Европарламент Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evroparlament/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Nov 2024 10:33:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Европарламент Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evroparlament/ 32 32 Изборот на новата ЕК на дневен ред на овонеделното заседание не Европарламентот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izborot-na-novata-ek-na-dneven-red-na-ovonedelnoto-zasedanie-ne-evroparlamentot/ Mon, 25 Nov 2024 10:33:40 +0000 https://republika.mk/?p=841544

Гласањата за одобрување на новиот состав на Европската комисија и на Предлог-буџетот на ЕУ за 2025 години, и двете предвидени за в среда, се главни теми на овонеделната пленарна сесија на Европскиот парламент во Стразбур.

Заседанието почнува доцна попладнево со дебата посветена на состојбата и новите трендови во борбата против насилството врз жените во рамките на ЕУ, но и на глобално ниво, во контекст на денешниот Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените.

По оваа, ќе следи и расправа за резултатите од неодамнешниот самит на лидерите на Г-20, на кој меѓу другото се разговараше за очекувањата од идната американска администрација, за израелската воена операција во Газа и за војната во Украина. Во продолжение ќе се дискутира и за исходот од Конференцијата на ОН за биолошкиот диверзитет (КОП16) што се одржа во колумбискиот град Кали и за обидите за легитимирање на „незаконското еднострано прогласување независност на кипарскиот сецесионистички ентитет“ и потребата за потврдување европска солидарност со Република Кипар.

Европратениците утре ќе дебатираат за договорот постигнат меѓу претставниците на Европскиот парламент и на земјите членки на ЕУ за буџетот на Унијата за 2025 година. На барање на ЕП во буџетската рамка на блокот за следната година се обезбедени повеќе средства за спроведување на клучните програми и политики на ЕУ насочени кон подобрување на животот на луѓето, зајакнување на конкурентноста и справување со предизвиците поврзани со климата, здравјето, миграцијата и одбраната.

Гласањето по Предлог-буџетот на пленарното заседание е предвидено за среда, по што доколку тој биде одобрен, претседателската на Европарламентот, Роберта Мецола веднаш ќе ја потпише одлуката за негово одобрување.

Покрај за буџетот, европратениците утре ќе расправаат за состојбата во Украина, како и за настаните на Блискиот Исток во контекст на хуманитарната криза во Газа и на Западниот Брег, значењето на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА) и за потребата за ослободување на сите задржани заложници.

Од дебатата за Украина треба да произлезе Предлог-резолуција во која се очекува европратениците да ја потврдат својата силна поддршка за земјата која се соочува со руската агресија, како и да алармираат за зајакнатата воена соработка меѓу Русија и Северна Кореја. Гласањето по Предлог-резолуцијата е предвидено за в четврток.

Утре, исто така, ќе се одржи и дебата меѓу европратениците и Европската комисија за безбедноста на критична инфраструктура, во контекст на неодамнешното пресекување на подводните кабли во Балтичкото Море, за кое се претпоставува дека е саботажа.

Во продолжение на утрешното заседанието ќе се расправа и за Есенската прогноза на ЕК за економските перспективи на ЕУ, ЕФТА и кандидатите за членство во Унијата за 2025 и 2026 година, за предизвици во спроведувањето на кохезивната политика на блокот, за укинување на контролите на внатрешните копнени граници на Бугарија и Романија со останатите земји од Шенген зоната, за условите во европските затвори, за проблемот со родовиот јаз во платите во Унијата, како и за состојбата во Мозамбик.

В среда европратениците ќе имаат расправа со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен околу составот и програмата за работа на новото извршно тело на ЕУ, по што ќе гласаат за негово одобрување во пакет. За да биде одобрена, новата Европска комисија треба да добие мнозинство од гласовите на европратениците што ќе учествуваат во гласањето.

Одобрувањето следи откако во периодот помеѓу 4 и 12 ноември, сите кандидати за членови на ЕК беа сослушувани од страна на ресорните комитети на Европарламентот околу нивната соодветноста и способност да ги извршуваат должностите поврзани со ресорите што им се доделени. Постапката на потврдување на еврокомесарите беше заокружена минатата недела, со што се трасираше патот за одобрување на Комисијата од страна на европратениците.

Исто така в среда, европратениците ќе имаат дебата со претставници на Европската комисија за заклучоците од Конференцијата на ОН за климатски промени (КОП29), што се одржа во азербејџанскиот главен град Баку од 11 до 22 ноември, а ќе расправаат и за предлозите за подобрување на заштитата на граѓаните на ЕУ од изложеност на пасивно пушење и аеросоли, вклучително и од електронските цигари. Гласањето по Предлог-резолуцијата од оваа расправа е закажано за в четврток.

На заседанието в среда ќе се расправа и за Декларацијата од Будимпешта за новиот европски договор за конкурентност, за засилување на борбата и спречувањето на регрутирање малолетници за извршување на кривични дела, за растот на цените на енергијата и борба против енергетската сиромаштија, за промоцијата на рамка за финансирање на ризичниот капитал и обезбедување сигурни странски директни инвестиции во ЕУ, за усвојувањето на законодавства насочени против ЛГБТКИ лицата и потребата за заштита на владеењето на правото и борбата против дискриминација, за случаите на кршење на човековите права, демократските принципи и владеењето на правото во Хонг Конг, за систематската репресија врз жените во Иран и за ограничувањето на просторот за дејствување на граѓанскиот сектор во Камбоџа.

