фабрика за канабис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fabrika-za-kanabis/ За подобро да се разбереме Thu, 20 Jul 2023 10:46:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фабрика за канабис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fabrika-za-kanabis/ 32 32 Во фабрика за канабис фалеле 40 килограми, кај друга фатени многу противзаконски неправилности https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-fabrika-za-kanabis-falele-40-kilogrami-kaj-druga-fateni-mnogu-protivzakonski-nepravilnosti/ Thu, 20 Jul 2023 10:41:08 +0000 https://republika.mk/?p=663458

Секторот за недозволена трговија со дрога извршил претрес кај две правни лица од Неготино овластени за одгледување канабис за медицински цели, при што констатирани се повеќе неправилности.

Кај едното правно лице недостигале околу 40 килограми канабис од четири реколти, а констатирани се и низа неправилности со кои правното лице постапувало спротивно на неколку члена од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.

При претрес кај другото правно лице бил пронајден сув цвет од канабис за кој било доставено известување до комисијата, сув цвет за кој допвра ќе се достави документација до комисијата, а биле констатирани и повеќе неправилности спротивни на Законот за контрола на опојни дроги.

По целосно докумнетирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против одговорните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.

https://youtu.be/GeyRSK6s_K8

The post Во фабрика за канабис фалеле 40 килограми, кај друга фатени многу противзаконски неправилности appeared first on Република.

]]>

Секторот за недозволена трговија со дрога извршил претрес кај две правни лица од Неготино овластени за одгледување канабис за медицински цели, при што констатирани се повеќе неправилности. Кај едното правно лице недостигале околу 40 килограми канабис од четири реколти, а констатирани се и низа неправилности со кои правното лице постапувало спротивно на неколку члена од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции. При претрес кај другото правно лице бил пронајден сув цвет од канабис за кој било доставено известување до комисијата, сув цвет за кој допвра ќе се достави документација до комисијата, а биле констатирани и повеќе неправилности спротивни на Законот за контрола на опојни дроги. По целосно докумнетирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против одговорните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави. https://youtu.be/GeyRSK6s_K8

The post Во фабрика за канабис фалеле 40 килограми, кај друга фатени многу противзаконски неправилности appeared first on Република.

]]>
Албанец ќе се гони за нелегално одгледување канабис во фабриката во Кавадарци https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/albanets-ke-se-goni-za-nelegalno-odgleduvane-kanabis-vo-fabrikata-vo-kavadartsi/ Tue, 11 Apr 2023 13:17:45 +0000 https://republika.mk/?p=629868

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Б.М.(31) од Република Албанија, со престој во Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 95-б од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци и против правно лице од кавадаречкото село Сопот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 95-в од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.

Првопријавениот, сопственик и управител на правното лице кое поседува одобрениe за одгледување на канабис во медицински цели, во периодот од 26.04.2021 до 06.04.2023, како што соопштија денеска од МВР, ја искористил опремата и просторот на субјектот и вршел одгледување на канабис во производните простории на правниот субјект, спротивно на одредбите од Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции. За одгледувањето не доставил известувања, а бил должен до надлежното Министерство за здравство, односно до Комисијата за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на медицински канабис, за започнување на берба на канабис најдоцна 15 дена пред започнување на бербата, за секоја настаната промена во процесот на одгледување, за извршеното пакување и складирање.

Откако на 05.04.2023 Одделението за безбедност на патниот сообраќај Неготино во координација со СВР Велес – ОВР Неготино – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје и Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи лишиле од слобода три лица, од кои две село Буковиќ, општина Сарај и едно од село Копаница, бидејќи при преглед во патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале биле пронајдени четири патни торби со вкупно околу 100 килограми висококвалитетна марихуана во вредност од околу 300.000 евра, која при улична продажба би достигнала цена од 600.000 евра, се појаснува во соопштението.

