евроизбори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evroizbori/ За подобро да се разбереме Sun, 09 Jun 2024 20:30:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png евроизбори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evroizbori/ 32 32 Националистичката Нова фламанска алијанса победник на изборите во Белгија, премиерот Де Кро поднесе оставка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/natsionalistichkata-nova-flamanska-alijansa-pobednik-na-izborite-vo-belgija-premierot-de-kro-podnese-ostavka/ Sun, 09 Jun 2024 20:30:25 +0000 https://republika.mk/?p=786015

Националистичката Нова фламанска алијанса (Н-ВА) победи на денешните избори за членови на Претставничкиот дом на белгискиот Федерален парламент со освоени 18,9 проценти од гласовите, покажуваат резулатите од преброени речиси 90 отсто од избирачките места.

На второ место е ултра националистичката и десно популистичка партија Фламански избор (ВБ) со 15,5 отсто, на третото место е левичарската Работничката партија на Белгија (ПВДА/ПТБ) со 9,4 проценти, пред фламанската социјалдемократска партија Напред (Воројт) со 9,1 и Христијанските демократи и Фламанци (ЦДВ) со девет отсто од гласовите.

Натаму следуваат валонското либерално Реформско движење (МР) со 8,3 проценти, валонската Социјалистичка партија (ПС) со шест, либералната партија Отворени фламански либерали и демократи (Опен ВЛД) на актуелниот белгиски премиер Александер де Кро со 5,9 отсто, валонската демохристијанска партија Посветените (ЛЕ) со 5,6 и двете еколошки партии – фламанската Зелени со 4,9 и валонската Еколо со 2,6 проценти. Останатите партии имаат под еден отсто.

На изборите за регионалниот Парламент на Брисел, МР освои 26,2 отсто, пред ПС со 21,9, ПВДА/ПТБ со 20,8, ЛЕ со 10,6, Еколо со 10 проценти и бриселската регионална либерална партија Независни федералистички демократи (ДЕФИ) со осум отсто.

МР со освоени 30 проценти од гласовите победи на изборите за Парламентот на Валонија, пред ПС со 22,3, ЛЕ со 21,9, ПВДА/ПТБ со 11,2, Еколо со 7,4, ДЕФИ со 2,7 и валонската националистича партија „Кај нас“ (Ше Ну) со 2,6 проценти.

Во Фландрија на изборите за регионалнит Парламент, Н-ВА освои 23,2 отсто од гласовите, пред ВБ со 16,9, Воројт со 13,5, ЦДВ и Опен ВЛД со по 12,4 и ПВДА/ПТБ и Зелените со 8,3 проценти.

На изборите за членови на Европскиот парламент од Белгија, Н-ВА освои 14,2 отсто од гласовите, пред ВБ со 12 и Опен ВЛД со 10,1 проценти. Натаму следуваат ПС со 9,7, ЦДВ со 9,2, ПВДА/ПТБ со 8,4, Зелените со 7,8, Еколо со 7,3, МР со 7,1, Воројт со 6,4, ЛЕ со 3,5, ДЕФИ со 2,1 и валонската десничарска Народна партија (ПП) со 1,7 отсто. Останатите листи освија под 0,5 отсто од гласовите.

По објавувањето на ваквите резулатите премиерот Де Кро соопшти дека поденсува оставка на функцијата.

- Ова не е резултатот на кој се надевав. Затоа ја преземам одговорноста за овој резултат. Владата сега е техничка додека не се формира нова коалиција, рече де Кро, нагласувајќи дека на земјата брзо и треба нова влада.

The post Националистичката Нова фламанска алијанса победник на изборите во Белгија, премиерот Де Кро поднесе оставка appeared first on Република.

]]>

Националистичката Нова фламанска алијанса (Н-ВА) победи на денешните избори за членови на Претставничкиот дом на белгискиот Федерален парламент со освоени 18,9 проценти од гласовите, покажуваат резулатите од преброени речиси 90 отсто од избирачките места. На второ место е ултра националистичката и десно популистичка партија Фламански избор (ВБ) со 15,5 отсто, на третото место е левичарската Работничката партија на Белгија (ПВДА/ПТБ) со 9,4 проценти, пред фламанската социјалдемократска партија Напред (Воројт) со 9,1 и Христијанските демократи и Фламанци (ЦДВ) со девет отсто од гласовите. Натаму следуваат валонското либерално Реформско движење (МР) со 8,3 проценти, валонската Социјалистичка партија (ПС) со шест, либералната партија Отворени фламански либерали и демократи (Опен ВЛД) на актуелниот белгиски премиер Александер де Кро со 5,9 отсто, валонската демохристијанска партија Посветените (ЛЕ) со 5,6 и двете еколошки партии – фламанската Зелени со 4,9 и валонската Еколо со 2,6 проценти. Останатите партии имаат под еден отсто. На изборите за регионалниот Парламент на Брисел, МР освои 26,2 отсто, пред ПС со 21,9, ПВДА/ПТБ со 20,8, ЛЕ со 10,6, Еколо со 10 проценти и бриселската регионална либерална партија Независни федералистички демократи (ДЕФИ) со осум отсто. МР со освоени 30 проценти од гласовите победи на изборите за Парламентот на Валонија, пред ПС со 22,3, ЛЕ со 21,9, ПВДА/ПТБ со 11,2, Еколо со 7,4, ДЕФИ со 2,7 и валонската националистича партија „Кај нас“ (Ше Ну) со 2,6 проценти. Во Фландрија на изборите за регионалнит Парламент, Н-ВА освои 23,2 отсто од гласовите, пред ВБ со 16,9, Воројт со 13,5, ЦДВ и Опен ВЛД со по 12,4 и ПВДА/ПТБ и Зелените со 8,3 проценти. На изборите за членови на Европскиот парламент од Белгија, Н-ВА освои 14,2 отсто од гласовите, пред ВБ со 12 и Опен ВЛД со 10,1 проценти. Натаму следуваат ПС со 9,7, ЦДВ со 9,2, ПВДА/ПТБ со 8,4, Зелените со 7,8, Еколо со 7,3, МР со 7,1, Воројт со 6,4, ЛЕ со 3,5, ДЕФИ со 2,1 и валонската десничарска Народна партија (ПП) со 1,7 отсто. Останатите листи освија под 0,5 отсто од гласовите. По објавувањето на ваквите резулатите премиерот Де Кро соопшти дека поденсува оставка на функцијата.
- Ова не е резултатот на кој се надевав. Затоа ја преземам одговорноста за овој резултат. Владата сега е техничка додека не се формира нова коалиција, рече де Кро, нагласувајќи дека на земјата брзо и треба нова влада.

