европска политичка заедница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evropska-politichka-zaednica/ За подобро да се разбереме Tue, 05 Nov 2024 19:15:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png европска политичка заедница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evropska-politichka-zaednica/ 32 32 Лидерите на европската „втора лига“ доаѓаат во Будимпешта https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/liderite-na-evropskata-vtora-liga-doagaat-vo-budimipeshta/ Tue, 05 Nov 2024 16:49:38 +0000 https://republika.mk/?p=834441

Во четврток во Будимпешта ќе се одржи состанок на лидерите на Европската политичка заедница.Тоа е заедница кои многумина ја нарекуваат „втора лига“ на ЕУ. На собирот ќе говорат унгарскиот премиер Виктор Орбан, францускиот и српскиот претседател Емануел Макрон и Александар Вучиќ а можно е да допатува и претседателот на Украина, Володимир Зеленски и претседателот на Турција Ердоган.

Оваа заедница се формираше на предлог на Макрон и  би била отворена за европските држави кои споделуваат заеднички демократски вредности, без разлика дали се членки на Унијата или не, и нема да биде замена за проширувањето или проширувањето.

Европската политичка заедница, како што е предложено, би имала форма на лесна правна структура која одлучува, истовремено почитувајќи ја автономијата на одлучување на ЕУ и секоја земја-членка и би се состанувала неколку пати годишно на ниво на шефови на држави или влади.

 

The post Лидерите на европската „втора лига“ доаѓаат во Будимпешта appeared first on Република.

]]>

Во четврток во Будимпешта ќе се одржи состанок на лидерите на Европската политичка заедница.Тоа е заедница кои многумина ја нарекуваат „втора лига“ на ЕУ. На собирот ќе говорат унгарскиот премиер Виктор Орбан, францускиот и српскиот претседател Емануел Макрон и Александар Вучиќ а можно е да допатува и претседателот на Украина, Володимир Зеленски и претседателот на Турција Ердоган. Оваа заедница се формираше на предлог на Макрон и  би била отворена за европските држави кои споделуваат заеднички демократски вредности, без разлика дали се членки на Унијата или не, и нема да биде замена за проширувањето или проширувањето. Европската политичка заедница, како што е предложено, би имала форма на лесна правна структура која одлучува, истовремено почитувајќи ја автономијата на одлучување на ЕУ и секоја земја-членка и би се состанувала неколку пати годишно на ниво на шефови на држави или влади.  

The post Лидерите на европската „втора лига“ доаѓаат во Будимпешта appeared first on Република.

]]>
Што е Европска политичка заедница: Eкономијата и регионалната соработка на прво место https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shto-e-evropska-politichka-zaednitsa-ekonomijata-i-regionalnata-sorabotka-na-prvo-mesto/ Thu, 18 Jul 2024 08:11:13 +0000 https://republika.mk/?p=797944

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе учествува на четвртата средба на шефовите на држави или влади на членките на Европската политичка заедница во Оксфорд.

Малкумина знаат што е тоа Европска политичка заедница и зошто е значајна.

Европската политичка заедница беше иницирана од францускиот претседател Емануел Макрон за време на претседавањето на Франција со ЕУ како платформа за поттикнување политички дијалог и соработка за решавање на прашања од заеднички интерес и за зајакнување на безбедноста, стабилноста и просперитетот на европскиот континент.

Одлуката за основање на Европската политичка заедница беше донесена на заседанието на Европскиот совет во јуни 2022. Целта на Заедницата е политичка координација и таа не претставува замена на ниту една постоечка организација, структура или процес.

Претходните три самити на Европската политичка заедница се одржаа во Прага на 6 октомври 2022 година, во Кишињев на 1 јуни 2023 и во шпанскиот град Гранада на 5 октомври 2023 година.

На првиот Самит во Прага, лидерите главно разговараа за прашања поврзани со мирот и безбедност, особено за руската агресија врз Украина и енергетската криза што таа ја предизвика.

На следниот собир во Кишињев главни теми на дискусија беа заедничките напори за мир и безбедност, зајакнувањето на енергетската отпорност и поврзувањето и мобилноста во Европа.

Во Гранада во лани во октомври, лидерите дебатираа за тоа како Европа да се направи поотпорна, попросперитетна и геостратешки позначајна.

Следниот Самит на Европската политичка заедница предвидено е да се одржи на 7 ноември годинава во Будимпешта.

The post Што е Европска политичка заедница: Eкономијата и регионалната соработка на прво место appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе учествува на четвртата средба на шефовите на држави или влади на членките на Европската политичка заедница во Оксфорд. Малкумина знаат што е тоа Европска политичка заедница и зошто е значајна. Европската политичка заедница беше иницирана од францускиот претседател Емануел Макрон за време на претседавањето на Франција со ЕУ како платформа за поттикнување политички дијалог и соработка за решавање на прашања од заеднички интерес и за зајакнување на безбедноста, стабилноста и просперитетот на европскиот континент. Одлуката за основање на Европската политичка заедница беше донесена на заседанието на Европскиот совет во јуни 2022. Целта на Заедницата е политичка координација и таа не претставува замена на ниту една постоечка организација, структура или процес. Претходните три самити на Европската политичка заедница се одржаа во Прага на 6 октомври 2022 година, во Кишињев на 1 јуни 2023 и во шпанскиот град Гранада на 5 октомври 2023 година. На првиот Самит во Прага, лидерите главно разговараа за прашања поврзани со мирот и безбедност, особено за руската агресија врз Украина и енергетската криза што таа ја предизвика. На следниот собир во Кишињев главни теми на дискусија беа заедничките напори за мир и безбедност, зајакнувањето на енергетската отпорност и поврзувањето и мобилноста во Европа. Во Гранада во лани во октомври, лидерите дебатираа за тоа како Европа да се направи поотпорна, попросперитетна и геостратешки позначајна. Следниот Самит на Европската политичка заедница предвидено е да се одржи на 7 ноември годинава во Будимпешта.

The post Што е Европска политичка заедница: Eкономијата и регионалната соработка на прво место appeared first on Република.

]]>
Мицкоски учествува на Самит на Европската политичка заедница во родното место на Винстон Черчил https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-uchestvuva-na-samit-na-evropskata-politichka-zaednitsa-vo-rodnoto-mesto-na-vinston-cherchil/ Thu, 18 Jul 2024 05:55:43 +0000 https://republika.mk/?p=797846

Владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе учествува на четвртата средба на шефовите на држави или влади на членките на Европската политичка заедница, што ќе се одржи во замокот Бленхајм во близина на британскиот град Вудсток во грофовијата Оксфорд.

Во состав на македонската делегација што ќе присуствува на Самитот се и вицепремиерот Изет Меџити и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Како што најави Мицкоски во објава на Фејсбук на Самитот и ќе говори за „предизвиците коишто следат во делот на енергетиката и економијата од аспект на регионалното поврзување за балканските држави“.

Според најавите, на средбата 47-те европски лидери ќе разговараат за континуираната поддршка за Украина, како и за заедничките предизвици со кои се соочува Европа, поврзани со енергијата, поврзувањето, безбедноста, заштитата на демократијата и миграцијата.

Покрај Мицкоски и домаќинот на Самитот, британскиот премиер Кир Стармер, на средната е најавено учество и на лидерите на 27-те членки на Европската Унија, на останатите пет земји од Западниот Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора, на четирите членки на Европска асоцијација за слободна трговија (ЕФТА) – Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија, трите држави од реонот на Јужниот Кавказ – Азербејџан, Ерменија и Грузија, како и Андора, Молдавија, Монако, Сан Марино, Турција и Украина. На средбата ќе присуствуваат и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, претставници на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), како и на претседавачката на опозицискиот „Обединет транзициски кабинет на Белорусија“, Свјатлана Циханускаја.

The post Мицкоски учествува на Самит на Европската политичка заедница во родното место на Винстон Черчил appeared first on Република.

]]>

Владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе учествува на четвртата средба на шефовите на држави или влади на членките на Европската политичка заедница, што ќе се одржи во замокот Бленхајм во близина на британскиот град Вудсток во грофовијата Оксфорд. Во состав на македонската делегација што ќе присуствува на Самитот се и вицепремиерот Изет Меџити и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска. Како што најави Мицкоски во објава на Фејсбук на Самитот и ќе говори за „предизвиците коишто следат во делот на енергетиката и економијата од аспект на регионалното поврзување за балканските држави“. Според најавите, на средбата 47-те европски лидери ќе разговараат за континуираната поддршка за Украина, како и за заедничките предизвици со кои се соочува Европа, поврзани со енергијата, поврзувањето, безбедноста, заштитата на демократијата и миграцијата. Покрај Мицкоски и домаќинот на Самитот, британскиот премиер Кир Стармер, на средната е најавено учество и на лидерите на 27-те членки на Европската Унија, на останатите пет земји од Западниот Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора, на четирите членки на Европска асоцијација за слободна трговија (ЕФТА) – Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија, трите држави од реонот на Јужниот Кавказ – Азербејџан, Ерменија и Грузија, како и Андора, Молдавија, Монако, Сан Марино, Турција и Украина. На средбата ќе присуствуваат и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, претставници на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), како и на претседавачката на опозицискиот „Обединет транзициски кабинет на Белорусија“, Свјатлана Циханускаја.

The post Мицкоски учествува на Самит на Европската политичка заедница во родното место на Винстон Черчил appeared first on Република.

]]>
Вкусно „морковче“: Европска политичка заедница – утешна награда за регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/evropska-politichka-zaednitsa-uteshna-nagrada-za-regionot/ Fri, 06 Oct 2023 06:53:40 +0000 https://republika.mk/?p=688386

По многу години, сега на агендата како тема го имаме проширувањето на Европската Унија. Продолжувањето на европските интеграции е клучно, постојат позитивни сигнали за пристапувањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Шпанија силно стои зад Македонија за членство во ЕУ. Треба побрзо да ги почувствува придобивките од членството во ЕУ.

