европрајд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evroprajd/ За подобро да се разбереме Sat, 17 Sep 2022 14:42:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png европрајд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evroprajd/ 32 32 ЕПОА: Меѓународниот притисок овозможи одржување на „Европрајд“ маршот во Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/epoa-megjunarodniot-pritisok-ovozmozi-odrzuvanje-na-evroprajd-marshot-vo-belgrad/ Sat, 17 Sep 2022 14:42:19 +0000 https://republika.mk/?p=551760

Европската асоцијација на гордоста (European Pride Organisers Association – EPOA) денеска соопшти дека по неколкунеделен интензивен меѓународен притисок, одлучено е „Европрајд 2022“ да се одржи во Србија.

Претседателката на ЕПОА, Кристин Гарина ја поздрави изјавата на премиерката Ана Брнабиќ за одржувањето на маршот во Белград.

Десетици дипломати, членови на Европскиот парламент, европски и меѓународни лидери ќе им се придружат на активистите на маршот кон Парламентот, соопшти ЕПОА.

Брнабиќ на денешниот прием по повод одржаната недела на „Европрајд“ во Србија на насобраните странски претставници кои пристигнаа во Белград, како и на организаторите на Европрајд во Србија им порача дека ќе бидат безбедни и им се заблагодари нив за доаѓање

The post ЕПОА: Меѓународниот притисок овозможи одржување на „Европрајд“ маршот во Белград appeared first on Република.

]]>

Европската асоцијација на гордоста (European Pride Organisers Association – EPOA) денеска соопшти дека по неколкунеделен интензивен меѓународен притисок, одлучено е „Европрајд 2022“ да се одржи во Србија. Претседателката на ЕПОА, Кристин Гарина ја поздрави изјавата на премиерката Ана Брнабиќ за одржувањето на маршот во Белград. Десетици дипломати, членови на Европскиот парламент, европски и меѓународни лидери ќе им се придружат на активистите на маршот кон Парламентот, соопшти ЕПОА. Брнабиќ на денешниот прием по повод одржаната недела на „Европрајд“ во Србија на насобраните странски претставници кои пристигнаа во Белград, како и на организаторите на Европрајд во Србија им порача дека ќе бидат безбедни и им се заблагодари нив за доаѓање

The post ЕПОА: Меѓународниот притисок овозможи одржување на „Европрајд“ маршот во Белград appeared first on Република.

]]>
Во Белград повторно одржани „Литии за спас на Србија“ со барање за забрана на Европрајд https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-belgrad-povtorno-odrzani-litii-za-spas-na-srbija-so-baranje-za-zabrana-na-evroprajd/ Sun, 11 Sep 2022 20:08:45 +0000 https://republika.mk/?p=549853

Повеќе илјади граѓани и свештеници се собраа вечерва на протестниот митинг „Литии за спас на Србија“, пред зградата на Патријаршијата на СПЦ во Белград, од каде започнаа протестна прошетка која заврши пред храмот Свети Сава, каде патријархот Порфириј одржа Сенародна молитва за светоста на бракот и фамилијата, јави дописникот на МИА од Белград.

На собирот беше истакнато дека целта на денешната поворка е да се спречи одржувањето на манифестацијата Европрајд, со порака дека ќе се соберат иститот ден доколку во рамките на манифестацијата Европарајд закажана за 17 септември се одржи прошетка и доколку МВР не го дозволи шетањето.

Тие побараа „забрана за промоција на хомосексуална и транссексуална идеологија кај малолетниците“, како и повлекување на веќе донесените закони и забрана за усвојување на сите други закони кои „удираат на христијанските и семејните вредности“.

Граѓаните, свештенството и монасите во поворката носеа икони, крстови, транспарети, но и слики од Путин, слики на Дража Михаиловиќ, свеќи, знамиња на Србија и големо знаме на Русија, а кон поворката се приклучија и организирани групи мотоциклисти „Ноќни волци“.

