Европско првенство во фудбал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evropsko-prvenstvo-vo-fudbal/ За подобро да се разбереме Tue, 07 May 2024 15:49:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Европско првенство во фудбал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evropsko-prvenstvo-vo-fudbal/ 32 32 Ќе се вратат контролите на границите поради Европското првенство во Германија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ke-se-vratat-kontrolite-na-granitsite-poradi-evropskoto-prvenstvo-vo-germanija/ Tue, 07 May 2024 20:33:18 +0000 https://republika.mk/?p=775069

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер донесе одлука за суспендирање на Шенген системот и воведување гранични контроли на сите граници во пресрет на Европското првенство во фудбал, објавија германските медиуми. Првенството ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули годинава.

Минатата година министерката се колебаше со месеци за носење ваква одлука, иако беше забележан поголем број илегални миграции. Дури во октомври федералната полиција почна да ги проверува границите со Полска, Чешка, Австрија и Швајцарија, пишува Феникс.

Фезер сега воведува контроли на сите надворешни граници на Германија за Европското првенство на кое Германија е домаќин. Таа го соопшти ова при посетата на станицата за гранична контрола на А6 кај Вајдхаус во сојузната покраина Баварија.

„Ќе наредам гранични контрола на сите внатрешни граници што ги има Германија со соседните земји навреме, пред Европското фудбалско првенство“, рече таа.

„Идентификувавме околу 6.000 нелегални влезови од средината на октомври 2023 година, фативме 130 шверцери и спречивме 1.900 луѓе да влезат илегално во земјата“, додаде таа.

Целосната контрола на германските граници треба да трае до крајот на Европското првенство. Тогаш ќе истечат и роковите за граничните контроли со Полска, Чешка и Швајцарија.

Фезер подоцна ќе одлучи за евентуално  продолжување на граничните контроли и по Првенството во фудбал. Контролите на австриската граница веќе се продолжени до ноември, јавуваат германските медиуми.

The post Ќе се вратат контролите на границите поради Европското првенство во Германија appeared first on Република.

]]>

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер донесе одлука за суспендирање на Шенген системот и воведување гранични контроли на сите граници во пресрет на Европското првенство во фудбал, објавија германските медиуми. Првенството ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули годинава. Минатата година министерката се колебаше со месеци за носење ваква одлука, иако беше забележан поголем број илегални миграции. Дури во октомври федералната полиција почна да ги проверува границите со Полска, Чешка, Австрија и Швајцарија, пишува Феникс. Фезер сега воведува контроли на сите надворешни граници на Германија за Европското првенство на кое Германија е домаќин. Таа го соопшти ова при посетата на станицата за гранична контрола на А6 кај Вајдхаус во сојузната покраина Баварија. „Ќе наредам гранични контрола на сите внатрешни граници што ги има Германија со соседните земји навреме, пред Европското фудбалско првенство“, рече таа. „Идентификувавме околу 6.000 нелегални влезови од средината на октомври 2023 година, фативме 130 шверцери и спречивме 1.900 луѓе да влезат илегално во земјата“, додаде таа. Целосната контрола на германските граници треба да трае до крајот на Европското првенство. Тогаш ќе истечат и роковите за граничните контроли со Полска, Чешка и Швајцарија. Фезер подоцна ќе одлучи за евентуално  продолжување на граничните контроли и по Првенството во фудбал. Контролите на австриската граница веќе се продолжени до ноември, јавуваат германските медиуми.

The post Ќе се вратат контролите на границите поради Европското првенство во Германија appeared first on Република.

]]>
Босна прокоцка победа против Украина за пласман на ЕП https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/bosna-prokotska-pobeda-protiv-ukraina-za-plasman-na-ep/ Fri, 22 Mar 2024 07:57:46 +0000 https://republika.mk/?p=757238

Фудбалските репрезентации на Украина, Исланд, Велс и Полска се пласираа синоќа во финалето на баражот за пласман на Европското првенство кое ова лето ќе се одржи во Германија.

Во најдраматичниот од четирите бараж полуфинални пресметки Украина со два гола во самата завршница ја совлада Босна и Херцеговина со 2-1 во Зеница.

Дедиќ во 58 минута донесе водство за БиХ, пред Јаремчук во 85 минута да го израмни резултатот, а само три минути подоцна Довбик донесе целосен резултатски пресврт.

Противник на Украина во финалето кое ќе се игра на неутрален терен ќе биде Исланд, кој во Будимпешта го совлада Израел со 4-1.

Победникот од овој дуел ќе биде дел од групата Е на ЕУРО 2024 заедно со Белгија, Романија и Словачка.

Во второто финале кое е на програмата во вторник во Кардиф ќе играат Велс и Полска.