Ова се пораките од третиот состанок на Европската политичка заедница во Гранада, Шпанија, каде учество зема и премиерот Димитар Ковачевски, заедно со лидерите од вкупно 47 земји, од кои 27 земји-членки на Европската Унија, Западен Балкан, Швајцарија, Норвешка и Исланд, како и Азејберџан, Грузија, Турција и Украина.

The post Вкусно „морковче“: Европска политичка заедница – утешна награда за регионот appeared first on Република.

]]>

По многу години, сега на агендата како тема го имаме проширувањето на Европската Унија. Продолжувањето на европските интеграции е клучно, постојат позитивни сигнали за пристапувањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Шпанија силно стои зад Македонија за членство во ЕУ. Треба побрзо да ги почувствува придобивките од членството во ЕУ. Ова се пораките од третиот состанок на Европската политичка заедница во Гранада, Шпанија, каде учество зема и премиерот Димитар Ковачевски, заедно со лидерите од вкупно 47 земји, од кои 27 земји-членки на Европската Унија, Западен Балкан, Швајцарија, Норвешка и Исланд, како и Азејберџан, Грузија, Турција и Украина.

The post Вкусно „морковче“: Европска политичка заедница – утешна награда за регионот appeared first on Република.

]]>
Kовачевски денеска во Молдавија на состанок на европската втора лига, односно ЕУ за сиромашни https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-deneska-vo-moldavija-na-sostanok-na-evropskata-vtora-liga-odnosno-eu-za-siromashni/ Thu, 01 Jun 2023 07:58:14 +0000 https://republika.mk/?p=646688

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски придружуван од страна на заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, на 1 јуни 2023 година (четврток) ќе учествува на вториот состанок на Европската политичка заедница во Кишињев, Молдавија.

Трите главни теми за кои ќе се разговара на самитот се безбедноста, енергијата и поврзаноста, а фактот што во главниот град на Молдавија ќе се соберат 47 европски земји, според француското претседателство, е силна политичка порака до Москва.

Европската политичка заедница е неформален дипломатски форум создаден минатата година на иницијатива на францускиот претседател Емануел Макрон.

Меѓу учесниците се 27 земји-членки на ЕУ, целиот Западен Балкан (Албанија, БиХ, Косово, Црна Гора, Македонија, Србија) и уште 14 земји (Андора, Ерменија, Азербејџан, Грузија, Исланд, Лихтенштајн, Молдавија, Монако, Норвешка, Сан Марино, Швајцарија, Турција, Украина, Велика Британија).


 

Поканети се и претседателот на Европскиот совет и претседателите на Европската комисија и на Европскиот парламент.

Се очекува и доаѓањето на високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, кој на маргините на средбата со Вучиќ ќе разговара за ситуацијата на северот на Косово.

На самитот на европската политичка заедница во Кишињев нема да се разговара за пристапните процеси на земјите кандидати за Европската унија, соопшти Елисејската палата.

Како што е наведено, „од почетокот е јасно“ дека Европската политичка заедница е политички форум чија цел е да се разговара за безбедносни прашања, регионални кризи и сега за војната во Украина, за да се изрази поддршка за неа.

„Нема да има разговори за пристапните процеси, за тоа се во тек пристапните преговори. Има клучни принципи кои сакаме да ги задржиме, а еден од нив е неформалноста, бидејќи сметаме дека е важно да нема структура, но и еднаквост, затоа што не сакаме да имаме разлики меѓу членките на ЕУ и оние што не се, особено оние земји што се кандидати, бидејќи ова е отворена форма“, им беше кажано на новинарите во пресрет на самитот.

Една од главните теми ќе биде безбедноста.

„Кога станува збор за безбедноста, на крајот на денот би сакале да имаме конкретни иницијативи, како подобро да се бориме против кибер криминалот, да споделиме експертиза за да ја заштитиме нашата критична инфраструктура“, беше кажано од француското претседателство пред состанокот.

Првиот состанок на Европската политичка заедница се одржа минатата година во Прага. По Молдавија, Шпанија (Гранада) и Велика Британија ќе бидат домаќини на следните самити на Европската политичка заедница.

The post Kовачевски денеска во Молдавија на состанок на европската втора лига, односно ЕУ за сиромашни appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски придружуван од страна на заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, на 1 јуни 2023 година (четврток) ќе учествува на вториот состанок на Европската политичка заедница во Кишињев, Молдавија. Трите главни теми за кои ќе се разговара на самитот се безбедноста, енергијата и поврзаноста, а фактот што во главниот град на Молдавија ќе се соберат 47 европски земји, според француското претседателство, е силна политичка порака до Москва. Европската политичка заедница е неформален дипломатски форум создаден минатата година на иницијатива на францускиот претседател Емануел Макрон.
Меѓу учесниците се 27 земји-членки на ЕУ, целиот Западен Балкан (Албанија, БиХ, Косово, Црна Гора, Македонија, Србија) и уште 14 земји (Андора, Ерменија, Азербејџан, Грузија, Исланд, Лихтенштајн, Молдавија, Монако, Норвешка, Сан Марино, Швајцарија, Турција, Украина, Велика Британија).
 
Поканети се и претседателот на Европскиот совет и претседателите на Европската комисија и на Европскиот парламент. Се очекува и доаѓањето на високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, кој на маргините на средбата со Вучиќ ќе разговара за ситуацијата на северот на Косово. На самитот на европската политичка заедница во Кишињев нема да се разговара за пристапните процеси на земјите кандидати за Европската унија, соопшти Елисејската палата. Како што е наведено, „од почетокот е јасно“ дека Европската политичка заедница е политички форум чија цел е да се разговара за безбедносни прашања, регионални кризи и сега за војната во Украина, за да се изрази поддршка за неа. „Нема да има разговори за пристапните процеси, за тоа се во тек пристапните преговори. Има клучни принципи кои сакаме да ги задржиме, а еден од нив е неформалноста, бидејќи сметаме дека е важно да нема структура, но и еднаквост, затоа што не сакаме да имаме разлики меѓу членките на ЕУ и оние што не се, особено оние земји што се кандидати, бидејќи ова е отворена форма“, им беше кажано на новинарите во пресрет на самитот. Една од главните теми ќе биде безбедноста. „Кога станува збор за безбедноста, на крајот на денот би сакале да имаме конкретни иницијативи, како подобро да се бориме против кибер криминалот, да споделиме експертиза за да ја заштитиме нашата критична инфраструктура“, беше кажано од француското претседателство пред состанокот. Првиот состанок на Европската политичка заедница се одржа минатата година во Прага. По Молдавија, Шпанија (Гранада) и Велика Британија ќе бидат домаќини на следните самити на Европската политичка заедница.

The post Kовачевски денеска во Молдавија на состанок на европската втора лига, односно ЕУ за сиромашни appeared first on Република.

]]>
Групниот портрет без Путин – и само за Путин! https://arhiva3.republika.mk/kolumni/grupniot-portret-bez-putin-i-samo-za-putin/ Mon, 10 Oct 2022 08:54:50 +0000 https://republika.mk/?p=559349

Васко Шутаров

Во срцето на Европа, во најголемиот замок на светот „Прашки град“, се одржа еднодневна мамутска конференција на која присуствуваа 44 претседатели и премиери на држави. Златна Прага и некогашното седиште на светите римски цареви во еден ист ден повторно станаа центар на светот како во најславните денови на големото Римско царство, собирајќи го во моментов највисококаратниот политички крем од Европа. Може ли по овој грандиозен политички собир, некој да ѝ замери на добрата стара европска дипломатија дека станала безидејна и изгубена во просторот и времето, во светло на разгорената руско-украинска војна?! И секако, во светло на 70. роденден на Владимир Путин, кон кого и најмногу беше наменета импозантната групна фотка под сфумато светлата од Прашкиот замок, од форматот наречен Европска политичка заедница?!

Денес, неколку дена подоцна, остануваат да висат во воздух повеќе прашања отколку одговори. Одговорите обично го имаат печатот од Елисејските полиња, бидејќи Емануел Макрон се смета за идеен татко на политичката платформа наречена Европска политичка заедница. Франција и во 1989 година, за време на претседателот Франсоа Митеран, се обиде да протурка идеја за своевидна Европска конфедерација, но тогашниот германски интерес беше повеќе насочен кон сопственото германско, отколку сеопштото европско обединување. Идејата за Европска политичка заедница, за волја на вистината, својот духовен татко го има во некогашниот италијански премиер, федералистот де Гаспери, кој во разгорот на Студената војна и директната опасност од европскиот Исток понудил таков европски политички формат, но и Европска одбранбена заедница, кои како идеја биле отфрлени во 1954 година, токму од Французите и нивниот парламент.

Денес неколку дена после Прага, француската дипломатија и лично претседателот Макрон можат да ликуваат - возобновената идеја за заедничка европска политичка платформа луцидно се „поклопи“ со јубилејниот роденден на Путин, а честитката кон него беше адресирана од целиот актуелен европски политички крем, од срцето на Европа, каде, во не така далечната 1968 година и за неколку часа тенкови од комунистичкиот Исток, доаѓаа да ја прегазат некогашната разбудена Прашка пролет.

Денес, кога политичката роденденска честитка од Прага веќе ја покрија други вести, други роденденски честитки, помалку од политичка, а повеќе од субверзивно-воена природа, каква што беше експлозијата на велелепниот и непотоплив Кримски мост, вистински останаа да лебдат во воздух повеќе прашина и прашања, отколку одговори за проектот наречен Европска политичка заедница. А зарем еден толку голем дипломатски и безбедносен потфат каков што беше Прашкиот самит, требаше да биде вест само додека горат светлата од зданието на Прашкиот замок, или додека слегне прашината од експлозијата на Кримскиот мост?! Зарем најголемото европско политичко собирање последниве години, требаше да се сведе само на кратки резимеа: дојдоа, се состанаа, ја осудија Русија, констатираа дека имаат многу заеднички проблеми за решавање, па на 4 различни тркалезни маси (внимателно распоредени да не се слушаат оние кои не можат ни да се гледаат, а камоли и да се слушаат!), се договорија дека повторно ќе се видат за 6 месеци во Кишињев во Молдавија, па потоа за 6 месеци во Шпанија, па за уште 6 месеци во Велика Британија- и си се вратија секој по дома?!

