европска унија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evropska-unija/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Nov 2024 12:46:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png европска унија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evropska-unija/ 32 32 ЕК: ЕУ нема донесено одлука за испраќање војници во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ek-eu-nema-doneseno-odluka-za-isprakane-vojnitsi-vo-ukraina/ Mon, 11 Nov 2024 12:46:32 +0000 https://republika.mk/?p=836352

Нема одлука ЕУ да испрати војници во Украина со каква било задача, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на Европската комисија како одговор на прашања поврзани со информациите во европските медиуми за можното испраќање европски мировници.

Портпаролот истакна дека ЕУ спроведува мировна мисија за обука на украински војници на европска територија, чиј мандат неодамна беше продолжен.

Според него, ЕУ го поддржува секој напор што би довел до праведен мир и кој го зема предвид фактот дека Украина е нападната земја. Меѓутоа, додаде портпаролот, таквиот договор треба да биде во согласност со меѓународното право.

Околу коментарот на новоизбраниот американски потпретседател, Џеј Ди Венс, во кој е направена врска помеѓу слободата на говорот и европските правила во оваа област, работата на онлајн платформите и активностите на НАТО, портпаролот посочи дека ЕУ е дом на слободата на говорот, како што покажуваат меѓународните студии.

-Слободниот говор е во срцето на европското законодавство за интернет платформите, објасни тој. „Ништо не ги обврзува платформите да ја отстранат легалната содржина. Која содржина е легална зависи од европските, меѓународните и локалните закони“, додаде портпаролот.

Тој објасни дека правилата на ЕУ бараат кога содржината е отстранета, корисниците да можат да ја оспорат одлуката.

-Од платформите се очекува да го следат ширењето на содржини што се штетни без нужно да бидат нелегални, како што е дезинформацијата, рече тој.

Венс во телевизиско интервју рече дека доколку НАТО сака да продолжи поддршката на САД за Алијансата, тогаш американските правила и слободата на говор мора да се почитуваат.

-Алијансата треба да ја заштити слободата на изразување, земјите во Европа да ги споделуваат американските вредности, додаде тој, осврнувајќи се на отворениот скандал на почетокот на годинава меѓу сопственикот на социјалната мрежа „Х“ Илон Маск и тогашниот еврокомесар за внатрешен пазар, Тиери Бретон. Еврокомесарот го предупреди Маск дека може да се воведат сериозни ограничувања против „Х“ во ЕУ доколку се продолжи недостигот на доволен надзор врз содржините што се дистрибуираат на интернет.

The post ЕК: ЕУ нема донесено одлука за испраќање војници во Украина appeared first on Република.

]]>

Нема одлука ЕУ да испрати војници во Украина со каква било задача, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на Европската комисија како одговор на прашања поврзани со информациите во европските медиуми за можното испраќање европски мировници. Портпаролот истакна дека ЕУ спроведува мировна мисија за обука на украински војници на европска територија, чиј мандат неодамна беше продолжен. Според него, ЕУ го поддржува секој напор што би довел до праведен мир и кој го зема предвид фактот дека Украина е нападната земја. Меѓутоа, додаде портпаролот, таквиот договор треба да биде во согласност со меѓународното право. Околу коментарот на новоизбраниот американски потпретседател, Џеј Ди Венс, во кој е направена врска помеѓу слободата на говорот и европските правила во оваа област, работата на онлајн платформите и активностите на НАТО, портпаролот посочи дека ЕУ е дом на слободата на говорот, како што покажуваат меѓународните студии. -Слободниот говор е во срцето на европското законодавство за интернет платформите, објасни тој. „Ништо не ги обврзува платформите да ја отстранат легалната содржина. Која содржина е легална зависи од европските, меѓународните и локалните закони“, додаде портпаролот. Тој објасни дека правилата на ЕУ бараат кога содржината е отстранета, корисниците да можат да ја оспорат одлуката. -Од платформите се очекува да го следат ширењето на содржини што се штетни без нужно да бидат нелегални, како што е дезинформацијата, рече тој. Венс во телевизиско интервју рече дека доколку НАТО сака да продолжи поддршката на САД за Алијансата, тогаш американските правила и слободата на говор мора да се почитуваат. -Алијансата треба да ја заштити слободата на изразување, земјите во Европа да ги споделуваат американските вредности, додаде тој, осврнувајќи се на отворениот скандал на почетокот на годинава меѓу сопственикот на социјалната мрежа „Х“ Илон Маск и тогашниот еврокомесар за внатрешен пазар, Тиери Бретон. Еврокомесарот го предупреди Маск дека може да се воведат сериозни ограничувања против „Х“ во ЕУ доколку се продолжи недостигот на доволен надзор врз содржините што се дистрибуираат на интернет.

The post ЕК: ЕУ нема донесено одлука за испраќање војници во Украина appeared first on Република.

]]>
Од кралица до царица: Урсула фон дер Лајен ja приграбува целокупната власт во Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/od-kralitsa-do-tsaritsa-ursula-fon-der-lajen-ja-prigrabuva-tselokupnata-vlast-vo-evropa/ Thu, 19 Sep 2024 08:38:55 +0000 https://republika.mk/?p=817683

Урсула фон дер Лајен ја презеде целата власт во Европската Унија под своја контрола, пишува „Политико“. Во текстот се наведува дека Фон дер Лајен ја исчисти целата внатрешна опозиција во Европската комисија и не се двоумеше да изврши измама, ветувајќи им на своите сојузници силни портфолија, но давајќи им само помали функции во ЕК.

Кога Урсула фон дер Лајен го претстави својот тим за следната Европска комисија, таа истовремено ги замолкна сомнежите за тоа кој е навистина одговорен во Брисел.

[caption id="attachment_817688" align="aligncenter" width="542"] Фото: Принтскрин насловна Политико[/caption]

Додека таа ѝ ги откри на јавноста 26. комесари и нивните улоги, една точка беше веднаш јасна: таа ќе имаше неограничена контрола врз политиката на Европската унија. За неколку минути, таа воведе голема титула со мала одговорност за една од најмоќните земји во Европската унија, ги поддржа своите пријатели и ги разводни моќните портфолија со тоа што ги делеше на повеќе луѓе, пишува „Политико“.

Зграпчувањето на моќта беше завршено.

Таа ќе има уште поголема контрола над сè. Кој мислеше дека тоа е можно?“, вели еден функционер на ЕУ, кој, како и другите цитирани во овој текст, добил анонимност за да зборува слободно.

Целиот текст на „Политико“.

The post Од кралица до царица: Урсула фон дер Лајен ja приграбува целокупната власт во Европа appeared first on Република.

]]>

Урсула фон дер Лајен ја презеде целата власт во Европската Унија под своја контрола, пишува „Политико“. Во текстот се наведува дека Фон дер Лајен ја исчисти целата внатрешна опозиција во Европската комисија и не се двоумеше да изврши измама, ветувајќи им на своите сојузници силни портфолија, но давајќи им само помали функции во ЕК. Кога Урсула фон дер Лајен го претстави својот тим за следната Европска комисија, таа истовремено ги замолкна сомнежите за тоа кој е навистина одговорен во Брисел. [caption id="attachment_817688" align="aligncenter" width="542"] Фото: Принтскрин насловна Политико[/caption] Додека таа ѝ ги откри на јавноста 26. комесари и нивните улоги, една точка беше веднаш јасна: таа ќе имаше неограничена контрола врз политиката на Европската унија. За неколку минути, таа воведе голема титула со мала одговорност за една од најмоќните земји во Европската унија, ги поддржа своите пријатели и ги разводни моќните портфолија со тоа што ги делеше на повеќе луѓе, пишува „Политико“. Зграпчувањето на моќта беше завршено.
Таа ќе има уште поголема контрола над сè. Кој мислеше дека тоа е можно?“, вели еден функционер на ЕУ, кој, како и другите цитирани во овој текст, добил анонимност за да зборува слободно.
Целиот текст на „Политико“.

The post Од кралица до царица: Урсула фон дер Лајен ja приграбува целокупната власт во Европа appeared first on Република.

]]>
Поддршката за членството на Полска во ЕУ на најниско ниво во последнава декада https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poddrshkata-za-chlenstvoto-na-polska-vo-eu-na-najnisko-nivo-vo-poslednava-dekada/ Fri, 26 Apr 2024 13:59:39 +0000 https://republika.mk/?p=771457

Поддршката за членството на Полска во Европската Унија падна на најниско ниво во повеќе од една деценија, според анкетата објавена денеска.

Според најновата анкета на институтот ЦБОС, и покрај победата на про-ЕУ коалицијата, поддршката за членството на земјата во Унијата падна на 77 отсто, што е најниско ниво од 2013 година.

Поддршката лани беше 85 отсто, а најголема беше во 2022 година, кога изнесуваше 92 проценти.

