милошоски: Разрешувањето на пратеник од работно тело без одлука на комисијата за избори и именувања e неделовнички и недемократски чин appeared first on Република.

Џафери со одлука ќе го разреши Зендели од Комисијата за избори и именувања https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dzaferi-so-odluka-kje-go-razreshi-zendeli-od-komisijata-za-izbori-i-imenuvanja/ Tue, 01 Mar 2022 10:31:55 +0000 https://republika.mk/?p=465786

Со предлог одлука претседателот на Собранието Талат Џафери ќе го разреши членот на Комисијата за прашања на избори и именувања Фадил Зендели од Беса и со тоа се отвора пат конечно да бидат избрани новите четири уставни судии, потврдуваат за „Слободен печат“ од Собранието.

Точката за разрешување на Зендели, џафери ќе ја стави на денешната пленарна седница.

Изборот на уставните судии беше закочен откако Комисијата остана без претседател поеради изборот на Костадин Костадинов за градоначалник и бидејќи во тоа работно тело мнозинство наместо власат има опозицијата. Со разрешувањето на Зендели се очекува да се воспостави паритет во Комисијата

The post Џафери со одлука ќе го разреши Зендели од Комисијата за избори и именувања appeared first on Република.

]]>

Со предлог одлука претседателот на Собранието Талат Џафери ќе го разреши членот на Комисијата за прашања на избори и именувања Фадил Зендели од Беса и со тоа се отвора пат конечно да бидат избрани новите четири уставни судии, потврдуваат за „Слободен печат“ од Собранието. Точката за разрешување на Зендели, џафери ќе ја стави на денешната пленарна седница. Изборот на уставните судии беше закочен откако Комисијата остана без претседател поеради изборот на Костадин Костадинов за градоначалник и бидејќи во тоа работно тело мнозинство наместо власат има опозицијата. Со разрешувањето на Зендели се очекува да се воспостави паритет во Комисијата