Кога веќе се спуштија кулисите од сцената за најважното групно политичко фотографирање, легитимно се наметнуваат неколку важни прашања, за кои и официјален Брисел, и уште повеќе официјален Париз, се подготвени да креираат одреден наратив, кој и однапред можеше да биде претпоставен! Едно од тие прашања, гледајќи во импозантната групна фотографија од Прашката тврдина просто само се наметнува: во галеријата од важни политички ликови, само 4 (четири!) од нив се жени, а во мноштвото машки ликови се наоѓаат и такви кои не се препознатливи по некоја своја демократска легитимација, туку напротив! Второто прашање е дали зад кулисите по групниот политички портрет може да се препознае одредена супстанца која останува и по заедничкото сликање, да ги охрабрува народите и државите во Европа дека може да се надеваат на поспокојно и побезбедно утре, повторно во светло на ползечката руско-украинска војна која катаден сѐ повеќе и повеќе ескалира?! Третото прашање, кое исто така се наметнува само од себе е, дали овој импозантен политички самит го убеди светот дека Владимир Путин и Русија остануваат сами и изолирани во Европа, а истoвремено дали ја убеди Америка, дека Европа е способна сама да ја креира и да ја уредува иднината на континентот?! Четвртото прашање за кое веројатно и најдолго ќе се разговара и дополнително ќе се убедува е, дали Европската политичка заедница е само уште еден формат во низата од: Отворен Балкан, Берлински процес, Три мориња, кој наликува на алтернатива или сурогат на заглавените процеси за пристапување во ЕУ, кои и во овие така драматични времиња добиваат контури на далечна и непредвидлива иднина?! И петтото, можеби и најважно прашање е, дали Европската политичка заедница има потенцијал да стане стратешка заедница од заеднички вредности, или ќе остане на нивото на стратешка заедница без никакви заеднички вредности, или „просто брборница која не носи одлуки, не нуди решенија и алтернативи“, за што пишуваше во своја колумна во „Тајмс“ и британската премиерка во пресрет на Самитот?!

Наративот на високите претставници на ЕУ кои стојат зад иницијативата и реализацијата на идејата за Европска политичка заедница, ќе биде и понатаму исполнет со тврдења дека овој политички формат нема задача да го замени ни во еден преоден период проширувањето на ЕУ, ниту да се натпреварува со веќе постоечките организации, структури и процеси. Во добро оркестрираниот наратив на политичкиот естаблишмент на Европската Унија, преовладуваат тврдењата дека Европската политичка заедница ќе биде еден вид платформа, најголема во Европа, за политичка координација на сите држави од континентот, со исклучок на Русија и Белорусија! Европската политичка заедница, седум месеци по избувнувањето на руско-украинската војна, треба да послужи како платформа преку која ќе се развива дијалог и соработка во соочувањата со предизвиците од заеднички интерес, a во поглед на безбедноста, стабилноста и просперитетот на Стариот континент. Оваа платформа околу која се собрани 27 земји членки од ЕУ и 17 држави од поблиското опкружување, би требало да овозможи нов простор за нов одговор во контекст на реалната опасност од голема војна, за политичка и безбедносна соработка, соработка во енергетскиот сектор, во транспортот, во инвестициите и во слободата на движење на луѓето.

Луцидното редизајнирање на односите на ЕУ со држави како: Норвешка, Исланд и Швајцарија, преку Велика Британија, до Украина, Молдавија и Грузија, па преку Турција, Азербејџан и Ерменија, Србија и Косово, како и сите останати држави од Западен Балкан, претпоставува и официјална инаугурација на една нова нормалност во која актуелната европска политичка елита се обидува, во последен час, од себе да го симне проклетството од дипломатското неснаоѓање на европските политички елити во пресрет на Првата и Втората светска војна од минатиот век. Таквото проклетство за „свечено неснаоѓање“ и изгубеност на европската дипломатија пред реалната опасност од нова светска војна, ја  следи сѐ до овој момент и актуелната европска политичка елита, а дали овој обид за ново форматирање и редизајнирање на политичките односи на европскиот континент ќе донесе некакви суштински промени во актуелниот геополитички контекст, ќе се знае за многу бргу, можеби и порано од следниот Самит во Кишињев, за шест месеци?!

А дотогаш, барем за одреден момент, државите од Стариот континент и неговото опкружување, кои предолго се оставени да чекаат пред добро замандалените порти на европските дворци и замоци, ќе имаат чувство дека припаѓаат на едно исто семејство, дека конечно некој и за нив се грижи и дека е важно и нивното мислење, изразено од далеку поудобни фотелји, отколку во столчињата од чекалниците за ЕУ. Споделеното заедничко чувство дека за прв пат на заедничка маса седнуваат политички лидери кои никогаш во други прилики и околности нема да сакаат да се сретнат, ги подгрева надежите дека заедничката европска бебедносна архитектура е можна и во овој формат, во кој не мора после бескрајни политички ценкања да се официјализираат заеднички одлуки или заеднички декларации и од овој аспект првата Европска политичка заедница и може да се смета за одреден дипломатски успех! Но, ако на само неколку дена по затворањето на мамутскиот политички самит, на кој домаќинот на истиот, чешкиот премиер, ги прогласи заедничките разговори за миграцијата, безбедноста и енергетиката за плодни и успешни, а веќе денес самостојно одлучува да ја употреби и вклучи сопствената армија во чувањето на границите со Словачка од мигранти, ја покажува целата кревкост на истата таа безбедносна архитектура, која е можеби и вистински посакувана од поголем дел од учесниците на Самитот во Прага, но во моментов е повеќе далечна апстракција отколку реалност.

Како осамен глас во пустина, истиот оној ден во кој Путин го заокружи својот јубилеен 70 роденден, а европскиот политички крем позираше за групен портрет без него, прозвучи гласот на доскоро најмоќната европска политичарка, Ангела Меркел. И самата сведок на Студената војна, поранешната германска канцеларка од 2005-2021 година, ќе каже: „Студената војна ќе трае сѐ додека со помош на Русија не се обезбеди траен мир. На сите нам, најискрено ни се советува да ги разбереме пораките кои доаѓаат од Русија и Владимир Путин како крајно сериозни, наместо да ги карактеризираме од самиот почеток како блеф!“

Но, денес некои други гласови го диктираат главниот европски наратив, па од Прага се емитираа пораки на задоволство дека „Путин како никогаш до овој момент не бил така изолиран“, а овој Самит би можел „да биде почетна точка од која сите обединети европски сили би се насочиле кон завршување на војната“, како што во своето видеообраќање посака Владимир Зеленски! И за жал, секогаш во пресудни историски моменти за Европа, неа ја водат политички фигури кои или малку ја познаваат, или ја познаваат, но не и доволно ја разбираат или ја почитуваат европската историја, а истовремено во потполност се понесени од можноста да влезат во историјата, по секоја цена! Зарем не еднаш, барем во последните два века, кога некој успевал да ја убеди Европа заеднички да навлече чизми, ја навлекувал и на походи кон нејзиниот Исток, кон Русија! И не еднаш, таквите европски пазари без Русија, завршувале повторно со седнување на Русија на преговарачка маса, не само како неизоставен дел од креирањето на европскиот геополитички простор, туку како еден од главните протагонисти на глобалниот меѓународен поредок.

А до следниот Самит на Европската политичка заедница во Кишињев, Молдавија, остануваат уште долги цели шест месеци-и тоа студени и зимски! Политичките лидери од групниот портрет во Прага, сепак многу подобро од нас знаат, што сѐ може да нѐ очекува во најтешката зима од Втората светска војна наваму, како што од милост сакаат да ја нарекуваат претстојната зима. Дали импозантните групни портрети без Путин, ќе бидат еден скорешен ден во историските читанки обележани само како празно галско шепурење на последната европска политичка елита, или како вистински исчекор кон нешто ново што има потенцијал за разрешување и надминување на опасноста од сеопшта војна, ќе дознаеме и порано од следниот Самит на Европската политичка заедница, бидејќи живееме денови, недели и месеци низ кои актуелната политика забрзано акцелерира, што стара, што сосем нова историја!

The post Групниот портрет без Путин – и само за Путин! appeared first on Република.

