европарламентарци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evroparlamentarci/ За подобро да се разбереме Mon, 10 Jun 2024 06:42:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png европарламентарци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evroparlamentarci/ 32 32 Неа демократија победи на евроизборите, ама Мицотакис не е задоволен https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nea-demokratija-pobedi-na-evroizborite-ama-mitsotakis-ne-e-zadovolen/ Mon, 10 Jun 2024 06:42:02 +0000 https://republika.mk/?p=786028

Со 28,3 отсто од гласовите и седум места во Европскиот Парламент, владејачката Нова демократија победи на вчерашните евроизбори во Грција, меѓутоа актуелниот грчки премиер коментираше дека партијата не ја постигна поставената цел, со оглед на тоа што целта беше резултатот од претходните евроизбори, односно 33 отсто, јави дописничката на МИА од Атина.

Според конечните резултати од Министерството за внатрешни работи, надлежно за изборниот процес, СИРИЗА е на втората позиција со 14,92 отсто и четири пратенички места, а ПАСОК на третата со 12,79 проценти и тројца европратеници.

Грција гласаше за 21 европратеник, а вкупно осум партии успеаја да го поминат изборниот праг од три отсто, неопходни за да обезбедат место во Европскиот Парламент.

Согласно официјалните резултати: 

Нова демократија добива 28,31 отсто и седум европратеници

СИРИЗА 14,92 отсто и четворица

ПАСОК 12,79 отсто и тројца европратеници

Грчко решение од 9,30 отсто и двајца европратеници

Комунистичка партија 9,25 отсто и двајца европратеници

Победа 4,37 отсто и еден европратеник

Курс на слободата 3,40 отсто и еден европратеник

Глас на логиката 3,04 проценти и еден европратеник

Од осумте партии, три се радикално десничарски (Грчко решение, Победа и Глас на логиката) подесно ориентирани во однос на Нова демократија и добија нешто помалку од 17 отсто од гласовите.

Доколку се анализираат резултатите од ланските парламентарни избори и евроизборите пред пет години, Нова демократија и СИРИЗА денеска добија помала поддршка, додека пак радикално десничарската Грчко решение е четврта политичка сила во Грција.

На европските избори во 2019 година Нова демократија доби 33 отсто од гласовите и осум европратеници, СИРИЗА беше втора со 23,75 проценти и шест пратенички места, ПАСОК, Комунистичката партија и Златна зора имаа по двајца европратеници, а Грчко решение еден претставник во Европскиот Парламент.

На ланските парламентарни избори, Нова демократија освои 40,56 отсто, СИРИЗА доби 17,83 проценти, а ПАСОК 11,84 проценти.

За разлика од лани, кога картата на Грција со резултатите од парламентарните избори беше целосно сина, а Нова демократија беше убедлив победник во сите 13 периферии овој пат, загуби четири од нив, во североисточниот дел на земјата, во Ксанти и Родопи победи локалната Партија на пријателство, еднаквост и мир, што ги претставува интересите на муслиманите во Грција, додека пак во два од четири региони на Крит, победи ПАСОК.

Излезноста на избоите беше особено мала, гласаа 41,39 отсто од гласачите.

Грчкиот премиер и претседател на Нова демократија Киријакос Мицотакис за резултатот од европските избори, доцна синоќа рече дека не ја постигнале целта, иако убедливо победија и тоа „со процент, поголем од збирот на втората и третата партија“, но и дека пораката од граѓаните била „имаме доверба во вас, но потрудете се повеќе“.

-Нема да ја скријам вистината: нашата партија не ја постигна целта што ја поставивме. Ниту ме интересираат аргументи дека разликата од втората партија е најголема во историјата на европските избори. Од самиот почеток знаевме дека овие избори ќе бидат многу тешки. Граѓаните кои не поддржаа во 2023 година знаеја дека сега не се избира Влада и можеби поинаку се соочија со оваа битка. Предизборно, и покрај моите напори, недостигаше суштинско размислување за иднината на Европа и за позицијата на нашата земја во неа, рече Мицотакис.

Додаде дека на земјата ѝ претстојат три години без избори, истакнувајќи дека како што Грција во 2024 година е многу подобра споредбено со 2019 година, „така во 2027 година ќе биде многу подобра од денес“.

Лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис истакна дека по ланскиот пораз, сега партијата успеа, разликата со Нова демократија од 23 да ја намали на 13 отсто.

-Грчкиот народ јасно ми даде време да изградам алтернативен владин предлог. Знам и целосно ја сфаќам важноста на оваа одговорност и токму тоа ќе го направам, како што кажавме и предизборно. Продолжуваме, се модернизираме, ќе поставиме лулки на знаење и понуда и ќе го инспирираме светот. А ова движење, кое и покрај неповолните услови издржа, отсега може да оди само нагоре. И јас сум многу горд за сите вас, рече Каселакис.

Претседателот на ПАСОК, третата партија во Грција, Никос Андрулакис рече дека „неизлезноста и подемот на радикалната десница се двете силни пораки од изборите“, посочи дека Нова демократија претрпе тежок пораз, губејќи 14 отсто од националните избори и пет од европските.

- Ароганцијата, неотчетноста и корупцијата беа казнети. Наша должност е динамично да продолжиме со сериозната, кредибилна опозициска политика за конечно да го отвориме патот за прогресивна влада, рече Андрулакис.

The post Неа демократија победи на евроизборите, ама Мицотакис не е задоволен appeared first on Република.

]]>

Со 28,3 отсто од гласовите и седум места во Европскиот Парламент, владејачката Нова демократија победи на вчерашните евроизбори во Грција, меѓутоа актуелниот грчки премиер коментираше дека партијата не ја постигна поставената цел, со оглед на тоа што целта беше резултатот од претходните евроизбори, односно 33 отсто, јави дописничката на МИА од Атина. Според конечните резултати од Министерството за внатрешни работи, надлежно за изборниот процес, СИРИЗА е на втората позиција со 14,92 отсто и четири пратенички места, а ПАСОК на третата со 12,79 проценти и тројца европратеници. Грција гласаше за 21 европратеник, а вкупно осум партии успеаја да го поминат изборниот праг од три отсто, неопходни за да обезбедат место во Европскиот Парламент. Согласно официјалните резултати:  Нова демократија добива 28,31 отсто и седум европратеници СИРИЗА 14,92 отсто и четворица ПАСОК 12,79 отсто и тројца европратеници Грчко решение од 9,30 отсто и двајца европратеници Комунистичка партија 9,25 отсто и двајца европратеници Победа 4,37 отсто и еден европратеник Курс на слободата 3,40 отсто и еден европратеник Глас на логиката 3,04 проценти и еден европратеник Од осумте партии, три се радикално десничарски (Грчко решение, Победа и Глас на логиката) подесно ориентирани во однос на Нова демократија и добија нешто помалку од 17 отсто од гласовите. Доколку се анализираат резултатите од ланските парламентарни избори и евроизборите пред пет години, Нова демократија и СИРИЗА денеска добија помала поддршка, додека пак радикално десничарската Грчко решение е четврта политичка сила во Грција. На европските избори во 2019 година Нова демократија доби 33 отсто од гласовите и осум европратеници, СИРИЗА беше втора со 23,75 проценти и шест пратенички места, ПАСОК, Комунистичката партија и Златна зора имаа по двајца европратеници, а Грчко решение еден претставник во Европскиот Парламент. На ланските парламентарни избори, Нова демократија освои 40,56 отсто, СИРИЗА доби 17,83 проценти, а ПАСОК 11,84 проценти. За разлика од лани, кога картата на Грција со резултатите од парламентарните избори беше целосно сина, а Нова демократија беше убедлив победник во сите 13 периферии овој пат, загуби четири од нив, во североисточниот дел на земјата, во Ксанти и Родопи победи локалната Партија на пријателство, еднаквост и мир, што ги претставува интересите на муслиманите во Грција, додека пак во два од четири региони на Крит, победи ПАСОК. Излезноста на избоите беше особено мала, гласаа 41,39 отсто од гласачите. Грчкиот премиер и претседател на Нова демократија Киријакос Мицотакис за резултатот од европските избори, доцна синоќа рече дека не ја постигнале целта, иако убедливо победија и тоа „со процент, поголем од збирот на втората и третата партија“, но и дека пораката од граѓаните била „имаме доверба во вас, но потрудете се повеќе“. -Нема да ја скријам вистината: нашата партија не ја постигна целта што ја поставивме. Ниту ме интересираат аргументи дека разликата од втората партија е најголема во историјата на европските избори. Од самиот почеток знаевме дека овие избори ќе бидат многу тешки. Граѓаните кои не поддржаа во 2023 година знаеја дека сега не се избира Влада и можеби поинаку се соочија со оваа битка. Предизборно, и покрај моите напори, недостигаше суштинско размислување за иднината на Европа и за позицијата на нашата земја во неа, рече Мицотакис. Додаде дека на земјата ѝ претстојат три години без избори, истакнувајќи дека како што Грција во 2024 година е многу подобра споредбено со 2019 година, „така во 2027 година ќе биде многу подобра од денес“. Лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис истакна дека по ланскиот пораз, сега партијата успеа, разликата со Нова демократија од 23 да ја намали на 13 отсто. -Грчкиот народ јасно ми даде време да изградам алтернативен владин предлог. Знам и целосно ја сфаќам важноста на оваа одговорност и токму тоа ќе го направам, како што кажавме и предизборно. Продолжуваме, се модернизираме, ќе поставиме лулки на знаење и понуда и ќе го инспирираме светот. А ова движење, кое и покрај неповолните услови издржа, отсега може да оди само нагоре. И јас сум многу горд за сите вас, рече Каселакис. Претседателот на ПАСОК, третата партија во Грција, Никос Андрулакис рече дека „неизлезноста и подемот на радикалната десница се двете силни пораки од изборите“, посочи дека Нова демократија претрпе тежок пораз, губејќи 14 отсто од националните избори и пет од европските. - Ароганцијата, неотчетноста и корупцијата беа казнети. Наша должност е динамично да продолжиме со сериозната, кредибилна опозициска политика за конечно да го отвориме патот за прогресивна влада, рече Андрулакис.

