евтина тарифа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evtina-tarifa/ За подобро да се разбереме Mon, 03 Jun 2024 11:43:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png евтина тарифа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evtina-tarifa/ 32 32 Се прават последните анализи дали и во колкав обем ќе има проширување на евтината дневна тарифа на струјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/se-pravat-poslednite-analizi-dali-i-vo-kolkav-obem-ke-ima-proshiruvane-na-evtinata-dnevna-tarifa-na-strujata/ Mon, 03 Jun 2024 11:32:06 +0000 https://republika.mk/?p=784373

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски како позитивно го оценува намалувањето на маржата за пренос на електрична енергија, но вели дека цената што ќе ја плаќаат домаќинствата од 1 јули годинава зависи и од цената по која универзалниот снабдувач ќе ги задоволи потребите за електрична енергија на регулираниот пазар, но и од бројот на малите потрошувачи кои од регулиран се префрлиле на слободен пазар. Посочува дека РКЕ ги прави последните анализи дали и во колкав обем ќе има проширување на евтината тарифа во текот на денот за домаќинствата.

РКЕ нема да добие барање за цената на електричната енергија бидејќи, само ќе ја потврдиме цената која ќе ја утврди универзалниот снабдувач ЕВН Хоум. Универзалниот снабдувач во текот на неделава ќе го распише тендерот за да обезбеди електрична енергија за следните шест месеци. Треба да видиме кои цени ќе се понудат, а сигурно е дека маржата нема повеќе да биде 11,5 проценти, туку ќе биде 9,9 проценти. Треба да видиме и во колкав обем ЕСМ ќе ги обезбеди количините кои се потребни за домаќинствата и малите потрошувачи. Тоа се најбитните елементи за цената која ќе ја плаќаат домаќинствата по 1 јули годинава - изјави Бислимоски на паузата на четвртиот Социо-еколошки форум (СЕФ) во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“ на кој има стручна дебата и дискусија за енергетските политики на земјите од Западен Балкан и Европската Унија.

Истакна дека во моментов е некоректно во сметките што ги плаќаат граѓаните да го има процентот за субвенција.

Би било некоректно на граѓаните да им се кажува дека има субвенција кога цената на ЕСМ е 57 евра за мегават час, а има денови кога цените на пазарот се 20 и 30 евра за мегават час. Едноставно случувањата на пазарот се такви што во најголем дел во изминативе два до три месеци цената е од 60 до 70 евра мегават час. Затоа во овој период нема потреба да се објавуваат субвенциите, бидејќи тука негде е пазарната цена - рече Бислимоски.

Посочи дека има серозен тренд на префрлање на малите потрошувачи од регулиран на слободен пазар на електрична енергија и додаде дека на годишно ниво ќе има помеѓу 150 и 200 милиони киловат часови помала потрошувачка на регулираниот пазар.

Трошоците на малите потрошувачи кои се префрлаат на слободниот пазар се намалени за 20 до 30 проценти и во најголем дел снабдувачите им нудат фиксна цена која е пониска од таа што е на регулираниот пазар. Тоа е добар процес кој така треба и да продолжи - порача претседателот на РКЕ.

Бислимоски, кој се обрати на првиот панел на СЕФ насловен „Како да се обезбеди социјално праведна енергетска трансформација во ера на растечка сиромаштија и нееднаквости?“ посочи дека во моментов РКЕ ги прави анализите дали и за колку може да се продолжи периодот на евтина дневна тарифа на струјата.

Во изминатиов период компаниите во текот на денот имаат ниски цени на електрична енергија и тоа што го имаат тие мора да го имаат и домаќинствата. Со воведувањето на евтината дневна тарифа од 13:00 до 15:00 часот веќе го направивме првиот чекор, но трендовите на берзата покажуваат дека во овој период има исклучително ниски цени на струјата и правиме сериозна анализа за наредните две – три години за цени на електричната енергија за секој час на повеќе берзи и кога ќе бидеме готови ќе кажеме кога и во колкав обем ќе имаме зголемување на евтината тарифа во текот на денот - рече Бислимоски.

Нагласи дека придобивките од изградбата на фотоволтаичните централи веќе допреа до компаниите и во текот на денот имаат исклучително поволни цени на струја, а тоа сега треба да се префрли и кај домаќинствата.

Испраќаме сигнал до ЕВН Хоум и до ЕСМ поголемиот дел од набавките да ги прават во текот на денот кога цените се исклучително ниски. Тоа пред се ќе биде добро за ЕСМ, бидејќи во тие периоди ќе нема потреба да се трошат ресурсите од вода која ќе може да се чува за период кога електричната енергија може да се продава по повисока цена или за зимата - посочи Бислимоски.

The post Се прават последните анализи дали и во колкав обем ќе има проширување на евтината дневна тарифа на струјата appeared first on Република.

]]>

Домаќинствата ќе имаат на располагање 11 часа евтина струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/domakinstvata-ke-imaat-na-raspolagane-11-chasa-evtina-struja/ Sun, 26 Nov 2023 19:14:56 +0000 https://republika.mk/?p=716447

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Тарифен систем за продажба на електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач и снабдувачот во краен случај со кој се утврдува дека евтината дневна тарифа стартува од 1 декември 2023 година во периодот од 13 часот до 15 часот и од 22 часот до 7 часот секој ден, како и цел ден недела.