]]>

Васко Шутаров

Во срцето на Европа, во најголемиот замок на светот „Прашки град“, се одржа еднодневна мамутска конференција на која присуствуваа 44 претседатели и премиери на држави. Златна Прага и некогашното седиште на светите римски цареви во еден ист ден повторно станаа центар на светот како во најславните денови на големото Римско царство, собирајќи го во моментов највисококаратниот политички крем од Европа. Може ли по овој грандиозен политички собир, некој да ѝ замери на добрата стара европска дипломатија дека станала безидејна и изгубена во просторот и времето, во светло на разгорената руско-украинска војна?! И секако, во светло на 70. роденден на Владимир Путин, кон кого и најмногу беше наменета импозантната групна фотка под сфумато светлата од Прашкиот замок, од форматот наречен Европска политичка заедница?! Денес, неколку дена подоцна, остануваат да висат во воздух повеќе прашања отколку одговори. Одговорите обично го имаат печатот од Елисејските полиња, бидејќи Емануел Макрон се смета за идеен татко на политичката платформа наречена Европска политичка заедница. Франција и во 1989 година, за време на претседателот Франсоа Митеран, се обиде да протурка идеја за своевидна Европска конфедерација, но тогашниот германски интерес беше повеќе насочен кон сопственото германско, отколку сеопштото европско обединување. Идејата за Европска политичка заедница, за волја на вистината, својот духовен татко го има во некогашниот италијански премиер, федералистот де Гаспери, кој во разгорот на Студената војна и директната опасност од европскиот Исток понудил таков европски политички формат, но и Европска одбранбена заедница, кои како идеја биле отфрлени во 1954 година, токму од Французите и нивниот парламент. Денес неколку дена после Прага, француската дипломатија и лично претседателот Макрон можат да ликуваат - возобновената идеја за заедничка европска политичка платформа луцидно се „поклопи“ со јубилејниот роденден на Путин, а честитката кон него беше адресирана од целиот актуелен европски политички крем, од срцето на Европа, каде, во не така далечната 1968 година и за неколку часа тенкови од комунистичкиот Исток, доаѓаа да ја прегазат некогашната разбудена Прашка пролет. Денес, кога политичката роденденска честитка од Прага веќе ја покрија други вести, други роденденски честитки, помалку од политичка, а повеќе од субверзивно-воена природа, каква што беше експлозијата на велелепниот и непотоплив Кримски мост, вистински останаа да лебдат во воздух повеќе прашина и прашања, отколку одговори за проектот наречен Европска политичка заедница. А зарем еден толку голем дипломатски и безбедносен потфат каков што беше Прашкиот самит, требаше да биде вест само додека горат светлата од зданието на Прашкиот замок, или додека слегне прашината од експлозијата на Кримскиот мост?! Зарем најголемото европско политичко собирање последниве години, требаше да се сведе само на кратки резимеа: дојдоа, се состанаа, ја осудија Русија, констатираа дека имаат многу заеднички проблеми за решавање, па на 4 различни тркалезни маси (внимателно распоредени да не се слушаат оние кои не можат ни да се гледаат, а камоли и да се слушаат!), се договорија дека повторно ќе се видат за 6 месеци во Кишињев во Молдавија, па потоа за 6 месеци во Шпанија, па за уште 6 месеци во Велика Британија- и си се вратија секој по дома?! Кога веќе се спуштија кулисите од сцената за најважното групно политичко фотографирање, легитимно се наметнуваат неколку важни прашања, за кои и официјален Брисел, и уште повеќе официјален Париз, се подготвени да креираат одреден наратив, кој и однапред можеше да биде претпоставен! Едно од тие прашања, гледајќи во импозантната групна фотографија од Прашката тврдина просто само се наметнува: во галеријата од важни политички ликови, само 4 (четири!) од нив се жени, а во мноштвото машки ликови се наоѓаат и такви кои не се препознатливи по некоја своја демократска легитимација, туку напротив! Второто прашање е дали зад кулисите по групниот политички портрет може да се препознае одредена супстанца која останува и по заедничкото сликање, да ги охрабрува народите и државите во Европа дека може да се надеваат на поспокојно и побезбедно утре, повторно во светло на ползечката руско-украинска војна која катаден сѐ повеќе и повеќе ескалира?! Третото прашање, кое исто така се наметнува само од себе е, дали овој импозантен политички самит го убеди светот дека Владимир Путин и Русија остануваат сами и изолирани во Европа, а истoвремено дали ја убеди Америка, дека Европа е способна сама да ја креира и да ја уредува иднината на континентот?! Четвртото прашање за кое веројатно и најдолго ќе се разговара и дополнително ќе се убедува е, дали Европската политичка заедница е само уште еден формат во низата од: Отворен Балкан, Берлински процес, Три мориња, кој наликува на алтернатива или сурогат на заглавените процеси за пристапување во ЕУ, кои и во овие така драматични времиња добиваат контури на далечна и непредвидлива иднина?! И петтото, можеби и најважно прашање е, дали Европската политичка заедница има потенцијал да стане стратешка заедница од заеднички вредности, или ќе остане на нивото на стратешка заедница без никакви заеднички вредности, или „просто брборница која не носи одлуки, не нуди решенија и алтернативи“, за што пишуваше во своја колумна во „Тајмс“ и британската премиерка во пресрет на Самитот?! Наративот на високите претставници на ЕУ кои стојат зад иницијативата и реализацијата на идејата за Европска политичка заедница, ќе биде и понатаму исполнет со тврдења дека овој политички формат нема задача да го замени ни во еден преоден период проширувањето на ЕУ, ниту да се натпреварува со веќе постоечките организации, структури и процеси. Во добро оркестрираниот наратив на политичкиот естаблишмент на Европската Унија, преовладуваат тврдењата дека Европската политичка заедница ќе биде еден вид платформа, најголема во Европа, за политичка координација на сите држави од континентот, со исклучок на Русија и Белорусија! Европската политичка заедница, седум месеци по избувнувањето на руско-украинската војна, треба да послужи како платформа преку која ќе се развива дијалог и соработка во соочувањата со предизвиците од заеднички интерес, a во поглед на безбедноста, стабилноста и просперитетот на Стариот континент. Оваа платформа околу која се собрани 27 земји членки од ЕУ и 17 држави од поблиското опкружување, би требало да овозможи нов простор за нов одговор во контекст на реалната опасност од голема војна, за политичка и безбедносна соработка, соработка во енергетскиот сектор, во транспортот, во инвестициите и во слободата на движење на луѓето. Луцидното редизајнирање на односите на ЕУ со држави како: Норвешка, Исланд и Швајцарија, преку Велика Британија, до Украина, Молдавија и Грузија, па преку Турција, Азербејџан и Ерменија, Србија и Косово, како и сите останати држави од Западен Балкан, претпоставува и официјална инаугурација на една нова нормалност во која актуелната европска политичка елита се обидува, во последен час, од себе да го симне проклетството од дипломатското неснаоѓање на европските политички елити во пресрет на Првата и Втората светска војна од минатиот век. Таквото проклетство за „свечено неснаоѓање“ и изгубеност на европската дипломатија пред реалната опасност од нова светска војна, ја  следи сѐ до овој момент и актуелната европска политичка елита, а дали овој обид за ново форматирање и редизајнирање на политичките односи на европскиот континент ќе донесе некакви суштински промени во актуелниот геополитички контекст, ќе се знае за многу бргу, можеби и порано од следниот Самит во Кишињев, за шест месеци?! А дотогаш, барем за одреден момент, државите од Стариот континент и неговото опкружување, кои предолго се оставени да чекаат пред добро замандалените порти на европските дворци и замоци, ќе имаат чувство дека припаѓаат на едно исто семејство, дека конечно некој и за нив се грижи и дека е важно и нивното мислење, изразено од далеку поудобни фотелји, отколку во столчињата од чекалниците за ЕУ. Споделеното заедничко чувство дека за прв пат на заедничка маса седнуваат политички лидери кои никогаш во други прилики и околности нема да сакаат да се сретнат, ги подгрева надежите дека заедничката европска бебедносна архитектура е можна и во овој формат, во кој не мора после бескрајни политички ценкања да се официјализираат заеднички одлуки или заеднички декларации и од овој аспект првата Европска политичка заедница и може да се смета за одреден дипломатски успех! Но, ако на само неколку дена по затворањето на мамутскиот политички самит, на кој домаќинот на истиот, чешкиот премиер, ги прогласи заедничките разговори за миграцијата, безбедноста и енергетиката за плодни и успешни, а веќе денес самостојно одлучува да ја употреби и вклучи сопствената армија во чувањето на границите со Словачка од мигранти, ја покажува целата кревкост на истата таа безбедносна архитектура, која е можеби и вистински посакувана од поголем дел од учесниците на Самитот во Прага, но во моментов е повеќе далечна апстракција отколку реалност. Како осамен глас во пустина, истиот оној ден во кој Путин го заокружи својот јубилеен 70 роденден, а европскиот политички крем позираше за групен портрет без него, прозвучи гласот на доскоро најмоќната европска политичарка, Ангела Меркел. И самата сведок на Студената војна, поранешната германска канцеларка од 2005-2021 година, ќе каже: „Студената војна ќе трае сѐ додека со помош на Русија не се обезбеди траен мир. На сите нам, најискрено ни се советува да ги разбереме пораките кои доаѓаат од Русија и Владимир Путин како крајно сериозни, наместо да ги карактеризираме од самиот почеток како блеф!“ Но, денес некои други гласови го диктираат главниот европски наратив, па од Прага се емитираа пораки на задоволство дека „Путин како никогаш до овој момент не бил така изолиран“, а овој Самит би можел „да биде почетна точка од која сите обединети европски сили би се насочиле кон завршување на војната“, како што во своето видеообраќање посака Владимир Зеленски! И за жал, секогаш во пресудни историски моменти за Европа, неа ја водат политички фигури кои или малку ја познаваат, или ја познаваат, но не и доволно ја разбираат или ја почитуваат европската историја, а истовремено во потполност се понесени од можноста да влезат во историјата, по секоја цена! Зарем не еднаш, барем во последните два века, кога некој успевал да ја убеди Европа заеднички да навлече чизми, ја навлекувал и на походи кон нејзиниот Исток, кон Русија! И не еднаш, таквите европски пазари без Русија, завршувале повторно со седнување на Русија на преговарачка маса, не само како неизоставен дел од креирањето на европскиот геополитички простор, туку како еден од главните протагонисти на глобалниот меѓународен поредок. А до следниот Самит на Европската политичка заедница во Кишињев, Молдавија, остануваат уште долги цели шест месеци-и тоа студени и зимски! Политичките лидери од групниот портрет во Прага, сепак многу подобро од нас знаат, што сѐ може да нѐ очекува во најтешката зима од Втората светска војна наваму, како што од милост сакаат да ја нарекуваат претстојната зима. Дали импозантните групни портрети без Путин, ќе бидат еден скорешен ден во историските читанки обележани само како празно галско шепурење на последната европска политичка елита, или како вистински исчекор кон нешто ново што има потенцијал за разрешување и надминување на опасноста од сеопшта војна, ќе дознаеме и порано од следниот Самит на Европската политичка заедница, бидејќи живееме денови, недели и месеци низ кои актуелната политика забрзано акцелерира, што стара, што сосем нова историја!

The post Групниот портрет без Путин – и само за Путин! appeared first on Република.

