европратеник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evropratenik/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Nov 2024 17:31:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png европратеник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evropratenik/ 32 32 Реслер: Македонија мора да направи конкретен чекор, но и ЕУ да сфати дека проширувањето има геополитичка димензија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/resler-severna-makedonija-mora-da-napravi-konkreten-chekor-no-i-eu-da-sfati-deka-proshiruvaneto-ima-geopolitichka-dimenzija/ Tue, 26 Nov 2024 20:19:39 +0000 https://republika.mk/?p=842046

Во услови кога геополитиката е променета, нема место за билатерални уцени, вели хрватскиот европратеник Карло Реслер, кој е и претседавач на Заедничкиот парламентарен комитет ЕУ-Македонија. Тој смета дека треба да се препознае овој геополитички момент за шесте земји од Западен Балкан и да се работи напорно следните пет години за нивно пристапување во ЕУ, јави известувачот на МИА од Стразбур.

-Денес во ваквите околности во кои ЕУ функционира после три години крвава руска агресија врз Украина, после енергетската и економската криза архитектурата на безбедносната рамка на цела Европа е изменета поради војната и драматично различни политички околности и јасно е дека последиците од овие работи се чувствуваат не само во државите членки, туку и во регионот и Западниот Балкан. Во тој контекст Македонија, а и сите други држави од Западниот Балкан мораат да го искористат тоа што им се дава, сите можности и потенцијали кои им се отвораат поради таа ситуација, а тоа е пред се една свест дека пристапување кон ЕУ не е и не може да биде некаква строга формалистичко правна или административна задача, туку е многу повеќе од тоа и со себе во секој случај содржи една многу важна геополитичка димензија, рече Кеслер во изјава за македонски медиуми во Европскиот парламент во Стразбур.

Тој фактор, нагласува тој и тоа како е во корист на Македонија, но исто така е јасно дека внатре во земјава како и во другите држави членки од Западен Балкан мора да одиграат уште многу важни процеси во сферите на политиката, владеење на правото, економијата и тоа се важни чекори кои земјава мора да ги изоди, со цел да биде во целост подготвена за членство во Европската Унија.

Како што Германија и беше „спонзор“ на Хрватска во нејзиното членство во ЕУ, а сега Италија и е на Албанија, Реслер смета дека Хрватска може да биде државата којашто ќе може да го поттурне пристапувањето на државава во ЕУ.

-Независно од тоа каква беше ситуацијата и кога Хрватска пристапуваше кон ЕУ, јасно е дека Хрватска е држава која е пријателски расположена према Македонија, која можеби најдобро може да ја разбере и фрустрацијата, но и потешкотиите коишто произлегуваат од практично 20 години различни блокади, различни политички недоразбирања или судири и дека може, како што и сега работи со премиерот Андреј Пленковиќ да биде една од оние држави-членки на ЕУ која ќе се залага за разумно, но исто така ќе се залага и за сфаќањето дека пристапувањето на Македонија е од интерес не само за југоистокот на Европа, не само во интерес на Хрватска, туку е навистина и во интерес на целата ЕУ, истакна Кеслер.

Хрватскиот европратеник смета дека со продлабочена парламентарна димензија може да придонесат Македонија која, како што вели, беше практично во иста позиција како и Хрватска во 2005 година, пред 20 години, што побрзо да биде подготвена за членство во ЕУ економска смисла, во насока на зајакнување на политичката стабилност, владеење на правото и сите останати критериуми на ЕУ.

Тој вели дека е свесен оти постојат и други билатерални прашања кои се уште го нарушуваат патот на Македонија кон ЕУ, но, нагласува, ќе направат се со парламентарната дипломатија да се обидат да го продлабочат разбирањето.

-Денес, во овие актуелни геополитички околности едноставно нема место за такви билатерални уцени и мораме да направиме се што е можно Македонија да го направи вистинскиот, конкретниот чекор, но од друга страна внатре во Европската Унија да се сфати дека прашањето на проширување има и тоа како геополитичка димензија, дециден е Кеслер.

Во однос на тоа кој е начинот да се реши спорот со Бугарија, истакна дека тоа е ситуација која постои неколку години и која едноставно ги нарушува односите не само помеѓу Бугарија и Македонија, туку за жал, вели, во еден поголем дел влијаеше и на македонскиот пат кон ЕУ.

