европски вредности Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evropski-vrednosti/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Jun 2023 18:44:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png европски вредности Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evropski-vrednosti/ 32 32 Мицкоски со порака од Брисел: Не може власта да има двојни стандарди, зборува за европски вредности, а всушност прават криминал, затоа се потребни избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-so-poraka-od-brisel-ne-mozhe-vlasta-da-ima-dvojni-standardi-zboruva-za-evropski-vrednosti-a-vsushnost-pravat-kriminal-zatoa-se-potrebni-izbori/ Tue, 27 Jun 2023 15:40:03 +0000 https://republika.mk/?p=655738

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска од Брисел за вестите на Алфа истакна дека додека власта зборува за европски вредности прави криминал, кој доаѓа токму од врвот на партиите на власта и затоа се неопходни избори за да може да дојде влада на ВМРО-ДПМНЕ со силна реформска агенда.

Апсолутно неприфатливо е земја кандидат за членство во ЕУ да има такво ниво на криминал и корупција како што тоа се случува во Македонија. Неприфатливо е да бидеме лидери кога станува збор за перцепција на криминал и корупција, а сме истовремено земја кандидат за членство, а истовремено промовираме условно кажано европски вредности од страна на оваа влада на ДУИ поддржана од СДС, рече Мицкоски.

Мицкоски истакна дека пораката од Брисел е дека не може да водиме политика базирана на двојни стандарди, односно од една страна да им е полна устата за европска иднина, а од друга страна да има криминал.

Неколку фамилии, неколку семејства кои се врхушката од една две политички партии кои се дел од владата да бидат главни промотори на криминалот и корупцијата и да се богатат на грбот на граѓаните. Тие две работи не можат да бидат една со друга споиви, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека затоа се потребни предвремени парламентарни избори за што побргу да се удри криминалот во корен, да се намали перцепцијата за корупција и да се направат функционални институции.

И она што е најважно да ја вратиме надежта кај луѓето. Тоа се прави со силна реформска агенда која ВМРО-ДПМНЕ ќе ја донесе како идна влада во Македонија, нагласи Мицкоски.

https://youtu.be/ELTf7Ceq8_M

The post Мицкоски со порака од Брисел: Не може власта да има двојни стандарди, зборува за европски вредности, а всушност прават криминал, затоа се потребни избори appeared first on Република.

]]>

Баербок во посета на мигрантски камп: ЕУ треба да ги чува своите вредности и на надворешните граници https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/baerbok-vo-poseta-na-migrantski-kamp-eu-treba-da-gi-chuva-svoite-vrednosti-i-na-nadvoreshnite-granici/ Thu, 28 Jul 2022 19:13:30 +0000 https://republika.mk/?p=534400

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок, по посета на бегалски камп во Грција, изјави дека Европската Унија треба да ги чува своите вредности и на надворешните граници.

Баербок порача дека земјите од ЕУ треба да направат повеќе за да ги заштитат оние што бараат засолниште од војна и страдање.

Нашите европски вредности важат и на надворешната граница на Европа. Ако не ги одбраниме таму, тие ќе исчезнат - изјави Баербок во интервју за атинскиот весник „Та неа“.

Германската министерка утре треба да се сретне со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и со министерот за надворешни работи Никос Дендиас.

The post Баербок во посета на мигрантски камп: ЕУ треба да ги чува своите вредности и на надворешните граници appeared first on Република.

]]>

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок, по посета на бегалски камп во Грција, изјави дека Европската Унија треба да ги чува своите вредности и на надворешните граници. Баербок порача дека земјите од ЕУ треба да направат повеќе за да ги заштитат оние што бараат засолниште од војна и страдање.