евроинтеграции Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evrointegracii/ За подобро да се разбереме Thu, 17 Oct 2024 19:21:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png евроинтеграции Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evrointegracii/ 32 32 Димитриевски: Дипломатските напори треба да продолжат во насока на одблокирање на евроинтеграцијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-diplomatskite-napori-treba-da-prodolzhat-vo-nasoka-na-odblokirane-na-evrointegratsijata/ Thu, 17 Oct 2024 19:21:43 +0000 https://republika.mk/?p=828221

Претседателот на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, Максим Димитриевски вели дека лично е разочаран од одвојувањето на Албанија од Македонија на патот кон ЕУ, и очекува пораст на евроскептицизмот во државата, но смета дека дипломатските напори треба да продолжат во насока на одблокирање на евроинтеграцијата со достоинствено бранење на државните интереси.

- Па лично сум разочаран. Првично и посакувам успех на Албанија, таа е наша држава земја сосед и треба да се интегрира како што треба и целиот регион. Јас имам еден став дека искрено мене ми пречи терминот Западен Балкан бидејќи тоа им го кажувам на сите странски дипломати од европските земји. Ние не сме ништо помалку европејци од нив самите. Само што тие имале среќа да се родат во Западна Еворпа, ние сме се родиле во јуогоисточна и источна Европа. Мислам дека ако ЕУ не изнајде инстурменти, средства бидејќи ние разговараме на мултилатерално ниво сега за еден билатерален проблем самонаметнат од страна од Бугарија, евроскептицизмот ќе се поткрева во државата. И мислам тоа што суштински се бориме да не дозволиме странско друго влијание во регионот, притоа сметајќи на кинеското и руското, за жал ќе се зголемува и Европа треба да биде свесна за тоа. Затоа сметам дека нашите дипломатски напори треба да продолжат, но притоа со исправена кичма не со свиткана кичма, достоинствено да ги браниме нашите државни национални интереси како македонски народ, македонска држава и интереси на сите граѓани на Македонија, вели Димитриевски во Само интервју на Канал 5 телевизија.

Во владината коалиција тој и премиерот делат сличен став за уставни измени со одложено дејство, а во однос на ветувањата на ВЛЕН дека за шест месеци може да почнат преговорите со ЕУ, претседателот на ЗНАМ вели дека тоа се нереални ветувања нагласува дека уставни измени се можни само со одложена примена и ако се добијат гаранции од Брисел за идентитетот и јазикот.

- Јас не инсистирам да кажам дека тоа е мој предлог, бидејќи е мој предлог, го кажав овде, мислам на 6 јули со колегата Таравари. Мене ми е многу мило што денеска тој е составен дел на владината програма и апсолутно мнозинството во Парламентот го има поддржано со гласањето на оваа Влада. Ние како помал, не помалку вреден владин партнер, сме задоволни што нашите ставови се имплементирани во таа владина програма. Она што ќе се случи сигурно и повеќе од јасно е дека сето тоа беше отфрлено од бугарската те. европската страна. И очигледно дека во Бугарија не постои воопшто ниту мал процент на интерес да се надмине овој проблем. Ставовите на претседателот Радев се јасни, дури неколкупати се обидоа да не понижат. Но, тоа не ја отсликува реалната слика на бугарското општество и бугарската јавност. Кога вие разговорите со бугарските граѓани тие се растеретени со ова прашање... Уставни измени под овие услови како што се диктираат, не можат да се случат. Уставни измени можат да се случат по основ на добра волја на мнозинстовто во Парламентот, ако претходно ние како народ бидеме и ни биде гарантирано значи континуитетот, самобитноста, јазикот, културата, идентитетот и историјата. Тоа мора да го гарантира ЕУ, бидејќи таа е преговарач во овој процес сега во моментот. Последниот пат претседателот Радев рече дека вие преговарате со ЕУ, не преговарате веќе со нас, за нас е завршена работа, вели Димитриевски.

Според него, претходната Влада со потпишување на првиот и на вториот протокол и прифаќањето на францускиот предлог не довела во ваква состојба каква што сме денес, и едноставно ние мора да се бориме за нашите позиции.

- Она што е многу побитно за нас е ние Македонците првенствено треба да се обединеме по ова прашање, да изградиме консензус, да побараме поддршка од останатите граѓани во државата коишто живеат, а припаѓаат на останатите етнички заедници, ставајќи акцент и барање до албанската заедница да не разбере дека овде се работи директно за национални чувства на Македонците како составен дел и мнозинско население во оваа држава, и заедно да ја извојуваме оваа битка, вели Димитриевски.

Тој наведува дека досега немало уцени ниту од ВРЕДИ, ниту од ДУИ, ниту од кој било друг политички субјект додека ЗНАМ е составен дел на оваа Влада, а ние, вели, ќе бидеме составен дел на оваа Влада до моментот до кога сметаме дека оваа Влада работи искрено, посветено, и во интерес на граѓаните и на државата.

Во однос на предлогот на поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи ако неможат ЕУ и Бугарија да ни дадат гаранција дека нема да има ново вето, самите со Уставниот закон да предвидиме дека доколку се случат нови блокади да ги поништиме уставните измени, лидерот на ЗНАМ вели дека е тоа задоцнета реакција и е нерелевантен предлог.

- За мене секој предлог кој што ќе излезе во јавноста имам капацитет да го сослушам, да го изанализирам но мислам дека истиот коинцидира со претходниот предлог, или актуелниот предлог кој што е на сила и можеби треба да се бара некоја алтернативно решение кое ви ниту еден момент нема да ја донесе Македонија во незавидна состојба, вели Димитриевски.

Тој не очекува промени во однос на официјалната позицијата на Бугарија по изборите, бидејќи вели тоа е став на бугарското Собрание. Оценува дека решението треба да се бара преку лобирање во ЕУ кај земјите членки и преку Атлантикот.

-Лобирањето треба да дојде од надвор, и нашата дипломатија треба да си ја сработи работата многу поинтензивно во делот на поголемите држави членки на ЕУ кои треба да извршат дополнителен притисок на другата страна која многу умешно успеа еден билатерален самонаметнат проблем успеа да го трансформира во мултилатерален, за кој ние денес за жал разговараме на мултилатерално ниво со сите држави членки на ЕУ преку самите институции на ЕУ, вели претседателот на ЗНАМ.

Прашан на што се должи оптимизмот на премиерот Мицкоски по враќањето од Брисел, тој очекува оваа или следната недела да поразговараат за тоа како коалициски партнери, при тоа наведувајќи ги интересите на ЕУ во актуелниот геостратешки момент, на фактот дека приемот на Бугарија и на Романија во Унијата беше политичка одлука, и како што вели, на отворањето простор за продор на кинеско и руско влијание во регионот.

The post Димитриевски: Дипломатските напори треба да продолжат во насока на одблокирање на евроинтеграцијата appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, Максим Димитриевски вели дека лично е разочаран од одвојувањето на Албанија од Македонија на патот кон ЕУ, и очекува пораст на евроскептицизмот во државата, но смета дека дипломатските напори треба да продолжат во насока на одблокирање на евроинтеграцијата со достоинствено бранење на државните интереси. - Па лично сум разочаран. Првично и посакувам успех на Албанија, таа е наша држава земја сосед и треба да се интегрира како што треба и целиот регион. Јас имам еден став дека искрено мене ми пречи терминот Западен Балкан бидејќи тоа им го кажувам на сите странски дипломати од европските земји. Ние не сме ништо помалку европејци од нив самите. Само што тие имале среќа да се родат во Западна Еворпа, ние сме се родиле во јуогоисточна и источна Европа. Мислам дека ако ЕУ не изнајде инстурменти, средства бидејќи ние разговараме на мултилатерално ниво сега за еден билатерален проблем самонаметнат од страна од Бугарија, евроскептицизмот ќе се поткрева во државата. И мислам тоа што суштински се бориме да не дозволиме странско друго влијание во регионот, притоа сметајќи на кинеското и руското, за жал ќе се зголемува и Европа треба да биде свесна за тоа. Затоа сметам дека нашите дипломатски напори треба да продолжат, но притоа со исправена кичма не со свиткана кичма, достоинствено да ги браниме нашите државни национални интереси како македонски народ, македонска држава и интереси на сите граѓани на Македонија, вели Димитриевски во Само интервју на Канал 5 телевизија. Во владината коалиција тој и премиерот делат сличен став за уставни измени со одложено дејство, а во однос на ветувањата на ВЛЕН дека за шест месеци може да почнат преговорите со ЕУ, претседателот на ЗНАМ вели дека тоа се нереални ветувања нагласува дека уставни измени се можни само со одложена примена и ако се добијат гаранции од Брисел за идентитетот и јазикот. - Јас не инсистирам да кажам дека тоа е мој предлог, бидејќи е мој предлог, го кажав овде, мислам на 6 јули со колегата Таравари. Мене ми е многу мило што денеска тој е составен дел на владината програма и апсолутно мнозинството во Парламентот го има поддржано со гласањето на оваа Влада. Ние како помал, не помалку вреден владин партнер, сме задоволни што нашите ставови се имплементирани во таа владина програма. Она што ќе се случи сигурно и повеќе од јасно е дека сето тоа беше отфрлено од бугарската те. европската страна. И очигледно дека во Бугарија не постои воопшто ниту мал процент на интерес да се надмине овој проблем. Ставовите на претседателот Радев се јасни, дури неколкупати се обидоа да не понижат. Но, тоа не ја отсликува реалната слика на бугарското општество и бугарската јавност. Кога вие разговорите со бугарските граѓани тие се растеретени со ова прашање... Уставни измени под овие услови како што се диктираат, не можат да се случат. Уставни измени можат да се случат по основ на добра волја на мнозинстовто во Парламентот, ако претходно ние како народ бидеме и ни биде гарантирано значи континуитетот, самобитноста, јазикот, културата, идентитетот и историјата. Тоа мора да го гарантира ЕУ, бидејќи таа е преговарач во овој процес сега во моментот. Последниот пат претседателот Радев рече дека вие преговарате со ЕУ, не преговарате веќе со нас, за нас е завршена работа, вели Димитриевски. Според него, претходната Влада со потпишување на првиот и на вториот протокол и прифаќањето на францускиот предлог не довела во ваква состојба каква што сме денес, и едноставно ние мора да се бориме за нашите позиции. - Она што е многу побитно за нас е ние Македонците првенствено треба да се обединеме по ова прашање, да изградиме консензус, да побараме поддршка од останатите граѓани во државата коишто живеат, а припаѓаат на останатите етнички заедници, ставајќи акцент и барање до албанската заедница да не разбере дека овде се работи директно за национални чувства на Македонците како составен дел и мнозинско население во оваа држава, и заедно да ја извојуваме оваа битка, вели Димитриевски. Тој наведува дека досега немало уцени ниту од ВРЕДИ, ниту од ДУИ, ниту од кој било друг политички субјект додека ЗНАМ е составен дел на оваа Влада, а ние, вели, ќе бидеме составен дел на оваа Влада до моментот до кога сметаме дека оваа Влада работи искрено, посветено, и во интерес на граѓаните и на државата. Во однос на предлогот на поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи ако неможат ЕУ и Бугарија да ни дадат гаранција дека нема да има ново вето, самите со Уставниот закон да предвидиме дека доколку се случат нови блокади да ги поништиме уставните измени, лидерот на ЗНАМ вели дека е тоа задоцнета реакција и е нерелевантен предлог. - За мене секој предлог кој што ќе излезе во јавноста имам капацитет да го сослушам, да го изанализирам но мислам дека истиот коинцидира со претходниот предлог, или актуелниот предлог кој што е на сила и можеби треба да се бара некоја алтернативно решение кое ви ниту еден момент нема да ја донесе Македонија во незавидна состојба, вели Димитриевски. Тој не очекува промени во однос на официјалната позицијата на Бугарија по изборите, бидејќи вели тоа е став на бугарското Собрание. Оценува дека решението треба да се бара преку лобирање во ЕУ кај земјите членки и преку Атлантикот. -Лобирањето треба да дојде од надвор, и нашата дипломатија треба да си ја сработи работата многу поинтензивно во делот на поголемите држави членки на ЕУ кои треба да извршат дополнителен притисок на другата страна која многу умешно успеа еден билатерален самонаметнат проблем успеа да го трансформира во мултилатерален, за кој ние денес за жал разговараме на мултилатерално ниво со сите држави членки на ЕУ преку самите институции на ЕУ, вели претседателот на ЗНАМ. Прашан на што се должи оптимизмот на премиерот Мицкоски по враќањето од Брисел, тој очекува оваа или следната недела да поразговараат за тоа како коалициски партнери, при тоа наведувајќи ги интересите на ЕУ во актуелниот геостратешки момент, на фактот дека приемот на Бугарија и на Романија во Унијата беше политичка одлука, и како што вели, на отворањето простор за продор на кинеско и руско влијание во регионот.