На 06.04.2023 ОВР Кавадарци - Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кавадарци извршило контрола во магацинот за готов производ на правниот субјект. При контролата биле пронајдени и одземени 225,3 килограми сув цвет и 111,1 килограми биомаса, несоодветно спакувани и необележани согласно закон. Исто така, при контролата било утврдено дека првопријавениот пријавил количини на влажна маса која не соодветствува со пронајдената сува маса од канабис од последната берба.

The post Албанец ќе се гони за нелегално одгледување канабис во фабриката во Кавадарци appeared first on Република.

]]>

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Б.М.(31) од Република Албанија, со престој во Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 95-б од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци и против правно лице од кавадаречкото село Сопот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 95-в од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции. Првопријавениот, сопственик и управител на правното лице кое поседува одобрениe за одгледување на канабис во медицински цели, во периодот од 26.04.2021 до 06.04.2023, како што соопштија денеска од МВР, ја искористил опремата и просторот на субјектот и вршел одгледување на канабис во производните простории на правниот субјект, спротивно на одредбите од Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции. За одгледувањето не доставил известувања, а бил должен до надлежното Министерство за здравство, односно до Комисијата за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на медицински канабис, за започнување на берба на канабис најдоцна 15 дена пред започнување на бербата, за секоја настаната промена во процесот на одгледување, за извршеното пакување и складирање.
Откако на 05.04.2023 Одделението за безбедност на патниот сообраќај Неготино во координација со СВР Велес – ОВР Неготино – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје и Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи лишиле од слобода три лица, од кои две село Буковиќ, општина Сарај и едно од село Копаница, бидејќи при преглед во патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале биле пронајдени четири патни торби со вкупно околу 100 килограми висококвалитетна марихуана во вредност од околу 300.000 евра, која при улична продажба би достигнала цена од 600.000 евра, се појаснува во соопштението.
На 06.04.2023 ОВР Кавадарци - Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кавадарци извршило контрола во магацинот за готов производ на правниот субјект. При контролата биле пронајдени и одземени 225,3 килограми сув цвет и 111,1 килограми биомаса, несоодветно спакувани и необележани согласно закон. Исто така, при контролата било утврдено дека првопријавениот пријавил количини на влажна маса која не соодветствува со пронајдената сува маса од канабис од последната берба.

The post Албанец ќе се гони за нелегално одгледување канабис во фабриката во Кавадарци appeared first on Република.

]]>
Нова кривична за битолската фабрика за масло од канабис https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nova-krivichna-za-bitolskata-fabrika-za-maslo-od-kanabis/ Fri, 07 Apr 2023 09:52:46 +0000 https://republika.mk/?p=628251

Секторот за внатрешни работи - Битола до битолското Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против правно лице со седиште во битолското село Кравари и против битолчанецот Д.А. (38), управител во правното лице, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело казниво по член 95-в став 2 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци.

Како што соопштија денеска од МВР, на 30.03.2023, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, во содејство со Комисијата за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема за чување и складирање на медицински канабис при Министерството за здравство, по претходно издадена наредба од Основен суд Битола, извршиле претрес во правното лице во село Кравари, при што биле констатирани низа неправилности во поглед на производство, одгледување и складирање на медицинскиот канабис.

Поднесена е и кривична пријава и против А.Б.(51) од Албанија, со привремен престој во Битола и биточаните А.Ј. (26) и А.Ј.(58), првопријавениот сопственик, а другите двајца вработени во истата фабрика за производство на масло од канабис, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик.

На 30.03.2023 тројцата организирале и изнеле две вреќи со четири килограми марихуана од фабриката. Имено, А.Б. ја изнел дрогата, а А.Ј. и А.Ј. ја преземале и ставиле во патничко возило, но набргу биле запрени и приведени од полициски службеници. Во врска со случајот, судија на претходна постапка на А.Ј.(26) му одредил мерка притвор од 30 дена, соопштија од МВР.

