евтаназија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evtanazija/ За подобро да се разбереме Fri, 09 Feb 2024 18:58:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png евтаназија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evtanazija/ 32 32 Поранешен премиер на Холандија и неговата сопруга починаа со помош на евтаназија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poraneshen-premier-na-holandija-i-negovata-sopruga-pochinaa-so-pomosh-na-evtanazija/ Fri, 09 Feb 2024 18:58:34 +0000 https://republika.mk/?p=742316

Дрис ван Агт, демохристијанскиот премиер на Холандија од 1977 до 1982 година, почина со помош на евтаназија, соопшти организацијата за човекови права што тој ја основа. Истата процедура била направена и на неговата сопруга. И двајцата имаа 93 години.

Форумот за права (The Rights Forum) соопшти двојката починала во понеделникот и ќе биде погребана на приватна церемонија во источниот град Нијмеген.

Тој почина рака под рака со својата сакана сопруга Еугени ван Агт-Крекелберг, неговата поддршка и сидро повеќе од 70 години и која секогаш ја нарекуваше ’моја девојка', се вели во соопштението на невладината организација.

Двајцата веќе некое време биле со нарушено здравје. Во 2019 година, Ван Агт доживеа мозочно крварење додека држеше говор на комеморација за Палестинците и никогаш целосно не закрепна. Христијанско-демократот, кој стана сè попрогресивен откако ја напушти политиката, на крајот ја напушти својата партија во 2017 година поради разликите околу нејзиниот пристап кон односите меѓу Израел и Палестинците.

 

The post Поранешен премиер на Холандија и неговата сопруга починаа со помош на евтаназија appeared first on Република.

]]>

Дрис ван Агт, демохристијанскиот премиер на Холандија од 1977 до 1982 година, почина со помош на евтаназија, соопшти организацијата за човекови права што тој ја основа. Истата процедура била направена и на неговата сопруга. И двајцата имаа 93 години. Форумот за права (The Rights Forum) соопшти двојката починала во понеделникот и ќе биде погребана на приватна церемонија во источниот град Нијмеген.
Тој почина рака под рака со својата сакана сопруга Еугени ван Агт-Крекелберг, неговата поддршка и сидро повеќе од 70 години и која секогаш ја нарекуваше ’моја девојка', се вели во соопштението на невладината организација.
Двајцата веќе некое време биле со нарушено здравје. Во 2019 година, Ван Агт доживеа мозочно крварење додека држеше говор на комеморација за Палестинците и никогаш целосно не закрепна. Христијанско-демократот, кој стана сè попрогресивен откако ја напушти политиката, на крајот ја напушти својата партија во 2017 година поради разликите околу нејзиниот пристап кон односите меѓу Израел и Палестинците.  

The post Поранешен премиер на Холандија и неговата сопруга починаа со помош на евтаназија appeared first on Република.

]]>
Ален Делон одлучи да умре, ќе оди на евтаназија https://arhiva3.republika.mk/scena/film/alen-delon-odluchi-da-umre-kje-odi-na-evtanazija/ Mon, 28 Mar 2022 07:19:11 +0000 https://republika.mk/?p=479564

Легендарниот француски актер Ален Делон одлучи да стави крај на својот живот со евтаназија во Швајцарија. Синот на 87-годишниот актер, Ентони Делон, ја соопшти оваа одлука во интервју за францускиот RTL. Неговиот татко побарал помош од него за овој план, а тој се согласил да биде со него во последните моменти од животот.

Како што пишуваа француските медиуми, Делон одлука најверојатно ја донел поради неодамнешната смрт на неговата поранешна сопруга и мајка на неговиот син Ентони, актерката Натали Делон, која почина во јануари минатата година. Со оваа француска актерка, модел, филмска режисерка и писателка, која важеше за една од најубавите жени во светот во 60-тите и 70-тите години, Делон беше во брак од 1964 до 1969 година. Кога и беше дијагностициран рак на панкреасот, Натали сакаше да си замине доброволно и достоинствено, за да избегне болна смрт.