The post Неа демократија победи на евроизборите, ама Мицотакис не е задоволен appeared first on Република.

]]>
Стразбур не ги прифати бугарските амандмани кои го негираат македонскиот јазик и идентитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/strazbur-ne-gi-prifati-bugarskite-amandmani-koi-go-negiraat-makedonskiot-jazik-i-identitet/ Fri, 07 Oct 2022 10:50:27 +0000 https://republika.mk/?p=558360

Амандманите на бугарските пратеници Александар Јорданов и Сергеј Станишев, кои побараа да се избрише од препораките на Мешовитиот парламентарен комитет на Македонија и ЕУ дека се почитува македонскиот културен идентитет и се гарантира признавањето на македонскиот јазик беа отфрлени од мнозинството европарламентарци во Стразбур.

На изјавата на бугарскиот европратеник Јорданов, во која тој посочи дека треба да се промени македонскиот Устав за да отпочнат преговорите со ЕУ, пратеничката Соња Мираковска му реплицираше со зборовите:

Вие на мене ниту на моите сограѓани никогаш не можете да им кажете дека зборуваат на погрешен јазик. Јас сум Македонка, зборувам на македонски јазик и живеам во Македонија која сега се нарекува Cеверна Македонија и тоа е мојот идентитет.

Таа додаде дека е потребно взаемно разбирање и почитување и дека не може Бугарија да им кажува на македонските граѓани дека тие зборуваат погрешен јазик. Мираковска го нагласи мултиетничкиот карактер на македонското општество кое е пример во Европа.

Ги признавам моите сограѓани Албанци, Турци, па и Бугари ако ги има. Македонија е пример за мултиетничко општество. Овде се нашите колеги кои тоа можат да го потврдат. Се појави еден голем проблем поради нашето долго чекање, а тоа е земањето бугарски пасоши: за да се купи џип на почетокот, за да се отиде во Европа - нагласи Мираковска.

Македонската пратеничка, притоа образложи како македонски државјани земале бугарски пасоши и како е тоа проблем на Бугарија што треба да си го истражи.

Поради нашето долго чекање за членство во ЕУ се појави проблем, а тоа е земањето бугарски пасоши. Прво беше тоа да се купи џип и да се оди во Европа. Вие имате бугарски пасоши на македонски граѓани регистрирани на една бандера во град во Бугарија. Тие пасоши се на нелегален начин дадени и тоа треба да се истражува, тоа е ваш проблем - рече Мираковска.

