европски град на културата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evropski-grad-na-kulturata/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Sep 2023 20:40:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png европски град на културата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evropski-grad-na-kulturata/ 32 32 Германската амбасадорка: Одлуката Скопје да биде европски град на културата е огромна шанса и треба да се искористи https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/germanskata-ambasadorka-odlukata-skopje-da-bide-evropski-grad-na-kulturata-e-ogromna-shansa-i-treba-da-se-iskoristi/ Thu, 21 Sep 2023 20:40:07 +0000 https://republika.mk/?p=683954

Германската амбасадорка, Петра Дрекслер, за МИА оценува дека одлуката Скопје да биде европски град на културата во 2028 година доаѓа во вистински момент и претставува огромна шанса за македонската култура да се приближи на многу повеќе луѓе кои живеат надвор од Македонија.

На настан насловен СловоКулт :: Берлин, кој има за цел да ги спои културите на двете земји, Дрекслер посочи дека Германија многу ја цени и поддржува македонската култура, јазик и идентитет.

Ние навистина многу ја цениме македонскатра култура, македонскиот јазик и македонскиот идентитет и таа поддршка не доаѓа само од страна на сојузната влада, туку и од страна на германскиот Бундестаг како и од општеството, порача германската амбасадорка.

Таа појасни дека ваквите настани се многу важни, особено во период кога се слават 30 години од воспоставување на билатералните односи помеѓу нашата држава и Германија.

Јазиците се многу важни - македонскиот јазик, германскиот, албанскиот, преводите се многу важни за комуникацијата и токму вредноста што ја има еден јазик. За тоа нешто стануваше збор во Бундестагот, тој неодамна усвои една резолуција поврзана со македонскиот јазик и затоа за нас само по себе е разбирливо да се учествува на еден ваков настан каде станува збор за јазикот, изјави Дрекслер.

Организаторите, пак, од друга страна побараа поголема ажурност од  Министерството за култура.

Основачката на фестивалот СловоКулт, Елизабета Линднер Костадиновска, посочи дека предизвик во организацијата  на СловоКулт било да се покријат сите трошоци, бидејќи, како што рече, тие биле спречени да аплицираат за финансиска поддршка за проектот.

Министерството за култура треба да ги поедностави малку начинте на апликација, тоа прво и основно, бидејќи бирократијата не и помага на уметноста. Онлајн апликацијата за програмата не функционираше минатиот пат, така што јас не можев ни да пријавам проект. Да ги поедностават бирократските и техничките работи, порача Костадиновска.

Таа додаде дека во изминатите изданија поддршка имале од мрежата за книжевни преводи ТРАДУКИ, а годинава и од Амбасадата на Германија во Скопје.

Костадиновска информира дека гостувањето на странските учесници првпат било поддржано од Германската амбасада, а за фестивалот појасни дека е интердисциплинарен и поврзува три уметности – поезија, музика и ликовна уметност.

Најголем дел од учесниците се од Германија и од нашата земја, но и од Балканот и од Европа.

The post Германската амбасадорка: Одлуката Скопје да биде европски град на културата е огромна шанса и треба да се искористи appeared first on Република.