Мајка ми, која беше слободоумна личност, сакаше да си замине на ист начин како што живееше, достоинствено. За среќа, не прибегнавме кон овој процес. Велам за среќа бидејќи се беше подготвено. Имавме личност, изјави Ентони Делон.

Каде би го извршиле овој чин не е познато, бидејќи француските закони не дозволуваат вакво потпомогнато самоубиство и поради оваа причина дел од Французите заминуваат во Швајцарија. И неговиот татко долго време се залага за правото на евтаназија.

Евтаназијата е најлогична и најприродна работа. На одредена возраст, како и поради животни околности, имаме право да го напуштиме овој свет тивко без болницата да се меша и ја продолжи вашата агонија со инјекции или апарати за одржување на животот, рече Ален Делон во минатогодишното интервју.

Француските медиуми пишуваат дека се очекува Делон да го спроведе својот план во Швајцарија, каде потпомогнатото самоубиство е легално. Делон поднел барање за швајцарско државјанство во 1999 година, а живеел таму по мозочниот удар во 2019 година. Тој уште тогаш ја донел одлуката, бидејќи по операцијата рекол „стареењето е страшно, не можеш ништо да направиш со тоа, го губиш изгледот, видот, по ѓаволите, те боли и глуждот штом ќе станеш, тоа е страшна болка“.

Според медиумите, тој сега со своите адвокати разговара за наследството, очигледно со намера да ја среди целата документација пред да го спроведе својот план и да си замине по свои услови.

The post Ален Делон одлучи да умре, ќе оди на евтаназија appeared first on Република.

]]>

Легендарниот француски актер Ален Делон одлучи да стави крај на својот живот со евтаназија во Швајцарија. Синот на 87-годишниот актер, Ентони Делон, ја соопшти оваа одлука во интервју за францускиот RTL. Неговиот татко побарал помош од него за овој план, а тој се согласил да биде со него во последните моменти од животот. Како што пишуваа француските медиуми, Делон одлука најверојатно ја донел поради неодамнешната смрт на неговата поранешна сопруга и мајка на неговиот син Ентони, актерката Натали Делон, која почина во јануари минатата година. Со оваа француска актерка, модел, филмска режисерка и писателка, која важеше за една од најубавите жени во светот во 60-тите и 70-тите години, Делон беше во брак од 1964 до 1969 година. Кога и беше дијагностициран рак на панкреасот, Натали сакаше да си замине доброволно и достоинствено, за да избегне болна смрт.
Мајка ми, која беше слободоумна личност, сакаше да си замине на ист начин како што живееше, достоинствено. За среќа, не прибегнавме кон овој процес. Велам за среќа бидејќи се беше подготвено. Имавме личност, изјави Ентони Делон.
Каде би го извршиле овој чин не е познато, бидејќи француските закони не дозволуваат вакво потпомогнато самоубиство и поради оваа причина дел од Французите заминуваат во Швајцарија. И неговиот татко долго време се залага за правото на евтаназија.
Евтаназијата е најлогична и најприродна работа. На одредена возраст, како и поради животни околности, имаме право да го напуштиме овој свет тивко без болницата да се меша и ја продолжи вашата агонија со инјекции или апарати за одржување на животот, рече Ален Делон во минатогодишното интервју.
Француските медиуми пишуваат дека се очекува Делон да го спроведе својот план во Швајцарија, каде потпомогнатото самоубиство е легално. Делон поднел барање за швајцарско државјанство во 1999 година, а живеел таму по мозочниот удар во 2019 година. Тој уште тогаш ја донел одлуката, бидејќи по операцијата рекол „стареењето е страшно, не можеш ништо да направиш со тоа, го губиш изгледот, видот, по ѓаволите, те боли и глуждот штом ќе станеш, тоа е страшна болка“. Според медиумите, тој сега со своите адвокати разговара за наследството, очигледно со намера да ја среди целата документација пред да го спроведе својот план и да си замине по свои услови.

The post Ален Делон одлучи да умре, ќе оди на евтаназија appeared first on Република.

]]>