The post Нова кривична за битолската фабрика за масло од канабис appeared first on Република.

]]>

Секторот за внатрешни работи - Битола до битолското Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против правно лице со седиште во битолското село Кравари и против битолчанецот Д.А. (38), управител во правното лице, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело казниво по член 95-в став 2 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци. Како што соопштија денеска од МВР, на 30.03.2023, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, во содејство со Комисијата за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема за чување и складирање на медицински канабис при Министерството за здравство, по претходно издадена наредба од Основен суд Битола, извршиле претрес во правното лице во село Кравари, при што биле констатирани низа неправилности во поглед на производство, одгледување и складирање на медицинскиот канабис. Поднесена е и кривична пријава и против А.Б.(51) од Албанија, со привремен престој во Битола и биточаните А.Ј. (26) и А.Ј.(58), првопријавениот сопственик, а другите двајца вработени во истата фабрика за производство на масло од канабис, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик.
На 30.03.2023 тројцата организирале и изнеле две вреќи со четири килограми марихуана од фабриката. Имено, А.Б. ја изнел дрогата, а А.Ј. и А.Ј. ја преземале и ставиле во патничко возило, но набргу биле запрени и приведени од полициски службеници. Во врска со случајот, судија на претходна постапка на А.Ј.(26) му одредил мерка притвор од 30 дена, соопштија од МВР.

The post Нова кривична за битолската фабрика за масло од канабис appeared first on Република.

]]>
Три лица фатени со 100кг квалитетна марихуана од фабриките за канабис https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tri-litsa-fateni-so-100kg-kvalitetna-marihuana-od-fabrikite-za-kanabis/ Thu, 06 Apr 2023 10:47:32 +0000 https://republika.mk/?p=627907

Полициски службеници Одделението за безбедност на патниот сообраќај Неготино во координација со СВР Велес – ОВР Неготино – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје и Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи вчера ги лишиле од слобода Б.А.(37) од с.Буковиќ, општина Сарај, М.А.(21) од с.Копаница и Н.А.(18) од с.Буковиќ.

Како што објавува МВР, при преглед во патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Б.А., биле пронајдени четири патни торби со вкупно околу 100 килограми висококвалитетна марихуана во вредност од околу 300.000 евра, која најверојатно потекнува од фабрика за производство на масло од канабис за медицински цели, а која при улична продажба би достигнала цена од 600.000 евра.

[caption id="attachment_627910" align="aligncenter" width="1200"] (фото: МВР)[/caption]

Имено, околу 20.00 часот на бул.„Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници дале наредба за запирање на возило „шкода октавија“ со скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало, а веднаш потоа било запрено патничкото возило „мерцедес“. Притоа, возачот Б.А. се обидел да избега, но набргу бил фатен, а при преглед во возилото била пронајдена дрогата. Набргу, по преземени мерки било пронајдено и запрено и возилото „шкода октавија“, кое го управувал М.А., а совозач бил Н.А., кое играло улога на претходница на возилото „мерцедес“. Подоцна, со судска наредба, биле извршени претреси во домовите на приведените лица, при што кај М.А. биле пронајдени и одземени два пиштола, кои ги поседувал без дозвола, соопшти Сузана Прањиќ Талевска од МВР.

https://youtu.be/drxtSfNTHOk

Во врска со настанот, во текот на денот, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи со претставници на Комисијата за оценување на исполнетост на услови по однос на простор, опрема и кадар за добивање на одобрение за одгледување канабис за медицински цели при Министерството за здравство ќе извршат вонредни контроли во фабрики за производство на масло од канабис за медицински цели во околината на Кавадарци и Неготино.

Оваа акција и заплена на дрога уште една во низата заплени на Министерството за внатрешни работи со што недвосмислено се продолжува со бескомпромисната борба против недозволената трговија со наркотични дроги, велат од МВР.