В четврток, на последниот ден од овонеделната сесија, европратениците ќе треба да се изјаснат за Предлог-резолуцијата за исходот од спорните парламентарни избори во Грузија одржани на 26 октомври годинава, во која се очекува да биде побарано спроведување целосна истрага за изборните нерегуларности посочени од страна на меѓународните набљудувачи и опозицијата.

Истиот ден, Европарламентот ќе дебатира и за зајакнување на правата на децата во ЕУ, во контекст на 35-годишнина од усвојувањето на Конвенцијата на ОН за правата на детето, за обидите за странско мешање и шпионажа од трети земји на европските универзитети и за потребата од усвојување на амбициозен меѓународен правно обврзувачки договор за заштита од загадувањето со пластика, особено на океаните и морињата

The post Изборот на новата ЕК на дневен ред на овонеделното заседание не Европарламентот appeared first on Република.

]]>

Гласањата за одобрување на новиот состав на Европската комисија и на Предлог-буџетот на ЕУ за 2025 години, и двете предвидени за в среда, се главни теми на овонеделната пленарна сесија на Европскиот парламент во Стразбур. Заседанието почнува доцна попладнево со дебата посветена на состојбата и новите трендови во борбата против насилството врз жените во рамките на ЕУ, но и на глобално ниво, во контекст на денешниот Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените. По оваа, ќе следи и расправа за резултатите од неодамнешниот самит на лидерите на Г-20, на кој меѓу другото се разговараше за очекувањата од идната американска администрација, за израелската воена операција во Газа и за војната во Украина. Во продолжение ќе се дискутира и за исходот од Конференцијата на ОН за биолошкиот диверзитет (КОП16) што се одржа во колумбискиот град Кали и за обидите за легитимирање на „незаконското еднострано прогласување независност на кипарскиот сецесионистички ентитет“ и потребата за потврдување европска солидарност со Република Кипар. Европратениците утре ќе дебатираат за договорот постигнат меѓу претставниците на Европскиот парламент и на земјите членки на ЕУ за буџетот на Унијата за 2025 година. На барање на ЕП во буџетската рамка на блокот за следната година се обезбедени повеќе средства за спроведување на клучните програми и политики на ЕУ насочени кон подобрување на животот на луѓето, зајакнување на конкурентноста и справување со предизвиците поврзани со климата, здравјето, миграцијата и одбраната. Гласањето по Предлог-буџетот на пленарното заседание е предвидено за среда, по што доколку тој биде одобрен, претседателската на Европарламентот, Роберта Мецола веднаш ќе ја потпише одлуката за негово одобрување. Покрај за буџетот, европратениците утре ќе расправаат за состојбата во Украина, како и за настаните на Блискиот Исток во контекст на хуманитарната криза во Газа и на Западниот Брег, значењето на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА) и за потребата за ослободување на сите задржани заложници. Од дебатата за Украина треба да произлезе Предлог-резолуција во која се очекува европратениците да ја потврдат својата силна поддршка за земјата која се соочува со руската агресија, како и да алармираат за зајакнатата воена соработка меѓу Русија и Северна Кореја. Гласањето по Предлог-резолуцијата е предвидено за в четврток. Утре, исто така, ќе се одржи и дебата меѓу европратениците и Европската комисија за безбедноста на критична инфраструктура, во контекст на неодамнешното пресекување на подводните кабли во Балтичкото Море, за кое се претпоставува дека е саботажа. Во продолжение на утрешното заседанието ќе се расправа и за Есенската прогноза на ЕК за економските перспективи на ЕУ, ЕФТА и кандидатите за членство во Унијата за 2025 и 2026 година, за предизвици во спроведувањето на кохезивната политика на блокот, за укинување на контролите на внатрешните копнени граници на Бугарија и Романија со останатите земји од Шенген зоната, за условите во европските затвори, за проблемот со родовиот јаз во платите во Унијата, како и за состојбата во Мозамбик. В среда европратениците ќе имаат расправа со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен околу составот и програмата за работа на новото извршно тело на ЕУ, по што ќе гласаат за негово одобрување во пакет. За да биде одобрена, новата Европска комисија треба да добие мнозинство од гласовите на европратениците што ќе учествуваат во гласањето. Одобрувањето следи откако во периодот помеѓу 4 и 12 ноември, сите кандидати за членови на ЕК беа сослушувани од страна на ресорните комитети на Европарламентот околу нивната соодветноста и способност да ги извршуваат должностите поврзани со ресорите што им се доделени. Постапката на потврдување на еврокомесарите беше заокружена минатата недела, со што се трасираше патот за одобрување на Комисијата од страна на европратениците. Исто така в среда, европратениците ќе имаат дебата со претставници на Европската комисија за заклучоците од Конференцијата на ОН за климатски промени (КОП29), што се одржа во азербејџанскиот главен град Баку од 11 до 22 ноември, а ќе расправаат и за предлозите за подобрување на заштитата на граѓаните на ЕУ од изложеност на пасивно пушење и аеросоли, вклучително и од електронските цигари. Гласањето по Предлог-резолуцијата од оваа расправа е закажано за в четврток. На заседанието в среда ќе се расправа и за Декларацијата од Будимпешта за новиот европски договор за конкурентност, за засилување на борбата и спречувањето на регрутирање малолетници за извршување на кривични дела, за растот на цените на енергијата и борба против енергетската сиромаштија, за промоцијата на рамка за финансирање на ризичниот капитал и обезбедување сигурни странски директни инвестиции во ЕУ, за усвојувањето на законодавства насочени против ЛГБТКИ лицата и потребата за заштита на владеењето на правото и борбата против дискриминација, за случаите на кршење на човековите права, демократските принципи и владеењето на правото во Хонг Конг, за систематската репресија врз жените во Иран и за ограничувањето на просторот за дејствување на граѓанскиот сектор во Камбоџа. В четврток, на последниот ден од овонеделната сесија, европратениците ќе треба да се изјаснат за Предлог-резолуцијата за исходот од спорните парламентарни избори во Грузија одржани на 26 октомври годинава, во која се очекува да биде побарано спроведување целосна истрага за изборните нерегуларности посочени од страна на меѓународните набљудувачи и опозицијата. Истиот ден, Европарламентот ќе дебатира и за зајакнување на правата на децата во ЕУ, во контекст на 35-годишнина од усвојувањето на Конвенцијата на ОН за правата на детето, за обидите за странско мешање и шпионажа од трети земји на европските универзитети и за потребата од усвојување на амбициозен меѓународен правно обврзувачки договор за заштита од загадувањето со пластика, особено на океаните и морињата