На присутните верници им се обрати патријархот Порфириј, кој рече дека „Бог утврдил што е природно, а што неприродно“. Во својот говор што следеше по молитвата, тој изрази противење на Европрајд, велејќи дека целта е „да го преобликува општеството и нашиот начин на живот без ние да го бараме тоа“.

-Затоа, за нас православните христијани, ЛГБТК+ идеологијата е неприфатлива. Но, ние зборуваме како христијани и затоа нагласуваме дека истовремено сме против сите видови насилство, дека сме против презир, омраза, прогон и жигосување на оние кои ги делат тие идеи, особено ако насилството се шири во името на црквите и името на Христос, рече срспкиот патријарх.

The post Во Белград повторно одржани „Литии за спас на Србија“ со барање за забрана на Европрајд appeared first on Република.

]]>

Повеќе илјади граѓани и свештеници се собраа вечерва на протестниот митинг „Литии за спас на Србија“, пред зградата на Патријаршијата на СПЦ во Белград, од каде започнаа протестна прошетка која заврши пред храмот Свети Сава, каде патријархот Порфириј одржа Сенародна молитва за светоста на бракот и фамилијата, јави дописникот на МИА од Белград. На собирот беше истакнато дека целта на денешната поворка е да се спречи одржувањето на манифестацијата Европрајд, со порака дека ќе се соберат иститот ден доколку во рамките на манифестацијата Европарајд закажана за 17 септември се одржи прошетка и доколку МВР не го дозволи шетањето. Тие побараа „забрана за промоција на хомосексуална и транссексуална идеологија кај малолетниците“, како и повлекување на веќе донесените закони и забрана за усвојување на сите други закони кои „удираат на христијанските и семејните вредности“. Граѓаните, свештенството и монасите во поворката носеа икони, крстови, транспарети, но и слики од Путин, слики на Дража Михаиловиќ, свеќи, знамиња на Србија и големо знаме на Русија, а кон поворката се приклучија и организирани групи мотоциклисти „Ноќни волци“. На присутните верници им се обрати патријархот Порфириј, кој рече дека „Бог утврдил што е природно, а што неприродно“. Во својот говор што следеше по молитвата, тој изрази противење на Европрајд, велејќи дека целта е „да го преобликува општеството и нашиот начин на живот без ние да го бараме тоа“.
-Затоа, за нас православните христијани, ЛГБТК+ идеологијата е неприфатлива. Но, ние зборуваме како христијани и затоа нагласуваме дека истовремено сме против сите видови насилство, дека сме против презир, омраза, прогон и жигосување на оние кои ги делат тие идеи, особено ако насилството се шири во името на црквите и името на Христос, рече срспкиот патријарх.

The post Во Белград повторно одржани „Литии за спас на Србија“ со барање за забрана на Европрајд appeared first on Република.

]]>
Блинкен со порака до Вучиќ: Србија да биде домаќин на Европрајд https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/blinken-so-poraka-do-vuchikj-srbija-da-ja-ispochituva-odlukata-da-bide-domakjin-na-evroprajd/ Wed, 31 Aug 2022 09:05:43 +0000 https://republika.mk/?p=545978

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен ја повика Србија да дозволи одржување на Европрајд.

Блинкен на Твитер порача дека „слободата на мирен собир и изразување е суштинска компонента на здрава демократија“.

Ја повикуваме Србија да остане доследна на одлуката да биде домаќин на Европрајд 2022 година. ЛГБТКИ+ правата се човекови права - истакна Блинкен.

https://twitter.com/SecBlinken/status/1564762803063255041?cxt=HHwWgsCjpdPek7crAAAA

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Европрајд треба да биде одложен или откажан, додека Владата на Србија соопшти оти во овој момент не постојат услови за безбедно одржување.

https://republika.mk/vesti/balkan/vuchikj-i-bajden-da-mi-se-javi-parada-na-gordosta-nema-da-ima/

Европрајд требаше да се одржи од 12 до 18 септември во Белград.

The post Блинкен со порака до Вучиќ: Србија да биде домаќин на Европрајд appeared first on Република.