Про-ЕУ коалицијата дојде на власт во Полска на изборите во октомври по осум години владеење на партијата Право и правда (ПиС), ветувајќи дека ќе ги поништи законите воведени од десницата.

ПиС често беше во судир со западните сојузници на Полска и институциите на ЕУ во Брисел поради нивната загриженост за владеењето на правото во оваа земја.

The post Поддршката за членството на Полска во ЕУ на најниско ниво во последнава декада appeared first on Република.

]]>

Поддршката за членството на Полска во Европската Унија падна на најниско ниво во повеќе од една деценија, според анкетата објавена денеска. Според најновата анкета на институтот ЦБОС, и покрај победата на про-ЕУ коалицијата, поддршката за членството на земјата во Унијата падна на 77 отсто, што е најниско ниво од 2013 година. Поддршката лани беше 85 отсто, а најголема беше во 2022 година, кога изнесуваше 92 проценти. Про-ЕУ коалицијата дојде на власт во Полска на изборите во октомври по осум години владеење на партијата Право и правда (ПиС), ветувајќи дека ќе ги поништи законите воведени од десницата. ПиС често беше во судир со западните сојузници на Полска и институциите на ЕУ во Брисел поради нивната загриженост за владеењето на правото во оваа земја.

The post Поддршката за членството на Полска во ЕУ на најниско ниво во последнава декада appeared first on Република.

]]>
ЕУ дели бесплатни билети за патување со воз низ Европа, и Македонците на листата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/eu-deli-besplatni-bileti-za-patuvane-so-voz-niz-evropa-i-makedontsite-na-listata/ Sun, 21 Apr 2024 07:19:17 +0000 https://republika.mk/?p=768699

Европската комисија повторно им подарува билети за воз на младите. Секој роден помеѓу 1 јули 2005 и 30 јуни 2006 година може да аплицира за еден од 35.500 билети за DiscoverEU.

Со нивна помош младите ќе патуваат бесплатно во Европа до 30 дена. Ако сакате еден од билетите, треба да одговорите на квиз за Европската Унија. Право на учество имаат млади од Европската Унија, како и од Исланд, Лихтенштајн, Македонија, Норвешка, Србија и Турција.

Различен број билети се достапни за поединечни земји.

Среќните добитници кои ќе го освојат билетот можат да го искористат од 1 јули 2024 година до 30 септември 2025 година за патување до 30 дена во Европа. Со билетот добиваат попусти на пример за јавен превоз или во култура. Лицата со попреченост имаат поддршка за време на нивните патувања.

Програмата постои од 2018 година. Оттогаш, повеќе од милион апликанти се пријавиле за 284.000 достапни билети. Околу 72 отсто од нив рекле дека првпат патуваат со воз надвор од нивната земја на живеење.

The post ЕУ дели бесплатни билети за патување со воз низ Европа, и Македонците на листата appeared first on Република.

]]>

Европската комисија повторно им подарува билети за воз на младите. Секој роден помеѓу 1 јули 2005 и 30 јуни 2006 година може да аплицира за еден од 35.500 билети за DiscoverEU. Со нивна помош младите ќе патуваат бесплатно во Европа до 30 дена. Ако сакате еден од билетите, треба да одговорите на квиз за Европската Унија. Право на учество имаат млади од Европската Унија, како и од Исланд, Лихтенштајн, Македонија, Норвешка, Србија и Турција. Различен број билети се достапни за поединечни земји. Среќните добитници кои ќе го освојат билетот можат да го искористат од 1 јули 2024 година до 30 септември 2025 година за патување до 30 дена во Европа. Со билетот добиваат попусти на пример за јавен превоз или во култура. Лицата со попреченост имаат поддршка за време на нивните патувања. Програмата постои од 2018 година. Оттогаш, повеќе од милион апликанти се пријавиле за 284.000 достапни билети. Околу 72 отсто од нив рекле дека првпат патуваат со воз надвор од нивната земја на живеење.

The post ЕУ дели бесплатни билети за патување со воз низ Европа, и Македонците на листата appeared first on Република.

]]>
Ковачевски од Гранада: По многу години, сега на агендата како тема го имаме проширувањето на Европската Унија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-od-granada-po-mnogu-godini-sega-na-agendata-kako-tema-go-imame-proshiruvaneto-na-evropskata-unija/ Thu, 05 Oct 2023 11:38:57 +0000 https://republika.mk/?p=688170

По многу години, сега на агендата како тема го имаме проширувањето на Европската Унија. Ова е исклучително важен состанок со сите земји во Европа и една од главните теми што нам ни е од најголема важност е проширувањето, а секако ќе дискутираме и теми поврзани со дигитализацијата и воведувањето на вештачката интелигенција со цел подобрување на условите за граѓаните, изјави премиерот Димитар Ковачевски, пред почетокот на третиот состанок на Европската политичка заедница, што се одржува денеска во Гранада, Шпанија.

Ковачевски, посочи дека Македонија се наоѓа во одлична позиција со оглед на тоа дека минатата година ги отпочна преговорите со ЕУ, додека во Унијата веќе е отпочнат процес на прилагодување на функционирањето на повеќе земји членки.

- Мислам дека ние се наоѓаме во одлична позиција со оглед на тоа дека минатата година ги отпочнавме преговорите со ЕУ. Од друга страна, ЕУ има стратешки интерес и веќе отворен процес за свое прилагодување коешто е паралелен во однос на тоа дека ќе треба да функционира во иднина со земји кои што имаат поголем број од сегашниот што значи дека ќе постои динамика и на страната на земјите кандидати за членство, пред се мислам на земјите од Западен Балкан, вклучително и на Македонија, меѓутоа и динамика внатре во ЕУ во однос на прилагодување на функционирањето на повеќе земји членки, изјави Ковачевски.

Според Ковачевски, значајно е што утре ќе биде одржан и неформален состанок на Европскиот совет на кој ќе се разговара токму за прашања значајни за нас, а тоа е пред се мирот и безбедноста во Европа, поддршката на Украина, но и проширувањето на ЕУ.

- Како што најави и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, веќе во рамки на ЕУ се води дебата во однос на подготовката на ЕУ за прием на нови членки од една страна и од друга страна процесите за пристапување кои што самите земји членки ги имаат со ЕУ, изјави Ковачевски.

Според Ковачевски, она што стои во документот изработен од Германија и Франција е позитивно за земјава и за државите од регионот.

- Јас не можам тоа да го коментирам во моментот бидејќи се работи за работен документ кој не е финален и затоа ќе оставам тие да го комуницираат, иако го имам видено и сметам дека тоа што стои во самиот работен документ е позитивно за нашата држава и земјите во регионот, рече Ковачевски.

Во рамки на состанокот, како што посочи, планирано е да има работни состаноци на кои ќе присуствуваат премиерите на Франција, Италија, Обединетото кралство и на други држави, како на претставникот на Европскиот Парламент и на Европската Комисија.

- Се надевам на успешни состаноци. Ќе имаме и билатерална средба со премиерот на Холандија, премиерот на Ирска и потпретседателот на ЕК, рече Ковачевски.

Гранада денеска е центарот на европската политика. Градот со нешто повеќе од 200.000 жители и големо историско и културно наследство испреплетено од трите големи монотеистички култури - христијанската, муслиманската и еврејската денеска е домаќин на третиот самит на Европската политичка заедница (ЕПЦ), на кој се поканети 27 земји-членки на ЕУ, 17 други соседни земји, како што се Обединетото Кралство, Турција, Украина, Швајцарија и балканските држави.

Европската политичка заедница има за цел да поттикне политички дијалог и соработка во решавањето на прашања од заеднички интерес, да ја зајакне безбедноста, стабилноста и просперитетот на европскиот континент. Замислена како платформа за политичка координација, формирана во мај 2022 година на иницијатива на францускиот претседтаел Емануел Макрон, таа не заменува ниту една постоечка организација, структура или процес и нема за цел да создаде нови во оваа фаза

The post Ковачевски од Гранада: По многу години, сега на агендата како тема го имаме проширувањето на Европската Унија appeared first on Република.