The post Димитриевски: Дипломатските напори треба да продолжат во насока на одблокирање на евроинтеграцијата appeared first on Република.

]]>
Мицкоски од Берлин: Германија останува наш силен поддржувач, сојузник и партнер во евроинтеграциите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-od-berlin-germanija-ostanuva-nash-silen-poddrzhuvach-sojuznik-i-partner-vo-evrointegratsiite/ Mon, 14 Oct 2024 17:34:47 +0000 https://republika.mk/?p=826785

Пораката од Берлин е дека Германија останува наш силен поддржувач, наш сојузник и партнер во евроинтеграциите, изјави премиерот на Македонија Христијан Мицкоски за вестите на Македонската телевизија.

Многу јасно ги презентирав приоритетите на Владата, во делот на економијата, но и на енергетскита, патната и железничката инфраструктура.
Во делот на евроинтегративните процеси го презентирав ставот на Владата, заслужуваме да ги почнеме процесите безусловно и да ги покажеме нашите капацитети. Нашата политика е дипломатија во којашто ќе ги браниме интересите на нашите граѓани и држава, а истовремено ќе работиме со нашите партнери, изјави Мицкоски.

Премиерот Мицкоски е во Берлин, каде учествува на Самитот на земјите од Берлинскиот процес. Тој имал и средба со германскиот канцелар Олаф Шолц, објави Мицкоски на социјалните мрежи.

The post Мицкоски од Берлин: Германија останува наш силен поддржувач, сојузник и партнер во евроинтеграциите appeared first on Република.

]]>

Пораката од Берлин е дека Германија останува наш силен поддржувач, наш сојузник и партнер во евроинтеграциите, изјави премиерот на Македонија Христијан Мицкоски за вестите на Македонската телевизија.
Многу јасно ги презентирав приоритетите на Владата, во делот на економијата, но и на енергетскита, патната и железничката инфраструктура. Во делот на евроинтегративните процеси го презентирав ставот на Владата, заслужуваме да ги почнеме процесите безусловно и да ги покажеме нашите капацитети. Нашата политика е дипломатија во којашто ќе ги браниме интересите на нашите граѓани и држава, а истовремено ќе работиме со нашите партнери, изјави Мицкоски.
Премиерот Мицкоски е во Берлин, каде учествува на Самитот на земјите од Берлинскиот процес. Тој имал и средба со германскиот канцелар Олаф Шолц, објави Мицкоски на социјалните мрежи.  

The post Мицкоски од Берлин: Германија останува наш силен поддржувач, сојузник и партнер во евроинтеграциите appeared first on Република.

]]>
Во вторник се отвора првиот кластер со што почнуваат преговорите за членство на Албанија во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-vtornik-se-otvora-prviot-klaster-so-shto-pochnuvaat-pregovorite-za-chlenstvo-na-albanija-vo-eu/ Sat, 12 Oct 2024 09:59:57 +0000 https://republika.mk/?p=825832

Комитетот на постојани претставници на владите на земјите членки на ЕУ (Корепер) го усвои Заедничкиот став на Унијата за отворање на првиот кластер во преговорите за членство на Албанија, со што се овозможува одржување на Меѓувладина конференција ЕУ-Албанија во вторник (15 октомври) во Луксембург, соопшти унгарското претседателство со Европската Унија.

Албанија ќе биде првата меѓу земјите кандидати за членство што ќе ги отвори пристапните преговори според ревидираната методологија за проширување, што ќе биде клучен момент за оваа земја од Западниот Балкан, се наведува во соопштението.

Првиот сет на поглавја, Кластерот „Основни вредности“, ги опфаќа фундаменталните реформи, што ќе го трасираат патот за почеток на преговори по другите кластери.

Напредокот по овие реформи ќе го одреди и целокупното темпо на преговорите, потенцира унгарското претседателство.

Во соопштението се додава и дека во пресрет на одлуката на Корепер, вчера во Будимпешта се одржала средба на премиерите на Унгарија и Албанија, Виктор Орбан и Еди Рама, на која тие разговарале за пристапните преговори и се согласиле да продолжат со зајакнување на билатералната соработка.

Корепер минатиот месец реши Албанија да почне преговори за членство со ЕУ по кластери, со што практично земјата е одвоена на својот европски пат од Македонија. Досега двете држави се движеа заедно во пакет кон полноправно членство во Унијата.

The post Во вторник се отвора првиот кластер со што почнуваат преговорите за членство на Албанија во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Комитетот на постојани претставници на владите на земјите членки на ЕУ (Корепер) го усвои Заедничкиот став на Унијата за отворање на првиот кластер во преговорите за членство на Албанија, со што се овозможува одржување на Меѓувладина конференција ЕУ-Албанија во вторник (15 октомври) во Луксембург, соопшти унгарското претседателство со Европската Унија.
Албанија ќе биде првата меѓу земјите кандидати за членство што ќе ги отвори пристапните преговори според ревидираната методологија за проширување, што ќе биде клучен момент за оваа земја од Западниот Балкан, се наведува во соопштението.
Првиот сет на поглавја, Кластерот „Основни вредности“, ги опфаќа фундаменталните реформи, што ќе го трасираат патот за почеток на преговори по другите кластери.
Напредокот по овие реформи ќе го одреди и целокупното темпо на преговорите, потенцира унгарското претседателство.
Во соопштението се додава и дека во пресрет на одлуката на Корепер, вчера во Будимпешта се одржала средба на премиерите на Унгарија и Албанија, Виктор Орбан и Еди Рама, на која тие разговарале за пристапните преговори и се согласиле да продолжат со зајакнување на билатералната соработка. Корепер минатиот месец реши Албанија да почне преговори за членство со ЕУ по кластери, со што практично земјата е одвоена на својот европски пат од Македонија. Досега двете држави се движеа заедно во пакет кон полноправно членство во Унијата.

The post Во вторник се отвора првиот кластер со што почнуваат преговорите за членство на Албанија во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Шатунас: Билатералните прашања не смеат да ги попречат евроинтеграциите, а преземените обврски треба да се спроведуваат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shatunas-bilateralnite-prashana-ne-smeat-da-gi-poprechat-evrointegratsiite-a-prezemenite-obvrski-treba-da-se-sproveduvaat/ Fri, 11 Oct 2024 14:23:21 +0000 https://republika.mk/?p=825593

Заменик-министерот за надворешни работи на Литванија, Симонас Шатунас, чија земја оваа година одбележува 20-години членство во Европската Унија, во интервју за МИА нагласува дека билатералните прашања не смеат да го попречат процесот на преговори и членство, но од друга страна важно е и веќе преземените обврски да се спроведуваат.

На прашањето за тоа каков е ставот на Литванија за одложеното дејство на уставните измени, но и дали има сознанија за мислењето на останатите членки на Унијата, Шатунас без конкрентен одговор и со став дека сметаат оти е потребно да има се помалку билатерални прашања, но да се продолжи со спроведување на она што до моментот е преземено како обврска, со цел понатаму целосно да се отстранат билатералните прашања од процесот на преговори.

Како што кажав претходно, ние сметаме дека билатералните прашања не смее да го засенат или попречат процесот на преговори и пристапување. Од друга страна, многу е важно кога се склучуваат договори и се преземаат обврски да нема застој и да нема повторно отворање, односно дека обврските треба да се спроведат инаку може да дојде до нова реалност и повторни одложувања. Затоа ние сметаме дека треба да има што помалку билатерални прашања, но доколку се преземат обврски тогаш е подобро да се продолжи со спроведувањето и процесот да се движи напред, бидејќи тоа е целата идеја, да се отстранат билатералните прашања од процесот на преговори, вели Шатунас.

