Евролига Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evroliga/ За подобро да се разбереме Sat, 05 Oct 2024 18:50:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Евролига Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evroliga/ 32 32 Тамир Блат од Макаби избран за МВП на првото коло во Евролигата https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/tamir-blat-od-makabi-izbran-za-mvp-na-prvoto-kolo-vo-evroligata/ Sat, 05 Oct 2024 19:45:37 +0000 https://republika.mk/?p=823261

Кошаркарот на Макаби, Тамир Блат, е прогласен за најкорисен играч (МВП) на првото коло од регуларниот дел од сезоната 2024/25 во Евролигата.

Плејмејкерот на израелскиот тим беше еден од најзначајните за триумфот над францускиот Лион-Вилербан (89:82), играјќи го својот најдобар натпревар во кариерата.

Дваесет и седумгодишниот Блат постави личен рекорд во поени (21) и асистенции (12) за само 29 минути на теренот. Блат шутираше 4 од 5 за 2 поени, 4 од 4 за тројка и 1 од 1 од линијата за слободни фрлања. Тој, исто така, имаше и 2 скока и 1 украдена топка.

Поради воената состојба во Израел, Макаби натпреварите како домаќин ги игра во Белград.

The post Тамир Блат од Макаби избран за МВП на првото коло во Евролигата appeared first on Република.

]]>

Кошаркарот на Макаби, Тамир Блат, е прогласен за најкорисен играч (МВП) на првото коло од регуларниот дел од сезоната 2024/25 во Евролигата. Плејмејкерот на израелскиот тим беше еден од најзначајните за триумфот над францускиот Лион-Вилербан (89:82), играјќи го својот најдобар натпревар во кариерата. Дваесет и седумгодишниот Блат постави личен рекорд во поени (21) и асистенции (12) за само 29 минути на теренот. Блат шутираше 4 од 5 за 2 поени, 4 од 4 за тројка и 1 од 1 од линијата за слободни фрлања. Тој, исто така, имаше и 2 скока и 1 украдена топка. Поради воената состојба во Израел, Макаби натпреварите како домаќин ги игра во Белград.

The post Тамир Блат од Макаби избран за МВП на првото коло во Евролигата appeared first on Република.

]]>
Саудиски инвеститори сакаат да купат удел во Евролигата https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/saudiski-investitori-sakaat-da-kupat-udel-vo-evroligata/ Sat, 21 Sep 2024 10:20:12 +0000 https://republika.mk/?p=818444

Евролигата има намера да продаде малцински удел во бизнисот.

Како што објави „The Financial Times“, инвестицискиот фонд од Саудиска Арабија „SURJ Sports Investment“,сака да купи дел од најпрестижниот кошаркарски клупски турнир во Европа.

Малцинскиот удел во Евролигата се проценува на приближно една милијарда евра.

„EuroLeague Commercial Assets“ очекува да продаде приближно една третина од целиот свој бизнис, кој ги вклучува и Евролигата и Еврокупот.

Конкурент на „SURJ Sports Investment“ во овој процес е британската инвестициска фирма „BC Partners“.

Преговорите се во напредна фаза, но се уште не е постигнат договор.

Преку своите компании, инвеститорите од Саудиска Арабија претходно купија мнозински удел во фудбалскиот клуб Њукасл Јунајтед и ја создаде ЛИВ голф лигата. Фондот се обрати и до тениските АТП и ВТА со понуда за купување на целата турнеја.

The post Саудиски инвеститори сакаат да купат удел во Евролигата appeared first on Република.

]]>

Евролигата има намера да продаде малцински удел во бизнисот. Како што објави „The Financial Times“, инвестицискиот фонд од Саудиска Арабија „SURJ Sports Investment“,сака да купи дел од најпрестижниот кошаркарски клупски турнир во Европа. Малцинскиот удел во Евролигата се проценува на приближно една милијарда евра. „EuroLeague Commercial Assets“ очекува да продаде приближно една третина од целиот свој бизнис, кој ги вклучува и Евролигата и Еврокупот. Конкурент на „SURJ Sports Investment“ во овој процес е британската инвестициска фирма „BC Partners“. Преговорите се во напредна фаза, но се уште не е постигнат договор. Преку своите компании, инвеститорите од Саудиска Арабија претходно купија мнозински удел во фудбалскиот клуб Њукасл Јунајтед и ја создаде ЛИВ голф лигата. Фондот се обрати и до тениските АТП и ВТА со понуда за купување на целата турнеја.

The post Саудиски инвеститори сакаат да купат удел во Евролигата appeared first on Република.

]]>
Koшаркарската Евролига и фудбалската Лига на шампиони се како небо и земја во заработката https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/kosharkarskata-evroliga-i-fudbalskata-liga-na-shampioni-se-kako-nebo-i-zemja-vo-zarabotkata/ Fri, 31 May 2024 08:00:52 +0000 https://republika.mk/?p=783142

Кошаркарска Евролига и фудбалска Лига на шампиони. Некој би рекол двете најголеми клупски натпреварувања во Европа. Можеби...

Две големи натпреварувања во двата најпопуларни спорта на Стариот континент изгледаат како небо и земја. Од организацијата, бројот на клубови, популарноста, па потоа и наградниот фонд кој е најважен во целата деловна структура.

Наградниот фонд на Лигата на шампионите изнесува точно две милијарди и 22 милиони евра. На секој клуб-учесник му е загарантирана сериозна заработка, дури и на оние тимови кои се појавуваат во квалификациите, што само по себе дава сериозност на натпреварувањето. Клубот кој ја освојува Лигата на шампионите може да заработи точно 88.140.000 евра! Плус уште милион евра, ако го освои Суперкупот на Европа.

