европска куќа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evropska-kukja/ За подобро да се разбереме Wed, 05 Jun 2024 16:23:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png европска куќа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evropska-kukja/ 32 32 Во Тетово отворена седмата Европска куќа во државава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-tetovo-otvorena-sedmata-evropska-kuka-vo-drzhavava/ Wed, 05 Jun 2024 16:23:54 +0000 https://republika.mk/?p=785047

Во Тетово денеска почна да функционира канцеларија Европска куќа (Еurope House) на Делегацијата на Европската унија, седми таков објект во државава. Евроамбасадорот Дејвид Гир присутвуваше на отворањето на објектот и активности по тој повод кои, кои беа посветени и на Светскиот ден на животната средина.

-Во некои култури бројот седум значи нешто кога се завршува, се комплетира. Со самото отворање на седмата канцеларија на Јуроп Хаус всушност се комплетира отворањето на целосната мрежа на Јуроп Хаус којашто почна со првата канцеларија во Скопје за да продолжи во Крива Паланка, во Струмица, во Велес, во Битола, минатата недела Јуроп Хаус се отвори и во Струга. Јуроп Хаус е место за новите генерации, каде младите може да се соберат да поразговараат за прашања кои се важни за нив и исто така да можат да разговараат за прашања кои се поврзани со иновативноста, всушност прашања кои се важни за самата Европска унија, рече амбасадорот Гир.

Преку мрежата на Јуроп Хаус лани биле организирани над 900  активности со присуство на 36 илјади лица.

- Денес отвораме Јуроп Хаус во Тетово, град којшто е мултиетнички, исто така град којшто навистина има многу различна култура, различни јазици со два универзитети и шест средни училишта. Верувам дека оваа Јуроп Хаус ќе ја привлече таа енергијата на овие млади луѓе, да може да им даде правец кон Европската унија и ќе може да го подобри квалитетот на нивниот живот во Тетово и во регионот. Нашата вложување во Јуроп Хаус всушност не е ништо друго туку инвестиција во младите како инвестиција во Европската унија на оваа земја, истакна евроамбасадорот Гир.

Европската куќа во Тетово се наоѓа во поранешните  простории на библиотеката „Кочо Рацин“ во рамки на Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“. Програмата ќе биде заокружена  вечер со концерт на уметницата, музичар и вокалист Зарина Првасевда и нејзиниот ансамбл, кој ќе се одржи пред објектот во 20 часот.

Претходно, во текот на денот амбасадорот Гир предаде мобилна библиотека финансирана од ЕУ од проектот „Регионална мрежа за културна разновидност – РИД)“ на организацијата ЛОЈА од Тетово. Првата активност на Јуроп Хаус Тетово беше дебата „Тетово за нова, позелена генерација“ со студенти од Универзитетот на Југоисточна Европа.

The post Во Тетово отворена седмата Европска куќа во државава appeared first on Република.

]]>

Во Тетово денеска почна да функционира канцеларија Европска куќа (Еurope House) на Делегацијата на Европската унија, седми таков објект во државава. Евроамбасадорот Дејвид Гир присутвуваше на отворањето на објектот и активности по тој повод кои, кои беа посветени и на Светскиот ден на животната средина.
-Во некои култури бројот седум значи нешто кога се завршува, се комплетира. Со самото отворање на седмата канцеларија на Јуроп Хаус всушност се комплетира отворањето на целосната мрежа на Јуроп Хаус којашто почна со првата канцеларија во Скопје за да продолжи во Крива Паланка, во Струмица, во Велес, во Битола, минатата недела Јуроп Хаус се отвори и во Струга. Јуроп Хаус е место за новите генерации, каде младите може да се соберат да поразговараат за прашања кои се важни за нив и исто така да можат да разговараат за прашања кои се поврзани со иновативноста, всушност прашања кои се важни за самата Европска унија, рече амбасадорот Гир.
Преку мрежата на Јуроп Хаус лани биле организирани над 900  активности со присуство на 36 илјади лица.
- Денес отвораме Јуроп Хаус во Тетово, град којшто е мултиетнички, исто така град којшто навистина има многу различна култура, различни јазици со два универзитети и шест средни училишта. Верувам дека оваа Јуроп Хаус ќе ја привлече таа енергијата на овие млади луѓе, да може да им даде правец кон Европската унија и ќе може да го подобри квалитетот на нивниот живот во Тетово и во регионот. Нашата вложување во Јуроп Хаус всушност не е ништо друго туку инвестиција во младите како инвестиција во Европската унија на оваа земја, истакна евроамбасадорот Гир.
Европската куќа во Тетово се наоѓа во поранешните  простории на библиотеката „Кочо Рацин“ во рамки на Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“. Програмата ќе биде заокружена  вечер со концерт на уметницата, музичар и вокалист Зарина Првасевда и нејзиниот ансамбл, кој ќе се одржи пред објектот во 20 часот. Претходно, во текот на денот амбасадорот Гир предаде мобилна библиотека финансирана од ЕУ од проектот „Регионална мрежа за културна разновидност – РИД)“ на организацијата ЛОЈА од Тетово. Првата активност на Јуроп Хаус Тетово беше дебата „Тетово за нова, позелена генерација“ со студенти од Универзитетот на Југоисточна Европа.

