Европска народна партија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evropska-narodna-partija/ За подобро да се разбереме Tue, 01 Oct 2024 11:50:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Европска народна партија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evropska-narodna-partija/ 32 32 ВМРО-ДПМНЕ на собрание на ЕПП: Средби сестрински партии, презентации за 100-те дена влада, успехот, развојот и посветеноста на економијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/vmro-dpmne-na-sobranie-na-epp-sredbi-sestrinski-partii-prezentatsii-za-100-te-dena-vlada-uspehot-razvojot-i-posvetenosta-na-ekonomijata/ Tue, 01 Oct 2024 11:50:03 +0000 https://republika.mk/?p=821397

Изминативе два дена во Брисел имавме одлична можност да зборуваме со нашите сестрински партии за актуелните случувања, пренесува Марија Митева од политичкото Собрание на Европската народна партија, каде е дел од делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Но, од особена важност е што имавме можност да ги презентираме првите 100 дена влада во Република Македонија, новиот успех, развој и посветеност на економијата. Продолжуваме 100% одговорно за твојата иднина!, порачува Митева.

The post ВМРО-ДПМНЕ на собрание на ЕПП: Средби сестрински партии, презентации за 100-те дена влада, успехот, развојот и посветеноста на економијата appeared first on Република.

]]>

Европската народна партија гласаше за поддршка на Фон дер Лајен за втор мандат во ЕК https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/evropskata-narodna-partija-glasashe-za-poddrshka-na-fon-der-lajen-za-vtor-mandat-vo-ek/ Thu, 07 Mar 2024 12:32:22 +0000 https://republika.mk/?p=752260

Водечката европска политичка групација, Европската народна партија (ЕПП) денеска гласаше за поддршка на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за нејзин втор мандат, а прелиминарните резултати се очекуваат наскоро.

Иако Фон дер Лајен е единствениот кандидат на листата на ЕПП, за победа ѝ треба апсолутно мнозинство, а како клучни предизвици за ЕУ ​​ги наведе војните во Украина и Газа, како и јакнењето на Кина.

Претседателката на ЕК за време на конгресот на партиската пратеничка група во Букурешт изјави дека пријателите на рускиот претседател Владимир Путин се обидуваат одново да ја испишат европската историја и да ја украдат нејзината иднина, притоа „ширејќи омраза преку тастатури“.

Нашата мирна и слободна Европа се соочува со невидени предизвици од популисти, националисти и демагози, кои сакаат да ги уништат нашите вредности и Европа - рече Фон дер Лајен.

Таа вети дека ќе ја подобри економијата на Европа, ќе го сузбие криумчарењето на илегални мигранти во Унијата, ќе ја зајакне конкурентноста и ќе ги поддржи земјоделците заради зголемувањето на трошоците за живот, како и поголема финансиска и воена помош за Украина.

Во овие тешки времиња луѓето се грижат за просперитетот, безбедноста и демократијата, а во време на промени Европа ви го чува грбот - рече претседателката на Еврокомисијата.

На неа и треба апсолутно мнозинство за да победи, што лидерот на ЕПП Манфред Вебер тврди дека ќе се случи и дека партијата „застанува со Фон дер Лајен“.

Европа моментално е на тест и се соочуваме со многу предизвици. Да гласаме против екстремистите и ве молиме да гласаме за сериозната партија на центарот, а во исто време и најголемата, а тоа е Европската народна партија - рече Вебер.

И покрај порастот на екстремно десничарските и популистичките партии во Унијата, ЕПП го задржа јасното водство меѓу другите политички групи пред изборите за Европскиот парламент во јуни, покажуваат истражувањата на јавното мислење.

The post Европската народна партија гласаше за поддршка на Фон дер Лајен за втор мандат во ЕК appeared first on Република.

]]>

Водечката европска политичка групација, Европската народна партија (ЕПП) денеска гласаше за поддршка на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за нејзин втор мандат, а прелиминарните резултати се очекуваат наскоро. Иако Фон дер Лајен е единствениот кандидат на листата на ЕПП, за победа ѝ треба апсолутно мнозинство, а како клучни предизвици за ЕУ ​​ги наведе војните во Украина и Газа, како и јакнењето на Кина. Претседателката на ЕК за време на конгресот на партиската пратеничка група во Букурешт изјави дека пријателите на рускиот претседател Владимир Путин се обидуваат одново да ја испишат европската историја и да ја украдат нејзината иднина, притоа „ширејќи омраза преку тастатури“.
Нашата мирна и слободна Европа се соочува со невидени предизвици од популисти, националисти и демагози, кои сакаат да ги уништат нашите вредности и Европа - рече Фон дер Лајен.
Таа вети дека ќе ја подобри економијата на Европа, ќе го сузбие криумчарењето на илегални мигранти во Унијата, ќе ја зајакне конкурентноста и ќе ги поддржи земјоделците заради зголемувањето на трошоците за живот, како и поголема финансиска и воена помош за Украина.
Во овие тешки времиња луѓето се грижат за просперитетот, безбедноста и демократијата, а во време на промени Европа ви го чува грбот - рече претседателката на Еврокомисијата.
На неа и треба апсолутно мнозинство за да победи, што лидерот на ЕПП Манфред Вебер тврди дека ќе се случи и дека партијата „застанува со Фон дер Лајен“.
Европа моментално е на тест и се соочуваме со многу предизвици. Да гласаме против екстремистите и ве молиме да гласаме за сериозната партија на центарот, а во исто време и најголемата, а тоа е Европската народна партија - рече Вебер.
И покрај порастот на екстремно десничарските и популистичките партии во Унијата, ЕПП го задржа јасното водство меѓу другите политички групи пред изборите за Европскиот парламент во јуни, покажуваат истражувањата на јавното мислење.