]]>
Премиерот Ковачевски на отворањето на првиот состанок на Европската политичка заедница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/premierot-kovachevski-na-otvoranjeto-na-prviot-sostanok-na-evropskata-politichka-zaednica/ Thu, 06 Oct 2022 13:30:09 +0000 https://republika.mk/?p=558035

Со официјална пленарна сесија почна првиот состанок на Европската политичка заедница во Прага каде учествува премиерот Димитар Ковачевски заедно со лидерите на ЕУ, на Западен Балкан, односно вкупно 44 шефови на влади и држави од европскиот континент. Како владина делегација на овој состанок присуствуваа и министрите за надворешни работи и за земјоделство, шумарство и водостопанство Бујар Османи и Љупчо Николовски, информира владината прес-служба.

На пленарната сесија воведно поздравно обраќање имал чешкиот премиер Петр Фиала кој ја истакнал важноста на овој значаен собир каде, како што рекол прв пат шефовите на државите и владите од европскиот континент во пошироката смисла, зборуваат на рамноправна основа.

-Станува збор за политичка дискусија на високо ниво со цел да се воспостави соработка на земјите од Европскиот континент во услови на светски и геополитички превирања. Фокусот на Европската политичка заедница се трите најважни и во моментот поврзани прашања кои ги обединува сите земји, а тоа е војната во Украина, состојбата во енергетиката и економијата.

Беше нагласена важноста од солидарност со Украина и нејзиниот народ, како и зајакнувањето на рестриктивните мерки со цел да се зголеми притисокот врз Русија и да стави крај на војната, стои во соопштението од Влада.

Соработка и солидарноста низ Европа, додаваат од Владата, може да помогнат за да се придонесе во ублажување на последиците од светската енергетската криза настаната како резултат на воената агресија врз Украина.
Целта на средбата е да се делува заеднички со цел да се акцентира важноста од дијалогот за обезбедување мир и безбедност, како и заеднички решенија во однос на диверзификација на изворите за снабдување со енергенси.

Лидерите на земјите члени на ЕУ, потенцираа дека целта на Европската политичка заедница е да се даде на земјите аспиранти чувство на припадност кон европскиот клуб пред нивниот формален пристап во ЕУ.

The post Премиерот Ковачевски на отворањето на првиот состанок на Европската политичка заедница appeared first on Република.

]]>

Со официјална пленарна сесија почна првиот состанок на Европската политичка заедница во Прага каде учествува премиерот Димитар Ковачевски заедно со лидерите на ЕУ, на Западен Балкан, односно вкупно 44 шефови на влади и држави од европскиот континент. Како владина делегација на овој состанок присуствуваа и министрите за надворешни работи и за земјоделство, шумарство и водостопанство Бујар Османи и Љупчо Николовски, информира владината прес-служба. На пленарната сесија воведно поздравно обраќање имал чешкиот премиер Петр Фиала кој ја истакнал важноста на овој значаен собир каде, како што рекол прв пат шефовите на државите и владите од европскиот континент во пошироката смисла, зборуваат на рамноправна основа. -Станува збор за политичка дискусија на високо ниво со цел да се воспостави соработка на земјите од Европскиот континент во услови на светски и геополитички превирања. Фокусот на Европската политичка заедница се трите најважни и во моментот поврзани прашања кои ги обединува сите земји, а тоа е војната во Украина, состојбата во енергетиката и економијата. Беше нагласена важноста од солидарност со Украина и нејзиниот народ, како и зајакнувањето на рестриктивните мерки со цел да се зголеми притисокот врз Русија и да стави крај на војната, стои во соопштението од Влада. Соработка и солидарноста низ Европа, додаваат од Владата, може да помогнат за да се придонесе во ублажување на последиците од светската енергетската криза настаната како резултат на воената агресија врз Украина. Целта на средбата е да се делува заеднички со цел да се акцентира важноста од дијалогот за обезбедување мир и безбедност, како и заеднички решенија во однос на диверзификација на изворите за снабдување со енергенси. Лидерите на земјите члени на ЕУ, потенцираа дека целта на Европската политичка заедница е да се даде на земјите аспиранти чувство на припадност кон европскиот клуб пред нивниот формален пристап во ЕУ.

The post Премиерот Ковачевски на отворањето на првиот состанок на Европската политичка заедница appeared first on Република.

]]>
Maкедонија поканета на првиот состанок на Европската политичка заедница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-pokaneta-na-prviot-sostanok-na-evropskata-politichka-zaednica/ Mon, 19 Sep 2022 13:57:15 +0000 https://republika.mk/?p=552293

Македонија ќе биде поканета на првиот состанок на Европската политичка заедница што треба да се одржи на почетокот на октомври во Чешка. Турција и Обединетото Кралство исто така „треба да бидат поканети“ на состанокот, којшто треба да ги собере лидерите на 27-те и оние на земјите кандидати за членство или соседните земји во Прага на 6 октомври, јави дописникот на МИА од Стразбур.  

На состанокот во Прага, за првпат шефовите на државите и владите од европскиот континент во пошироката смисла, ќе се најдат за да зборуваат на рамноправна основа, што е многу важно за земјите од соседството на ЕУ, вели француската државна секретарка за европски прашања Лоранс Боон.

-Тоа ќе биде истовремено политичка дискусија на високо ниво со цел да се воспостави сорабока која се однесува на сите, на пример во областа на енергијата или безбедноста, но исто така да се испрати и геополитички сигнал, додава таа.

-Европа, во себе е носител на социјален модел, на вредности, кои се уникатни во светот но кои се загрозени денес, и значи многу е важно да се отвори динамика на обединета географска зона. А потоа, секој може да му даде на проектот форма и содржина, вели француската државна секретарка за европски прашања во однос на првиот состанок на Европската политичка заедница, кој треба да се одржи на почетокот на октомври  во Прага, вели таа.

Лоранс Боон не потврдува дали Турција ќе биде поканета на состанокот. Бидејќи не е Франција таа која ги испраќа поканети.

Покрај земјите-членки на ЕУ, лидерите на шесте земји од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија), Обединетото Кралство, Норвешка, Швајцарија, Украина, Молдавија, Исланд, Грузија, Турција , Ерменија, Азербејџан и Лихтенштајн треба „наскоро“ да добијат покана, според еден од овие извори.

„Овој список е конечен“, изјави европски дипломат. Друг дипломатски извор повнимателно рече дека „консултациите продолжуваат“.

Овој проект за платформа за политички дијалог и соработка беше лансиран од францускиот претседател Емануел Макрон и одобрен во јуни за време на самитот на ЕУ. Германскиот канцелар Олаф Шолц ја потврди својата поддршка за иницијативата на крајот на август.

Првиот состанок ќе се одржи на ниво на шефови на држави и влади на 6 октомври во Чешка, земја која претседава со Советот на ЕУ, во пресрет на самитот на 27-те.

Тоа треба да овозможи „политичка дискусија за стратешки прашања од заеднички интерес за европскиот континент“, „главно војната на Русија против Украина, енергетската криза и економската ситуација“, се подвлекува од европски извор.

Состанокот ќе биде во форма на пленарна сесија, тркалезни маси, билатерални состаноци и завршна вечера. Оваа европска политичка заедница не претставува алтернативно решение за проширувањето на ЕУ, инсистира истиот извор.

Во својот говор пред француските амбасадори на 1 септември, Емануел Макрон објасни дека Европската политичка заедница треба да се состанува на секои шест месеци

The post Maкедонија поканета на првиот состанок на Европската политичка заедница appeared first on Република.

]]>

Македонија ќе биде поканета на првиот состанок на Европската политичка заедница што треба да се одржи на почетокот на октомври во Чешка. Турција и Обединетото Кралство исто така „треба да бидат поканети“ на состанокот, којшто треба да ги собере лидерите на 27-те и оние на земјите кандидати за членство или соседните земји во Прага на 6 октомври, јави дописникот на МИА од Стразбур.   На состанокот во Прага, за првпат шефовите на државите и владите од европскиот континент во пошироката смисла, ќе се најдат за да зборуваат на рамноправна основа, што е многу важно за земјите од соседството на ЕУ, вели француската државна секретарка за европски прашања Лоранс Боон.
-Тоа ќе биде истовремено политичка дискусија на високо ниво со цел да се воспостави сорабока која се однесува на сите, на пример во областа на енергијата или безбедноста, но исто така да се испрати и геополитички сигнал, додава таа.
-Европа, во себе е носител на социјален модел, на вредности, кои се уникатни во светот но кои се загрозени денес, и значи многу е важно да се отвори динамика на обединета географска зона. А потоа, секој може да му даде на проектот форма и содржина, вели француската државна секретарка за европски прашања во однос на првиот состанок на Европската политичка заедница, кој треба да се одржи на почетокот на октомври  во Прага, вели таа. Лоранс Боон не потврдува дали Турција ќе биде поканета на состанокот. Бидејќи не е Франција таа која ги испраќа поканети. Покрај земјите-членки на ЕУ, лидерите на шесте земји од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија), Обединетото Кралство, Норвешка, Швајцарија, Украина, Молдавија, Исланд, Грузија, Турција , Ерменија, Азербејџан и Лихтенштајн треба „наскоро“ да добијат покана, според еден од овие извори. „Овој список е конечен“, изјави европски дипломат. Друг дипломатски извор повнимателно рече дека „консултациите продолжуваат“. Овој проект за платформа за политички дијалог и соработка беше лансиран од францускиот претседател Емануел Макрон и одобрен во јуни за време на самитот на ЕУ. Германскиот канцелар Олаф Шолц ја потврди својата поддршка за иницијативата на крајот на август. Првиот состанок ќе се одржи на ниво на шефови на држави и влади на 6 октомври во Чешка, земја која претседава со Советот на ЕУ, во пресрет на самитот на 27-те. Тоа треба да овозможи „политичка дискусија за стратешки прашања од заеднички интерес за европскиот континент“, „главно војната на Русија против Украина, енергетската криза и економската ситуација“, се подвлекува од европски извор. Состанокот ќе биде во форма на пленарна сесија, тркалезни маси, билатерални состаноци и завршна вечера. Оваа европска политичка заедница не претставува алтернативно решение за проширувањето на ЕУ, инсистира истиот извор. Во својот говор пред француските амбасадори на 1 септември, Емануел Макрон објасни дека Европската политичка заедница треба да се состанува на секои шест месеци

The post Maкедонија поканета на првиот состанок на Европската политичка заедница appeared first on Република.

