европејци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evropejci/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Nov 2024 14:10:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png европејци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evropejci/ 32 32 Над 17 отсто од вработените Европејци работат со скратено работно време https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nad-17-otsto-od-vrabotenite-evropejtsi-rabotat-so-skrateno-rabotno-vreme/ Mon, 11 Nov 2024 14:10:05 +0000 https://republika.mk/?p=836384

Вкупно 17,1 проценти од вработените во ЕУ на возраст од 20 до 64 години лани биле ангажирани со скратено работно време, што претставува мал пораст во однос на претходната година кога ваков статус имале 16,9 отсто од европските работници.

Според податоците на Европската статистичка агенција – Евростат, во претходната деценија уделот на ангажираните лица со скратено работно време бележеше постојано намалување од 19,1 во 2014 и 2015 година до 16,9 проценти во 2022 година, за лани првпат да има пораст на оваа стапка.

Гледано по полови, во 2023 година уделот на ангажираните со скратено работно време кај вработените мажите изнесувал осум отсто, а кај жените 27,9 проценти. Додека кај мажите во целиот период изминатава деценија таа стапка се движела околу осум отсто, кај жените бележи намалување од 31,8 во 2014 на 27,9 проценти лани.

Меѓу вработените кои имале деца, со скратено работно време биле ангажирани 31,8 проценти од жените и само пет отсто од мажите. Кај вработените без деца, пак, стапката на жени вработени со скратено работно време била 20 проценти, а на мажи 7,3 отсто.

Податоците покажуваат дека уделот на вработени жени со деца ангажирани со скратено работно време е поголем од оној на жените без деца во сите земји на ЕУ, освен во Данска, Финска, Летонија, Грција и Романија.

Романија е и единствената земја од ЕУ каде што уделот на мажи со и без деца кои работат со скратено работно време е поголем од уделот на жени ангажирани на овој начин – 2,9 отсто мажи со деца и 3,5 отсто без деца, наспроти 2,4 проценти од жените со и 2,7 отсто од жените без деца.

The post Над 17 отсто од вработените Европејци работат со скратено работно време appeared first on Република.

]]>

Вкупно 17,1 проценти од вработените во ЕУ на возраст од 20 до 64 години лани биле ангажирани со скратено работно време, што претставува мал пораст во однос на претходната година кога ваков статус имале 16,9 отсто од европските работници. Според податоците на Европската статистичка агенција – Евростат, во претходната деценија уделот на ангажираните лица со скратено работно време бележеше постојано намалување од 19,1 во 2014 и 2015 година до 16,9 проценти во 2022 година, за лани првпат да има пораст на оваа стапка. Гледано по полови, во 2023 година уделот на ангажираните со скратено работно време кај вработените мажите изнесувал осум отсто, а кај жените 27,9 проценти. Додека кај мажите во целиот период изминатава деценија таа стапка се движела околу осум отсто, кај жените бележи намалување од 31,8 во 2014 на 27,9 проценти лани. Меѓу вработените кои имале деца, со скратено работно време биле ангажирани 31,8 проценти од жените и само пет отсто од мажите. Кај вработените без деца, пак, стапката на жени вработени со скратено работно време била 20 проценти, а на мажи 7,3 отсто. Податоците покажуваат дека уделот на вработени жени со деца ангажирани со скратено работно време е поголем од оној на жените без деца во сите земји на ЕУ, освен во Данска, Финска, Летонија, Грција и Романија. Романија е и единствената земја од ЕУ каде што уделот на мажи со и без деца кои работат со скратено работно време е поголем од уделот на жени ангажирани на овој начин – 2,9 отсто мажи со деца и 3,5 отсто без деца, наспроти 2,4 проценти од жените со и 2,7 отсто од жените без деца.

The post Над 17 отсто од вработените Европејци работат со скратено работно време appeared first on Република.

]]>
Европејците најмногу стравуваат од ризици поврзани со климатските промени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/evropejtsite-najmnogu-stravuvaat-od-rizitsi-povrzani-so-klimatskite-promeni/ Mon, 30 Sep 2024 12:11:08 +0000 https://republika.mk/?p=821059

Граѓаните на ЕУ сметаат дека најмногу се изложени на ризици поврзани со влијанието на климатските промени, но и од безбедносните и социјалните предизвици, па затоа мнозинството од нив сметаат дека им се потребни повеќе информации за да бидат подготви за реакција во случај на елементарни непогоди и вонредни ситуации, покажуваат резултатите од истражувањето на Евробарометар објавени денеска.

