евровизија 2023 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evrovizija-2023/ За подобро да се разбереме Sat, 13 May 2023 07:23:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png евровизија 2023 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evrovizija-2023/ 32 32 Вечерва е финалето на „Евровизија“, еве што велат обложувалниците https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/vecherva-e-finaleto-na-evrovizija-eve-shto-velat-oblozhuvalnitsite/ Sat, 13 May 2023 07:23:23 +0000 https://republika.mk/?p=640372

Познати се сите финалисти кои ќе настапат вечерва на финалната вечер на „Евровизија 2023“.

Од првото полуфинале се пласираа Хрватска, Молдавија, Швајцарија, Финска, Чешка, Израел, Португалија, Шведска, Србија и Норвешка. Од втората полуфинална вечер во финалето се пласираа Албанија, Кипар, Естонија, Белгија, Австрија, Литванија, Полска, Австралија, Ерменија и Словенија. Уште шест земји директно се пласирани во финалето, а тоа се Шпанија, Франција, Велика Британија, Германија, Италија и Украина.

Фаворити има неколку, а ситуацијата кај обложувалниците се менува од час во час.

На првите три места се наоѓаат Шведска, Финска и Украина. Ситуацијата после нив често се менува, но сега Франција е на четвртото место, Израел на петтото, а Шпанија на шестото место. Италија се искачи на осмото место, а зад неа е Австрија на деветтото место.

Хрватска од влезот во финалето го држи 13-то место во обложувалниците. Србија падна на 22. место, додека Словенија скокна на 19.

Последните места се Португалија, Литванија и Албанија.

The post Вечерва е финалето на „Евровизија“, еве што велат обложувалниците appeared first on Република.

]]>

Познати се сите финалисти кои ќе настапат вечерва на финалната вечер на „Евровизија 2023“. Од првото полуфинале се пласираа Хрватска, Молдавија, Швајцарија, Финска, Чешка, Израел, Португалија, Шведска, Србија и Норвешка. Од втората полуфинална вечер во финалето се пласираа Албанија, Кипар, Естонија, Белгија, Австрија, Литванија, Полска, Австралија, Ерменија и Словенија. Уште шест земји директно се пласирани во финалето, а тоа се Шпанија, Франција, Велика Британија, Германија, Италија и Украина. Фаворити има неколку, а ситуацијата кај обложувалниците се менува од час во час. На првите три места се наоѓаат Шведска, Финска и Украина. Ситуацијата после нив често се менува, но сега Франција е на четвртото место, Израел на петтото, а Шпанија на шестото место. Италија се искачи на осмото место, а зад неа е Австрија на деветтото место. Хрватска од влезот во финалето го држи 13-то место во обложувалниците. Србија падна на 22. место, додека Словенија скокна на 19. Последните места се Португалија, Литванија и Албанија.

The post Вечерва е финалето на „Евровизија“, еве што велат обложувалниците appeared first on Република.

]]>
Зеленски барал да се обрати и на „Евровизија“, не му дозволија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zelenski-baral-da-se-obrati-i-na-evrovizija-ne-mu-dozvolija/ Fri, 12 May 2023 10:00:30 +0000 https://republika.mk/?p=640059

На украинскиот претседател Володимир Зеленски нема да му биде дозволено обраќање на овогодишното издание на Изборот за песна на Евровизија, бидејќи Европската радиодифузна унија (ЕБУ) смета дека тоа би го политизирало настанот.

Организаторите го одбија барањето на Зеленски да се обрати јавно и да говори на последната вечер на европскиот музички натпревар утре. Се очекуваше тој преку видеопорака да го повика светот да ја продолжи својата поддршка за борбата на Украина против Русија. ЕБУ соопшти дека можноста за говор на Зеленски ќе ја поткопа „неполитичката природа“ на настанот и е „спротивно на правилата“ на „Евровизија“.

Основана 1956 година за да помогне во обединувањето на Стариот континент опустошен од Втората светска војна, „Евровизија“ се обидува да ги раздвои поп-културата и политиката. Во таа смисла, отворено политички текстови, говори, знаци и симболи се забранети.