Во интервјуто Шатунас говори за целта на неговата посета, за билатералната соработката и искуствата кои Литванија може да и ги понуди на земјава во процесот на евроинтеграција, но и за самиот процес и колку навистина се води по мерит системот и е заштитен од билатерализација.

https://www.youtube.com/watch?v=HvcbznW_Vjo

The post Шатунас: Билатералните прашања не смеат да ги попречат евроинтеграциите, а преземените обврски треба да се спроведуваат appeared first on Република.

]]>

Заменик-министерот за надворешни работи на Литванија, Симонас Шатунас, чија земја оваа година одбележува 20-години членство во Европската Унија, во интервју за МИА нагласува дека билатералните прашања не смеат да го попречат процесот на преговори и членство, но од друга страна важно е и веќе преземените обврски да се спроведуваат. На прашањето за тоа каков е ставот на Литванија за одложеното дејство на уставните измени, но и дали има сознанија за мислењето на останатите членки на Унијата, Шатунас без конкрентен одговор и со став дека сметаат оти е потребно да има се помалку билатерални прашања, но да се продолжи со спроведување на она што до моментот е преземено како обврска, со цел понатаму целосно да се отстранат билатералните прашања од процесот на преговори.
Како што кажав претходно, ние сметаме дека билатералните прашања не смее да го засенат или попречат процесот на преговори и пристапување. Од друга страна, многу е важно кога се склучуваат договори и се преземаат обврски да нема застој и да нема повторно отворање, односно дека обврските треба да се спроведат инаку може да дојде до нова реалност и повторни одложувања. Затоа ние сметаме дека треба да има што помалку билатерални прашања, но доколку се преземат обврски тогаш е подобро да се продолжи со спроведувањето и процесот да се движи напред, бидејќи тоа е целата идеја, да се отстранат билатералните прашања од процесот на преговори, вели Шатунас.
Во интервјуто Шатунас говори за целта на неговата посета, за билатералната соработката и искуствата кои Литванија може да и ги понуди на земјава во процесот на евроинтеграција, но и за самиот процес и колку навистина се води по мерит системот и е заштитен од билатерализација. https://www.youtube.com/watch?v=HvcbznW_Vjo

The post Шатунас: Билатералните прашања не смеат да ги попречат евроинтеграциите, а преземените обврски треба да се спроведуваат appeared first on Република.

]]>
ЕУ да му даде нов импулс на процесот на интеграција на земјите од Западниот Балкан https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/eu-da-mu-dade-nov-impuls-na-protsesot-na-integratsija-na-zemjite-od-zapadniot-balkan/ Wed, 25 Sep 2024 06:17:06 +0000 https://republika.mk/?p=819408

Еден од клучните приоритети на унгарското претседателство со Советот на ЕУ е да водиме избалансирана и кредибилна политика на проширување заснована на заслуги и да му дадеме нов импулс на процесот на интеграција на земјите од Западниот Балкан, признавајќи дека Унијата не е целосна без нивното приклучување, порача министерот за европски прашања на Унгарија, Јанош Бока.

Очекуваме да постигнеме видлив напредок во пристапувањето на овие земји кандидати во ЕУ, продлабочувајќи ја соработката преку претстојниот Самит ЕУ-Западен Балкан и Европската политичка заедница, додаде Бока по завршувањето на вчерашното заседание на Советот за општи работи на Европската Унија (ГАК).

Главна тема на состанок на ГАК, на кој учествуваше и министерот за европски прашања Орхан Муртезани, беше Извештајот на Европската комисија за владеење на правото за 2024 година, со кој годинава покрај земјите членки на ЕУ, првпат беа опфатени и четирите држави од Западниот Балкан вклучени во пристапниот процес – Македонија, Албанија, Србија и Црна Гора.

Владеењето на правото има централна улога во процесот на проширување како основен услов за членство во ЕУ. Оваа година, Албанија, Црна Гора, Македонија и Србија, како најнапредни земји кандидати во процесот на пристапување и во однос на нивото на подготвеност за владеење на правото, за првпат беа вклучени во извештајот на Комисијата за владеење на правото, се наведува во соопштението од заседанието на ГАК.

Во дебатата, која опфати четири области поврзани со владеењето на правото: правосудниот систем, антикорупциската рамка, медиумскиот плурализам и слобода и други институционални прашања поврзани со контролните механизми, министрите го поздравија добриот севкупен напредок во исполнувањето на препораките на Комисијата и вклучувањето на земјите кандидати во овогодишниот извештај.

Министрите ги поздравија сеопфатните реформи што ги спроведоа или иницираа четирите земји кандидати за зајакнување на владеењето на правото и ги охрабрија да продолжат со своите реформски напори додека се подготвуваат за членство во ЕУ. Дискусијата се фокусираше само на општите трендови за владеење на правото и по дебатата не беа донесени официјални заклучоци. Дискусиите за владеењето на правото во поединечните земји кандидати ќе продолжат да се одржуваат во рамките на процесот на проширување, се наведува во соопштението.

Покрај за состојбите во четирите земји кандидати за членство од Западниот Балкан, министрите за европски прашања на членките на ЕУ, како дел од годишниот дијалог на Советот за владеење на правото, расправаа и за општите состојби поврзани со владеењето на правото во Унијата, врз основа на Извештајот на Комисијата. Учесниците на состанокот на ГАК оценија и дека е важно да се продолжи дијалогот со целосно почитување на принципите на објективност, недискриминација и еднаков третман  на сите земји членки на ЕУ.

Дополнително, актуелното унгарско претседателство со Советот на ЕУ ги претстави приоритетите на своето претседавање, кои вклучуваат подготовка на нов европски договор за конкурентност, зајакнување на европската одбранбена политика, водење конзистентна политика на проширување заснована на заслуги, спречување на илегалната миграција, обликување на иднината на кохезивната политика, изработка на земјоделска политика на ЕУ насочена кон земјоделците и справување со демографските предизвици.

Во делот на надлежностите на ГАК, унгарското претседателство ќе продолжи со активности кон спроведување на Стратешката агенда, зајакнување на владеењето на правото, транспарентноста, интегритетот и демократска отпорност, креирањето на иднината на Европа, проширувањето на Унијата, борбата против антисемитизмот, зајакнување на односите на ЕУ со Велика Британија и Швајцарија и склучување на договори за асоцијација со Андора и Сан Марино.

На заседанието започнаа и подготовките за Самитот на ЕУ предвиден за 17 и 18 октомври 2024 година, со дискусија за предлог-дневниот ред за средбата на шефовите на држави или влади на членките на Унијата.

Според првичната предлог агенда, лидерите на ЕУ ќе се осврнат на руската агресија врз Украина и на ситуацијата на Блискиот Исток, а ќе ја одржат и прва размена за извештајот на поранешниот италијански премиер Марио Драги за иднината на европската конкурентност.

Другите теми на Самитот се поврзани со миграцијата, безбедноста и одбраната, подготовките за самитите за климатски промени КОП29 и за биолошка разновидност КOP16, како и за случувањата во Грузија и Молдавија.

The post ЕУ да му даде нов импулс на процесот на интеграција на земјите од Западниот Балкан appeared first on Република.

]]>

Еден од клучните приоритети на унгарското претседателство со Советот на ЕУ е да водиме избалансирана и кредибилна политика на проширување заснована на заслуги и да му дадеме нов импулс на процесот на интеграција на земјите од Западниот Балкан, признавајќи дека Унијата не е целосна без нивното приклучување, порача министерот за европски прашања на Унгарија, Јанош Бока.
Очекуваме да постигнеме видлив напредок во пристапувањето на овие земји кандидати во ЕУ, продлабочувајќи ја соработката преку претстојниот Самит ЕУ-Западен Балкан и Европската политичка заедница, додаде Бока по завршувањето на вчерашното заседание на Советот за општи работи на Европската Унија (ГАК).
Главна тема на состанок на ГАК, на кој учествуваше и министерот за европски прашања Орхан Муртезани, беше Извештајот на Европската комисија за владеење на правото за 2024 година, со кој годинава покрај земјите членки на ЕУ, првпат беа опфатени и четирите држави од Западниот Балкан вклучени во пристапниот процес – Македонија, Албанија, Србија и Црна Гора.
Владеењето на правото има централна улога во процесот на проширување како основен услов за членство во ЕУ. Оваа година, Албанија, Црна Гора, Македонија и Србија, како најнапредни земји кандидати во процесот на пристапување и во однос на нивото на подготвеност за владеење на правото, за првпат беа вклучени во извештајот на Комисијата за владеење на правото, се наведува во соопштението од заседанието на ГАК.
  Во дебатата, која опфати четири области поврзани со владеењето на правото: правосудниот систем, антикорупциската рамка, медиумскиот плурализам и слобода и други институционални прашања поврзани со контролните механизми, министрите го поздравија добриот севкупен напредок во исполнувањето на препораките на Комисијата и вклучувањето на земјите кандидати во овогодишниот извештај.
Министрите ги поздравија сеопфатните реформи што ги спроведоа или иницираа четирите земји кандидати за зајакнување на владеењето на правото и ги охрабрија да продолжат со своите реформски напори додека се подготвуваат за членство во ЕУ. Дискусијата се фокусираше само на општите трендови за владеење на правото и по дебатата не беа донесени официјални заклучоци. Дискусиите за владеењето на правото во поединечните земји кандидати ќе продолжат да се одржуваат во рамките на процесот на проширување, се наведува во соопштението.
Покрај за состојбите во четирите земји кандидати за членство од Западниот Балкан, министрите за европски прашања на членките на ЕУ, како дел од годишниот дијалог на Советот за владеење на правото, расправаа и за општите состојби поврзани со владеењето на правото во Унијата, врз основа на Извештајот на Комисијата. Учесниците на состанокот на ГАК оценија и дека е важно да се продолжи дијалогот со целосно почитување на принципите на објективност, недискриминација и еднаков третман  на сите земји членки на ЕУ. Дополнително, актуелното унгарско претседателство со Советот на ЕУ ги претстави приоритетите на своето претседавање, кои вклучуваат подготовка на нов европски договор за конкурентност, зајакнување на европската одбранбена политика, водење конзистентна политика на проширување заснована на заслуги, спречување на илегалната миграција, обликување на иднината на кохезивната политика, изработка на земјоделска политика на ЕУ насочена кон земјоделците и справување со демографските предизвици.   Во делот на надлежностите на ГАК, унгарското претседателство ќе продолжи со активности кон спроведување на Стратешката агенда, зајакнување на владеењето на правото, транспарентноста, интегритетот и демократска отпорност, креирањето на иднината на Европа, проширувањето на Унијата, борбата против антисемитизмот, зајакнување на односите на ЕУ со Велика Британија и Швајцарија и склучување на договори за асоцијација со Андора и Сан Марино. На заседанието започнаа и подготовките за Самитот на ЕУ предвиден за 17 и 18 октомври 2024 година, со дискусија за предлог-дневниот ред за средбата на шефовите на држави или влади на членките на Унијата. Според првичната предлог агенда, лидерите на ЕУ ќе се осврнат на руската агресија врз Украина и на ситуацијата на Блискиот Исток, а ќе ја одржат и прва размена за извештајот на поранешниот италијански премиер Марио Драги за иднината на европската конкурентност. Другите теми на Самитот се поврзани со миграцијата, безбедноста и одбраната, подготовките за самитите за климатски промени КОП29 и за биолошка разновидност КOP16, како и за случувањата во Грузија и Молдавија.

