езеро младост Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ezero-mladost/ За подобро да се разбереме Wed, 16 Aug 2023 14:02:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png езеро младост Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ezero-mladost/ 32 32 Забрана за капење во велешкото езеро „Младост“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/zabrana-za-kapene-vo-veleshkoto-ezero-mladost/ Wed, 16 Aug 2023 14:02:18 +0000 https://republika.mk/?p=672790

Општина Велес на својата веб страница објави дека од вчера е забрането капење во водите на езеро „Младост“.  Од Центарот за јавно здравје Велес, каде континуирано секој месец се врши испитување на водите на езеро „Младост“, потенцираат дека нивните анализи покажуваат дека водите се исправни за капање. Но, по забраната од Општина Велес, тие денеска повторно земале примерок на вода, а утре ќе земат и нивни колеги од Институтот за јавно здравје од Скопје.

Инаку, на 3 август била последната анализа направена од ЦЈЗ - Велес, на водата на езерото „Младост“ на двете плажи „Градска плажа1 “ и „Романтик“.

Според соопштението од Општина Велес, лабораториските испитувања на квалитетот на водата на езерото „Младост“ извршени од лабораторијата „Фуд лаб“ од Скопје на 11 август годинава  покажале надминување на граничните вредности за присуство на цревни ентерококи и ешерихија коли на локациите „Брод Панини“ и Градска плажа.

- Поради тоа препорачуваме езеро „Младост“ да не го користат за капење и рекреација, се потенцира во соопштението на Општина Велес.

Oд Центарот за Јавно здравје - Велес информираат дека нивна екипа денеска земал примероци од водата на плажите „Градска плажа 1“ и Хотел „Романтик“, а кои тие континуирано ги проверуваат согласно програмата. Воедно, бил извршен и санитарно-хигиенски увид. Тие појаснуваат дека квалитетот на водата ќе се проверува во лабораторијата на Центарот за јавно здравје Велес и во Институтот за јавно здравје Скопје.

Тие информираат дека од Институтот за јавно здравје Скопје денеска бил вратен примерокот бидејќи не користеле исти висови на лабораториски епрувети како  ЦЈЗ Велес, па екипа од Скопје утре повторни ќе земаат примерок на водата од езерото.

Од Центарот за јавно здравје - Велес потенцираат дека сите резултати од нивните испитувања од мај, јуни, јули и заклучно со 3 август годинава покажуваат дека од земените мостри на вода од „Градска Плажа 1“ и пред „Хотел Романтик“  дека водите на велешко езеро „Младост“ се исправни за капење и рекреација.

The post Забрана за капење во велешкото езеро „Младост“ appeared first on Република.

]]>

Општина Велес на својата веб страница објави дека од вчера е забрането капење во водите на езеро „Младост“.  Од Центарот за јавно здравје Велес, каде континуирано секој месец се врши испитување на водите на езеро „Младост“, потенцираат дека нивните анализи покажуваат дека водите се исправни за капање. Но, по забраната од Општина Велес, тие денеска повторно земале примерок на вода, а утре ќе земат и нивни колеги од Институтот за јавно здравје од Скопје. Инаку, на 3 август била последната анализа направена од ЦЈЗ - Велес, на водата на езерото „Младост“ на двете плажи „Градска плажа1 “ и „Романтик“. Според соопштението од Општина Велес, лабораториските испитувања на квалитетот на водата на езерото „Младост“ извршени од лабораторијата „Фуд лаб“ од Скопје на 11 август годинава  покажале надминување на граничните вредности за присуство на цревни ентерококи и ешерихија коли на локациите „Брод Панини“ и Градска плажа.
- Поради тоа препорачуваме езеро „Младост“ да не го користат за капење и рекреација, се потенцира во соопштението на Општина Велес.
Oд Центарот за Јавно здравје - Велес информираат дека нивна екипа денеска земал примероци од водата на плажите „Градска плажа 1“ и Хотел „Романтик“, а кои тие континуирано ги проверуваат согласно програмата. Воедно, бил извршен и санитарно-хигиенски увид. Тие појаснуваат дека квалитетот на водата ќе се проверува во лабораторијата на Центарот за јавно здравје Велес и во Институтот за јавно здравје Скопје. Тие информираат дека од Институтот за јавно здравје Скопје денеска бил вратен примерокот бидејќи не користеле исти висови на лабораториски епрувети како  ЦЈЗ Велес, па екипа од Скопје утре повторни ќе земаат примерок на водата од езерото. Од Центарот за јавно здравје - Велес потенцираат дека сите резултати од нивните испитувања од мај, јуни, јули и заклучно со 3 август годинава покажуваат дека од земените мостри на вода од „Градска Плажа 1“ и пред „Хотел Романтик“  дека водите на велешко езеро „Младост“ се исправни за капење и рекреација.