The post Три лица фатени со 100кг квалитетна марихуана од фабриките за канабис appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници Одделението за безбедност на патниот сообраќај Неготино во координација со СВР Велес – ОВР Неготино – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје и Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи вчера ги лишиле од слобода Б.А.(37) од с.Буковиќ, општина Сарај, М.А.(21) од с.Копаница и Н.А.(18) од с.Буковиќ. Како што објавува МВР, при преглед во патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Б.А., биле пронајдени четири патни торби со вкупно околу 100 килограми висококвалитетна марихуана во вредност од околу 300.000 евра, која најверојатно потекнува од фабрика за производство на масло од канабис за медицински цели, а која при улична продажба би достигнала цена од 600.000 евра. [caption id="attachment_627910" align="aligncenter" width="1200"] (фото: МВР)[/caption]
Имено, околу 20.00 часот на бул.„Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници дале наредба за запирање на возило „шкода октавија“ со скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало, а веднаш потоа било запрено патничкото возило „мерцедес“. Притоа, возачот Б.А. се обидел да избега, но набргу бил фатен, а при преглед во возилото била пронајдена дрогата. Набргу, по преземени мерки било пронајдено и запрено и возилото „шкода октавија“, кое го управувал М.А., а совозач бил Н.А., кое играло улога на претходница на возилото „мерцедес“. Подоцна, со судска наредба, биле извршени претреси во домовите на приведените лица, при што кај М.А. биле пронајдени и одземени два пиштола, кои ги поседувал без дозвола, соопшти Сузана Прањиќ Талевска од МВР.
https://youtu.be/drxtSfNTHOk Во врска со настанот, во текот на денот, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи со претставници на Комисијата за оценување на исполнетост на услови по однос на простор, опрема и кадар за добивање на одобрение за одгледување канабис за медицински цели при Министерството за здравство ќе извршат вонредни контроли во фабрики за производство на масло од канабис за медицински цели во околината на Кавадарци и Неготино. Оваа акција и заплена на дрога уште една во низата заплени на Министерството за внатрешни работи со што недвосмислено се продолжува со бескомпромисната борба против недозволената трговија со наркотични дроги, велат од МВР.

The post Три лица фатени со 100кг квалитетна марихуана од фабриките за канабис appeared first on Република.

]]>
Изгоре фабрика за канабис во Кавадарци https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/izgore-fabrika-za-kanabis-vo-kavadartsi/ Thu, 09 Mar 2023 13:53:48 +0000 https://republika.mk/?p=617764

Ставен е  под контрола пожарот што зафати дел од фабрика за канабис во Дебриште, информираа од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

[caption id="" align="aligncenter" width="720"] (фото: МИА)[/caption]

ТППЕ Кавадарци и Неготино, ЈП Комуналец Кавадарци и ЕуроНикел, со повеќе од 10 возила и над 25 пожарникари брзо интервенираа во гаснењето на пожарот, кој го зафати магацинскиот дел од фабриката за канабис во село Дебриште. Благодарение на брзата интервенција на службите, пожарот е под контрола и е спасен поголемиот дел од објектот, соопштија од градоначалничкиот кабинет.

[caption id="" align="alignnone" width="960"] (фото: МИА)[/caption]

Oд Центарот за управување со кризи велат дека според пријавата, запален бил шамак, а пожарот брзо се ширел. Пожарот бил на нива од 10 -15 декари.

The post Изгоре фабрика за канабис во Кавадарци appeared first on Република.

]]>

Ставен е  под контрола пожарот што зафати дел од фабрика за канабис во Дебриште, информираа од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. [caption id="" align="aligncenter" width="720"] (фото: МИА)[/caption]
ТППЕ Кавадарци и Неготино, ЈП Комуналец Кавадарци и ЕуроНикел, со повеќе од 10 возила и над 25 пожарникари брзо интервенираа во гаснењето на пожарот, кој го зафати магацинскиот дел од фабриката за канабис во село Дебриште. Благодарение на брзата интервенција на службите, пожарот е под контрола и е спасен поголемиот дел од објектот, соопштија од градоначалничкиот кабинет.
[caption id="" align="alignnone" width="960"] (фото: МИА)[/caption] Oд Центарот за управување со кризи велат дека според пријавата, запален бил шамак, а пожарот брзо се ширел. Пожарот бил на нива од 10 -15 декари.

