европско знаме Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evropsko-zname/ За подобро да се разбереме Mon, 22 May 2023 08:19:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png европско знаме Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evropsko-zname/ 32 32 ВМРО-ДПМНЕ: Со ставањето на европското знаме на законите за изградба на коридорите 8 и 10Д власта сака само да си го озакони криминалот кој го прави https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-so-stavaneto-na-evropskoto-zname-na-zakonite-za-izgradba-na-koridorite-8-i-10d-vlasta-saka-samo-da-si-go-ozakoni-kriminalot-koj-go-pravi/ Mon, 22 May 2023 08:19:48 +0000 https://republika.mk/?p=643484

Власта на ДУИ и СДС го злоупотребуваат го европското знаменце за законите за изградба на коридорите 8 и 10Д за озаконување на криминалот кои го прават.

Нема ниту „Е“ од европско во законите кои ДУИ и СДС ги предложија во Собранието. Истото ова го потврдија и од Европската унија укажувајќи на непотребната злоупотреба на институтот „европско знаменце“

Измените на законите немаат ништо заедничко со евроинтеграциите, немаат заедничко ниту со европското законодавство и европските принципи.

Напротив, измените на законот за работни односи каде што работно време се зголемува од 40 часа на над 60 часа работна недела, не е европски. Исто така не е европски ниту законот за градење каде што е врши израмнување на легалните и нелегалните објекти при нивна експроприација.

Владата на ДУИ и СДС веќе почна да исплаќа пенали за коридорите 8 и 10Д, а истите немаат ниту проект, ниту траса каде ќе се градат, ниту пак има некакви градежни активности.

Затоа веднаш власта на ДУИ и СДС треба да го објави договорот кои го имаат потпишано на увид на македонската јавност.

Над 300 милиони евра криминалците од ДУИ и СДС ќе исплатат на име провизии, пенали и аванси, а нема ниту 1 м2 асфалт ставено.

Наместо 300 милиони евра да бидат вложени во рурални средини за потребите на граѓаните и проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните, Груби и Ковачевски ги крадат.

Единствено што видоа граѓаните од досега платените над 300 милиони се само фотографирање пред таблите поставени во „чест“ на криминалот кој го прават и мавтање со знаменца од страна на кукавицата Димитар Ковачевски.

Сликање и потоа оставање на празни ливади и табли кои ќе служат за потсетување на граѓаните за украдените пари.

Одговорност за овој епски криминал кои го прават Груби и Ковачевски ќе има многу скоро. За секој денар украден од граѓаните под превезот на„ строго доверливо“.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Со ставањето на европското знаме на законите за изградба на коридорите 8 и 10Д власта сака само да си го озакони криминалот кој го прави appeared first on Република.

]]>

Власта на ДУИ и СДС го злоупотребуваат го европското знаменце за законите за изградба на коридорите 8 и 10Д за озаконување на криминалот кои го прават. Нема ниту „Е“ од европско во законите кои ДУИ и СДС ги предложија во Собранието. Истото ова го потврдија и од Европската унија укажувајќи на непотребната злоупотреба на институтот „европско знаменце“ Измените на законите немаат ништо заедничко со евроинтеграциите, немаат заедничко ниту со европското законодавство и европските принципи. Напротив, измените на законот за работни односи каде што работно време се зголемува од 40 часа на над 60 часа работна недела, не е европски. Исто така не е европски ниту законот за градење каде што е врши израмнување на легалните и нелегалните објекти при нивна експроприација. Владата на ДУИ и СДС веќе почна да исплаќа пенали за коридорите 8 и 10Д, а истите немаат ниту проект, ниту траса каде ќе се градат, ниту пак има некакви градежни активности. Затоа веднаш власта на ДУИ и СДС треба да го објави договорот кои го имаат потпишано на увид на македонската јавност.
Над 300 милиони евра криминалците од ДУИ и СДС ќе исплатат на име провизии, пенали и аванси, а нема ниту 1 м2 асфалт ставено. Наместо 300 милиони евра да бидат вложени во рурални средини за потребите на граѓаните и проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните, Груби и Ковачевски ги крадат. Единствено што видоа граѓаните од досега платените над 300 милиони се само фотографирање пред таблите поставени во „чест“ на криминалот кој го прават и мавтање со знаменца од страна на кукавицата Димитар Ковачевски. Сликање и потоа оставање на празни ливади и табли кои ќе служат за потсетување на граѓаните за украдените пари. Одговорност за овој епски криминал кои го прават Груби и Ковачевски ќе има многу скоро. За секој денар украден од граѓаните под превезот на„ строго доверливо“.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Со ставањето на европското знаме на законите за изградба на коридорите 8 и 10Д власта сака само да си го озакони криминалот кој го прави appeared first on Република.