Евролигата изгледа како смешно и аматерско натпреварување.Шампионот во Евролигата Панатинаикос доби од натпреварувањето – 1.750.000 евра! Тоа се повеќе од 50 пати помалку пари.

Бројките не лажат

Лигата на шампионите

Награден фонд 2.022.000.000

Победа  2.800.000

Шампион на натпреварување 88.140.000

Евролига

Награден фонд 8.710.000

Победа: нула

Шампион на натпреварување 1.750.000

The post Koшаркарската Евролига и фудбалската Лига на шампиони се како небо и земја во заработката appeared first on Република.

]]>

Кошаркарска Евролига и фудбалска Лига на шампиони. Некој би рекол двете најголеми клупски натпреварувања во Европа. Можеби... Две големи натпреварувања во двата најпопуларни спорта на Стариот континент изгледаат како небо и земја. Од организацијата, бројот на клубови, популарноста, па потоа и наградниот фонд кој е најважен во целата деловна структура. Наградниот фонд на Лигата на шампионите изнесува точно две милијарди и 22 милиони евра. На секој клуб-учесник му е загарантирана сериозна заработка, дури и на оние тимови кои се појавуваат во квалификациите, што само по себе дава сериозност на натпреварувањето. Клубот кој ја освојува Лигата на шампионите може да заработи точно 88.140.000 евра! Плус уште милион евра, ако го освои Суперкупот на Европа. Евролигата изгледа како смешно и аматерско натпреварување.Шампионот во Евролигата Панатинаикос доби од натпреварувањето – 1.750.000 евра! Тоа се повеќе од 50 пати помалку пари.

Бројките не лажат

Лигата на шампионите Награден фонд 2.022.000.000 Победа  2.800.000 Шампион на натпреварување 88.140.000 Евролига Награден фонд 8.710.000 Победа: нула Шампион на натпреварување 1.750.000

The post Koшаркарската Евролига и фудбалската Лига на шампиони се како небо и земја во заработката appeared first on Република.

]]>
Реал против Панатинаикос за трофејот во кошаркарската Евролига https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/real-protiv-panatinaikos-za-trofejot-vo-kosharkarskata-evroliga/ Sat, 25 May 2024 06:57:28 +0000 https://republika.mk/?p=781561

Реал Мадрид повторно е финалист во кошаркарската Евролига – совладувајќи го Олимпијакос, а во битката за трофејот ќе игра против уште една грчка екипа, Панатинаикос.

Во второто берлинско полуфинале, кое беше реприза на финалето од минатата сезона, Реал го синоќа го победи Олимпијакос со 87-76 (28-10, 28-27, 15-21, 16-18).

Реал е рекордер по бројот на титули во Евролигата. Единаесет пати беше на врвот на Европа, а уште девет пати играше во финалето. Олимпијакос со овој пораз остана на трите трофеи во својата историја.

Во неделното финале, Панатинаикос ќе ја брка седмата европска титула. Тимот од Атина уште еднаш играше финале и беше поразен. Последниот трофеј го освои во 2011 година.

The post Реал против Панатинаикос за трофејот во кошаркарската Евролига appeared first on Република.

]]>

Реал Мадрид повторно е финалист во кошаркарската Евролига – совладувајќи го Олимпијакос, а во битката за трофејот ќе игра против уште една грчка екипа, Панатинаикос. Во второто берлинско полуфинале, кое беше реприза на финалето од минатата сезона, Реал го синоќа го победи Олимпијакос со 87-76 (28-10, 28-27, 15-21, 16-18). Реал е рекордер по бројот на титули во Евролигата. Единаесет пати беше на врвот на Европа, а уште девет пати играше во финалето. Олимпијакос со овој пораз остана на трите трофеи во својата историја. Во неделното финале, Панатинаикос ќе ја брка седмата европска титула. Тимот од Атина уште еднаш играше финале и беше поразен. Последниот трофеј го освои во 2011 година.

The post Реал против Панатинаикос за трофејот во кошаркарската Евролига appeared first on Република.

]]>
Панатинаикос e во финаето на Евролигата https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/panatinaikos-e-vo-finaeto-na-evroligata/ Fri, 24 May 2024 21:01:16 +0000 https://republika.mk/?p=781534

Дуелот во полуфиналето на кошаркарската Евролига меѓу Панатинаикос и Фенербахче им припадна на атинските „зелени“ со 73:57 (22:13, 16:23, 18 :14, 17:7).

ПАО стигна до финалето во Берлин за прв пат по 2011 година, кога славниот Жељко Обрадовиќ му ја донесе шестата титула клупски шампион на Стариот континент.

Во победничкиот тим двоцифрен број поени постигнаа Лесор (17), Нан (14) и Грант (13), а кај поразениот Хејс-Дејвис (14) и Гудуриќ и Сестина (по 10).

Во вториот натпревар од 21:00 часот се соочуваат европскиот првак Реал, убедливо најуспешниот во регуларниот дел од сезоната, и Олимпијакос.

Во недела прво е мечот за третото место (16:00), а потоа и мечот за тронот (19:00)

The post Панатинаикос e во финаето на Евролигата appeared first on Република.

