европска престолнина на културата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evropska-prestolnina-na-kulturata/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Dec 2023 12:03:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png европска престолнина на културата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evropska-prestolnina-na-kulturata/ 32 32 Бурж ќе биде европска престолнина на културата во 2028 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/burzh-ke-bide-evropska-prestolnina-na-kulturata-vo-2028-godina/ Thu, 14 Dec 2023 09:59:30 +0000 https://republika.mk/?p=722836

Францускиот град Бурж ќе биде европска престолнина на културата во 2028 година, објави Росела Тарантино, претседател на жирито.

Избраниот француски град ќе ја понесе таа титула, што носи значителни економски и туристички придобивки.

Други француски градови во конкуренција беа Руан (северозападно), Монпеље (југ) и Клермон-Феран (централен дел).

Жирито со 12 члена од европски земји, избирајќи меѓу четири града, посвети посебно внимание на придонесот на проектот за долгорочниот развој на градот, на културно-уметничките содржини што ги нуди, неговата европска димензија, вклученоста на граѓанското општество во дефинирањето и подготовката на презентираниот проект, како и неговиот буџет.

Покренат во 1985 година под водство на Франција и Грција, системот на европска престолнина на културата има за цел да го стимулира културниот туризам преку организирање изложби, фестивали, па дури и изградба на музеи.

Според правилата на Европската комисија и во 2028 година три града ќе ја носат титулата европски престолнини на културата, односно два од ЕУ (еден град во Чешка, еден во Франција) и еден град од земја надвор од Европската Унија, од земја членка на ЕФТА/ЕЕА, земја кандидат или потенцијален кандидат за членство во ЕУ.

На Скопје во финалниот избор за титулата Европска престолнина на културата 2028 од земја надвор од ЕУ конкуренција му беше Будва.

Во рамки на целокупниот изборен процес на градовите што ќе ја носат престижната титула, Град Скопје беше официјално избран на 20 септември (самиот настан и прогласувањето беа пренесени во живо на повеќе медиуми во Македонија), претходно беше избран градот Ческе Будјејовице од Чешката Република, а вчера (13 декември, како што беше најавено) беше избран и последниот град - претставник од Франција, Бурж.

Значи за Европски престолнини на културата за 2028 година се избрани: Скопје, Ческе Будјејовице од Чешката Република и Бурж од Франција.

 

The post Бурж ќе биде европска престолнина на културата во 2028 година appeared first on Република.

]]>

Францускиот град Бурж ќе биде европска престолнина на културата во 2028 година, објави Росела Тарантино, претседател на жирито. Избраниот француски град ќе ја понесе таа титула, што носи значителни економски и туристички придобивки. Други француски градови во конкуренција беа Руан (северозападно), Монпеље (југ) и Клермон-Феран (централен дел). Жирито со 12 члена од европски земји, избирајќи меѓу четири града, посвети посебно внимание на придонесот на проектот за долгорочниот развој на градот, на културно-уметничките содржини што ги нуди, неговата европска димензија, вклученоста на граѓанското општество во дефинирањето и подготовката на презентираниот проект, како и неговиот буџет. Покренат во 1985 година под водство на Франција и Грција, системот на европска престолнина на културата има за цел да го стимулира културниот туризам преку организирање изложби, фестивали, па дури и изградба на музеи. Според правилата на Европската комисија и во 2028 година три града ќе ја носат титулата европски престолнини на културата, односно два од ЕУ (еден град во Чешка, еден во Франција) и еден град од земја надвор од Европската Унија, од земја членка на ЕФТА/ЕЕА, земја кандидат или потенцијален кандидат за членство во ЕУ. На Скопје во финалниот избор за титулата Европска престолнина на културата 2028 од земја надвор од ЕУ конкуренција му беше Будва. Во рамки на целокупниот изборен процес на градовите што ќе ја носат престижната титула, Град Скопје беше официјално избран на 20 септември (самиот настан и прогласувањето беа пренесени во живо на повеќе медиуми во Македонија), претходно беше избран градот Ческе Будјејовице од Чешката Република, а вчера (13 декември, како што беше најавено) беше избран и последниот град - претставник од Франција, Бурж. Значи за Европски престолнини на културата за 2028 година се избрани: Скопје, Ческе Будјејовице од Чешката Република и Бурж од Франција.  

The post Бурж ќе биде европска престолнина на културата во 2028 година appeared first on Република.

]]>
Скопје прогласен за европска престолнина на културата за 2028 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/skopje-proglasen-za-evropska-prestolnina-na-kulturata-za-2028-godina/ Wed, 20 Sep 2023 15:18:41 +0000 https://republika.mk/?p=683522

Главниот град на македонија, Скопје, е прогласен за европска престолнина на културата за 2028 година на церемонија во Домот на европската историја во Брисел.