The post ЕУ да му даде нов импулс на процесот на интеграција на земјите од Западниот Балкан appeared first on Република.

]]>
Муртезани: Време е ЕУ да нè сретне на половина пат и да ја врати вербата на граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/murtezani-vreme-e-eu-da-ne-sretne-na-polovina-pat-i-da-ja-vrati-verbata-na-graganite/ Fri, 13 Sep 2024 14:29:43 +0000 https://republika.mk/?p=816095

Време е Европската Унија да нè сретне на половина пат и да ја врати вербата на граѓаните во евроинтеграциите, истакна министерот за европски прашања, Орхан Муртезани на „Балканскиот интегративен форум 2024“ (BIF2024), кој се одржува од денеска во Подгорица, Црна Гора.

Додека еднаш имаше ентузијазам за европските интеграции, сега има незадоволство за европскиот сон. За Македонија и Западен Балкан Европската Унија не смее да се гледа како илузорна цел. Стратешки интерес на ЕУ е Западиот Балкан да не го изгуби интересот, порача Муртезани.

Тој истакна дека евроинтеграциите се морален императив, посветеност на мир, демократија и иднината на граѓаните.

Овој процес претставува егзистенцијален избор кој го преобликува општеството. Верувам дека интеграцискиот процес е можна алатка за трансформација, дополни министерот за европски прашања Орха Муртезани.

The post Муртезани: Време е ЕУ да нè сретне на половина пат и да ја врати вербата на граѓаните appeared first on Република.

Ако Брисел има волја – има и начин, порача Мицкоски и побара да престане билатерализацијата на евроинтегративниот процес https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ako-brisel-ima-volja-ima-i-nachin-poracha-mitskoski-i-pobara-da-prestane-bilateralizatsijata-na-evrointegrativniot-protses/ Tue, 10 Sep 2024 19:16:56 +0000 https://republika.mk/?p=815097

Премиерот Христијан Мицкоски зборувајќи за уставните измени апелираше да се престане со билатерализација на евроинтегративниот процес. Мицкоски вечерва во телевизиско интервју рече дека не станува збор дали граѓаните или политичарите имаат воља за уставни измени туку да во Брисел има воља да се реши ова прашање.

Не станува збор тука за воља... Граѓаните, политичките партии многу пати покажаа воља, прашањето е дали во Брисел има воља да се реши овој проблем, затоа што ако има воља во Брисел има и начин. Евроинтегративниот процес е двонасочна улица. Евроинтегративниот процес не е само танц на еден, не е ова соло танц, ние мораме да имаме двонасочна улица, мора да имаме танц во којшто играат двајца. Вистинската адреса е попатна Софија, а директна Брисел. Треба да знаеме што е тоа што тие го планираат со Македонија. Ние имаме целосно изедначена надворешна политика со ЕУ, безбедносна политика, континуирано ги следиме процесите кои ги води ЕИ, но за жал изминативе две и пол децении изоболува со многу предизвици и тие предизвици се вештачки. Секогаш тие предизвици удираа и задираат на македонскиот идентитет, сите тие и многу пати македонскиот идентитет во минатото е начнат. Се правени отстапки на сметка на македонскиот идентитет. И во таа насока, јас апелирам да се престане со билатерализација на евроинтегративниот процес, рече Мицкоски во интервју на телевизија АЛСАТ - М.

За жал, додаде тој, некои од земјите - членки се обидуваат што повеќе билатерални проблеми да внесат во евроинтегративниот процес. Некој треба да излезе и да ја објасни суштината на преговорите, вели Мицкоски, посочувајќи дека тие се за дa се зголемат и да се подобрат капацитетите на институциите.

И сега ние зборуваме како да ги подобриме капацитетите на институциите кај нас, а решаваме прашања од средниот век од 11-от и 12-от век, рече премиерот.

Потврди дека на 19 септември ќе отпатува на состанок во Брисел и дека таму ќе биде соопштен владиниот предлог за кој веќе јавно се зборува. Мицкоски вели дека тие нема да влезат наивно во какви било процеси и отстапки, без притоа да има јасен план и гаранција.

А тој јасен план и јасна гаранција мора да бидат потврда која што ќе се темели на јасна порака и на јасни постигнувања. Не можеме веќе да влегуваме во процеси без да имаме предвидлива завршница и затоа ние сме конструктивен партнер во процесот и велиме ајде заедно да седнеме со владата во Софија и да разговараме и да видиме имаме ние предлог. Тој предлог ние јасно го зборуваме, тој предлог не е од сега. Логичен е предлогот за одложена примена, да ги завршиме преговорите, па да видиме тогаш што ќе правиме, како ќе правиме, да видиме што со пресудите од Стразбур за македонската заедница од Бугарија, да видиме што конечно со идентитетот македонски и јазикот итн., затоа што ако ги погледате поглавјате 34 и 35 ги нема... Имаме многу прашања за кои треба да се дискутира. Ние сме подготвени, сакаме да дискутираме и да најдеме решение, вели премиерот.

Во интервјуто премиерот зборуваше и за десетте постулати со кои повика на заедништво и сплотеност истакнувајќи дека мнозинството граѓани сакаат подобар живот, повисоки плати, ред, а не етнички теми и тензии со кои СДСМ и ДУИ прават дефокус обидувајќи се да го заштитат криминалот.

Премиерот Мицкоски нагласи дека најголемиот дел од граѓаните, две третини не сакаат етнички конфликти и тензија, туку сакаат подобар живот, повеќе пари, повисоки плати, повисок стандард и ред, и тоа е дел од овие десет столбови.

Има политичари и политички структури кои во отсуство на ваква понуда или немање желба да се признае што направи оваа влада во изминативе два месеци се обидуваат да направат дефокус со етнички теми, мислејќи дека на тој начин ќе мобилизираат поголема маса, за да може да го заштитат криминално стекнатиот имот, посочи Мицкоски.

The post Ако Брисел има волја – има и начин, порача Мицкоски и побара да престане билатерализацијата на евроинтегративниот процес appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски зборувајќи за уставните измени апелираше да се престане со билатерализација на евроинтегративниот процес. Мицкоски вечерва во телевизиско интервју рече дека не станува збор дали граѓаните или политичарите имаат воља за уставни измени туку да во Брисел има воља да се реши ова прашање.
Не станува збор тука за воља... Граѓаните, политичките партии многу пати покажаа воља, прашањето е дали во Брисел има воља да се реши овој проблем, затоа што ако има воља во Брисел има и начин. Евроинтегративниот процес е двонасочна улица. Евроинтегративниот процес не е само танц на еден, не е ова соло танц, ние мораме да имаме двонасочна улица, мора да имаме танц во којшто играат двајца. Вистинската адреса е попатна Софија, а директна Брисел. Треба да знаеме што е тоа што тие го планираат со Македонија. Ние имаме целосно изедначена надворешна политика со ЕУ, безбедносна политика, континуирано ги следиме процесите кои ги води ЕИ, но за жал изминативе две и пол децении изоболува со многу предизвици и тие предизвици се вештачки. Секогаш тие предизвици удираа и задираат на македонскиот идентитет, сите тие и многу пати македонскиот идентитет во минатото е начнат. Се правени отстапки на сметка на македонскиот идентитет. И во таа насока, јас апелирам да се престане со билатерализација на евроинтегративниот процес, рече Мицкоски во интервју на телевизија АЛСАТ - М.
За жал, додаде тој, некои од земјите - членки се обидуваат што повеќе билатерални проблеми да внесат во евроинтегративниот процес. Некој треба да излезе и да ја објасни суштината на преговорите, вели Мицкоски, посочувајќи дека тие се за дa се зголемат и да се подобрат капацитетите на институциите.
И сега ние зборуваме како да ги подобриме капацитетите на институциите кај нас, а решаваме прашања од средниот век од 11-от и 12-от век, рече премиерот.
Потврди дека на 19 септември ќе отпатува на состанок во Брисел и дека таму ќе биде соопштен владиниот предлог за кој веќе јавно се зборува. Мицкоски вели дека тие нема да влезат наивно во какви било процеси и отстапки, без притоа да има јасен план и гаранција.
А тој јасен план и јасна гаранција мора да бидат потврда која што ќе се темели на јасна порака и на јасни постигнувања. Не можеме веќе да влегуваме во процеси без да имаме предвидлива завршница и затоа ние сме конструктивен партнер во процесот и велиме ајде заедно да седнеме со владата во Софија и да разговараме и да видиме имаме ние предлог. Тој предлог ние јасно го зборуваме, тој предлог не е од сега. Логичен е предлогот за одложена примена, да ги завршиме преговорите, па да видиме тогаш што ќе правиме, како ќе правиме, да видиме што со пресудите од Стразбур за македонската заедница од Бугарија, да видиме што конечно со идентитетот македонски и јазикот итн., затоа што ако ги погледате поглавјате 34 и 35 ги нема... Имаме многу прашања за кои треба да се дискутира. Ние сме подготвени, сакаме да дискутираме и да најдеме решение, вели премиерот.
Во интервјуто премиерот зборуваше и за десетте постулати со кои повика на заедништво и сплотеност истакнувајќи дека мнозинството граѓани сакаат подобар живот, повисоки плати, ред, а не етнички теми и тензии со кои СДСМ и ДУИ прават дефокус обидувајќи се да го заштитат криминалот. Премиерот Мицкоски нагласи дека најголемиот дел од граѓаните, две третини не сакаат етнички конфликти и тензија, туку сакаат подобар живот, повеќе пари, повисоки плати, повисок стандард и ред, и тоа е дел од овие десет столбови.
Има политичари и политички структури кои во отсуство на ваква понуда или немање желба да се признае што направи оваа влада во изминативе два месеци се обидуваат да направат дефокус со етнички теми, мислејќи дека на тој начин ќе мобилизираат поголема маса, за да може да го заштитат криминално стекнатиот имот, посочи Мицкоски.

