европски фрон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evropski-fron/ За подобро да се разбереме Sun, 02 Jun 2024 15:12:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png европски фрон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evropski-fron/ 32 32 „Европскиот фронт“ усвои политичка декларација која ќе биде испратена до меѓународната заедница, бара да влезе во новата влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/evropskiot-front-usvoi-politichka-deklaratsija-koja-ke-bide-ispratena-do-megunarodnata-zaednitsa-bara-da-vleze-vo-novata-vlada/ Sun, 02 Jun 2024 15:12:29 +0000 https://republika.mk/?p=784198

Политичките партии кои се дел од колаицијата „Европски фронт“ денеска потпишаа декларација за етнички изборен легитимитет за која велат дека ќе биде испратена до сите локални и меѓународни институции.

Пред декларацијата да биде едногласно усвоена, таа беше прочитана од претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети кој пред присутните се обрати последен од сите лидери на партиите.

Декларацијата на сцената од Центарот за култура во Тетово ја потпишаа лидерите на партиите – Демократска унија за интеграција, Движење на народот, Демократска партија на Албанците, Европска демократска партија, Демократска партија на Турците, Политичка партија Унија на Ромите – УРА, Политичка партија Бошњачки Демократски Сојуз, по што тоа може да го направат во фоајето и другите партиски функционери.

Во образложението на декларацијата е посочено дека случувањата и чекорите по парламентарните и претседателските избори на 8 мај 2024 година го доведуваат во прашање духот на Охридскиот договор. Според потпишувачите на декларацијата, резултат на тоа е враќање на познатата политика „раздели па владеј“.

Го повторуваме нашиот евроатлантски курс како единствена алтернатива за заедничката иднина на Македонија и нашата посветеност за целосно спроведување на нормите и духот на Охридскиот договор, Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство и затворање на сите отворени прашања со соседите, како предуслов за продолжување на европскиот пат. Ја наведуваме неопходноста од спроведување на консензуалната демократија во согласност со духот на Охридскиот договор и Уставот на Република Македонија“, се наведува во декларацијата.

Потписниците на декларацијата наведуваат дека владините коалициски партнери мора да бидат определени од политичката волја на двете најголеми заедници во земјата, Албанците и Македонците, но и од легитимните претставници на другите заедници. Политичката волја, се додава во декларацијата, треба да е изразена на слободни, фер и демократски избори, во формата на обичајното право имплементирана во нашата земја кое овозможува легитимност, функционална демократија, социјална кохезија, консензуалност и правична застапеност во носењето одлуки.

Демократијата кај нас може да биде функционална и стабилна само кога мнозинската заедница ги почитува легитимните претставници на политичката волја на Албанците, Турците, Ромите, Бошњаците и другите заедници“, се додава во декларацијата.

Според Ахмети, кој ја прочита декларацијата, консензуалната демократија значи организирање на заедниците во политички партии и учество на избори за стекнување на легитимитетот на нивните сонародници и оваа волја на нашите заедници, вели Ахмети, мора да се почитува од страна на мандатарот.

Непочитувањето на легитимитетот овозможува воспоставување на етничка хегемонија и претставува понижување кон Албанците, Турците, Ромите, Бошњаците и другите. Ова моноетничко мнозинство, кое го нарушува легитимитетот на другите етнички заедници, го оптоварува соживотот, демократијата и тоа не треба да го дозволиме сите заедно“, се наведува во декларацијата.

Во неа е наведено дека домашните сили и меѓународната заедница, како гаранти на Охридскиот договор и олеснувачи на Мајскиот договор, не смеат да дозволат враќање назад, поништување на досегашните заеднички достигнувања и, како што се наведува „мора да спречиме повторување на непочитување на политичката волја и легитимитетот на суверениот затоа што сите сносиме одговорност за мирот, безбедноста, стабилноста на нашата земја и регионот“.