Скопје е избран за носител на оваа престижна титула во конкуренција со црногорскиот град Будва.

 

The post Скопје прогласен за европска престолнина на културата за 2028 година appeared first on Република.

]]>

Главниот град на македонија, Скопје, е прогласен за европска престолнина на културата за 2028 година на церемонија во Домот на европската историја во Брисел. Скопје е избран за носител на оваа престижна титула во конкуренција со црногорскиот град Будва.  

The post Скопје прогласен за европска престолнина на културата за 2028 година appeared first on Република.

]]>
Веспрем, Темишвар и Елевсина ќе бидат европски престолнини на културата во 2023 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vesprem-temishvar-i-elevsina-ke-bidat-evropski-prestolnini-na-kulturata-vo-2023-godina/ Sat, 31 Dec 2022 09:11:49 +0000 https://republika.mk/?p=592204

Веспрем во Унгарија, Темишвар во Романија и Елевсина во Грција ќе ја делат титулата Европска престолнина на културата во 2023 година. Овие градови ја преземаат ваквата чест од Каунас, Еш и Нови Сад кои во 2022 година го славеа европското културно наследство.

Грција по четврти пат ќе биде домаВакво именување досега имаа Атина во 1985, Солун во 1997 и Патра во 2006 година. Овојпат е Елевсина – родното место на старогрчкиот трагичар Есхил, град кој е спој на античка слава и индустриски развој.

Програмата насловена „Мистерии на транзицијата“ е инспирирана од Елевсинските мистерии – мистични ритуали во антиката што се одржувале во чест на божицата на земјоделството Деметра и нејзината ќерка Персефона, со кои се славело човечкото поврзување со природата и циклусот на животот. Како што е опишано во митот за Персефона, таа слегувала во подземјето и се враќала на земјата секоја година, во вечна транзиција. Повеќе од две илјади години Елевсинските мистерии се одржувале секој септември, славејќи ја промената на годишните времиња, нудејќи визија за вечен живот и триумф над смртта.

Лоциран дваесетина километри западно од Атина, градот Елевсина од 19 век се трансформирал во еден од најголемите индустриски центри во Грција. Фабриките кои повеќе не се во функција станале згради што ќе бидат домаќини на современата индустриска и технолошка историја на градот.

Проектот Европска престолнина на културата 2023 се обидува да ја открие невидливата страна на Елевсина, означувајќи нова ера за градот и неговата транзиција кон нов модел на развој.

Со својот археолошки локалитет, старото пристаниште и голем број напуштени фабрички згради, кои во некои случаи се трансформираат во културни локалитети, Елевсина е град музеј кој покажува динамика и ентузијазам, наведуваат креаторите на програмата.

Еден од најстарите унгарски градови – Веспрем во 2023 година ќе биде Европска престолнина на културата, заедно со регионот на езерото Балатон и планинскиот предел Бакони. Според организаторите, проектот е можност да се прикажат вековните традиции, културната разновидност, гастрономијата и природните убавини на Веспрем, а неговиот епитет „град на кралиците“ да биде дополнет со заштитен знак: „град на културата“.

Тие нагласуваат дека  поддржуваат иновативни инвестиции кои долгорочно ќе ја подобрат туристичката и културната привлечност на Веспрем и регионот, така што процесите и настаните почнати со проектот Европска престолнина на културата да продолжат да функционираат и по 2023 година.

Почетокот на програмската година е најавен за 21 јануари 2023 кога ќе бидат одбележани 200 години од поемата „Химна“ на Ференц Келчеи – текстот на унгарската химна.

Врвот на настанот на отворањето ќе биде Shine Veszprém! – речиси едночасовна продукција која ќе се состои од серија последователни и поврзани танцови изведби, музички настани и визуелни ефекти, а големото шоу, кое се очекува да привлече десетици илјади луѓе, ќе се затвори со ноќен уличен бал. Свеченостите ќе продолжат наредниот ден (22 јануари) кога се одбележува Денот на унгарската култура.

Би сакале да покажеме дека традицијата, историската меморија на едно место, не е нужно носталгија за минатото, туку живо наследство, жива сила на идентитетот во сегашноста. Во текот на годината ќе подготвуваме и голем број големи програми кои ќе го привлечат националното, па дури и европското внимание, истовремено зајакнувајќи ја традицијата на фестивали и настани во Веспрем и регионот, велат организаторите на програмата Веспрем 2023.

Мултиетничкиот Темишвар во Романија, некогашниот мост меѓу Австро-унгарската империја и Југоисточна Европа и од 1880 до 1914 година најважниот индустриски, комерцијален, финансиски и културен град во регионот Банат, ќе се претстави со програма чија цел е да се поттикне граѓанската енергија.