Како што соопшти Европската комисија, во истражувањето спроведено во сите 27 земји членки на ЕУ, граѓаните биле прашани за мислење за нивната изложеност на ризици од непогоди, нивното ниво на знаење за реакција на нив, како и за изворите што ги користат за да дознаат за ризиците од непогоди.

Во дури 17 членки на ЕУ, граѓаните изјавиле дека најмногу стравуваат од ризици предизвикани од екстремните временски услови, како што се невремиња, суши или топлотни бранови.

За разлика од нив, најголем процент од жителите на Португалија, Кипар и Бугарија стравуваат од шумски пожари, а Швеѓаните, Данците и Чесите од кибер закани. Германците најмногу стравуваат од политички или геополитички тензии, Естонците од нанесување штети на критичната инфраструктура, а Финците од вонредни здравствени состојби.

Речиси две третини од испитаниците во анкетата изјавиле дека им се потребни повеќе информации за да бидат подготвени за реагирање при елементарни непогоди и вонредни ситуации, а над една третина дека имаат потешкотии во пронаоѓањето релевантни информации за овие прашања, објавени од властите и соодветните служби.

Речиси 40 отсто од испитаниците оцениле дека немаат доволно време или финансиски средства за да се подготват за евентуални непогоди или вонредни ситуации, но истовремено сметаат дека подобрата подготовка за реакција во вакви случаи ќе ја зголеми нивната индивидуална отпорност.

Мнозинството граѓани на ЕУ рекле дека веруваат оти службите за вонредни состојби се подготвени за адекватно справување со непогоди, како и за обезбедување информации и издавање предупредувања.

Но, од друга страна, анкетираните изјавиле дека при вонредни состојби повеќе се потпираат на членовите на семејството и пријателите, отколку на службите за итни случаи, невладините организации или локалните власти или државни агенции.

Речиси две третини од граѓаните на ЕУ рекле дека никогаш не учествувале во доброволна акција за поддршка на организациите за реакции при итни случаи или во иницијативи за зголемување на отпорноста при непогоди, додека само седум отсто од нив моментно се ангажирани во вакви активности.

Според еврокомесарот за справување со кризи Јанез Ленарчич, клучна компонента на отпорноста при катастрофи е населението да биде свесно за ризиците и подготвено за реакција.

– Треба да ги имаме предвид различните опасности, да бидеме соодветно подготвени и да изградиме отпорност во нашето општество. Ова ќе им помогне на луѓето да бидат подобро подготвени за ризиците со кои може да се соочат. Тоа ќе придонесе и за зајакнување на личната подготвеност, а луѓето ќе можат да продолжат да сметаат и на службите за итни случаи, додаде Ленарчич.

Тој нагласи дека ова истражување на Евробарометар дава вредни информации за нивото на свесност на Европејците за ризикот од непогоди и ќе придонесе за подобра подготвеност на европските општества за реакции во вонредни случаи.

ЕУ има на располагање неколку алатки за справување со вонредни состојби. На прво место е Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, во кој покрај 27-те членките на Унијата се вклучени и пет земји од Западниот Балкан (Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора), како и Исланд, Молдавија, Норвешка, Турција и Украина. Целта на овој Механизам е подобрување на превенцијата, подготвеноста и способноста за одговор на вонредни состојби.

Кога некој вонреден настан ќе ги надмине можностите за одговор на една земја, таа може да побара помош преку овој Механизам. Од неговото основање во 2001 година, Механизмот за цивилна заштита на ЕУ досега е активиран за над 600 итни случаи.

Во февруари минатата година, Европската комисија усвои препораки за воспоставување заеднички цели за зајакнување на отпорноста при вонредни состојби до 2030 година, кои меѓу другото вклучуваат и значително зголемување на свесноста и подготвеноста на граѓаните за ризиците од непогоди и зајакнување на капацитетите на земјите вклучени во Механизмот за цивилна заштита за предвидување на големи елементарни непогоди и вонредни состојби и посоодветно справување со последиците од нив.

The post Европејците најмногу стравуваат од ризици поврзани со климатските промени appeared first on Република.