Минатата недела, лидерот на ДУИ Али Ахмети на прес-конференција порача дека заедно со останатите лидери од коалицијата „Европски фронт“ започнуваат битка за почитување на духот на Охридскиот договор.

 

The post „Европскиот фронт“ усвои политичка декларација која ќе биде испратена до меѓународната заедница, бара да влезе во новата влада appeared first on Република.

]]>

Политичките партии кои се дел од колаицијата „Европски фронт“ денеска потпишаа декларација за етнички изборен легитимитет за која велат дека ќе биде испратена до сите локални и меѓународни институции. Пред декларацијата да биде едногласно усвоена, таа беше прочитана од претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети кој пред присутните се обрати последен од сите лидери на партиите. Декларацијата на сцената од Центарот за култура во Тетово ја потпишаа лидерите на партиите – Демократска унија за интеграција, Движење на народот, Демократска партија на Албанците, Европска демократска партија, Демократска партија на Турците, Политичка партија Унија на Ромите – УРА, Политичка партија Бошњачки Демократски Сојуз, по што тоа може да го направат во фоајето и другите партиски функционери. Во образложението на декларацијата е посочено дека случувањата и чекорите по парламентарните и претседателските избори на 8 мај 2024 година го доведуваат во прашање духот на Охридскиот договор. Според потпишувачите на декларацијата, резултат на тоа е враќање на познатата политика „раздели па владеј“.
Го повторуваме нашиот евроатлантски курс како единствена алтернатива за заедничката иднина на Македонија и нашата посветеност за целосно спроведување на нормите и духот на Охридскиот договор, Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство и затворање на сите отворени прашања со соседите, како предуслов за продолжување на европскиот пат. Ја наведуваме неопходноста од спроведување на консензуалната демократија во согласност со духот на Охридскиот договор и Уставот на Република Македонија“, се наведува во декларацијата.
Потписниците на декларацијата наведуваат дека владините коалициски партнери мора да бидат определени од политичката волја на двете најголеми заедници во земјата, Албанците и Македонците, но и од легитимните претставници на другите заедници. Политичката волја, се додава во декларацијата, треба да е изразена на слободни, фер и демократски избори, во формата на обичајното право имплементирана во нашата земја кое овозможува легитимност, функционална демократија, социјална кохезија, консензуалност и правична застапеност во носењето одлуки.
Демократијата кај нас може да биде функционална и стабилна само кога мнозинската заедница ги почитува легитимните претставници на политичката волја на Албанците, Турците, Ромите, Бошњаците и другите заедници“, се додава во декларацијата.
Според Ахмети, кој ја прочита декларацијата, консензуалната демократија значи организирање на заедниците во политички партии и учество на избори за стекнување на легитимитетот на нивните сонародници и оваа волја на нашите заедници, вели Ахмети, мора да се почитува од страна на мандатарот.
Непочитувањето на легитимитетот овозможува воспоставување на етничка хегемонија и претставува понижување кон Албанците, Турците, Ромите, Бошњаците и другите. Ова моноетничко мнозинство, кое го нарушува легитимитетот на другите етнички заедници, го оптоварува соживотот, демократијата и тоа не треба да го дозволиме сите заедно“, се наведува во декларацијата.
Во неа е наведено дека домашните сили и меѓународната заедница, како гаранти на Охридскиот договор и олеснувачи на Мајскиот договор, не смеат да дозволат враќање назад, поништување на досегашните заеднички достигнувања и, како што се наведува „мора да спречиме повторување на непочитување на политичката волја и легитимитетот на суверениот затоа што сите сносиме одговорност за мирот, безбедноста, стабилноста на нашата земја и регионот“. Минатата недела, лидерот на ДУИ Али Ахмети на прес-конференција порача дека заедно со останатите лидери од коалицијата „Европски фронт“ започнуваат битка за почитување на духот на Охридскиот договор.  

The post „Европскиот фронт“ усвои политичка декларација која ќе биде испратена до меѓународната заедница, бара да влезе во новата влада appeared first on Република.

]]>