]]>

Германската амбасадорка, Петра Дрекслер, за МИА оценува дека одлуката Скопје да биде европски град на културата во 2028 година доаѓа во вистински момент и претставува огромна шанса за македонската култура да се приближи на многу повеќе луѓе кои живеат надвор од Македонија. На настан насловен СловоКулт :: Берлин, кој има за цел да ги спои културите на двете земји, Дрекслер посочи дека Германија многу ја цени и поддржува македонската култура, јазик и идентитет.
Ние навистина многу ја цениме македонскатра култура, македонскиот јазик и македонскиот идентитет и таа поддршка не доаѓа само од страна на сојузната влада, туку и од страна на германскиот Бундестаг како и од општеството, порача германската амбасадорка.
Таа појасни дека ваквите настани се многу важни, особено во период кога се слават 30 години од воспоставување на билатералните односи помеѓу нашата држава и Германија.
Јазиците се многу важни - македонскиот јазик, германскиот, албанскиот, преводите се многу важни за комуникацијата и токму вредноста што ја има еден јазик. За тоа нешто стануваше збор во Бундестагот, тој неодамна усвои една резолуција поврзана со македонскиот јазик и затоа за нас само по себе е разбирливо да се учествува на еден ваков настан каде станува збор за јазикот, изјави Дрекслер.
Организаторите, пак, од друга страна побараа поголема ажурност од  Министерството за култура. Основачката на фестивалот СловоКулт, Елизабета Линднер Костадиновска, посочи дека предизвик во организацијата  на СловоКулт било да се покријат сите трошоци, бидејќи, како што рече, тие биле спречени да аплицираат за финансиска поддршка за проектот.
Министерството за култура треба да ги поедностави малку начинте на апликација, тоа прво и основно, бидејќи бирократијата не и помага на уметноста. Онлајн апликацијата за програмата не функционираше минатиот пат, така што јас не можев ни да пријавам проект. Да ги поедностават бирократските и техничките работи, порача Костадиновска.
Таа додаде дека во изминатите изданија поддршка имале од мрежата за книжевни преводи ТРАДУКИ, а годинава и од Амбасадата на Германија во Скопје. Костадиновска информира дека гостувањето на странските учесници првпат било поддржано од Германската амбасада, а за фестивалот појасни дека е интердисциплинарен и поврзува три уметности – поезија, музика и ликовна уметност. Најголем дел од учесниците се од Германија и од нашата земја, но и од Балканот и од Европа.

The post Германската амбасадорка: Одлуката Скопје да биде европски град на културата е огромна шанса и треба да се искористи appeared first on Република.

]]>
Македонските уметници може да учествуваат во изработка на мурал за иднината на Европа во Нови Сад https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonskite-umetnici-moze-da-uchestvuvaat-vo-izrabotka-na-mural-za-idninata-na-evropa-vo-novi-sad/ Wed, 02 Mar 2022 10:07:44 +0000 https://republika.mk/?p=466369

Младите уметници, на возраст од 18 до 35 години, од целиот регион на Западен Балкан, вклучително и од Македонија, може да се пријават за учество во проектот „Нацртај ми ја иднината на Европа“ (Paint Me the Future of Europe). Со оваа иницијатива ќе се изработи мурал во Нови Сад, годинашната Европска престолнина на културата. Заинтересираните учесници можат да се пријавуваат на интернет-страницата futureofeurope.newmoment.comКонкурсот е отворен од 25 февруари, а ќе се затвори на 18 март.

Проектот е во организација на Делегацијата на Европската Унија во Србија, во соработка со „Њу момент - њу идеас компани“ од Белград и во партнерство со Советот за култура на Нови Сад и фондацијата „Нови Сад 2022“. Преку муралот и активната вклученост во културните активности во Нови Сад, избраните уметници ќе го демонстрираат својот креативен квалитет, нивната визија за заедничката иднина на европскиот континент, како и способноста да се осврнат на општествено значајни теми.

 Ќе бидат избрани осум уметници кои заедно ќе сликаат на ѕид на „Кејот на жртвите на рациите“ за време на нивниот престој во Нови Сад, од 18 април до 9 мај. Муралот официјално ќе биде промовиран во рамки на одбележувањето на Денот на Европа на 9 мај.

Сите пријави ќе бидат разгледани од жири предводено од Лазар Сакан, основачот и кустос на „Галеријата Њу Момент“, која што изминативе 12 години беше домаќин на неколку стотици значајни изложби и настани од областа на културата. Останатите членови на жирито се директорот на галеријата „Матица Српска“, д-р Тијана Палковљевиќ Бугарски, концептуалниот уметник Никола Џафо и двајца претставници од Делегацијата на Европската Унија во Србија.