]]>
Клековски: Власта го злоупотребува европското знаменце, ги прекршува законите и нема вредносен компас https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/klekovski-vlasta-go-zloupotrebuva-evropskoto-znamentse-gi-prekrshuva-zakonite-i-nema-vrednosen-kompas/ Tue, 16 May 2023 17:24:37 +0000 https://republika.mk/?p=641502

Во емисијата „За или Против“ на Алфа ТВ гостуваше аналитичарот Сашо Клековски и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ кој што истакна дека власта нема вредносен компас , ги прекршува законите и го злоупотребува европското знаменце поради својата неспособност.

Владата на ДУИ и СДСМ прават се што е спротивно на нивните декларирани политики и на критиките спрема ВМРО-ДПМНЕ кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт пред неколку години. Да почнеме од темата за европското знаменце, сега сме сведоци каде што заменикот премиер кој е одговорен за европските интеграции да каже дека главната цел на употребата на европското знаменце е да се замолчи опозицијата. Страшно е кога имате заменик премиер кој доаѓа од граѓанското општество сега да вели дека единствена цел е да се спречи опозицијата да го каже тоа што го мисли за овие закони“ нагласи Клековски.

Клековски додаде и дека гласачите на власта треба сами да увидат што СДСМ ветуваше а што прави и како се грижи за работничката класа.

Гласачите на СДСМ треба да видат што СДСМ ветуваше и што СДСМ прави и во однос на прашањето со европското знаменце. Следно е и со поддржувањето на работната недела и часовите. Ова е влада со најизгубен компас што сме ја имале во историјата. Бидејќи не може минатата година да тврдите дека работничките права ви се најважни а оваа година да газите по нив, и истовремено домашните субјекти ригорозно да ги казнувате. Да не зборувам дека уставниот суд се има произнесено за овие работи. Гледате дека има комлетно изгубен вредносен компас.Еден од проблемите на оваа влада покрај тоа штро нема никаков вредносен столб е неспособноста. Сето ова се случува заради нивната неспособност, истакна Клековски.

The post Клековски: Власта го злоупотребува европското знаменце, ги прекршува законите и нема вредносен компас appeared first on Република.

ВМРО-ДПМНЕ: Нема ништо европско во злоупотребата на европското знаменце од страна на Ковачевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-nema-nishto-evropsko-vo-zloupotrebata-na-evropskoto-znamentse-od-strana-na-kovachevski/ Thu, 11 May 2023 11:56:31 +0000 https://republika.mk/?p=639707

Нема ништо европско во злоупотребата на европското знаменце од страна на Ковачевски. Кршењето на законите и процедурите не е европска вредност. Уште помалку европска вредност е 60 часовната работна недела која е и спротивна на Устав, реагираат од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ на ставовите на Димитар Ковачевски поврзани со злоупотребата на европското знаменце.

Евроамбасадорот Гир веќе потенцираше дека европското знаменце се злоупотребува за носење на законските измени на законите за коридорите 8 и 10Д. Ковачевски ја користи ЕУ како параван за сопствениот криминал, и штети на угледот на Унијата во Македонија.

ЕУ не е криминал, кршење на закони и самоволие. ЕУ е почитување на законите, владеење на правото, систем кој функционира. Ковачевски нема капацитет да ја води државата кон ЕУ, со секој ден повеќе на Ковачевски како премиер, Македонија е се подалеку од ЕУ, велат од ВМРО ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Нема ништо европско во злоупотребата на европското знаменце од страна на Ковачевски appeared first on Република.

]]>

Нема ништо европско во злоупотребата на европското знаменце од страна на Ковачевски. Кршењето на законите и процедурите не е европска вредност. Уште помалку европска вредност е 60 часовната работна недела која е и спротивна на Устав, реагираат од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ на ставовите на Димитар Ковачевски поврзани со злоупотребата на европското знаменце.
Евроамбасадорот Гир веќе потенцираше дека европското знаменце се злоупотребува за носење на законските измени на законите за коридорите 8 и 10Д. Ковачевски ја користи ЕУ како параван за сопствениот криминал, и штети на угледот на Унијата во Македонија. ЕУ не е криминал, кршење на закони и самоволие. ЕУ е почитување на законите, владеење на правото, систем кој функционира. Ковачевски нема капацитет да ја води државата кон ЕУ, со секој ден повеќе на Ковачевски како премиер, Македонија е се подалеку од ЕУ, велат од ВМРО ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Нема ништо европско во злоупотребата на европското знаменце од страна на Ковачевски appeared first on Република.

