европско кино Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evropsko-kino/ За подобро да се разбереме Sat, 18 Jun 2022 11:33:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png европско кино Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evropsko-kino/ 32 32 Европско кино под отворено небо во Кичево и Штип https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/evropsko-kino-pod-otvoreno-nebo-vo-kichevo-i-shtip/ Sat, 18 Jun 2022 11:33:30 +0000 https://republika.mk/?p=516640

На 18 и 19 јуни „Европското патувачко кино под отворено небо“ ќе се одржи во Китино кале во Кичево, а на 24 и 25 јуни на летната сцена на Младинскиот центар во Штип.

Притоа ќе бидат прикажани шест нови европски долгометражни филмови – повеќето од нив наградувани, кои се израз на европската креативност и разноликост и нудат по нешто за сечиј вкус, како и шест македонски краткометражни, од кои некои се исто така наградувани на разни филмски фестивали, но и омилени меѓу домашните љубители на филмот. Проекциите започнуваат во 20:30 часот, а по нив ќе следат разговори со филмските критичари Влатко Галевски, Златко Ѓелески и Јована Ѓорѓијоска, како и нивните гости, стручњаци за темите со кои се занимаваат филмовите.

Годинешната селекција на долгометражни филмови ги вклучува „Лавкат“ (Lovecut) од Австрија, „Смената“ (The Shift) од Италија и Белгија, „Маре“ (Mare) од Швајцарија и Хрватска, „Надеж“ (Hope) од Норвешка, Шведска и Данска, „Атлас“ (Atlas) од Швајцарија, Белгија и Италија и „Вселенското момче“ (Space Boy) од Белгија.

Годинава започна во Валандово на 13 и 14 јуни пред салата „Јанко Узунов“. Влезот за филмските проекции е бесплатен.

The post Европско кино под отворено небо во Кичево и Штип appeared first on Република.

]]>

На 18 и 19 јуни „Европското патувачко кино под отворено небо“ ќе се одржи во Китино кале во Кичево, а на 24 и 25 јуни на летната сцена на Младинскиот центар во Штип. Притоа ќе бидат прикажани шест нови европски долгометражни филмови – повеќето од нив наградувани, кои се израз на европската креативност и разноликост и нудат по нешто за сечиј вкус, како и шест македонски краткометражни, од кои некои се исто така наградувани на разни филмски фестивали, но и омилени меѓу домашните љубители на филмот. Проекциите започнуваат во 20:30 часот, а по нив ќе следат разговори со филмските критичари Влатко Галевски, Златко Ѓелески и Јована Ѓорѓијоска, како и нивните гости, стручњаци за темите со кои се занимаваат филмовите. Годинешната селекција на долгометражни филмови ги вклучува „Лавкат“ (Lovecut) од Австрија, „Смената“ (The Shift) од Италија и Белгија, „Маре“ (Mare) од Швајцарија и Хрватска, „Надеж“ (Hope) од Норвешка, Шведска и Данска, „Атлас“ (Atlas) од Швајцарија, Белгија и Италија и „Вселенското момче“ (Space Boy) од Белгија. Годинава започна во Валандово на 13 и 14 јуни пред салата „Јанко Узунов“. Влезот за филмските проекции е бесплатен.

The post Европско кино под отворено небо во Кичево и Штип appeared first on Република.

]]>