Македонските уметници кои што сакаат да учествуваат во проектот Paint Me the Future of Europe треба да пополнат формулар за пријавување, да поднесат кратка биографија, своето уметничко портфолио, како и скица од нивната визија на темата, на интернет-страницата futureofeurope.newmoment.com. На истиот вебсајт тие ќе можат да се информираат за деталите поврзани со пријавувањето на иницијативата, како и за настаните за подготовка и за изработка на муралот.

--

The post Македонските уметници може да учествуваат во изработка на мурал за иднината на Европа во Нови Сад appeared first on Република.

]]>

Младите уметници, на возраст од 18 до 35 години, од целиот регион на Западен Балкан, вклучително и од Македонија, може да се пријават за учество во проектот „Нацртај ми ја иднината на Европа“ (Paint Me the Future of Europe). Со оваа иницијатива ќе се изработи мурал во Нови Сад, годинашната Европска престолнина на културата. Заинтересираните учесници можат да се пријавуваат на интернет-страницата futureofeurope.newmoment.comКонкурсот е отворен од 25 февруари, а ќе се затвори на 18 март. Проектот е во организација на Делегацијата на Европската Унија во Србија, во соработка со „Њу момент - њу идеас компани“ од Белград и во партнерство со Советот за култура на Нови Сад и фондацијата „Нови Сад 2022“. Преку муралот и активната вклученост во културните активности во Нови Сад, избраните уметници ќе го демонстрираат својот креативен квалитет, нивната визија за заедничката иднина на европскиот континент, како и способноста да се осврнат на општествено значајни теми.  Ќе бидат избрани осум уметници кои заедно ќе сликаат на ѕид на „Кејот на жртвите на рациите“ за време на нивниот престој во Нови Сад, од 18 април до 9 мај. Муралот официјално ќе биде промовиран во рамки на одбележувањето на Денот на Европа на 9 мај. Сите пријави ќе бидат разгледани од жири предводено од Лазар Сакан, основачот и кустос на „Галеријата Њу Момент“, која што изминативе 12 години беше домаќин на неколку стотици значајни изложби и настани од областа на културата. Останатите членови на жирито се директорот на галеријата „Матица Српска“, д-р Тијана Палковљевиќ Бугарски, концептуалниот уметник Никола Џафо и двајца претставници од Делегацијата на Европската Унија во Србија. Македонските уметници кои што сакаат да учествуваат во проектот Paint Me the Future of Europe треба да пополнат формулар за пријавување, да поднесат кратка биографија, своето уметничко портфолио, како и скица од нивната визија на темата, на интернет-страницата futureofeurope.newmoment.com. На истиот вебсајт тие ќе можат да се информираат за деталите поврзани со пријавувањето на иницијативата, како и за настаните за подготовка и за изработка на муралот.
--

The post Македонските уметници може да учествуваат во изработка на мурал за иднината на Европа во Нови Сад appeared first on Република.

]]>
Нови Сад стана Европска престолнина на културата во 2022 https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/novi-sad-stana-evropska-prestolnina-na-kulturata-vo-2022/ Fri, 14 Jan 2022 10:05:37 +0000 https://republika.mk/?p=444487

Нови Сад синоќа на свечена церемонија во Српскиот народен театар ја доби титулата Европска престолнина на културата, како прв град на кој тоа му успеало пред земјите кандидати за Европската унија.

Вицепремиерката на Република Србија и министерка за култура и информирање Маја Гојковиќ во Српскиот народен театар (СНП), на свеченото отворање на манифестацијата Европска престолнина на културата Нови Сад 2022 година, истакна дека покрај престижот што го носи, оваа титула е инспиративно признание и можност за секој град што ја носи.

Гојковиќ истакна дека ова е исклучителен ден за градот Нови Сад, цела Србија и особено за луѓето кои работат во културата и живеат за неа.