И покрај тоа засега никој не реагираше на оваа провокација од албанските претставници:

https://republika.mk/scena/muzika/pretstavnichkata-na-albanija-na-evrosong-golema-albanija-e-majka-na-brakata-kosovo-i-albanija/

Иако Украина лани победи на Евровизија, што значи дека требаше да биде домаќин на натпреварот, тој годинава се одржува во Ливерпул, Велика Британија. Изведувачи од 26 земји ќе се натпреваруваат во финалето во живо утре, во „Ливерпул арена“, а водителка е украинската пејачка Јулија Санина. На него како гости ќе настапат минатогодишниот победник на „Евросонг“ - „Калуша оркестар“ и други украински изведувачи, а сѐ тоа проследено со слики од Украина.

Веруваме дека ова е најдобриот начин да се одрази и да се прослави победата на Украина на Евровизија и да покажеме дека сме обединети од музиката во овие тешки времиња, соопшти ЕБУ.

Русија беше исклучена од натпреварувањето по воениот напад врз Украина во февруари 2022 година.

The post Зеленски барал да се обрати и на „Евровизија“, не му дозволија appeared first on Република.

]]>

На украинскиот претседател Володимир Зеленски нема да му биде дозволено обраќање на овогодишното издание на Изборот за песна на Евровизија, бидејќи Европската радиодифузна унија (ЕБУ) смета дека тоа би го политизирало настанот. Организаторите го одбија барањето на Зеленски да се обрати јавно и да говори на последната вечер на европскиот музички натпревар утре. Се очекуваше тој преку видеопорака да го повика светот да ја продолжи својата поддршка за борбата на Украина против Русија. ЕБУ соопшти дека можноста за говор на Зеленски ќе ја поткопа „неполитичката природа“ на настанот и е „спротивно на правилата“ на „Евровизија“.
Основана 1956 година за да помогне во обединувањето на Стариот континент опустошен од Втората светска војна, „Евровизија“ се обидува да ги раздвои поп-културата и политиката. Во таа смисла, отворено политички текстови, говори, знаци и симболи се забранети. И покрај тоа засега никој не реагираше на оваа провокација од албанските претставници:
https://republika.mk/scena/muzika/pretstavnichkata-na-albanija-na-evrosong-golema-albanija-e-majka-na-brakata-kosovo-i-albanija/ Иако Украина лани победи на Евровизија, што значи дека требаше да биде домаќин на натпреварот, тој годинава се одржува во Ливерпул, Велика Британија. Изведувачи од 26 земји ќе се натпреваруваат во финалето во живо утре, во „Ливерпул арена“, а водителка е украинската пејачка Јулија Санина. На него како гости ќе настапат минатогодишниот победник на „Евросонг“ - „Калуша оркестар“ и други украински изведувачи, а сѐ тоа проследено со слики од Украина.
Веруваме дека ова е најдобриот начин да се одрази и да се прослави победата на Украина на Евровизија и да покажеме дека сме обединети од музиката во овие тешки времиња, соопшти ЕБУ.
Русија беше исклучена од натпреварувањето по воениот напад врз Украина во февруари 2022 година.

The post Зеленски барал да се обрати и на „Евровизија“, не му дозволија appeared first on Република.

]]>
Ова се сите финалисти на „Евровизија 2023“, финале в сабота https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/ova-se-site-finalisti-na-evrovizija-2023-finale-v-sabota/ Fri, 12 May 2023 07:40:50 +0000 https://republika.mk/?p=639982

Во Ливерпул синоќа се одржа второто полуфинале на 67. издание на Изборот на песна на Евровизија, па познати се последните 10 земји учеснички во големото финале в сабота.

Така, натпреварувањето што годинава се одржува во Велика Британија го продолжуваат Албанија, претставена од Албина и „Фамиља Келменди“ со „Duje“, како и „Џокер аут“ од Словенија со песната „Carpe Diem“. Во финалето ќе настапат и Кипар, Естонија, Белгија, Австрија, Литванија, Полска, Австралија и Ерменија.

Грција, Романија, Грузија, Данска, Исланд и Сан Марино испаднаа од натпреварот.

Во првото полуфинале пласман обезбедија Србија, Хрватска, Молдавија, Швајцарија, Финска, Чешка, Израел, Португалија, Шведска и Норвешка.