The post Националистичката Нова фламанска алијанса победник на изборите во Белгија, премиерот Де Кро поднесе оставка appeared first on Република.

]]>
Познат јутјубер трет на европските избори на Кипар според излезните анкети https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poznat-jutjuber-tret-na-evropskite-izbori-na-kipar-spored-izleznite-anketi/ Sun, 09 Jun 2024 19:57:37 +0000 https://republika.mk/?p=786010

Независниот кандидат Фидиа Панајоту, познат кипарски јутјубер и инфлуенсер, е на третата позиција на европските избори на Кипар, според излезните анкети (exit poll), односно процените на изборните резултати објавени од медиумите, јави дописничката на МИА од Атина.

Станува збор за 24-годишен јутјубер, инфлуенсер, тик-токер и слично, познат под името Фидиа особено популарен на Кипар и без никакво искуство во политиката, а излезните анкети прогнозираат дека е веднаш зад двете најголеми кипарски партии ДИСИ и АКЕЛ, а за третата позиција води битка со ултранационалистичката ЕЛАМ.

На европските избори, Република Кипар одбира вкупно шест претставници во Европскиот Парламент.

Доколку се потврдат прогнозите на излезните анкети, двете најголеми партии ќе добијат по двајца европратеници, а едно место ќе добие Фидиа, односно ќе стане европратеник.

The post Познат јутјубер трет на европските избори на Кипар според излезните анкети appeared first on Република.

]]>

Независниот кандидат Фидиа Панајоту, познат кипарски јутјубер и инфлуенсер, е на третата позиција на европските избори на Кипар, според излезните анкети (exit poll), односно процените на изборните резултати објавени од медиумите, јави дописничката на МИА од Атина. Станува збор за 24-годишен јутјубер, инфлуенсер, тик-токер и слично, познат под името Фидиа особено популарен на Кипар и без никакво искуство во политиката, а излезните анкети прогнозираат дека е веднаш зад двете најголеми кипарски партии ДИСИ и АКЕЛ, а за третата позиција води битка со ултранационалистичката ЕЛАМ. На европските избори, Република Кипар одбира вкупно шест претставници во Европскиот Парламент. Доколку се потврдат прогнозите на излезните анкети, двете најголеми партии ќе добијат по двајца европратеници, а едно место ќе добие Фидиа, односно ќе стане европратеник.

The post Познат јутјубер трет на европските избори на Кипар според излезните анкети appeared first on Република.

]]>
Евроизбори: ЕПП освои 181 пратеник, пред социјалдемократите со 135 и либералите со 82 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/evroizbori-epp-osvoi-181-pratenik-pred-sotsijaldemokratite-so-135-i-liberalite-so-82/ Sun, 09 Jun 2024 19:34:27 +0000 https://republika.mk/?p=786004

Десно центристичката Европска народна партија (ЕПП) ќе остане најбројна политичка групација во Европскиот парламент со освоени 181 пратеничко место, пред лево центристичката Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите (СД) со 135 европратеници, покажуваат излезните анкети од европските избори што се одржаа од четвртокот до денеска во 27-те земји членки на ЕУ.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, трета политичка сила остануваат либералите со 82 мандати, пред десничарската група Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) со 71 и екстремно десничарска групација Идентитет и демократија (ИД) со 62 места. Блокот на Зелените и Европска слободна алијанса (ЕФА) освои меѓу 53 европратеници, а Левицата 34 места.

Останатите 101 мандат во 720-члениот Европарламент им припаднаа на партиите што не се членки на ниту една европска група се очекува да освојат околу 55 места. Меѓу нив се и екстремно десничарската Алтернативата за Германија (АФД), италијанското популистичко Движење Пет ѕвезди (М5С), национал-конзервативната и десно популистичка Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан, лево популистичката и националистичка Насока-Социјална демократија (Смер-СД) на словачкиот премиерот Роберт Фицо, социјалдемократската Глас-Социјална демократија (Хлас) на претседателот на Словачка, Петер Пелегрини и германската левичарска и популистичка Алијанса на Зара Вагенкнехт (БСВ).

Ваквите резултати ги зголемуваат шансите на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која е „шпиценкандидатка“ на ЕПП, за реизбор на функцијата.

The post Евроизбори: ЕПП освои 181 пратеник, пред социјалдемократите со 135 и либералите со 82 appeared first on Република.

]]>

Десно центристичката Европска народна партија (ЕПП) ќе остане најбројна политичка групација во Европскиот парламент со освоени 181 пратеничко место, пред лево центристичката Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите (СД) со 135 европратеници, покажуваат излезните анкети од европските избори што се одржаа од четвртокот до денеска во 27-те земји членки на ЕУ. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, трета политичка сила остануваат либералите со 82 мандати, пред десничарската група Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) со 71 и екстремно десничарска групација Идентитет и демократија (ИД) со 62 места. Блокот на Зелените и Европска слободна алијанса (ЕФА) освои меѓу 53 европратеници, а Левицата 34 места. Останатите 101 мандат во 720-члениот Европарламент им припаднаа на партиите што не се членки на ниту една европска група се очекува да освојат околу 55 места. Меѓу нив се и екстремно десничарската Алтернативата за Германија (АФД), италијанското популистичко Движење Пет ѕвезди (М5С), национал-конзервативната и десно популистичка Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан, лево популистичката и националистичка Насока-Социјална демократија (Смер-СД) на словачкиот премиерот Роберт Фицо, социјалдемократската Глас-Социјална демократија (Хлас) на претседателот на Словачка, Петер Пелегрини и германската левичарска и популистичка Алијанса на Зара Вагенкнехт (БСВ). Ваквите резултати ги зголемуваат шансите на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која е „шпиценкандидатка“ на ЕПП, за реизбор на функцијата.

