фабрика за хартија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fabrika-za-hartija/ За подобро да се разбереме Tue, 28 Jun 2022 13:47:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png фабрика за хартија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/fabrika-za-hartija/ 32 32 Фабриката за хартија во Кочани го прекина производството поради преголемото ниво на загадување https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/fabrikata-za-hartija-vo-kochani-go-prekina-proizvodstvoto-poradi-pregolemoto-nivo-na-zagaduvanje/ Tue, 28 Jun 2022 13:47:53 +0000 https://republika.mk/?p=520798

Фабриката за хартија „Пејпр мил“ од Кочани го прекина производствениот процес, откако пред три недели Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) издаде задолжение да продолжи со работа со користење на вториот котел кој како енергенс се употребува природен гас – метан.

По запирањето на производството од фабричкиот оџак не излегува чад, а за кој три последователни мерења на акредитирана лабораторија за животна средина покажале значително надминување на граничните вредности на емисијата на јаглероден моноксид.

При извршен контролен инспекциски надзор на 27 јуни, правното лице не работеше, котелот кој користи пелети како енергенс е сопрен со функционирање, а по поднесеното известување од 23 јуни до ДИЖС, очекува одговор за негово натамошното постапување од Управата за животна средина. Во моментот на надзорот информираа дека поставувале вакуум пумпи кај самиот котел, заради сушење на хартиена маса, потребна за самиот процес на фабриката, за поекономичност во нејзиното работење - се истакнува во писмениот извештај од Државниот инспекторат за животна средина.

Еко-активистите од Кочани се задоволни што фабриката конечно почнала да ја почитува одлуката на Инспекторатот, иако тоа требало да се случи уште од поодамна.

„Пејпр мил“ постапи според решението што го донесе ДИЖС, но како понатаму ќе се одвива ситуацијата е прашање токму за Инспекторатот. Добро е што работите мрднаа од мртва точка и одат во правец на решавање на проблемот со аерозагадувањето. Повторуваме дека наша цел не е затворање на фабриката, туку менаџментот да најде начин како ќе ги почитува прописите за работење, со што вработените ќе останат ангажирани, но нема да се загрозува здравјето на граѓаните во Кочани и пошироко - истакна Зоран Тодоров од граѓанската иницијатива „За чист воздух во Кочани“.

Кривичната пријава против „Пејпр мил“, што ја поднесоа членовите на граѓанската иницијатива, сè уште чека судска постапка, а во меѓувреме продолжува собирањето потписи за петицијата со која тие ќе ги информираат дипломатски и други меѓународни претставништва за повеќегодишниот проблем со загадувањето ан воздухот.

Претходно од раководството на фабриката за рециклирање хартија во Кочани истакнаа дека работат во согласност со А-интегрираната дозвола, а според актуелните услови економски неисплатливо е да се користи метан како енергенс.

The post Фабриката за хартија во Кочани го прекина производството поради преголемото ниво на загадување appeared first on Република.

]]>

Фабриката за хартија „Пејпр мил“ од Кочани го прекина производствениот процес, откако пред три недели Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) издаде задолжение да продолжи со работа со користење на вториот котел кој како енергенс се употребува природен гас – метан. По запирањето на производството од фабричкиот оџак не излегува чад, а за кој три последователни мерења на акредитирана лабораторија за животна средина покажале значително надминување на граничните вредности на емисијата на јаглероден моноксид.
При извршен контролен инспекциски надзор на 27 јуни, правното лице не работеше, котелот кој користи пелети како енергенс е сопрен со функционирање, а по поднесеното известување од 23 јуни до ДИЖС, очекува одговор за негово натамошното постапување од Управата за животна средина. Во моментот на надзорот информираа дека поставувале вакуум пумпи кај самиот котел, заради сушење на хартиена маса, потребна за самиот процес на фабриката, за поекономичност во нејзиното работење - се истакнува во писмениот извештај од Државниот инспекторат за животна средина.
Еко-активистите од Кочани се задоволни што фабриката конечно почнала да ја почитува одлуката на Инспекторатот, иако тоа требало да се случи уште од поодамна.
„Пејпр мил“ постапи според решението што го донесе ДИЖС, но како понатаму ќе се одвива ситуацијата е прашање токму за Инспекторатот. Добро е што работите мрднаа од мртва точка и одат во правец на решавање на проблемот со аерозагадувањето. Повторуваме дека наша цел не е затворање на фабриката, туку менаџментот да најде начин како ќе ги почитува прописите за работење, со што вработените ќе останат ангажирани, но нема да се загрозува здравјето на граѓаните во Кочани и пошироко - истакна Зоран Тодоров од граѓанската иницијатива „За чист воздух во Кочани“.
Кривичната пријава против „Пејпр мил“, што ја поднесоа членовите на граѓанската иницијатива, сè уште чека судска постапка, а во меѓувреме продолжува собирањето потписи за петицијата со која тие ќе ги информираат дипломатски и други меѓународни претставништва за повеќегодишниот проблем со загадувањето ан воздухот. Претходно од раководството на фабриката за рециклирање хартија во Кочани истакнаа дека работат во согласност со А-интегрираната дозвола, а според актуелните услови економски неисплатливо е да се користи метан како енергенс.

The post Фабриката за хартија во Кочани го прекина производството поради преголемото ниво на загадување appeared first on Република.

]]>