Ова отсекогаш била средина која ги симболизира вредностите на кои почива европскиот културен простор и место каде мултикултурализмот опстојувал со векови. Во Нови Сад разликите никогаш не биле причина за поделба, туку мостови кои поврзуваат и обединуваат. Културата на овој град е како богат мозаик од делови, кои самите блескаат, но далеку посилни и посветли кога се заедно, истакна Гојковиќ.

Во СНП во оваа прилика беше претставена традицијата на Нови Сад и Војводина во светлината на европските вредности кои проникнуваат во целата програма на овој град како Европска престолнина на културата преку вкупно осум, тематски ориентирани програмски целини. Гледачите можеа да проследат музичко-танцов спектакл во кој учествуваа еминентни претставници на новосадската и војводинската културна сцена, вклучително и Балетот и операта на Српскиот народен театар, Арадачки мешкарки, ансамблот за перкусии „дРумбле“, Тамбурашкиот оркестар „Велос“, Александар Бахун на пијано, Тодор Урсу на кимбал и други.

На свеченото отворање на настанот, кој беше прогласен за културен проект од национално значење, се обратија и премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ и онлајн еврокомесарката за иновации, истражување, култура, образование и млади, Марија Габриел.

Европската престолнина на културата е обележана со слоганот „За нови мостови“, кој ја претставува идејата за изградба на нови мостови на соработка и размена меѓу уметниците и организациите од Нови Сад и Србија со европската културна сцена, а во оваа титуларна година се очекуваат околу 4.000 настани и 400 проекти.

The post Нови Сад стана Европска престолнина на културата во 2022 appeared first on Република.

]]>

Нови Сад синоќа на свечена церемонија во Српскиот народен театар ја доби титулата Европска престолнина на културата, како прв град на кој тоа му успеало пред земјите кандидати за Европската унија. Вицепремиерката на Република Србија и министерка за култура и информирање Маја Гојковиќ во Српскиот народен театар (СНП), на свеченото отворање на манифестацијата Европска престолнина на културата Нови Сад 2022 година, истакна дека покрај престижот што го носи, оваа титула е инспиративно признание и можност за секој град што ја носи. Гојковиќ истакна дека ова е исклучителен ден за градот Нови Сад, цела Србија и особено за луѓето кои работат во културата и живеат за неа.
Ова отсекогаш била средина која ги симболизира вредностите на кои почива европскиот културен простор и место каде мултикултурализмот опстојувал со векови. Во Нови Сад разликите никогаш не биле причина за поделба, туку мостови кои поврзуваат и обединуваат. Културата на овој град е како богат мозаик од делови, кои самите блескаат, но далеку посилни и посветли кога се заедно, истакна Гојковиќ.
Во СНП во оваа прилика беше претставена традицијата на Нови Сад и Војводина во светлината на европските вредности кои проникнуваат во целата програма на овој град како Европска престолнина на културата преку вкупно осум, тематски ориентирани програмски целини. Гледачите можеа да проследат музичко-танцов спектакл во кој учествуваа еминентни претставници на новосадската и војводинската културна сцена, вклучително и Балетот и операта на Српскиот народен театар, Арадачки мешкарки, ансамблот за перкусии „дРумбле“, Тамбурашкиот оркестар „Велос“, Александар Бахун на пијано, Тодор Урсу на кимбал и други. На свеченото отворање на настанот, кој беше прогласен за културен проект од национално значење, се обратија и премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ и онлајн еврокомесарката за иновации, истражување, култура, образование и млади, Марија Габриел. Европската престолнина на културата е обележана со слоганот „За нови мостови“, кој ја претставува идејата за изградба на нови мостови на соработка и размена меѓу уметниците и организациите од Нови Сад и Србија со европската културна сцена, а во оваа титуларна година се очекуваат околу 4.000 настани и 400 проекти.

The post Нови Сад стана Европска престолнина на културата во 2022 appeared first on Република.

]]>