The post Евроизбори: ЕПП освои 181 пратеник, пред социјалдемократите со 135 и либералите со 82 appeared first on Република.

]]>
Изборен пораз на владината коалиција на Шолц, победник е опозициската ЦДУ/ЦСУ, десничарската АфД е втора политичка сила во Германија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izboren-poraz-na-vladinata-koalitsija-na-sholts-pobednik-e-opozitsiskata-tsdu-tssu-desnicharskata-afd-e-vtora-politichka-sila-vo-germanija/ Sun, 09 Jun 2024 17:34:20 +0000 https://republika.mk/?p=785985

Коалицијата на германскиот канцелар Олаф Шолц доживеа пораз на изборите за Европскиот парламент. Социјалдемократите (СПД) на Шолц забележаа најлош изборен резултат досега - 14%, а послаби резултати имаат и коалициските партнери Зелените со 12-12,5% поддршка, и Либералите со само 5% освоени гласови.

Излезните анкети во Германија покажуваат дека опозицискиот централно-десничарскиот блок ЦДУ/ЦСУ има убедливо водство на изборите за Европскиот парламент, а екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) е на второто место, јави ДПА.

Според анкетите на јавните радиодифузери ЗДФ и АРД, објавени веднаш по затворањето на гласачките места во Германија, блокот ЦДУ/ЦСУ освоил меѓу 29,5% и 30%,  АфД меѓу 16% и 16,5% од гласовите.

Новооснованата популистичка партија Алијанса на Сара Вагенкнехт (БСВ) освоила околу 6% од гласовите.

Со 84,4 милиони жители, Германија е најголемата членка на Европската унија, а нејзините 65 милиони гласачи избираат 96 пратеници во 720 члениот Европскиот парламент.

Фото: ЕПА

The post Изборен пораз на владината коалиција на Шолц, победник е опозициската ЦДУ/ЦСУ, десничарската АфД е втора политичка сила во Германија appeared first on Република.

]]>

Коалицијата на германскиот канцелар Олаф Шолц доживеа пораз на изборите за Европскиот парламент. Социјалдемократите (СПД) на Шолц забележаа најлош изборен резултат досега - 14%, а послаби резултати имаат и коалициските партнери Зелените со 12-12,5% поддршка, и Либералите со само 5% освоени гласови. Излезните анкети во Германија покажуваат дека опозицискиот централно-десничарскиот блок ЦДУ/ЦСУ има убедливо водство на изборите за Европскиот парламент, а екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) е на второто место, јави ДПА. Според анкетите на јавните радиодифузери ЗДФ и АРД, објавени веднаш по затворањето на гласачките места во Германија, блокот ЦДУ/ЦСУ освоил меѓу 29,5% и 30%,  АфД меѓу 16% и 16,5% од гласовите. Новооснованата популистичка партија Алијанса на Сара Вагенкнехт (БСВ) освоила околу 6% од гласовите. Со 84,4 милиони жители, Германија е најголемата членка на Европската унија, а нејзините 65 милиони гласачи избираат 96 пратеници во 720 члениот Европскиот парламент. Фото: ЕПА

The post Изборен пораз на владината коалиција на Шолц, победник е опозициската ЦДУ/ЦСУ, десничарската АфД е втора политичка сила во Германија appeared first on Република.

]]>
Прогноза на резултатите од евроизборите во Грција (exit poll): Нова демократија со убедлива предност https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/prognoza-na-rezultatite-od-evroizborite-vo-grtsija-exit-poll-nova-demokratija-so-ubedliva-prednost/ Sun, 09 Jun 2024 17:06:37 +0000 https://republika.mk/?p=785979

Нова демократија со убедлива победа пред СИРИЗА, ПАСОК на третата позиција, покажуваат резултатите од објавените exit poll, односно процените за изборниот резултат на европските избори во Грција од агенциите за рејтинг во соработка со грчките телевизии, јави дописничката на МИА од Атина.

Приватните телевизии Мега, Скај, Стар, Антена, Алфа и Опен и државната ЕРТ, веднаш по затворањето на гласачките места, точно во 19 часот по локално време, објавија заеднички exit poll.

Резултатите од 80 отсто преброени exit poll за приватните телевизии се дека секоја од партиите би добила:

Нова демократија од 28 до 32 отсто

СИРИЗА од 15,2 до 18,2 отсто

ПАСОК од 10,9 до 13,9 отсто

Комунистичка партија од 7,9 до 10,3 отсто

Грчко решение од 7,6 до 10 отсто

Победа од 2,9 до 4,9 отсто

Курс на слободата од 2,6 до 4,6

Нова левица 1,3 до 2,7 проценти

За една партија да обезбеди влез место во Европскиот Парламентот потребно е да добие минимум три отсто од гласовите.

Грција денеска одбира 21 претставник во Европскиот Парламент, а според процените на агенциите, со 80 проценти од преброени exit poll, Нова демократија би добила седум или осум пратеници, СИРИЗА четворица, ПАСОК тројца, Комунистичката партија и Грчко решение по двајца.

Сепак, станува збор за процени на агенциите за рејтинг, а не за официјални резултати.

Првите официјални резултати од Министерството за внатрешни работи на Грција, коешто е и надлежно за пребројување на гласовите, се очекуваат околу 21 часот по локално време.

На европските избори во 2019 година Нова демократија доби 33 отсто од гласовите и осум европратеници, СИРИЗА беше втора со 23,75 проценти и шест пратенички места, ПАСОК, Комунистичката партија и Златна зора имаа по двајца европратеници, а Грчко решение еден претставник во Европскиот Парламент.

На ланските парламентарни избори, Нова демократија освои 40,56 отсто, СИРИЗА доби 17,83 проценти, а ПАСОК 11,84 проценти.

The post Прогноза на резултатите од евроизборите во Грција (exit poll): Нова демократија со убедлива предност appeared first on Република.