]]>

Дуелот во полуфиналето на кошаркарската Евролига меѓу Панатинаикос и Фенербахче им припадна на атинските „зелени“ со 73:57 (22:13, 16:23, 18 :14, 17:7). ПАО стигна до финалето во Берлин за прв пат по 2011 година, кога славниот Жељко Обрадовиќ му ја донесе шестата титула клупски шампион на Стариот континент. Во победничкиот тим двоцифрен број поени постигнаа Лесор (17), Нан (14) и Грант (13), а кај поразениот Хејс-Дејвис (14) и Гудуриќ и Сестина (по 10). Во вториот натпревар од 21:00 часот се соочуваат европскиот првак Реал, убедливо најуспешниот во регуларниот дел од сезоната, и Олимпијакос. Во недела прво е мечот за третото место (16:00), а потоа и мечот за тронот (19:00)

The post Панатинаикос e во финаето на Евролигата appeared first on Република.

]]>
Билетите за кошаркарскиот фајналфор во продажба од 19 декември https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/biletite-za-kosharkarskiot-fajnalfor-vo-prodazhba-od-19-dekemvri/ Mon, 04 Dec 2023 16:53:23 +0000 https://republika.mk/?p=719617

Кошаркарската Евролига соопшти денеска дека влезниците за фајналфор турнирот во Берлин ќе бидат пуштени во продажба на 19 декември.

Како и изминатите сезони, влезниците ќе бидат достапни само онлајн на адресата www.f4tickets.com, се наведува во соопштението.

Цената на влезниците за еден натпревар ќе биде од 57.25 до 177.25 евра.

Фајналфор турнирот ќе се игра во Берлин од 24 до 26 мај.

Германската престолнина трет пат ќе биде домаќин на завршниот турнир во Евролигата.

The post Билетите за кошаркарскиот фајналфор во продажба од 19 декември appeared first on Република.

]]>

Кошаркарската Евролига соопшти денеска дека влезниците за фајналфор турнирот во Берлин ќе бидат пуштени во продажба на 19 декември. Како и изминатите сезони, влезниците ќе бидат достапни само онлајн на адресата www.f4tickets.com, се наведува во соопштението. Цената на влезниците за еден натпревар ќе биде од 57.25 до 177.25 евра. Фајналфор турнирот ќе се игра во Берлин од 24 до 26 мај. Германската престолнина трет пат ќе биде домаќин на завршниот турнир во Евролигата.

The post Билетите за кошаркарскиот фајналфор во продажба од 19 декември appeared first on Република.

]]>
Почнува новата сезона во Евролигата https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/pochnuva-novata-sezona-vo-evroligata/ Thu, 05 Oct 2023 16:01:05 +0000 https://republika.mk/?p=688293

Денеска почнува новата сезона во кошаркарската Евролига, во која 18 екипи ќе се борат за место на завршниот турнир во Берлин.

Сезоната ќе б иде отворена во белградската Арена, каде што ќе се сретнат кошаркарите на Црвена звезда и Асвел, а вечерва на програмата се и дуелите Макаби - Партизан, Барселона - Ефес, Баерн - Алба и Виртус Болоња - Жалгирис.

Евролигата од оваа сезона првпат воведува плеј-ин турнир по примерот во НБА лигата.

Регуларниот дел од сезоната ќе трае до 12 април. Плеј-ин турнирот ќе се игра од 16 до 19 април, а плејофот ќе почне на 23 април и ќе заврши најдоцна до 8 мај.

Финалниот турнир е на програмата од 23 до 26 мај идната година во Берлин.

The post Почнува новата сезона во Евролигата appeared first on Република.

]]>

Денеска почнува новата сезона во кошаркарската Евролига, во која 18 екипи ќе се борат за место на завршниот турнир во Берлин. Сезоната ќе б иде отворена во белградската Арена, каде што ќе се сретнат кошаркарите на Црвена звезда и Асвел, а вечерва на програмата се и дуелите Макаби - Партизан, Барселона - Ефес, Баерн - Алба и Виртус Болоња - Жалгирис. Евролигата од оваа сезона првпат воведува плеј-ин турнир по примерот во НБА лигата. Регуларниот дел од сезоната ќе трае до 12 април. Плеј-ин турнирот ќе се игра од 16 до 19 април, а плејофот ќе почне на 23 април и ќе заврши најдоцна до 8 мај. Финалниот турнир е на програмата од 23 до 26 мај идната година во Берлин.

The post Почнува новата сезона во Евролигата appeared first on Република.

]]>
Во крајно драматичен финиш Реал Мадрид по 11. пат стана европски кошаркарски шампион https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/vo-krajno-dramatichen-finish-real-madrid-po-11-pat-stana-evropski-kosharkarski-shampion/ Sun, 21 May 2023 20:37:23 +0000 https://republika.mk/?p=633231

Екипата на Реал Мадрид во Каунас го победи Олимпијакос со 79:78 и по 11. пат се искачи на европскиот кошаркарски трон.

Финалето на Евролигата беше неизвесно до самиот крај. Реал Мадрид во последната минута со серија од 5:0 од негатива од четири поени дојде до триумф. Во завршницата Серхио Родригез постигна тројка, а потоа на 3,2 секунди пред крајот Серхио Љуљ ги постигна своите први поени на средбата, кои се покажаа решавачки.

Грчкиот тим преку Костас Слукас не го реализира последниот напад.

Саша Везенков со 29 поени беше најефикасен во поразениот тим, воедно и на натпреварот, додека Родригез се истакна кај „кралскиот клуб“ со 15 поени и девет асистенции.