]]>

По многу години, сега на агендата како тема го имаме проширувањето на Европската Унија. Ова е исклучително важен состанок со сите земји во Европа и една од главните теми што нам ни е од најголема важност е проширувањето, а секако ќе дискутираме и теми поврзани со дигитализацијата и воведувањето на вештачката интелигенција со цел подобрување на условите за граѓаните, изјави премиерот Димитар Ковачевски, пред почетокот на третиот состанок на Европската политичка заедница, што се одржува денеска во Гранада, Шпанија. Ковачевски, посочи дека Македонија се наоѓа во одлична позиција со оглед на тоа дека минатата година ги отпочна преговорите со ЕУ, додека во Унијата веќе е отпочнат процес на прилагодување на функционирањето на повеќе земји членки. - Мислам дека ние се наоѓаме во одлична позиција со оглед на тоа дека минатата година ги отпочнавме преговорите со ЕУ. Од друга страна, ЕУ има стратешки интерес и веќе отворен процес за свое прилагодување коешто е паралелен во однос на тоа дека ќе треба да функционира во иднина со земји кои што имаат поголем број од сегашниот што значи дека ќе постои динамика и на страната на земјите кандидати за членство, пред се мислам на земјите од Западен Балкан, вклучително и на Македонија, меѓутоа и динамика внатре во ЕУ во однос на прилагодување на функционирањето на повеќе земји членки, изјави Ковачевски. Според Ковачевски, значајно е што утре ќе биде одржан и неформален состанок на Европскиот совет на кој ќе се разговара токму за прашања значајни за нас, а тоа е пред се мирот и безбедноста во Европа, поддршката на Украина, но и проширувањето на ЕУ. - Како што најави и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, веќе во рамки на ЕУ се води дебата во однос на подготовката на ЕУ за прием на нови членки од една страна и од друга страна процесите за пристапување кои што самите земји членки ги имаат со ЕУ, изјави Ковачевски. Според Ковачевски, она што стои во документот изработен од Германија и Франција е позитивно за земјава и за државите од регионот. - Јас не можам тоа да го коментирам во моментот бидејќи се работи за работен документ кој не е финален и затоа ќе оставам тие да го комуницираат, иако го имам видено и сметам дека тоа што стои во самиот работен документ е позитивно за нашата држава и земјите во регионот, рече Ковачевски. Во рамки на состанокот, како што посочи, планирано е да има работни состаноци на кои ќе присуствуваат премиерите на Франција, Италија, Обединетото кралство и на други држави, како на претставникот на Европскиот Парламент и на Европската Комисија. - Се надевам на успешни состаноци. Ќе имаме и билатерална средба со премиерот на Холандија, премиерот на Ирска и потпретседателот на ЕК, рече Ковачевски. Гранада денеска е центарот на европската политика. Градот со нешто повеќе од 200.000 жители и големо историско и културно наследство испреплетено од трите големи монотеистички култури - христијанската, муслиманската и еврејската денеска е домаќин на третиот самит на Европската политичка заедница (ЕПЦ), на кој се поканети 27 земји-членки на ЕУ, 17 други соседни земји, како што се Обединетото Кралство, Турција, Украина, Швајцарија и балканските држави. Европската политичка заедница има за цел да поттикне политички дијалог и соработка во решавањето на прашања од заеднички интерес, да ја зајакне безбедноста, стабилноста и просперитетот на европскиот континент. Замислена како платформа за политичка координација, формирана во мај 2022 година на иницијатива на францускиот претседтаел Емануел Макрон, таа не заменува ниту една постоечка организација, структура или процес и нема за цел да создаде нови во оваа фаза

The post Ковачевски од Гранада: По многу години, сега на агендата како тема го имаме проширувањето на Европската Унија appeared first on Република.

]]>
Енрико Лета задолжен да подготви извештај за иднината на единствениот пазар на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/enriko-leta-zadolzhen-da-podgotvi-izveshtaj-za-idninata-na-edinstveniot-pazar-na-eu/ Sat, 16 Sep 2023 09:21:00 +0000 https://republika.mk/?p=682373

Актуелниот и идниот претседавач на ЕУ, Шпанија и Белгија и Европската комисија побараа од поранешниот италијански премиер Енрико Лета да подготви Извештај за иднината на единствениот пазар на Унијата, кој би бил презентиран во март 2024 година.

- Обврска на Енрико Лета е да собере мислења од различни европски и национални институции, здруженијата на работодавачи, синдикатите, како и од граѓанското општество, соопшти Европската комисија.

Во соопштението се додава дека ЕК, Шпанија и Белгија би сакале во извештајот на Лета да видат конкретни и амбициозни препораки за иднината на единствениот пазар.

Еврокомисијата потсетува дека Советот на ЕУ од 30 јуни годинава реши на неговиот состанок во март 2024 година да биде претставен независен Извештај за иднината на единствениот пазар и ги повика актуелниот и следниот претседавач на ЕУ и извршното тело на Унијата да ја организираат неговата изработка во консултации со земјите-членки.

- Лансиран пред 30 години, единствениот пазар е скапоцен камен во круната на европската интеграција и извор на заедничка благосостојба. Соочени со поконфликтен, нестабилен и сложен свет, потребен ни е посебен напор во однос на негово стратегиско преиспитување, се додава во соопштението.

The post Енрико Лета задолжен да подготви извештај за иднината на единствениот пазар на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Актуелниот и идниот претседавач на ЕУ, Шпанија и Белгија и Европската комисија побараа од поранешниот италијански премиер Енрико Лета да подготви Извештај за иднината на единствениот пазар на Унијата, кој би бил презентиран во март 2024 година. - Обврска на Енрико Лета е да собере мислења од различни европски и национални институции, здруженијата на работодавачи, синдикатите, како и од граѓанското општество, соопшти Европската комисија. Во соопштението се додава дека ЕК, Шпанија и Белгија би сакале во извештајот на Лета да видат конкретни и амбициозни препораки за иднината на единствениот пазар. Еврокомисијата потсетува дека Советот на ЕУ од 30 јуни годинава реши на неговиот состанок во март 2024 година да биде претставен независен Извештај за иднината на единствениот пазар и ги повика актуелниот и следниот претседавач на ЕУ и извршното тело на Унијата да ја организираат неговата изработка во консултации со земјите-членки. - Лансиран пред 30 години, единствениот пазар е скапоцен камен во круната на европската интеграција и извор на заедничка благосостојба. Соочени со поконфликтен, нестабилен и сложен свет, потребен ни е посебен напор во однос на негово стратегиско преиспитување, се додава во соопштението.

The post Енрико Лета задолжен да подготви извештај за иднината на единствениот пазар на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Советот за надворешни работи на ЕУ ќе дебатира за Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sovetot-za-nadvoreshni-raboti-na-eu-ke-debatira-za-kosovo/ Mon, 26 Jun 2023 08:13:25 +0000 https://republika.mk/?p=655134

Во Луксембург денеска се одржува Советот за надворешни работи на Европска Унија, а една од темите ќе бидат последните случувања на Косово.

Советот, кој го сочинуваат министрите за надворешни работи на земјите-членки на Унијата, ќе разговара и за ситуацијата во Украина, како и за односите меѓу ЕУ и Јужна Америка и Карибите, пред самитот ЕУ-ЦЕЛАК, што треба да се одржи на 17 и 18 јули.

На состанокот ќе се разговара и за Тунис, Ерменија и Азербејџан.

The post Советот за надворешни работи на ЕУ ќе дебатира за Косово appeared first on Република.

]]>

Во Луксембург денеска се одржува Советот за надворешни работи на Европска Унија, а една од темите ќе бидат последните случувања на Косово. Советот, кој го сочинуваат министрите за надворешни работи на земјите-членки на Унијата, ќе разговара и за ситуацијата во Украина, како и за односите меѓу ЕУ и Јужна Америка и Карибите, пред самитот ЕУ-ЦЕЛАК, што треба да се одржи на 17 и 18 јули. На состанокот ќе се разговара и за Тунис, Ерменија и Азербејџан.

The post Советот за надворешни работи на ЕУ ќе дебатира за Косово appeared first on Република.

]]>
Министрите на ЕУ: Неопходна е реорганизација на Унијата за да може да прими нови членки https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ministrite-na-eu-neophodna-e-reorganizatsija-na-unijata-za-da-mozhe-da-primi-novi-chlenki/ Fri, 23 Jun 2023 06:00:49 +0000 https://republika.mk/?p=654215

На министерскиот состанок на ЕУ денеска во Стокхолм беше повторена силна поддршка за прием на нови земји во членство, но беше претставено дека Унијата мора да ги реорганизира сопствените политики и работата на своите институции за да може да ги отвори вратите за нови членови.

Ова го изјавија претседавачкиот шведски министер за европски прашања Џесика Росвал и потпретседателот на Европската комисија задолжен за надворешни работи Марос Шефчович.

Европските министри неофицијално првенствено ги разгледувале претходните реформи во Украина и Молдавија, кои во октомври ќе ги оценува Европската комисија со цел да се види дали овие две земји ќе бидат подготвени да започнат преговори за членство во ЕУ.

Шефчович посочи дека во дискусијата било изнесено и дека ЕУ мора да го реорганизира работењето на своите политики и институции за да може да прими нови членки.

Шведскиот министер Росвал посочи дека Украина постигнала напредок во реформите на уставот, слободата на медиумите, рекламирањето, судството и назначувањето службеници за борба против корупцијата, а ЕУ треба да обезбеди помош за Молдавија, која има мал капацитет. за спроведување на реформите.

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји, кој поднесе извештај до министрите, рече дека и Украина и Молдавија треба да продолжат со силните напори за реформи и нагласи дека Украина ги завршила промените во судството и слободата на медиумите од седумте поставени услови.