The post Изгоре фабрика за канабис во Кавадарци appeared first on Република.

]]>
Спасовски: Мора да се зајакне надзорот во фабриките за производство на медицински канабис https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-mora-da-se-zajakne-nadzorot-vo-fabrikite-za-proizvodstvo-na-meditsinski-kanabis/ Thu, 12 Jan 2023 12:52:43 +0000 https://republika.mk/?p=596206

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Министерството за внатрешни работи, осврнувајќи се на заплената на нелегална марихуана од фабрики кои произведуваат масло од канабис, рече дека во тие правни субјекти мора да се зголеми надзорот и да се работи на одземање на лиценците на они кои не ги почитуваат законските прописи.

Надзорот мора да се зајакне и не смее да има ниту најмала количина што може да биде злоупотребена токму од овие правни лица. Затоа сметам дека тука сите институции коишто се задолжени за надзор, Министерството за здравство, МАЛМЕД и така натаму мора да ги зголемат човечките капацитети и тој надзор да се врши континуирано, а не да имаме надзор во момент кога ние веќе имаме сознанија за извршување на кривични дела. Надзорот треба да биде континуиран се со цел да се намали просторот во којшто ќе може да делуваат на начин кој што не е легален и мора итно да се работи на одземање на лиценците на сите тие правни лица коишто не ги почитуваат законските прописи, потенцираше Спасовски.

На новинарско прашање во врска со објавата на албанскиот медиум „Ора њуз“, во која се наведува дека функционери на СДСМ и ДУИ саботирале акција на странски агенции против шверц, министерот нагласи дека се што поседуваат како доказ треба да го достават во МВР со цел да се помогне во истрагата. Тој потенцираше дека без разлика дали станува збор за високи или ниски функционери, треба да одговараат доколку правеле криминал.

Во однос на реакциите по вчерашиот масакр врз кучиња во Струга, Спасовски потенцираше дека тој што го направил грозоморниот чин ќе сноси одговорност.

Истрагите мора да завршат, да се утврдат сите факти, аргументи и докази и врз основа на тоа да се поднесат кривичните пријави за да се носи одговорност, истакна министерот за внатрешни работи.

The post Спасовски: Мора да се зајакне надзорот во фабриките за производство на медицински канабис appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Министерството за внатрешни работи, осврнувајќи се на заплената на нелегална марихуана од фабрики кои произведуваат масло од канабис, рече дека во тие правни субјекти мора да се зголеми надзорот и да се работи на одземање на лиценците на они кои не ги почитуваат законските прописи.
Надзорот мора да се зајакне и не смее да има ниту најмала количина што може да биде злоупотребена токму од овие правни лица. Затоа сметам дека тука сите институции коишто се задолжени за надзор, Министерството за здравство, МАЛМЕД и така натаму мора да ги зголемат човечките капацитети и тој надзор да се врши континуирано, а не да имаме надзор во момент кога ние веќе имаме сознанија за извршување на кривични дела. Надзорот треба да биде континуиран се со цел да се намали просторот во којшто ќе може да делуваат на начин кој што не е легален и мора итно да се работи на одземање на лиценците на сите тие правни лица коишто не ги почитуваат законските прописи, потенцираше Спасовски.
На новинарско прашање во врска со објавата на албанскиот медиум „Ора њуз“, во која се наведува дека функционери на СДСМ и ДУИ саботирале акција на странски агенции против шверц, министерот нагласи дека се што поседуваат како доказ треба да го достават во МВР со цел да се помогне во истрагата. Тој потенцираше дека без разлика дали станува збор за високи или ниски функционери, треба да одговараат доколку правеле криминал. Во однос на реакциите по вчерашиот масакр врз кучиња во Струга, Спасовски потенцираше дека тој што го направил грозоморниот чин ќе сноси одговорност.
Истрагите мора да завршат, да се утврдат сите факти, аргументи и докази и врз основа на тоа да се поднесат кривичните пријави за да се носи одговорност, истакна министерот за внатрешни работи.

