Европско првенство во Македонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evropsko-prvenstvo-vo-makedonija/ За подобро да се разбереме Sun, 20 Nov 2022 21:22:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Европско првенство во Македонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evropsko-prvenstvo-vo-makedonija/ 32 32 Пеколен ракомет во Стожице: Норвежанките по 9-ти пат шампионки https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/pekolen-rakomet-vo-stozice-norvezankite-po-9-ti-pat-shampionki/ Sun, 20 Nov 2022 21:22:59 +0000 https://republika.mk/?p=576272

Репрезентацијата на Норвешка не дозволи смена на европскиот трон и со 27:25 ја победи Данска во финалето на Европското првенство 2022. Иако Данска во најголемиот дел од натпреварот беше во предност, селекцијата на Норвешка во последните десет минути успеа да го преземи водството и да го освои деветтиот златен медал на континенталните собири.

Ракометарките на Јеспер Јенсен, кои мотивирано влегоа во дуелот со ,,фаворизираната” Норвешка одлично го отворија финалниот натпревар и со погодоците на Бургард и Фрис имаа 2:0 во воведните минути. Норвешка првиот гол го постигна по речиси пет минути игра за 2:1, а потоа Мерк од пенал погоди за 2:2. Данска играта ја темелеше на цврстата одбрана и на сигурни напади, кои и овозможија солидна предност од 7:3 кон средината на првото полувреме.

Мерк и колешките за момент намалија на 7:4, но Бургард бргу погоди за 8:4, потоа Естергард промаши контра за пет гола разлика на данската репрезентација. Ниту Норвешка не играше на ниво, сѐ почесто грешеше во нападите и за само 18 минути имаше постигнато само два гола од игра. Данска се одлепи и на 9:4 и до крајот на првиот дел имаше рутинска контрола на резултатот. Одбраната на Данска на чело со најдобриот дефанзивец на Европското првенство, Катрин Хеиндал, одлично се справуваше со упорните ракометарки на Норвешка.

Во 20 минута водството на Данска беше 10:5, потоа Норвешка започна да ја намалува негатвата и во 22 минута дојде до минус два, 11:9. Сепак, Данска не ризикуваше многу, успеа да се консолидира и со првиот гол на Јоргенсен повторно дојде на четири гола разлика, 13:9. Репрезентацијата на Норвешка во финишот го подигна нивото на играта, но разликата остана иста, па така по 30 минути игра резултатот беше 15:12 во корист за данската селекција.

Првиот гол во второто полувреме беше постигнат во 35 минута од страна на Норвешка, која резултатски се доближи и намали на 15:13. Без оглед на тоа што Норвешка беше разновидна во нападите, ракометарките на Данска одржуваа предност од два до три гола разлика и во 40 минута имаа водство од 19:16. По предноста на Данска од 20:17, избраничките на Хергиерсон намалија на 20:18 и во 50 минута конечно дојдоа до израмнување на резултатот, 22:22.

Серијата од 4:0 на Норвешка беше прекината со голот на Естергард за 23:22 во 52 минута. Ветеранката Катрин Лунде, која застана на голот на Норвешка во 40 минута беше една од клучните фактори за пресвртот во финишот. Откако беше 23:23, Норвешка за првпат поведе со 24:23, имаше и 25:24 (57 минута) и во финишот успеа да ја надигра Данска и да дојде до златниот медал.

Најефикасна во победничката екипа беше Нора Мерк со осум погодоци. Во селекцијата на Данска се истакнаа Луис Бургард со шест и Ема Фрис со пет гола.

The post Пеколен ракомет во Стожице: Норвежанките по 9-ти пат шампионки appeared first on Република.