The post Изборот на новата ЕК на дневен ред на овонеделното заседание не Европарламентот appeared first on Република.

]]>
Европарламентот и земјите членки го усогласија Буџетот на ЕУ за 2025 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/evroparlamentot-i-zemjite-chlenki-go-usoglasija-budhetot-na-eu-za-2025-godina/ Sat, 16 Nov 2024 10:45:46 +0000 https://republika.mk/?p=838432

Европскиот парламент и земјите членки на ЕУ рано изутринава постигнаа договор за Буџетот на Европската Унија за 2025 година, кој според нејзиниот предлагач, Европската комисија, се фокусира на главните политички приоритети на блокот и на актуелниот тежок геополитички контекст.

Како што соопшти денеска Советот на ЕУ, со постигнатиот договор вкупните обврски во Буџетот на ЕУ за 2025 се утврдени на над 199,44 милијарди евра, а вкупните предвидени исплати на околу 155,2 милијарди евра.

Според правилата на ЕУ, „обврските“ се законски обврзувачки ветувања за трошење пари за активности кои се спроведуваат во текот на неколку финансиски години, додека „исплатите“ ги покриваат трошоците што произлегуваат од обврските во Буџетот на ЕУ во тековната или претходните финансиски години.

Од вкупните средства во Буџетот, 800,5 милиони евра се предвидени за покривање на непредвидени потреби на ЕУ.

По постигнувањето на договорот, унгарскиот државен секретар за јавни финансии и главен преговарач на Советот на ЕУ за буџетот, Петер Банај, изјави дека е усогласена балансирана годишна буџетска рамка, која на Унијата и обезбедува средства за покривање на приоритетните обврски, притоа имајќи го предвид интересот на даночните обврзници.

– Буџетот за следната година обезбедува внимателен пристап, задржувајќи доволно финансиска слобода за одговор на непредвидени околности. Ова е реален пристап земајќи го предвид тековниот економски и геополитички контекст и потребата за приспособување на новите предизвици што може да се појават во 2025 година, изјави Банај, чија земја е актуелен претседавач со Советот на ЕУ.

Според Банај, усогласениот Буџет ги обезбедува и потребните средства за финансирање на обновата на земјите погодени од природни катастрофи.

Во Буџетот, процентуално најголем дел или речиси 78 милијарди евра се наменети за обврски во ставката „Кохезија, издржливост и вредности“, над 56,7 милијарди за „Природни ресурси и животна средини“, речиси 21,5 милијарди за „Единствениот пазар, иновации и дигитализација“, 16,3 милијарди за „Соседството и светот“, над 12,8 милијарди за „Јавната администрација“, 4,8 милијарди за „Миграција и гранично управување“, над 2,6 милијарди за „Безбедност и одбрана“ и речиси 6,7 милијарди за посебни намени.

По постигнатиот договор Европскиот парламент и Советот на ЕУ сега имаат рок од 14 дена и официјално да го одобрат усогласениот Буџет. Се очекува Советот да го одобри Буџетот на 25 ноември, а Европскиот парламент во текот на парламентарната сесија од 25 до 28 ноември.

За усвојување на Годишниот буџет потребно е квалификувано мнозинство во Советот на ЕУ.


(МИА)

The post Европарламентот и земјите членки го усогласија Буџетот на ЕУ за 2025 година appeared first on Република.