 

The post Ова се сите финалисти на „Евровизија 2023“, финале в сабота appeared first on Република.

]]>

Во Ливерпул синоќа се одржа второто полуфинале на 67. издание на Изборот на песна на Евровизија, па познати се последните 10 земји учеснички во големото финале в сабота. Така, натпреварувањето што годинава се одржува во Велика Британија го продолжуваат Албанија, претставена од Албина и „Фамиља Келменди“ со „Duje“, како и „Џокер аут“ од Словенија со песната „Carpe Diem“. Во финалето ќе настапат и Кипар, Естонија, Белгија, Австрија, Литванија, Полска, Австралија и Ерменија. Грција, Романија, Грузија, Данска, Исланд и Сан Марино испаднаа од натпреварот. Во првото полуфинале пласман обезбедија Србија, Хрватска, Молдавија, Швајцарија, Финска, Чешка, Израел, Португалија, Шведска и Норвешка.  

The post Ова се сите финалисти на „Евровизија 2023“, финале в сабота appeared first on Република.

]]>
Првото полуфинале вечерва, второто на 11 мај, финалето в сабота https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/prvoto-polufinale-vecherva-vtoroto-na-11-maj-finaleto-v-sabota/ Tue, 09 May 2023 12:25:33 +0000 https://republika.mk/?p=638841

Во Ливерпул вечерва ќе се одржи првото полуфинале од Изборот за песна на Евровизија. Втората полуфинална вечер се ќе се одржи задутре, на 11 мај, а големото финале в сабота на 13 мај.

Британскиот крал Чарлс Трети призна дека сака да го гледа Изборот, па со неговата сопруга Камила, симболично го вклучија светлото во „МС банк арената“ уште во април, означувајќи го почетокот на подготовките за натпреварот.

Украинската група „Калуш оркестра“ лани победи на „Евровизија“ со песната „Стефанија“. Според тоа, овогодишното натпреварување требаше да се одржи во Украина, но поради војната беше преместено во Ливерпул. Велика Британија минатата година го освои второто место со пејачот Сем Рајдер. Годинешното мото „United By Music“ („Обединети со музиката“) ги содржи боите на Украина и Велика Британија.

Ливерпул веќе влезе во историјата на светската музика - легендарните „Битлс“ се од тој град. Но, тоа очигледно има своја цена... Сместувањето и билетите нагло пораснаа откако се дозна дека Ливерпул ќе биде град-домаќин на овогодишниот „Евросонг“.

Така, за едно ноќевање неделава, додека трае натпреварувањето, треба да се издвојат повеќе од 2.000 евра.

Ниту цените на влезниците не се евтини. Пробите, на пример, може да се следат за дури 34 евра, а билет за финалето в сабота на 13 мај чини и до 427 евра. Сепак, салата е веќе целосно распродадена. Оние пак, кои сакаат посебно искуство во ВИП-ложата, ќе требаа да издвојат 4.260 евра по лице, но со одличен поглед на бината, шампањ и „шведска маса“.

Меѓутоа, тие цени не важат за украинските бегалци. За нив британското Министерство за култура, медиуми и спорт набавило 3.000 билети, што значи дека, како што вели британската министерка за култура - Луси Фрејзер, „илјадници билети им се понудени на воените бегалци за да учествуваат во шоуто во кое се слави нивната татковина, нивната култура и нивната музика“. Украинците можат да купат билет и за 20 евра.

И градоначалничката на Ливерпул, Џоан Андерсон, изрази големо задоволство што бегалците од Украина ќе може да дојдат во нејзиниот град.

На ова 67. издание на „Евровизија" учествуваат 37 земји - три помалку од лани.

Главен фаворит кај обложувалниците годинава е Шведска, која по втор пат ја претставува Лорин. Таа веќе победи на „Евровизија“ 2012 година, а оваа година настапува со песната „Tattoo“. И Финска има добри шанси - раперот Карија настапува со мешавина од метал, техно и синт-поп и вели дека неговата песна „Ча Ча Ча“ му оддава почит на германскиот бенд „Рамштајн“. Меѓу најспомнуваните во обложувалниците се и украинското дуо „Творчи“ со песната „Heart Of Steel“ и француската пејачка Ла Зара со нејзината „Evidemment“.

