Европски сојуз Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evropski-sojuz/ За подобро да се разбереме Sat, 27 Jan 2024 16:18:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Европски сојуз Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evropski-sojuz/ 32 32 Европскиот сојуз најавува блокада на улиците доколку не се избере член на ДИК https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/evropskiot-sojuz-najavuva-blokada-na-ulitsite-dokolku-ne-se-izbere-chlen-na-dik/ Sat, 27 Jan 2024 16:18:36 +0000 https://republika.mk/?p=737552

Ако не се избере седмиот член на Државната изборна комисија (ДИК), ќе следуваат блокади на улици, најавува Европскиот сојуз за промени.

Се разгледува можноста за блокирање на Собрание, блокирање на улици пред Собрание и Влада. Организирање на секаков вид на искажување на револтот, со цел ДИК да биде комплетирана и сите граѓани во Македонија да имаат можност да гласаат за политичката опција во која веруваат“, кажа лидерот на БЕСА, Билал Касами.

И пратеникот Фадил Зендели денеска побара од новиот претседател на Собранието, Јован Митревски, итно да ѝ наложи на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, да одржи седница и за член на ДИК пред Собраниеto да го предложи кандидатот на албанската опозиција. Доколку не го направи тоа, Зендели сметка дека Митревски ќе се докаже оти коалицијата СДСМ-ДУИ ќе ги фалсификува изборите.

И ВМРО-ДПМНЕ смета дека неизборот на седмиот член на ДИК остава простор за сомнежи, а предлагањето двајца кандидати од Комисијата за избори и именувања води кон ризик ниту еден од нив да не го добие неопходното двотретинско мнозинство.

Од СДСМ доаѓаат оптимистички тонови. Веруваат дека многу бргу, пред да се распишат изборите, ДИК ќе биде комплетирана.

Местото во ДИК е празно цела година, откако Кренар Лога стана министер за правда. Пред Нова Година, Комисијата за избори и именувања, изборот го сведе од 5 на две имиња: Абдуш Демири од Европскиот сојуз за промени и Зулфи Адили од Алијанса, но по предлог на Европската демократска партија на Аријанид Хоџа.

Изборот на член во ДИК ќе ги позиционира партиите: кои се двете најголеми владеачки а кои се двете опозициски партии. Освен членство во ДИК, неформалниот статус на втора опозициска, носи соодветна застапеност во избирачките одбори но и поделба на медиумскиот простор за платено политичко рекламирање.

Според сегашниот Изборен законик, 45 одсто од рекламното време го делат двете најголеми владеачки партии, а другите 45 одсто двете најголеми опозициски партии. 7 одсто ги делат другите парламентарни партии, а само 3 одсто добиваат вонпарламентарните. Освен ако законот не се смени.

 

The post Европскиот сојуз најавува блокада на улиците доколку не се избере член на ДИК appeared first on Република.

]]>

Ако не се избере седмиот член на Државната изборна комисија (ДИК), ќе следуваат блокади на улици, најавува Европскиот сојуз за промени.
Се разгледува можноста за блокирање на Собрание, блокирање на улици пред Собрание и Влада. Организирање на секаков вид на искажување на револтот, со цел ДИК да биде комплетирана и сите граѓани во Македонија да имаат можност да гласаат за политичката опција во која веруваат“, кажа лидерот на БЕСА, Билал Касами.
И пратеникот Фадил Зендели денеска побара од новиот претседател на Собранието, Јован Митревски, итно да ѝ наложи на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, да одржи седница и за член на ДИК пред Собраниеto да го предложи кандидатот на албанската опозиција. Доколку не го направи тоа, Зендели сметка дека Митревски ќе се докаже оти коалицијата СДСМ-ДУИ ќе ги фалсификува изборите. И ВМРО-ДПМНЕ смета дека неизборот на седмиот член на ДИК остава простор за сомнежи, а предлагањето двајца кандидати од Комисијата за избори и именувања води кон ризик ниту еден од нив да не го добие неопходното двотретинско мнозинство. Од СДСМ доаѓаат оптимистички тонови. Веруваат дека многу бргу, пред да се распишат изборите, ДИК ќе биде комплетирана. Местото во ДИК е празно цела година, откако Кренар Лога стана министер за правда. Пред Нова Година, Комисијата за избори и именувања, изборот го сведе од 5 на две имиња: Абдуш Демири од Европскиот сојуз за промени и Зулфи Адили од Алијанса, но по предлог на Европската демократска партија на Аријанид Хоџа. Изборот на член во ДИК ќе ги позиционира партиите: кои се двете најголеми владеачки а кои се двете опозициски партии. Освен членство во ДИК, неформалниот статус на втора опозициска, носи соодветна застапеност во избирачките одбори но и поделба на медиумскиот простор за платено политичко рекламирање. Според сегашниот Изборен законик, 45 одсто од рекламното време го делат двете најголеми владеачки партии, а другите 45 одсто двете најголеми опозициски партии. 7 одсто ги делат другите парламентарни партии, а само 3 одсто добиваат вонпарламентарните. Освен ако законот не се смени.  