]]>

Граѓаните на ЕУ сметаат дека најмногу се изложени на ризици поврзани со влијанието на климатските промени, но и од безбедносните и социјалните предизвици, па затоа мнозинството од нив сметаат дека им се потребни повеќе информации за да бидат подготви за реакција во случај на елементарни непогоди и вонредни ситуации, покажуваат резултатите од истражувањето на Евробарометар објавени денеска. Како што соопшти Европската комисија, во истражувањето спроведено во сите 27 земји членки на ЕУ, граѓаните биле прашани за мислење за нивната изложеност на ризици од непогоди, нивното ниво на знаење за реакција на нив, како и за изворите што ги користат за да дознаат за ризиците од непогоди. Во дури 17 членки на ЕУ, граѓаните изјавиле дека најмногу стравуваат од ризици предизвикани од екстремните временски услови, како што се невремиња, суши или топлотни бранови. За разлика од нив, најголем процент од жителите на Португалија, Кипар и Бугарија стравуваат од шумски пожари, а Швеѓаните, Данците и Чесите од кибер закани. Германците најмногу стравуваат од политички или геополитички тензии, Естонците од нанесување штети на критичната инфраструктура, а Финците од вонредни здравствени состојби. Речиси две третини од испитаниците во анкетата изјавиле дека им се потребни повеќе информации за да бидат подготвени за реагирање при елементарни непогоди и вонредни ситуации, а над една третина дека имаат потешкотии во пронаоѓањето релевантни информации за овие прашања, објавени од властите и соодветните служби. Речиси 40 отсто од испитаниците оцениле дека немаат доволно време или финансиски средства за да се подготват за евентуални непогоди или вонредни ситуации, но истовремено сметаат дека подобрата подготовка за реакција во вакви случаи ќе ја зголеми нивната индивидуална отпорност. Мнозинството граѓани на ЕУ рекле дека веруваат оти службите за вонредни состојби се подготвени за адекватно справување со непогоди, како и за обезбедување информации и издавање предупредувања. Но, од друга страна, анкетираните изјавиле дека при вонредни состојби повеќе се потпираат на членовите на семејството и пријателите, отколку на службите за итни случаи, невладините организации или локалните власти или државни агенции. Речиси две третини од граѓаните на ЕУ рекле дека никогаш не учествувале во доброволна акција за поддршка на организациите за реакции при итни случаи или во иницијативи за зголемување на отпорноста при непогоди, додека само седум отсто од нив моментно се ангажирани во вакви активности. Според еврокомесарот за справување со кризи Јанез Ленарчич, клучна компонента на отпорноста при катастрофи е населението да биде свесно за ризиците и подготвено за реакција. – Треба да ги имаме предвид различните опасности, да бидеме соодветно подготвени и да изградиме отпорност во нашето општество. Ова ќе им помогне на луѓето да бидат подобро подготвени за ризиците со кои може да се соочат. Тоа ќе придонесе и за зајакнување на личната подготвеност, а луѓето ќе можат да продолжат да сметаат и на службите за итни случаи, додаде Ленарчич. Тој нагласи дека ова истражување на Евробарометар дава вредни информации за нивото на свесност на Европејците за ризикот од непогоди и ќе придонесе за подобра подготвеност на европските општества за реакции во вонредни случаи. ЕУ има на располагање неколку алатки за справување со вонредни состојби. На прво место е Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, во кој покрај 27-те членките на Унијата се вклучени и пет земји од Западниот Балкан (Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора), како и Исланд, Молдавија, Норвешка, Турција и Украина. Целта на овој Механизам е подобрување на превенцијата, подготвеноста и способноста за одговор на вонредни состојби. Кога некој вонреден настан ќе ги надмине можностите за одговор на една земја, таа може да побара помош преку овој Механизам. Од неговото основање во 2001 година, Механизмот за цивилна заштита на ЕУ досега е активиран за над 600 итни случаи. Во февруари минатата година, Европската комисија усвои препораки за воспоставување заеднички цели за зајакнување на отпорноста при вонредни состојби до 2030 година, кои меѓу другото вклучуваат и значително зголемување на свесноста и подготвеноста на граѓаните за ризиците од непогоди и зајакнување на капацитетите на земјите вклучени во Механизмот за цивилна заштита за предвидување на големи елементарни непогоди и вонредни состојби и посоодветно справување со последиците од нив.

The post Европејците најмногу стравуваат од ризици поврзани со климатските промени appeared first on Република.