The post Ако Брисел има волја – има и начин, порача Мицкоски и побара да престане билатерализацијата на евроинтегративниот процес appeared first on Република.

]]>
Средба Џафери-Бегај: Процесот на евроинтеграции да се заокружи со успех https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-dhaferi-begaj-protsesot-na-evrointegratsii-da-se-zaokruzhi-so-uspeh/ Thu, 13 Jun 2024 14:33:48 +0000 https://republika.mk/?p=787258

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери,  денеска оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, кој што е  во земјава  во рамките на учеството на Парламентарно собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа што се одржува во Собранието на Република Македонија.

На средбата, премиерот Џафери му посака топло добредојде на претседателот Бегај, изразувајќи задоволство од континуираниот политички дијалог, како и развојот на билатералните односи меѓу двете држави, кои се карактеризираат со пријателски и братски однос кој е повеќе од само добрососедски однос. Единствено економската размена  со Република Албанија не го рефлектира  тој одличен однос и затоа соговорниците се согласија дека таа треба да биде приоритет и за актуелните Влади на двете земји, и секако имајќи го предвид очекуваниот избор на новиот владин состав во земјава по одржаните парламентарни избори, и за идната Влада на Република Македонија.  Премиерот Џафери истакна дека е важно да се продолжи со реформи за исполнување на зацртаниот пат на двете земји, кои веќе се сојузници во НАТО, со надеж дека и процесот на евроинтеграции ќе  се заокружи со успех.

Претседателот Бегај, изрази задоволство од можноста да се сретне  со Премиерот Џафери, на кого му се заблагодари за ангажманот, професионалноста, гордоста и достоинството со кое ја исполни уставната надлежност на Премиер на земјава, а што претставува додадена вредност за него и за Република Македонија. Важно е, истакна тој, „да се задржи и надгради уште повеќе тоа што е постигнато во Република Македонија, а  што е во однос на однос на правата и обврските на заедниците.“  Се согласи со констатациите на премиерот Џафери во однос на тоа дека евроинтеграциите се приоритет за просперитетот, стабилноста и безбедноста на регионот и на евроатлантската заедница во регионот, и дека е добро што и двете држави се на иста линија со Европската Унија што се однесува на надворешната и безбедносната политика на Унијата.

Соговорниците се согласија дека ќе продолжат да ја интензивираат и збогатуваат взаемната соработка во сите полиња од взаемен интерес и во полза на граѓаните на двете земји.

The post Средба Џафери-Бегај: Процесот на евроинтеграции да се заокружи со успех appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери,  денеска оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, кој што е  во земјава  во рамките на учеството на Парламентарно собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа што се одржува во Собранието на Република Македонија. На средбата, премиерот Џафери му посака топло добредојде на претседателот Бегај, изразувајќи задоволство од континуираниот политички дијалог, како и развојот на билатералните односи меѓу двете држави, кои се карактеризираат со пријателски и братски однос кој е повеќе од само добрососедски однос. Единствено економската размена  со Република Албанија не го рефлектира  тој одличен однос и затоа соговорниците се согласија дека таа треба да биде приоритет и за актуелните Влади на двете земји, и секако имајќи го предвид очекуваниот избор на новиот владин состав во земјава по одржаните парламентарни избори, и за идната Влада на Република Македонија.  Премиерот Џафери истакна дека е важно да се продолжи со реформи за исполнување на зацртаниот пат на двете земји, кои веќе се сојузници во НАТО, со надеж дека и процесот на евроинтеграции ќе  се заокружи со успех. Претседателот Бегај, изрази задоволство од можноста да се сретне  со Премиерот Џафери, на кого му се заблагодари за ангажманот, професионалноста, гордоста и достоинството со кое ја исполни уставната надлежност на Премиер на земјава, а што претставува додадена вредност за него и за Република Македонија. Важно е, истакна тој, „да се задржи и надгради уште повеќе тоа што е постигнато во Република Македонија, а  што е во однос на однос на правата и обврските на заедниците.“  Се согласи со констатациите на премиерот Џафери во однос на тоа дека евроинтеграциите се приоритет за просперитетот, стабилноста и безбедноста на регионот и на евроатлантската заедница во регионот, и дека е добро што и двете држави се на иста линија со Европската Унија што се однесува на надворешната и безбедносната политика на Унијата. Соговорниците се согласија дека ќе продолжат да ја интензивираат и збогатуваат взаемната соработка во сите полиња од взаемен интерес и во полза на граѓаните на двете земји.

The post Средба Џафери-Бегај: Процесот на евроинтеграции да се заокружи со успех appeared first on Република.

]]>
Маричиќ побара од опозицијата да се вклучи во решавање на проблемите, таа потсети на криминалот и корупцијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichik-pobara-od-opozitsijata-da-se-vkluchi-vo-reshavane-na-problemite-taa-potseti-na-kriminalot-i-koruptsijata/ Mon, 03 Apr 2023 15:22:33 +0000 https://republika.mk/?p=626793

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 91. седница ја заврши расправата за Извештајот за напредокот на земјата за 2022 година.

Дебатираа главно опозициски пратеници, кои повторија дека сме добиле пониска оценка од лани, како и дека во повеќе области нема напредок, но и дека актуелната Влада не спроведува реформи. Вицепремиерот Бојан Маричиќ на седницата ги обвини пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека изнесуваат многу паушални оценки, дека во споредба со 2016 година ситуацијата е многу променета и ја повика опозицијата да се вклучи во решавање на проблемите.

Прво и основно немало ситуација во која што сум бил повикан од Собранието за точка на дневен ред, а не сум присуствувал. Тоа не е точно, кога и да требало сум бил тука и секој понеделник мојата работа почнува во Собранието. Второ, во однос на оценките мислам дека ако сакате веќе да направиме споредба како било и како е, јас минатиот пат читав делови од Извештајот. Ќе ви повторам сега пак за да се уверите и сами, рече Маричиќ.

Цитираше дел од Извештајот во 2016 година каде се споменува заробена држава и влијанието врз работата на институциите.

Значи имаме драстична ситуација од тоа што беше тогаш и од тоа што имаме денес, денес немаме вакви оценки, имаме секаде определен напредок и има многу проблеми, меѓутоа спремни сме на нив да работиме и мислам дека опозицијата треба што поскоро да се вклучи во решавањето на овие проблеми наместо само во изнесување на паушални оценки, рече Маричиќ.

Во однос на задолжувањата, има една разлика задолжувањата денеска се користат за ублажување на сите кризи и помош на граѓаните, а во време кога власт беше ВМРО-ДПМНЕ се трошеа за споменици, за непродуктивни трошоци.

Пратеничката Марија Петрушевска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека опозицијата и граѓаните посакуваат ваков Извештај повеќе да не се повтори, како и дека нам ни се потребни реформи.

Едно сум сигурна дека оваа Влада нема капацитет да спроведе реформи, заради тоа што после една година сите препораки кои беа дадени во извештатите вие како Влада не ги почитувате и не ги спроведувате. Посакувам позитивен извештај. Многу подобар, како тоа што беше во времето на ВМРО-ДПМНЕ, да се радуваме како на визна либерализација, на успеси а не на падови. Народот заслужува многу подобар живот, кој што вие не го донесовте, а палевте, уништувавте по државата. Не поместивте ни камче, не заковавте ни шајка, единствено што донесовте е само висок степен на корупција и криминал. Ќе има одговорност за се, ќе си одговарате, рече Петрушевска.

Маричиќ одговори на обвинувњата посочувајќи дека Петрушевска учествувала „во изгубената декада на евроинтеграции на ВМРО-ДПМНЕ“.  

Да се извинам јас на ВМРО-ДПМНЕ? Вие треба да се извините и како партија и како пратеник затоа што кога отворивме дијалог во ова Собрание вие свиревте со музели, го палевте овде на оваа говорница францускиот предлог, го киневте секој говорник поединечно и не дозволувавте да се развие дискусија. Јас знам дека не ви одговара оваа дебата, ама мора да ја направиме, рече Маричиќ.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ треба да се извини за 11-те изгубени години, за двете замрзнати препораки, што не раздвоија и од Србија и од Црна Гора, и од Хрватска и од сите држави коишто преговараа заедно со нас, а денес се веќе далеку пред нас.

Далеку се пред нас затоа што вие решивте да градите споменици на безнадежности, споменици како Ќосето што сакате и денес да го вратите на место. Фала богу тоа нема да ви успее затоа што тоа се споменици на вашата изгубена деценија во која што немавте ниту еден успех на полето на евроинтеграциите. Напротив, имавме замрзнати препораки, имавме специјален извештај на Прибе заради заробената држава и имавме политичка криза од која што не можевме две години да излеземе, рече Маричиќ.  