]]>

Европскиот парламент и земјите членки на ЕУ рано изутринава постигнаа договор за Буџетот на Европската Унија за 2025 година, кој според нејзиниот предлагач, Европската комисија, се фокусира на главните политички приоритети на блокот и на актуелниот тежок геополитички контекст. Како што соопшти денеска Советот на ЕУ, со постигнатиот договор вкупните обврски во Буџетот на ЕУ за 2025 се утврдени на над 199,44 милијарди евра, а вкупните предвидени исплати на околу 155,2 милијарди евра. Според правилата на ЕУ, „обврските“ се законски обврзувачки ветувања за трошење пари за активности кои се спроведуваат во текот на неколку финансиски години, додека „исплатите“ ги покриваат трошоците што произлегуваат од обврските во Буџетот на ЕУ во тековната или претходните финансиски години. Од вкупните средства во Буџетот, 800,5 милиони евра се предвидени за покривање на непредвидени потреби на ЕУ. По постигнувањето на договорот, унгарскиот државен секретар за јавни финансии и главен преговарач на Советот на ЕУ за буџетот, Петер Банај, изјави дека е усогласена балансирана годишна буџетска рамка, која на Унијата и обезбедува средства за покривање на приоритетните обврски, притоа имајќи го предвид интересот на даночните обврзници.
– Буџетот за следната година обезбедува внимателен пристап, задржувајќи доволно финансиска слобода за одговор на непредвидени околности. Ова е реален пристап земајќи го предвид тековниот економски и геополитички контекст и потребата за приспособување на новите предизвици што може да се појават во 2025 година, изјави Банај, чија земја е актуелен претседавач со Советот на ЕУ.
Според Банај, усогласениот Буџет ги обезбедува и потребните средства за финансирање на обновата на земјите погодени од природни катастрофи. Во Буџетот, процентуално најголем дел или речиси 78 милијарди евра се наменети за обврски во ставката „Кохезија, издржливост и вредности“, над 56,7 милијарди за „Природни ресурси и животна средини“, речиси 21,5 милијарди за „Единствениот пазар, иновации и дигитализација“, 16,3 милијарди за „Соседството и светот“, над 12,8 милијарди за „Јавната администрација“, 4,8 милијарди за „Миграција и гранично управување“, над 2,6 милијарди за „Безбедност и одбрана“ и речиси 6,7 милијарди за посебни намени. По постигнатиот договор Европскиот парламент и Советот на ЕУ сега имаат рок од 14 дена и официјално да го одобрат усогласениот Буџет. Се очекува Советот да го одобри Буџетот на 25 ноември, а Европскиот парламент во текот на парламентарната сесија од 25 до 28 ноември. За усвојување на Годишниот буџет потребно е квалификувано мнозинство во Советот на ЕУ.
(МИА)

The post Европарламентот и земјите членки го усогласија Буџетот на ЕУ за 2025 година appeared first on Република.

]]>
Комплетиран изборот на сите 14 потпретседатели на Европскиот парламент https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kompletiran-izborot-na-site-14-potpretsedateli-na-evropskiot-parlament/ Tue, 16 Jul 2024 18:12:07 +0000 https://republika.mk/?p=797495

Европратениците Робертс Зиле од летонската Национална алијанса (НА) и Антонела Зберна од Браќа на Италија (ФДИ) и двајцата членови на групата Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) и Јунус Омаржи од партијата Непокорна Франција (ЛФИ), која е дел од Левицата беа избрани за потпретседатели на Европскиот парламент во вториот круг на гласање во вечерашното продолжение на конститутивното парламентарно заседание.

Во вториот круг на гласање, Зиле освои 490 гласа, Зберна 314, а Омаржи 311. Од останатите тројца претенденти за потпретседатели, двајцата кандидати на Патриотите за Европа (ПФЕ), Фабрис Лежери од францускиот Национален собир (РН) и Клара Досталова од словачката Акција на незадоволни граѓани (АНО) освоија 177, односно 116 гласа, а Ева Зајочковска-Херник од полската партија Нова надеж (НН) дел од екстремно десничарската група Европа на суверени нации (ЕСН) доби 46 гласа.

Вкупно гласаа 674 европратеник, при што 65 гласачки ливчиња беа неважечки или празни со што за валидни беа сметани 609 гласа и за да биде избран на секој кандидат му беа потребни најмалку 305 гласа. Секој европратеник имаше право да гласа за најмалку два, а најмногу три кандидати.

Со изборот на овие тројца потпретседатели се комплетира листата на 14 заменици на претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, откако претходно во првиот круг на гласање беа избрани 11 потпретседатели.

Тоа се Забине Верхајен од Христијанско демократската унија на Германија (ЦДУ)/Европската народна партија (ЕПП) која освои 604 гласа, Ева Копач од полската Граѓанска платформа (ПО)/ЕПП 572, Естебан Гонзалес Понс од шпанската Народна партија (ПП)/ЕПП 479, Катарина Барли од Социјалдемократската партија на Германија (СПД)/Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите (СД) 450, Пина Пичерно од италијанската Демократска партија (ПД)/СД 405, Виктор Негреску од романската Социјалдемократска партија (ПСД)/СД 394, Мартин Хојсик од Прогресивна Словачка (ПС)/Да ја обновиме Европа (РЕ) 393, Кристел Шалдемозе од данската партија Социјалдемократи (С)/СД 379, Хави Лопез Фернандез од Шпанска социјалистичка работничка партија (ПСОЕ)/СД 377, Софи Вилмес од белгиското Реформско движење (МР)/РЕ 371 и независниот романски пратеник член на групацијата на Зелените, Николае Штефануца 347 гласа. За избор во првиот круг беа потребни најмалку 333 гласа.

Претходно денеска, европратениците ја реизбраа Роберта Мецола од малтешката конзервативна Национална партија (ПН), која е дел од групата на Европската народна партија (ЕПП), за претседателка на Европскиот парламент со мандат од две и пол години.

За Мецола гласаа 562 европратеници, а нејзината противкандидатка за функцијата Ирене Монтеро од шпанската партија Можеме (Подемос), дел од групата на Левицата, доби 61 глас. Вкупно 76 гласачки ливчиња беа неважечки.

