Европски зелен договор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evropski-zelen-dogovor/ За подобро да се разбереме Mon, 08 Jan 2024 08:12:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Европски зелен договор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evropski-zelen-dogovor/ 32 32 Белгиското претседателство со ЕУ под притисок за заокружување на клучните досиеја од Зелениот договор https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/belgiskoto-pretsedatelstvo-so-eu-pod-pritisok-za-zaokruzhuvane-na-kluchnite-dosieja-od-zeleniot-dogovor/ Mon, 08 Jan 2024 08:20:21 +0000 https://republika.mk/?p=730757

Новиот претседавач со ЕУ, Белгија има само осум недели да постигне договор со Европскиот парламент за неколку клучни регулативи поврзани со Зелениот договор за кои се води жестока дебата во Унијата, како оние за правилата за отпадот од амбалажа, за ограничување на емисиите на јаглерод диоксид од камионите и автобусите и за нормите за сертификација на јаглеродот.

Европскиот зелен договор беше еден од основните столбови на програмата за работа на актуелната Европска комисија, но и во последните месеци од нејзиниот петгодишен мандат се уште меѓу институциите на ЕУ и земјите членки не е постигнат компромис за негова целосна операционализација, иако веќе се усвоени неколку значајни законски решенија за климатската акција, енергетската транзиција и заштитата на животната средина.

Негативни импликации врз спроведувањето на Зелениот договор имаа и ковид пандемијата и руската агресија врз Украина, која резултираше со енергетска и економска криза во блокот, проследени со раст на цените на енергенсите и на инфлацијата и зголемување на трошоците за задолжување. На дел од законските решенија од Зелениот договор се противи и бизнис секторот во ЕУ, особено за регулативите за пластичен отпад и за ограничување на емисиите на штетни гасови од возилата.

Сето ова го зголеми притисокот врз Европската комисија за „забавување“ на зелената транзиција, пред се во делот на префрлање на обновливи извори на енергија и плановите за затворање на електраните на фосилни горива.

Дел од аналитичарите проценуваат дека во последната година од мандатот на Комисијата предводена од Урсула фон дер Лајен видлив е „еден вид зелен замор“ во Унијата и се поочигледно е дека одредени структури ќе го наметнат прашањето за политиките за заштита на животната средина во кампањата за европските избори во јуни годинава, како една од линиите на раздвојување меѓу политичките субјекти.

Дури и политичката групација на Фон дер Лајен, Европската народна партија (ЕПП) беше на прагот да го блокира Предлог-законот за обнова на природата, кој сепак помина со тесно мнозинство во Европскиот парламент, благодарение на поддршката социјалдемократите, либералите, зелените, левичарските и европратеници кои не се дел од партиските групации.

Во вакви услови Белгија, како претседавач со ЕУ во првите шест месеци од годинава, за време на чиј мандат и ќе се одржи гласањето на новиот состав на Европарламентот, ќе има тешка задача да ги протурка преостанатите законски досиеја од еколошката сфера пред европските избори. За да успее во тоа, договорот меѓу Советот на ЕУ и Европскиот парламент за текстот на законските решенија мора да биде постигнат до крајот на февруари.

Дополнителен притисок врз Белгија е и фактот што заедно со европските во оваа земја ќе се одржуваат и избори за Федералниот парламент и за регионалните законодавни тела на Брисел, Валонија, Фландрија и на Германската национална заедница.

Во своите приоритети за претседавањето со ЕУ, Белгија наведе само неколку од неусвоените регулативи поврзани со зелена политика кои експлицитно би сакала да бидат усвоени, како Рамката за сертификација за отстранување на јаглерод (ЦРЦФ), чија цел е намалување на јаглеродниот отпечаток во ЕУ, потоа стандардите за емисиите на јаглерод диоксидот од тешките товарни возила и автобуси, како и Регулативата за амбалажа и отпад од амбалажата, наменета за намалување на количеството на фрлена амбалажа на 181 килограм годишно по глава на жител.

Белгија ќе ги претставува земјите членки во преговорите со Европскиот парламент, со посредство на Еврокомисијата, формат познат како „тријалог“, што се одвива зад затворени врати. Во текот на тие преговори ќе мора да се имаат предвид и националните интереси на земјите членки, како на пример инсистирањето на Белгија и Чешка за слични правилата за фрлање на шишињата од пиво, како за амбалажата од вино, потоа предлозите за ограничување на пакувањата за брз храна или одредбите за рециклирање.

Еколошките организации и активисти инсистираат овие регулативи да се донесат во мандатот на сегашниот парламентарен состав, бидејќи стравуваат дека следниот Европски парламент ќе биде „помалку прогресивен“, односно во него ќе има поголем број европратеници од редовите на десничарските партии кои имаат резерви или отворено се противат на зелените планови.