Министрите на ВМРО-ДПМНЕ, како што кажа, ги нарекувале во Брисел „министри за дезинтеграции“, наместо министер за интеграции.

Треба да признаете дека таа изгубена декада се уште не можеме да ја надоместиме колку и да направиме, рече Маричиќ додавајќи дека наместо вакви празни говори пратениците треба да разговараат како да ги направат реформите подобро. 

Пратеничката Гордана Силјановска Давкова од ВМРО -ДПМНЕ рече дека ако во 2009 година просечната оценка е 2,52 во 2022 била 1,61.

Не велам дека грешката е само наша. Мислам дека во прашање е најдолгиот евроинтеграциски маратон и многубројните извештаи се отуство на стратегија за Западен Балкан, рече Силјановска Давкова.

Единствена петка во овој Извештај, вели таа, е онаа за безбедноста и надворешната политика. ЕУ си ја оценува својата работа, посочува пратеничката Силјановска Давкова, а се однесува и на нашето учество во НАТО и ставовите за војната во Украина. Пратеничката забележа дека продолжува дипломатскиот езопов јазик на ЕК и во скринингот да не одржи во евроинтеграциска кондиција.

Силјановска Давкова исто така побара до собраниската матична комисија да се достави инфомација за скринингот од ЕУ.

Опозициските пратеници, освен за Извештајот зборуваа и за актуелните состојби во одредени области посебно во правосудството, за криминал и корупција. Во однос на работата на Собранието, посочија дека повторно се носат голем број закони по скратена постапка, но и со злоупотреба на европското знаменце, не се спроведува надзорната расправа.

Лидија Тасевска од СДСМ релицираше дека пратениците од опозицијата заборавиле да кажат дека Македонија добила позитивен извештај, дека во документ стои дека имаме одржливи реформи, како и дека најдобро стоиме во кластерот фундаментални вредност, ресурси...

Правниот тим на ВМРО-ДПМНЕ во текот на следните денови ќе го анализира новиот предлог закон за јавно обвинителство, а во текот на следната недела се очекува да биде договорен термин за средба

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека оценката за подготвеноста во повеќе кластери во овој Извештај е претежно иста како минатата година освен на делот за заедничката надворешна политика. Се осврна на, како што рече, речникот на ЕК за Собранието посочувајќи дека Извештајот е покритичен и дека досега има најниска оценка од ЕК.

Тоа е загрижувачки за парламентарното мнозинство за одговорноста што ја има во Собранието, рече Милошоски.

За Собранието, рече тој, има укажување да не учествува во именување или избор на лица врз политичка основа како уставни судии, да се обезбеди ефикасност со постојните закони, а не да се носат ад-хок решенија.

Во однос на другите институции, посочи на укажувањето за реформи навреме пред изборите и внимателност во двојазичноста во судските постапки.

Собранието ќе продолжи со работа во 15 и 30 часот со 100. седница.

На дневен ред на 100-та седница, меѓу другото е и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за административните такси, по скратена постапка. На 103-та седница на дневен ред се предлог-законите за изменување и дополнување на Кривичниот законик, по скратена постапка, како и за изменување и дополнување на Законот за стоковните резерви.

За денеска е закажана и 106-та седница, на која на дневен ред е Предлогот за избор на судија на Уставниот суд на Република Македонија, како и други точки, меѓу кои, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри во прво читање.

The post Маричиќ побара од опозицијата да се вклучи во решавање на проблемите, таа потсети на криминалот и корупцијата appeared first on Република.

]]>

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 91. седница ја заврши расправата за Извештајот за напредокот на земјата за 2022 година.

Дебатираа главно опозициски пратеници, кои повторија дека сме добиле пониска оценка од лани, како и дека во повеќе области нема напредок, но и дека актуелната Влада не спроведува реформи. Вицепремиерот Бојан Маричиќ на седницата ги обвини пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека изнесуваат многу паушални оценки, дека во споредба со 2016 година ситуацијата е многу променета и ја повика опозицијата да се вклучи во решавање на проблемите.

Прво и основно немало ситуација во која што сум бил повикан од Собранието за точка на дневен ред, а не сум присуствувал. Тоа не е точно, кога и да требало сум бил тука и секој понеделник мојата работа почнува во Собранието. Второ, во однос на оценките мислам дека ако сакате веќе да направиме споредба како било и како е, јас минатиот пат читав делови од Извештајот. Ќе ви повторам сега пак за да се уверите и сами, рече Маричиќ.

Цитираше дел од Извештајот во 2016 година каде се споменува заробена држава и влијанието врз работата на институциите.

Значи имаме драстична ситуација од тоа што беше тогаш и од тоа што имаме денес, денес немаме вакви оценки, имаме секаде определен напредок и има многу проблеми, меѓутоа спремни сме на нив да работиме и мислам дека опозицијата треба што поскоро да се вклучи во решавањето на овие проблеми наместо само во изнесување на паушални оценки, рече Маричиќ.

Во однос на задолжувањата, има една разлика задолжувањата денеска се користат за ублажување на сите кризи и помош на граѓаните, а во време кога власт беше ВМРО-ДПМНЕ се трошеа за споменици, за непродуктивни трошоци.

Пратеничката Марија Петрушевска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека опозицијата и граѓаните посакуваат ваков Извештај повеќе да не се повтори, како и дека нам ни се потребни реформи.

Едно сум сигурна дека оваа Влада нема капацитет да спроведе реформи, заради тоа што после една година сите препораки кои беа дадени во извештатите вие како Влада не ги почитувате и не ги спроведувате. Посакувам позитивен извештај. Многу подобар, како тоа што беше во времето на ВМРО-ДПМНЕ, да се радуваме како на визна либерализација, на успеси а не на падови. Народот заслужува многу подобар живот, кој што вие не го донесовте, а палевте, уништувавте по државата. Не поместивте ни камче, не заковавте ни шајка, единствено што донесовте е само висок степен на корупција и криминал. Ќе има одговорност за се, ќе си одговарате, рече Петрушевска.

Маричиќ одговори на обвинувњата посочувајќи дека Петрушевска учествувала „во изгубената декада на евроинтеграции на ВМРО-ДПМНЕ“.  

Да се извинам јас на ВМРО-ДПМНЕ? Вие треба да се извините и како партија и како пратеник затоа што кога отворивме дијалог во ова Собрание вие свиревте со музели, го палевте овде на оваа говорница францускиот предлог, го киневте секој говорник поединечно и не дозволувавте да се развие дискусија. Јас знам дека не ви одговара оваа дебата, ама мора да ја направиме, рече Маричиќ.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ треба да се извини за 11-те изгубени години, за двете замрзнати препораки, што не раздвоија и од Србија и од Црна Гора, и од Хрватска и од сите држави коишто преговараа заедно со нас, а денес се веќе далеку пред нас.

Далеку се пред нас затоа што вие решивте да градите споменици на безнадежности, споменици како Ќосето што сакате и денес да го вратите на место. Фала богу тоа нема да ви успее затоа што тоа се споменици на вашата изгубена деценија во која што немавте ниту еден успех на полето на евроинтеграциите. Напротив, имавме замрзнати препораки, имавме специјален извештај на Прибе заради заробената држава и имавме политичка криза од која што не можевме две години да излеземе, рече Маричиќ.  

Министрите на ВМРО-ДПМНЕ, како што кажа, ги нарекувале во Брисел „министри за дезинтеграции“, наместо министер за интеграции.

Треба да признаете дека таа изгубена декада се уште не можеме да ја надоместиме колку и да направиме, рече Маричиќ додавајќи дека наместо вакви празни говори пратениците треба да разговараат како да ги направат реформите подобро. 

Пратеничката Гордана Силјановска Давкова од ВМРО -ДПМНЕ рече дека ако во 2009 година просечната оценка е 2,52 во 2022 била 1,61.

Не велам дека грешката е само наша. Мислам дека во прашање е најдолгиот евроинтеграциски маратон и многубројните извештаи се отуство на стратегија за Западен Балкан, рече Силјановска Давкова.

Единствена петка во овој Извештај, вели таа, е онаа за безбедноста и надворешната политика. ЕУ си ја оценува својата работа, посочува пратеничката Силјановска Давкова, а се однесува и на нашето учество во НАТО и ставовите за војната во Украина. Пратеничката забележа дека продолжува дипломатскиот езопов јазик на ЕК и во скринингот да не одржи во евроинтеграциска кондиција.

Силјановска Давкова исто така побара до собраниската матична комисија да се достави инфомација за скринингот од ЕУ.

Опозициските пратеници, освен за Извештајот зборуваа и за актуелните состојби во одредени области посебно во правосудството, за криминал и корупција. Во однос на работата на Собранието, посочија дека повторно се носат голем број закони по скратена постапка, но и со злоупотреба на европското знаменце, не се спроведува надзорната расправа.

Лидија Тасевска од СДСМ релицираше дека пратениците од опозицијата заборавиле да кажат дека Македонија добила позитивен извештај, дека во документ стои дека имаме одржливи реформи, како и дека најдобро стоиме во кластерот фундаментални вредност, ресурси... Правниот тим на ВМРО-ДПМНЕ во текот на следните денови ќе го анализира новиот предлог закон за јавно обвинителство, а во текот на следната недела се очекува да биде договорен термин за средба Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека оценката за подготвеноста во повеќе кластери во овој Извештај е претежно иста како минатата година освен на делот за заедничката надворешна политика. Се осврна на, како што рече, речникот на ЕК за Собранието посочувајќи дека Извештајот е покритичен и дека досега има најниска оценка од ЕК.
Тоа е загрижувачки за парламентарното мнозинство за одговорноста што ја има во Собранието, рече Милошоски.
За Собранието, рече тој, има укажување да не учествува во именување или избор на лица врз политичка основа како уставни судии, да се обезбеди ефикасност со постојните закони, а не да се носат ад-хок решенија. Во однос на другите институции, посочи на укажувањето за реформи навреме пред изборите и внимателност во двојазичноста во судските постапки. Собранието ќе продолжи со работа во 15 и 30 часот со 100. седница. На дневен ред на 100-та седница, меѓу другото е и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за административните такси, по скратена постапка. На 103-та седница на дневен ред се предлог-законите за изменување и дополнување на Кривичниот законик, по скратена постапка, како и за изменување и дополнување на Законот за стоковните резерви.