]]>

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен ја повика Србија да дозволи одржување на Европрајд. Блинкен на Твитер порача дека „слободата на мирен собир и изразување е суштинска компонента на здрава демократија“.
Ја повикуваме Србија да остане доследна на одлуката да биде домаќин на Европрајд 2022 година. ЛГБТКИ+ правата се човекови права - истакна Блинкен.
https://twitter.com/SecBlinken/status/1564762803063255041?cxt=HHwWgsCjpdPek7crAAAA Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Европрајд треба да биде одложен или откажан, додека Владата на Србија соопшти оти во овој момент не постојат услови за безбедно одржување. https://republika.mk/vesti/balkan/vuchikj-i-bajden-da-mi-se-javi-parada-na-gordosta-nema-da-ima/ Европрајд требаше да се одржи од 12 до 18 септември во Белград.

The post Блинкен со порака до Вучиќ: Србија да биде домаќин на Европрајд appeared first on Република.

]]>
Литија за спас на Србија: Свештеници од СПЦ водеа поворка од илјадници противници на Европрајд https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/litija-za-spas-na-srbija-sveshtenici-od-spc-vodea-povorka-od-iljadnici-protivnici-na-evroprajd/ Mon, 29 Aug 2022 06:53:26 +0000 https://republika.mk/?p=545089

Илјадници противници на Европрајд, што требаше да се одржи во Белград во септември, протестираа синоќа и покрај изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека настанот ќе биде „откажан или одложен“.

Во Белград, парадата на гордоста требаше да се одржи на 17 септември, но Вучиќ во саботата изјави дека ќе биде „откажана или одложена“.

Неделниот протест, одржан за време на црковната празнична поворка, беше предводен од свештеници на Српската православна црква, од кои некои епископи велат дека парадата ги загрозува традиционалните семејни вредности и дека треба да биде забранета.

„Спасете ги нашите деца и семејство“, „Држете ги рацете подалеку од нашите деца“ гласеа транспарентите што ги носеа демонстрантите.

Вучиќ во саботата рече дека парадата ќе биде откажана или ќе се одржи подоцна од безбедносни причини. Според него, одржувањето на манифестацијата не е можно во моментите на „тешка криза на Косово и Метохија“ која, како што оцени, нема да заврши барем до 31 октомври.

Тоа ќе се случи, но во некои други и посреќни времиња, рече тој.

Претставникот на ОН во Србија ја критикуваше забраната на Белград за Европрајд.

Тоа е против меѓународните обврски на Србија за човековите права, рече Франсоа Џејкоб, координатор на ОН во Србија.

The post Литија за спас на Србија: Свештеници од СПЦ водеа поворка од илјадници противници на Европрајд appeared first on Република.

]]>

Илјадници противници на Европрајд, што требаше да се одржи во Белград во септември, протестираа синоќа и покрај изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека настанот ќе биде „откажан или одложен“. Во Белград, парадата на гордоста требаше да се одржи на 17 септември, но Вучиќ во саботата изјави дека ќе биде „откажана или одложена“. Неделниот протест, одржан за време на црковната празнична поворка, беше предводен од свештеници на Српската православна црква, од кои некои епископи велат дека парадата ги загрозува традиционалните семејни вредности и дека треба да биде забранета. „Спасете ги нашите деца и семејство“, „Држете ги рацете подалеку од нашите деца“ гласеа транспарентите што ги носеа демонстрантите. Вучиќ во саботата рече дека парадата ќе биде откажана или ќе се одржи подоцна од безбедносни причини. Според него, одржувањето на манифестацијата не е можно во моментите на „тешка криза на Косово и Метохија“ која, како што оцени, нема да заврши барем до 31 октомври.
Тоа ќе се случи, но во некои други и посреќни времиња, рече тој.
Претставникот на ОН во Србија ја критикуваше забраната на Белград за Европрајд.
Тоа е против меѓународните обврски на Србија за човековите права, рече Франсоа Џејкоб, координатор на ОН во Србија.