Бидејќи евроизборите се закажани за периодот од 6 до 9 јуни, тоа ќе значи дека финалните договори во рамки на „тријалогот“ треба да бидат постигнати најдоцна до почетокот на март, за да може да бидат усвоени до последната пленарна сесија на Европскиот парламент што ќе се одржи кон крајот на април.

За останатите зелени досиеја, како она за двојно намалување на употребата на пестициди, Белгија планира да се обиде да склучи т.н. меѓувладини договори, по кои Советот на ЕУ би можел да почне преговори со европратениците по летните одмори. Разговорите за ваквите договори би можеле да продолжат до истекот на белгиското претседавање, односно до крајот на јуни. Белгија, исто така, се надева на меѓувладини договори, односно обезбедување преговарачки мандат од земјите членки и за новите правила на ЕУ за генетски модифицирани култури и за Директивата за квалитет на амбиенталниот воздух.

The post Белгиското претседателство со ЕУ под притисок за заокружување на клучните досиеја од Зелениот договор appeared first on Република.

]]>

Новиот претседавач со ЕУ, Белгија има само осум недели да постигне договор со Европскиот парламент за неколку клучни регулативи поврзани со Зелениот договор за кои се води жестока дебата во Унијата, како оние за правилата за отпадот од амбалажа, за ограничување на емисиите на јаглерод диоксид од камионите и автобусите и за нормите за сертификација на јаглеродот. Европскиот зелен договор беше еден од основните столбови на програмата за работа на актуелната Европска комисија, но и во последните месеци од нејзиниот петгодишен мандат се уште меѓу институциите на ЕУ и земјите членки не е постигнат компромис за негова целосна операционализација, иако веќе се усвоени неколку значајни законски решенија за климатската акција, енергетската транзиција и заштитата на животната средина. Негативни импликации врз спроведувањето на Зелениот договор имаа и ковид пандемијата и руската агресија врз Украина, која резултираше со енергетска и економска криза во блокот, проследени со раст на цените на енергенсите и на инфлацијата и зголемување на трошоците за задолжување. На дел од законските решенија од Зелениот договор се противи и бизнис секторот во ЕУ, особено за регулативите за пластичен отпад и за ограничување на емисиите на штетни гасови од возилата. Сето ова го зголеми притисокот врз Европската комисија за „забавување“ на зелената транзиција, пред се во делот на префрлање на обновливи извори на енергија и плановите за затворање на електраните на фосилни горива. Дел од аналитичарите проценуваат дека во последната година од мандатот на Комисијата предводена од Урсула фон дер Лајен видлив е „еден вид зелен замор“ во Унијата и се поочигледно е дека одредени структури ќе го наметнат прашањето за политиките за заштита на животната средина во кампањата за европските избори во јуни годинава, како една од линиите на раздвојување меѓу политичките субјекти. Дури и политичката групација на Фон дер Лајен, Европската народна партија (ЕПП) беше на прагот да го блокира Предлог-законот за обнова на природата, кој сепак помина со тесно мнозинство во Европскиот парламент, благодарение на поддршката социјалдемократите, либералите, зелените, левичарските и европратеници кои не се дел од партиските групации. Во вакви услови Белгија, како претседавач со ЕУ во првите шест месеци од годинава, за време на чиј мандат и ќе се одржи гласањето на новиот состав на Европарламентот, ќе има тешка задача да ги протурка преостанатите законски досиеја од еколошката сфера пред европските избори. За да успее во тоа, договорот меѓу Советот на ЕУ и Европскиот парламент за текстот на законските решенија мора да биде постигнат до крајот на февруари. Дополнителен притисок врз Белгија е и фактот што заедно со европските во оваа земја ќе се одржуваат и избори за Федералниот парламент и за регионалните законодавни тела на Брисел, Валонија, Фландрија и на Германската национална заедница. Во своите приоритети за претседавањето со ЕУ, Белгија наведе само неколку од неусвоените регулативи поврзани со зелена политика кои експлицитно би сакала да бидат усвоени, како Рамката за сертификација за отстранување на јаглерод (ЦРЦФ), чија цел е намалување на јаглеродниот отпечаток во ЕУ, потоа стандардите за емисиите на јаглерод диоксидот од тешките товарни возила и автобуси, како и Регулативата за амбалажа и отпад од амбалажата, наменета за намалување на количеството на фрлена амбалажа на 181 килограм годишно по глава на жител. Белгија ќе ги претставува земјите членки во преговорите со Европскиот парламент, со посредство на Еврокомисијата, формат познат како „тријалог“, што се одвива зад затворени врати. Во текот на тие преговори ќе мора да се имаат предвид и националните интереси на земјите членки, како на пример инсистирањето на Белгија и Чешка за слични правилата за фрлање на шишињата од пиво, како за амбалажата од вино, потоа предлозите за ограничување на пакувањата за брз храна или одредбите за рециклирање. Еколошките организации и активисти инсистираат овие регулативи да се донесат во мандатот на сегашниот парламентарен состав, бидејќи стравуваат дека следниот Европски парламент ќе биде „помалку прогресивен“, односно во него ќе има поголем број европратеници од редовите на десничарските партии кои имаат резерви или отворено се противат на зелените планови. Бидејќи евроизборите се закажани за периодот од 6 до 9 јуни, тоа ќе значи дека финалните договори во рамки на „тријалогот“ треба да бидат постигнати најдоцна до почетокот на март, за да може да бидат усвоени до последната пленарна сесија на Европскиот парламент што ќе се одржи кон крајот на април. За останатите зелени досиеја, како она за двојно намалување на употребата на пестициди, Белгија планира да се обиде да склучи т.н. меѓувладини договори, по кои Советот на ЕУ би можел да почне преговори со европратениците по летните одмори. Разговорите за ваквите договори би можеле да продолжат до истекот на белгиското претседавање, односно до крајот на јуни. Белгија, исто така, се надева на меѓувладини договори, односно обезбедување преговарачки мандат од земјите членки и за новите правила на ЕУ за генетски модифицирани култури и за Директивата за квалитет на амбиенталниот воздух.