Вархеји, исто така, ги информираше министрите на ЕУ за бавните реформи во Грузија и, исто како и во случајот со Украина и Молдавија, истакна дека се уште има големи проблеми во борбата против корупцијата, перењето пари и отстранувањето на влијанието на богатите олигарси врз владината политика.

Француската министерка за Европа, Лоренс Бон, подвлече дека ЕУ „мора да им помогне на земјите-кандидатки да ги забрзаат неопходните реформи, бидејќи не може да има проширување со прескокнување на условите и преземање кратенка“.

„Тогаш мора да се поттикне динамиката на процесот, за да нема замор и да се постигне земјата-кандидат да ги почувствува придобивките од ЕУ кога ќе спроведе некои реформи“, објасни таа.

И, како што кажа француската министерка, „тоа ќе биде силен шок за нас, ЕУ, и не можеме правилно да го спроведеме без последици за нашите заеднички политики, управувањето со работата (институцијата) и буџетот“.

Француските власти, исто така, објаснија дека Унијата, за да може да прими нови членки, мора да го промени системот на гласање и наместо едногласност и право на вето, да воведе одлучување со „квалификувано мнозинство“, како и да ја зајакне улогата и овластувањата на Европскиот парламент.

Париз нагласува дека нема да биде членка на ЕУ од втор ред, но јасно става до знаење дека Унијата со повеќе од 30 членки мора да има „повеќе формати“ на интеграција.

The post Министрите на ЕУ: Неопходна е реорганизација на Унијата за да може да прими нови членки appeared first on Република.

]]>

На министерскиот состанок на ЕУ денеска во Стокхолм беше повторена силна поддршка за прием на нови земји во членство, но беше претставено дека Унијата мора да ги реорганизира сопствените политики и работата на своите институции за да може да ги отвори вратите за нови членови. Ова го изјавија претседавачкиот шведски министер за европски прашања Џесика Росвал и потпретседателот на Европската комисија задолжен за надворешни работи Марос Шефчович. Европските министри неофицијално првенствено ги разгледувале претходните реформи во Украина и Молдавија, кои во октомври ќе ги оценува Европската комисија со цел да се види дали овие две земји ќе бидат подготвени да започнат преговори за членство во ЕУ. Шефчович посочи дека во дискусијата било изнесено и дека ЕУ мора да го реорганизира работењето на своите политики и институции за да може да прими нови членки. Шведскиот министер Росвал посочи дека Украина постигнала напредок во реформите на уставот, слободата на медиумите, рекламирањето, судството и назначувањето службеници за борба против корупцијата, а ЕУ треба да обезбеди помош за Молдавија, која има мал капацитет. за спроведување на реформите. Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји, кој поднесе извештај до министрите, рече дека и Украина и Молдавија треба да продолжат со силните напори за реформи и нагласи дека Украина ги завршила промените во судството и слободата на медиумите од седумте поставени услови. Вархеји, исто така, ги информираше министрите на ЕУ за бавните реформи во Грузија и, исто како и во случајот со Украина и Молдавија, истакна дека се уште има големи проблеми во борбата против корупцијата, перењето пари и отстранувањето на влијанието на богатите олигарси врз владината политика. Француската министерка за Европа, Лоренс Бон, подвлече дека ЕУ „мора да им помогне на земјите-кандидатки да ги забрзаат неопходните реформи, бидејќи не може да има проширување со прескокнување на условите и преземање кратенка“. „Тогаш мора да се поттикне динамиката на процесот, за да нема замор и да се постигне земјата-кандидат да ги почувствува придобивките од ЕУ кога ќе спроведе некои реформи“, објасни таа. И, како што кажа француската министерка, „тоа ќе биде силен шок за нас, ЕУ, и не можеме правилно да го спроведеме без последици за нашите заеднички политики, управувањето со работата (институцијата) и буџетот“. Француските власти, исто така, објаснија дека Унијата, за да може да прими нови членки, мора да го промени системот на гласање и наместо едногласност и право на вето, да воведе одлучување со „квалификувано мнозинство“, како и да ја зајакне улогата и овластувањата на Европскиот парламент. Париз нагласува дека нема да биде членка на ЕУ од втор ред, но јасно става до знаење дека Унијата со повеќе од 30 членки мора да има „повеќе формати“ на интеграција.

The post Министрите на ЕУ: Неопходна е реорганизација на Унијата за да може да прими нови членки appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Цело ВМРО-ДПМНЕ било, е и ќе биде на бродот кон Европската Унија, загрижува дел од СДСМ кое со ДУИ формирало антимакедонски фронт https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-tselo-vmro-dpmne-bilo-e-i-ke-bide-na-brodot-kon-evropskata-unija-zagrizhuva-del-od-sdsm-koe-so-dui-formiralo-antimakedonski-front/ Tue, 23 May 2023 11:39:05 +0000 https://republika.mk/?p=643963

Цело ВМРО-ДПМНЕ, не дел од ВМРО-ДПМНЕ е на бродот кон Европската Унија. Било, е и ќе остане на тој брод, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од посетата во Кавадарци запрашан за коментар на изјавите на премиерот Димитар Ковачевски дека партијата треба да одлучи дали партијата ќе се качи на бродот за Европската Унија, цела или во делови.

Мицкоски изрази загриженост поради тоа што дел од СДСМ, кое самото се нарекува раководство, се здружило со ДУИ и формирале антимакедонски фронт, а не европски како што го нарекуваат, што претставува една појава за уништување на сопствениот народ со цел останување уште неколку месеци на власт.

Мене ме загрижува дека дел од раководството на СДСМ, не цело СДСМ заедно со ДУИ формираа, наместо како што оние го нарекоа Европски фронт, формираа антимакедонски фронт. И тоа ме загрижува, бидејќи тоа е една појава на уништување на сопствениот народ, за да може да биде задржана сопствената позиција уште некој месец повеќе и таа пракса која што денеска ја гледаме и која што се случува во Македонија ќе остави, навистина, сериозни последици за кои што потоа ќе ни требаат години да ги рехабилитираме, рече Мицкоски.

Мицкоски упати порака до Ковачевски да не си игра со трпението на македонскиот народ и за престане да го уништува македонскиот идентитет за власт, затоа што сето ова за брзо време, за неколку месеци од денес, ќе заврши и во Македонија ќе има техничка влада.

Јас сакам да му порачам на Ковачевски да не си игра со трпението на македонскиот народ, да престане да го уништува македонскиот идентитет за да може тој и малкумина, повторно ќе кажам не цело СДСМ, малкумина кои што се нарекуваат себеси за раководство на СДСМ за да ги задржат своите позиции, да распродаваат од македонскиот национален идентитет. Затоа што сето ова ќе заврши, за неколку месеци од денеска имаме техничка Влада, ќе имаме и претседателски и парламентарни избори. Еве во најлош случај ако немаме предвремени парламентарни избори, за неколку месеци од денеска, завршува ова. Прашањето е, каква трага ќе остави позади себе и каков однос ќе има, откако ќе се шета низ македонските улици и сокаци, овој човек имајќи предвид што се му направи на македонскиот идентитет, на македонскиот народ за ова кратко време откако беше назначен за претседател на владата, истакна Мицкоски.

Затоа, додаде Мицкоски, го предупредувам, барем овие неколку месеци кои што му преостанаа да биде премиер, достоинствено да ги помине без да прави дополнителна штета на македонскиот идентитет и да се приклучи на Македонскиот фронт и на фронтот кој што вистински нуди европска перспектива за Македонија и за македонските граѓани.

 

The post Мицкоски: Цело ВМРО-ДПМНЕ било, е и ќе биде на бродот кон Европската Унија, загрижува дел од СДСМ кое со ДУИ формирало антимакедонски фронт appeared first on Република.