The post Европскиот сојуз најавува блокада на улиците доколку не се избере член на ДИК appeared first on Република.

]]>
Партиите од Европски сојуз за промени формираа пратеничка група, координатор Сафије Садики Шаини https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/partiite-od-evropski-sojuz-za-promeni-formiraa-pratenichka-grupa-koordinator-safije-sadiki-shaini/ Mon, 13 Nov 2023 12:33:03 +0000 https://republika.mk/?p=701062

Пратеници од партиите Демократско движење, Движењето Беса и Алтернатива кои се дел од коалицијата Европскиот сојуз за промени од денеска ќе делуваат во една пратеничка група, чиј координатор ќе биде пратеничката Сафије Садики Шаини.

Во групата има шест пратеници и како што рече лидерот на Алтернатива Африм Гаши отворени се за сите кои сакаат да им се приклучат.

По формализирањето на коалицијата нашиот сојуз денеска одлучи да го сплоти пратениците во една пратеничка група. Во духот на одлуката на нашите партиски органи денеска поднесовме до претседателот на Собранието известување дека отсега ќе имаме заедничка пратеничка група, рече Гаши на прес-конференција во Собранието.

На овој начин, истакна Гаши, Европскиот сојуз за промена цели да ги искористи сите можности што ги дава Собранието за делување на пратеничките групи. - Иако пратеничкиот мандат е при крај сметаме дека има многу отворени прашања и процеси повзрани со европската иднина на земјата за што Сојузот е сериозно заинтерсиран да помогне, наведе Гаши.

Тој апелираше претседателот на Собранието Џафери, како што рече, да не го пролонгира изборот на член на Државната изборна комисија кој и следува на опозицијата бидејќи тоа го прави соучесник во непочитувањето на законот.

Заменик координатор на пратеничката група ќе биде пратеничката Мерита Коџаџику.

The post Партиите од Европски сојуз за промени формираа пратеничка група, координатор Сафије Садики Шаини appeared first on Република.

]]>

Пратеници од партиите Демократско движење, Движењето Беса и Алтернатива кои се дел од коалицијата Европскиот сојуз за промени од денеска ќе делуваат во една пратеничка група, чиј координатор ќе биде пратеничката Сафије Садики Шаини. Во групата има шест пратеници и како што рече лидерот на Алтернатива Африм Гаши отворени се за сите кои сакаат да им се приклучат.
По формализирањето на коалицијата нашиот сојуз денеска одлучи да го сплоти пратениците во една пратеничка група. Во духот на одлуката на нашите партиски органи денеска поднесовме до претседателот на Собранието известување дека отсега ќе имаме заедничка пратеничка група, рече Гаши на прес-конференција во Собранието.
На овој начин, истакна Гаши, Европскиот сојуз за промена цели да ги искористи сите можности што ги дава Собранието за делување на пратеничките групи. - Иако пратеничкиот мандат е при крај сметаме дека има многу отворени прашања и процеси повзрани со европската иднина на земјата за што Сојузот е сериозно заинтерсиран да помогне, наведе Гаши. Тој апелираше претседателот на Собранието Џафери, како што рече, да не го пролонгира изборот на член на Државната изборна комисија кој и следува на опозицијата бидејќи тоа го прави соучесник во непочитувањето на законот. Заменик координатор на пратеничката група ќе биде пратеничката Мерита Коџаџику.

The post Партиите од Европски сојуз за промени формираа пратеничка група, координатор Сафије Садики Шаини appeared first on Република.

]]>