The post Во Тетово отворена седмата Европска куќа во државава appeared first on Република.

]]>
Костадиновска-Стојчевска: Врските со Европа се зацврстуваат со новата Европската куќа отворена во Велес https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-vrskite-so-evropa-se-zatsvrstuvaat-so-novata-evropskata-kuka-otvorena-vo-veles/ Fri, 21 Jul 2023 07:03:05 +0000 https://republika.mk/?p=663741

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска заедно со евроамбасадорот Дејвид Гир во новоотворената Европска куќа во Велес присуствуваше на отворањето на изложбата „На работ на зборовите“, на галеријата „Акантус“, а под кураторство на Дијана Томиќ-Радевска.

Со отворањето на изложбата македонските уметници Оливер Мусовиќ, Славица Јанешлиева, Нехат Беќири, Александра Петрушевска Ристевска, Анета Попова и Стефан Младеновски, преку своите дела, со велешани ја споделија уметничката порака за моќта и поврзаноста на зборот, јазикот и комуникацијата.

– Новата петта по ред Европската куќа, е нов дом за велешани и за сите оние коишто веруваат во значењето на дијалогот и размената на идеи, за сите кои со гордост ја негуваат својата култура и традиции и кои го споделуваат идеалот на обединета Европа, истакна Костадиновска-Стојчевска, честитајќи го отворањето на новиот урбан простор во Велес.

На отворањето, прозвучија и стиховите од великанот на современата македонска поезија Кочо Рацин, кои ги прочита младата поетеса Марија Грубор придружувана со гитарски настап на џез музичарот Филип Букршлиев.

The post Костадиновска-Стојчевска: Врските со Европа се зацврстуваат со новата Европската куќа отворена во Велес appeared first on Република.

]]>

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска заедно со евроамбасадорот Дејвид Гир во новоотворената Европска куќа во Велес присуствуваше на отворањето на изложбата „На работ на зборовите“, на галеријата „Акантус“, а под кураторство на Дијана Томиќ-Радевска. Со отворањето на изложбата македонските уметници Оливер Мусовиќ, Славица Јанешлиева, Нехат Беќири, Александра Петрушевска Ристевска, Анета Попова и Стефан Младеновски, преку своите дела, со велешани ја споделија уметничката порака за моќта и поврзаноста на зборот, јазикот и комуникацијата.
– Новата петта по ред Европската куќа, е нов дом за велешани и за сите оние коишто веруваат во значењето на дијалогот и размената на идеи, за сите кои со гордост ја негуваат својата култура и традиции и кои го споделуваат идеалот на обединета Европа, истакна Костадиновска-Стојчевска, честитајќи го отворањето на новиот урбан простор во Велес.
На отворањето, прозвучија и стиховите од великанот на современата македонска поезија Кочо Рацин, кои ги прочита младата поетеса Марија Грубор придружувана со гитарски настап на џез музичарот Филип Букршлиев.

The post Костадиновска-Стојчевска: Врските со Европа се зацврстуваат со новата Европската куќа отворена во Велес appeared first on Република.

]]>
Изложба на студенти на ФЛУ во Куќата-музеј на Личеноски по повод третиот роденден на Европската куќа https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozba-na-studenti-na-flu-vo-kukjata-muzej-na-lichenoski-po-povod-tretiot-rodenden-na-evropskata-kukja/ Wed, 09 Nov 2022 08:11:11 +0000 https://republika.mk/?p=571703

Во рамки на одбележување на третата годишнина од своето отворање, Европската куќа – Скопје денеска организира отворање на изложба на ликовни творби на студенти од Факултетот за ликовни уметности во Скопје во Куќата-музеј на Лазар Личеноски.