Мотото на програмата е „Shine your light – Light up your city!” и има симболика и во историски контекст – во 1884 година Темишвар бил првиот град во континентална Европа со електрично улично осветлување, во 1989 година, пак, на улиците на овој град се „запалија“ искрите на револуцијата против режимот на Чаушеску.

Светлината одигра голема улога во историјата на Темишвар, и од практична, и од симболична гледна точка. Со текот на времето, докажавме дека можеме да иницираме трансформации во клучни моменти. Нашата цел е да го вратиме капацитетот на граѓаните да иницираат промени и да придонесат за ревитализирана Европа… Мотото е, всушност, покана за двојна мобилизација: од една страна повик до граѓаните да се осмелат да ги искажат своите вредности и ставови, а од друга – со оваа светлина да ја отстранат темнината и пасивноста околу нив преку граѓански процес поттикнат од културата, најавуваат организаторите на програмата.

Проектот „Европска престолнина на културата“ почна во 1985 година на иницијатива на Мелина Меркури, тогашната министерка за култура на Грција. Градовите се избираат врз основа на културна програма која мора да има силна европска димензија, да го промовира учеството и активното вклучување на жителите на градот, заедниците и различни засегнати страни за да придонесе за долгорочен развој на градот и околниот регион.

Целта на иницијативата е да ги заштити и промовира разновидноста на културите во Европа, да го прошири пристапот и учеството во културата, да ги зајакне капацитетите на културниот сектор и да го подигне меѓународниот профил на градовите преку културата. Титулата е и можност за градовите да го сменат својот имиџ, да се стават на светската мапа и преку културата да промовираат одржлив туризам.

Според листата на Европската комисија, во 2024 година титулата Европска престолнина на културата ќе ја делат градовите Бад Ишл во Австија, Тарту во Естонија и Бодо во Норвешка. Во 2025 година градови на европската култура ќе бидат Кемниц во Германија и Нова Горица во Словенија.

The post Веспрем, Темишвар и Елевсина ќе бидат европски престолнини на културата во 2023 година appeared first on Република.