Заседанието на Европскиот парламент продолжува утре со избор на петмината квестори, чија функција е да ги надгледуваат административните и финансиските прашања кои директно ги засегаат членовите на Европскиот парламент, а вршат и другите должности што им се доделени со Деловникот на ЕП или парламентарното Биро. Бирото на Европарламентот го сочинуваат претседателот, потпретседателите и квесторите. Петмината квестори се бираат од редовите на европратениците со мандат од две и пол години.

Дополнително, европратениците утре ќе гласаат и за бројниот состав на постојаните комисии и поткомисии, како и на интерпарламентарните делегации на ЕП. Членовите на комисиите, поткомисиите и делегациите ќе ги номинираат политичките групации во Европскиот парламент и нивниот состав треба да биде објавен на последниот ден од заседанието в петок.

The post Комплетиран изборот на сите 14 потпретседатели на Европскиот парламент appeared first on Република.

]]>

Европратениците Робертс Зиле од летонската Национална алијанса (НА) и Антонела Зберна од Браќа на Италија (ФДИ) и двајцата членови на групата Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) и Јунус Омаржи од партијата Непокорна Франција (ЛФИ), која е дел од Левицата беа избрани за потпретседатели на Европскиот парламент во вториот круг на гласање во вечерашното продолжение на конститутивното парламентарно заседание. Во вториот круг на гласање, Зиле освои 490 гласа, Зберна 314, а Омаржи 311. Од останатите тројца претенденти за потпретседатели, двајцата кандидати на Патриотите за Европа (ПФЕ), Фабрис Лежери од францускиот Национален собир (РН) и Клара Досталова од словачката Акција на незадоволни граѓани (АНО) освоија 177, односно 116 гласа, а Ева Зајочковска-Херник од полската партија Нова надеж (НН) дел од екстремно десничарската група Европа на суверени нации (ЕСН) доби 46 гласа. Вкупно гласаа 674 европратеник, при што 65 гласачки ливчиња беа неважечки или празни со што за валидни беа сметани 609 гласа и за да биде избран на секој кандидат му беа потребни најмалку 305 гласа. Секој европратеник имаше право да гласа за најмалку два, а најмногу три кандидати. Со изборот на овие тројца потпретседатели се комплетира листата на 14 заменици на претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, откако претходно во првиот круг на гласање беа избрани 11 потпретседатели. Тоа се Забине Верхајен од Христијанско демократската унија на Германија (ЦДУ)/Европската народна партија (ЕПП) која освои 604 гласа, Ева Копач од полската Граѓанска платформа (ПО)/ЕПП 572, Естебан Гонзалес Понс од шпанската Народна партија (ПП)/ЕПП 479, Катарина Барли од Социјалдемократската партија на Германија (СПД)/Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите (СД) 450, Пина Пичерно од италијанската Демократска партија (ПД)/СД 405, Виктор Негреску од романската Социјалдемократска партија (ПСД)/СД 394, Мартин Хојсик од Прогресивна Словачка (ПС)/Да ја обновиме Европа (РЕ) 393, Кристел Шалдемозе од данската партија Социјалдемократи (С)/СД 379, Хави Лопез Фернандез од Шпанска социјалистичка работничка партија (ПСОЕ)/СД 377, Софи Вилмес од белгиското Реформско движење (МР)/РЕ 371 и независниот романски пратеник член на групацијата на Зелените, Николае Штефануца 347 гласа. За избор во првиот круг беа потребни најмалку 333 гласа. Претходно денеска, европратениците ја реизбраа Роберта Мецола од малтешката конзервативна Национална партија (ПН), која е дел од групата на Европската народна партија (ЕПП), за претседателка на Европскиот парламент со мандат од две и пол години. За Мецола гласаа 562 европратеници, а нејзината противкандидатка за функцијата Ирене Монтеро од шпанската партија Можеме (Подемос), дел од групата на Левицата, доби 61 глас. Вкупно 76 гласачки ливчиња беа неважечки. Заседанието на Европскиот парламент продолжува утре со избор на петмината квестори, чија функција е да ги надгледуваат административните и финансиските прашања кои директно ги засегаат членовите на Европскиот парламент, а вршат и другите должности што им се доделени со Деловникот на ЕП или парламентарното Биро. Бирото на Европарламентот го сочинуваат претседателот, потпретседателите и квесторите. Петмината квестори се бираат од редовите на европратениците со мандат од две и пол години. Дополнително, европратениците утре ќе гласаат и за бројниот состав на постојаните комисии и поткомисии, како и на интерпарламентарните делегации на ЕП. Членовите на комисиите, поткомисиите и делегациите ќе ги номинираат политичките групации во Европскиот парламент и нивниот состав треба да биде објавен на последниот ден од заседанието в петок.

The post Комплетиран изборот на сите 14 потпретседатели на Европскиот парламент appeared first on Република.

]]>
Избрани 11 потпретседатели на Европарламентот, продолжува постапка за избор на уште тројца https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izbrani-11-potpretsedateli-na-evroparlamentot-prodolzhuva-postapka-za-izbor-na-ushte-trojtsa/ Tue, 16 Jul 2024 16:58:23 +0000 https://republika.mk/?p=797479

Во првиот круг на гласање за избор на 14-те потпретседатели на Европскиот парламент на попладневното продолжени на конститутивното парламентарно заседание, доволно гласови за да бидат избрани на функцијата добија 11 од 17-те предложени кандидати.