]]>
Европејците во просек работат по 37,5 часа неделно https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/evropejtsite-vo-prosek-rabotat-po-37-5-chasa-nedelno/ Wed, 20 Sep 2023 13:01:30 +0000 https://republika.mk/?p=683471

Вообичаената работна седмица за лицата на возраст од 20 до 64 години во земјите членки на ЕУ во 2022 година во просек изнесувала 37,5 часа, соопшти денеска Европската статистичка служба – Евростат.

Според овие податоци, како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, најдолги работни недели има во Грција и тоа од 41 час, по што следува Полска со 40,4 и Романија и Бугарија со по 40,2 часа.

Од друга страна, најкратко се работи во Холандија, каде просечната работна седмица изнесувала 33,2 часа, по што следуваат Германија со 35,3 и Данска со 35,4 часа.

Должината на просечната работна недела се пресметува според бројот на часови што вообичаено се одработуваат неделно на главното работно место, вклучувајќи ги и дополнителните часови, без разлика дали се платени или неплатени, но го исклучува времето на патување од дома до работното место и назад, паузите за оброк и часовите минати на обуки што не се поврзани со работата.

The post Европејците во просек работат по 37,5 часа неделно appeared first on Република.

]]>

Вообичаената работна седмица за лицата на возраст од 20 до 64 години во земјите членки на ЕУ во 2022 година во просек изнесувала 37,5 часа, соопшти денеска Европската статистичка служба – Евростат. Според овие податоци, како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, најдолги работни недели има во Грција и тоа од 41 час, по што следува Полска со 40,4 и Романија и Бугарија со по 40,2 часа. Од друга страна, најкратко се работи во Холандија, каде просечната работна седмица изнесувала 33,2 часа, по што следуваат Германија со 35,3 и Данска со 35,4 часа. Должината на просечната работна недела се пресметува според бројот на часови што вообичаено се одработуваат неделно на главното работно место, вклучувајќи ги и дополнителните часови, без разлика дали се платени или неплатени, но го исклучува времето на патување од дома до работното место и назад, паузите за оброк и часовите минати на обуки што не се поврзани со работата.

The post Европејците во просек работат по 37,5 часа неделно appeared first on Република.

]]>
Европејците се посиромашни: Французите пијат помалку вино, Шпанците штедат на маслиново масло… https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/evropejtsite-se-posiromashni-frantsuzite-pijat-pomalku-vino-shpantsite-shtedat-na-maslinovo-maslo/ Sat, 22 Jul 2023 15:51:16 +0000 https://republika.mk/?p=664264

Европејците со децении се побогати економски од генерација на генерација.Од година во година, жителите на Стариот континент стануваа се побогати и побогати, но на таа среќна приказна и дојде крајот, бидејќи во последната година Европејците станаа посиромашни.

Американскиот Wall Street Journal пишува дека куповната моќ практично во сите европски земји се намалува од месец во месец. Французите јадат помалку деликатеси како паштета од гускин џигер, а покрај тоа пијат помалку црвено вино, Шпанците штедат на маслиново масло, Финците ги палат своите сауни во ветровитите денови кога струјата е поевтина. Во Германија потрошувачката на месо и млеко падна на најниско ниво во последните три децении, а пазарот на органска храна, кој до неодамна беше во метеорски пораст, сега е во исто толку метеорски пад. Во Италија се свикуваат кризни состаноци поради цените на тестенините кои поскапеа двојно повеќе од инфлацијата. Во различни земји има стотици слични примери, а поради падот на потрошувачката, Европа на почетокот на годината падна во рецесија.

Сегашната состојба во која се наоѓа Европа не се случи преку ноќ. Нејзиното население старее, а освен тоа, Европејците претпочитаат се повеќе слободно време и пократка работна недела, што го забави економскиот раст и ја намали продуктивноста низ годините. Потоа следеше веќе познатата пандемија Ковид-19 и војната во Украина, што резултираше со прекин на глобалните синџири на снабдување и нагло зголемување на цените на енергијата и храната. Реакциите на владите ширум континентот само го влошија проблемот, бидејќи за да се спасат работните места, властодршците најмногу се определија за модел на субвенции што ги насочуваа кон работодавците, што ги остави граѓаните - потрошувачите - во незавидна положба кога цените во продавниците скокнаа. За разлика од Европејците, Американците имаа повеќекратни придобивки од евтината енергија и пакетите помош кои нивната влада ги насочуваше главно кон граѓаните наместо кон работодавците за да ги поттикне да трошат.