]]>
Одржан Традиционалниот планинарски марш до Водно по повод Европскиот ден на знамето https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/odrzan-tradicionalniot-planinarski-marsh-do-vodno-po-povod-evropskiot-den-na-znameto/ Sat, 07 May 2022 13:19:27 +0000 https://republika.mk/?p=499058

Европското движење на Република Македонија во соработка со Делегацијата на ЕУ и оваа година го одржа Традиционалниот планинарски марш до Водно по повод Европскиот ден на знамето, при што порачаа дека манифестацијата има за цел да го афирмира спортот и планинарските рекреативни активности, кои би требало во нашата држава да бидат значително поразвиени, отколку што се во моментов, поради планинскиот карактер на нашата држава.

Евроамбасадорот Дејвид Гир и претседателката на Европското движење Милева Ѓуровска, пред седиштето на ЕУ во Скопје ги разменија македонското и знамето на Европската Унија, со што традиционално и симболично го означија почетокот на „Планинарскиот марш 2022“.

Потоа учесниците од седиштето на Делегацијата на ЕУ се упатија кон врвот на Водно, каде ќе бидат поставени двете знамиња.

На планинарскиот марш се приклучија бројни планинари, активисти на Европското движење, студенти и други граѓани.

Гир изрази задоволство што присуствува на традиционалниот марш.

Ѓуровска истакна дека настанот претставува навистина убава традиција што ја одржуваат секоја година во чест на денот на Европа и оти таа секогаш има некој симболичен аспект во сето она што го прават.

Тоа значи дека патот до Европската Унија не е така едноставен и лисен, така што ова е еден симболичен начин дека треба малку повеќе да се потрудиме во нашето остварување на нашата цел. Меѓутоа има и една друга порака овој марш на планинарите и на граѓаните –  Македонија има многу планини, пораката е дека треба многу многу повеќе да ги посетуваме и да уживаме во нивната убавина, рече Ѓуровска.

Таа посочи дека останува оваа заложбата на двете страни дека членството во ЕУ е нашата иднина и дека останува да работиме понатаму на овој пат којшто е веќе наш.

Никола Чамовски, еден од учесниците на настанот, истакна дека манифестацијата има за цел да го афирмира спортот во нашата држава, планинарските рекреативни активности, кои би требало да бидат на повисоко ниво.

The post Одржан Традиционалниот планинарски марш до Водно по повод Европскиот ден на знамето appeared first on Република.

]]>

Европското движење на Република Македонија во соработка со Делегацијата на ЕУ и оваа година го одржа Традиционалниот планинарски марш до Водно по повод Европскиот ден на знамето, при што порачаа дека манифестацијата има за цел да го афирмира спортот и планинарските рекреативни активности, кои би требало во нашата држава да бидат значително поразвиени, отколку што се во моментов, поради планинскиот карактер на нашата држава. Евроамбасадорот Дејвид Гир и претседателката на Европското движење Милева Ѓуровска, пред седиштето на ЕУ во Скопје ги разменија македонското и знамето на Европската Унија, со што традиционално и симболично го означија почетокот на „Планинарскиот марш 2022“. Потоа учесниците од седиштето на Делегацијата на ЕУ се упатија кон врвот на Водно, каде ќе бидат поставени двете знамиња. На планинарскиот марш се приклучија бројни планинари, активисти на Европското движење, студенти и други граѓани. Гир изрази задоволство што присуствува на традиционалниот марш. Ѓуровска истакна дека настанот претставува навистина убава традиција што ја одржуваат секоја година во чест на денот на Европа и оти таа секогаш има некој симболичен аспект во сето она што го прават.
Тоа значи дека патот до Европската Унија не е така едноставен и лисен, така што ова е еден симболичен начин дека треба малку повеќе да се потрудиме во нашето остварување на нашата цел. Меѓутоа има и една друга порака овој марш на планинарите и на граѓаните –  Македонија има многу планини, пораката е дека треба многу многу повеќе да ги посетуваме и да уживаме во нивната убавина, рече Ѓуровска.
Таа посочи дека останува оваа заложбата на двете страни дека членството во ЕУ е нашата иднина и дека останува да работиме понатаму на овој пат којшто е веќе наш. Никола Чамовски, еден од учесниците на настанот, истакна дека манифестацијата има за цел да го афирмира спортот во нашата држава, планинарските рекреативни активности, кои би требало да бидат на повисоко ниво.  