За нови потпретседатели на ЕП се избрани Забине Верхајен од Христијанско демократската унија на Германија (ЦДУ)/Европската народна партија (ЕПП) со 604 гласа, Ева Копач од полската Граѓанска платформа (ПО)/ЕПП со 572, Естебан Гонзалес Понс од шпанската Народна партија (ПП)/ЕПП со 479, Катарина Барли од Социјалдемократската партија на Германија (СПД)/Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите (СД) со 450, Пина Пичерно од италијанската Демократска партија (ПД)/СД со 405, Виктор Негреску од романската Социјалдемократска партија (ПСД)/СД со 394, Мартин Хојсик од Прогресивна Словачка (ПС)/Да ја обновиме Европа (РЕ) со 393, Кристел Шалдемозе од данската партија Социјалдемократи (С)/СД со 379, Хави Лопез Фернандез од Шпанска социјалистичка работничка партија (ПСОЕ)/СД со 377, Софи Вилмес од белгиското Реформско движење (МР)/РЕ со 371 и независниот романски пратеник член на групацијата на Зелените, Николае Штефануца со 347 гласа.

Вкупно гласале 701 европратеник, при што 36 гласачки ливчиња беа неважечки или празни со што за валидни беа сметани 665 гласа и за да биде избран на секој кандидат му требаа најмалку 333 гласа. Секој европратеник имаше право да гласа за најмногу 14 кандидати.

Помалку гласови од потребните за избор во првиот круг освоија Антонела Зберна од Браќа на Италија (ФДИ)/Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) - 323, Фабрис Лежери од францускиот Национален собир (РН)/Патриоти за Европа (ПФЕ) - 309, Робертс Зиле од летонска Национална алијанса (НА)ЕЦР - 306, Јунус Омаржи од партијата Непокорна Франција (ЛФИ)/Левица - 272, Клара Досталова од словачката Акција на незадоволни граѓани (АНО)/ПФЕ - 214 и Ева Зајочковска-Херник од полската партија Нова надеж (НН)/Европа на суверени нации (ЕСН) - 102 гласа.

Вториот круг на гласање од постапката за избор на преостанатите три потпретседателски функции во Европскиот парламент меѓу преостанатите шест кандидати се одржува доцна попладнево. Во овој круг европратениците можат да гласаат за најмалку два, а најмногу три кандидати.

Согласно Деловникот на Европскиот парламент, потпретседателите се бираат во три круга, при што во првите два за да биде избран кандидатот мора да добие апсолутно мнозинство гласови од вкупниот број на европратеници што гласале, додека во третиот круг за избран се смета кандидатот што ќе добие најмногу гласови, независно од мнозинството.

Претходно денеска, европратениците ја реизбраа Роберта Мецола од малтешката конзервативна Национална партија (ПН), која е дел од групата на Европската народна партија (ЕПП), за претседателка на Европскиот парламент со мандат од две и пол години.

За Мецола гласаа 562 европратеници, а нејзината противкандидатка за функцијата Ирене Монтеро од шпанската партија Можеме (Подемос), дел од групата на Левицата, доби 61 глас. Вкупно 76 гласачки ливчиња беа неважечки.

The post Избрани 11 потпретседатели на Европарламентот, продолжува постапка за избор на уште тројца appeared first on Република.

]]>

Во првиот круг на гласање за избор на 14-те потпретседатели на Европскиот парламент на попладневното продолжени на конститутивното парламентарно заседание, доволно гласови за да бидат избрани на функцијата добија 11 од 17-те предложени кандидати. За нови потпретседатели на ЕП се избрани Забине Верхајен од Христијанско демократската унија на Германија (ЦДУ)/Европската народна партија (ЕПП) со 604 гласа, Ева Копач од полската Граѓанска платформа (ПО)/ЕПП со 572, Естебан Гонзалес Понс од шпанската Народна партија (ПП)/ЕПП со 479, Катарина Барли од Социјалдемократската партија на Германија (СПД)/Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите (СД) со 450, Пина Пичерно од италијанската Демократска партија (ПД)/СД со 405, Виктор Негреску од романската Социјалдемократска партија (ПСД)/СД со 394, Мартин Хојсик од Прогресивна Словачка (ПС)/Да ја обновиме Европа (РЕ) со 393, Кристел Шалдемозе од данската партија Социјалдемократи (С)/СД со 379, Хави Лопез Фернандез од Шпанска социјалистичка работничка партија (ПСОЕ)/СД со 377, Софи Вилмес од белгиското Реформско движење (МР)/РЕ со 371 и независниот романски пратеник член на групацијата на Зелените, Николае Штефануца со 347 гласа. Вкупно гласале 701 европратеник, при што 36 гласачки ливчиња беа неважечки или празни со што за валидни беа сметани 665 гласа и за да биде избран на секој кандидат му требаа најмалку 333 гласа. Секој европратеник имаше право да гласа за најмногу 14 кандидати. Помалку гласови од потребните за избор во првиот круг освоија Антонела Зберна од Браќа на Италија (ФДИ)/Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) - 323, Фабрис Лежери од францускиот Национален собир (РН)/Патриоти за Европа (ПФЕ) - 309, Робертс Зиле од летонска Национална алијанса (НА)ЕЦР - 306, Јунус Омаржи од партијата Непокорна Франција (ЛФИ)/Левица - 272, Клара Досталова од словачката Акција на незадоволни граѓани (АНО)/ПФЕ - 214 и Ева Зајочковска-Херник од полската партија Нова надеж (НН)/Европа на суверени нации (ЕСН) - 102 гласа. Вториот круг на гласање од постапката за избор на преостанатите три потпретседателски функции во Европскиот парламент меѓу преостанатите шест кандидати се одржува доцна попладнево. Во овој круг европратениците можат да гласаат за најмалку два, а најмногу три кандидати. Согласно Деловникот на Европскиот парламент, потпретседателите се бираат во три круга, при што во првите два за да биде избран кандидатот мора да добие апсолутно мнозинство гласови од вкупниот број на европратеници што гласале, додека во третиот круг за избран се смета кандидатот што ќе добие најмногу гласови, независно од мнозинството. Претходно денеска, европратениците ја реизбраа Роберта Мецола од малтешката конзервативна Национална партија (ПН), која е дел од групата на Европската народна партија (ЕПП), за претседателка на Европскиот парламент со мандат од две и пол години. За Мецола гласаа 562 европратеници, а нејзината противкандидатка за функцијата Ирене Монтеро од шпанската партија Можеме (Подемос), дел од групата на Левицата, доби 61 глас. Вкупно 76 гласачки ливчиња беа неважечки.