На овогодишниот Евросонг, Македонија нема да има свој претставник.

The post Првото полуфинале вечерва, второто на 11 мај, финалето в сабота appeared first on Република.

]]>

Во Ливерпул вечерва ќе се одржи првото полуфинале од Изборот за песна на Евровизија. Втората полуфинална вечер се ќе се одржи задутре, на 11 мај, а големото финале в сабота на 13 мај. Британскиот крал Чарлс Трети призна дека сака да го гледа Изборот, па со неговата сопруга Камила, симболично го вклучија светлото во „МС банк арената“ уште во април, означувајќи го почетокот на подготовките за натпреварот. Украинската група „Калуш оркестра“ лани победи на „Евровизија“ со песната „Стефанија“. Според тоа, овогодишното натпреварување требаше да се одржи во Украина, но поради војната беше преместено во Ливерпул. Велика Британија минатата година го освои второто место со пејачот Сем Рајдер. Годинешното мото „United By Music“ („Обединети со музиката“) ги содржи боите на Украина и Велика Британија. Ливерпул веќе влезе во историјата на светската музика - легендарните „Битлс“ се од тој град. Но, тоа очигледно има своја цена... Сместувањето и билетите нагло пораснаа откако се дозна дека Ливерпул ќе биде град-домаќин на овогодишниот „Евросонг“. Така, за едно ноќевање неделава, додека трае натпреварувањето, треба да се издвојат повеќе од 2.000 евра. Ниту цените на влезниците не се евтини. Пробите, на пример, може да се следат за дури 34 евра, а билет за финалето в сабота на 13 мај чини и до 427 евра. Сепак, салата е веќе целосно распродадена. Оние пак, кои сакаат посебно искуство во ВИП-ложата, ќе требаа да издвојат 4.260 евра по лице, но со одличен поглед на бината, шампањ и „шведска маса“. Меѓутоа, тие цени не важат за украинските бегалци. За нив британското Министерство за култура, медиуми и спорт набавило 3.000 билети, што значи дека, како што вели британската министерка за култура - Луси Фрејзер, „илјадници билети им се понудени на воените бегалци за да учествуваат во шоуто во кое се слави нивната татковина, нивната култура и нивната музика“. Украинците можат да купат билет и за 20 евра. И градоначалничката на Ливерпул, Џоан Андерсон, изрази големо задоволство што бегалците од Украина ќе може да дојдат во нејзиниот град. На ова 67. издание на „Евровизија" учествуваат 37 земји - три помалку од лани. Главен фаворит кај обложувалниците годинава е Шведска, која по втор пат ја претставува Лорин. Таа веќе победи на „Евровизија“ 2012 година, а оваа година настапува со песната „Tattoo“. И Финска има добри шанси - раперот Карија настапува со мешавина од метал, техно и синт-поп и вели дека неговата песна „Ча Ча Ча“ му оддава почит на германскиот бенд „Рамштајн“. Меѓу најспомнуваните во обложувалниците се и украинското дуо „Творчи“ со песната „Heart Of Steel“ и француската пејачка Ла Зара со нејзината „Evidemment“. На овогодишниот Евросонг, Македонија нема да има свој претставник.

The post Првото полуфинале вечерва, второто на 11 мај, финалето в сабота appeared first on Република.

]]>
Слушнете ја: Ова е српската евровизиска песна https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/slushnete-ja-ova-e-srpskata-evroviziska-pesna/ Sun, 05 Mar 2023 14:58:27 +0000 https://republika.mk/?p=616092

Србија го избра својот претставник за овогодинешната „Евровизија“. Во мај во Ливерпул ќе пее контроверзниот Лука Ивановиќ со естрадното име - Лук Блек, 30-годишен пејач од Чачак, кој последните неколку години живее и работи во Лондон.

Тој ја пее „Само ми се спава“, песна која е избрана по две полуфинални вечери и вчерашното големо финале.

https://youtube.com/watch?v=y-jaHWHxeo8&feature=shares

The post Слушнете ја: Ова е српската евровизиска песна appeared first on Република.