-Она што е важно да се направи и што ќе се обидеме ние да направиме од позиција на Делегација за односи со Македонија е да ја релаксираме ситуацијата, да се обидеме со сите колеги да разговараме, бидејќи на крајот е јасно дека јас не можам сега да понудам решение за билатералните проблеми кои очигледно постојат и кои очигледно ги оптоваруваат билатералните односи, но мораме заедно да работиме низ еден отворен и конструктивен дијалог да дојде до решение, а во тој контекст европските институции, особено Европскиот парламент мора и ќе бидат од корист, оцени хрватскиот европратеник.

Вели дека имаат комуникација за ова прашање со бугарските европратеници, и како што рече, „тоа се некои од нашите задачи кои едноставно мора да ги извршиме овде“. Сепак тој додава дека е јасно оти разликите кои нема да успеат да ги надминат со магично решение.

-Јасно е пред се дека тоа е прашање кое е билатерално прашање и кое што мора да се решава помеѓу двете држави, помеѓу државата членка Бугарија и државата кандидатка Македонија. Според некои искуства што ги имавме досега, па и од хрватскиот пристап кон ЕУ, Унијата може да биде помагател, може да биде медијатор, може да биде фацилитатор на таков разговор, но јасно е и дека со една парламентарна димензија можеме да се обидеме да дојде до релаксирање на таквите односи, изјави тој.

The post Реслер: Македонија мора да направи конкретен чекор, но и ЕУ да сфати дека проширувањето има геополитичка димензија appeared first on Република.

]]>

Во услови кога геополитиката е променета, нема место за билатерални уцени, вели хрватскиот европратеник Карло Реслер, кој е и претседавач на Заедничкиот парламентарен комитет ЕУ-Македонија. Тој смета дека треба да се препознае овој геополитички момент за шесте земји од Западен Балкан и да се работи напорно следните пет години за нивно пристапување во ЕУ, јави известувачот на МИА од Стразбур. -Денес во ваквите околности во кои ЕУ функционира после три години крвава руска агресија врз Украина, после енергетската и економската криза архитектурата на безбедносната рамка на цела Европа е изменета поради војната и драматично различни политички околности и јасно е дека последиците од овие работи се чувствуваат не само во државите членки, туку и во регионот и Западниот Балкан. Во тој контекст Македонија, а и сите други држави од Западниот Балкан мораат да го искористат тоа што им се дава, сите можности и потенцијали кои им се отвораат поради таа ситуација, а тоа е пред се една свест дека пристапување кон ЕУ не е и не може да биде некаква строга формалистичко правна или административна задача, туку е многу повеќе од тоа и со себе во секој случај содржи една многу важна геополитичка димензија, рече Кеслер во изјава за македонски медиуми во Европскиот парламент во Стразбур. Тој фактор, нагласува тој и тоа како е во корист на Македонија, но исто така е јасно дека внатре во земјава како и во другите држави членки од Западен Балкан мора да одиграат уште многу важни процеси во сферите на политиката, владеење на правото, економијата и тоа се важни чекори кои земјава мора да ги изоди, со цел да биде во целост подготвена за членство во Европската Унија. Како што Германија и беше „спонзор“ на Хрватска во нејзиното членство во ЕУ, а сега Италија и е на Албанија, Реслер смета дека Хрватска може да биде државата којашто ќе може да го поттурне пристапувањето на државава во ЕУ. -Независно од тоа каква беше ситуацијата и кога Хрватска пристапуваше кон ЕУ, јасно е дека Хрватска е држава која е пријателски расположена према Македонија, која можеби најдобро може да ја разбере и фрустрацијата, но и потешкотиите коишто произлегуваат од практично 20 години различни блокади, различни политички недоразбирања или судири и дека може, како што и сега работи со премиерот Андреј Пленковиќ да биде една од оние држави-членки на ЕУ која ќе се залага за разумно, но исто така ќе се залага и за сфаќањето дека пристапувањето на Македонија е од интерес не само за југоистокот на Европа, не само во интерес на Хрватска, туку е навистина и во интерес на целата ЕУ, истакна Кеслер. Хрватскиот европратеник смета дека со продлабочена парламентарна димензија може да придонесат Македонија која, како што вели, беше практично во иста позиција како и Хрватска во 2005 година, пред 20 години, што побрзо да биде подготвена за членство во ЕУ економска смисла, во насока на зајакнување на политичката стабилност, владеење на правото и сите останати критериуми на ЕУ. Тој вели дека е свесен оти постојат и други билатерални прашања кои се уште го нарушуваат патот на Македонија кон ЕУ, но, нагласува, ќе направат се со парламентарната дипломатија да се обидат да го продлабочат разбирањето. -Денес, во овие актуелни геополитички околности едноставно нема место за такви билатерални уцени и мораме да направиме се што е можно Македонија да го направи вистинскиот, конкретниот чекор, но од друга страна внатре во Европската Унија да се сфати дека прашањето на проширување има и тоа како геополитичка димензија, дециден е Кеслер. Во однос на тоа кој е начинот да се реши спорот со Бугарија, истакна дека тоа е ситуација која постои неколку години и која едноставно ги нарушува односите не само помеѓу Бугарија и Македонија, туку за жал, вели, во еден поголем дел влијаеше и на македонскиот пат кон ЕУ. -Она што е важно да се направи и што ќе се обидеме ние да направиме од позиција на Делегација за односи со Македонија е да ја релаксираме ситуацијата, да се обидеме со сите колеги да разговараме, бидејќи на крајот е јасно дека јас не можам сега да понудам решение за билатералните проблеми кои очигледно постојат и кои очигледно ги оптоваруваат билатералните односи, но мораме заедно да работиме низ еден отворен и конструктивен дијалог да дојде до решение, а во тој контекст европските институции, особено Европскиот парламент мора и ќе бидат од корист, оцени хрватскиот европратеник. Вели дека имаат комуникација за ова прашање со бугарските европратеници, и како што рече, „тоа се некои од нашите задачи кои едноставно мора да ги извршиме овде“. Сепак тој додава дека е јасно оти разликите кои нема да успеат да ги надминат со магично решение. -Јасно е пред се дека тоа е прашање кое е билатерално прашање и кое што мора да се решава помеѓу двете држави, помеѓу државата членка Бугарија и државата кандидатка Македонија. Според некои искуства што ги имавме досега, па и од хрватскиот пристап кон ЕУ, Унијата може да биде помагател, може да биде медијатор, може да биде фацилитатор на таков разговор, но јасно е и дека со една парламентарна димензија можеме да се обидеме да дојде до релаксирање на таквите односи, изјави тој.