„Со воведување на дневната евтина тарифа домаќинствата ќе имаат на располагање вкупно 11 часа евтина електрична енергија во текот на едно деноноќие од понеделник до сабота и 24 часа во ден недела. РКЕ по направените анализи оцени дека се создадени услови домаќинствата да користат дополнителни часови во коишто надоместокот за потрошената електрична енергија ќе се пресметува по евтина тарифа. Податоците укажуваат дека инвестицискиот циклусот во обновливи извори на енергија го зголеми производството на електрична енергија со што директно се влијаеше врз намалување на цената преку ден“, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

The post Домаќинствата ќе имаат на располагање 11 часа евтина струја appeared first on Република.

Струјата добиена од сонце ќе ја врати евтината тарифа преку ден?! https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/strujata-dobiena-od-sontse-ke-ja-vrati-evtinata-tarifa-preku-den/ Wed, 22 Feb 2023 19:52:02 +0000 https://republika.mk/?p=612077

Со инвестицискиот бум во изградбата на соларни централи за производство на струја, кои произведуваат само додека има сонце, може да дојде до ситуација во исто време да се произведе многу повеќе струја од потребното, па нејзината цена во одредени периоди да биде речиси нула, објави Радио слободна Европа.

Тоа е една од причините што се отвори дебатата за враќањето на денската евтина струја за граѓаните, која беше укината на почетокот на 2022 година, поради енергетската криза.

Пред десетина дена, министерот за економија Крешник Бектеши, а потоа и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски најавија дека се прават анализи дали е возможно од економска гледна точка да се врати евтината струја во текот на денот.

Според Бислимоски предвид се земаат три работи:

– колкаво ќе биде производството на државниот производител ЕСМ,

– бројот на изградени фотоволтаици и

– цената на струјата кога фотоволтаиците произведуваат.

Одлуката треба да биде донесена до 1 јули.

Во периодот кога произведуваат фотоволтаиците, цената на електрична енергија на берзите паѓа. Како ќе се градат сè повеќе и повеќе фотоволтаици, а ќе се градат, ние ќе имаме периоди кога е можно, во летен период, да имаме и цени коишто ќе бидат блиску до нула, а можно е да имаме и цени коишто ќе бидат негативни“, изјави Бислимоски во интервју за ТВ 24.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/bislimoski-od-1-juli-mozhe-da-se-vrati-dnevnata-evtina-struja/

На дистрибутивна мрежа веќе се приклучени околу 180 мегавати фотонапонски централи по сите основи, а издадени се согласности за околу 300 мегавати и овој број се зголемува, велат во компанијата ЕВН, дистрибутер и снабдувач со струја за граѓаните и малите фирми.

Најголем дел од овие централи се изградени од фирми за сопствени потреби, а дел имаат ставено и граѓаните за лична употреба. Со тоа што произведуваат за себе, ја намалуваат побарувачката, а вишоците ги продаваат, па струјата за другите може да поевтини.

The post Струјата добиена од сонце ќе ја врати евтината тарифа преку ден?! appeared first on Република.

]]>

Со инвестицискиот бум во изградбата на соларни централи за производство на струја, кои произведуваат само додека има сонце, може да дојде до ситуација во исто време да се произведе многу повеќе струја од потребното, па нејзината цена во одредени периоди да биде речиси нула, објави Радио слободна Европа. Тоа е една од причините што се отвори дебатата за враќањето на денската евтина струја за граѓаните, која беше укината на почетокот на 2022 година, поради енергетската криза. Пред десетина дена, министерот за економија Крешник Бектеши, а потоа и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски најавија дека се прават анализи дали е возможно од економска гледна точка да се врати евтината струја во текот на денот. Според Бислимоски предвид се земаат три работи: – колкаво ќе биде производството на државниот производител ЕСМ, – бројот на изградени фотоволтаици и – цената на струјата кога фотоволтаиците произведуваат. Одлуката треба да биде донесена до 1 јули.
Во периодот кога произведуваат фотоволтаиците, цената на електрична енергија на берзите паѓа. Како ќе се градат сè повеќе и повеќе фотоволтаици, а ќе се градат, ние ќе имаме периоди кога е можно, во летен период, да имаме и цени коишто ќе бидат блиску до нула, а можно е да имаме и цени коишто ќе бидат негативни“, изјави Бислимоски во интервју за ТВ 24.
https://republika.mk/vesti/ekonomija/bislimoski-od-1-juli-mozhe-da-se-vrati-dnevnata-evtina-struja/ На дистрибутивна мрежа веќе се приклучени околу 180 мегавати фотонапонски централи по сите основи, а издадени се согласности за околу 300 мегавати и овој број се зголемува, велат во компанијата ЕВН, дистрибутер и снабдувач со струја за граѓаните и малите фирми. Најголем дел од овие централи се изградени од фирми за сопствени потреби, а дел имаат ставено и граѓаните за лична употреба. Со тоа што произведуваат за себе, ја намалуваат побарувачката, а вишоците ги продаваат, па струјата за другите може да поевтини.