]]>

Србија го избра својот претставник за овогодинешната „Евровизија“. Во мај во Ливерпул ќе пее контроверзниот Лука Ивановиќ со естрадното име - Лук Блек, 30-годишен пејач од Чачак, кој последните неколку години живее и работи во Лондон. Тој ја пее „Само ми се спава“, песна која е избрана по две полуфинални вечери и вчерашното големо финале. https://youtube.com/watch?v=y-jaHWHxeo8&feature=shares

The post Слушнете ја: Ова е српската евровизиска песна appeared first on Република.

]]>
Евровизија со нови правила – Македонија нема да учествува, ама ќе може да гласа https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/evrovizija-so-novi-pravila-makedonija-nema-da-uchestvuva-ama-kje-moze-da-glasa/ Tue, 22 Nov 2022 18:33:31 +0000 https://republika.mk/?p=577058

Организаторите на изборот за песна на Евровизија најавија големи промени во системот на гласање за наредното издание што ќе се одржи во Ливерпул.

Отсега, исклучиво гласовите на гледачите ќе одлучуваат кои земји ќе поминат од полуфиналето на финалната вечер, наместо досегашната комбинација од гласовите на жирито и на публиката, како што се бодуваат песните уште од 2009 година. Во финалето ќе одлучува комбинација од гласовите на публиката и поените на жирито.

За потсетување, од двете полуфинални вечери во полуфиналето одат по 10 учесници, а за прв пат во он-лајн гласањето ќе можат да учествуваат и жителите од земјите кои не дел од овој музички настан. Нивните гласови ќе се додаваат на другите и ќе имаат голема улога во одлучувањето на победникот.

Сите гледачи од земјите улеснички ќе можат да гласаат преку СМС, телефон или преку официјалната апликација, а оние кои гледаат Евровизија од другите земји, ќе може да го сторат тоа преку безбедна он-лајн платформа.

Следната Евровизија ќе се одржи од 9 до 13 мај 2023 година во Ливерпул, а за 20 места во финалето ќе се натпреваруваат 31 земја. Тие ќе им се придружат на Франција, Германија, Италија, Шпанија, домаќинот В.Британија и на Украина, кои се победници од годинашното натпреварување.

Македонија го откажа настапот и следната година ќе нема свој претставник на изборот за песна на Евровизија.

The post Евровизија со нови правила – Македонија нема да учествува, ама ќе може да гласа appeared first on Република.

]]>

Организаторите на изборот за песна на Евровизија најавија големи промени во системот на гласање за наредното издание што ќе се одржи во Ливерпул. Отсега, исклучиво гласовите на гледачите ќе одлучуваат кои земји ќе поминат од полуфиналето на финалната вечер, наместо досегашната комбинација од гласовите на жирито и на публиката, како што се бодуваат песните уште од 2009 година. Во финалето ќе одлучува комбинација од гласовите на публиката и поените на жирито. За потсетување, од двете полуфинални вечери во полуфиналето одат по 10 учесници, а за прв пат во он-лајн гласањето ќе можат да учествуваат и жителите од земјите кои не дел од овој музички настан. Нивните гласови ќе се додаваат на другите и ќе имаат голема улога во одлучувањето на победникот. Сите гледачи од земјите улеснички ќе можат да гласаат преку СМС, телефон или преку официјалната апликација, а оние кои гледаат Евровизија од другите земји, ќе може да го сторат тоа преку безбедна он-лајн платформа. Следната Евровизија ќе се одржи од 9 до 13 мај 2023 година во Ливерпул, а за 20 места во финалето ќе се натпреваруваат 31 земја. Тие ќе им се придружат на Франција, Германија, Италија, Шпанија, домаќинот В.Британија и на Украина, кои се победници од годинашното натпреварување. Македонија го откажа настапот и следната година ќе нема свој претставник на изборот за песна на Евровизија.

The post Евровизија со нови правила – Македонија нема да учествува, ама ќе може да гласа appeared first on Република.