The post Избрани 11 потпретседатели на Европарламентот, продолжува постапка за избор на уште тројца appeared first on Република.

]]>
Холандската екстремно десничарска партија ќе се приклучи на новиот сојуз на Орбан во Европарламентот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/holandskata-ekstremno-desnicharska-partija-ke-se-prikluchi-na-noviot-sojuz-na-orban-vo-evroparlamentot/ Sat, 06 Jul 2024 11:30:00 +0000 https://republika.mk/?p=794008

Холандска екстремно десничарска националистичка Партија на слободата (ПВВ) ќе се приклучи на новиот сојуз на истомисленици во Европскиот парламент, соопшти нејзиниот лидер.

Наречен Патриоти за Европа, сојузот неодамна го формираше унгарскиот премиер Виктор Орбан, потсетува ДПА.

Ние сме патриоти на ПВВ, ја сакаме нашата нација. Силна и суверена. Се спротивставуваме на илегалната имиграција. Ние ги браниме мирот и слободата. И ја поддржуваме Украина. Го штитиме нашето јудео-христијанско наследство. И нашите семејства, напиша синоќа на Х лидерот на ПВВ Герт Вилдерс.

- Сакаме да ги комбинираме силите во ЕП и гордо ќе се приклучиме на Патриоти за Европа!, нагласи тој.

Партијата на Вилдерс победи на парламентарните избори во Холандија во ноември минатата година. ПВВ е најголемата партија во новата десничарска коалиција која положи заклетва во вторникот. Дик Шуф, поранешен шеф на холандската разузнавачка служба, е премиер.

На јунските избори за Европскиот парламент, ПВВ освои шест пратенички места.

Партијата Фидес на Орбан, австриската крајнодесничарска Партија на слободата и популистичката чешка партија АНО беа првите членки на алијансата Патриоти за Европа кога беше промовирана кон крајот на минатиот месец.

Шпанската крајно десничарска „Вокс“ и португалската крајнодесничарска партија „Чега“, исто така неодамна соопштија дека ќе се приклучат.

Со најавата на Вилдерс, новата група ќе има европратеници од шест земји – за статус на група во Европскиот парламент потребно е членство на европратеници од најмалку седум земји.

Засега, Алтернатива за Германија (АфД) одби да се приклучи.

The post Холандската екстремно десничарска партија ќе се приклучи на новиот сојуз на Орбан во Европарламентот appeared first on Република.

]]>

Холандска екстремно десничарска националистичка Партија на слободата (ПВВ) ќе се приклучи на новиот сојуз на истомисленици во Европскиот парламент, соопшти нејзиниот лидер. Наречен Патриоти за Европа, сојузот неодамна го формираше унгарскиот премиер Виктор Орбан, потсетува ДПА. Ние сме патриоти на ПВВ, ја сакаме нашата нација. Силна и суверена. Се спротивставуваме на илегалната имиграција. Ние ги браниме мирот и слободата. И ја поддржуваме Украина. Го штитиме нашето јудео-христијанско наследство. И нашите семејства, напиша синоќа на Х лидерот на ПВВ Герт Вилдерс. - Сакаме да ги комбинираме силите во ЕП и гордо ќе се приклучиме на Патриоти за Европа!, нагласи тој. Партијата на Вилдерс победи на парламентарните избори во Холандија во ноември минатата година. ПВВ е најголемата партија во новата десничарска коалиција која положи заклетва во вторникот. Дик Шуф, поранешен шеф на холандската разузнавачка служба, е премиер. На јунските избори за Европскиот парламент, ПВВ освои шест пратенички места. Партијата Фидес на Орбан, австриската крајнодесничарска Партија на слободата и популистичката чешка партија АНО беа првите членки на алијансата Патриоти за Европа кога беше промовирана кон крајот на минатиот месец. Шпанската крајно десничарска „Вокс“ и португалската крајнодесничарска партија „Чега“, исто така неодамна соопштија дека ќе се приклучат. Со најавата на Вилдерс, новата група ќе има европратеници од шест земји – за статус на група во Европскиот парламент потребно е членство на европратеници од најмалку седум земји. Засега, Алтернатива за Германија (АфД) одби да се приклучи.

The post Холандската екстремно десничарска партија ќе се приклучи на новиот сојуз на Орбан во Европарламентот appeared first on Република.