The post Белгиското претседателство со ЕУ под притисок за заокружување на клучните досиеја од Зелениот договор appeared first on Република.

]]>
„Европски зелен договор: обезбедување ефикасен, безбеден и еколошки транспорт“-дебата во резиденцијата на ЕУ во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/evropski-zelen-dogovor-obezbeduvanje-efikasen-bezbeden-i-ekoloshki-transport-debata-vo-rezidencijata-na-eu-vo-skopje/ Thu, 21 Apr 2022 10:23:43 +0000 https://republika.mk/?p=491692

„Европски зелен договор: обезбедување ефикасен, безбеден и еколошки транспорт“ е насловот на дебатата инспирирана од тековната изложба „Розови тигри и златни гуштери и што уште не“, што вчера се одржа во резиденцијата на Европската Унија во Скопје. Студенти, експерти од областа, претставници на Универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ и „Св. Климент Охридски“ ги споделија своите искуства, знаења, но и перспективи како во нашата земја да стигнеме до поодржлив транспорт.

Вовед за изложбата даде Бојан Георгиевски од галеријата „Акантус“, која и ја осмисли изложбата. Учествуваа: Дарко Мицески, раководител на сектор за ЕУ и ИПА координатор-дел транспорт во Министерството за транспорт и врски, Марко Ицев од Центарот за урбано истражување „План 42“, Пеце Андоновски од Министерството за економија, проф. д-р Дарко Данев, декан на Машинскиот факултет во Скопје, проф. д-р Верица Данчевска, експерт за сообраќајна политика и транспортна економика на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, Јадранка Стефкова, советничка за планирање на економскиот развој во Велес и Филип Миленкоски – млад европски амбасадор. Модератор беше Мила Јовановска од „Биди зелен“.

Да се покрене свеста за нашата околина, повеќе да се користи велосипедот како превозно средство, да се подобри патната инфраструктура, како и јавниот транспорт за да се намали загадувањето, но и да се воведат поригорозни правила за увоз на стари возила, ова се дел од заклучоците на дебатата.

Ако имаме подобри патишта, ќе добиеме побрз транспорт, помалку штетни емисии, ќе се намали времето на патување, а тоа се реални придобивки. Во секое домаќинство имаме премногу возила, колку членови – толку возила. Апелираме да се намали нивниот број. Мораме да почнеме со тоа што го имаме и што е реално да се прави. Треба да се оди чекор по чекор, да се едуцираме да знаеме што се придобивките од одржлив транспорт. Ние сите упорно користиме автомобили, правиме сообраќаен метеж и кога не треба – велат студентите и експертите на дебатата.

Многу е важно да се постават построги правила за увоз на стари автомобили и старосната година да биде повисока - потенцира проф. д-р Верица Данчевска.