]]>
И тоа дочекавме: Македонија нема да настапува на „Евровизија 2023“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/i-toa-dochekavme-makedonija-nema-da-nastapuva-na-evrovizija-2023/ Fri, 14 Oct 2022 11:25:20 +0000 https://republika.mk/?p=561086

Македонија нема да учествува на Евровизија 2023 година,  потврдил за ММС директорот на Македонската радио телевизија, Марјан Цветковски.

Да, да нема да учествуваме на Евровизија. Не сме платиле котизација. Најголем проблем се струјата и големите трошоци, кои ќе ги предизвика патувањето и престојот во Велика Британија. Поради оваа состојба скратени се сите трошоци, па така и овие кои требаше да се платат за учество на Евросонг, ги насочивме за плаќање струја, изјави за ММС, Цветковски.

Од 1991 година до денес не сме учествувале неколку пати поради неисполнување на пропозициите на ЕБУ или не сме успеале да влеземе во финале, па според правилата, сме правеле пауза.

Ова е прв пат сами да се откажеме.

The post И тоа дочекавме: Македонија нема да настапува на „Евровизија 2023“ appeared first on Република.

]]>

Македонија нема да учествува на Евровизија 2023 година,  потврдил за ММС директорот на Македонската радио телевизија, Марјан Цветковски.
Да, да нема да учествуваме на Евровизија. Не сме платиле котизација. Најголем проблем се струјата и големите трошоци, кои ќе ги предизвика патувањето и престојот во Велика Британија. Поради оваа состојба скратени се сите трошоци, па така и овие кои требаше да се платат за учество на Евросонг, ги насочивме за плаќање струја, изјави за ММС, Цветковски.
Од 1991 година до денес не сме учествувале неколку пати поради неисполнување на пропозициите на ЕБУ или не сме успеале да влеземе во финале, па според правилата, сме правеле пауза. Ова е прв пат сами да се откажеме.

The post И тоа дочекавме: Македонија нема да настапува на „Евровизија 2023“ appeared first on Република.

]]>
Црна Гора се откажа од „Евровизија 2023“, најверојатно истото ќе го направи и Бугарија https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/crna-gora-se-otkaza-od-evrovizija-2023-najverojatno-istoto-kje-go-napravi-i-bugarija/ Fri, 14 Oct 2022 09:57:09 +0000 https://republika.mk/?p=561009

По разгледувањето на расположливите ресурси, трошоците и обврските што Јавниот сервис ги очекува наредниов период, донесена е одлука Црна Гора да не учествува на Евровизија следната година.

Покрај значителните трошоци за котизација, како и трошоците за престој во Велика Британија, се соочивме и со незаинтересираност од спонзорите, па решивме постоечките ресурси да ги насочиме кон финансирање на тековните и планирани национални проекти и организациски и програмски реформи што повлекуваат значителни инвестициски интервенции во опрема и простории, соопшти црногорскиот Јавен сервис.

Според западни медиуми, иста одлука донела и Бугарската национална телевизија – БНТ. Како причини се наведуваат финансиските тешкотии и политичките неизвесности во Бугарија.

Изборот за песна на Евровизија 2023 година ќе се одржи во Ливерпул, Велика Британија.

The post Црна Гора се откажа од „Евровизија 2023“, најверојатно истото ќе го направи и Бугарија appeared first on Република.

]]>

По разгледувањето на расположливите ресурси, трошоците и обврските што Јавниот сервис ги очекува наредниов период, донесена е одлука Црна Гора да не учествува на Евровизија следната година.
Покрај значителните трошоци за котизација, како и трошоците за престој во Велика Британија, се соочивме и со незаинтересираност од спонзорите, па решивме постоечките ресурси да ги насочиме кон финансирање на тековните и планирани национални проекти и организациски и програмски реформи што повлекуваат значителни инвестициски интервенции во опрема и простории, соопшти црногорскиот Јавен сервис.
Според западни медиуми, иста одлука донела и Бугарската национална телевизија – БНТ. Како причини се наведуваат финансиските тешкотии и политичките неизвесности во Бугарија. Изборот за песна на Евровизија 2023 година ќе се одржи во Ливерпул, Велика Британија.

The post Црна Гора се откажа од „Евровизија 2023“, најверојатно истото ќе го направи и Бугарија appeared first on Република.