]]>

Нова демократија со убедлива победа пред СИРИЗА, ПАСОК на третата позиција, покажуваат резултатите од објавените exit poll, односно процените за изборниот резултат на европските избори во Грција од агенциите за рејтинг во соработка со грчките телевизии, јави дописничката на МИА од Атина. Приватните телевизии Мега, Скај, Стар, Антена, Алфа и Опен и државната ЕРТ, веднаш по затворањето на гласачките места, точно во 19 часот по локално време, објавија заеднички exit poll. Резултатите од 80 отсто преброени exit poll за приватните телевизии се дека секоја од партиите би добила: Нова демократија од 28 до 32 отсто СИРИЗА од 15,2 до 18,2 отсто ПАСОК од 10,9 до 13,9 отсто Комунистичка партија од 7,9 до 10,3 отсто Грчко решение од 7,6 до 10 отсто Победа од 2,9 до 4,9 отсто Курс на слободата од 2,6 до 4,6 Нова левица 1,3 до 2,7 проценти За една партија да обезбеди влез место во Европскиот Парламентот потребно е да добие минимум три отсто од гласовите. Грција денеска одбира 21 претставник во Европскиот Парламент, а според процените на агенциите, со 80 проценти од преброени exit poll, Нова демократија би добила седум или осум пратеници, СИРИЗА четворица, ПАСОК тројца, Комунистичката партија и Грчко решение по двајца. Сепак, станува збор за процени на агенциите за рејтинг, а не за официјални резултати. Првите официјални резултати од Министерството за внатрешни работи на Грција, коешто е и надлежно за пребројување на гласовите, се очекуваат околу 21 часот по локално време. На европските избори во 2019 година Нова демократија доби 33 отсто од гласовите и осум европратеници, СИРИЗА беше втора со 23,75 проценти и шест пратенички места, ПАСОК, Комунистичката партија и Златна зора имаа по двајца европратеници, а Грчко решение еден претставник во Европскиот Парламент. На ланските парламентарни избори, Нова демократија освои 40,56 отсто, СИРИЗА доби 17,83 проценти, а ПАСОК 11,84 проценти.

The post Прогноза на резултатите од евроизборите во Грција (exit poll): Нова демократија со убедлива предност appeared first on Република.

]]>
За европските избори во Грција акредитирани околу 150 новинари, странски дописници и фоторепортери https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/za-evropskite-izbori-vo-grtsija-akreditirani-okolu-150-novinari-stranski-dopisnitsi-i-fotoreporteri/ Sat, 08 Jun 2024 14:17:45 +0000 https://republika.mk/?p=785754

Околу 150 новинари, дописници, фоторепортери, од кои 50 се од странски медиуми од 11 земји, меѓу кои и од Македонија се акредитирани да ги следат утрешните евроизбори во Грција, според податоците од Генералниот секретаријат за медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Како и за секој изборен циклус во Грција, така и сега отворен е специјален прес-центар во палатата Запио во центарот на Атина.

Освен неопходните услови за новинарите да го следат изборниот процес, во прес центарот има и просторија за интервјуа и прес-конференции во случај некој од лидерите на политичките партии да сака да даде изјава за медиумите.

-Голем број претставници на грчки и меѓународни медиуми изразија интерес да бидат акредитирани за покривање на европските избори на 9 јуни 2024 година од прес-центарот во Запио. До денес се акредитирани околу 150 новинари, дописници, фоторепортери и членови на екипи на телевизиски станици, од кои 50 претставуваат меѓународни медиуми, од 11 земји (САД, Германија, Франција, Обединетото Кралство, Белгија, Бугарија, Кина, Македонија, Турција, Египет, Обединетите Арапски Емирати), соопштија од Генералниот секретаријат за медиуми.

Грците утре ќе гласаат за да ги одберат нивните претставници, вкупно 21 во Европскиот Парламент.

The post За европските избори во Грција акредитирани околу 150 новинари, странски дописници и фоторепортери appeared first on Република.

]]>

Околу 150 новинари, дописници, фоторепортери, од кои 50 се од странски медиуми од 11 земји, меѓу кои и од Македонија се акредитирани да ги следат утрешните евроизбори во Грција, според податоците од Генералниот секретаријат за медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Како и за секој изборен циклус во Грција, така и сега отворен е специјален прес-центар во палатата Запио во центарот на Атина. Освен неопходните услови за новинарите да го следат изборниот процес, во прес центарот има и просторија за интервјуа и прес-конференции во случај некој од лидерите на политичките партии да сака да даде изјава за медиумите.
-Голем број претставници на грчки и меѓународни медиуми изразија интерес да бидат акредитирани за покривање на европските избори на 9 јуни 2024 година од прес-центарот во Запио. До денес се акредитирани околу 150 новинари, дописници, фоторепортери и членови на екипи на телевизиски станици, од кои 50 претставуваат меѓународни медиуми, од 11 земји (САД, Германија, Франција, Обединетото Кралство, Белгија, Бугарија, Кина, Македонија, Турција, Египет, Обединетите Арапски Емирати), соопштија од Генералниот секретаријат за медиуми.
Грците утре ќе гласаат за да ги одберат нивните претставници, вкупно 21 во Европскиот Парламент.

The post За европските избори во Грција акредитирани околу 150 новинари, странски дописници и фоторепортери appeared first on Република.

]]>
Од денеска Грците може да се пријават за поштенско гласање на евроизборите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/od-deneska-grtsite-mozhe-da-se-prijavat-za-poshtensko-glasane-na-evroizborite/ Mon, 19 Feb 2024 11:00:42 +0000 https://republika.mk/?p=745669

Грците, кои на европските избори на 9 јуни ќе одберат гласање преку пошта, од денеска можат да се пријават на соодветната платформа, која ќе остане отворена до крајот на април, јави дописничката на МИА од Атина.

Поштенското гласање, кое на крајот на јануари беше изгласано од Парламентот и ќе важи само за европски избори и референдуми, за првпат се воведува во земјата и се однесува на сите грчки граѓани, кои се запишани во избирачките списоци и сакаат да го остварат своето право на глас по пошта, без разлика дали живеат во Грција или во странство.

Грците кои живеат во странство ќе гласаат исклучиво преку поштенско гласање, додека гласачите во внатрешноста на земјата ќе можат да одберат како ќе го остварат правото на глас или на избирачките места како досега или со гласање по пошта, под услов навремено да се пријават, а паралелно не постојат критериуми кои ја ограничуваат конкретната можноста.

Пријавувањето е преку платформа, избирачкиот материјал ќе биде испратен до гласачите на нивната адреса, кои откако ќе гласаат, ќе треба гласачките ливчиња да ги испратат најдоцна до сабота 8 јуни, односно денот пред изборите.