Кога се работи за знаење, во нашата држава немаме проблем со тоа. Имаме голем капацитет на научници и професори, но нашиот проблем е политизацијата од сите аспекти, во сите сфери. Се прави национална стратегија, една власт за четири години сака резултати и потоа доаѓа до промена на власта и некои проекти одеднаш не важат, а тоа не смее да се случува. Ние дозволивме увоз на многу стари возила од странство, а тоа е голем проблем - вели Данчевска.

Во Македонија годишно се увезуваат во просек по 40.000 возила. Во 2021 година сме имале околу 500.600 возила, од кои 55 проценти се дизел, 43 проценти се бензин, а само 3 проценти користат алтернативно гориво, вели Пеце Андоновски од Министерството за економија.

Поразителна е староста на возилата – кај нас просечна старост на патничките возила е над 19,5 години! За транспортните возила е нешто над 18,8 години - посочи Андоновски.

Општина Велес беше издвоена како позитивен пример за преземање вистинска мерки за намалување на сообраќајниот хаос и на големото загадување, благодарение и на вклучувањето на Општината во европски проекти. Јадранка Стефкова објасни дека тие прво се фокусирани на пешачка и велосипедска инфраструктура со цел да се олесни сообраќајот во централното градско подрачје и да се подобри јавниот превоз.

Во Велес се возат многу возила, така што загадувањето е енормно. Решивме да ги следиме препораките на Европската Унија и станавме дел од европска мрежа во која има градови од цела Југоисточна Европа, како и европски земји, и можеме да видиме како тие приоѓаат кон решавање  слични проблеми на нашите. Одлучивме да почнеме да работиме стратешки и направивме прв план за сообраќајна мобилност. Планот го направивме врз основа на анкета извршена врз 4.500 граѓани, што е 10 отсто од населението. Најлошиот резултат беше фактот дека 53 проценти од населението користат автомобил и тоа за растојание што се поминува со велосипед, а само 1 процент користат велосипед – вели Стефкова и додава дека општините немаат пари, ама не треба да седат со скрстени раце, туку треба да ги користат европските фондови што се на располагање.

Дали електричните возила се иднината во нашата земја и можно решение на намалувањето на загадувањето?

Според Дарко Мицески, хибридните возила како преодна фаза се можеби најоптимални во овој период за нас.

Тие користат многу помалку гориво, а функционираат на хибриден режим на работа кој не загадува колку класичните моторни возила - Мицески.

Сепак, сите учесници во дебатата се согласија дека немаме добра инфраструктура за овие возила, кои се многу скапи за македонскиот животен стандард.

Низ градовите треба да има повеќе полначи, да може да се користат сончеви панели за да се користат обновливи извори на енергија - предложија студентите.

Младиот европски амбасадор Филип Миленкоски истакна дека младите често ги избираат електричните скутери како превозно средство, но дека и тие законски не се добро регулирани. Тој повика да се подобри велосипедската култура, а посочи дека се дискриминирани студентите на приватните универзитети бидејќи не добиваат бесплатен автобуски превоз.

За деканот на Машински, Дарко Данев, ние сè уште не сме дораснати да зборуваме за електричните возила, кои, според него, се „класична демагогија“, најмногу затоа што начинот на кој се создаваат воопшто не е еколошки.

Транспортот е мултидисциплинарна приказна, сите учествуваме и сме консументи. Имам впечаток дека домашното воспитување исчезна и на тоа мора многу да се работи! Ние немаме почит кон ништо и никаква одговорност. И самиот знам да паркирам пред автобуска постојка, не почитувајќи го притоа возачот на автобусот, ни другите учесници во сообраќајот. Мора да работиме на сообраќајната култура, особено со децата од најмала возраст - вели Данев.

Учесниците на дебатата се согласија дека позитивниот пример на Велес треба да го следат и другите општини и Скопје.

The post „Европски зелен договор: обезбедување ефикасен, безбеден и еколошки транспорт“-дебата во резиденцијата на ЕУ во Скопје appeared first on Република.