Претходно во натпреварот за 3. место, Монако ја победи Барселона со 78:66. Најефикасен играч на натпреварот беше Никола Миротиќ од Барселона со 15 поени. Кошаркарот на Монако, Метју Стразел постигна 14 поени.

The post Во крајно драматичен финиш Реал Мадрид по 11. пат стана европски кошаркарски шампион appeared first on Република.

]]>

Екипата на Реал Мадрид во Каунас го победи Олимпијакос со 79:78 и по 11. пат се искачи на европскиот кошаркарски трон. Финалето на Евролигата беше неизвесно до самиот крај. Реал Мадрид во последната минута со серија од 5:0 од негатива од четири поени дојде до триумф. Во завршницата Серхио Родригез постигна тројка, а потоа на 3,2 секунди пред крајот Серхио Љуљ ги постигна своите први поени на средбата, кои се покажаа решавачки. Грчкиот тим преку Костас Слукас не го реализира последниот напад. Саша Везенков со 29 поени беше најефикасен во поразениот тим, воедно и на натпреварот, додека Родригез се истакна кај „кралскиот клуб“ со 15 поени и девет асистенции. Претходно во натпреварот за 3. место, Монако ја победи Барселона со 78:66. Најефикасен играч на натпреварот беше Никола Миротиќ од Барселона со 15 поени. Кошаркарот на Монако, Метју Стразел постигна 14 поени.

The post Во крајно драматичен финиш Реал Мадрид по 11. пат стана европски кошаркарски шампион appeared first on Република.

]]>
Реал Мадрид ја сруши Барселона и против Олимпијакос ќе игра за 11. европска титула https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/real-madrid-ja-srushi-barselona-i-ke-igra-za-11-evropska-titula-protiv-olimpijakos/ Fri, 19 May 2023 20:30:39 +0000 https://republika.mk/?p=642822

Реал Мадрид го доби евролигашкото „Ел класико“, победувајќи ја Барселона со 73:66 (18:18, 18:24, 22:13, 15:11) во полуфиналето на Фајнл фор турнирот на Евролигата во Каунас, Литванија.

Со триумфот против вечниот ривал, кошаркарите на Реал Мадрид против Олимпијакос ќе се обидат да ја освојат својата 11. европска титула.

„Кралевите“ вака го повторуваат успехот од минатата сезона, кога исто така ја елиминираа Барселона во полуфиналето, пред во големото финале да загубат од Анадолу Ефес.

Ваквиот успех доаѓа по епското четврт-финале во кое губеа со 0:2 од Партизан, пред да победат во два гостински меча и дома да го запечатат билетот за Фајнл фор турнирот.

Барселона имаше предност од 44:36 по првото полувреме, но второто полувреме мина во знакот на „кралевите“, кога со помош на ветераните во тимот, стигнаа до клучна предност. Валтер Таварес заврши со 20 поени и 14 скока за Реал Мадрид.

The post Реал Мадрид ја сруши Барселона и против Олимпијакос ќе игра за 11. европска титула appeared first on Република.

]]>

Реал Мадрид го доби евролигашкото „Ел класико“, победувајќи ја Барселона со 73:66 (18:18, 18:24, 22:13, 15:11) во полуфиналето на Фајнл фор турнирот на Евролигата во Каунас, Литванија. Со триумфот против вечниот ривал, кошаркарите на Реал Мадрид против Олимпијакос ќе се обидат да ја освојат својата 11. европска титула. „Кралевите“ вака го повторуваат успехот од минатата сезона, кога исто така ја елиминираа Барселона во полуфиналето, пред во големото финале да загубат од Анадолу Ефес. Ваквиот успех доаѓа по епското четврт-финале во кое губеа со 0:2 од Партизан, пред да победат во два гостински меча и дома да го запечатат билетот за Фајнл фор турнирот. Барселона имаше предност од 44:36 по првото полувреме, но второто полувреме мина во знакот на „кралевите“, кога со помош на ветераните во тимот, стигнаа до клучна предност. Валтер Таварес заврши со 20 поени и 14 скока за Реал Мадрид.

The post Реал Мадрид ја сруши Барселона и против Олимпијакос ќе игра за 11. европска титула appeared first on Република.

]]>
Олимпијакос славеше против Фенер, Барселона без проблеми против Жалгирис https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/olimpijakos-slaveshe-protiv-fener-barselona-bez-problemi-protiv-zhalgiris/ Wed, 26 Apr 2023 21:01:15 +0000 https://republika.mk/?p=634428

Најдобриот тим во регуларниот дел од Евролигата, грчки Олимпијакос ја започна четвртфиналната серија на домашен терен против Фенербахче.

Клучна за победата на тимот од Атина вечерва беше третата четвртина каде ја направи клучната предност и дојдоа до 79-68.

Најефикасен играч на Олимпијакос и воедно на мечот беше Александар Везенков со 19 поени, додека кај турскиот претставник најефикасни беа Мотли 15 и Пјер 13 поени.

Шпанскиот гигант Барселона исто така со победа на домашен паркет ја започна четвртфиналната фаза од кошаркарската Евролига.

Каталонскиот гигант во првиот меч против литванскиот Жалгирис слваеше со резултат 91-69.

The post Олимпијакос славеше против Фенер, Барселона без проблеми против Жалгирис appeared first on Република.