]]>

Цело ВМРО-ДПМНЕ, не дел од ВМРО-ДПМНЕ е на бродот кон Европската Унија. Било, е и ќе остане на тој брод, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од посетата во Кавадарци запрашан за коментар на изјавите на премиерот Димитар Ковачевски дека партијата треба да одлучи дали партијата ќе се качи на бродот за Европската Унија, цела или во делови. Мицкоски изрази загриженост поради тоа што дел од СДСМ, кое самото се нарекува раководство, се здружило со ДУИ и формирале антимакедонски фронт, а не европски како што го нарекуваат, што претставува една појава за уништување на сопствениот народ со цел останување уште неколку месеци на власт.
Мене ме загрижува дека дел од раководството на СДСМ, не цело СДСМ заедно со ДУИ формираа, наместо како што оние го нарекоа Европски фронт, формираа антимакедонски фронт. И тоа ме загрижува, бидејќи тоа е една појава на уништување на сопствениот народ, за да може да биде задржана сопствената позиција уште некој месец повеќе и таа пракса која што денеска ја гледаме и која што се случува во Македонија ќе остави, навистина, сериозни последици за кои што потоа ќе ни требаат години да ги рехабилитираме, рече Мицкоски.
Мицкоски упати порака до Ковачевски да не си игра со трпението на македонскиот народ и за престане да го уништува македонскиот идентитет за власт, затоа што сето ова за брзо време, за неколку месеци од денес, ќе заврши и во Македонија ќе има техничка влада.
Јас сакам да му порачам на Ковачевски да не си игра со трпението на македонскиот народ, да престане да го уништува македонскиот идентитет за да може тој и малкумина, повторно ќе кажам не цело СДСМ, малкумина кои што се нарекуваат себеси за раководство на СДСМ за да ги задржат своите позиции, да распродаваат од македонскиот национален идентитет. Затоа што сето ова ќе заврши, за неколку месеци од денеска имаме техничка Влада, ќе имаме и претседателски и парламентарни избори. Еве во најлош случај ако немаме предвремени парламентарни избори, за неколку месеци од денеска, завршува ова. Прашањето е, каква трага ќе остави позади себе и каков однос ќе има, откако ќе се шета низ македонските улици и сокаци, овој човек имајќи предвид што се му направи на македонскиот идентитет, на македонскиот народ за ова кратко време откако беше назначен за претседател на владата, истакна Мицкоски.
Затоа, додаде Мицкоски, го предупредувам, барем овие неколку месеци кои што му преостанаа да биде премиер, достоинствено да ги помине без да прави дополнителна штета на македонскиот идентитет и да се приклучи на Македонскиот фронт и на фронтот кој што вистински нуди европска перспектива за Македонија и за македонските граѓани.  

The post Мицкоски: Цело ВМРО-ДПМНЕ било, е и ќе биде на бродот кон Европската Унија, загрижува дел од СДСМ кое со ДУИ формирало антимакедонски фронт appeared first on Република.

]]>
ЕУ е должна 13.272,7 милијарди евра, што е 84 отсто од нејзиниот БДП https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-e-dolzhna-13-272-7-milijardi-evra-shto-e-84-otsto-od-nejziniot-bdp/ Sat, 22 Apr 2023 09:19:33 +0000 https://republika.mk/?p=632939

Јавниот долг на сите земји членки на ЕУ на крајот на 2022 година изнесувал 84 отсто од нивниот бруто домашен производ, што е за 4 проценти помалку од 2021. Долгот, пак, на еврозоната, бил 91,6 отсто од нејзиниот БДП. Тоа е намалување во однос на 2021 кога изнесувал 95,5 проценти, објави Евростат.

Намалувањето на нивото на јавниот долг лани е резултат на повисокиот номинален раст на БДП отколку на долговите на земјите членки.

Највисок национален долг од земјите на ЕУ на крајот од минатата година е забележан во Грција 171,3 отсто од БДП. Следуваат Италија (144,4 отсто), Португалија (113,9 отсто), Шпанија (113,2 отсто), Франција (111,6 отсто) и Белгија (105,1 отсто).

Најдобар резултат во ЕУ на крајот на 2022 година имала Естонија, каде што националниот долг изнесува 18,4 отсто од БДП. На второ место е Бугарија (22,9 отсто), а на трето Луксембург (24,6 отсто). Под просекот на ЕУ се и нордиските и земјите од Централна и Источна Европа (Данска, Шведска, Литванија, Летонија, Чешка, Ирска, Романија)

Иако најзадолжена земја во ЕУ, Грција најмногу го намалила односот на долгот кон БДП во споредба со претходната година, за 23 процентни поени. Долгот во однос на БДП го намалиле и Кипар, Португалија, Ирска, Хрватска, Данска, Италија, Литванија и Шпанија.

Учеството на јавниот долг во БДП го зголемиле Чешка Естонија, Финска и Луксембург.

Во апсолутни бројки, вкупниот јавен долг на Европската унија на крајот на 2022 година изнесувал 13.272,7 милијарди евра.

The post ЕУ е должна 13.272,7 милијарди евра, што е 84 отсто од нејзиниот БДП appeared first on Република.

]]>

Јавниот долг на сите земји членки на ЕУ на крајот на 2022 година изнесувал 84 отсто од нивниот бруто домашен производ, што е за 4 проценти помалку од 2021. Долгот, пак, на еврозоната, бил 91,6 отсто од нејзиниот БДП. Тоа е намалување во однос на 2021 кога изнесувал 95,5 проценти, објави Евростат.
Намалувањето на нивото на јавниот долг лани е резултат на повисокиот номинален раст на БДП отколку на долговите на земјите членки. Највисок национален долг од земјите на ЕУ на крајот од минатата година е забележан во Грција 171,3 отсто од БДП. Следуваат Италија (144,4 отсто), Португалија (113,9 отсто), Шпанија (113,2 отсто), Франција (111,6 отсто) и Белгија (105,1 отсто).
Најдобар резултат во ЕУ на крајот на 2022 година имала Естонија, каде што националниот долг изнесува 18,4 отсто од БДП. На второ место е Бугарија (22,9 отсто), а на трето Луксембург (24,6 отсто). Под просекот на ЕУ се и нордиските и земјите од Централна и Источна Европа (Данска, Шведска, Литванија, Летонија, Чешка, Ирска, Романија) Иако најзадолжена земја во ЕУ, Грција најмногу го намалила односот на долгот кон БДП во споредба со претходната година, за 23 процентни поени. Долгот во однос на БДП го намалиле и Кипар, Португалија, Ирска, Хрватска, Данска, Италија, Литванија и Шпанија. Учеството на јавниот долг во БДП го зголемиле Чешка Естонија, Финска и Луксембург. Во апсолутни бројки, вкупниот јавен долг на Европската унија на крајот на 2022 година изнесувал 13.272,7 милијарди евра.

The post ЕУ е должна 13.272,7 милијарди евра, што е 84 отсто од нејзиниот БДП appeared first on Република.

]]>
ЕК: Замрзнати се 17 милијарди евра руски имот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ek-zamrznati-se-17-milijardi-evra-ruski-imot/ Sat, 29 Oct 2022 14:02:08 +0000 https://republika.mk/?p=567139

Европската унија замрзна повеќе од 17 милијарди евра руски имот како дел од пакетот санкции против Москва, изјави еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс.

Досега е замрзнат имотот на 90 лица, повеќе од 17 милијарди евра во седум земји-членки, од кои 2,2 милијарди евра во Германија, изјави Белгиецот за германскиот медиумски концерн „Функе“.

ЕУ усвои осум пакети санкции од почетокот на руската агресија врз Украина пред осум месеци. Поточно, украинските политичари постојано бараа замрзнатите средства да се употребат за обнова на земјата по завршување на војната.

Ако ЕУ заплени пари од криминални активности, можно е да ги насочи кон фондот за компензација за Украина. Сепак, сумата не е ни блиску доволна за да се финансира реконструкцијата, истакна Рејндерс.

ЕУ, исто така, замрзна 300 милијарди евра од девизните резерви на Руската централна банка. Од моја гледна точка, барем е можно да се задржат овие 300 милијарди евра како гаранција, додека Русија доброволно не учествува во обновата на Украина, додаде еврокомесарот.

Тој за весникот „Хамбургер Абендблат“ нагласи дека првите судења за воени злосторства извршени во Украина би можеле да започнат оваа година пред Меѓународниот кривичен суд. „Ако обвинителите сакаат да започнат на највисоко ниво, нека го сторат тоа“, порача Рејндерс.

The post ЕК: Замрзнати се 17 милијарди евра руски имот appeared first on Република.

]]>

Европската унија замрзна повеќе од 17 милијарди евра руски имот како дел од пакетот санкции против Москва, изјави еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс.
Досега е замрзнат имотот на 90 лица, повеќе од 17 милијарди евра во седум земји-членки, од кои 2,2 милијарди евра во Германија, изјави Белгиецот за германскиот медиумски концерн „Функе“. ЕУ усвои осум пакети санкции од почетокот на руската агресија врз Украина пред осум месеци. Поточно, украинските политичари постојано бараа замрзнатите средства да се употребат за обнова на земјата по завршување на војната.
Ако ЕУ заплени пари од криминални активности, можно е да ги насочи кон фондот за компензација за Украина. Сепак, сумата не е ни блиску доволна за да се финансира реконструкцијата, истакна Рејндерс.
ЕУ, исто така, замрзна 300 милијарди евра од девизните резерви на Руската централна банка. Од моја гледна точка, барем е можно да се задржат овие 300 милијарди евра како гаранција, додека Русија доброволно не учествува во обновата на Украина, додаде еврокомесарот.
Тој за весникот „Хамбургер Абендблат“ нагласи дека првите судења за воени злосторства извршени во Украина би можеле да започнат оваа година пред Меѓународниот кривичен суд. „Ако обвинителите сакаат да започнат на највисоко ниво, нека го сторат тоа“, порача Рејндерс.

The post ЕК: Замрзнати се 17 милијарди евра руски имот appeared first on Република.