]]>

Репрезентацијата на Норвешка не дозволи смена на европскиот трон и со 27:25 ја победи Данска во финалето на Европското првенство 2022. Иако Данска во најголемиот дел од натпреварот беше во предност, селекцијата на Норвешка во последните десет минути успеа да го преземи водството и да го освои деветтиот златен медал на континенталните собири. Ракометарките на Јеспер Јенсен, кои мотивирано влегоа во дуелот со ,,фаворизираната” Норвешка одлично го отворија финалниот натпревар и со погодоците на Бургард и Фрис имаа 2:0 во воведните минути. Норвешка првиот гол го постигна по речиси пет минути игра за 2:1, а потоа Мерк од пенал погоди за 2:2. Данска играта ја темелеше на цврстата одбрана и на сигурни напади, кои и овозможија солидна предност од 7:3 кон средината на првото полувреме. Мерк и колешките за момент намалија на 7:4, но Бургард бргу погоди за 8:4, потоа Естергард промаши контра за пет гола разлика на данската репрезентација. Ниту Норвешка не играше на ниво, сѐ почесто грешеше во нападите и за само 18 минути имаше постигнато само два гола од игра. Данска се одлепи и на 9:4 и до крајот на првиот дел имаше рутинска контрола на резултатот. Одбраната на Данска на чело со најдобриот дефанзивец на Европското првенство, Катрин Хеиндал, одлично се справуваше со упорните ракометарки на Норвешка. Во 20 минута водството на Данска беше 10:5, потоа Норвешка започна да ја намалува негатвата и во 22 минута дојде до минус два, 11:9. Сепак, Данска не ризикуваше многу, успеа да се консолидира и со првиот гол на Јоргенсен повторно дојде на четири гола разлика, 13:9. Репрезентацијата на Норвешка во финишот го подигна нивото на играта, но разликата остана иста, па така по 30 минути игра резултатот беше 15:12 во корист за данската селекција. Првиот гол во второто полувреме беше постигнат во 35 минута од страна на Норвешка, која резултатски се доближи и намали на 15:13. Без оглед на тоа што Норвешка беше разновидна во нападите, ракометарките на Данска одржуваа предност од два до три гола разлика и во 40 минута имаа водство од 19:16. По предноста на Данска од 20:17, избраничките на Хергиерсон намалија на 20:18 и во 50 минута конечно дојдоа до израмнување на резултатот, 22:22. Серијата од 4:0 на Норвешка беше прекината со голот на Естергард за 23:22 во 52 минута. Ветеранката Катрин Лунде, која застана на голот на Норвешка во 40 минута беше една од клучните фактори за пресвртот во финишот. Откако беше 23:23, Норвешка за првпат поведе со 24:23, имаше и 25:24 (57 минута) и во финишот успеа да ја надигра Данска и да дојде до златниот медал. Најефикасна во победничката екипа беше Нора Мерк со осум погодоци. Во селекцијата на Данска се истакнаа Луис Бургард со шест и Ема Фрис со пет гола.

The post Пеколен ракомет во Стожице: Норвежанките по 9-ти пат шампионки appeared first on Република.

]]>
На Европското во Скопје македонските ракометарки ќе играат против Франција, Холандија и Романија https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/na-evropskoto-vo-skopje-makedonskite-rakometarki-kje-igraat-protiv-francija-holandija-i-romanija/ Thu, 28 Apr 2022 16:41:55 +0000 https://republika.mk/?p=494914

Женската македонска ракометна репрезентација доби многу тешка група за Европското првенство 2022.

Избраничките на селекторот Љубомир Савевски на еврошампионатот од 4 до 20 ноември ќе играат во Ц-групата во Скопје заедно со селекциите на Франција, Холандија и на Романија.

На попладневната ждрепка во Љубљана, извлечени беа и другите три групи:

А-групата ја сочинуваат: Норвешка, Унгарија, Хрватска и Швајцарија.

Во Б-групата ќе играат: Данска, Шведска, Словенија и Србија.

Партиципиенти во Д-групата се: Полска, Црна Гора, Германија и Шпанија.

Пласман во втората фаза ќе изборат трите првопласирани кои ќе продолжат во две групи од по шест селекции.

Освен Скопје, домаќини на другите три групи се Љубљана (А-група), Целје (Б-група) и Подгорица (Д-група)

The post На Европското во Скопје македонските ракометарки ќе играат против Франција, Холандија и Романија appeared first on Република.

]]>

Женската македонска ракометна репрезентација доби многу тешка група за Европското првенство 2022. Избраничките на селекторот Љубомир Савевски на еврошампионатот од 4 до 20 ноември ќе играат во Ц-групата во Скопје заедно со селекциите на Франција, Холандија и на Романија. На попладневната ждрепка во Љубљана, извлечени беа и другите три групи: А-групата ја сочинуваат: Норвешка, Унгарија, Хрватска и Швајцарија. Во Б-групата ќе играат: Данска, Шведска, Словенија и Србија. Партиципиенти во Д-групата се: Полска, Црна Гора, Германија и Шпанија. Пласман во втората фаза ќе изборат трите првопласирани кои ќе продолжат во две групи од по шест селекции. Освен Скопје, домаќини на другите три групи се Љубљана (А-група), Целје (Б-група) и Подгорица (Д-група)

The post На Европското во Скопје македонските ракометарки ќе играат против Франција, Холандија и Романија appeared first on Република.

]]>