]]>
Избран градот кој ќе биде домаќин на Евровизија 2023 https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/izbran-gradot-koj-kje-bide-domakjin-na-evrovizija-2023/ Sat, 08 Oct 2022 20:15:51 +0000 https://republika.mk/?p=558913

Во Велика Британија беше одлучено во кој град ќе се одржи престижниот Избор за песна на Евровизија 2023 година.

Во борба за домаќин беа Ливерпул и Глазгов, а одлучено е следната година Ливерпул да го организира ова престижно европско натпреварување.

Полуфиналните вечери ќе се одржат на 9 и 11 мај, а големото финале кога Европа ќе добие нов победник ќе се одржи на 13 мај.

„Градот кој ќе биде домаќин на 67. Избор за песна на Евровизија 2023 е Ливерпул“, изјави коментаторот на музичкиот натпревар Греам Нортон, кој во петокот се појави на “The One Show“ за да открие каде ќе се одржи натпреварот.

Да потсетиме, победата на Евровизија 2022 ја освои украинскиот оркестар Калушка, но поради моменталната ситуација во нивната земја, Велика Британија одлучи да ја преземе организацијата.

The post Избран градот кој ќе биде домаќин на Евровизија 2023 appeared first on Република.

]]>

Во Велика Британија беше одлучено во кој град ќе се одржи престижниот Избор за песна на Евровизија 2023 година. Во борба за домаќин беа Ливерпул и Глазгов, а одлучено е следната година Ливерпул да го организира ова престижно европско натпреварување. Полуфиналните вечери ќе се одржат на 9 и 11 мај, а големото финале кога Европа ќе добие нов победник ќе се одржи на 13 мај.
„Градот кој ќе биде домаќин на 67. Избор за песна на Евровизија 2023 е Ливерпул“, изјави коментаторот на музичкиот натпревар Греам Нортон, кој во петокот се појави на “The One Show“ за да открие каде ќе се одржи натпреварот.
Да потсетиме, победата на Евровизија 2022 ја освои украинскиот оркестар Калушка, но поради моменталната ситуација во нивната земја, Велика Британија одлучи да ја преземе организацијата.

The post Избран градот кој ќе биде домаќин на Евровизија 2023 appeared first on Република.

]]>
Седум британски градови во потесен избор за домаќини на Евросонг 2023 https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/sedum-britanski-gradovi-vo-potesen-izbor-za-domakjini-na-evrosong-2023/ Fri, 12 Aug 2022 10:00:42 +0000 https://republika.mk/?p=539517

Откриен е скратениот список на градови во Велика Британија кои би можеле да бидат домаќини на Евровизија следната година, со седум локации во трка. Бирмингем, Глазгов, Лидс, Ливерпул, Манчестер, Њукасл и Шефилд ќе се натпреваруваат за организација на настанот што ќе се одржи во мај следната година.

Дваесет градови изразија интерес, а зачудува фактот што Лондон и Белфаст не се најдоа во потесниот избор.

Велика Британија беше избрана за домаќин на натпреварот откако организаторите одлучија дека не може да се одржи во Украина, победниците во 2022 година.

Британскиот пејач Сем Рајдер заврши на второто место на овогодинешниот натпревар во Торино, Италија.

Одлуката да се пресели од Украина поради војната доведе до жестоко оспоруван процес на селекција меѓу градовите во Обединетото Кралство, кои сакаат да привлечат илјадници посетители и внимание на околу 160 милиони ТВ гледачи ширум светот.

The post Седум британски градови во потесен избор за домаќини на Евросонг 2023 appeared first on Република.

]]>

Откриен е скратениот список на градови во Велика Британија кои би можеле да бидат домаќини на Евровизија следната година, со седум локации во трка. Бирмингем, Глазгов, Лидс, Ливерпул, Манчестер, Њукасл и Шефилд ќе се натпреваруваат за организација на настанот што ќе се одржи во мај следната година. Дваесет градови изразија интерес, а зачудува фактот што Лондон и Белфаст не се најдоа во потесниот избор. Велика Британија беше избрана за домаќин на натпреварот откако организаторите одлучија дека не може да се одржи во Украина, победниците во 2022 година. Британскиот пејач Сем Рајдер заврши на второто место на овогодинешниот натпревар во Торино, Италија. Одлуката да се пресели од Украина поради војната доведе до жестоко оспоруван процес на селекција меѓу градовите во Обединетото Кралство, кои сакаат да привлечат илјадници посетители и внимание на околу 160 милиони ТВ гледачи ширум светот.