За денеска е закажана и 106-та седница, на која на дневен ред е Предлогот за избор на судија на Уставниот суд на Република Македонија, како и други точки, меѓу кои, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри во прво читање.

The post Маричиќ побара од опозицијата да се вклучи во решавање на проблемите, таа потсети на криминалот и корупцијата appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Преговорите со ЕУ се најважниот македонски проект кој мора успешно да го завршиме https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichik-pregovorite-so-eu-se-najvazhniot-makedonski-proekt-koj-mora-uspeshno-da-go-zavrshime/ Wed, 18 Jan 2023 20:35:28 +0000 https://republika.mk/?p=598508

Заменик претс едателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски, рече дека оваа година на евроинтеграциски план треба да донесе целосно комплетирање на скрининг процесот, реформски напредок и отворање на поглавјата, се разбира после завршувањето на уставните измени.

Имаме историска прилика која не смееме да ја пропуштиме. За нас преговорите се историска и единствена можност за брза и темелна трансформација на македонското општество на подобро, односно шанса за европеизација на државата, изјави Маричиќ.

Маричиќ додаде дека ова е најголемиот и најважниот македонски проект кој бара обединување и поставување на сите општествени чинители на начин на кој функционира и Европската унија: Дијалог, солидарност, поддршка и компромис и како главен преговарач со ЕУ повикува сите заедно да покажеме дека визијата и желбата земјата да ја направиме членка на ЕУ до 2030 е реална и поважна од сè кога е во прашање нашата иднина.

Со скринингот добиваме прецизна, аналитичка презентација на состојбата во однос на усогласеноста на македонското право со европското. Ги нотираме недостатоците и ги дефинираме следните задачи на кои ќе треба да работиме за да ги постигнеме европските стандарди, во догледен рок, согласно определбата за членство во ЕУ во 2030, рече тој.

Вицепремиерот кажа дека скринингот е делот од евроинтеграциите кој практично ги „турка“ реформите дома, до целосна подготвеност на земјата за членство во Унијата и дека првичните коментари од сите вклучени страни во процесот се позитивни, а оценката и клучните укажувања ќе ги добиеме во скрининг Извештаите, кои Маричиќ очекува да бидат подготвени што е можно побрзо од Европската комисија и одобрени од Советот.

За Кластер 1, кој го завршивме пред нешто повеќе од месец дена, ќе барам скрининг Извештајот да биде доставен до нас во наредните 3 до 4 месеци, бидејќи тоа ќе ни помогне во подготовката на Патоказите за владеење на правото, за реформа на јавната администрација и функционирањето на демократските институции, истакна главниот преговарач со ЕУ.

Маричиќ нагласи дека во рамки на Патоказот за владеење на правото, ќе треба да се подготви и Акциски план за заштита на правата на припадниците на малцинствата и заедниците со мерки за недискриминација, борба против говор на омраза и образование, нагласувајќи дека ова се теми низ кои поминаа и во кои се подобруваа сите држави членки на ЕУ.

Во меѓувреме, додека се подготвуваат и финализираат патоказите, во координација со Делегацијата на ЕУ, подготвуваме и реформски план кој ќе ни обезбеди поголем фокус и исполнување на клучните реформски приоритети во текот на годината, најави на прес-конференцијата Маричиќ.

Маричиќ тврди дека процесот на преговори со ЕУ Владата ќе го води максимално отворено и инклузивно и кажа дека периодов го мобилизираат најдоброто од македонското општество, за да се обезбеди најдоброто за граѓаните, вклучувајќи ги експертите, искусните и подготвените капацитети од граѓанскиот сектор, од академската заедница, од медиумите.

Маричиќ извести дека скринингот е во напредна фаза и се одвива онака како што е предвиден со Европската комисија. Успешно е заокружен Кластер 1, а во понеделник ги започнуваме билатералните скрининг состаноци за Поглавјата 3,6 и 7, односно „Право на основање и слобода на давање услуги“, „Право на трговски друштва“ и „Право на интелектуална сопственост“, од Кластерот 2, „Внатрешен пазар“.

https://youtube.com/watch?v=h-XOcDRZq3k&feature=shares

The post Маричиќ: Преговорите со ЕУ се најважниот македонски проект кој мора успешно да го завршиме appeared first on Република.

]]>

Заменик претс едателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски, рече дека оваа година на евроинтеграциски план треба да донесе целосно комплетирање на скрининг процесот, реформски напредок и отворање на поглавјата, се разбира после завршувањето на уставните измени.
Имаме историска прилика која не смееме да ја пропуштиме. За нас преговорите се историска и единствена можност за брза и темелна трансформација на македонското општество на подобро, односно шанса за европеизација на државата, изјави Маричиќ.
Маричиќ додаде дека ова е најголемиот и најважниот македонски проект кој бара обединување и поставување на сите општествени чинители на начин на кој функционира и Европската унија: Дијалог, солидарност, поддршка и компромис и како главен преговарач со ЕУ повикува сите заедно да покажеме дека визијата и желбата земјата да ја направиме членка на ЕУ до 2030 е реална и поважна од сè кога е во прашање нашата иднина.
Со скринингот добиваме прецизна, аналитичка презентација на состојбата во однос на усогласеноста на македонското право со европското. Ги нотираме недостатоците и ги дефинираме следните задачи на кои ќе треба да работиме за да ги постигнеме европските стандарди, во догледен рок, согласно определбата за членство во ЕУ во 2030, рече тој.
Вицепремиерот кажа дека скринингот е делот од евроинтеграциите кој практично ги „турка“ реформите дома, до целосна подготвеност на земјата за членство во Унијата и дека првичните коментари од сите вклучени страни во процесот се позитивни, а оценката и клучните укажувања ќе ги добиеме во скрининг Извештаите, кои Маричиќ очекува да бидат подготвени што е можно побрзо од Европската комисија и одобрени од Советот.
За Кластер 1, кој го завршивме пред нешто повеќе од месец дена, ќе барам скрининг Извештајот да биде доставен до нас во наредните 3 до 4 месеци, бидејќи тоа ќе ни помогне во подготовката на Патоказите за владеење на правото, за реформа на јавната администрација и функционирањето на демократските институции, истакна главниот преговарач со ЕУ.
Маричиќ нагласи дека во рамки на Патоказот за владеење на правото, ќе треба да се подготви и Акциски план за заштита на правата на припадниците на малцинствата и заедниците со мерки за недискриминација, борба против говор на омраза и образование, нагласувајќи дека ова се теми низ кои поминаа и во кои се подобруваа сите држави членки на ЕУ.
Во меѓувреме, додека се подготвуваат и финализираат патоказите, во координација со Делегацијата на ЕУ, подготвуваме и реформски план кој ќе ни обезбеди поголем фокус и исполнување на клучните реформски приоритети во текот на годината, најави на прес-конференцијата Маричиќ.
Маричиќ тврди дека процесот на преговори со ЕУ Владата ќе го води максимално отворено и инклузивно и кажа дека периодов го мобилизираат најдоброто од македонското општество, за да се обезбеди најдоброто за граѓаните, вклучувајќи ги експертите, искусните и подготвените капацитети од граѓанскиот сектор, од академската заедница, од медиумите. Маричиќ извести дека скринингот е во напредна фаза и се одвива онака како што е предвиден со Европската комисија. Успешно е заокружен Кластер 1, а во понеделник ги започнуваме билатералните скрининг состаноци за Поглавјата 3,6 и 7, односно „Право на основање и слобода на давање услуги“, „Право на трговски друштва“ и „Право на интелектуална сопственост“, од Кластерот 2, „Внатрешен пазар“. https://youtube.com/watch?v=h-XOcDRZq3k&feature=shares

The post Маричиќ: Преговорите со ЕУ се најважниот македонски проект кој мора успешно да го завршиме appeared first on Република.

]]>
Џафери – Адамова: Чешка е голем поддржувач на евроинтеграциите на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dzaferi-adamova-cheshka-e-golem-poddrzuvach-na-evrointegraciite-na-makedonija/ Mon, 24 Oct 2022 11:50:45 +0000 https://republika.mk/?p=564973

Чешка е голем поддржувач на ЕУ- интеграциите на Македонија и тоа не само со зборови туку и со дела, истакнала претседателката на Домот на пратениците на Парламентот на Чешката Република, Маркета Пекарова-Адамова, на денешната средба со претседателот на Собранието Талат Џафери.

Џафери, пак, ја потенцирал одличната и интензивна соработка меѓу двете земји на сите нивоа и упатил благодарност до чешката страна за целокупната досегашна помош и поддршка што ја имавме во контекст на нашите евроатлански интеграции.

Уверен сум дека Вашата поддршка и пријателска соработка кон нашата земја ќе продолжи и понатаму со истиот интензитет, нагласи Џафери, се наведува во соопштението од средбата.

Зборувајќи за досегашниот тридецениски трнлив пат на земјата на патот кон ЕУ и НАТО, за предизвиците со кои се соочивме и се соочуваме на тој пат, Џафери изразил надеж дека сето тоа ќе се заврши на најдобар можен начин и конечно ќе ги затвориме сите отворени прашања кои подолг временски период го отежнуваат нашето потполно интегрирање. Тој исто така го поздравил и формирањето на Чешката пратеничка група за соработка со нашето Собрание и изразил лично уверување дека парламентарната соработка ќе продолжи да се развива и понатаму со зголемена динамика.

Претседателката на чешкиот парламент, Маркета Пекарова – Адамова, нагласи дека Чешка е голем поддржувач на ЕУ- интеграциите на нашата земја и тоа не само со зборови туку и со дела и ја потенцираше и досегашната одлична парламентарна соработка и изрази спремност и понатаму да се продлабочи взаемната соработка на сите полиња.

Свесни сме дека Вашиот пат кон ЕУ е тежок но истовремено сме горди и го поддржуваме Вашиот оптимизам и спремност да успеете на овој пат, нагласи Адамова. Исто така, таа, од име на нејзината земја упатила благодарност до Џафери за учеството и партиципацијата во заедничката воена помош кон Украина, како сојузници во НАТО.