The post Литија за спас на Србија: Свештеници од СПЦ водеа поворка од илјадници противници на Европрајд appeared first on Република.

]]>
Брнабиќ децидна: Ако не го зачуваме мирот, „Прајд“ нема да има https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/brnabikj-decidna-ako-ne-go-zachuvame-mirot-prajd-nema-da-ima/ Sun, 28 Aug 2022 13:04:14 +0000 https://republika.mk/?p=544945

Ана Брнабиќ, мандаторката за состав на новата Влада на Србија, изјави дека во моментов нема услови за безбедно одржување на Европрајд во Белград, бидејќи од 1 септември „нè чека пекол“ и сите капацитети треба да се насочат кон спречување на какви било насилства на Косово.

Брнабиќ гостувајќи на ТВ Прва потсети дека Српската напредна странка и претседателот Александар Вучиќ веќе осум години се грижат за организирање на„Прајд“ во Србија, што, како што рече, за разлика од сите други кои претходно биле на власт, покажало до кој степен се почитуваат човековите права.

„Оваа година е навистина тешка и овој септември е особено тежок и специфичен. На 1 септември за нас започнува пеколен период во однос на тоа што ќе се случува на територијата на Косово и Метохија, како ќе реагираат Албанците во Приштина и какви понатамошни еднострани потези ќе преземат. Како и да го свртите, од кој агол и да го погледнете, првото неспорно е да се обезбеди мир и стабилност“, рече Брнабиќ.

Мандаторката рече и дека и покрај тоа што е постигнат компромис со Приштина во однос на личните документи, „сè уште немаме ништо“ за регистарските таблички.

Затоа, како што нагласи таа, сите наши капацитети треба да бидат насочени кон спречување на какво било насилство на Косово и колку и да одат тие капацитети за „Еуропрајд“, додаде Брнабиќ, Србија ќе биде поранлива, а мирот ќе биде позагрозен.

„Во моментов има толкав товар на грбот на Србија што едноставно е невозможно сето тоа да се поднесе“, рече Брнабиќ и ги обвини левите и зелените партии во опозицијата што денеска го критикуваат откажувањето на „Прајдот“, додека до вчера сакаа да влезат во коалиција со Двери и Заветник „само заради малку власт“.

Таа најави и дека во наредните денови „отворено и искрено“ ќе разговара со организаторите на „Европрајд“ и дека смета на тоа дека „некој ќе има доволно одговорност да го зачуваме мирот заедно“.

„Ајде некогаш да прославиме некои големи и важни работи. Секој што го слушаше Александар Вучиќ вчера на прес-конференцијата може да биде навистина горд на она што претседателот со таков авторитет му го кажа на целиот свој народ. Мислам дека тоа е револуционерно, огромен чекор напред“, рече Брнабиќ, осврнувајќи се на неговата изјава дека учесниците на Прајд „се наши браќа, наши сестри, наши родители, а вие само се правите дека не го гледате тоа“.

„И дека некој од организацијата не вели „благодарам, ова е важна работа за нашата земја“, туку секогаш да најдеме друг конфликт“, рече Брнабиќ, уште еднаш рече дека „ако не го зачуваме мирот, Прајд нема да има“.

The post Брнабиќ децидна: Ако не го зачуваме мирот, „Прајд“ нема да има appeared first on Република.