]]>

Најдобриот тим во регуларниот дел од Евролигата, грчки Олимпијакос ја започна четвртфиналната серија на домашен терен против Фенербахче. Клучна за победата на тимот од Атина вечерва беше третата четвртина каде ја направи клучната предност и дојдоа до 79-68. Најефикасен играч на Олимпијакос и воедно на мечот беше Александар Везенков со 19 поени, додека кај турскиот претставник најефикасни беа Мотли 15 и Пјер 13 поени. Шпанскиот гигант Барселона исто така со победа на домашен паркет ја започна четвртфиналната фаза од кошаркарската Евролига. Каталонскиот гигант во првиот меч против литванскиот Жалгирис слваеше со резултат 91-69.

The post Олимпијакос славеше против Фенер, Барселона без проблеми против Жалгирис appeared first on Република.

]]>
Црвена звезда капитулира во последната четвртина https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/tsrvena-zvezda-kapitulira-vo-poslednata-chetvrtina/ Tue, 10 Jan 2023 22:25:49 +0000 https://republika.mk/?p=595610

Шпанскиот Реал Мадрид се искачи на првото место во кошаркарската Евролига со скор 12-6, откако вечева го совлада во Белград тимот на Црвена звезда 79:59 (25:16, 13:18, 19:17, 22:8).

Српскиот шампион, и покрај отсуството на повеќе клучни кошаркари, имаше водство во средината на третата четвртина, но не успеа да направи изненадување, откако Реал доминираше во финишот на мечот, правејќи серија 22:2 со која го „скрши“ домашниот тим. Звезда сега има 9-9 скор во европската елита. Звезда не можеше да смета на поранешниот член на „кралевитее“, Факундо Кампацо, а исто така беа отсустни и Лука Вилдоса и Никола Ивановиќ

Валтер Таварес беше нерешлива енигма за Звезда, со 17 поени и 12 скока, а одличен беше и Џанан Муса со 19 поени и 6 скока.

The post Црвена звезда капитулира во последната четвртина appeared first on Република.

]]>

Шпанскиот Реал Мадрид се искачи на првото место во кошаркарската Евролига со скор 12-6, откако вечева го совлада во Белград тимот на Црвена звезда 79:59 (25:16, 13:18, 19:17, 22:8). Српскиот шампион, и покрај отсуството на повеќе клучни кошаркари, имаше водство во средината на третата четвртина, но не успеа да направи изненадување, откако Реал доминираше во финишот на мечот, правејќи серија 22:2 со која го „скрши“ домашниот тим. Звезда сега има 9-9 скор во европската елита. Звезда не можеше да смета на поранешниот член на „кралевитее“, Факундо Кампацо, а исто така беа отсустни и Лука Вилдоса и Никола Ивановиќ Валтер Таварес беше нерешлива енигма за Звезда, со 17 поени и 12 скока, а одличен беше и Џанан Муса со 19 поени и 6 скока.

The post Црвена звезда капитулира во последната четвртина appeared first on Република.

]]>
Kaко во НБА: 72 поени за една четвртина во Евролигата https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/kako-vo-nba-72-poeni-za-edna-chetvrtina-vo-evroligata/ Fri, 25 Nov 2022 09:16:16 +0000 https://republika.mk/?p=578102

Партизан и Реал Мадрид постигнаа вкупно 72 поени во првата четвртина од натпреварот од 10. коло на Евролигата што синоќа се одигра во Мадрид. Ова е најефикасната прва четвртина во историјата на Евролигата.

Партизан ја доби воведната четвртина од натпреварот со резултат 40:32, но го загуби натпреварот со 97:105.

Претходниот рекорд беше поставен на натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Алба во сезоната 2019/20. Тогаш тимовите во една четвртина постигнаа вкупно 66 поени.

Првите четвртини со највисок резултат во историјата на Евролигата:

Што се однесува до најефикасната четвртина во историјата на Евролигата воопшто, ја одиграа Нанси и Жалгирис кои заедно постигнаа 77 поени (4-та четвртина, сезона-2008/09)

The post Kaко во НБА: 72 поени за една четвртина во Евролигата appeared first on Република.

]]>

Партизан и Реал Мадрид постигнаа вкупно 72 поени во првата четвртина од натпреварот од 10. коло на Евролигата што синоќа се одигра во Мадрид. Ова е најефикасната прва четвртина во историјата на Евролигата. Партизан ја доби воведната четвртина од натпреварот со резултат 40:32, но го загуби натпреварот со 97:105. Претходниот рекорд беше поставен на натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Алба во сезоната 2019/20. Тогаш тимовите во една четвртина постигнаа вкупно 66 поени. Првите четвртини со највисок резултат во историјата на Евролигата: Што се однесува до најефикасната четвртина во историјата на Евролигата воопшто, ја одиграа Нанси и Жалгирис кои заедно постигнаа 77 поени (4-та четвртина, сезона-2008/09)

The post Kaко во НБА: 72 поени за една четвртина во Евролигата appeared first on Република.

]]>
Претседателот на KK Партизан: Ние сме единствениот клуб во светот каде кошаркарскиот тим е попопуларен од фудбалскиот https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/pretsedatelot-na-kk-partizan-nie-sme-edinstveniot-klub-vo-svetot-kade-kosharkarskiot-tim-e-popopularen-od-fudbalskiot/ Sun, 14 Aug 2022 18:29:23 +0000 https://republika.mk/?p=540307

Претседателот на Партизан, Остоја Михајловиќ очекува зголемено внимание за тимот во првата сезона во Евролигата по 2014 година.

Мислам дека сме единствената кошаркарска екипа во светот која е дел од спортски клуб и има поголема публика од фудбалскиот тим. Сакам да достигнеме рекордна посетеност оваа сезона. Нашата цел е да продадеме над 10.000 сезонски билети. Верувам дека ќе успееме да го направиме ова и да го надминеме рекордот во Евролигата - изјави Михајловиќ.