Како што се наведува во соопштението од средбата, двајцата соговорници се согласија дека интензивната политичка соработка на сите полиња и во наредниот период ќе продолжи со несмален интензитет.

The post Џафери – Адамова: Чешка е голем поддржувач на евроинтеграциите на Македонија appeared first on Република.

]]>

Чешка е голем поддржувач на ЕУ- интеграциите на Македонија и тоа не само со зборови туку и со дела, истакнала претседателката на Домот на пратениците на Парламентот на Чешката Република, Маркета Пекарова-Адамова, на денешната средба со претседателот на Собранието Талат Џафери. Џафери, пак, ја потенцирал одличната и интензивна соработка меѓу двете земји на сите нивоа и упатил благодарност до чешката страна за целокупната досегашна помош и поддршка што ја имавме во контекст на нашите евроатлански интеграции. Уверен сум дека Вашата поддршка и пријателска соработка кон нашата земја ќе продолжи и понатаму со истиот интензитет, нагласи Џафери, се наведува во соопштението од средбата. Зборувајќи за досегашниот тридецениски трнлив пат на земјата на патот кон ЕУ и НАТО, за предизвиците со кои се соочивме и се соочуваме на тој пат, Џафери изразил надеж дека сето тоа ќе се заврши на најдобар можен начин и конечно ќе ги затвориме сите отворени прашања кои подолг временски период го отежнуваат нашето потполно интегрирање. Тој исто така го поздравил и формирањето на Чешката пратеничка група за соработка со нашето Собрание и изразил лично уверување дека парламентарната соработка ќе продолжи да се развива и понатаму со зголемена динамика. Претседателката на чешкиот парламент, Маркета Пекарова – Адамова, нагласи дека Чешка е голем поддржувач на ЕУ- интеграциите на нашата земја и тоа не само со зборови туку и со дела и ја потенцираше и досегашната одлична парламентарна соработка и изрази спремност и понатаму да се продлабочи взаемната соработка на сите полиња. Свесни сме дека Вашиот пат кон ЕУ е тежок но истовремено сме горди и го поддржуваме Вашиот оптимизам и спремност да успеете на овој пат, нагласи Адамова. Исто така, таа, од име на нејзината земја упатила благодарност до Џафери за учеството и партиципацијата во заедничката воена помош кон Украина, како сојузници во НАТО. Како што се наведува во соопштението од средбата, двајцата соговорници се согласија дека интензивната политичка соработка на сите полиња и во наредниот период ќе продолжи со несмален интензитет.

The post Џафери – Адамова: Чешка е голем поддржувач на евроинтеграциите на Македонија appeared first on Република.

]]>
Гир: Сакаме почеток на преговорите со Македонија и Албанија што е можно поскоро https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gir-sakame-pochetok-na-pregovorite-so-makedonija-i-albanija-shto-e-mozno-poskoro/ Thu, 19 May 2022 10:29:37 +0000 https://republika.mk/?p=504292

Сакаме почеток на преговорите со Македонија и Албанија што е можно поскоро и ги поттикнуваме сите напори за остварување на оваа цел, изјави денеска во Скопје амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската унија во земјава Дејвид Гир.

Евроабасадорот Гир, во изјава за медиумите пред отворањето на панел дискусијата во рамки на одбележувањето на Денот на Европа 9 Мај, посочи дека не сака да навлегува во дебатата со рокови, но посочи дека треба да бидат направени максимални напори за остварување на целта за отворање на преговорите, што е можно побрзо.

Апсолутно сме одлучни да продолжиме напред, знаеме дека е од стратешки интерес на ЕУ и на земјите од Западен Балкан, овие земји да се приклучат на Унијата и ние очекуваме продолжување на процесот и да ја видиме  Македонија во ЕУ што е можно поскоро - изјави Гир.

Прашан дали новиот предлог на францускиот претседател Емануел Макрон е замена за евентуален неуспех на процесот на проширувањето, Гир рече дека ставот на Макрон и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел се јасни.

Пристапните процеси за земјите од Западен Балкан остануваат главна движечка сила. Нема промени за процесот на проширување и единствен пат е проширување за Западен Балкан. Тоа е апсолутен приоритет и пат базиран на реформи. Затоа, не гледам дека ова ќе влијае на патот кон полноправно членство во ЕУ - изјави Гир.

Германската амбасадорка Анке Холштајн, порача дека земјите од регионот припаѓаат на ЕУ.

Германскиот канцелар во владина декларација утринава изјави дека земјите од регионот на Западен Балкан припаѓаат на ЕУ. Тоа е пораката што му е потребна на регионот. Тој, исто така, додава дека геополитичката ситуација е поитна од кога било и ова е стратешка цел и за Германија. Германската Влада останува посветена - изјави Холштајн.

На панел дискусијата, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер, Европското движење во Република Македонија и Центарот за европски студии Вилфред Мартенс од Брисел, најавено е и обраќање на вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, на претседателот на Националниот совет за евроинтеграции Александар Николоски, на заменик претседателот на Комисијата за европски прашања Арта Биљали-Зендели, како и на членот на Комисијата за европски прашања Моника Зајкова.

The post Гир: Сакаме почеток на преговорите со Македонија и Албанија што е можно поскоро appeared first on Република.

]]>

Сакаме почеток на преговорите со Македонија и Албанија што е можно поскоро и ги поттикнуваме сите напори за остварување на оваа цел, изјави денеска во Скопје амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската унија во земјава Дејвид Гир. Евроабасадорот Гир, во изјава за медиумите пред отворањето на панел дискусијата во рамки на одбележувањето на Денот на Европа 9 Мај, посочи дека не сака да навлегува во дебатата со рокови, но посочи дека треба да бидат направени максимални напори за остварување на целта за отворање на преговорите, што е можно побрзо.
Апсолутно сме одлучни да продолжиме напред, знаеме дека е од стратешки интерес на ЕУ и на земјите од Западен Балкан, овие земји да се приклучат на Унијата и ние очекуваме продолжување на процесот и да ја видиме  Македонија во ЕУ што е можно поскоро - изјави Гир.
Прашан дали новиот предлог на францускиот претседател Емануел Макрон е замена за евентуален неуспех на процесот на проширувањето, Гир рече дека ставот на Макрон и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел се јасни.
Пристапните процеси за земјите од Западен Балкан остануваат главна движечка сила. Нема промени за процесот на проширување и единствен пат е проширување за Западен Балкан. Тоа е апсолутен приоритет и пат базиран на реформи. Затоа, не гледам дека ова ќе влијае на патот кон полноправно членство во ЕУ - изјави Гир.
Германската амбасадорка Анке Холштајн, порача дека земјите од регионот припаѓаат на ЕУ.
Германскиот канцелар во владина декларација утринава изјави дека земјите од регионот на Западен Балкан припаѓаат на ЕУ. Тоа е пораката што му е потребна на регионот. Тој, исто така, додава дека геополитичката ситуација е поитна од кога било и ова е стратешка цел и за Германија. Германската Влада останува посветена - изјави Холштајн.
На панел дискусијата, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер, Европското движење во Република Македонија и Центарот за европски студии Вилфред Мартенс од Брисел, најавено е и обраќање на вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, на претседателот на Националниот совет за евроинтеграции Александар Николоски, на заменик претседателот на Комисијата за европски прашања Арта Биљали-Зендели, како и на членот на Комисијата за европски прашања Моника Зајкова.

The post Гир: Сакаме почеток на преговорите со Македонија и Албанија што е можно поскоро appeared first on Република.

]]>
Силвестри: Италија ги поддржува Македонија и Албанија за влез во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/silvestri-italija-gi-poddrzuva-makedonija-i-albanija-za-vlez-vo-eu/ Fri, 13 May 2022 12:02:51 +0000 https://republika.mk/?p=501919

Италија ја поддржува Македонија за влез во Европската унија. Тоа е нашиот став и ги поддржуваме и Македонија и Албанија во Европската унија.

Нема друга алтернатива, порача Амбасадорот на Италија во Република Македонија, Андреа Силвестри при посетата на Универзитетот „Гоце Делчев” и на Општина Штип.

Амбасадорот Силвестри денеска оставри средба со ректорот на УГД-Штип, Блажо Боев и деканката на Филолошкиот факултет, Драгана Коцева-Кузмановска. На средбата се разговораше за соработка и воведување италијански јазик во основните и средни училишта.

Кузмановска истакна дека на Катедрата за италијански јазик има 30 студенти, а годинава ќе имаат и дополнителна мотивација за студенти кои ќе се запишат, односно Универзитетот доделува десет стипендии за најдобрите бруцоши.

-Амбасадорот е овде да ја поттикне идејата за воведување на италијанскиот јазик во нашите основни и средни училишта, како изборен предмет и со тоа ќе даде придонесе за обучување на напи идни студенти, односно на тој начин ќе го промовира италијанскиот јазик и со негово изучување ќе придонесе да се стекнеме со нови потенцијални кандидати на Катедрата за италијански јазик и книжевност, вели Кузмановска.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека како општина ја прифаќаат идејата од страна на амбасадорот на Италија.

The post Силвестри: Италија ги поддржува Македонија и Албанија за влез во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Италија ја поддржува Македонија за влез во Европската унија. Тоа е нашиот став и ги поддржуваме и Македонија и Албанија во Европската унија. Нема друга алтернатива, порача Амбасадорот на Италија во Република Македонија, Андреа Силвестри при посетата на Универзитетот „Гоце Делчев” и на Општина Штип. Амбасадорот Силвестри денеска оставри средба со ректорот на УГД-Штип, Блажо Боев и деканката на Филолошкиот факултет, Драгана Коцева-Кузмановска. На средбата се разговораше за соработка и воведување италијански јазик во основните и средни училишта. Кузмановска истакна дека на Катедрата за италијански јазик има 30 студенти, а годинава ќе имаат и дополнителна мотивација за студенти кои ќе се запишат, односно Универзитетот доделува десет стипендии за најдобрите бруцоши.