Ф Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/f/ За подобро да се разбереме Wed, 12 Jul 2023 09:36:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ф Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/f/ 32 32 Поради големо интересирање за премиерата на „М“ на „Синедејс“ МКЦ ќе организира втора проекција на филмот во „Фросина“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/poradi-golemo-interesirane-za-premierata-na-m-na-sinedejs-mkts-ke-organizira-vtora-proektsija-na-filmot-vo-frosina/ Wed, 12 Jul 2023 09:36:08 +0000 https://republika.mk/?p=660344

Младинскиот култирен центар (МКЦ) соопшти дека поради огромното интересирање на публиката за премиерата на филмот „М“ на Вардар Тозија со кој ќе се отвори 22. издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“, ќе се организира втора проекција на филмот во кино „Фросина“ во МКЦ во 21,30 часот. Салата е климатизирана.

Отворањето на „Синедејс“ е закажано за утре, на 13 јули, во паркот зад МКЦ во 21 часот.

„М“ својата светска премиера ја имаше на Филмскиот фестивал во Кан, во рамки на маркетот за филмски професионалци и на Берлинскиот филмски фестивал. По премиерата на Синедејс од септември филмот го започнува својот киноприкажувачки и фестивалски живот.

„М“ е дистописка приказна за осумгодишниот Марко, кој живее со верување за заштитничките моќи на својата магична шума, не знаејќи за постоењето на светот надвор од неа. И покрај контролата на неговиот строг татко, детската љубопитност го води до преминување на границите“, изјавува режисерот Тозија.

Сценариото е потпишано од Вардан Тозија и Даријан Пејовски, кинематографер е Влатко Самоиловски, сценографијата е на Кирил Спасески-Кикич, костимите се на Андреа Кустовиќ и Николина Костаншек. Улогите ги толкуваат Матеј Сиваков, Александар Ничовски, Сашко Коцев, Тони Михајловски, Камка Тоциновска, Бојана Грегориќ Вејзовиќ, Оливер Митковски, Владимир Тулиев… Продуцент на „М“ е „Фокус покус филмс“ од Скопје во копродукција меѓу Хрватска, Косово, Луксембург и Франција.

Билетите се достапни на www.bileti.mkc.mk , а целосната програма, на www.cinedays.mk

The post Поради големо интересирање за премиерата на „М“ на „Синедејс“ МКЦ ќе организира втора проекција на филмот во „Фросина“ appeared first on Република.

]]>

Младинскиот култирен центар (МКЦ) соопшти дека поради огромното интересирање на публиката за премиерата на филмот „М“ на Вардар Тозија со кој ќе се отвори 22. издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“, ќе се организира втора проекција на филмот во кино „Фросина“ во МКЦ во 21,30 часот. Салата е климатизирана. Отворањето на „Синедејс“ е закажано за утре, на 13 јули, во паркот зад МКЦ во 21 часот. „М“ својата светска премиера ја имаше на Филмскиот фестивал во Кан, во рамки на маркетот за филмски професионалци и на Берлинскиот филмски фестивал. По премиерата на Синедејс од септември филмот го започнува својот киноприкажувачки и фестивалски живот. „М“ е дистописка приказна за осумгодишниот Марко, кој живее со верување за заштитничките моќи на својата магична шума, не знаејќи за постоењето на светот надвор од неа. И покрај контролата на неговиот строг татко, детската љубопитност го води до преминување на границите“, изјавува режисерот Тозија. Сценариото е потпишано од Вардан Тозија и Даријан Пејовски, кинематографер е Влатко Самоиловски, сценографијата е на Кирил Спасески-Кикич, костимите се на Андреа Кустовиќ и Николина Костаншек. Улогите ги толкуваат Матеј Сиваков, Александар Ничовски, Сашко Коцев, Тони Михајловски, Камка Тоциновска, Бојана Грегориќ Вејзовиќ, Оливер Митковски, Владимир Тулиев… Продуцент на „М“ е „Фокус покус филмс“ од Скопје во копродукција меѓу Хрватска, Косово, Луксембург и Франција. Билетите се достапни на www.bileti.mkc.mk , а целосната програма, на www.cinedays.mk

The post Поради големо интересирање за премиерата на „М“ на „Синедејс“ МКЦ ќе организира втора проекција на филмот во „Фросина“ appeared first on Република.

]]>