The post Забрана за капење во велешкото езеро „Младост“ appeared first on Република.

]]>
Искршени летниковците долж патеката покрај езерото Младост https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/iskrsheni-letnikovtsite-dolzh-patekata-pokraj-ezeroto-mladost/ Wed, 10 May 2023 11:13:27 +0000 https://republika.mk/?p=639250

Посетителите и рекреативците од Велес апелираат до локалната власт да ги реновира летниковците од другата страна на велешко езеро Младост оти се речиси целосно уништени. Тие бараат и поставување нова урбана опрема, нови клупи и повеќе корпи за отпадоци.

Од осум летниковци на првата локација на патеката, само еден е сочуван. Најчесто се скршени нивните кровови но и целосно уништени и на останатите локации долж велешко езеро „Младост“, а кое е сè поатрактивно за гостите од земјава, но и бројни странски посетители.

Граѓаните кои се чести посетители на велешко езеро Младост апелираат до Општината и ЈКП „Дервен“ да ја засили чуварската служба за да ја чува урбаната опрема и летниковците, а несовесните да се казнуваат. Тие посочуваат дека во деновите на викенд и празник корпите за отпадоци треба почесто да се празнат и да се постават нови.

Од друга страна пак, Општина Велес и ЈКП „Дервен“ апелираат до посетителите да не ги уништуваат летниковците, клупите, корпите за отпадоци, како и опремата поставена во рамките на проектот „Смарт езеро Младост“.

Инаку Општина Велес пред десетина години постави 60 летниковци на повеќе локации над велешко езеро. Тие се честа мета на поединечни вандалски посетители.

The post Искршени летниковците долж патеката покрај езерото Младост appeared first on Република.

]]>

Посетителите и рекреативците од Велес апелираат до локалната власт да ги реновира летниковците од другата страна на велешко езеро Младост оти се речиси целосно уништени. Тие бараат и поставување нова урбана опрема, нови клупи и повеќе корпи за отпадоци. Од осум летниковци на првата локација на патеката, само еден е сочуван. Најчесто се скршени нивните кровови но и целосно уништени и на останатите локации долж велешко езеро „Младост“, а кое е сè поатрактивно за гостите од земјава, но и бројни странски посетители. Граѓаните кои се чести посетители на велешко езеро Младост апелираат до Општината и ЈКП „Дервен“ да ја засили чуварската служба за да ја чува урбаната опрема и летниковците, а несовесните да се казнуваат. Тие посочуваат дека во деновите на викенд и празник корпите за отпадоци треба почесто да се празнат и да се постават нови. Од друга страна пак, Општина Велес и ЈКП „Дервен“ апелираат до посетителите да не ги уништуваат летниковците, клупите, корпите за отпадоци, како и опремата поставена во рамките на проектот „Смарт езеро Младост“. Инаку Општина Велес пред десетина години постави 60 летниковци на повеќе локации над велешко езеро. Тие се честа мета на поединечни вандалски посетители.

The post Искршени летниковците долж патеката покрај езерото Младост appeared first on Република.

]]>