Партизан доби шанса да игра во Евролигата, откако руските екипи добија забрана за настап поради актуелната ситуација со Украина.

The post Претседателот на KK Партизан: Ние сме единствениот клуб во светот каде кошаркарскиот тим е попопуларен од фудбалскиот appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Партизан, Остоја Михајловиќ очекува зголемено внимание за тимот во првата сезона во Евролигата по 2014 година.
Мислам дека сме единствената кошаркарска екипа во светот која е дел од спортски клуб и има поголема публика од фудбалскиот тим. Сакам да достигнеме рекордна посетеност оваа сезона. Нашата цел е да продадеме над 10.000 сезонски билети. Верувам дека ќе успееме да го направиме ова и да го надминеме рекордот во Евролигата - изјави Михајловиќ.
Партизан доби шанса да игра во Евролигата, откако руските екипи добија забрана за настап поради актуелната ситуација со Украина.

The post Претседателот на KK Партизан: Ние сме единствениот клуб во светот каде кошаркарскиот тим е попопуларен од фудбалскиот appeared first on Република.

]]>
Белград заработи 30 милиони евра од кошаркарискиот фајнал фор https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/belgrad-zaraboti-30-milioni-evra-od-kosharkariskiot-fajn-for/ Sun, 22 May 2022 20:44:20 +0000 https://republika.mk/?p=505576

Заменикот градоначалник на Белград, Горан Весиќ, објави дека главниот град на Србија го посетиле 20.000 гости за време на завршниот турнир во кошаркарската Евролига, истакнувајќи дека градот инкасирал речиси 30 милиони евра од организација на фајнлфорот.

Белград втор пат во последните четири години беше домаќин на завршниот турнир во Евролигата, а четирите натпревари беа пренесувани во повеќе од 70 држави.

– Уште една победа на Белград затоа што бевме храбри и се кандидиравме за организација на турнирот кога никој друг во Европа не се осмелуваше. Не беше лесно да се надмине турнирот од 2018 година, но организацијата на овој турнир беше уште подобра, оцени Весиќ.

Титулата европски првак ја одбрани Анадолу Ефес совладувајќи го Реал Мадрид во финалето, додека Барселона беше поуспешна од Олимпијакос во натпреварот за третото место

The post Белград заработи 30 милиони евра од кошаркарискиот фајнал фор appeared first on Република.

]]>

Заменикот градоначалник на Белград, Горан Весиќ, објави дека главниот град на Србија го посетиле 20.000 гости за време на завршниот турнир во кошаркарската Евролига, истакнувајќи дека градот инкасирал речиси 30 милиони евра од организација на фајнлфорот. Белград втор пат во последните четири години беше домаќин на завршниот турнир во Евролигата, а четирите натпревари беа пренесувани во повеќе од 70 држави.
– Уште една победа на Белград затоа што бевме храбри и се кандидиравме за организација на турнирот кога никој друг во Европа не се осмелуваше. Не беше лесно да се надмине турнирот од 2018 година, но организацијата на овој турнир беше уште подобра, оцени Весиќ.
Титулата европски првак ја одбрани Анадолу Ефес совладувајќи го Реал Мадрид во финалето, додека Барселона беше поуспешна од Олимпијакос во натпреварот за третото место

The post Белград заработи 30 милиони евра од кошаркарискиот фајнал фор appeared first on Република.

]]>
Црвена Звезда: Не застанавме зад транспарентот со украинско знаме за да избегнеме политизација https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/crvena-zvezda-ne-zastanavme-zad-transparentot-so-ukrainsko-zname-za-da-izbegneme-politizacija/ Mon, 04 Apr 2022 19:44:23 +0000 https://republika.mk/?p=483305

Српскиот кошаркарски шампион, Црвена звезда, соопшти дека нејзините играчи со одбивањето на натпреварот против Жалгирис во Каунас да истакнат транспарент во боите на украинското знаме ја следеле политиката на официјален Белград.

Пред натпреварот во Каунас, кошаркарите на Црвена звезда одбија заедно со судиите и домашниот тим да го истакнат сино-жолтиот транспарент на кој беше испишана порака „Стоп на војната“ и со тоа предизвикаа бројни реакции.

Во својата реакција, Црвена звезда истакна дека навремено ја известиле Евролигата за својата намера да не дозволат да бидат вовлечени во политизација околу воениот конфликт во Украина.

КК Црвена звезда како спортски клуб и претставник на Србија, кој зазеде јасна позиција по повод судирите во Украина и ги следи официјалните ставови на нашата држава, во официјалната комуникација со Евролигата и раководството на Жалгирис, неколку денови пред натпреварот во Литванија, јасно стави до знаење дека нема да дозволи политизација и да носи банер во боите на знаме на која било држава, бидејќи со тоа би биле учесници во манипулација и политизација на една од најхуманите и универзални пароли „Стоп на војната“ - соопшти белградскиот клуб.

The post Црвена Звезда: Не застанавме зад транспарентот со украинско знаме за да избегнеме политизација appeared first on Република.