]]>
Членките на ЕУ за еден месец ја одложија одлуката за мерките за справување со енергетската криза https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/chlenkite-na-eu-za-eden-mesec-ja-odlozija-odlukata-za-merkite-za-spravuvanje-so-energetskata-kriza/ Tue, 25 Oct 2022 18:34:04 +0000 https://republika.mk/?p=565591

Земјите-членки на Европската Унија за еден месец ја одложија одлуката за надминување на големите разлики во однос мерките за заштита на граѓаните од енергетската криза.

Министрите за енергетика на ЕУ на денешниот состанок донесоа одлука на Еврокомисијата да и се наложи да подготви предлози што би биле подготвени за усвојување на вонреден состанок закажан за 24 ноември.

Независно што не е донесена техничка одлука, претседавачот со состанокот, заменик-премиерот на Чешката Република, Јозеф Сикела, истакна дека постои консензус кај земјите-членки за потребата од заедничко обезбедување на Унијата со гас, како би се избегнале меѓусебни несогласувања при набавките на енергенсот.

На минатонеделниот самит на ЕУ не беше постигнат договор за мерките, но учесниците тврдеа дека постои чувство на заеднички интерес по тоа прашање.

The post Членките на ЕУ за еден месец ја одложија одлуката за мерките за справување со енергетската криза appeared first on Република.

]]>

Земјите-членки на Европската Унија за еден месец ја одложија одлуката за надминување на големите разлики во однос мерките за заштита на граѓаните од енергетската криза. Министрите за енергетика на ЕУ на денешниот состанок донесоа одлука на Еврокомисијата да и се наложи да подготви предлози што би биле подготвени за усвојување на вонреден состанок закажан за 24 ноември. Независно што не е донесена техничка одлука, претседавачот со состанокот, заменик-премиерот на Чешката Република, Јозеф Сикела, истакна дека постои консензус кај земјите-членки за потребата од заедничко обезбедување на Унијата со гас, како би се избегнале меѓусебни несогласувања при набавките на енергенсот. На минатонеделниот самит на ЕУ не беше постигнат договор за мерките, но учесниците тврдеа дека постои чувство на заеднички интерес по тоа прашање.

The post Членките на ЕУ за еден месец ја одложија одлуката за мерките за справување со енергетската криза appeared first on Република.

]]>
Шпанија е против предлогот на ЕУ за намалување на потрошувачката на гас за 15 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shpanija-e-protiv-predlogot-na-eu-za-namaluvanje-na-potroshuvachkata-na-gas-za-15-otsto/ Wed, 20 Jul 2022 21:48:57 +0000 https://republika.mk/?p=531608

За шпанската Влада предлогот на Европска Унија за 15 отсто намалување на гасот за сите земји-членки на ЕУ, го оцени како неправеден и неефикасен.

Шпанската министерка за еколошка транзиција Тереса Рибера истакна дека Мадрид ќе се спротивстави на наметнување на обврски „што се под тоа што и припаѓа“.

– Шпанските семејства нема да трпат прекини на гас или електрична енергија во нивните домови. Шпанија ќе ја брани позицијата на шпанската индустрија, истакна Рибера, додавајќи оти сепак Шпанија сака да се солидаризира со другите членки на ЕУ.

Европската комисија денеска предложи во следните осум месеци земјите-членки на ЕУ да ја намалат потрошувачката на природен гас за 15 отсто, со цел овој енергенс да биде доволен за основни услуги во текот на зимата, доколку Русија целосно го прекине снабдувањето. Првичните намалувања би биле доброволни. ЕК, исто така, побара ингеренции да воведе задолжителни намалувања во ЕУ, во случај „да постои значителен ризик од сериозен недостиг на гас или исклучително висока побарувачка“ за енергетскиот производ.

За планот треба да се дискутира на состанокот на Европскиот совет на 26 јули.

Планот предвидува секоја земја да направи се за да ја намали потрошувачката на гас во периодот од август 2022 до март 2023 година во споредба со просекот од изминатите пет години.

The post Шпанија е против предлогот на ЕУ за намалување на потрошувачката на гас за 15 отсто appeared first on Република.

]]>

За шпанската Влада предлогот на Европска Унија за 15 отсто намалување на гасот за сите земји-членки на ЕУ, го оцени како неправеден и неефикасен. Шпанската министерка за еколошка транзиција Тереса Рибера истакна дека Мадрид ќе се спротивстави на наметнување на обврски „што се под тоа што и припаѓа“.
– Шпанските семејства нема да трпат прекини на гас или електрична енергија во нивните домови. Шпанија ќе ја брани позицијата на шпанската индустрија, истакна Рибера, додавајќи оти сепак Шпанија сака да се солидаризира со другите членки на ЕУ.
Европската комисија денеска предложи во следните осум месеци земјите-членки на ЕУ да ја намалат потрошувачката на природен гас за 15 отсто, со цел овој енергенс да биде доволен за основни услуги во текот на зимата, доколку Русија целосно го прекине снабдувањето. Првичните намалувања би биле доброволни. ЕК, исто така, побара ингеренции да воведе задолжителни намалувања во ЕУ, во случај „да постои значителен ризик од сериозен недостиг на гас или исклучително висока побарувачка“ за енергетскиот производ. За планот треба да се дискутира на состанокот на Европскиот совет на 26 јули. Планот предвидува секоја земја да направи се за да ја намали потрошувачката на гас во периодот од август 2022 до март 2023 година во споредба со просекот од изминатите пет години.

The post Шпанија е против предлогот на ЕУ за намалување на потрошувачката на гас за 15 отсто appeared first on Република.

]]>
ЕУ вложува дополнителни 200 милијарди евра во одбранбените сили https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-vlozuva-dopolnitelni-200-milijardi-evra-vo-odbranbenite-sili/ Wed, 18 May 2022 14:43:46 +0000 https://republika.mk/?p=503923

Европската комисија денеска усвои план за зајакнување на одбраната на Унијата, што ќе вклучува инвестиции од 200 милијарди евра, како и заеднички набавки и подобра интероперабилност на воените сили на земјите членки.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен оцени дека враќањето на „војната на европскиот континент“ ја нагласи потребата од поголеми, но и покоординирани инвестиции во одбранбените сили на ЕУ.

Парите мора да се инвестираат координирано за да се решат празнините во нашите воени капацитети што очигледно постојат и кои ги идентификувавме во ЕУ и НАТО. Начинот на кој ги трошиме мора да ја зајакне европската одбранбена индустрија на долг рок. Бараме заедничка набавка, што ќе ја зајакнува интероперабилноста на воените сили на земјите членки. Тоа е финансиски поисплатливо и ја зајакнува индустриската база во ЕУ и нашиот иновативен сектор, рече Лајен.

Шефицата на ЕК најави формирање на работна група за координирање на „огромните набавки потребни за одбраната“, како и финансиски инструменти за заеднички набавки што ќе придонесат за дополнителни заеднички инвестиции во она што земјите членки поединечно го издвојуваат за одбранбениот сектор.

The post ЕУ вложува дополнителни 200 милијарди евра во одбранбените сили appeared first on Република.

]]>

Европската комисија денеска усвои план за зајакнување на одбраната на Унијата, што ќе вклучува инвестиции од 200 милијарди евра, како и заеднички набавки и подобра интероперабилност на воените сили на земјите членки. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен оцени дека враќањето на „војната на европскиот континент“ ја нагласи потребата од поголеми, но и покоординирани инвестиции во одбранбените сили на ЕУ.
Парите мора да се инвестираат координирано за да се решат празнините во нашите воени капацитети што очигледно постојат и кои ги идентификувавме во ЕУ и НАТО. Начинот на кој ги трошиме мора да ја зајакне европската одбранбена индустрија на долг рок. Бараме заедничка набавка, што ќе ја зајакнува интероперабилноста на воените сили на земјите членки. Тоа е финансиски поисплатливо и ја зајакнува индустриската база во ЕУ и нашиот иновативен сектор, рече Лајен.
Шефицата на ЕК најави формирање на работна група за координирање на „огромните набавки потребни за одбраната“, како и финансиски инструменти за заеднички набавки што ќе придонесат за дополнителни заеднички инвестиции во она што земјите членки поединечно го издвојуваат за одбранбениот сектор.

The post ЕУ вложува дополнителни 200 милијарди евра во одбранбените сили appeared first on Република.

]]>
Екодебата „Светла иднина“ во резиденцијата на Европската Унија: Треба да излеземе од удобната зона https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ekodebata-svetla-idnina-vo-rezidencijata-na-evropskata-unija-treba-da-izlezeme-od-udobnata-zona/ Wed, 23 Mar 2022 12:21:40 +0000 https://republika.mk/?p=477142

Треба да излеземе од удобната зона, да бидеме креативни како да создаваме помалку отпад и да размислуваме што ѝ правиме на нашата животна околина со секое наше однесување. Сакаме повеќе да се обрнува внимание на екологијата во образовниот процес, преку реални проекти и практики, а не само теоретски – велат гимназијалци од „Панче Арсовски“ од Скопје, кои учествуваа на дебатата „Светла иднина“ посветена на тоа како се справуваме со отпадот, што беше организирана минатата недела во резиденцијата на Европската Унија во Скопје.

