Европскиот суд за човекови права Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evropskiot-sud-za-chovekovi-prava/ За подобро да се разбереме Thu, 11 May 2023 14:09:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Европскиот суд за човекови права Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evropskiot-sud-za-chovekovi-prava/ 32 32 Министерот за правда ги информираше САД, ЕУ и Стразбур дека Бугарија не ги спроведува пресудите на Судот за човекови права https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-za-pravda-gi-informirashe-sad-eu-i-strazbur-deka-bugarija-ne-gi-sproveduva-presudite-na-sudot-za-chovekovi-prava/ Thu, 11 May 2023 14:13:56 +0000 https://republika.mk/?p=639787

Министерот за правда Кренар Лога испрати дописи до Амбасадата на САД во Република Македонија, Делегацијата на ЕУ, Мисијата на ОБСЕ и Програмската канцеларија на Советот на Европа со кои ги информира за неспроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права од страна на Република Бугарија.

Во дописот, што е испратен заедно со 14-те пресуди, информираа од Министерството за правда, посочено е дека се бара поддршка од меѓународната заедница во делот на унапредувањето и заштитата на човековите права.

- Исполнувањето на оваа цел подразбира постоење на континуирана заложба и за доследно почитување на меѓународните обврски кои Република Македонија ги има превземено како земја која моментално е во процесот на евроинтеграции.Почитувањето на меѓународни документи е исклучително важен сегмент за кој особено земјите членки на ЕУ, но и земјите кои претендираат да добијат членство во ЕУ е неопходно да се залагаат, стои во соопштението од МП.

Меѓународната заедница, се посочува, претставува исклучително важен партнер на Република Македонија, кој е вклучен во сите реформски процеси и партнер кој несомнено цврсто и доследно се залага за почитување на владеењето на правото.

- Оттука, Министерството за правда смета дека е од особена важност да се актуелизира прашањето за неспроведувањето на пресуди на ЕСЧП , истакнувајќи ја потребата од поддршка од меѓународната заедница за доследно спроведување на пресудите на судот, се вели во соопштението од МП. цр/са/

Фото:Министерство за правда

The post Министерот за правда ги информираше САД, ЕУ и Стразбур дека Бугарија не ги спроведува пресудите на Судот за човекови права appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда Кренар Лога испрати дописи до Амбасадата на САД во Република Македонија, Делегацијата на ЕУ, Мисијата на ОБСЕ и Програмската канцеларија на Советот на Европа со кои ги информира за неспроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права од страна на Република Бугарија. Во дописот, што е испратен заедно со 14-те пресуди, информираа од Министерството за правда, посочено е дека се бара поддршка од меѓународната заедница во делот на унапредувањето и заштитата на човековите права. - Исполнувањето на оваа цел подразбира постоење на континуирана заложба и за доследно почитување на меѓународните обврски кои Република Македонија ги има превземено како земја која моментално е во процесот на евроинтеграции.Почитувањето на меѓународни документи е исклучително важен сегмент за кој особено земјите членки на ЕУ, но и земјите кои претендираат да добијат членство во ЕУ е неопходно да се залагаат, стои во соопштението од МП. Меѓународната заедница, се посочува, претставува исклучително важен партнер на Република Македонија, кој е вклучен во сите реформски процеси и партнер кој несомнено цврсто и доследно се залага за почитување на владеењето на правото. - Оттука, Министерството за правда смета дека е од особена важност да се актуелизира прашањето за неспроведувањето на пресуди на ЕСЧП , истакнувајќи ја потребата од поддршка од меѓународната заедница за доследно спроведување на пресудите на судот, се вели во соопштението од МП. цр/са/ Фото:Министерство за правда

The post Министерот за правда ги информираше САД, ЕУ и Стразбур дека Бугарија не ги спроведува пресудите на Судот за човекови права appeared first on Република.

]]>
Судот за човекови права во Стразбур го скрати рокот за поднесување барања од шест на четири месеци https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sudot-za-chovekovi-prava-vo-strazbur-go-skrati-rokot-za-podnesuvanje-baranja-od-shest-na-chetiri-meseci/ Tue, 04 Jan 2022 07:48:13 +0000 https://republika.mk/?p=440249

Од 1 февруари, рокот за поднесување барање до Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) ќе се скрати од шест на четири месеци по конечната одлука на највисокиот домашен суд.

Промената на рокот за поднесување барања до Судот произлегува од Протоколот број 15 кон Европската конвенција за човекови права и потенцијално се однесува на 830 милиони луѓе кои живеат во 47-те земји-членки на Советот на Европа кои се потписнички на оваа конвенција.

Од 1 февруари 2022 година, рокот за поднесување барање до Европскиот суд за човекови права ќе се скрати од шест на четири месеци од конечната домашна судска одлука во случајот (обично пресуда на највисокиот суд во земјата) - соопшти судот.

Текстот за изменување и дополнување на Конвенцијата стапи во сила на 1 август 2021 година, но предвидуваше преоден период до 1 февруари 2022 година пред амандманот да стапи во сила.

Од 1 февруари подносителите и нивните адвокати ќе треба да го испочитуваат новиот рок за поднесување барања до ЕСЧП, во спротивно нивното барање ќе биде прогласено за неприфатливо - соопшти судот.

ЕСЧП е меѓународен трибунал основан во 1959 година со седиште во Стразбур. Одлучува за поединечни или меѓународни барања кои се однесуваат на повреди на граѓански и политички права содржани во Европската конвенција за човекови права. Конвенцијата ја ратификуваа 47 земји.

До Судот секој година пристигнуваат по повеќе од 50.000 нови барања.

The post Судот за човекови права во Стразбур го скрати рокот за поднесување барања од шест на четири месеци appeared first on Република.

]]>

Од 1 февруари, рокот за поднесување барање до Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) ќе се скрати од шест на четири месеци по конечната одлука на највисокиот домашен суд. Промената на рокот за поднесување барања до Судот произлегува од Протоколот број 15 кон Европската конвенција за човекови права и потенцијално се однесува на 830 милиони луѓе кои живеат во 47-те земји-членки на Советот на Европа кои се потписнички на оваа конвенција.
Од 1 февруари 2022 година, рокот за поднесување барање до Европскиот суд за човекови права ќе се скрати од шест на четири месеци од конечната домашна судска одлука во случајот (обично пресуда на највисокиот суд во земјата) - соопшти судот.
Текстот за изменување и дополнување на Конвенцијата стапи во сила на 1 август 2021 година, но предвидуваше преоден период до 1 февруари 2022 година пред амандманот да стапи во сила.
Од 1 февруари подносителите и нивните адвокати ќе треба да го испочитуваат новиот рок за поднесување барања до ЕСЧП, во спротивно нивното барање ќе биде прогласено за неприфатливо - соопшти судот.
ЕСЧП е меѓународен трибунал основан во 1959 година со седиште во Стразбур. Одлучува за поединечни или меѓународни барања кои се однесуваат на повреди на граѓански и политички права содржани во Европската конвенција за човекови права. Конвенцијата ја ратификуваа 47 земји. До Судот секој година пристигнуваат по повеќе од 50.000 нови барања.

The post Судот за човекови права во Стразбур го скрати рокот за поднесување барања од шест на четири месеци appeared first on Република.

]]>