европската рута на св. Кирил и Методиј Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evropskata-ruta-na-sv-kiril-i-metodij/ За подобро да се разбереме Tue, 08 Oct 2024 13:15:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png европската рута на св. Кирил и Методиј Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evropskata-ruta-na-sv-kiril-i-metodij/ 32 32 Конференција за европската рута на св. Кирил и Методиј во културното наследство на Скопје и Скопско https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/konferentsija-za-evropskata-ruta-na-sv-kiril-i-metodij-vo-kulturnoto-nasledstvo-na-skopje-i-skopsko/ Tue, 08 Oct 2024 12:45:57 +0000 https://republika.mk/?p=824233

Во рамки на програмата „Европската културна рута на Светите Кирил и Методиј“ која е под покровителство на Советот на Европа, во Скопје се одржува конференција „Европската рута на Светите Кирил и Методиј во културното наследство на Скопје и Скопско“ организирана од Институтот за македонска литература при УКИМ.

Програмата на Советот на Европа презентира историски монументи, артефакти, ракописно наследство поврзани со рутата на движење и дејствување на светите Кирил и Методиј во нивната просветителска мисија на поширокото европско подрачје и нуди атрактивен модел за менаџмент на културата и туризмот.

Институтот за македонска литература-Скопје и Институт за старословенска култура во Прилеп се членки на проектот „Европската културна рута на Кирил и Методиј“, сертифициран со лиценца од СЕ, официјално од 1 декември 2023.

Конференцијата ја отвори Наташа Аврамовска, директорка на Институтот за македонска литература при УКИМ која ги поздрави учесниците на конференцијата меѓу кои има и од Чешка, Словачка, Бугарија.

Со проектот „Европската рута на Светите Кирил и Методиј во културното наследство на Скопје и Скопско“, како што рече, ќе се постигне афирмација на културно-историското наследство евидентирано во Скопско што ќе стане мапиран дел од европската културна рута.

На отворањето на конференцијата, заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков истакна дека културните рути се стожери во мисијата на Советот на Европа кои функционираат во насока на откривање и афирмирање на разновидното културно наследство во Европа како заедничка вредност со цел да ги поврзат луѓето и различните локации преку модалитетите на споделено културно наследство.

Ние како Министерство за европски прашања културните рути ги согледуваме како сегмент од поширока мрежа која овозможува сплотување меѓу глобалните, националните, регионалните и локалните, но и меѓународните институции со широк спектар на дејствување и економски оператори. Учеството на нашата земја во рамките на „Европската културна рута на Кирил и Методиј“, несомнено ќе придонесе за значајна туристичка, културна и научна промоција на кирилометодиевското наследство кое низ богатството на форми е изразено на македонска почва, рече Трајков.

Кирилометодиевското културно наследство има долга традиција на македонска територија проследувано на дијахрониски и синхрониски план, евидентирано и во материјалната и нематеријалната култура и од овој проект се очекува да придонесе за негова научна, културна и туристичка промоција. Со него ќе се открие култот кон Кирил и Методиј што со векови постои на територијата на Скопско.

Со проектот се планира промовирање на спомениците посветени на светите браќа, како што се Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, големиот број споменици во центарот на Скопје, претставите на светителите во фрескоживописот на скопските манастири и цркви, како што е манастирот во Матка од 14 век, како и Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Во рамки на конференцијата е отворена и изложба на фотографии и мапа на рутите на просветителите во 9 век.

 

The post Конференција за европската рута на св. Кирил и Методиј во културното наследство на Скопје и Скопско appeared first on Република.

]]>

Во рамки на програмата „Европската културна рута на Светите Кирил и Методиј“ која е под покровителство на Советот на Европа, во Скопје се одржува конференција „Европската рута на Светите Кирил и Методиј во културното наследство на Скопје и Скопско“ организирана од Институтот за македонска литература при УКИМ. Програмата на Советот на Европа презентира историски монументи, артефакти, ракописно наследство поврзани со рутата на движење и дејствување на светите Кирил и Методиј во нивната просветителска мисија на поширокото европско подрачје и нуди атрактивен модел за менаџмент на културата и туризмот. Институтот за македонска литература-Скопје и Институт за старословенска култура во Прилеп се членки на проектот „Европската културна рута на Кирил и Методиј“, сертифициран со лиценца од СЕ, официјално од 1 декември 2023. Конференцијата ја отвори Наташа Аврамовска, директорка на Институтот за македонска литература при УКИМ која ги поздрави учесниците на конференцијата меѓу кои има и од Чешка, Словачка, Бугарија. Со проектот „Европската рута на Светите Кирил и Методиј во културното наследство на Скопје и Скопско“, како што рече, ќе се постигне афирмација на културно-историското наследство евидентирано во Скопско што ќе стане мапиран дел од европската културна рута. На отворањето на конференцијата, заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков истакна дека културните рути се стожери во мисијата на Советот на Европа кои функционираат во насока на откривање и афирмирање на разновидното културно наследство во Европа како заедничка вредност со цел да ги поврзат луѓето и различните локации преку модалитетите на споделено културно наследство.
Ние како Министерство за европски прашања културните рути ги согледуваме како сегмент од поширока мрежа која овозможува сплотување меѓу глобалните, националните, регионалните и локалните, но и меѓународните институции со широк спектар на дејствување и економски оператори. Учеството на нашата земја во рамките на „Европската културна рута на Кирил и Методиј“, несомнено ќе придонесе за значајна туристичка, културна и научна промоција на кирилометодиевското наследство кое низ богатството на форми е изразено на македонска почва, рече Трајков.
Кирилометодиевското културно наследство има долга традиција на македонска територија проследувано на дијахрониски и синхрониски план, евидентирано и во материјалната и нематеријалната култура и од овој проект се очекува да придонесе за негова научна, културна и туристичка промоција. Со него ќе се открие култот кон Кирил и Методиј што со векови постои на територијата на Скопско. Со проектот се планира промовирање на спомениците посветени на светите браќа, како што се Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, големиот број споменици во центарот на Скопје, претставите на светителите во фрескоживописот на скопските манастири и цркви, како што е манастирот во Матка од 14 век, како и Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Во рамки на конференцијата е отворена и изложба на фотографии и мапа на рутите на просветителите во 9 век.  

The post Конференција за европската рута на св. Кирил и Методиј во културното наследство на Скопје и Скопско appeared first on Република.

]]>