The post Седум британски градови во потесен избор за домаќини на Евросонг 2023 appeared first on Република.

]]>
Украина не се согласува со одлуката на ЕБУ: Имаме услови „Евровизија 2023“ да се одржи кај нас https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/ukraina-ne-se-soglasuva-so-odlukata-na-ebu-imame-uslovi-evrovizija-2023-da-se-odrzi-kaj-nas/ Sat, 18 Jun 2022 08:22:32 +0000 https://republika.mk/?p=516581

Украинскиот министер за култура Александар Ткаченко не се согласува со одлуката на Управниот одбор на Евросонг следниот избор на песна на „Евровизија“ да се одржува во Велика Британија. ЕБУ вчера објави дека со оглед на актуелната состојба, одлучено е дека украинскиот јавен сервис не е во состојба да ги исполни сигурносните и оперативни гаранции за организација и продукција на натпреварување за песна на Евровизија.

https://republika.mk/scena/muzika/evrovizija-2023-nema-da-se-odrzi-vo-ukraina-eve-koj-kje-bide-nov-domakjin/

Според Ткаченко, Украина ги исполнува сите услови за одржување на следната „Евровизија“.

Украина не се согласува со оваа одлука. Немавме можност да разговараме за други опции. Сметаме дека имаме причини зошто треба да ги продолжиме преговорите за да дојдеме до решение кое ќе ги задоволи двете страни, напиша Ткаченко на својот профил на Твитер.

Тој додаде дека Украина е победник на овогодинешниот Евросонг и дека ги исполнува сите услови за одржување на следниот Евросонг, ги исполнува сите безбедносни стандарди и има неколку сали каде би можело да се одржи натпреварот.

Одржувањето на Евровизија во 2023 година во Украина би било јасен знак дека светот нè поддржува. Ќе бараме промена на одлуката, бидејќи веруваме дека можеме да ги исполниме сите услови и тоа неколку пати го потенциравме до Европската радиодифузна унија, напиша тој.

The post Украина не се согласува со одлуката на ЕБУ: Имаме услови „Евровизија 2023“ да се одржи кај нас appeared first on Република.

]]>

Украинскиот министер за култура Александар Ткаченко не се согласува со одлуката на Управниот одбор на Евросонг следниот избор на песна на „Евровизија“ да се одржува во Велика Британија. ЕБУ вчера објави дека со оглед на актуелната состојба, одлучено е дека украинскиот јавен сервис не е во состојба да ги исполни сигурносните и оперативни гаранции за организација и продукција на натпреварување за песна на Евровизија. https://republika.mk/scena/muzika/evrovizija-2023-nema-da-se-odrzi-vo-ukraina-eve-koj-kje-bide-nov-domakjin/ Според Ткаченко, Украина ги исполнува сите услови за одржување на следната „Евровизија“.
Украина не се согласува со оваа одлука. Немавме можност да разговараме за други опции. Сметаме дека имаме причини зошто треба да ги продолжиме преговорите за да дојдеме до решение кое ќе ги задоволи двете страни, напиша Ткаченко на својот профил на Твитер.
Тој додаде дека Украина е победник на овогодинешниот Евросонг и дека ги исполнува сите услови за одржување на следниот Евросонг, ги исполнува сите безбедносни стандарди и има неколку сали каде би можело да се одржи натпреварот.
Одржувањето на Евровизија во 2023 година во Украина би било јасен знак дека светот нè поддржува. Ќе бараме промена на одлуката, бидејќи веруваме дека можеме да ги исполниме сите услови и тоа неколку пати го потенциравме до Европската радиодифузна унија, напиша тој.

The post Украина не се согласува со одлуката на ЕБУ: Имаме услови „Евровизија 2023“ да се одржи кај нас appeared first on Република.

]]>