евтина дневна тарифа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evtina-dnevna-tarifa/ За подобро да се разбереме Mon, 29 May 2023 11:50:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png евтина дневна тарифа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evtina-dnevna-tarifa/ 32 32 Бислимоски: Се враќа дневната евтина тарифа на струјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bislimoski-se-vraka-dnevnata-evtina-tarifa-na-strujata/ Mon, 29 May 2023 11:49:47 +0000 https://republika.mk/?p=645751

Се враќа дневната евтина тарифа на струјата, објави директорот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски. Како што додаде тој, ќе бидат два часа, во периодот од 11 до 16 часот.

Ги правиме последните анализи, јасно е дека ќе бидат два часа, некаде во периодот од 11 до 16 часот, рече Бислимоски.

Во тек се и консултации со ЕВН во однос на броилата поставени во домовите и нивно прилагодување.

Евтината струја нема да стапи на сила во еден ист момент за сите, поради тоа што голем дел од броилата немаат далечинско управување, па тимови ќе треба кај секој да пристапат физички.

Конечната одлука регулаторна ќе ја донесе во следните 15 дена.

The post Бислимоски: Се враќа дневната евтина тарифа на струјата appeared first on Република.

]]>

Се враќа дневната евтина тарифа на струјата, објави директорот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски. Како што додаде тој, ќе бидат два часа, во периодот од 11 до 16 часот.
Ги правиме последните анализи, јасно е дека ќе бидат два часа, некаде во периодот од 11 до 16 часот, рече Бислимоски.
Во тек се и консултации со ЕВН во однос на броилата поставени во домовите и нивно прилагодување. Евтината струја нема да стапи на сила во еден ист момент за сите, поради тоа што голем дел од броилата немаат далечинско управување, па тимови ќе треба кај секој да пристапат физички. Конечната одлука регулаторна ќе ја донесе во следните 15 дена.  

The post Бислимоски: Се враќа дневната евтина тарифа на струјата appeared first on Република.

]]>
Од РКЕ зависи дали ќе има евтина дневна струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-rke-zavisi-dali-ke-ima-evtina-dnevna-struja/ Sat, 27 May 2023 11:48:50 +0000 https://republika.mk/?p=645172

Обновливите извори на енергија, од кои најголем дел се фотоволтаици произведуваат најмногу во дневните часови кога има сонце и тоа овозможува Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) да направи калкулации коишто ќе обезбедат враќање на дневната евтина тарифа на струја, посочи денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Дали тоа ќе се случи, тоа зависи од калкулациите на РКЕ, бидејќи тие ги прават и работат како независно тело од Владата. Имајќи ги предвид сите елементи на финалната цена на струја, ние како Влада продолжуваме со субвенционирање на цената на електрична енергија за да нема ценовен шок за граѓаните. Веќе во Буџетот се обезбедени финансиските средства во делот на антикризните мерки за оваа година во износ од 250 милиони евра и штом ќе ги има калкулациите РКЕ тогаш ќе можеме врз основа на тоа што го направиле и врз основа на факти да разговараме дали ќе има дневна евтина тарифа, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на клиничкиот центар во Скопје.

Потсети дека производството на АД ЕСМ од капацитетите кои произведуваат електрична енергија од јаглен и мазут е зголемено за 44 проценти во однос на претходниот период.

Тоа овозможува да имаме електрична енергија без никакви рестрикции што се потврди дека е така. Второ, да имаме електрична енергија по цена која што е најниска во регионот, бидејќи немаше никакво покачување на цената на електрична енергија и дополнително што државата во минатата година има инсталирано 210 мегавати обновливи извори на енергија, потенцира Ковачевски.

Нагласи дека АД ЕСМ во текот на февруари го имаше рекорден месец и ден за производство на електрична енергија при што дури 22.000 мегават часови електрична енергија беа произведени во еден ден.

Тоа се нема случено во декади наназад. Зошто? Бидејќи беа направени сите потребни ремонти во РЕК Битола, третиот блок беше ставен во употреба, РЕК Осломеј се стави во целосна употреба, а порано не ни произведуваше и во ТЕЦ Неготино беа направени сите ремонти и се стави во употреба. Благодарение на добрите односи што ги имаме со соседите, а тоа е набавка на суровини за производство на електрична енергија и не затворање на трансграничните капацитети за транспорт на електрична енергија обезбедивме да имаме успешно справување со енергетската криза и така се подготвуваме и за идната година, појасни Ковачевски.