The post Реслер: Македонија мора да направи конкретен чекор, но и ЕУ да сфати дека проширувањето има геополитичка димензија appeared first on Република.

]]>
Австрискиот европратеник Томас Вајц нов известувач на ЕП за Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/avstriskiot-evropratenik-tomas-vajts-nov-izvestuvach-na-ep-za-makedonija/ Tue, 22 Oct 2024 17:38:36 +0000 https://republika.mk/?p=829982

Австрискиот европратеник Томас Вајц е именуван за нов известувач на Европскиот парламент за Македонија.

Вајц, кој доаѓа од Европските зелени, бил и копретседавач на Европската зелена партија.

Во февруари 2017 година, Вајц беше номиниран за член на одборот на Европската зелена партија и беше избран во март 2017 на конгресот на Глобалните Зелени и Европските Зелени во 2017 година во Ливерпул, како единствен австриски член на одборот на Европската зелена партија. На оваа позиција тој е одговорен, меѓудругото, за соработка со Зелените партии во Чешка, Словенија, Полска, Унгарија и Албанија и го поддржува развојот на зелени партии во  Македонија, Хрватска, Црна Гора и Србија. Во јуни 2022 година тој беше реизбран на 35-от Совет на Европската зелена партија за копретседавач на ЕГП заедно со француската сенаторка Мелани Вогел од француската Европска екологија – Зелени.

На неговиот профил на социјалната мрежа „Х“, меѓудругото, пишува дека се залага за проширување на ЕУ, со фокус на Западен Балкан.

Повеќето политички групи во Европскиот парламент номинираа свои членови за позициите известувачи за земјите од Западен Балкан.

Тонино Пицула од Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) ќе биде известувач за Србија, додека Андреас Шајдер од истата партија ќе биде известувач за Албанија. Словенечкиот европратеник Марјан Шарец од Renew Europe ќе биде известувач за Црна Гора.

Европската народна партија (ЕПП) ги доби позициите за известувачи за Косово и Босна и Херцеговина.

The post Австрискиот европратеник Томас Вајц нов известувач на ЕП за Македонија appeared first on Република.