]]>

Веспрем во Унгарија, Темишвар во Романија и Елевсина во Грција ќе ја делат титулата Европска престолнина на културата во 2023 година. Овие градови ја преземаат ваквата чест од Каунас, Еш и Нови Сад кои во 2022 година го славеа европското културно наследство. Грција по четврти пат ќе биде домаВакво именување досега имаа Атина во 1985, Солун во 1997 и Патра во 2006 година. Овојпат е Елевсина – родното место на старогрчкиот трагичар Есхил, град кој е спој на античка слава и индустриски развој. Програмата насловена „Мистерии на транзицијата“ е инспирирана од Елевсинските мистерии – мистични ритуали во антиката што се одржувале во чест на божицата на земјоделството Деметра и нејзината ќерка Персефона, со кои се славело човечкото поврзување со природата и циклусот на животот. Како што е опишано во митот за Персефона, таа слегувала во подземјето и се враќала на земјата секоја година, во вечна транзиција. Повеќе од две илјади години Елевсинските мистерии се одржувале секој септември, славејќи ја промената на годишните времиња, нудејќи визија за вечен живот и триумф над смртта. Лоциран дваесетина километри западно од Атина, градот Елевсина од 19 век се трансформирал во еден од најголемите индустриски центри во Грција. Фабриките кои повеќе не се во функција станале згради што ќе бидат домаќини на современата индустриска и технолошка историја на градот. Проектот Европска престолнина на културата 2023 се обидува да ја открие невидливата страна на Елевсина, означувајќи нова ера за градот и неговата транзиција кон нов модел на развој.
Со својот археолошки локалитет, старото пристаниште и голем број напуштени фабрички згради, кои во некои случаи се трансформираат во културни локалитети, Елевсина е град музеј кој покажува динамика и ентузијазам, наведуваат креаторите на програмата.
Еден од најстарите унгарски градови – Веспрем во 2023 година ќе биде Европска престолнина на културата, заедно со регионот на езерото Балатон и планинскиот предел Бакони. Според организаторите, проектот е можност да се прикажат вековните традиции, културната разновидност, гастрономијата и природните убавини на Веспрем, а неговиот епитет „град на кралиците“ да биде дополнет со заштитен знак: „град на културата“. Тие нагласуваат дека  поддржуваат иновативни инвестиции кои долгорочно ќе ја подобрат туристичката и културната привлечност на Веспрем и регионот, така што процесите и настаните почнати со проектот Европска престолнина на културата да продолжат да функционираат и по 2023 година. Почетокот на програмската година е најавен за 21 јануари 2023 кога ќе бидат одбележани 200 години од поемата „Химна“ на Ференц Келчеи – текстот на унгарската химна. Врвот на настанот на отворањето ќе биде Shine Veszprém! – речиси едночасовна продукција која ќе се состои од серија последователни и поврзани танцови изведби, музички настани и визуелни ефекти, а големото шоу, кое се очекува да привлече десетици илјади луѓе, ќе се затвори со ноќен уличен бал. Свеченостите ќе продолжат наредниот ден (22 јануари) кога се одбележува Денот на унгарската култура.
Би сакале да покажеме дека традицијата, историската меморија на едно место, не е нужно носталгија за минатото, туку живо наследство, жива сила на идентитетот во сегашноста. Во текот на годината ќе подготвуваме и голем број големи програми кои ќе го привлечат националното, па дури и европското внимание, истовремено зајакнувајќи ја традицијата на фестивали и настани во Веспрем и регионот, велат организаторите на програмата Веспрем 2023.
Мултиетничкиот Темишвар во Романија, некогашниот мост меѓу Австро-унгарската империја и Југоисточна Европа и од 1880 до 1914 година најважниот индустриски, комерцијален, финансиски и културен град во регионот Банат, ќе се претстави со програма чија цел е да се поттикне граѓанската енергија. Мотото на програмата е „Shine your light – Light up your city!” и има симболика и во историски контекст – во 1884 година Темишвар бил првиот град во континентална Европа со електрично улично осветлување, во 1989 година, пак, на улиците на овој град се „запалија“ искрите на револуцијата против режимот на Чаушеску.
Светлината одигра голема улога во историјата на Темишвар, и од практична, и од симболична гледна точка. Со текот на времето, докажавме дека можеме да иницираме трансформации во клучни моменти. Нашата цел е да го вратиме капацитетот на граѓаните да иницираат промени и да придонесат за ревитализирана Европа… Мотото е, всушност, покана за двојна мобилизација: од една страна повик до граѓаните да се осмелат да ги искажат своите вредности и ставови, а од друга – со оваа светлина да ја отстранат темнината и пасивноста околу нив преку граѓански процес поттикнат од културата, најавуваат организаторите на програмата.
Проектот „Европска престолнина на културата“ почна во 1985 година на иницијатива на Мелина Меркури, тогашната министерка за култура на Грција. Градовите се избираат врз основа на културна програма која мора да има силна европска димензија, да го промовира учеството и активното вклучување на жителите на градот, заедниците и различни засегнати страни за да придонесе за долгорочен развој на градот и околниот регион. Целта на иницијативата е да ги заштити и промовира разновидноста на културите во Европа, да го прошири пристапот и учеството во културата, да ги зајакне капацитетите на културниот сектор и да го подигне меѓународниот профил на градовите преку културата. Титулата е и можност за градовите да го сменат својот имиџ, да се стават на светската мапа и преку културата да промовираат одржлив туризам. Според листата на Европската комисија, во 2024 година титулата Европска престолнина на културата ќе ја делат градовите Бад Ишл во Австија, Тарту во Естонија и Бодо во Норвешка. Во 2025 година градови на европската култура ќе бидат Кемниц во Германија и Нова Горица во Словенија.

The post Веспрем, Темишвар и Елевсина ќе бидат европски престолнини на културата во 2023 година appeared first on Република.

]]>
Поштенски марки во чест на Нови Сад – Европска престолнина на културата 2022 https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/poshtenski-marki-vo-chest-na-novi-sad-evropska-prestolnina-na-kulturata-2022/ Wed, 02 Feb 2022 14:54:31 +0000 https://republika.mk/?p=453102

Поштата на Србија изработи емисија на поштенски марки посветени на Нови Сад-Европска престолнина на културата. Марките ќе се користат во текот на цела 2022 година.

Нови Сад ја доби титулата Европска престолнина на културата, како прв град на кој тоа му успеало пред земјите кандидати за Европската унија.

Европската престолнина на културата е обележана со слоганот „За нови мостови“, кој ја претставува идејата за изградба на нови мостови на соработка и размена меѓу уметниците и организациите од Нови Сад и Србија со европската културна сцена, а во оваа титуларна година се очекуваат околу 4.000 настани и 400 проекти.

The post Поштенски марки во чест на Нови Сад – Европска престолнина на културата 2022 appeared first on Република.

]]>

Поштата на Србија изработи емисија на поштенски марки посветени на Нови Сад-Европска престолнина на културата. Марките ќе се користат во текот на цела 2022 година. Нови Сад ја доби титулата Европска престолнина на културата, како прв град на кој тоа му успеало пред земјите кандидати за Европската унија. Европската престолнина на културата е обележана со слоганот „За нови мостови“, кој ја претставува идејата за изградба на нови мостови на соработка и размена меѓу уметниците и организациите од Нови Сад и Србија со европската културна сцена, а во оваа титуларна година се очекуваат околу 4.000 настани и 400 проекти.

The post Поштенски марки во чест на Нови Сад – Европска престолнина на културата 2022 appeared first on Република.

]]>