Ковертот со гласачкиот материјал од Министерството за внатрешни работи ќе биде испратен до гласачите најдоцна до 15 дена пред изборите и ќе содржи коверт, гласачко ливче, упатства и сл, а трошоците нема дс бидат на товар на граѓаните.

Министерката за внатрешни работи на Грција Ники Керамеос истакна дека „гласањето по пошта е реформа од историско и национално значење“, но и дека веќе нема да има никаква пречка за учество на сите во изборниот процес.

Законот за поштенско гласање се однесува само на европските избори и на референдумите, а не и на парламентарните избори.

The post Од денеска Грците може да се пријават за поштенско гласање на евроизборите appeared first on Република.

]]>

Грците, кои на европските избори на 9 јуни ќе одберат гласање преку пошта, од денеска можат да се пријават на соодветната платформа, која ќе остане отворена до крајот на април, јави дописничката на МИА од Атина. Поштенското гласање, кое на крајот на јануари беше изгласано од Парламентот и ќе важи само за европски избори и референдуми, за првпат се воведува во земјата и се однесува на сите грчки граѓани, кои се запишани во избирачките списоци и сакаат да го остварат своето право на глас по пошта, без разлика дали живеат во Грција или во странство. Грците кои живеат во странство ќе гласаат исклучиво преку поштенско гласање, додека гласачите во внатрешноста на земјата ќе можат да одберат како ќе го остварат правото на глас или на избирачките места како досега или со гласање по пошта, под услов навремено да се пријават, а паралелно не постојат критериуми кои ја ограничуваат конкретната можноста. Пријавувањето е преку платформа, избирачкиот материјал ќе биде испратен до гласачите на нивната адреса, кои откако ќе гласаат, ќе треба гласачките ливчиња да ги испратат најдоцна до сабота 8 јуни, односно денот пред изборите. Ковертот со гласачкиот материјал од Министерството за внатрешни работи ќе биде испратен до гласачите најдоцна до 15 дена пред изборите и ќе содржи коверт, гласачко ливче, упатства и сл, а трошоците нема дс бидат на товар на граѓаните. Министерката за внатрешни работи на Грција Ники Керамеос истакна дека „гласањето по пошта е реформа од историско и национално значење“, но и дека веќе нема да има никаква пречка за учество на сите во изборниот процес. Законот за поштенско гласање се однесува само на европските избори и на референдумите, а не и на парламентарните избори.

The post Од денеска Грците може да се пријават за поштенско гласање на евроизборите appeared first on Република.

]]>
„Игра на тронови“ за Европскиот Парламент: Италијанската премиерка Џорџа Мелони е новиот „кингмејкер“ во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/igra-na-tronovi-za-evropskiot-parlament-italijanskata-premierka-dhordha-meloni-e-noviot-kingmejker-vo-eu/ Sun, 11 Feb 2024 08:11:02 +0000 https://republika.mk/?p=742715

При изборот на Урсула фон дер Лајен за претседателка на Европската комисија во јули 2019 година клучна беше поддршката на 14-те европратениците од италијанското „Движење Пет ѕвезди“, благодарение на кои Фон дер Лајен доби 383 гласа или девет повеќе од неопходните 374, додека против нејзиниот избор гласаа 327 пратеници.

Иако Фон дер Лајен се уште официјално не потврдила дека има амбиции за втор мандат на сегашната функција, за нејзиниот евентуален реизбор клучна улога одново би можела да одигра Италија, и тоа овој пат, нејзината премиерка Џорџа Мелони, која за возврат најверојатно би барала една од клучните позиции во ЕУ за нејзината политичка групација Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР).

Според професорот од италијанската Национална академија „Линчеи“, Џанфранко Паскино, Мелони не би ја чинело ништо доколку ја поддржи Фон дер Лајен, а за возврат би можела да ги зајакне својата позиција и влијание во ЕУ.

Дополнително, ако сака да ја оствари своја цел следниот италијански еврокомесар да биде од редовите на нејзината партија „Браќата на Италија“ (ФДИ) и да биде прифатен од идниот претседател на ЕК, би било пожелно Мелони да го поддржи неговиот или нејзиниот избор во Европскиот парламент.

Доколку се остварат прогнозите за резултатите на јунските европски избори, Европските конзервативци и реформисти (ЕЦР) би можеле да бидат четврта по бројност политичка групација во Европарламентот, пред либералите. Во такви услови, ЕЦР би можела да бара за себе една од водечките функции во ЕУ, кои досега традиционално се делеа меѓу трите водечки групации, Европската народна партија (ЕПП), Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) и либералите.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска од Лампедуза ги повикаа европските партнери да и помогнат на Италија во управувањет

Во моментов ЕПП држи две функции - претседателките на Европската комисија и на Европарламентот (Фон дер Лајен и Роберта Мецола), СД - високиот претставник на ЕК за надворешна политика и безбедност (Жосеп Борел), а либералната група „Да ја обновиме Европа“ (РЕ) - претседателот на Советот на ЕУ (Шарл Мишел).

Чешкиот европратеник Јан Захрадил од „Граѓанската демократска партија“ (ОДС), која е членка на ЕЦР, неодамна за „Еурактив“ изјави дека по изборите Италија би можела да добие една од водечките функции во ЕУ.

Според Захрадил, кој беше и „шпиценкандидат“ на ЕЦР на изборите во 2019 година, доколку се појави таква можност, ОДС би требало да ја поддржи ФДИ на Мелони во добивањето на таа позиција.

Ваквата можност ја потврди и советникот на чешкиот премиер и лидер на ОДС, Петр Фиала, Вацлав Смолка, кој изјави дека веќе се разговара за идните позиции во институциите на ЕУ.

Ако сакаме да протуркаме нешто, мораме тоа да го направиме дискретно. Токму така сега преговараме со клучните играчи, изјави Смолка.

На зајакната позиција на Малони во ЕУ укажуваат и информациите дека таа имала клучна улога во „разубедувањето“ на унгарскиот премиер Виктор Орбан да се согласи на финансиската поддршка на Унијата за Украина за време на Европскиот совет на почетокот на месецов. Според дипломатски извори, Мелони била клучниот посредник во убедувањето на Орбан ноќта пред Самиот на ЕУ.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа во Брисел разговараше со неговата италијанска колешка Џорџа Мелони, пред средбата со францускиот претседател Емануел Макрон, соопшти неговиот кабинет.