Европа инаку има моќна извозна индустрија, а во минатото жителите на Стариот континент можеа да се потпрат на неа. Сепак, Кина, која претставува клучен европски пазар, исто така е во економски проблеми, кои потоа се прелеваат во Европа. Високите трошоци за енергија и распространетата инфлација што не се забележани од 1970-тите, ја намалуваат конкурентноста на европските производители на меѓународните пазари и ги нарушуваат некогаш хармоничните работни односи на континентот. Со забавувањето на глобалната трговија, зависноста на Европа од извозот – кој сочинува околу 50% од БДП на еврозоната во споредба со 10% за Соединетите држави – станува слабост.

Според податоците на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), потрошувачката во 20-те земји-членки на еврозоната е намалена за околу 1 отсто од крајот на 2019 година. Од друга страна, во САД истиот период се зголеми за речиси 9%. Европската унија сега сочинува околу 18% од вкупната светска потрошувачка, а САД со околу 28%. Пред 15 години, ЕУ и САД сочинуваа по околу четвртина од вкупната светска потрошувачка.

Прилагодени на инфлацијата и куповната моќ, платите паднаа за приближно 3% од 2019 година во Германија, 3,5% во Италија и Шпанија и 6% во Грција. Од друга страна, реалните плати во САД се зголемија за околу 6% во истиот период. Според податоците на ММФ, економијата на еврозоната пораснала за околу 6% во последните 15 години, а на САД за дури 82%. Директна последица на ова е што просечната земја на ЕУ е посиромашна од сите држави во САД, освен Ајдахо и Мисисипи. Ако сегашниот тренд продолжи до 2035 година, разликата помеѓу економското производство по глава на жител во САД и ЕУ ќе биде исто толку голема како онаа меѓу Јапонија и Еквадор.

Со оглед на зголемените трошоци за задолжување и потребата европските влади да ги зголемат воените трошоци, економистите очекуваат зголемување на даноците, што врши дополнителен притисок врз потрошувачите. А даноците во Европа се веќе високи во споредба со другите богати земји со околу 40-45% од БДП, во споредба со 27% во САД. Американските работници добиваат речиси три четвртини од платата, додека француските и германските работници задржуваат само половина од она што го заработуваат.

The post Европејците се посиромашни: Французите пијат помалку вино, Шпанците штедат на маслиново масло… appeared first on Република.