The post Спасовски: Мора да се зајакне надзорот во фабриките за производство на медицински канабис appeared first on Република.

]]>
Според Спасовски шпекулации се фотографиите од автомобилот на синот на Буши пред ограбената фабрика https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spored-spasovski-shpekulacii-se-fotografiite-od-avtomobilot-na-sinot-na-bushi-pred-ograbenata-fabrika/ Wed, 30 Nov 2022 10:09:24 +0000 https://republika.mk/?p=579964

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со наводите за вмешаност на синот на заменик-министерот за внатрешни работи Назим Буши во кражба на масло од канабис од фабриката „5 Леттерс“, рече дека станува збор за шпекулации и дека денеска ќе информираат за случајот, нагласувајќи дека секој кој направил прекршок мора да сноси одговорност, сеедно дали станува збор за министер, директор или обичен граѓанин.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/avtomobilot-na-sinot-na-zamenikot-vo-mvr-nazim-bushi-snimen-i-pred-ograbena-fabrika-za-marihuana/

Ова е прашање коешто не се заснова на ниту еден факт и мислам дека е најдобро да ги чуете, да ги дочекаме сите аргументи и факти коишто се однесуваат на целиот овој процес и тие аргументи и факти да ги пласираме во јавноста. Ние во текот на денот ќе излеземе со конкретна информација за овој случај и ќе ги знаеме сите податоци и факти. Тие факти и податоци не соодветствуваат со вашите факти и шпекулации. Многу работи што ги кажавте се шпекулации, нагласи Спасовски, одговарајќи на прашањето колку синот на Буши е опфатен со истрагата за кражбата на маслото од канабис со оглед на тоа што неговиот автомобил бил фотографиран дента кога се случила кражбата во „5 Леттерс“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/sin-na-zamenik-ministerot-vo-mvr-e-vozachot-koj-so-flesheri-begashe-od-policijata-koja-se-obide-da-go-sokrie-sluchajot/

The post Според Спасовски шпекулации се фотографиите од автомобилот на синот на Буши пред ограбената фабрика appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со наводите за вмешаност на синот на заменик-министерот за внатрешни работи Назим Буши во кражба на масло од канабис од фабриката „5 Леттерс“, рече дека станува збор за шпекулации и дека денеска ќе информираат за случајот, нагласувајќи дека секој кој направил прекршок мора да сноси одговорност, сеедно дали станува збор за министер, директор или обичен граѓанин. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/avtomobilot-na-sinot-na-zamenikot-vo-mvr-nazim-bushi-snimen-i-pred-ograbena-fabrika-za-marihuana/
Ова е прашање коешто не се заснова на ниту еден факт и мислам дека е најдобро да ги чуете, да ги дочекаме сите аргументи и факти коишто се однесуваат на целиот овој процес и тие аргументи и факти да ги пласираме во јавноста. Ние во текот на денот ќе излеземе со конкретна информација за овој случај и ќе ги знаеме сите податоци и факти. Тие факти и податоци не соодветствуваат со вашите факти и шпекулации. Многу работи што ги кажавте се шпекулации, нагласи Спасовски, одговарајќи на прашањето колку синот на Буши е опфатен со истрагата за кражбата на маслото од канабис со оглед на тоа што неговиот автомобил бил фотографиран дента кога се случила кражбата во „5 Леттерс“.
https://republika.mk/vesti/makedonija/sin-na-zamenik-ministerot-vo-mvr-e-vozachot-koj-so-flesheri-begashe-od-policijata-koja-se-obide-da-go-sokrie-sluchajot/

The post Според Спасовски шпекулации се фотографиите од автомобилот на синот на Буши пред ограбената фабрика appeared first on Република.