]]>

Австрискиот европратеник Томас Вајц е именуван за нов известувач на Европскиот парламент за Македонија. Вајц, кој доаѓа од Европските зелени, бил и копретседавач на Европската зелена партија. Во февруари 2017 година, Вајц беше номиниран за член на одборот на Европската зелена партија и беше избран во март 2017 на конгресот на Глобалните Зелени и Европските Зелени во 2017 година во Ливерпул, како единствен австриски член на одборот на Европската зелена партија. На оваа позиција тој е одговорен, меѓудругото, за соработка со Зелените партии во Чешка, Словенија, Полска, Унгарија и Албанија и го поддржува развојот на зелени партии во  Македонија, Хрватска, Црна Гора и Србија. Во јуни 2022 година тој беше реизбран на 35-от Совет на Европската зелена партија за копретседавач на ЕГП заедно со француската сенаторка Мелани Вогел од француската Европска екологија – Зелени. На неговиот профил на социјалната мрежа „Х“, меѓудругото, пишува дека се залага за проширување на ЕУ, со фокус на Западен Балкан. Повеќето политички групи во Европскиот парламент номинираа свои членови за позициите известувачи за земјите од Западен Балкан. Тонино Пицула од Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) ќе биде известувач за Србија, додека Андреас Шајдер од истата партија ќе биде известувач за Албанија. Словенечкиот европратеник Марјан Шарец од Renew Europe ќе биде известувач за Црна Гора. Европската народна партија (ЕПП) ги доби позициите за известувачи за Косово и Босна и Херцеговина.

The post Австрискиот европратеник Томас Вајц нов известувач на ЕП за Македонија appeared first on Република.

]]>
Грчкиот градоначалник поради кој Албанија доби вето од Грција стана европратении од партијата на Мицотакис https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grchkiot-gradonachalnik-poradi-koj-albanija-dobi-veto-od-grtsija-stana-evropratenii-od-partijata-na-mitsotakis/ Mon, 10 Jun 2024 07:50:11 +0000 https://republika.mk/?p=786047

Уапсениот градоначалник на јужната албанска општина Химара, Фреди Белери, кој беше предложен за европратеник од владејачката партија Нова демократија во Грција, доби место во Европскиот парламент, јавува Euronews Албанија.

Според податоците на албанските медиуми Белери е на третото место по гласови во партијата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. Според Еуроњуз Албанија, тој треба да биде меѓу седумте европратеници кои ќе ја претставуваат „Нова демократија“ во Европскиот парламент.

Фреди Белери, кој е етнички Грк, беше уапсен два дена пред локалните избори во Албанија на 14 мај 2023 година, под обвинение за купување гласови. Во март годинава беше осуден на две години затвор. Од грчка страна ја доведоа во прашање правичноста на судскиот процес против него и јасно ставија до знаење дека тоа може да ја загрози европската интеграција на Албанија.

По изборот за европратеник, Белери им се заблагодари на Грците кои „го почестија со својот глас“ и ја опиша веста како „победа на светлината над темнината“.

Белери додава дека војната е добиена благодарение на гордоста и патриотизмот на Грците.

Во пораката до поддржувачите, тој подвлекува дека гласот на грчкото малцинството во Албанија сега ќе биде уште посилен

The post Грчкиот градоначалник поради кој Албанија доби вето од Грција стана европратении од партијата на Мицотакис appeared first on Република.

]]>

Уапсениот градоначалник на јужната албанска општина Химара, Фреди Белери, кој беше предложен за европратеник од владејачката партија Нова демократија во Грција, доби место во Европскиот парламент, јавува Euronews Албанија. Според податоците на албанските медиуми Белери е на третото место по гласови во партијата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. Според Еуроњуз Албанија, тој треба да биде меѓу седумте европратеници кои ќе ја претставуваат „Нова демократија“ во Европскиот парламент. Фреди Белери, кој е етнички Грк, беше уапсен два дена пред локалните избори во Албанија на 14 мај 2023 година, под обвинение за купување гласови. Во март годинава беше осуден на две години затвор. Од грчка страна ја доведоа во прашање правичноста на судскиот процес против него и јасно ставија до знаење дека тоа може да ја загрози европската интеграција на Албанија. По изборот за европратеник, Белери им се заблагодари на Грците кои „го почестија со својот глас“ и ја опиша веста како „победа на светлината над темнината“. Белери додава дека војната е добиена благодарение на гордоста и патриотизмот на Грците. Во пораката до поддржувачите, тој подвлекува дека гласот на грчкото малцинството во Албанија сега ќе биде уште посилен

The post Грчкиот градоначалник поради кој Албанија доби вето од Грција стана европратении од партијата на Мицотакис appeared first on Република.

]]>
Европратеник од СИРИЗА ја напушти еврогрупата на грчката партија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/evropratenik-od-siriza-ja-napushti-evrogrupata-na-grchkata-partija/ Mon, 23 Oct 2023 07:40:57 +0000 https://republika.mk/?p=694061

Европратеникот Стелиос Кулоглу ја напушти еврогрупата на СИРИЗА и преку отворено писмо до партискиот лидер, обвинува за недостиг на сериозност во грчката опозициска партија, јави дописничката на МИА од Атина.

