Европско првенство маратон во Данска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evropsko-prvenstvo-maraton-vo-danska/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Aug 2024 07:00:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Европско првенство маратон во Данска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evropsko-prvenstvo-maraton-vo-danska/ 32 32 Велосипедистката Дуња Иванова е единствена македонска претставничка на Европското првенство Маратон во Данска https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/velosipedistkata-duna-ivanova-e-edinstvena-makedonska-pretstavnichka-na-evropskoto-prvenstvo-maraton-vo-danska/ Wed, 14 Aug 2024 07:00:28 +0000 https://republika.mk/?p=806320

Македонскиот велосипедски спорт во името на Дуња Иванова првпат има свој претставник на Европско првенство во Маратон кое ќе се одржи во Виборг, Данска.

На 18. август, Виборг, градот домаќин на Европското првенство во планински велосипедизам Маратон, ќе биде сцената за најдобрите натпреварувачи во машка и женска конкуренција.

Иванова, како претставник на Велосипедската федерација на Македонија, ќе стартува во елитната женска сениорска категорија во конкуренција со најсилните претставници на националните тимови на сите европски земји. Дистанцата од 75км и 1800м висинско искачување која ја најавува организаторот, од возачите ќе бара подготвеност за брзи и технички козји патеки и прилагодување кон различни подлоги на теренот.

Задоволство е да се почувствува свежина и подготвеност во Велосипедската федерација на Македонија за поддршка кон иницијативите на клубовите и нивните возачи, зашто токму оттаму потекнува и фундаментот за постоење на овој спорт воопшто. Со голема посветеност и низа сериозни настапи и резултати во Германија, Италија, Шпанија, Грција, Србија кои се зад нас како дел од оваа натпреварувачка сезона, сега нашиот фокус е кон натпреварот во Виборг. Посакуваме да имаме добар ден, малку среќа и успех за кој знаеме дека неминовно доаѓа како резултат на нашата посветеност, вели Љубиша Кондев, тренер и еден од основачите на ВК Енерџи.

Дуња Иванова е државен првак во планински велосипедизам, со бројни домашни и меѓународни подиуми.

The post Велосипедистката Дуња Иванова е единствена македонска претставничка на Европското првенство Маратон во Данска appeared first on Република.

]]>

Македонскиот велосипедски спорт во името на Дуња Иванова првпат има свој претставник на Европско првенство во Маратон кое ќе се одржи во Виборг, Данска. На 18. август, Виборг, градот домаќин на Европското првенство во планински велосипедизам Маратон, ќе биде сцената за најдобрите натпреварувачи во машка и женска конкуренција. Иванова, како претставник на Велосипедската федерација на Македонија, ќе стартува во елитната женска сениорска категорија во конкуренција со најсилните претставници на националните тимови на сите европски земји. Дистанцата од 75км и 1800м висинско искачување која ја најавува организаторот, од возачите ќе бара подготвеност за брзи и технички козји патеки и прилагодување кон различни подлоги на теренот.