Дополнително, таа се наметна и како стратешки играч во спроведувањето на Планот на ЕУ за ограничување на миграцијата преку партнерства со трети земји во Медитеранот, а ја ублажи и својата антиевропска реторика со изјава од типот дека ЕУ треба да има позначајна улога во справувањето со „големите прашања“ со кои земјите членки не можат да се справат сами.

Во прилог на можната поддршка на Мелони за Фон дер Лајен одат и нивните зачестени средби во последните месеци на кои прегратките и насмевките пред објективите на камерите и фотоапаратите не останаа незабележани во јавноста. Фон дер Лајен и Мелони минатиот викенд присуствува на Самитот Италија-Африка, пред тоа во два наврати заедно ги посетија поплавените области во италијанскиот регион Емилија-Ромања, лани во септември во екот на напливот на мигранти тие допатуваа на островот Лампедуза, а претходно во јули заедно со холандскиот премиер Марк Руте отпатуваа во Тунис.

Европратеник на ФДИ, кој побарал анонимност, во изјава за „Еурактив“ тврди дека Мелони најверојатно ќе го поддржи евентуалниот реизбор на Фон дер Лајен, но засега е неизвесно дали ЕЦР ќе стане дел од мнозинството во ЕУ, имајќи предвид дека италијанската премиерка „не сака да прави договори со социјалистите“. Според него, ФДИ се надева дека по евроизборите ќе дојде до промена на рамнотежата на силите во Европарламентот и ќе се формира ново мнозинство на ЕПП, ЕЦР и либералите.

Сепак според професорот Паскино, доколку сака да го одржи и зајакне своето влијание во ЕУ, Мелони ќе мора да се дистанцира од нејзиниот коалициски партнер во италијанската Влада, Матео Салвини, кој отворено флертува со европската екстремна десница. Впрочем и неговата партија „Лига“ е членка на семејството на десничарската групација „Идентитет и демократија“ (ИД), предводена од францускиот „Национален собир“ (РН) на Марин ле Пен.

Сметките на Мелони би можела да ги побрка и втората голема партија во ЕЦР покрај ФДИ, полската „Право и правда“ (ПиС), која до неодамна беше на власт во Полска и за време на чие владеење земјата се најде под критики и санкции на Еврокомисијата поради непочитување на принципите на владеењето на правото и на независноста на судството.

Претседателката на Европскиот Парламент Роберта Мецола на Твитер објави фотографија каде се ракува со Мелони и напиша дека Италија „отсекогаш имала централна улога во ЕУ“ и апелираше за сораб

Радослав Фогиел од ПиС изјави дека тие не се задоволни од актуелната претседателка на ЕК, како и дека за „темата фон дер Лајен не се дискутира во партијата“.

Нејзините постапки многу често беа политички, таа многупати се мешаше во полските работи, поддржувајќи го таборот на (актуелниот полски премиер) Доналд Туск, вели Фогиел, нагласувајќи дека Фон дер Лајен ја „издала“ Варшава со замрзнувањето на исплатите на средства од фондовите на ЕУ.

Според аналитичарите, доколку ПиС остане на ваквиот став, а Мелони „премногу отворено“ ја поддржи Фон дер Лајен, тоа би можело да доведе и до поделба на ЕЦР.

Дополнителен проблем за италијанската премиерка може да биде и реализацијата на најавата на Орбан дека по изборите за Европскиот парламент во јуни неговата „Фидес“ - Унгарска граѓанска алијанса ќе се приклучи на ЕЦР. „Фидес“ до март 2021 година беше членка на ЕПП, од која беше суспендирана поради непочитување на принципите на владеењето на правото, човековите права и слободата на медиумите.

Ова би можело, исто така, да биде причина за поделби во ЕЦР, бидејќи чешката ОДС јавно се спротивстави на пристапување на „Фидес“ во групата, додека ПиС ја поддржи ваквата идеја. Мелони и нејзината ФДИ засега не се изјаснија дали се за можно приклучување на „Фидес“ кон ЕЦР. Копретседателот на ЕЦР и европратеник од редовите на ФДИ, Никола Прокачини во коментар на ваквата можност изјави дека „Фидес“ никогаш не аплицирала за членство во групацијата.

Морам да кажам дека ние добро соработуваме со пратениците на Фидес, но мислам дека за тоа ќе се разговара по изборите. До сега нема официјално барање (од Фидес) за приклучување, изјави Прокачини.

Италијанската крајнодесничарска партија „Италијански браќа“, предводена од Џорџа Мелони, освои 26 отсто од гласовите на изборите, а нејзината десничарска коалиција има убедливо мнозинство во

Аналитичари во Рим оценуваат и дека „пријателските врски“ меѓу Мелони и Фон дер Лајен ќе се најдат на тест како ќе се приближуваат европските извори, бидејќи се очекува предизборната јавна реторика на италијанската премиерка да станува се поагресивна и поблиска до ставовите на десничарските популисти, што би довело до оддалечување меѓу ЕПП и ЕЦР.

Кон заладувањето на односите меѓу двете групации може да придонесе и пристапувањето на францускиот европратеник Никола Бе кон ЕЦР. Бе е член на партијата „Повторно освојување“ (Р!) на Ерик Земур, која важи за поекстремна од РН на Ле Пен. Носител на изборната листата на Р! на евроизборите во Франција ќе биде внуката на Марин Ле Пен, Марион Марешал Ле Пен, која е сопруга на европратеникот од редовите на ФДИ, Винченцо Софо.

Групата ЕЦР е нашето природно семејство за да се справиме со илегалната имиграција и да ги браниме идентитетот на Европа, рамнотежа помеѓу екологијата и економските потреби и националниот суверенитет, но и да се бориме против ЛГБТ и разгорената пропаганда, изјави Марешал Ле Пен.

Ваквото „проширување“ на ЕЦР се оценува како нејзино скршнување „в десно“, со што групата се оддалечува од десноцентристичките позиции на ЕПП.