The post Европската народна партија гласаше за поддршка на Фон дер Лајен за втор мандат во ЕК appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Европската народна партија со овој настан покажува почит кон ВМРО-ДПМНЕ, ќе останеме партнер на младите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-evropskata-narodna-partija-so-ovoj-nastan-pokazhuva-pochit-kon-vmro-dpmne-ke-ostaneme-partner-na-mladite/ Thu, 16 Nov 2023 20:48:09 +0000 https://republika.mk/?p=702335

За мене претставува посебна чест, но и одговорност како претседател на ВМРО-ДПМНЕ да бидеме домаќини на еден ваков настан. Бидејќи ова претставува израз на почитување кон она што го прави ВМРО-ДПМНЕ во рамките на Европската Народна Партија, но исто така и што го прави Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на младината на Европската Народна Партија, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред отворањето на Генералното Собрание на подмладокот на Европската Народна Партија – „Обединувајќи ја иднината, новата генерација и Западниот Балкан“.

Како што рече, ценат дека на ваков начин само додаваат вредност за Македонија и тоа од позиција на опозиција. Организирањето на ваков репрезентативен настан подразбира и начин на кој што се промовира нашата држава, нашата татковина.

Јас сум тука да ги поздравам учесниците на овој настан, да дадам недвосмислена поддршка како ВМРО-ДПМНЕ. Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ за неколку месеци од денеска ќе ја формира следната Влада во Македонија. Сакам да кажам дека посебен фокус на политиките на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат младите. И ВМРО-ДПМНЕ многу вложува во политиките на младите бидејќи младите се иднината на која што се темели нашата држава, нашата Македонија. ВМРО-ДПМНЕ била партнер, е партнер и ќе остане партнер на младите. Така што уште еднашка посакувам успешен настан, посакувам многу дружење и посакувам да има многу корисни и плодни дебати, нагласи Мицкоски.

The post Мицкоски: Европската народна партија со овој настан покажува почит кон ВМРО-ДПМНЕ, ќе останеме партнер на младите appeared first on Република.

]]>

За мене претставува посебна чест, но и одговорност како претседател на ВМРО-ДПМНЕ да бидеме домаќини на еден ваков настан. Бидејќи ова претставува израз на почитување кон она што го прави ВМРО-ДПМНЕ во рамките на Европската Народна Партија, но исто така и што го прави Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на младината на Европската Народна Партија, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред отворањето на Генералното Собрание на подмладокот на Европската Народна Партија – „Обединувајќи ја иднината, новата генерација и Западниот Балкан“. Како што рече, ценат дека на ваков начин само додаваат вредност за Македонија и тоа од позиција на опозиција. Организирањето на ваков репрезентативен настан подразбира и начин на кој што се промовира нашата држава, нашата татковина.
Јас сум тука да ги поздравам учесниците на овој настан, да дадам недвосмислена поддршка како ВМРО-ДПМНЕ. Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ за неколку месеци од денеска ќе ја формира следната Влада во Македонија. Сакам да кажам дека посебен фокус на политиките на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат младите. И ВМРО-ДПМНЕ многу вложува во политиките на младите бидејќи младите се иднината на која што се темели нашата држава, нашата Македонија. ВМРО-ДПМНЕ била партнер, е партнер и ќе остане партнер на младите. Така што уште еднашка посакувам успешен настан, посакувам многу дружење и посакувам да има многу корисни и плодни дебати, нагласи Мицкоски.

The post Мицкоски: Европската народна партија со овој настан покажува почит кон ВМРО-ДПМНЕ, ќе останеме партнер на младите appeared first on Република.