Кулоглу ги објаснува причините за неговата одлука, пишува дека „недостигот на сериозна опозиција е една од главните причини за стагнацијата на СИРИЗА, како што беше изразено и на локалните избори“, но и дека во партијата е создадена токсична клима.

– Климата е неподнослива и бидејќи не можам да поддржам политики со кои не се согласувам, најавувам повлекување од еврогрупата на СИРИЗА. Се разбира дека останувам во политичката група на Левицата (Left) и дека ќе соработувам со европратениците на СИРИЗА за секое прашање што се однесува на мирот, демократијата и социјалната правда во Грција и Европа, пишува Кулоглу во писмото до лидерот на партијата Стефанос Каселакис.

Извори од СИРИЗА за грчките медиуми коментирале дека од европратеникот било побарано да го предаде на партијата пратеничкото место во Европскиот Парламент.

 

The post Европратеник од СИРИЗА ја напушти еврогрупата на грчката партија appeared first on Република.

]]>

Европратеникот Стелиос Кулоглу ја напушти еврогрупата на СИРИЗА и преку отворено писмо до партискиот лидер, обвинува за недостиг на сериозност во грчката опозициска партија, јави дописничката на МИА од Атина. Кулоглу ги објаснува причините за неговата одлука, пишува дека „недостигот на сериозна опозиција е една од главните причини за стагнацијата на СИРИЗА, како што беше изразено и на локалните избори“, но и дека во партијата е создадена токсична клима. – Климата е неподнослива и бидејќи не можам да поддржам политики со кои не се согласувам, најавувам повлекување од еврогрупата на СИРИЗА. Се разбира дека останувам во политичката група на Левицата (Left) и дека ќе соработувам со европратениците на СИРИЗА за секое прашање што се однесува на мирот, демократијата и социјалната правда во Грција и Европа, пишува Кулоглу во писмото до лидерот на партијата Стефанос Каселакис. Извори од СИРИЗА за грчките медиуми коментирале дека од европратеникот било побарано да го предаде на партијата пратеничкото место во Европскиот Парламент.  

The post Европратеник од СИРИЗА ја напушти еврогрупата на грчката партија appeared first on Република.

]]>
Поради вмешаност во корупцискиот скандал „Катаргејт“ европратеникот Андреа Коцолино екстрадиран во Белгија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poradi-vmeshanost-vo-koruptsiskiot-skandal-katargejt-evropratenikot-andrea-kotsolino-ekstradiran-vo-belgija/ Thu, 22 Jun 2023 06:59:23 +0000 https://republika.mk/?p=653871

Пратеникот во Европскиот парламент, Андреа Коцолино е екстрадиран во Белгија и официјално е обвинет, соопшти денеска Белгиското обвинителство. Тој е под истрага во рамки на корупцискиот скандал наречен „Катаргејт“.

Коцолино, како што јавуваат светските агенции, бил обвинет за корупција, организиран криминал и перење пари, а потоа бил ослободен под „одредени услови“ во очекување на понатамошна истрага.

Тој е член на италијанската левичарска Демократска партија и по обвинувањата ја негираше вината, а минатиот месец Италија се согласи да го екстрадира во Белгија.

Според светските агенции, овој скандал, најголемиот што ја потресе политиката на Европската унија во последните неколку децении, се заснова на сомнежи дека Катар и Мароко поткупувале политичари, парламентарни асистенти и невладини организации за да го шират своето влијание врз донесувањето на одлуките во Парламентот на ЕУ.

The post Поради вмешаност во корупцискиот скандал „Катаргејт“ европратеникот Андреа Коцолино екстрадиран во Белгија appeared first on Република.

]]>

Пратеникот во Европскиот парламент, Андреа Коцолино е екстрадиран во Белгија и официјално е обвинет, соопшти денеска Белгиското обвинителство. Тој е под истрага во рамки на корупцискиот скандал наречен „Катаргејт“. Коцолино, како што јавуваат светските агенции, бил обвинет за корупција, организиран криминал и перење пари, а потоа бил ослободен под „одредени услови“ во очекување на понатамошна истрага. Тој е член на италијанската левичарска Демократска партија и по обвинувањата ја негираше вината, а минатиот месец Италија се согласи да го екстрадира во Белгија. Според светските агенции, овој скандал, најголемиот што ја потресе политиката на Европската унија во последните неколку децении, се заснова на сомнежи дека Катар и Мароко поткупувале политичари, парламентарни асистенти и невладини организации за да го шират своето влијание врз донесувањето на одлуките во Парламентот на ЕУ.

The post Поради вмешаност во корупцискиот скандал „Катаргејт“ европратеникот Андреа Коцолино екстрадиран во Белгија appeared first on Република.

]]>