Прашан дали се готови анализите за враќањето на ДДВ-то за струјата од сегашните 10 проценти на 18 проценти, Ковачевски рече дека се уште се прават калкулации и додаде дека од нив ќе зависи дали ќе има зголемување на ДДВ-то или ќе остане исто за да нема зголемување на крајната цена на струјата што ја плаќаат граѓаните.

ДДВ-то е изворен приход на буџетот и ние го намаливме за струјата со цел да нема ценовен шок за граѓаните. Тоа беше намалено од 18 на 5 проценти, потоа од 18 на 10 проценти и не се качи цената на електричната енергија. Истовремено со зголемувањето на ДДВ-то од 5 на 10 отсто што повторно е пониско од вообичаените 18 отсто, зголемувајќи го производството на електрична енергија обезбедивме да има иста цена на струјата. Сега се зема во предвид и нормалната стапка на ДДВ, зголеменото производство на електрична енергија, зголеменото производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија и доколку калкулациите покажат дека финалната цена со вклучен ДДВ може да остане иста, тогаш Министерството за финансии, ЕСМ и другите ресорни економски министерства ќе можат заедно да донесат одлука во однос на тоа дали е потребно се уште да е држи на 10 проценти ДДВ-то или може да биде на нормална ставка од 18 проценти, а да нема зголемување на цената на електрична енергија за граѓаните, потенцира Ковачевски.

The post Од РКЕ зависи дали ќе има евтина дневна струја appeared first on Република.

Од 1 јули се враќа евтината дневна тарифа, најави Бектеши https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-1-juli-se-vraka-evtinata-dnevna-tarifa-najavi-bekteshi/ Wed, 29 Mar 2023 12:37:30 +0000 https://republika.mk/?p=625094

Заедно со Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) работиме во насока да се врати евтината дневна тарифа за електрична енергија од 1 јули годинава, имајќи го предвид зголеменото производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија каде пиковите главно се преку ден, посочи денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Со тоа би можело да имаме вишоци на електрична енергија во текот на денот во периодот од мај па до октомври, рече Бектеши во одговор на прашање по денешната изјава пред Владата.

Нагласи дека веќе ја има анализата за справувањето со енергетската криза, но додаде дека директорот на АД ЕСМ Васко Ковачевски во текот на наредната недела ќе ги каже подробностите на прес-конференција.

Колку што сум информиран на почетокот на идната недела ќе има детална презентација. Можам да кажам дека најдобро се справивме во регионот со најмалку потрошени пари, но и во делот на немање рестрикции и во делот на цената на електричната енергија за домаќинствата, потенцира Бектеши.

The post Од 1 јули се враќа евтината дневна тарифа, најави Бектеши appeared first on Република.

Бислимоски: Не беше одржливо да имаме евтина дневна тарифа https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bislimovski-ne-beshe-odrzlivo-da-imame-evtina-dnevna-tarifa/ Tue, 04 Jan 2022 18:38:44 +0000 https://republika.mk/?p=440642

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски во Топ тема на Сител рече дека превзеле чекори со цел струјата да не предизвика ценовен шок и затоа струјата ќе се зголеми за 9,48%.

Во однос на укинувањето на денската евтина тарифа на струјата во периодот од 14 до 16 часот, според Бислимовски не било одржливо и понатаму да ја имаме.

Со ова, единствена земја во Европа која има евтина тарифа на струја во текот на денот е БиХ и тоа не е низ цела нејзина територија, вели Бислимовски.

The post Бислимоски: Не беше одржливо да имаме евтина дневна тарифа appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски во Топ тема на Сител рече дека превзеле чекори со цел струјата да не предизвика ценовен шок и затоа струјата ќе се зголеми за 9,48%. Во однос на укинувањето на денската евтина тарифа на струјата во периодот од 14 до 16 часот, според Бислимовски не било одржливо и понатаму да ја имаме.