]]>
Фон дер Лајен, Мицотакис, Пленковиќ, Мецола: Лидерите од Европската народна партија на состанок во Атина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/fon-der-lajen-micotakis-plenkovikj-mecola-liderite-od-evropskata-narodna-partija-na-sostanok-vo-atina/ Sat, 03 Dec 2022 12:13:22 +0000 https://republika.mk/?p=581323

Шефови на држави и влади, опозициски лидери, како и лидери на ЕУ институциите, кои ѝ припаѓаат на Европската народна партија, вчера и денеска, во Атина одржаа неформален состанок, кој како што соопштија од партијата „го покажува единството, тимскиот дух и политичката определба на семејството на ЕПП да се справи со бројните предизвици со кои се соочува Европа“, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Европската народна партија додаваат дека низ својата долга историја, „го докажале својот капацитет на инклузивен и искрен начин да одговорат на кризи со прагматични решенија“, а сега повеќе од било кога досега, потребен е силен централно-десничарски центар.

Неформалниот собир на лидерите на ЕПП е првиот чекор во креирањето на нашата политичка стратегија за доброто на нашите граѓани и во поглед на следните европски избори. За ЕПП, Европа е важна и затоа што е важна, потребно е зајакнување на Европа на секое ниво. Затоа, ЕПП гради нова и цврста централно- десничарска основа, вкоренета во нашето христијанско- демократско наследство, за да одговори на потребите на сите наши граѓани, соопштија од партијата.

Неформалниот формат бил инициран од новоизбраниот претседател на ЕПП, Манфред Вебер, а првпат домаќин беше грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, а меѓу другите, учествуваа и претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европскиот Парламент Роберта Мецола, претседателите на Романија и Кипар, премиерите на Хрватска и Словачка, како и австрискиот канцелар и италијанскиот министер за надворешни работи.

Претседателот на ЕПП, Вебер на Твитер напиша дека разговарале за целите за 2023 година и почетокот на работата за европските избори во 2024 година, а Мицотакис, исто така преку Твитер, изрази задоволство за можност да разговараат за тоа како можат да ја зајакнат нивната координација во семејството на ЕПП и да работат поблиску за доброто на луѓето.

Од кабинетот на грчкиот премиер информираа дека на состанокот разговарале за стратегијата на партијата и за важни прашања поврзани со иднината на Европската унија, како што се енергетската безбедност, економијата и одбраната.

На маргините на состанокот, Мицотакис одржа билатерални средби со претседателката на ЕК, со претседателот на ЕПП, како и со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Италија.

The post Фон дер Лајен, Мицотакис, Пленковиќ, Мецола: Лидерите од Европската народна партија на состанок во Атина appeared first on Република.

]]>

Шефови на држави и влади, опозициски лидери, како и лидери на ЕУ институциите, кои ѝ припаѓаат на Европската народна партија, вчера и денеска, во Атина одржаа неформален состанок, кој како што соопштија од партијата „го покажува единството, тимскиот дух и политичката определба на семејството на ЕПП да се справи со бројните предизвици со кои се соочува Европа“, јави дописничката на МИА од Атина. Од Европската народна партија додаваат дека низ својата долга историја, „го докажале својот капацитет на инклузивен и искрен начин да одговорат на кризи со прагматични решенија“, а сега повеќе од било кога досега, потребен е силен централно-десничарски центар.
Неформалниот собир на лидерите на ЕПП е првиот чекор во креирањето на нашата политичка стратегија за доброто на нашите граѓани и во поглед на следните европски избори. За ЕПП, Европа е важна и затоа што е важна, потребно е зајакнување на Европа на секое ниво. Затоа, ЕПП гради нова и цврста централно- десничарска основа, вкоренета во нашето христијанско- демократско наследство, за да одговори на потребите на сите наши граѓани, соопштија од партијата.
Неформалниот формат бил инициран од новоизбраниот претседател на ЕПП, Манфред Вебер, а првпат домаќин беше грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, а меѓу другите, учествуваа и претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европскиот Парламент Роберта Мецола, претседателите на Романија и Кипар, премиерите на Хрватска и Словачка, како и австрискиот канцелар и италијанскиот министер за надворешни работи. Претседателот на ЕПП, Вебер на Твитер напиша дека разговарале за целите за 2023 година и почетокот на работата за европските избори во 2024 година, а Мицотакис, исто така преку Твитер, изрази задоволство за можност да разговараат за тоа како можат да ја зајакнат нивната координација во семејството на ЕПП и да работат поблиску за доброто на луѓето. Од кабинетот на грчкиот премиер информираа дека на состанокот разговарале за стратегијата на партијата и за важни прашања поврзани со иднината на Европската унија, како што се енергетската безбедност, економијата и одбраната. На маргините на состанокот, Мицотакис одржа билатерални средби со претседателката на ЕК, со претседателот на ЕПП, како и со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Италија.

The post Фон дер Лајен, Мицотакис, Пленковиќ, Мецола: Лидерите од Европската народна партија на состанок во Атина appeared first on Република.

]]>