]]>
Предлогот на Макрон станува реалност: „Втората лига“ на ЕУ во која ќе влезе и Македонија ќе се формира веќе оваа година https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/predlogot-na-makron-stanuva-realnost-vtorata-liga-na-eu-vo-koja-kje-vleze-i-makedonija-kje-se-formira-vekje-ovaa-godina/ Thu, 16 Jun 2022 06:11:24 +0000 https://republika.mk/?p=515778

Европската политичка заедница нема да биде алтернатива за членството во Европската унија и нема да биде замена за процесот на проширување – се вели во документот до кој дојде „Јутарњи лист“.

Идејата на Франција е да создаде сеопфатен европски политички форум кој нема да биде замена за ЕУ, Советот на Европа или Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), но ќе овозможи изградба на заедница на сите европски земји, без оглед на за нивниот статус во ЕУ или односите со Европската унија.

Идејата првпат ја претстави претседателот на Франција, Емануел Макрон, пред еден месец, а за неа ќе се разговара на следниот состанок на Европскиот совет на 23 и 24 јуни во Брисел.

Франција веќе испрати нон-пејпер до земјите на ЕУ, каде што ја презентира идејата за создавање „европска политичка заедница“. Јутарњи лист имаше увид во овој француски документ за кој се разговара во ЕУ.

Интересно е што трудот почна да се дискутира само неколку дена пред објавувањето на мислењето на Европската комисија за доделување кандидатски статус за Украина, Молдавија и Грузија.

Се очекува Комисијата да препорача доделување кандидатски статус за Украина, веројатно и за Молдавија, а неизвесно е што ќе одлучи за прашањето за Грузија.

Иако од ЕУ велат дека по барањето на овие земји за членство во ЕУ „ја следеле вообичаената постоечка процедура“, јасно е дека сè поминало многу побрзо и дека се работело за политички мотиви, а помалку за исполнување на вистинските критериуми за членство.

Сепак, пишува „Јутарњи“, процесот на проширување веќе зависи првенствено од политичката волја, а потоа и од формалните услови.

Францускиот нон-пејпер наведува дека се очекува Европскиот совет, кој ќе се состане за една недела во Брисел, да донесе одлука за апликацијата на Украина за членство, но предупредува и на долгото траење на процесот, па затоа предлагаат создавање „Европска политичка заедница оваа година.

- На кое ниво и да достигнеме на овој Европски совет, политиката на проширување, поради барањето за неопходните реформи за пристапување во ЕУ и времетраењето кое нужно е потребно, денес не ја нуди потребната политичка рамка за одговор на итните историски и геополитички потреби кои произлегуваат од војна против Украина и градење на политичко структуирање на нашиот европски континент, се вели во францускиот документ.

Токму ова долго траење на процесот и послужи на Франција како аргумент за предлогот за „европска политичка заедница“ во која сите земји ќе бидат подготвени да споделуваат заеднички демократски вредности и да придонесат за заедничката безбедност, стабилност и просперитет на Европа.

Заедницата би била отворена за сите европски земји, без разлика дали се членки на ЕУ и без разлика на нивните односи со Европската Унија.Земјите на кои најмногу се мисли во дискусиите за овој француски план се земјите од Западен Балкан и оние од источниот блок, но и Велика Британија која ја напушти ЕУ.

Во нон-пејперот се наведува и дека создавањето на оваа заедница ќе помогне и нема да ја спречи интеграцијата во ЕУ на оние земји кои тоа го сакаат.

- Европската политичка заедница нема да биде алтернатива за членството во Европската унија и нема да биде замена за процесот на проширување. За европските земји кои сакаат да се приклучат на ЕУ, напротив, ќе има можност за зајакнување на врските со земјите-членки на ЕУ пред и по членството, како и политичко и учество во одредени политики на ЕУ, вклучително и постепена интеграција, каде што е соодветно, во европската внатрешна пазар

 

The post Предлогот на Макрон станува реалност: „Втората лига“ на ЕУ во која ќе влезе и Македонија ќе се формира веќе оваа година appeared first on Република.

]]>

Европската политичка заедница нема да биде алтернатива за членството во Европската унија и нема да биде замена за процесот на проширување – се вели во документот до кој дојде „Јутарњи лист“.
Идејата на Франција е да создаде сеопфатен европски политички форум кој нема да биде замена за ЕУ, Советот на Европа или Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), но ќе овозможи изградба на заедница на сите европски земји, без оглед на за нивниот статус во ЕУ или односите со Европската унија. Идејата првпат ја претстави претседателот на Франција, Емануел Макрон, пред еден месец, а за неа ќе се разговара на следниот состанок на Европскиот совет на 23 и 24 јуни во Брисел. Франција веќе испрати нон-пејпер до земјите на ЕУ, каде што ја презентира идејата за создавање „европска политичка заедница“. Јутарњи лист имаше увид во овој француски документ за кој се разговара во ЕУ. Интересно е што трудот почна да се дискутира само неколку дена пред објавувањето на мислењето на Европската комисија за доделување кандидатски статус за Украина, Молдавија и Грузија.
Се очекува Комисијата да препорача доделување кандидатски статус за Украина, веројатно и за Молдавија, а неизвесно е што ќе одлучи за прашањето за Грузија.
Иако од ЕУ велат дека по барањето на овие земји за членство во ЕУ „ја следеле вообичаената постоечка процедура“, јасно е дека сè поминало многу побрзо и дека се работело за политички мотиви, а помалку за исполнување на вистинските критериуми за членство. Сепак, пишува „Јутарњи“, процесот на проширување веќе зависи првенствено од политичката волја, а потоа и од формалните услови. Францускиот нон-пејпер наведува дека се очекува Европскиот совет, кој ќе се состане за една недела во Брисел, да донесе одлука за апликацијата на Украина за членство, но предупредува и на долгото траење на процесот, па затоа предлагаат создавање „Европска политичка заедница оваа година.
- На кое ниво и да достигнеме на овој Европски совет, политиката на проширување, поради барањето за неопходните реформи за пристапување во ЕУ и времетраењето кое нужно е потребно, денес не ја нуди потребната политичка рамка за одговор на итните историски и геополитички потреби кои произлегуваат од војна против Украина и градење на политичко структуирање на нашиот европски континент, се вели во францускиот документ.
Токму ова долго траење на процесот и послужи на Франција како аргумент за предлогот за „европска политичка заедница“ во која сите земји ќе бидат подготвени да споделуваат заеднички демократски вредности и да придонесат за заедничката безбедност, стабилност и просперитет на Европа.
Заедницата би била отворена за сите европски земји, без разлика дали се членки на ЕУ и без разлика на нивните односи со Европската Унија.Земјите на кои најмногу се мисли во дискусиите за овој француски план се земјите од Западен Балкан и оние од источниот блок, но и Велика Британија која ја напушти ЕУ.
Во нон-пејперот се наведува и дека создавањето на оваа заедница ќе помогне и нема да ја спречи интеграцијата во ЕУ на оние земји кои тоа го сакаат.
- Европската политичка заедница нема да биде алтернатива за членството во Европската унија и нема да биде замена за процесот на проширување. За европските земји кои сакаат да се приклучат на ЕУ, напротив, ќе има можност за зајакнување на врските со земјите-членки на ЕУ пред и по членството, како и политичко и учество во одредени политики на ЕУ, вклучително и постепена интеграција, каде што е соодветно, во европската внатрешна пазар
 

The post Предлогот на Макрон станува реалност: „Втората лига“ на ЕУ во која ќе влезе и Македонија ќе се формира веќе оваа година appeared first on Република.

]]>
Предлогот на Макрон за „втора лига“ ЕУ станува реалност: Балканот ќе се намамува со фондови https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/predlogot-na-makron-za-vtora-liga-eu-stanuva-realnost-balkanot-kje-se-namamuva-so-fondovi/ Mon, 06 Jun 2022 18:55:08 +0000 https://republika.mk/?p=511909

Австрија испрати нон-пејпер за дискусија пред Самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан што ќе се одржи на 23 јуни во Брисел.

 

- Треба да размислуваме надвор од постоечкото значење на проширување и соседство и да користиме потенцијали кои досега не сме ги искористиле. На патот кон полноправно членство мораме да создадеме можности за интеграција на овие земји во политичката арена, кои носат конкретни придобивки за земјата и нејзините граѓани.Ние сакаме и ни требаат земјите од Западен Балкан со нас. Тие се клучни партнери и интегрални членови на европското семејство, затоа треба да го преиспитаме нашиот пристап кон проширувањето и соседската политика. Проширувањето не е само бирократска процедура, туку најмоќниот геостратешки инструмент – се наведува во документот.

 

„Процесот предизвика фрустрација“

Австрија во својот документ наведува дека процесот на проширување досега не донел реални резултати и предизвикал фрустрација во регионот.

Затоа, Австрија предлага постепена интеграција и заеднички пазар на ЕУ, вклучувајќи слобода на движење на стоки, услуги, укинување на царините за земјоделските производи, но и слобода на движење на работна сила, услуги и капитал.

Процесот на интеграција, според нон-пејперот, би останал заснован на заслуги и секоја земја би се оценувала врз основа на нејзината усогласеност со стандардите и реформите на ЕУ.

Фондовите како мотивација

Пристапот до фондовите на ЕУ ќе биде мотивација за реформи и усогласување со политиките на ЕУ, рече Виена.

Документот од Виена предвидува и покана до земјите од Западен Балкан на неформални состаноци на Европскиот совет, додека другите институции на Унијата би имале статус на набљудувач.Самитот ЕУ-Западен Балкан треба да се одржува еднаш годишно.

https://republika.mk/vesti/balkan/avstrija-dostavila-non-pejper-za-postepena-integracija-na-zapaden-balkan-vo-eu/

The post Предлогот на Макрон за „втора лига“ ЕУ станува реалност: Балканот ќе се намамува со фондови appeared first on Република.