]]>

Српскиот кошаркарски шампион, Црвена звезда, соопшти дека нејзините играчи со одбивањето на натпреварот против Жалгирис во Каунас да истакнат транспарент во боите на украинското знаме ја следеле политиката на официјален Белград. Пред натпреварот во Каунас, кошаркарите на Црвена звезда одбија заедно со судиите и домашниот тим да го истакнат сино-жолтиот транспарент на кој беше испишана порака „Стоп на војната“ и со тоа предизвикаа бројни реакции. Во својата реакција, Црвена звезда истакна дека навремено ја известиле Евролигата за својата намера да не дозволат да бидат вовлечени во политизација околу воениот конфликт во Украина.
КК Црвена звезда како спортски клуб и претставник на Србија, кој зазеде јасна позиција по повод судирите во Украина и ги следи официјалните ставови на нашата држава, во официјалната комуникација со Евролигата и раководството на Жалгирис, неколку денови пред натпреварот во Литванија, јасно стави до знаење дека нема да дозволи политизација и да носи банер во боите на знаме на која било држава, бидејќи со тоа би биле учесници во манипулација и политизација на една од најхуманите и универзални пароли „Стоп на војната“ - соопшти белградскиот клуб.

The post Црвена Звезда: Не застанавме зад транспарентот со украинско знаме за да избегнеме политизација appeared first on Република.

]]>
Поради строгите мерки во Берлин, финалето на Евролигата преместено во Белград https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/poradi-strogite-merki-vo-berlin-finaleto-na-evroligata-premesteno-vo-belgrad/ Fri, 04 Mar 2022 12:24:19 +0000 https://republika.mk/?p=467761

Раководството на кошаркарската Евролига соопшти денеска дека завршниот турнир во мај, што требаше да се одржи во Берлин, е преместен во Белград.

Полуфиналните натпревари ќе се играат на 19, а финалето е на 21 мај.

Српската престолнина вторпат ќе биде домаќин на завршниот турнир на четирите најдобри екипи по фајнлфорот во белградска „Арена“ во 2018 година.

Берлин остана без организација во кошаркарската Евролига поради актуелните здравствени мерки, кои се на сила во овој германски град, а се поврзани со пандемијата на вирусот Ковид-19.

The post Поради строгите мерки во Берлин, финалето на Евролигата преместено во Белград appeared first on Република.

]]>

Раководството на кошаркарската Евролига соопшти денеска дека завршниот турнир во мај, што требаше да се одржи во Берлин, е преместен во Белград. Полуфиналните натпревари ќе се играат на 19, а финалето е на 21 мај. Српската престолнина вторпат ќе биде домаќин на завршниот турнир на четирите најдобри екипи по фајнлфорот во белградска „Арена“ во 2018 година. Берлин остана без организација во кошаркарската Евролига поради актуелните здравствени мерки, кои се на сила во овој германски град, а се поврзани со пандемијата на вирусот Ковид-19.

The post Поради строгите мерки во Берлин, финалето на Евролигата преместено во Белград appeared first on Република.

]]>
Руските екипи исклучени од Евролигата и Еврокупот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruskite-ekipi-isklucheni-od-evroligata-i-evrokupot/ Mon, 28 Feb 2022 17:37:10 +0000 https://republika.mk/?p=465448

Раководството на кошаркарската Евролига ги суспендираше руските клубови од учество на турнири под покровителство на организацијата.

Во соопштението на Евролига се вели и дека во случај на „неповолен развој на ситуацијата“, резултатите од сите натпревари во кои учествуваат руски тимови ќе бидат поништени.

Така од учество во Евролигата се исклучени ЦСКА Москва, Зенит од Санкт Петербург и УНИКС Казан. Локомотив-Кубан од Краснодар е суспендиран од учество во Еврокупот.

Во поредокот од регуларниот дел од Евролигата, Барселона е на чело со 20 победи на 25 натпревари, второто место го зазема Реал Мадрид (20 победи во 26 натпревари), трето – Милано (17 од 25). Зенит е петти (14 од 23), ЦСКА е шеста (14 од 24), УНИКС е осми (13 од 25).

Локомотив Кубан е трет во групата А од Еврокупот, по 12 одиграни натпревари тимот има осум победи. Прв е Хувентуд (13 натпревари, 11 победи), пред Партизан (9 од 13).

The post Руските екипи исклучени од Евролигата и Еврокупот appeared first on Република.

]]>

Раководството на кошаркарската Евролига ги суспендираше руските клубови од учество на турнири под покровителство на организацијата. Во соопштението на Евролига се вели и дека во случај на „неповолен развој на ситуацијата“, резултатите од сите натпревари во кои учествуваат руски тимови ќе бидат поништени. Така од учество во Евролигата се исклучени ЦСКА Москва, Зенит од Санкт Петербург и УНИКС Казан. Локомотив-Кубан од Краснодар е суспендиран од учество во Еврокупот. Во поредокот од регуларниот дел од Евролигата, Барселона е на чело со 20 победи на 25 натпревари, второто место го зазема Реал Мадрид (20 победи во 26 натпревари), трето – Милано (17 од 25). Зенит е петти (14 од 23), ЦСКА е шеста (14 од 24), УНИКС е осми (13 од 25). Локомотив Кубан е трет во групата А од Еврокупот, по 12 одиграни натпревари тимот има осум победи. Прв е Хувентуд (13 натпревари, 11 победи), пред Партизан (9 од 13).

The post Руските екипи исклучени од Евролигата и Еврокупот appeared first on Република.

]]>
Евролига утре ќе одлучи во која држава ќе играат клубовите од Русија https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/evroliga-utre-kje-odluchi-vo-koja-drzava-kje-igraat-klubovite-od-rusija/ Sun, 27 Feb 2022 16:35:53 +0000 https://republika.mk/?p=464792

Раководството на кошаркарската Евролигата утре ќе објави алтернативна земја во која ќе играат руските клубови, пренесува „ТАСС“ повикувајќи се на прес-службата на Евролигата.

