европски самит Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evropski-samit/ За подобро да се разбереме Mon, 21 Oct 2024 13:36:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png европски самит Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evropski-samit/ 32 32 Во спорот со источниот сосед бараме конструктивно и прифатливо решение за сите, без уцени и условувања, порача Мицкоски во Салцбург https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-sporot-so-istochniot-sosed-barame-konstruktivno-i-prifatlivo-reshenie-za-site-bez-utseni-i-uslovuvana-poracha-mitskoski-vo-saltsburg/ Mon, 21 Oct 2024 13:35:09 +0000 https://republika.mk/?p=829500

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска обраќајќи се на 20-тиот Европски самит во Салцбург посветен на Европската Унија и реформите, истакна дека државата е блокирана од еден нерационален и билатерален спор, посочувајќи дека премногу долго интеграцискиот процес трае за државата обременет со многу детали кои влијаат за зголемување на фрустрациите и незадоволството од водењето на целиот процес, соопштија од владината прес-служба.

Кога станува збор за надворешната испорака на резултати, од странство како државата често добивавме само зборови, не дела. Резултатите недостигаат, имаме само обврски. И како минуваше времето, меѓу народот се зголемуваше фрустрацијата зошто сега повторно имаме повторен услов, повторно ограничување. И се прашуваме, во ред, треба да се исправиме како политичари. И сега, треба да застанам пред моите граѓани и да речам: видете, драги сограѓани, мои студенти, мора повторно да го промениме Уставот, посочи премиерот Мицкоски.

Тој истакна дека источниот сосед досега не почитува 14 пресуди од Судот за човековите права во Стразбур за регистрирање на здружение на Македонците кои живеат на тие простори, додека тие бараат внес на Бугарите во македонскиот Устав што покажува дека има отсуство на волја за приближување на работите.

Претседателот на Владата Мицкоски нагласи дека дури и да се внесат Бугарите во Уставот, никој не гарантира дека тоа е последен услов за исполнување на некоја обврска и дека за 6 месеци од сега нема да се бара нешто дополнително.

Ние како Влада сме посветени на изнаоѓање на решение и активен дијалог. Едно од решенијата секако е да се примени формулата веќе применета во Преспанскиот договор за одложено дејство, поточно во моментите кога ќе влеземе во Европската Унија, тогаш тие одлуки во Уставот да станат активни, што секако претставува заштитен механизам од подоцнежни условувања, порача тој.

The post Во спорот со источниот сосед бараме конструктивно и прифатливо решение за сите, без уцени и условувања, порача Мицкоски во Салцбург appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска обраќајќи се на 20-тиот Европски самит во Салцбург посветен на Европската Унија и реформите, истакна дека државата е блокирана од еден нерационален и билатерален спор, посочувајќи дека премногу долго интеграцискиот процес трае за државата обременет со многу детали кои влијаат за зголемување на фрустрациите и незадоволството од водењето на целиот процес, соопштија од владината прес-служба.
Кога станува збор за надворешната испорака на резултати, од странство како државата често добивавме само зборови, не дела. Резултатите недостигаат, имаме само обврски. И како минуваше времето, меѓу народот се зголемуваше фрустрацијата зошто сега повторно имаме повторен услов, повторно ограничување. И се прашуваме, во ред, треба да се исправиме како политичари. И сега, треба да застанам пред моите граѓани и да речам: видете, драги сограѓани, мои студенти, мора повторно да го промениме Уставот, посочи премиерот Мицкоски.
Тој истакна дека источниот сосед досега не почитува 14 пресуди од Судот за човековите права во Стразбур за регистрирање на здружение на Македонците кои живеат на тие простори, додека тие бараат внес на Бугарите во македонскиот Устав што покажува дека има отсуство на волја за приближување на работите. Претседателот на Владата Мицкоски нагласи дека дури и да се внесат Бугарите во Уставот, никој не гарантира дека тоа е последен услов за исполнување на некоја обврска и дека за 6 месеци од сега нема да се бара нешто дополнително.