Таа повика дека кризата која што претстои е можност луѓето да се погледаат во очи и да си подадат рака.

Оваа криза ќе е тешка за нас како мала земја, но ние сме навикнати на тешки услови. Кризата ќе биде потешка за другите, кои се навикнати поубаво да живеат. Ние долго време тешко минуваме и нашите граѓани минуваат тежок пат. Кога сте така научени, полесно ги минувате кризите. Но да се освестиме и да бидеме луѓе меѓу себе, за да можеме да се движиме по патот - нагласи Мираковска.

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, по излагањето на бугарскиот европратеник, Ангел Џамбаски, кој зборуваше за односите помеѓу  Македонија и Бугарија, рече дека две вистини треба да се прифатат во двете земји, а тоа е дека „Втората светска војна е завршена пред повеќе од 70 години, а второ дека Студената војна заврши пред повеќе од 30 години.“

Бидејќи изгледа не сме ја извлекле лекцијата дека сите несреќи на Балканот во последните 30 години произлегоа од неприфаќањето на овие две вистини. Тоа е оптоварување од двете страни на границата. И битката не е ниту национална, ниту етничка меѓу  Македонија и Бугарија. Туку е битката меѓу оние сили коишто сакаат овие две држави да живеат во мир, пријателство и со заедничка европска иднина, како што сме денес сојузници во НАТО, и оние што сакаат да профитираат од вечно замрзнат или затоплен конфликт, зависно од потребата помеѓу нашите два народи, нашите две држави кои се соседни и многу блиски, и кои е природно да бидат блиски - реплицираше Маричиќ.

Тој притоа потсети дека добрососедските односи и продлабочувањето на регионалната соработка се високо на агендата на Владата, бидејќи тоа е од заеднички интерес и на Македонија и на Бугарија, додавајќи дека земјата останува посветена на добра волја за да се спроведуваат билатералните договори и дополнително да се зајакнуваат добрососедските односи, со што помалку емоции, а што повеќе факти и заеднички активности.

Важно е напорите да се од двете страни на границата. Само така ќе имаме стабилно пријателство. Се друго ќе биде разбрано како уцена, како притисок, и тоа може да раѓа фрустрација и такви изливи какви што видовме на стадионот во Скопје - посочи Маричиќ.

На обвинувањата од европратеникот Џамбаски за сепаратизам од страна на  Македонија, Маричиќ одговори дека ние сме држава членка на НАТО, докажан партнер и која нема на ниту ден начин посегнато по кој било сосед, туку напротив дека добрососедските односи ни се постојана тема.

Дури и нашите граѓани во еден дел сметаат дека единствена тема на европските интеграции се добрососедските односи и дека европските интеграции постојат за да им удоволиме нешто на сите соседи. Знаеме дека не е така, но таква е перцепцијата - рече Маричиќ во Европскиот Парламент, пред европратениците, и повика на соработка и на работа, од двете страни на границата и посочи дека од наша страна веќе има подадена рака.

The post Стразбур не ги прифати бугарските амандмани кои го негираат македонскиот јазик и идентитет appeared first on Република.

]]>

Амандманите на бугарските пратеници Александар Јорданов и Сергеј Станишев, кои побараа да се избрише од препораките на Мешовитиот парламентарен комитет на Македонија и ЕУ дека се почитува македонскиот културен идентитет и се гарантира признавањето на македонскиот јазик беа отфрлени од мнозинството европарламентарци во Стразбур. На изјавата на бугарскиот европратеник Јорданов, во која тој посочи дека треба да се промени македонскиот Устав за да отпочнат преговорите со ЕУ, пратеничката Соња Мираковска му реплицираше со зборовите: Вие на мене ниту на моите сограѓани никогаш не можете да им кажете дека зборуваат на погрешен јазик. Јас сум Македонка, зборувам на македонски јазик и живеам во Македонија која сега се нарекува Cеверна Македонија и тоа е мојот идентитет. Таа додаде дека е потребно взаемно разбирање и почитување и дека не може Бугарија да им кажува на македонските граѓани дека тие зборуваат погрешен јазик. Мираковска го нагласи мултиетничкиот карактер на македонското општество кое е пример во Европа.