евроскептицизам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evroskepticizam/ За подобро да се разбереме Fri, 25 Aug 2023 17:30:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png евроскептицизам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evroskepticizam/ 32 32 Мицковски: евроскепцизмот допира највисока точка во време на коалицијата СДСМ-ДУИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskovski-evroskeptsizmot-dopira-najvisoka-tochka-vo-vreme-na-koalitsijata-sdsm-dui/ Fri, 25 Aug 2023 17:30:18 +0000 https://republika.mk/?p=675857

Евроскепцизмот допира највисока точка во време на коалицијата СДСМ-ДУИ и тоа не може да се препише само на името, смета политичкиот аналитичар Ивор Мицковски.

Според него, нема потреба ни премиерот, ни Ескобар да си играат весела математика со поддршката за ЕУ и дека изнесувала 80 отсто. Тоа се бројки од 2014-та.

Највисока поддршка имало во 2014, од 80 проценти, а потоа поддршката со годините опаѓа.
Во 2022, 64 проценти од населението позитивно би гласале за членство на Македонија во Унијата. Значи евроскепцизмот допира највисока точка во време на коалицијата СДСМ-ДУИ и тоа не може да се препише само на името.
Има подлабоки внатрешни причини и логики, како и одговорност и кај ЕУ и кај властите.
Инаку што се однесува до 80%, кај етничките Македонци противењето на уставни измени е 80 проценти.
Чисто да ги имаме предвид фактите, пишува Мицковски.

The post Мицковски: евроскепцизмот допира највисока точка во време на коалицијата СДСМ-ДУИ appeared first on Република.

]]>

Евроскепцизмот допира највисока точка во време на коалицијата СДСМ-ДУИ и тоа не може да се препише само на името, смета политичкиот аналитичар Ивор Мицковски. Според него, нема потреба ни премиерот, ни Ескобар да си играат весела математика со поддршката за ЕУ и дека изнесувала 80 отсто. Тоа се бројки од 2014-та.
Највисока поддршка имало во 2014, од 80 проценти, а потоа поддршката со годините опаѓа. Во 2022, 64 проценти од населението позитивно би гласале за членство на Македонија во Унијата. Значи евроскепцизмот допира највисока точка во време на коалицијата СДСМ-ДУИ и тоа не може да се препише само на името. Има подлабоки внатрешни причини и логики, како и одговорност и кај ЕУ и кај властите. Инаку што се однесува до 80%, кај етничките Македонци противењето на уставни измени е 80 проценти. Чисто да ги имаме предвид фактите, пишува Мицковски.

The post Мицковски: евроскепцизмот допира највисока точка во време на коалицијата СДСМ-ДУИ appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Евроскептицизмот расте заради криминогеноста на СДС и ДУИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-evroskeptitsizmot-raste-zaradi-kriminogenosta-na-sds-i-dui/ Tue, 14 Feb 2023 08:41:41 +0000 https://republika.mk/?p=608689

Додека власта тврди дека преговорите со Европската унија се започнати, довербата опаѓа, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека знкетата на Евротинк потврди - За една година имаме пад од 20% на довербата на граѓаните за евроинтеграцискиот пат на Македонија.

СДС и ДУИ ветува европеизација, а добивме блокади. На прашањето дали членството на Македонија во Европската Унија е добра работа само 49% од граѓаните одговориле позитивно. За голем дел од граѓаните ова станува далечна желба. А, за жал ентузијазмот во однос на проширувањето на Европската Унија се повеќе и повеќе опаѓа. Се тоа е резултат на криминалот, корупцијата и економскиот колапс кои и се случува на Македонија со СДС и ДУИ на власт. Младите си заминуваат, здравството пропаѓа, образованието руши негативни рекорди, но царува непотизмот, клиентелизмот и автократијата. Лицемерието на владата се гледа и во издавањето на македонски државјанства на руски олигарси. Додека се претставуваат како проевропски во исто време прват провизии и профити со фирми на руски олигарси. СДС и ДУИ се причина за сите порази кои ги ниже Македонија. Колку подолго се тие на власт, толку повеќе Македонија губи. Време е за нови избори и нова влада избрана од народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Евроскептицизмот расте заради криминогеноста на СДС и ДУИ appeared first on Република.

Османи: Од прозападни и проевропски граѓани сега имаме еврофрустрирана јавност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-od-prozapadni-i-proevropski-gragjani-sega-imame-evrofrustrirana-javnost/ Tue, 22 Mar 2022 07:17:21 +0000 https://republika.mk/?p=476393

Македонскaта јавност е изморена и разочарана од предолгото чекање за влез во ЕУ – порача шефот на дипломатијата Бујар Османи пред Kомисијата за надворешни работи на Унијата. Османи пред европратениците истакна дека во време кога се случуваат тектонски промени на глобално ниво, долгите блокади прават штета која би можела да стане непоправлива. Разговорите со Бугарија како што кажа тој се во тек и побара од Унијата да донесе решителни одлуки, односно да и даде на земјава датум за почеток на преговори до крајот на француското претседателство бидејќи како што кажа, прашањето повеќе не било за кредибилитетот на Унијата туку за безбедноста на континентот.

Блокадата на нашиот долг европски пат кај граѓаните донесе најблаго речено, евроразочарување кое само се засилува. Од прозападни и проевропски граѓани, имаме еврофрустрирана јавност, вели Османи.

Обраќањето на Османи пред европратениците, сепак не помина не забележано од бугарскиот европратеник Јорданов, кој се пожали дека терминтие општа или заедничка историја меѓу Македонија и Бугарија не биле доволни, и земјава треба да признае дека има како што кажа, заедничка бугарска историја.

Кажавте за тоа како се развивала демократијата во Македонија. Јас добро паметам дека навистина добро се разви деморкатијата до степен што граѓаните слободно влегоа во Парламентот на Македонија и ги тепаа пратениците. Тоа ли е напреднатата демократија во Македонија? / Ние со вас имаме заедничка историја и таа е направена од еден народ и тоа е бугарскиот народ, му одговори бугарскиот европратеник Александар Јорданов.

Османи пак му врати дека регионот има доволно историја, а во моментов потребна е просперитетна иднина.

Мислам дека нашиот регион има доволно историја, тоа што ни треба е заедничка иднина. Ни треба повеќе просперитетна иднина во овие непредвидливи времиња. Предизвиците со кои се соочува регионот се заеднички и за вас и за нас, вели Османи.

Европското досие на земјава и перспективите за почеток на преговори до јуни годинава биле главна тема и на работниот појадок организиран од грчкиот министер Дендиас. На средбата на шефови на дипломатии на земјите членки на ЕУ, била и бугарската министерка Генчовска, а присуствувале и еврокомесарот Вархеји, но и високиот претставник Жозеп Борел, кој минатата недела во Скопје потврди дека не може да понуди ништо друго освен добра волја.

The post Османи: Од прозападни и проевропски граѓани сега имаме еврофрустрирана јавност appeared first on Република.