Дебатата, чиј директен повод е изложбата „Розови тигри и златни гуштери и уште што не“ инспирирана токму од начелата на Зелениот договор, е прва од планираната пролетна серија во организација на Делегацијата на Европската Унија, во соработка со галеријата „Акантус“. Ученици, професори, уметници, експерти за животна околина, екоактивисти се обединија и разговараа на горливата тема. Прво дело од кое се инспирираа за дискусија беше „Светла иднина“ на уметникот Ајваз Озбек, дел од самата изложба. Преку делото, изработено од отпадно железо, уметникот ги претстави четирите страни на светот, сите споени во форма на светилка, навестувајќи ја нашата огромна потреба од енергија.

Летниот период имаше многу пожари кај нас. Знаеме дека при пожар се сушат дрвјата. Дрвото поставено во централниот дел на делото е исушено. Светилката како енергија што ја имаме ни го претставува делото. Моите соседи почнаа да ми нудат шрафови, некако почна природно рециклирање во маалото. Колегите уметници сè почесто користат рециклирачки материјали за своите дела и тоа ме радува – вели Озбек.

Бојан Д. Георгиевски од галеријата „Акантус“ истакна дека изложбата укажува на моменталните грижи и проблеми во сите општества на нашата планета, а повеќето уметници се фокусирале на биодиверзитетот.

Вана Урошевиќ и Зоран Тодовиќ изработија видео што ги разгледува проблемите на биодиверзитетот. Велимир Жерновски се фокусира на моќта на регенерацијата кај гуштерите, Маја Кировска го отвори прашањето што може секој поединец со малку труд да направи за подобрување на нашата околина. Ненад Тонкин, инспириран од детски цртежи, од рециклирани материјали создаде скулптури и зборува за губењето на живеалиштата - истакна Георгиевски.

Домаќинот на настанот, Пол Бускот, истакна дека токму преку уметноста ќе бидат водени дискусиите зашто „таа е гласот на срцето, на душата.“

Овде сме да разговараме, да упатиме пораки за работи што можат да бидат направени за оваа земја да биде подобро место за живеење - рече Бускот.

Модератор на дискусијата беше Мила Јовановска од организацијата „Биди зелен“, која нагласи дека е многу важно отворено да се зборува за проблемите, а особено што климатските активисти најдоа начин преку уметноста да повикаат на акција.

Отпадот многу придонесува за загадувањето на животната средина и за климатските промени. Секој од нас може да биде добар пример и да шири еколошката свест – истакна таа.

На младите им пречи што нема доволно јавна свест, сакаат повеќе да се зборува и дејствува на оваа тема во образованието.

Јас сум од Петровец и кај нас нема такви контејнери. И нема како да се рециклира, а сакам да го правам тоа. Уште од 4. одделение учествувам во екопроекти. Морам да кажам дека првенствено наставниците ни даваат добар пример. Јас неодамна научив дека постојат машини за пластични шишиња кои потоа ти даваат пари или некоја друга награда. Тоа треба и кај нас да се примени - вели еден од средношколците. За негов соученик, оваа тема треба да биде секогаш актуелна и со повеќе акции и кампањи по медиумите, но и на училиште. Младите се самокритични и признаваат дека не размислуваат премногу на темата како да го намалат количеството отпад и дека им е тешко да излезат од удобната зона. Тие, исто така, признаваат дека и ковид-пандемијата придонела за нивно созревање и добивање појасна слика за животната средина и нашето влијание врз неа.

Наставничка по биологија од „Панче Арсовски“ посочи дека екологијата се изучува на училиште, но дека оваа проблематика треба да се изучува преку реални примери и практики, а не теоретски како тема во едно полугодие.

Ние како училиште преку нашиот Екоклуб имаме многу активности кои ги спроведуваме заедно со учениците, зашто учениците се преоптоварени со теоријата, потребни се реални активности. Децата можат повеќе да се изразат преку примена на различни практики, а не само да знаат дефиниции за областа. И не треба да се поврзуваат само наставниците по биологија и природни науки со оваа проблематика. Таа е проблематика на сите сфери од општеството. Ние како наставници реализираме и екосодржини како дел од наставните планови по сите предмети. Детето од мали нозе се учи за еколошката свест. „Гледај ме што правам, а не што зборувам.“ Детето го гледа родителот дома. Нас многу често нè ставаат на тапет дека не сме ги научиле. Примерот е најдобар начин - истакна таа.

Иван Дургутов, млад европски амбасадор од иницијативата на Европската Унија, забележа дека екологијата е тема што младите денес ја чувствуваат како поблиска. Тој посочи дека општеството сè уште нема создадено атмосфера за таа да се сфаќа посериозно.

Ана Каранфилова-Мазневска, одговорна на Секторот за справување со отпад во Министерството за животна средина и просторно планирање, им доближи на младите што значат законите што ги имаме и каде може да се информираат за сè што ги интересира на темата.

Низ интересни примери, Виктор Христов, експерт за цврст отпад, им објасни на младите различни аспекти од справувањето со отпадот.

Отпадот е вид цивилизациска вредност. Затоа што кога ќе видиме како во некои земји добро се справуваат со отпадот, знаеме да кажеме: „Овие се поцивилизирани од нас.“ Доколку  влезете кај некого дома, ако не е чисто, мислите дека не е добар домаќин. Во 20 години сум работел во над 30 земји во светот. Законите секаде се релативно добри. За жал, кај нас примената законите е многу бавна - вели Христов.

Промените треба да дојдат од вас, младите, а ние, возрасните, треба да се трудиме да создадеме услови за тоа, им порача на младите Филип Ивановски од „Пакомак“.

Инфраструктурата полека ја градиме, знаеме дека не е доволно, но мора да ја смениме перцепцијата за нашата околина. Совеста треба да нè натера да го бараме соодветниот контејнер каде да го одлагаме отпадот. Акт на најголема љубов кон државата е да се грижите за вашата околина - заклучи Ивановски.

The post Екодебата „Светла иднина“ во резиденцијата на Европската Унија: Треба да излеземе од удобната зона appeared first on Република.