]]>
Европарламентот го усвои Извештајот за Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/evroparlamentot-go-usvoi-izveshtajot-za-makedonija/ Thu, 19 May 2022 12:59:21 +0000 https://republika.mk/?p=504386

Европските парламентарци попладнево со 508 гласа „за“ и 56 „против“ го усвоија Извештајот за напредокот на Македонија на известувачот на Европскиот парламент, бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, усвојувајќи притоа и некои од контроверзните амандмани, јави дописничката на МИА од Брисел.

Извештајот го поздравува реформскиот напредок на земјата и инсистира на имплементација на Договорот за добрососедство со Бугарија.

Европратениците ги одобрија спорните амандмани 75б, 79 и 80, за кои предупреди Институтот за европска политика (ЕПИ) дека претставуваат поткопување на основните стандарди вредности на ЕУ.

Амандманот 75б се однесува на историското помирување и „заедничка историја“, со што според ЕПИ, Европскиот парламент го одобрува притисокот што го врши Бугарија за да се толкува историјата на нивен начин.

Амандманот 79, кој исто така е усвоен, се оценува како притисок врз заедничката Комисија за историски и образовни прашања, која треба да работи независно и без никакви политички притисоци.

Конечно амандманот 80, се коси со проценката на Европската Комисија, бидејќи гласи оти нема напредок во имплементацијата на Договорот за пријателство меѓу земјава и Бугарија од 2017, што не е став на Европската комисија во нејзиниот последен извештај во 2021, предупреди ЕПИ.

Освен тоа неколку европратеници од бугарската националистичката ВМРО – Бугарско национално движење во текот на расправата пред гласањето ја нареко Македонија „геноцидна кон Бугарите“.

Европратеникот Андреј Слабаков дури оцени дека без бараните бугарски промени, членството на Македонија е рамно на „тумор за ЕУ“.

The post Европарламентот го усвои Извештајот за Македонија appeared first on Република.

]]>

Европските парламентарци попладнево со 508 гласа „за“ и 56 „против“ го усвоија Извештајот за напредокот на Македонија на известувачот на Европскиот парламент, бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, усвојувајќи притоа и некои од контроверзните амандмани, јави дописничката на МИА од Брисел. Извештајот го поздравува реформскиот напредок на земјата и инсистира на имплементација на Договорот за добрососедство со Бугарија. Европратениците ги одобрија спорните амандмани 75б, 79 и 80, за кои предупреди Институтот за европска политика (ЕПИ) дека претставуваат поткопување на основните стандарди вредности на ЕУ. Амандманот 75б се однесува на историското помирување и „заедничка историја“, со што според ЕПИ, Европскиот парламент го одобрува притисокот што го врши Бугарија за да се толкува историјата на нивен начин. Амандманот 79, кој исто така е усвоен, се оценува како притисок врз заедничката Комисија за историски и образовни прашања, која треба да работи независно и без никакви политички притисоци. Конечно амандманот 80, се коси со проценката на Европската Комисија, бидејќи гласи оти нема напредок во имплементацијата на Договорот за пријателство меѓу земјава и Бугарија од 2017, што не е став на Европската комисија во нејзиниот последен извештај во 2021, предупреди ЕПИ. Освен тоа неколку европратеници од бугарската националистичката ВМРО – Бугарско национално движење во текот на расправата пред гласањето ја нареко Македонија „геноцидна кон Бугарите“. Европратеникот Андреј Слабаков дури оцени дека без бараните бугарски промени, членството на Македонија е рамно на „тумор за ЕУ“.

The post Европарламентот го усвои Извештајот за Македонија appeared first on Република.

]]>
Европарламентот ја одбележува 20-годишнина од еврото https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/evroparlamentot-ja-odbelezuva-20-godishnina-od-evroto/ Mon, 14 Feb 2022 14:32:26 +0000 https://republika.mk/?p=458450

Денеска европратениците ќе ја одбележат 20-годишнината од еврото и ќе разговараат со претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард за работата на ЕЦБ во минатата година.Сесијата ќе започне со церемонија за одбележување на 20 години од Еврото. Говор ќе имаат претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард, комесарот за економија Паоло Џентилони и Ирене Тинагли, претседателка на Комитетот за економски и монетарни прашања.

По церемонијата, европратениците ќе дебатираат со претседателката на ЕЦБ Лагард за работата на Европската централна банка во 2021 година и за состојбата на економијата на ЕУ. Дебатата доаѓа во особено важен момент со пораст на инфлацијата и, во исто време, постпандемиско економско закрепнување кое сè уште е во првите денови.

The post Европарламентот ја одбележува 20-годишнина од еврото appeared first on Република.

]]>

Денеска европратениците ќе ја одбележат 20-годишнината од еврото и ќе разговараат со претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард за работата на ЕЦБ во минатата година.Сесијата ќе започне со церемонија за одбележување на 20 години од Еврото. Говор ќе имаат претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард, комесарот за економија Паоло Џентилони и Ирене Тинагли, претседателка на Комитетот за економски и монетарни прашања. По церемонијата, европратениците ќе дебатираат со претседателката на ЕЦБ Лагард за работата на Европската централна банка во 2021 година и за состојбата на економијата на ЕУ. Дебатата доаѓа во особено важен момент со пораст на инфлацијата и, во исто време, постпандемиско економско закрепнување кое сè уште е во првите денови.

The post Европарламентот ја одбележува 20-годишнина од еврото appeared first on Република.

]]>