]]>

Австрија испрати нон-пејпер за дискусија пред Самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан што ќе се одржи на 23 јуни во Брисел.  
- Треба да размислуваме надвор од постоечкото значење на проширување и соседство и да користиме потенцијали кои досега не сме ги искористиле. На патот кон полноправно членство мораме да создадеме можности за интеграција на овие земји во политичката арена, кои носат конкретни придобивки за земјата и нејзините граѓани.Ние сакаме и ни требаат земјите од Западен Балкан со нас. Тие се клучни партнери и интегрални членови на европското семејство, затоа треба да го преиспитаме нашиот пристап кон проширувањето и соседската политика. Проширувањето не е само бирократска процедура, туку најмоќниот геостратешки инструмент – се наведува во документот.
  „Процесот предизвика фрустрација“ Австрија во својот документ наведува дека процесот на проширување досега не донел реални резултати и предизвикал фрустрација во регионот. Затоа, Австрија предлага постепена интеграција и заеднички пазар на ЕУ, вклучувајќи слобода на движење на стоки, услуги, укинување на царините за земјоделските производи, но и слобода на движење на работна сила, услуги и капитал. Процесот на интеграција, според нон-пејперот, би останал заснован на заслуги и секоја земја би се оценувала врз основа на нејзината усогласеност со стандардите и реформите на ЕУ.

Фондовите како мотивација

Пристапот до фондовите на ЕУ ќе биде мотивација за реформи и усогласување со политиките на ЕУ, рече Виена. Документот од Виена предвидува и покана до земјите од Западен Балкан на неформални состаноци на Европскиот совет, додека другите институции на Унијата би имале статус на набљудувач.Самитот ЕУ-Западен Балкан треба да се одржува еднаш годишно. https://republika.mk/vesti/balkan/avstrija-dostavila-non-pejper-za-postepena-integracija-na-zapaden-balkan-vo-eu/

The post Предлогот на Макрон за „втора лига“ ЕУ станува реалност: Балканот ќе се намамува со фондови appeared first on Република.

]]>
Мицкоски за предлогот на Макрон: За нас нема замена за полноправното членство во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-za-predlogot-na-makron-za-nas-nema-zamena-za-polnopravnoto-chlenstvo-vo-eu/ Thu, 12 May 2022 12:49:58 +0000 https://republika.mk/?p=501517

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за предлогот на Макрон за формирање на нова унија која ќе биде замена на ЕУ рече дека за ВМРО-ДПМНЕ нема замена за полноправното членство на Македонија во ЕУ и каква егзибиција како што е изјава на Владата не е решение.

Тој додаде дека вистинското решение според него е Брисел, ЕУ и политичарите таму да се обединат и да ѝ го испорачаат на Македонија тоа што ѝ е ветувано и конечно да добие датум за почеток на преговорите.

„Ценам дека тоа не е вистинско решение и дека тоа што ѝ е ветувано на Македонија треба конечно Брисел, ЕУ и политичарите таму да го испорачаат, односно конечно сега на овој јунски состанок на Европскиот совет да се обединат исто како што се обединија околу случувањата во Украина и руската агресија, да се обединат овој пат околу Македонија и бугарската агресија и конечно на Македонија да и се даде датум за да ги почне преговорите. Потоа нормално како ние понатаму и колку бргу ќе го одиме тој пат зависи од нас и од нашите компетенции, од нашите вештини и од нашата амбиција колку побргу да го изодиме тој пат. Така што за мене замена за членство во ЕУ не постои“ истакна Мицкоски.

The post Мицкоски за предлогот на Макрон: За нас нема замена за полноправното членство во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за предлогот на Макрон за формирање на нова унија која ќе биде замена на ЕУ рече дека за ВМРО-ДПМНЕ нема замена за полноправното членство на Македонија во ЕУ и каква егзибиција како што е изјава на Владата не е решение. Тој додаде дека вистинското решение според него е Брисел, ЕУ и политичарите таму да се обединат и да ѝ го испорачаат на Македонија тоа што ѝ е ветувано и конечно да добие датум за почеток на преговорите.
„Ценам дека тоа не е вистинско решение и дека тоа што ѝ е ветувано на Македонија треба конечно Брисел, ЕУ и политичарите таму да го испорачаат, односно конечно сега на овој јунски состанок на Европскиот совет да се обединат исто како што се обединија околу случувањата во Украина и руската агресија, да се обединат овој пат околу Македонија и бугарската агресија и конечно на Македонија да и се даде датум за да ги почне преговорите. Потоа нормално како ние понатаму и колку бргу ќе го одиме тој пат зависи од нас и од нашите компетенции, од нашите вештини и од нашата амбиција колку побргу да го изодиме тој пат. Така што за мене замена за членство во ЕУ не постои“ истакна Мицкоски.

The post Мицкоски за предлогот на Макрон: За нас нема замена за полноправното членство во ЕУ appeared first on Република.

]]>
„Патувај, Европо“: Дали Ковачевски се откажува од ЕУ? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/patuvaj-evropo-dali-kovachevski-se-otkazuva-od-eu/ Wed, 11 May 2022 13:22:05 +0000 https://republika.mk/?p=501073

Дали премиерот Димитар Ковачевски полека се откажува од членството во ЕУ откако денеска владиниот портпарол Душко Арсовски рече дека гледа со симпатиии на предлогот на Макрон за „Европска политичка заедница“.

Предлогот на Макрон го сметаме за одлична можност за обединување на земјите кои не успеале да влезат во блокот или не сакале во одреден момент, со оглед на новонастанатата геополитичка ситуација, изјави денеска портпаролот на Владата Душко Арсовски на прес конференција.

–  Македонија ја има поддршката од европските партнери кои сметаат дека мора веднаш да ги започнеме преговорите за членство во ЕУ, а Владата секако го продолжува дијалогот со соседна Бугарија за изнаоѓање достоинствено и европско решение кое ќе го крене ветото и ќе го даде долгоочекуваниот датум за отпочнување на преговорите со Унијата – изјави Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање дали изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за воспоставување на европска политичка заедница, ќе влијае врз спорот меѓу Скопје и Софија.

The post „Патувај, Европо“: Дали Ковачевски се откажува од ЕУ? appeared first on Република.

]]>

Дали премиерот Димитар Ковачевски полека се откажува од членството во ЕУ откако денеска владиниот портпарол Душко Арсовски рече дека гледа со симпатиии на предлогот на Макрон за „Европска политичка заедница“. Предлогот на Макрон го сметаме за одлична можност за обединување на земјите кои не успеале да влезат во блокот или не сакале во одреден момент, со оглед на новонастанатата геополитичка ситуација, изјави денеска портпаролот на Владата Душко Арсовски на прес конференција.
–  Македонија ја има поддршката од европските партнери кои сметаат дека мора веднаш да ги започнеме преговорите за членство во ЕУ, а Владата секако го продолжува дијалогот со соседна Бугарија за изнаоѓање достоинствено и европско решение кое ќе го крене ветото и ќе го даде долгоочекуваниот датум за отпочнување на преговорите со Унијата – изјави Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање дали изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за воспоставување на европска политичка заедница, ќе влијае врз спорот меѓу Скопје и Софија.

The post „Патувај, Европо“: Дали Ковачевски се откажува од ЕУ? appeared first on Република.

]]>
Владата ја бендиса идејата на Макрон да бидеме во „втората лига“ на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-ja-bendisa-idejata-na-makron-da-bideme-vo-vtorata-liga-na-eu/ Wed, 11 May 2022 12:21:31 +0000 https://republika.mk/?p=501046

Предлогот на Макрон го сметаме за одлична можност за обединување на земјите кои не успеале да влезат во блокот или не сакале во одреден момент, со оглед на новонастанатата геополитичка ситуација, изјави денеска портпаролот на Владата Душко Арсовски на прес конференција.

–  Македонија ја има поддршката од европските партнери кои сметаат дека мора веднаш да ги започнеме преговорите за членство во ЕУ, а Владата секако го продолжува дијалогот со соседна Бугарија за изнаоѓање достоинствено и европско решение кое ќе го крене ветото и ќе го даде долгоочекуваниот датум за отпочнување на преговорите со Унијата – изјави Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање дали изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за воспоставување на европска политичка заедница, ќе влијае врз спорот меѓу Скопје и Софија.

Тој истакна дека овој предлог е поттикнат од потребата да се даде еден вид заштита на европската перспектива и можности за поврзување и соработка на Украина, Молдавија и Грузија со Унијата, без притоа да чекаат да ги исполнат сите критериуми што се потребни за земјите кандидатки за членство.

Францускиот претседател Макрон повика да се формира „Европска политичка заедница“ за зајакнување на соработката на ЕУ со другите европски земји, поради тоа што членството на тие земји во Унијата не е реално во блиска иднина. Укажувајќи дека треба да се преуредат основачките договори на ЕУ, Макрон истакна дека во наредните недели би можеле да се одржат разговори за институционални реформи и дека за нив би можело да се дискутира на следниот Самит на лидерите на ЕУ.

Германскиот канцелар Олаф Шолц оцени дека идејата на Макрон за формирање „Европска политичка заедница“ е интересна, но и дека тоа не треба да ги спречува да го завршат она што е започнато со земјите од Западен Балкан кои донеле храбри одлуки, при што, како пример ја наведе Македонија.