]]>

Треба да излеземе од удобната зона, да бидеме креативни како да создаваме помалку отпад и да размислуваме што ѝ правиме на нашата животна околина со секое наше однесување. Сакаме повеќе да се обрнува внимание на екологијата во образовниот процес, преку реални проекти и практики, а не само теоретски – велат гимназијалци од „Панче Арсовски“ од Скопје, кои учествуваа на дебатата „Светла иднина“ посветена на тоа како се справуваме со отпадот, што беше организирана минатата недела во резиденцијата на Европската Унија во Скопје. Дебатата, чиј директен повод е изложбата „Розови тигри и златни гуштери и уште што не“ инспирирана токму од начелата на Зелениот договор, е прва од планираната пролетна серија во организација на Делегацијата на Европската Унија, во соработка со галеријата „Акантус“. Ученици, професори, уметници, експерти за животна околина, екоактивисти се обединија и разговараа на горливата тема. Прво дело од кое се инспирираа за дискусија беше „Светла иднина“ на уметникот Ајваз Озбек, дел од самата изложба. Преку делото, изработено од отпадно железо, уметникот ги претстави четирите страни на светот, сите споени во форма на светилка, навестувајќи ја нашата огромна потреба од енергија.
Летниот период имаше многу пожари кај нас. Знаеме дека при пожар се сушат дрвјата. Дрвото поставено во централниот дел на делото е исушено. Светилката како енергија што ја имаме ни го претставува делото. Моите соседи почнаа да ми нудат шрафови, некако почна природно рециклирање во маалото. Колегите уметници сè почесто користат рециклирачки материјали за своите дела и тоа ме радува – вели Озбек.
Бојан Д. Георгиевски од галеријата „Акантус“ истакна дека изложбата укажува на моменталните грижи и проблеми во сите општества на нашата планета, а повеќето уметници се фокусирале на биодиверзитетот.
Вана Урошевиќ и Зоран Тодовиќ изработија видео што ги разгледува проблемите на биодиверзитетот. Велимир Жерновски се фокусира на моќта на регенерацијата кај гуштерите, Маја Кировска го отвори прашањето што може секој поединец со малку труд да направи за подобрување на нашата околина. Ненад Тонкин, инспириран од детски цртежи, од рециклирани материјали создаде скулптури и зборува за губењето на живеалиштата - истакна Георгиевски.
Домаќинот на настанот, Пол Бускот, истакна дека токму преку уметноста ќе бидат водени дискусиите зашто „таа е гласот на срцето, на душата.“
Овде сме да разговараме, да упатиме пораки за работи што можат да бидат направени за оваа земја да биде подобро место за живеење - рече Бускот.
Модератор на дискусијата беше Мила Јовановска од организацијата „Биди зелен“, која нагласи дека е многу важно отворено да се зборува за проблемите, а особено што климатските активисти најдоа начин преку уметноста да повикаат на акција.
Отпадот многу придонесува за загадувањето на животната средина и за климатските промени. Секој од нас може да биде добар пример и да шири еколошката свест – истакна таа.
На младите им пречи што нема доволно јавна свест, сакаат повеќе да се зборува и дејствува на оваа тема во образованието.
Јас сум од Петровец и кај нас нема такви контејнери. И нема како да се рециклира, а сакам да го правам тоа. Уште од 4. одделение учествувам во екопроекти. Морам да кажам дека првенствено наставниците ни даваат добар пример. Јас неодамна научив дека постојат машини за пластични шишиња кои потоа ти даваат пари или некоја друга награда. Тоа треба и кај нас да се примени - вели еден од средношколците. За негов соученик, оваа тема треба да биде секогаш актуелна и со повеќе акции и кампањи по медиумите, но и на училиште. Младите се самокритични и признаваат дека не размислуваат премногу на темата како да го намалат количеството отпад и дека им е тешко да излезат од удобната зона. Тие, исто така, признаваат дека и ковид-пандемијата придонела за нивно созревање и добивање појасна слика за животната средина и нашето влијание врз неа.
Наставничка по биологија од „Панче Арсовски“ посочи дека екологијата се изучува на училиште, но дека оваа проблематика треба да се изучува преку реални примери и практики, а не теоретски како тема во едно полугодие.
Ние како училиште преку нашиот Екоклуб имаме многу активности кои ги спроведуваме заедно со учениците, зашто учениците се преоптоварени со теоријата, потребни се реални активности. Децата можат повеќе да се изразат преку примена на различни практики, а не само да знаат дефиниции за областа. И не треба да се поврзуваат само наставниците по биологија и природни науки со оваа проблематика. Таа е проблематика на сите сфери од општеството. Ние како наставници реализираме и екосодржини како дел од наставните планови по сите предмети. Детето од мали нозе се учи за еколошката свест. „Гледај ме што правам, а не што зборувам.“ Детето го гледа родителот дома. Нас многу често нè ставаат на тапет дека не сме ги научиле. Примерот е најдобар начин - истакна таа.
Иван Дургутов, млад европски амбасадор од иницијативата на Европската Унија, забележа дека екологијата е тема што младите денес ја чувствуваат како поблиска. Тој посочи дека општеството сè уште нема создадено атмосфера за таа да се сфаќа посериозно. Ана Каранфилова-Мазневска, одговорна на Секторот за справување со отпад во Министерството за животна средина и просторно планирање, им доближи на младите што значат законите што ги имаме и каде може да се информираат за сè што ги интересира на темата. Низ интересни примери, Виктор Христов, експерт за цврст отпад, им објасни на младите различни аспекти од справувањето со отпадот.
Отпадот е вид цивилизациска вредност. Затоа што кога ќе видиме како во некои земји добро се справуваат со отпадот, знаеме да кажеме: „Овие се поцивилизирани од нас.“ Доколку  влезете кај некого дома, ако не е чисто, мислите дека не е добар домаќин. Во 20 години сум работел во над 30 земји во светот. Законите секаде се релативно добри. За жал, кај нас примената законите е многу бавна - вели Христов.
Промените треба да дојдат од вас, младите, а ние, возрасните, треба да се трудиме да создадеме услови за тоа, им порача на младите Филип Ивановски од „Пакомак“.
Инфраструктурата полека ја градиме, знаеме дека не е доволно, но мора да ја смениме перцепцијата за нашата околина. Совеста треба да нè натера да го бараме соодветниот контејнер каде да го одлагаме отпадот. Акт на најголема љубов кон државата е да се грижите за вашата околина - заклучи Ивановски.

The post Екодебата „Светла иднина“ во резиденцијата на Европската Унија: Треба да излеземе од удобната зона appeared first on Република.

]]>
ЕУ планира огромно задолжување заради финансирање на одбраната и купување енергенси https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-planira-ogromno-zadolzuvanje-zaradi-finansiranje-na-odbranata-i-kupuvanje-energensi/ Tue, 08 Mar 2022 17:45:48 +0000 https://republika.mk/?p=469764

Европската Унија неделава би можела да го претстави планот за издавање заеднички обврзници, чиј износ би можел да биде огромен и би се искористил за финансирање на трошоците во енергетскиот и одбранбениот сектор, објави „Блумберг“.

Предлогот би можел да биде претставен по вонредниот самит на ЕУ, што во четврток почнува во Версај. Според планот, Европската комисија ќе издава обврзници и ќе ги канализира парите до земјите-членки преку поволни заеми за да ги финансира трошоците во наведените области - изјавиле официјални лица запознаени со подготовките, кои сакале да останат анонимни, бидејќи плановите сè уште не се објавени во јавноста.

Официјалните лица додаваат дека надлежните се уште ги разработуваат деталите за продажбата на обврзниците и висината на долгот.

Треба да најдеме нови алатки за да ги решиме новите прашања што ни ги поставува оваа криза - изјави синоќа еврокомесарот за економија Паоло Џентилони пред европратениците во Стразбур.

Тој додаде дека е на мислење оти лидерите на ЕУ на претстојниот самит во Версај ќе дадат политички насоки за натамошните чекори на Унијата.

„Блумберг“ наведува дека портпаролот на ЕК одбива да ги коментира деталите, изјавувајќи само дека официјалните лица продолжуваат да ја следат ситуацијата и се подготвени да одговорат на променливите околности.

The post ЕУ планира огромно задолжување заради финансирање на одбраната и купување енергенси appeared first on Република.

]]>

Европската Унија неделава би можела да го претстави планот за издавање заеднички обврзници, чиј износ би можел да биде огромен и би се искористил за финансирање на трошоците во енергетскиот и одбранбениот сектор, објави „Блумберг“.
Предлогот би можел да биде претставен по вонредниот самит на ЕУ, што во четврток почнува во Версај. Според планот, Европската комисија ќе издава обврзници и ќе ги канализира парите до земјите-членки преку поволни заеми за да ги финансира трошоците во наведените области - изјавиле официјални лица запознаени со подготовките, кои сакале да останат анонимни, бидејќи плановите сè уште не се објавени во јавноста.
Официјалните лица додаваат дека надлежните се уште ги разработуваат деталите за продажбата на обврзниците и висината на долгот.
Треба да најдеме нови алатки за да ги решиме новите прашања што ни ги поставува оваа криза - изјави синоќа еврокомесарот за економија Паоло Џентилони пред европратениците во Стразбур.
Тој додаде дека е на мислење оти лидерите на ЕУ на претстојниот самит во Версај ќе дадат политички насоки за натамошните чекори на Унијата. „Блумберг“ наведува дека портпаролот на ЕК одбива да ги коментира деталите, изјавувајќи само дека официјалните лица продолжуваат да ја следат ситуацијата и се подготвени да одговорат на променливите околности.

The post ЕУ планира огромно задолжување заради финансирање на одбраната и купување енергенси appeared first on Република.

]]>
И Грузија поднесе барање за прием во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/i-gruzija-podnese-baranje-za-priem-vo-eu/ Thu, 03 Mar 2022 19:01:37 +0000 https://republika.mk/?p=467356

По Украина, и Грузија одлучи да аплицира за кандидатски статус во ЕУ.

Изјавата за пристапување на Грузија во Европската унија беше потпишана од грузискиот премиер Иракли Гарибашвили на 3 март.

„Апликацијата на Грузија за членство во ЕУ е уште еден важен чекор кон европската интеграција - етапа која брише нова страница во нашата историја и ги продолжува напорите на нашите предци, кои беа насочени кон обединување во заедничко европско семејство“, рече шефот на државата.

Денеска истото го стори и Молдавија.

https://republika.mk/vesti/svet/moldavija-aplicira-za-vlez-vo-eu/

The post И Грузија поднесе барање за прием во ЕУ appeared first on Република.

]]>

По Украина, и Грузија одлучи да аплицира за кандидатски статус во ЕУ. Изјавата за пристапување на Грузија во Европската унија беше потпишана од грузискиот премиер Иракли Гарибашвили на 3 март.
„Апликацијата на Грузија за членство во ЕУ е уште еден важен чекор кон европската интеграција - етапа која брише нова страница во нашата историја и ги продолжува напорите на нашите предци, кои беа насочени кон обединување во заедничко европско семејство“, рече шефот на државата.
Денеска истото го стори и Молдавија. https://republika.mk/vesti/svet/moldavija-aplicira-za-vlez-vo-eu/

The post И Грузија поднесе барање за прием во ЕУ appeared first on Република.

]]>