Изложбата ќе биде отворена за јавноста секој вторник и четврток во периодот од 15 до 30 ноември од 12 до 14 часот.

Оваа изложба е во рамки на активностите на Европската куќа со кои во текот на ноември се оддава почит на културното наследство на македонскиот сликар Лазар Личеноски (1901-1964), организирани заедно со Националната галерија.

Покрај ова, на 12 ноември онлајн ќе биде промовирано и видео со современ танц во изведба на Андријана Данчевска и Дејан Битровски, снимено во Куќата-музеј на Личеноски. Кореографијата на танцот се темели на џез композицијата „Фрагменти“ од групата Зулу 3.4, која неодамна доби награда за „Најдобри млади џез музичари“ на годишниот Скопски џез фестивал.

Како дел од активностите во текот на овој месец, на 17 ноември во Европската куќа во Скопје ќе се одржи ликовна работилница за деца во организација на Националната галерија, а роденденската програма ќе заврши на 23 ноември со започнување на низата #Разговори за културата со учество на претставници од владините институции, млади експерти од област на темата и евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир. Настанот насловен „Мисли напред – затоа што културата е важна“ има за цел да ја подигне свеста и вниманието за актуелните предизвици и можностите во културниот домен. На настанот ќе ѝ се оддаде почит на Вјоса Бериша (1972-2022), поранешна директорка на Европската куќа.

Низата настани по повод одбележувањето на третиот роденден на Европската куќа започна на 4 ноември со презентација на ентериерниот и екстериерниот дизајн на новите европски куќи што ќе бидат отворени низ целата земја во текот на 2023 година. На презентацијата присуствуваа градоначалниците и претставници на општините во кои ќе бидат отворени објектите, како и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

фото: Фејсбук Europe House Skopje

The post Изложба на студенти на ФЛУ во Куќата-музеј на Личеноски по повод третиот роденден на Европската куќа appeared first on Република.

]]>

Во рамки на одбележување на третата годишнина од своето отворање, Европската куќа – Скопје денеска организира отворање на изложба на ликовни творби на студенти од Факултетот за ликовни уметности во Скопје во Куќата-музеј на Лазар Личеноски. Изложбата ќе биде отворена за јавноста секој вторник и четврток во периодот од 15 до 30 ноември од 12 до 14 часот. Оваа изложба е во рамки на активностите на Европската куќа со кои во текот на ноември се оддава почит на културното наследство на македонскиот сликар Лазар Личеноски (1901-1964), организирани заедно со Националната галерија. Покрај ова, на 12 ноември онлајн ќе биде промовирано и видео со современ танц во изведба на Андријана Данчевска и Дејан Битровски, снимено во Куќата-музеј на Личеноски. Кореографијата на танцот се темели на џез композицијата „Фрагменти“ од групата Зулу 3.4, која неодамна доби награда за „Најдобри млади џез музичари“ на годишниот Скопски џез фестивал. Како дел од активностите во текот на овој месец, на 17 ноември во Европската куќа во Скопје ќе се одржи ликовна работилница за деца во организација на Националната галерија, а роденденската програма ќе заврши на 23 ноември со започнување на низата #Разговори за културата со учество на претставници од владините институции, млади експерти од област на темата и евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир. Настанот насловен „Мисли напред – затоа што културата е важна“ има за цел да ја подигне свеста и вниманието за актуелните предизвици и можностите во културниот домен. На настанот ќе ѝ се оддаде почит на Вјоса Бериша (1972-2022), поранешна директорка на Европската куќа. Низата настани по повод одбележувањето на третиот роденден на Европската куќа започна на 4 ноември со презентација на ентериерниот и екстериерниот дизајн на новите европски куќи што ќе бидат отворени низ целата земја во текот на 2023 година. На презентацијата присуствуваа градоначалниците и претставници на општините во кои ќе бидат отворени објектите, како и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. фото: Фејсбук Europe House Skopje

The post Изложба на студенти на ФЛУ во Куќата-музеј на Личеноски по повод третиот роденден на Европската куќа appeared first on Република.

]]>