]]>

„Европски зелен договор: обезбедување ефикасен, безбеден и еколошки транспорт“ е насловот на дебатата инспирирана од тековната изложба „Розови тигри и златни гуштери и што уште не“, што вчера се одржа во резиденцијата на Европската Унија во Скопје. Студенти, експерти од областа, претставници на Универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ и „Св. Климент Охридски“ ги споделија своите искуства, знаења, но и перспективи како во нашата земја да стигнеме до поодржлив транспорт. Вовед за изложбата даде Бојан Георгиевски од галеријата „Акантус“, која и ја осмисли изложбата. Учествуваа: Дарко Мицески, раководител на сектор за ЕУ и ИПА координатор-дел транспорт во Министерството за транспорт и врски, Марко Ицев од Центарот за урбано истражување „План 42“, Пеце Андоновски од Министерството за економија, проф. д-р Дарко Данев, декан на Машинскиот факултет во Скопје, проф. д-р Верица Данчевска, експерт за сообраќајна политика и транспортна економика на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, Јадранка Стефкова, советничка за планирање на економскиот развој во Велес и Филип Миленкоски – млад европски амбасадор. Модератор беше Мила Јовановска од „Биди зелен“. Да се покрене свеста за нашата околина, повеќе да се користи велосипедот како превозно средство, да се подобри патната инфраструктура, како и јавниот транспорт за да се намали загадувањето, но и да се воведат поригорозни правила за увоз на стари возила, ова се дел од заклучоците на дебатата.
Ако имаме подобри патишта, ќе добиеме побрз транспорт, помалку штетни емисии, ќе се намали времето на патување, а тоа се реални придобивки. Во секое домаќинство имаме премногу возила, колку членови – толку возила. Апелираме да се намали нивниот број. Мораме да почнеме со тоа што го имаме и што е реално да се прави. Треба да се оди чекор по чекор, да се едуцираме да знаеме што се придобивките од одржлив транспорт. Ние сите упорно користиме автомобили, правиме сообраќаен метеж и кога не треба – велат студентите и експертите на дебатата.
Многу е важно да се постават построги правила за увоз на стари автомобили и старосната година да биде повисока - потенцира проф. д-р Верица Данчевска.
Кога се работи за знаење, во нашата држава немаме проблем со тоа. Имаме голем капацитет на научници и професори, но нашиот проблем е политизацијата од сите аспекти, во сите сфери. Се прави национална стратегија, една власт за четири години сака резултати и потоа доаѓа до промена на власта и некои проекти одеднаш не важат, а тоа не смее да се случува. Ние дозволивме увоз на многу стари возила од странство, а тоа е голем проблем - вели Данчевска.
Во Македонија годишно се увезуваат во просек по 40.000 возила. Во 2021 година сме имале околу 500.600 возила, од кои 55 проценти се дизел, 43 проценти се бензин, а само 3 проценти користат алтернативно гориво, вели Пеце Андоновски од Министерството за економија.
Поразителна е староста на возилата – кај нас просечна старост на патничките возила е над 19,5 години! За транспортните возила е нешто над 18,8 години - посочи Андоновски.
Општина Велес беше издвоена како позитивен пример за преземање вистинска мерки за намалување на сообраќајниот хаос и на големото загадување, благодарение и на вклучувањето на Општината во европски проекти. Јадранка Стефкова објасни дека тие прво се фокусирани на пешачка и велосипедска инфраструктура со цел да се олесни сообраќајот во централното градско подрачје и да се подобри јавниот превоз.
Во Велес се возат многу возила, така што загадувањето е енормно. Решивме да ги следиме препораките на Европската Унија и станавме дел од европска мрежа во која има градови од цела Југоисточна Европа, како и европски земји, и можеме да видиме како тие приоѓаат кон решавање  слични проблеми на нашите. Одлучивме да почнеме да работиме стратешки и направивме прв план за сообраќајна мобилност. Планот го направивме врз основа на анкета извршена врз 4.500 граѓани, што е 10 отсто од населението. Најлошиот резултат беше фактот дека 53 проценти од населението користат автомобил и тоа за растојание што се поминува со велосипед, а само 1 процент користат велосипед – вели Стефкова и додава дека општините немаат пари, ама не треба да седат со скрстени раце, туку треба да ги користат европските фондови што се на располагање.
Дали електричните возила се иднината во нашата земја и можно решение на намалувањето на загадувањето? Според Дарко Мицески, хибридните возила како преодна фаза се можеби најоптимални во овој период за нас.
Тие користат многу помалку гориво, а функционираат на хибриден режим на работа кој не загадува колку класичните моторни возила - Мицески.
Сепак, сите учесници во дебатата се согласија дека немаме добра инфраструктура за овие возила, кои се многу скапи за македонскиот животен стандард.
Низ градовите треба да има повеќе полначи, да може да се користат сончеви панели за да се користат обновливи извори на енергија - предложија студентите.
Младиот европски амбасадор Филип Миленкоски истакна дека младите често ги избираат електричните скутери како превозно средство, но дека и тие законски не се добро регулирани. Тој повика да се подобри велосипедската култура, а посочи дека се дискриминирани студентите на приватните универзитети бидејќи не добиваат бесплатен автобуски превоз. За деканот на Машински, Дарко Данев, ние сè уште не сме дораснати да зборуваме за електричните возила, кои, според него, се „класична демагогија“, најмногу затоа што начинот на кој се создаваат воопшто не е еколошки.