]]>
Низа кривични дела констатирани при претресот во фабриката за канабис во Кравари https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/niza-krivichni-dela-konstatirani-pri-pretresot-vo-fabrikata-za-kanabis-vo-kravari/ Sat, 29 Oct 2022 09:50:24 +0000 https://republika.mk/?p=567076

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Комисијата за оценување на условите за простор, кадар и опрема за добивање на одобренија за добивање на дозвола за одгледување канабис за медицински цели и полициски службеници од СВР Битола, врз основа на претходно обезбедена наредба, вчера извршија претрес и контрола во правно лице во с. Кравари, при што беше констатирано дека во сеф-собата недостасуваат семки за канабис растенија, како и 127 грама сув цвет од канабис, за што претходно известиле до Комисијата дека го поседуваат.

Во сеф-собата се пронајдени 14 килограми и 800 грама сув цвет од канабис, за кој немаат доставено известување дека го поседуваат по завршена берба.Од извршениот увид во документацијата која правното лице ја има доставувано до Комисијата е констатирано дека правното лице не води соодветна евиденција, делумно нецелосно ги пријавува настанатите промени при одгледувањето на канабис, не известува за денот на почнувањето на бербата на канабисот, не доставува известувања за набрана влажна маса и не го пакува собраниот сув цвет од канабис согласно закон. Констатирано е дека правното лице при одгледувањето канабис за медицински цели има извршено неправилности спротивно на законот за контрола на опојни дроги, за што од извршената контрола од страна на Комисијата е составен записник за констатирана состојба, известен е јавен обвинител од ОЈО Битола и по обезбедување на целокупниот доказен материјал од страна на СВР Битола против сите инволвирани лица( одговорни лица во правното лице), како и против правното лице до ОЈО Битола ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 95 од Закон за контрола на опојни дроги, соопштија од МВР.

The post Низа кривични дела констатирани при претресот во фабриката за канабис во Кравари appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Комисијата за оценување на условите за простор, кадар и опрема за добивање на одобренија за добивање на дозвола за одгледување канабис за медицински цели и полициски службеници од СВР Битола, врз основа на претходно обезбедена наредба, вчера извршија претрес и контрола во правно лице во с. Кравари, при што беше констатирано дека во сеф-собата недостасуваат семки за канабис растенија, како и 127 грама сув цвет од канабис, за што претходно известиле до Комисијата дека го поседуваат. Во сеф-собата се пронајдени 14 килограми и 800 грама сув цвет од канабис, за кој немаат доставено известување дека го поседуваат по завршена берба.Од извршениот увид во документацијата која правното лице ја има доставувано до Комисијата е констатирано дека правното лице не води соодветна евиденција, делумно нецелосно ги пријавува настанатите промени при одгледувањето на канабис, не известува за денот на почнувањето на бербата на канабисот, не доставува известувања за набрана влажна маса и не го пакува собраниот сув цвет од канабис согласно закон. Констатирано е дека правното лице при одгледувањето канабис за медицински цели има извршено неправилности спротивно на законот за контрола на опојни дроги, за што од извршената контрола од страна на Комисијата е составен записник за констатирана состојба, известен е јавен обвинител од ОЈО Битола и по обезбедување на целокупниот доказен материјал од страна на СВР Битола против сите инволвирани лица( одговорни лица во правното лице), како и против правното лице до ОЈО Битола ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 95 од Закон за контрола на опојни дроги, соопштија од МВР.

The post Низа кривични дела констатирани при претресот во фабриката за канабис во Кравари appeared first on Република.

]]>