The post Одржан Традиционалниот планинарски марш до Водно по повод Европскиот ден на знамето appeared first on Република.

]]>
Знамето на ЕУ отстрането од Триумфалната капија во Париз по жестоките критики на десничарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/znameto-na-eu-otstraneto-od-triumfalnata-kapija-vo-pariz-po-zestokite-kritiki-na-desnicharite/ Sun, 02 Jan 2022 21:05:57 +0000 https://republika.mk/?p=439769

Француските власти во неделата го отстранија знамето на ЕУ од Триумфалната капија во Париз, откако десничарите го обвинија претседателот Емануел Макрон дека го „бришел“ францускиот идентитет. Големото знаме на ЕУ ја замени француската национална тробојка на новогодишната ноќ за да го означи почетокот на француското претседателство со ЕУ во следните шест месеци.

Триумфалната капија под која се наоѓа гробот на непознат херој, како и другите париски знаменитости како Ајфеловата кула и Пантеонот исто така се осветлени со сина европска боја и жолти ѕвезди. Но, десничарските ривали на Макрон тоа го гледаат како навреда за ветераните и националното наследство.

Да, претседателство со Европа, бришење на францускиот идентитет, твитна Валери Пекрес, конзервативна кандидатка и, според анкетите, главен противник на Макрон на изборите, пренесува Јутарњи лист.

Таа го повика да го врати француското знаме, велејќи: „Го должиме тоа на нашите војници кои ја пролеаа својата крв за неа“.

Марин Ле Пен, претседателка на ултрадесничарската француска партија Национална алијанса (РН), протестираше против кревањето на знамето на Европската унија на Триумфалната капија како дел од почетокот на шестмесечното француско претседателство со ЕУ.

Други политичари од францускиот десничарски политички спектар ѝ се придружија на Ле Пен, која покажува дека е главниот ривал на претседателот Емануел Макрон на пролетните претседателски избори, лути поради знамето на ЕУ што се вее на националниот споменик, објави Ројтерс.

Украсувањето на Триумфалната порта со бојата на Европската Унија, без државното знаме, е напад на идентитетот на нашата нација, бидејќи овој споменик е поставен во чест на нашите воени победи и таму се наоѓа гробот на непознатиот војник, се вели во соопштението на Ле Пен.

Државниот секретар во Министерството за европски прашања Клемен Бон изјави дека знамето на ЕУ привремено ќе биде на Триумфалната капија.

The post Знамето на ЕУ отстрането од Триумфалната капија во Париз по жестоките критики на десничарите appeared first on Република.

]]>

Француските власти во неделата го отстранија знамето на ЕУ од Триумфалната капија во Париз, откако десничарите го обвинија претседателот Емануел Макрон дека го „бришел“ францускиот идентитет. Големото знаме на ЕУ ја замени француската национална тробојка на новогодишната ноќ за да го означи почетокот на француското претседателство со ЕУ во следните шест месеци. Триумфалната капија под која се наоѓа гробот на непознат херој, како и другите париски знаменитости како Ајфеловата кула и Пантеонот исто така се осветлени со сина европска боја и жолти ѕвезди. Но, десничарските ривали на Макрон тоа го гледаат како навреда за ветераните и националното наследство.
Да, претседателство со Европа, бришење на францускиот идентитет, твитна Валери Пекрес, конзервативна кандидатка и, според анкетите, главен противник на Макрон на изборите, пренесува Јутарњи лист.
Таа го повика да го врати француското знаме, велејќи: „Го должиме тоа на нашите војници кои ја пролеаа својата крв за неа“. Марин Ле Пен, претседателка на ултрадесничарската француска партија Национална алијанса (РН), протестираше против кревањето на знамето на Европската унија на Триумфалната капија како дел од почетокот на шестмесечното француско претседателство со ЕУ. Други политичари од францускиот десничарски политички спектар ѝ се придружија на Ле Пен, која покажува дека е главниот ривал на претседателот Емануел Макрон на пролетните претседателски избори, лути поради знамето на ЕУ што се вее на националниот споменик, објави Ројтерс.