Претставници на Европската народна партија (ЕПП) во неколку наврати ја отфрлаа можноста за распад на нивното сегашно „проевропско“ мнозинство во Европарламентот со социјалдемократите и либералите, а партиски извори посочуваат и дека сегашните тенденции за приклучување на антиевропски и десно популистички партии во ЕЦР би ја отежнале секоја форма на идна соработка на ЕПП со Браќата на Италија (ФДИ) на Мелони.

Според последните анкети на јавното мислење, објавени на почетокот на месецов, ЕПП би освоила меѓу 176 и 180 европратеници, пред СД со 138 до 140 и ИД со 91 до 94 мандати. ЕЦР може да се надева на меѓу 80 и 88 мандати, либералната РЕ меѓу 78 и 82, Зелените меѓу 49 и 51, а групата Левица на 42 европратеници. Останатите 54 или 55 места би ги освоиле партии што во моментов не припаѓаат на ниту една политичка групација, меѓу кои и „Фидес“ на Орбан, како и „Насока - Социјална демократија“ (СМЕР-СД) на словачкиот премиер Роберт Фицо и „Глас - Социјална демократија“ (ХЛАС-СД) на претседателот на Парламентот на Словачка, Петер Пелегрини, кои лани во октомври беа суспендирани од Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) поради нивото коалицирање на десничарската „Словачка национална партија“ (СНС).

The post „Игра на тронови“ за Европскиот Парламент: Италијанската премиерка Џорџа Мелони е новиот „кингмејкер“ во ЕУ appeared first on Република.