]]>

Ана Брнабиќ, мандаторката за состав на новата Влада на Србија, изјави дека во моментов нема услови за безбедно одржување на Европрајд во Белград, бидејќи од 1 септември „нè чека пекол“ и сите капацитети треба да се насочат кон спречување на какви било насилства на Косово. Брнабиќ гостувајќи на ТВ Прва потсети дека Српската напредна странка и претседателот Александар Вучиќ веќе осум години се грижат за организирање на„Прајд“ во Србија, што, како што рече, за разлика од сите други кои претходно биле на власт, покажало до кој степен се почитуваат човековите права. „Оваа година е навистина тешка и овој септември е особено тежок и специфичен. На 1 септември за нас започнува пеколен период во однос на тоа што ќе се случува на територијата на Косово и Метохија, како ќе реагираат Албанците во Приштина и какви понатамошни еднострани потези ќе преземат. Како и да го свртите, од кој агол и да го погледнете, првото неспорно е да се обезбеди мир и стабилност“, рече Брнабиќ. Мандаторката рече и дека и покрај тоа што е постигнат компромис со Приштина во однос на личните документи, „сè уште немаме ништо“ за регистарските таблички. Затоа, како што нагласи таа, сите наши капацитети треба да бидат насочени кон спречување на какво било насилство на Косово и колку и да одат тие капацитети за „Еуропрајд“, додаде Брнабиќ, Србија ќе биде поранлива, а мирот ќе биде позагрозен. „Во моментов има толкав товар на грбот на Србија што едноставно е невозможно сето тоа да се поднесе“, рече Брнабиќ и ги обвини левите и зелените партии во опозицијата што денеска го критикуваат откажувањето на „Прајдот“, додека до вчера сакаа да влезат во коалиција со Двери и Заветник „само заради малку власт“. Таа најави и дека во наредните денови „отворено и искрено“ ќе разговара со организаторите на „Европрајд“ и дека смета на тоа дека „некој ќе има доволно одговорност да го зачуваме мирот заедно“. „Ајде некогаш да прославиме некои големи и важни работи. Секој што го слушаше Александар Вучиќ вчера на прес-конференцијата може да биде навистина горд на она што претседателот со таков авторитет му го кажа на целиот свој народ. Мислам дека тоа е револуционерно, огромен чекор напред“, рече Брнабиќ, осврнувајќи се на неговата изјава дека учесниците на Прајд „се наши браќа, наши сестри, наши родители, а вие само се правите дека не го гледате тоа“. „И дека некој од организацијата не вели „благодарам, ова е важна работа за нашата земја“, туку секогаш да најдеме друг конфликт“, рече Брнабиќ, уште еднаш рече дека „ако не го зачуваме мирот, Прајд нема да има“.

The post Брнабиќ децидна: Ако не го зачуваме мирот, „Прајд“ нема да има appeared first on Република.

]]>
Вучиќ: Во моменти на тешка криза на Косово, не е можно одржувањето на „Европрајд“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchikj-vo-momenti-na-teshka-kriza-na-kosovo-ne-e-mozno-odrzuvanjeto-na-evroprajd/ Sat, 27 Aug 2022 14:43:49 +0000 https://republika.mk/?p=544723

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека ЛГБТ манифестацијата „Европрајд“, која беше најавена за септември во Белград, ќе биде откажана „или одложена“.

Во своето обраќање до граѓаните, Вучиќ порача дека одржувањето на манифестацијата не е можно во моментите на „тешка криза на Косово и Метохија“ која, како што оцени, нема да заврши барем до 31 октомври.

Не го велам тоа затоа што сум многу среќен затоа што нема парада, ги загрозуваме правата на малцинството, но државата е под притисок од сите можни проблеми, мора да се справиме со храна и суша, со енергетските проблеми. Едноставно, во одреден момент не може се да се постигне - порача Вучиќ.

The post Вучиќ: Во моменти на тешка криза на Косово, не е можно одржувањето на „Европрајд“ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека ЛГБТ манифестацијата „Европрајд“, која беше најавена за септември во Белград, ќе биде откажана „или одложена“. Во своето обраќање до граѓаните, Вучиќ порача дека одржувањето на манифестацијата не е можно во моментите на „тешка криза на Косово и Метохија“ која, како што оцени, нема да заврши барем до 31 октомври.
Не го велам тоа затоа што сум многу среќен затоа што нема парада, ги загрозуваме правата на малцинството, но државата е под притисок од сите можни проблеми, мора да се справиме со храна и суша, со енергетските проблеми. Едноставно, во одреден момент не може се да се постигне - порача Вучиќ.

The post Вучиќ: Во моменти на тешка криза на Косово, не е можно одржувањето на „Европрајд“ appeared first on Република.

]]>