Утре ќе има состанок на Бордот на акционери на Евролигата, на кој ќе се разговара за темата за одржување на претстојните натпревари на руските тимови, а се очекува да биде објавена и алтернативна земја во која ќе се играат натпреварите на тимовите од Русија, соопшти прес-службата на елитното кошаркарско натпреварување

Претходно беше одложен натпреварот од 26. коло од регуларниот дел од сезоната во Евролигата меѓу руска ЦСКА и шпанска Барселона. Средбата требаше да се одржи на 27 февруари во Москва.

Евролигата ги одложи и натпреварите Баерн (Германија) – ЦСКА, Басконија (Шпанија) – Уникс (двата на 24 февруари) и Зенит – Барселона (25 февруари).

The post Евролига утре ќе одлучи во која држава ќе играат клубовите од Русија appeared first on Република.

]]>

Раководството на кошаркарската Евролигата утре ќе објави алтернативна земја во која ќе играат руските клубови, пренесува „ТАСС“ повикувајќи се на прес-службата на Евролигата.
Утре ќе има состанок на Бордот на акционери на Евролигата, на кој ќе се разговара за темата за одржување на претстојните натпревари на руските тимови, а се очекува да биде објавена и алтернативна земја во која ќе се играат натпреварите на тимовите од Русија, соопшти прес-службата на елитното кошаркарско натпреварување
Претходно беше одложен натпреварот од 26. коло од регуларниот дел од сезоната во Евролигата меѓу руска ЦСКА и шпанска Барселона. Средбата требаше да се одржи на 27 февруари во Москва. Евролигата ги одложи и натпреварите Баерн (Германија) – ЦСКА, Басконија (Шпанија) – Уникс (двата на 24 февруари) и Зенит – Барселона (25 февруари).

The post Евролига утре ќе одлучи во која држава ќе играат клубовите од Русија appeared first on Република.

]]>
Евролигата одложи осум натпревари поради експлозија на корона вирусот меѓу кошаркарите https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/evroligata-odlozi-osum-natprevari-poradi-eksplozija-na-korona-virusot-megju-kosharkarite/ Wed, 05 Jan 2022 14:53:15 +0000 https://republika.mk/?p=441062

Раководството на Евролигата одложи вкупно осум дуели, кои требаше да се одиграат утре и задутре. Причина за ваквата одлука на раководството на најсилното клупско натпреварување во Европа е значителното зголемување на бројот на кошаркари заразени со корона вирус во екипите.

Откажани се натпреварите Црвена ѕвезда - Фенербахче, Алба - Панатинаикос, Макаби - Басконија и Реал Мадрид - Уникс, кои беа закажани за в четврток, како дуелите ЦСКА Москва - Барселона, Ефес - Баерн Минхен, Жалгирис - Олимпијакос и Асвел - Монако, коишто требаше да се играат в петок.

Единствениот натпревар кој остана на програмата в петок е тој меѓу Милано и Зенит.

Евролигата соопшти дека во консултации со екипите ќе одреди нови термини за одигрување на одложените натпревари.

The post Евролигата одложи осум натпревари поради експлозија на корона вирусот меѓу кошаркарите appeared first on Република.

]]>

Раководството на Евролигата одложи вкупно осум дуели, кои требаше да се одиграат утре и задутре. Причина за ваквата одлука на раководството на најсилното клупско натпреварување во Европа е значителното зголемување на бројот на кошаркари заразени со корона вирус во екипите. Откажани се натпреварите Црвена ѕвезда - Фенербахче, Алба - Панатинаикос, Макаби - Басконија и Реал Мадрид - Уникс, кои беа закажани за в четврток, како дуелите ЦСКА Москва - Барселона, Ефес - Баерн Минхен, Жалгирис - Олимпијакос и Асвел - Монако, коишто требаше да се играат в петок. Единствениот натпревар кој остана на програмата в петок е тој меѓу Милано и Зенит. Евролигата соопшти дека во консултации со екипите ќе одреди нови термини за одигрување на одложените натпревари.

The post Евролигата одложи осум натпревари поради експлозија на корона вирусот меѓу кошаркарите appeared first on Република.

]]>
Миротиќ најдобар кошаркар во Евролигата за декември https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/mirotikj-najdobar-kosharkar-vo-evroligata-za-dekemvri/ Mon, 03 Jan 2022 14:05:20 +0000 https://republika.mk/?p=440054

Кошаркарот на Барселона, Никола Миротиќ е прогласен за најкорисен играч на Евролигата во декември.

Изминатиот месец, 30-годишниот Црногорец со шпански пасош, оствари просек од 21 поен, 6,5 скока и 2,2 асистенции по натпревар.

Барселона во досегашниот дел од сезоната во елитното кошаркарско натпреварување е на порвото место со 15 победи и три порази.

The post Миротиќ најдобар кошаркар во Евролигата за декември appeared first on Република.

]]>

Кошаркарот на Барселона, Никола Миротиќ е прогласен за најкорисен играч на Евролигата во декември. Изминатиот месец, 30-годишниот Црногорец со шпански пасош, оствари просек од 21 поен, 6,5 скока и 2,2 асистенции по натпревар. Барселона во досегашниот дел од сезоната во елитното кошаркарско натпреварување е на порвото место со 15 победи и три порази.

The post Миротиќ најдобар кошаркар во Евролигата за декември appeared first on Република.

]]>