]]>

Европејците со децении се побогати економски од генерација на генерација.Од година во година, жителите на Стариот континент стануваа се побогати и побогати, но на таа среќна приказна и дојде крајот, бидејќи во последната година Европејците станаа посиромашни. Американскиот Wall Street Journal пишува дека куповната моќ практично во сите европски земји се намалува од месец во месец. Французите јадат помалку деликатеси како паштета од гускин џигер, а покрај тоа пијат помалку црвено вино, Шпанците штедат на маслиново масло, Финците ги палат своите сауни во ветровитите денови кога струјата е поевтина. Во Германија потрошувачката на месо и млеко падна на најниско ниво во последните три децении, а пазарот на органска храна, кој до неодамна беше во метеорски пораст, сега е во исто толку метеорски пад. Во Италија се свикуваат кризни состаноци поради цените на тестенините кои поскапеа двојно повеќе од инфлацијата. Во различни земји има стотици слични примери, а поради падот на потрошувачката, Европа на почетокот на годината падна во рецесија. Сегашната состојба во која се наоѓа Европа не се случи преку ноќ. Нејзиното население старее, а освен тоа, Европејците претпочитаат се повеќе слободно време и пократка работна недела, што го забави економскиот раст и ја намали продуктивноста низ годините. Потоа следеше веќе познатата пандемија Ковид-19 и војната во Украина, што резултираше со прекин на глобалните синџири на снабдување и нагло зголемување на цените на енергијата и храната. Реакциите на владите ширум континентот само го влошија проблемот, бидејќи за да се спасат работните места, властодршците најмногу се определија за модел на субвенции што ги насочуваа кон работодавците, што ги остави граѓаните - потрошувачите - во незавидна положба кога цените во продавниците скокнаа. За разлика од Европејците, Американците имаа повеќекратни придобивки од евтината енергија и пакетите помош кои нивната влада ги насочуваше главно кон граѓаните наместо кон работодавците за да ги поттикне да трошат. Европа инаку има моќна извозна индустрија, а во минатото жителите на Стариот континент можеа да се потпрат на неа. Сепак, Кина, која претставува клучен европски пазар, исто така е во економски проблеми, кои потоа се прелеваат во Европа. Високите трошоци за енергија и распространетата инфлација што не се забележани од 1970-тите, ја намалуваат конкурентноста на европските производители на меѓународните пазари и ги нарушуваат некогаш хармоничните работни односи на континентот. Со забавувањето на глобалната трговија, зависноста на Европа од извозот – кој сочинува околу 50% од БДП на еврозоната во споредба со 10% за Соединетите држави – станува слабост. Според податоците на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), потрошувачката во 20-те земји-членки на еврозоната е намалена за околу 1 отсто од крајот на 2019 година. Од друга страна, во САД истиот период се зголеми за речиси 9%. Европската унија сега сочинува околу 18% од вкупната светска потрошувачка, а САД со околу 28%. Пред 15 години, ЕУ и САД сочинуваа по околу четвртина од вкупната светска потрошувачка. Прилагодени на инфлацијата и куповната моќ, платите паднаа за приближно 3% од 2019 година во Германија, 3,5% во Италија и Шпанија и 6% во Грција. Од друга страна, реалните плати во САД се зголемија за околу 6% во истиот период. Според податоците на ММФ, економијата на еврозоната пораснала за околу 6% во последните 15 години, а на САД за дури 82%. Директна последица на ова е што просечната земја на ЕУ е посиромашна од сите држави во САД, освен Ајдахо и Мисисипи. Ако сегашниот тренд продолжи до 2035 година, разликата помеѓу економското производство по глава на жител во САД и ЕУ ќе биде исто толку голема како онаа меѓу Јапонија и Еквадор. Со оглед на зголемените трошоци за задолжување и потребата европските влади да ги зголемат воените трошоци, економистите очекуваат зголемување на даноците, што врши дополнителен притисок врз потрошувачите. А даноците во Европа се веќе високи во споредба со другите богати земји со околу 40-45% од БДП, во споредба со 27% во САД. Американските работници добиваат речиси три четвртини од платата, додека француските и германските работници задржуваат само половина од она што го заработуваат.

The post Европејците се посиромашни: Французите пијат помалку вино, Шпанците штедат на маслиново масло… appeared first on Република.

]]>
СЗО: Околу 36 милиони Европејци страдаат од долготрајни последици на ковид https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/szo-okolu-36-milioni-evropejtsi-stradaat-od-dolgotrajni-posleditsi-na-kovid/ Tue, 27 Jun 2023 15:11:06 +0000 https://republika.mk/?p=655721

Скоро 36 милиони луѓе во европскиот регион, од почетокот на пандемијата на Ковид-19, според европскиот огранок на Светската здравствена организација, можеби развиле долгорочни здравствени последици откако биле заразени со коронавирус.

Во просек, тоа значи дека во последните три години приближно еден од триесет Европејци почувствувал или се уште има такви последици, изјави регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, на конференцијата што се одржа денеска во Копенхаген.

Клуге истакна дека треба да се направи многу повеќе за подобро да се разбере таканаречениот долг ковид. „Долгиот ковид останува сложена здравствена состојба за која сè уште знаеме многу малку“, рече Клуге, додавајќи дека без развој на сеопфатна дијагностика и форми на лекување, општеството никогаш нема вистински да закрепне од пандемијата.

СЗО во европскиот регион опфаќа вкупно 53 земји. Покрај членките на ЕУ, таа вклучува и земји источно од Европската унија, сè до Централна Азија.

Долг ковид е термин кој се користи за опишување на симптоми кои се развиваат и перзистираат по акутната фаза на болеста (која трае четири недели) или повторно се појавуваат по одредено време.

 

The post СЗО: Околу 36 милиони Европејци страдаат од долготрајни последици на ковид appeared first on Република.