The post Владата ја бендиса идејата на Макрон да бидеме во „втората лига“ на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Предлогот на Макрон го сметаме за одлична можност за обединување на земјите кои не успеале да влезат во блокот или не сакале во одреден момент, со оглед на новонастанатата геополитичка ситуација, изјави денеска портпаролот на Владата Душко Арсовски на прес конференција.
–  Македонија ја има поддршката од европските партнери кои сметаат дека мора веднаш да ги започнеме преговорите за членство во ЕУ, а Владата секако го продолжува дијалогот со соседна Бугарија за изнаоѓање достоинствено и европско решение кое ќе го крене ветото и ќе го даде долгоочекуваниот датум за отпочнување на преговорите со Унијата – изјави Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање дали изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за воспоставување на европска политичка заедница, ќе влијае врз спорот меѓу Скопје и Софија.
Тој истакна дека овој предлог е поттикнат од потребата да се даде еден вид заштита на европската перспектива и можности за поврзување и соработка на Украина, Молдавија и Грузија со Унијата, без притоа да чекаат да ги исполнат сите критериуми што се потребни за земјите кандидатки за членство. Францускиот претседател Макрон повика да се формира „Европска политичка заедница“ за зајакнување на соработката на ЕУ со другите европски земји, поради тоа што членството на тие земји во Унијата не е реално во блиска иднина. Укажувајќи дека треба да се преуредат основачките договори на ЕУ, Макрон истакна дека во наредните недели би можеле да се одржат разговори за институционални реформи и дека за нив би можело да се дискутира на следниот Самит на лидерите на ЕУ. Германскиот канцелар Олаф Шолц оцени дека идејата на Макрон за формирање „Европска политичка заедница“ е интересна, но и дека тоа не треба да ги спречува да го завршат она што е започнато со земјите од Западен Балкан кои донеле храбри одлуки, при што, како пример ја наведе Македонија.

The post Владата ја бендиса идејата на Макрон да бидеме во „втората лига“ на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Дали Макрон нѐ турка во некаква „европска политичка заедница“ наместо во ЕУ? https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dali-makron-ne-turka-vo-nekakva-evropska-politichka-zaednica-namesto-vo-eu/ Mon, 09 May 2022 20:50:04 +0000 https://republika.mk/?p=500127

Францускиот претседател на средбата со Шолц  нагласи дека е решено да се одржи самит за Западен Балкан во јуни, што ќе се одржи непосредно пред европскиот самит. За тоа ќе се има блиска и координирана француско-германска соработка за да се може, токму на сите овие ситуации, да се работи заедно, „за да дозволиме прво да се решат ситуациите на разлики кои сè уште постојат и да им ја разјасниме на сите земји од Западен Балкан европската агенда која во голема мера е нивна“, рече Макрон.

Макрон на средбата со Шолц притоа потсети на неколкуте предлози кои ги даде во Стразбур, во име на Франција за кои ќе се разговара и за кои веќе се зборувало неколку пати.

-Но мислам дека можам да кажам дека заедно го споделуваме и убедувањето дека надвор од Западен Балкан, имаме потреба да го преиспитаме европскиот политички простор, тоа е целта на оваа европска политичка заедница, предложена утринава. за да може да се изгради мир и стабилност на соработката за најгеополитичките прашања на нашата Европа.

Запрашан да ја појасни неговата идеја за европска политичка заедница и дали земјите од Западен Балкан се повикани да се приклучат кон неа, Макрон одговори дека оваа „идеја доаѓа од фактот дека  има географска реалност. Европа е континент кој се наметнува преку едноставно читање на светската карта и дека за вистински да „ се закотви демократијата и стабилноста во Европа, треба да се најде вистинската политичка и геополитичка форма на конвергенција и стабилност“ на континентот.

-Се досега на ова прашање одговоривме со проширување, од степенот на интегрираност на интимноста на зближувањето, барањето на стандардите на нашата Европска Унија, значи дека оваа перспектива за држави како Украина или неколку други не е остварлива на хоризонтот од неколку години.

Според Макрон може да се има  забрзана процедура,  за да се прифати статусот на кандидат за членство на Украина, „но сите знаеме дека со оглед на нашите стандарди да се биде членка, ќе бидат потребни години, веројатно децении за да Украина навистина се приклучи на Европската унија“. ,

Тој продолжи со своето објаснување, дека не сака да го преземеме ризикот да предизвика очај кај „оние соседи и ја имаат и оваа географска близина и кои се приврзани за истата база на вредности на кои инсистира “. Бидејќи, според него  Украина денес добро се бори за тие вредности, таа ги презема сите ризици за тоа.

-Нас ни треба да се изгради нова политичка форма, не само правна. Ние имаме правна форма, Советот на Европа со Европскиот суд за човекови права, кој дава права, што згора на тоа се загрозени, потресени од излегувањето на Русија.

Макрон е на мислење дека  треба да се најде нова политичка форма која ќе овозможи „да се стигне до Европа на држави кои ги споделуваат нејзините вредности, кои се во оваа географија и заедно да се изгради политичка координација, форми на солидарност во однос на безбедноста и кои не се исто како НАТО.“ Тука се и елементите на солидарна соработка за да се дефинираат соработките и енергијата, бидејќи ја гледа интеграцијата и солидарноста што постои во Европа за овие енергетски прашања кои се многу структурирани, за да може заедно да се напредува по прашањата на инфраструктура за поврзување, „која е во срцето на агендата што ја имаме за земјите од Балканот и меѓу Западен Балкан и нашата Европа. Но тоа е вистина многу пошироко за циркулацијата на луѓе, а особено на младите луѓе. “

-Оваа агенда не значи дека земјите кои можеби имаат интерес со нас за овие прашања, се подготвени да влезат во ЕУ. Затоа она што мораме да го направиме, ми се чини, е преку работа на консултации и развој, сега, да ја изградиме оваа европска политичка заедница за да одговориме на ова прашање, бидејќи нашата политичка стабилност и нашата безбедност се во прашање, објаснуваше Макрон.

Покрај тоа што има земји кои веќе ја започнаа пристапната процедура и кои ќе влезат, Макрон мисли  дека по ова прашање треба се да оди до крајот на патот.

– Прашањето се поставува за оние и оние кои сè уште не го започнале овој пат, за земји како Босна и Херцеговина, кои се многу подалеку или други во Западен Балкан, за Украина. А исто така и за другите земји кои се вовлечени во прашањата за пристапување во Европската Унија, понекогаш со децении, рече тој.

The post Дали Макрон нѐ турка во некаква „европска политичка заедница“ наместо во ЕУ? appeared first on Република.

]]>

Францускиот претседател на средбата со Шолц  нагласи дека е решено да се одржи самит за Западен Балкан во јуни, што ќе се одржи непосредно пред европскиот самит. За тоа ќе се има блиска и координирана француско-германска соработка за да се може, токму на сите овие ситуации, да се работи заедно, „за да дозволиме прво да се решат ситуациите на разлики кои сè уште постојат и да им ја разјасниме на сите земји од Западен Балкан европската агенда која во голема мера е нивна“, рече Макрон. Макрон на средбата со Шолц притоа потсети на неколкуте предлози кои ги даде во Стразбур, во име на Франција за кои ќе се разговара и за кои веќе се зборувало неколку пати.
-Но мислам дека можам да кажам дека заедно го споделуваме и убедувањето дека надвор од Западен Балкан, имаме потреба да го преиспитаме европскиот политички простор, тоа е целта на оваа европска политичка заедница, предложена утринава. за да може да се изгради мир и стабилност на соработката за најгеополитичките прашања на нашата Европа.
Запрашан да ја појасни неговата идеја за европска политичка заедница и дали земјите од Западен Балкан се повикани да се приклучат кон неа, Макрон одговори дека оваа „идеја доаѓа од фактот дека  има географска реалност. Европа е континент кој се наметнува преку едноставно читање на светската карта и дека за вистински да „ се закотви демократијата и стабилноста во Европа, треба да се најде вистинската политичка и геополитичка форма на конвергенција и стабилност“ на континентот. -Се досега на ова прашање одговоривме со проширување, од степенот на интегрираност на интимноста на зближувањето, барањето на стандардите на нашата Европска Унија, значи дека оваа перспектива за држави како Украина или неколку други не е остварлива на хоризонтот од неколку години. Според Макрон може да се има  забрзана процедура,  за да се прифати статусот на кандидат за членство на Украина, „но сите знаеме дека со оглед на нашите стандарди да се биде членка, ќе бидат потребни години, веројатно децении за да Украина навистина се приклучи на Европската унија“. , Тој продолжи со своето објаснување, дека не сака да го преземеме ризикот да предизвика очај кај „оние соседи и ја имаат и оваа географска близина и кои се приврзани за истата база на вредности на кои инсистира “. Бидејќи, според него  Украина денес добро се бори за тие вредности, таа ги презема сите ризици за тоа.
-Нас ни треба да се изгради нова политичка форма, не само правна. Ние имаме правна форма, Советот на Европа со Европскиот суд за човекови права, кој дава права, што згора на тоа се загрозени, потресени од излегувањето на Русија.
Макрон е на мислење дека  треба да се најде нова политичка форма која ќе овозможи „да се стигне до Европа на држави кои ги споделуваат нејзините вредности, кои се во оваа географија и заедно да се изгради политичка координација, форми на солидарност во однос на безбедноста и кои не се исто како НАТО.“ Тука се и елементите на солидарна соработка за да се дефинираат соработките и енергијата, бидејќи ја гледа интеграцијата и солидарноста што постои во Европа за овие енергетски прашања кои се многу структурирани, за да може заедно да се напредува по прашањата на инфраструктура за поврзување, „која е во срцето на агендата што ја имаме за земјите од Балканот и меѓу Западен Балкан и нашата Европа. Но тоа е вистина многу пошироко за циркулацијата на луѓе, а особено на младите луѓе. “ -Оваа агенда не значи дека земјите кои можеби имаат интерес со нас за овие прашања, се подготвени да влезат во ЕУ. Затоа она што мораме да го направиме, ми се чини, е преку работа на консултации и развој, сега, да ја изградиме оваа европска политичка заедница за да одговориме на ова прашање, бидејќи нашата политичка стабилност и нашата безбедност се во прашање, објаснуваше Макрон. Покрај тоа што има земји кои веќе ја започнаа пристапната процедура и кои ќе влезат, Макрон мисли  дека по ова прашање треба се да оди до крајот на патот.
– Прашањето се поставува за оние и оние кои сè уште не го започнале овој пат, за земји како Босна и Херцеговина, кои се многу подалеку или други во Западен Балкан, за Украина. А исто така и за другите земји кои се вовлечени во прашањата за пристапување во Европската Унија, понекогаш со децении, рече тој.

The post Дали Макрон нѐ турка во некаква „европска политичка заедница“ наместо во ЕУ? appeared first on Република.

]]>