Велс во Кардиф изминатата вечер ја совлада Финска со 4-1, додека Полска во Варшава триумфираше убедливо над Естонија со 5-1.

Победникот од дуелот меѓу Велс и Полска ќе игра во групата Д против Холандија, Франција и Австрија

The post Босна прокоцка победа против Украина за пласман на ЕП appeared first on Република.

]]>

Фудбалските репрезентации на Украина, Исланд, Велс и Полска се пласираа синоќа во финалето на баражот за пласман на Европското првенство кое ова лето ќе се одржи во Германија. Во најдраматичниот од четирите бараж полуфинални пресметки Украина со два гола во самата завршница ја совлада Босна и Херцеговина со 2-1 во Зеница. Дедиќ во 58 минута донесе водство за БиХ, пред Јаремчук во 85 минута да го израмни резултатот, а само три минути подоцна Довбик донесе целосен резултатски пресврт. Противник на Украина во финалето кое ќе се игра на неутрален терен ќе биде Исланд, кој во Будимпешта го совлада Израел со 4-1. Победникот од овој дуел ќе биде дел од групата Е на ЕУРО 2024 заедно со Белгија, Романија и Словачка. Во второто финале кое е на програмата во вторник во Кардиф ќе играат Велс и Полска. Велс во Кардиф изминатата вечер ја совлада Финска со 4-1, додека Полска во Варшава триумфираше убедливо над Естонија со 5-1. Победникот од дуелот меѓу Велс и Полска ќе игра во групата Д против Холандија, Франција и Австрија

The post Босна прокоцка победа против Украина за пласман на ЕП appeared first on Република.

]]>
Три репрезентации ќе обезбедат пласман на Евро 2024 преку Лигата на нации https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/tri-reprezentacii-kje-obezbedat-plasman-na-evro-2024-preku-ligata-na-nacii/ Thu, 09 Jun 2022 19:14:14 +0000 https://republika.mk/?p=513325

Европската фудбалска федерација (УЕФА) донесе конечна одлука, на следното Европско првенство што ќе се игра во 2024 година, три селекции ќе обезбедат пласман преку Лигата на нации.
На Евро 2024 ќе учествуваат 24 селекции, а единствен сигурен учесник е домаќинот Германија, додека 20 репрезентации ќе обезбедат пласман преку квалификациите, а три преку Лигата на нации.

– За Евро 2024 ќе бидат осигурани три места преку Лигата на нации. Ќе бидат одредени 12 тима кои ќе играат плеј-оф, а во прашање се 12 победници на групите во дивизиите А, Б и Ц. Ако победниците во овие групи веќе обезбедиле место на ЕП преку редовните квалификации, тогаш ќе бидат заменети со најдоброрангираните селекции од нивната дивизија. Доколку во дивизијата нема доволно селекции што не се квалификувале низ квалификациите, баражот ќе се пополни со селекции од следната по квалитет дивизија, заклучно и со дивизијата Д – стои во соопштението на УЕФА.

Токму преку настапите во Лигата на нации, фудбалската репрезентација на Македонија го обезбеди историскиот пласман на Евро 2020. Македонија пред две години како најдобра селекција од дивизијата Д се пласира на ЕП.

The post Три репрезентации ќе обезбедат пласман на Евро 2024 преку Лигата на нации appeared first on Република.

]]>

Европската фудбалска федерација (УЕФА) донесе конечна одлука, на следното Европско првенство што ќе се игра во 2024 година, три селекции ќе обезбедат пласман преку Лигата на нации. На Евро 2024 ќе учествуваат 24 селекции, а единствен сигурен учесник е домаќинот Германија, додека 20 репрезентации ќе обезбедат пласман преку квалификациите, а три преку Лигата на нации. – За Евро 2024 ќе бидат осигурани три места преку Лигата на нации. Ќе бидат одредени 12 тима кои ќе играат плеј-оф, а во прашање се 12 победници на групите во дивизиите А, Б и Ц. Ако победниците во овие групи веќе обезбедиле место на ЕП преку редовните квалификации, тогаш ќе бидат заменети со најдоброрангираните селекции од нивната дивизија. Доколку во дивизијата нема доволно селекции што не се квалификувале низ квалификациите, баражот ќе се пополни со селекции од следната по квалитет дивизија, заклучно и со дивизијата Д – стои во соопштението на УЕФА. Токму преку настапите во Лигата на нации, фудбалската репрезентација на Македонија го обезбеди историскиот пласман на Евро 2020. Македонија пред две години како најдобра селекција од дивизијата Д се пласира на ЕП.

The post Три репрезентации ќе обезбедат пласман на Евро 2024 преку Лигата на нации appeared first on Република.

]]>