]]>

Скоро 36 милиони луѓе во европскиот регион, од почетокот на пандемијата на Ковид-19, според европскиот огранок на Светската здравствена организација, можеби развиле долгорочни здравствени последици откако биле заразени со коронавирус. Во просек, тоа значи дека во последните три години приближно еден од триесет Европејци почувствувал или се уште има такви последици, изјави регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, на конференцијата што се одржа денеска во Копенхаген. Клуге истакна дека треба да се направи многу повеќе за подобро да се разбере таканаречениот долг ковид. „Долгиот ковид останува сложена здравствена состојба за која сè уште знаеме многу малку“, рече Клуге, додавајќи дека без развој на сеопфатна дијагностика и форми на лекување, општеството никогаш нема вистински да закрепне од пандемијата. СЗО во европскиот регион опфаќа вкупно 53 земји. Покрај членките на ЕУ, таа вклучува и земји источно од Европската унија, сè до Централна Азија. Долг ковид е термин кој се користи за опишување на симптоми кои се развиваат и перзистираат по акутната фаза на болеста (која трае четири недели) или повторно се појавуваат по одредено време.  

The post СЗО: Околу 36 милиони Европејци страдаат од долготрајни последици на ковид appeared first on Република.

]]>
Од долгиот ковид страдаат 17 милиони европејци https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/od-dolgiot-kovid-stradaat-17-milioni-evropejci/ Thu, 15 Sep 2022 08:18:36 +0000 https://republika.mk/?p=550929

Светската здравствена организација (СЗО) проценува дека најмалку 17 милиони европејци беа погодени од долгиот ковид во 2020 и 2021 година, и притоа таа повикува на подобра грижа за овие пациенти.

Тоа е повеќе од 16 отсто од вкупно 102,4 милиони заразени во 53 земји во првите две пандемии на коронавирусот, соопшти денеска СЗО.

Замор, кашлица, отежнато дишење, повремено покачена телесна температура, губење на вкус и мирис и депресија се само некои од симптомите на долгиот ковид, кои обично се појавуваат во првите три месеци по инфекцијата и траат најмалку два месеци.

-Два милиона лица во нашиот регион, во Европа и Централна Азија, страдаат од исцрпувачки симптоми со месеци по првичната инфекција со Ковид-19. Тие не смеат да продолжат да страдаат во тишина, изјави регионалниот директор на СЗО, Ханс Клуге.

Владите и партнерите во здравството мора да работат заедно за да најдат решенија“, нагласи тој, истакнувајќи „ја итната потреба од понапредни анализи, повеќе инвестиции, поголема поддршка и поголема солидарност со оние кои страдаат од оваа болест“.

СЗО соопшти дека долгиот ковид двојно повеќе ги погодува жените, а нејзините проценки се засноваат на пресметките на Институтот за здравствена метрика и евалуација (IHME).

Според IHME, чие седиште е во САД, во 2020 и 2021 година од долгиот ковид биле погодени речиси 145 милиони луѓе во светот.

The post Од долгиот ковид страдаат 17 милиони европејци appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација (СЗО) проценува дека најмалку 17 милиони европејци беа погодени од долгиот ковид во 2020 и 2021 година, и притоа таа повикува на подобра грижа за овие пациенти. Тоа е повеќе од 16 отсто од вкупно 102,4 милиони заразени во 53 земји во првите две пандемии на коронавирусот, соопшти денеска СЗО. Замор, кашлица, отежнато дишење, повремено покачена телесна температура, губење на вкус и мирис и депресија се само некои од симптомите на долгиот ковид, кои обично се појавуваат во првите три месеци по инфекцијата и траат најмалку два месеци. -Два милиона лица во нашиот регион, во Европа и Централна Азија, страдаат од исцрпувачки симптоми со месеци по првичната инфекција со Ковид-19. Тие не смеат да продолжат да страдаат во тишина, изјави регионалниот директор на СЗО, Ханс Клуге.
Владите и партнерите во здравството мора да работат заедно за да најдат решенија“, нагласи тој, истакнувајќи „ја итната потреба од понапредни анализи, повеќе инвестиции, поголема поддршка и поголема солидарност со оние кои страдаат од оваа болест“.
СЗО соопшти дека долгиот ковид двојно повеќе ги погодува жените, а нејзините проценки се засноваат на пресметките на Институтот за здравствена метрика и евалуација (IHME). Според IHME, чие седиште е во САД, во 2020 и 2021 година од долгиот ковид биле погодени речиси 145 милиони луѓе во светот.

The post Од долгиот ковид страдаат 17 милиони европејци appeared first on Република.

]]>