]]>

При изборот на Урсула фон дер Лајен за претседателка на Европската комисија во јули 2019 година клучна беше поддршката на 14-те европратениците од италијанското „Движење Пет ѕвезди“, благодарение на кои Фон дер Лајен доби 383 гласа или девет повеќе од неопходните 374, додека против нејзиниот избор гласаа 327 пратеници. Иако Фон дер Лајен се уште официјално не потврдила дека има амбиции за втор мандат на сегашната функција, за нејзиниот евентуален реизбор клучна улога одново би можела да одигра Италија, и тоа овој пат, нејзината премиерка Џорџа Мелони, која за возврат најверојатно би барала една од клучните позиции во ЕУ за нејзината политичка групација Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР). Според професорот од италијанската Национална академија „Линчеи“, Џанфранко Паскино, Мелони не би ја чинело ништо доколку ја поддржи Фон дер Лајен, а за возврат би можела да ги зајакне својата позиција и влијание во ЕУ. Дополнително, ако сака да ја оствари своја цел следниот италијански еврокомесар да биде од редовите на нејзината партија „Браќата на Италија“ (ФДИ) и да биде прифатен од идниот претседател на ЕК, би било пожелно Мелони да го поддржи неговиот или нејзиниот избор во Европскиот парламент. Доколку се остварат прогнозите за резултатите на јунските европски избори, Европските конзервативци и реформисти (ЕЦР) би можеле да бидат четврта по бројност политичка групација во Европарламентот, пред либералите. Во такви услови, ЕЦР би можела да бара за себе една од водечките функции во ЕУ, кои досега традиционално се делеа меѓу трите водечки групации, Европската народна партија (ЕПП), Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) и либералите. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска од Лампедуза ги повикаа европските партнери да и помогнат на Италија во управувањет Во моментов ЕПП држи две функции - претседателките на Европската комисија и на Европарламентот (Фон дер Лајен и Роберта Мецола), СД - високиот претставник на ЕК за надворешна политика и безбедност (Жосеп Борел), а либералната група „Да ја обновиме Европа“ (РЕ) - претседателот на Советот на ЕУ (Шарл Мишел). Чешкиот европратеник Јан Захрадил од „Граѓанската демократска партија“ (ОДС), која е членка на ЕЦР, неодамна за „Еурактив“ изјави дека по изборите Италија би можела да добие една од водечките функции во ЕУ. Според Захрадил, кој беше и „шпиценкандидат“ на ЕЦР на изборите во 2019 година, доколку се појави таква можност, ОДС би требало да ја поддржи ФДИ на Мелони во добивањето на таа позиција. Ваквата можност ја потврди и советникот на чешкиот премиер и лидер на ОДС, Петр Фиала, Вацлав Смолка, кој изјави дека веќе се разговара за идните позиции во институциите на ЕУ.
Ако сакаме да протуркаме нешто, мораме тоа да го направиме дискретно. Токму така сега преговараме со клучните играчи, изјави Смолка.
На зајакната позиција на Малони во ЕУ укажуваат и информациите дека таа имала клучна улога во „разубедувањето“ на унгарскиот премиер Виктор Орбан да се согласи на финансиската поддршка на Унијата за Украина за време на Европскиот совет на почетокот на месецов. Според дипломатски извори, Мелони била клучниот посредник во убедувањето на Орбан ноќта пред Самиот на ЕУ. Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа во Брисел разговараше со неговата италијанска колешка Џорџа Мелони, пред средбата со францускиот претседател Емануел Макрон, соопшти неговиот кабинет. Дополнително, таа се наметна и како стратешки играч во спроведувањето на Планот на ЕУ за ограничување на миграцијата преку партнерства со трети земји во Медитеранот, а ја ублажи и својата антиевропска реторика со изјава од типот дека ЕУ треба да има позначајна улога во справувањето со „големите прашања“ со кои земјите членки не можат да се справат сами. Во прилог на можната поддршка на Мелони за Фон дер Лајен одат и нивните зачестени средби во последните месеци на кои прегратките и насмевките пред објективите на камерите и фотоапаратите не останаа незабележани во јавноста. Фон дер Лајен и Мелони минатиот викенд присуствува на Самитот Италија-Африка, пред тоа во два наврати заедно ги посетија поплавените области во италијанскиот регион Емилија-Ромања, лани во септември во екот на напливот на мигранти тие допатуваа на островот Лампедуза, а претходно во јули заедно со холандскиот премиер Марк Руте отпатуваа во Тунис. Европратеник на ФДИ, кој побарал анонимност, во изјава за „Еурактив“ тврди дека Мелони најверојатно ќе го поддржи евентуалниот реизбор на Фон дер Лајен, но засега е неизвесно дали ЕЦР ќе стане дел од мнозинството во ЕУ, имајќи предвид дека италијанската премиерка „не сака да прави договори со социјалистите“. Според него, ФДИ се надева дека по евроизборите ќе дојде до промена на рамнотежата на силите во Европарламентот и ќе се формира ново мнозинство на ЕПП, ЕЦР и либералите. Сепак според професорот Паскино, доколку сака да го одржи и зајакне своето влијание во ЕУ, Мелони ќе мора да се дистанцира од нејзиниот коалициски партнер во италијанската Влада, Матео Салвини, кој отворено флертува со европската екстремна десница. Впрочем и неговата партија „Лига“ е членка на семејството на десничарската групација „Идентитет и демократија“ (ИД), предводена од францускиот „Национален собир“ (РН) на Марин ле Пен. Сметките на Мелони би можела да ги побрка и втората голема партија во ЕЦР покрај ФДИ, полската „Право и правда“ (ПиС), која до неодамна беше на власт во Полска и за време на чие владеење земјата се најде под критики и санкции на Еврокомисијата поради непочитување на принципите на владеењето на правото и на независноста на судството. Претседателката на Европскиот Парламент Роберта Мецола на Твитер објави фотографија каде се ракува со Мелони и напиша дека Италија „отсекогаш имала централна улога во ЕУ“ и апелираше за сораб Радослав Фогиел од ПиС изјави дека тие не се задоволни од актуелната претседателка на ЕК, како и дека за „темата фон дер Лајен не се дискутира во партијата“.
Нејзините постапки многу често беа политички, таа многупати се мешаше во полските работи, поддржувајќи го таборот на (актуелниот полски премиер) Доналд Туск, вели Фогиел, нагласувајќи дека Фон дер Лајен ја „издала“ Варшава со замрзнувањето на исплатите на средства од фондовите на ЕУ.
Според аналитичарите, доколку ПиС остане на ваквиот став, а Мелони „премногу отворено“ ја поддржи Фон дер Лајен, тоа би можело да доведе и до поделба на ЕЦР. Дополнителен проблем за италијанската премиерка може да биде и реализацијата на најавата на Орбан дека по изборите за Европскиот парламент во јуни неговата „Фидес“ - Унгарска граѓанска алијанса ќе се приклучи на ЕЦР. „Фидес“ до март 2021 година беше членка на ЕПП, од која беше суспендирана поради непочитување на принципите на владеењето на правото, човековите права и слободата на медиумите. Ова би можело, исто така, да биде причина за поделби во ЕЦР, бидејќи чешката ОДС јавно се спротивстави на пристапување на „Фидес“ во групата, додека ПиС ја поддржи ваквата идеја. Мелони и нејзината ФДИ засега не се изјаснија дали се за можно приклучување на „Фидес“ кон ЕЦР. Копретседателот на ЕЦР и европратеник од редовите на ФДИ, Никола Прокачини во коментар на ваквата можност изјави дека „Фидес“ никогаш не аплицирала за членство во групацијата.
Морам да кажам дека ние добро соработуваме со пратениците на Фидес, но мислам дека за тоа ќе се разговара по изборите. До сега нема официјално барање (од Фидес) за приклучување, изјави Прокачини.
Италијанската крајнодесничарска партија „Италијански браќа“, предводена од Џорџа Мелони, освои 26 отсто од гласовите на изборите, а нејзината десничарска коалиција има убедливо мнозинство во Аналитичари во Рим оценуваат и дека „пријателските врски“ меѓу Мелони и Фон дер Лајен ќе се најдат на тест како ќе се приближуваат европските извори, бидејќи се очекува предизборната јавна реторика на италијанската премиерка да станува се поагресивна и поблиска до ставовите на десничарските популисти, што би довело до оддалечување меѓу ЕПП и ЕЦР. Кон заладувањето на односите меѓу двете групации може да придонесе и пристапувањето на францускиот европратеник Никола Бе кон ЕЦР. Бе е член на партијата „Повторно освојување“ (Р!) на Ерик Земур, која важи за поекстремна од РН на Ле Пен. Носител на изборната листата на Р! на евроизборите во Франција ќе биде внуката на Марин Ле Пен, Марион Марешал Ле Пен, која е сопруга на европратеникот од редовите на ФДИ, Винченцо Софо.
Групата ЕЦР е нашето природно семејство за да се справиме со илегалната имиграција и да ги браниме идентитетот на Европа, рамнотежа помеѓу екологијата и економските потреби и националниот суверенитет, но и да се бориме против ЛГБТ и разгорената пропаганда, изјави Марешал Ле Пен.
Ваквото „проширување“ на ЕЦР се оценува како нејзино скршнување „в десно“, со што групата се оддалечува од десноцентристичките позиции на ЕПП. Претставници на Европската народна партија (ЕПП) во неколку наврати ја отфрлаа можноста за распад на нивното сегашно „проевропско“ мнозинство во Европарламентот со социјалдемократите и либералите, а партиски извори посочуваат и дека сегашните тенденции за приклучување на антиевропски и десно популистички партии во ЕЦР би ја отежнале секоја форма на идна соработка на ЕПП со Браќата на Италија (ФДИ) на Мелони. Според последните анкети на јавното мислење, објавени на почетокот на месецов, ЕПП би освоила меѓу 176 и 180 европратеници, пред СД со 138 до 140 и ИД со 91 до 94 мандати. ЕЦР може да се надева на меѓу 80 и 88 мандати, либералната РЕ меѓу 78 и 82, Зелените меѓу 49 и 51, а групата Левица на 42 европратеници. Останатите 54 или 55 места би ги освоиле партии што во моментов не припаѓаат на ниту една политичка групација, меѓу кои и „Фидес“ на Орбан, како и „Насока - Социјална демократија“ (СМЕР-СД) на словачкиот премиер Роберт Фицо и „Глас - Социјална демократија“ (ХЛАС-СД) на претседателот на Парламентот на Словачка, Петер Пелегрини, кои лани во октомври беа суспендирани од Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) поради нивото коалицирање на десничарската „Словачка национална партија“ (СНС).

The post „Игра на тронови“ за Европскиот Парламент: Италијанската премиерка Џорџа Мелони е новиот „кингмејкер“ во ЕУ appeared first on Република.

]]>