евроамбасадор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evroambasador/ За подобро да се разбереме Tue, 03 Sep 2024 19:40:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png евроамбасадор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evroambasador/ 32 32 Новиот амбасадор на ЕУ, Михалис Рокас, пристигна во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/noviot-ambasador-na-eu-mihalis-rokas-pristigna-vo-skopje/ Tue, 03 Sep 2024 19:40:53 +0000 https://republika.mk/?p=812893

Делегацијата на ЕУ во Скопје објави дека новиот евроамбасадор, грчкиот дипломат Михалис Рокас, пристигнал во земјава.

Посакуваме добредојде на новиот Амбасадор на ЕУ, Михалис Рокас, стои на фејсбук профилот на Делегацијата на ЕУ.

Рокас доаѓа на местото на евроамбасадорот Дејвид Гир.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел во април, годинава официјално го номинираше Рокас за нов амбасадор на Европската Унија во Македонија.

Рокас пред да биде назначен во земјава, беше шеф на Делегацијата на ЕУ во Малезија, должност на која се наоѓаше од декември 2020 година.

Тој има 30-годишно искуство во областа на надворешните работи, приклучувајќи се на Генералниот директорат за надворешни односи на Европската комисија во 1994 година. Бил вршител на работите на ЕУ и шеф на Делегацијата во Нов Зеланд, раководител на Одделот за поддршка на делегациите при Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

Рокас е роден во септември 1964 година во Атина. Има диплома по економија и постдипломски студии по европска економија. Покрај мајчиниот грчки јазик, зборува и англиски, француски и германски.

The post Новиот амбасадор на ЕУ, Михалис Рокас, пристигна во Скопје appeared first on Република.

]]>

Делегацијата на ЕУ во Скопје објави дека новиот евроамбасадор, грчкиот дипломат Михалис Рокас, пристигнал во земјава.
Посакуваме добредојде на новиот Амбасадор на ЕУ, Михалис Рокас, стои на фејсбук профилот на Делегацијата на ЕУ.
Рокас доаѓа на местото на евроамбасадорот Дејвид Гир. Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел во април, годинава официјално го номинираше Рокас за нов амбасадор на Европската Унија во Македонија. Рокас пред да биде назначен во земјава, беше шеф на Делегацијата на ЕУ во Малезија, должност на која се наоѓаше од декември 2020 година. Тој има 30-годишно искуство во областа на надворешните работи, приклучувајќи се на Генералниот директорат за надворешни односи на Европската комисија во 1994 година. Бил вршител на работите на ЕУ и шеф на Делегацијата во Нов Зеланд, раководител на Одделот за поддршка на делегациите при Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС). Рокас е роден во септември 1964 година во Атина. Има диплома по економија и постдипломски студии по европска економија. Покрај мајчиниот грчки јазик, зборува и англиски, француски и германски.

The post Новиот амбасадор на ЕУ, Михалис Рокас, пристигна во Скопје appeared first on Република.

]]>
ЕУ ни праќа Грк за евроамбасадор во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkot-mihalis-rokas-doaga-na-mestoto-na-dejvid-gir-kako-evroambasarot-za-makedonija/ Wed, 17 Apr 2024 06:31:43 +0000 https://republika.mk/?p=766973

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел официјално го номинираше грчкиот дипломат Михалис Рокас за нов амбасадор на Европската Унија во Македонија.

Рокас во моментов е амбасадор на ЕУ и шеф на Делегацијата на Унијата во Малезија, должност на која се наоѓа од декември 2020 година. Претходно, Рокас бил вршител на работите на ЕУ и шеф на Делегацијата во Нов Зеланд, а потоа и раководител на Одделот за поддршка на делегациите при Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

Тој е роден во во Атина, Грција, има диплома по економија и постдипломски студии по европска економија и 26-годишно искуство во областа на надворешните работи.

Во рамките на редовната дипломатска ротација Борел вкупно номинираше 44 нови шефови на делегации и канцеларии и вршители на работите на ЕУ ширум светот.

Како што соопшти ЕЕАС, процесот на назначување на номинираните амбасадори ќе биде формализиран по добивањето на официјалното одобрение (агремент) од страна на земјите домаќини.

Меѓу другите новоименувани евроамбасадори се и Лујџи Сорека во Босна и Херцеговина, Аиво Орав во Косово, Ханс Томас Осовски во Турција, Јохан Сатлер во Црна Гора и Мирослав Лајчак во Швајцарија.

Именувани се 11 нови заменици шефови на Делегации на ЕУ, а актуелниот главен советник за надворешна политика на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, Сajмон Мордjу е назначен за заменик генерален секретар за економски и глобални прашања во ЕЕАС.

The post ЕУ ни праќа Грк за евроамбасадор во Македонија appeared first on Република.

]]>

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел официјално го номинираше грчкиот дипломат Михалис Рокас за нов амбасадор на Европската Унија во Македонија. Рокас во моментов е амбасадор на ЕУ и шеф на Делегацијата на Унијата во Малезија, должност на која се наоѓа од декември 2020 година. Претходно, Рокас бил вршител на работите на ЕУ и шеф на Делегацијата во Нов Зеланд, а потоа и раководител на Одделот за поддршка на делегациите при Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС). Тој е роден во во Атина, Грција, има диплома по економија и постдипломски студии по европска економија и 26-годишно искуство во областа на надворешните работи. Во рамките на редовната дипломатска ротација Борел вкупно номинираше 44 нови шефови на делегации и канцеларии и вршители на работите на ЕУ ширум светот. Како што соопшти ЕЕАС, процесот на назначување на номинираните амбасадори ќе биде формализиран по добивањето на официјалното одобрение (агремент) од страна на земјите домаќини. Меѓу другите новоименувани евроамбасадори се и Лујџи Сорека во Босна и Херцеговина, Аиво Орав во Косово, Ханс Томас Осовски во Турција, Јохан Сатлер во Црна Гора и Мирослав Лајчак во Швајцарија. Именувани се 11 нови заменици шефови на Делегации на ЕУ, а актуелниот главен советник за надворешна политика на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, Сajмон Мордjу е назначен за заменик генерален секретар за економски и глобални прашања во ЕЕАС.

The post ЕУ ни праќа Грк за евроамбасадор во Македонија appeared first on Република.

]]>
Политичкиот јаз се продлабочува и затоа потребните реформи назадуваат, смета евроамбасадорот Дејвид Гир https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/politichkiot-jaz-se-prodlabochuva-i-zatoa-potrebnite-reformi-nazaduvaat-smeta-evroambasadorot-dejvid-gir/ Tue, 16 May 2023 19:33:55 +0000 https://republika.mk/?p=641528

Има напредок, има чувство дека работите се движат напред особено во однос на усвојувањето на уставните измени во согласност со билатералните обврски преземени со Договорот меѓу државава и Бугарија, но за жал и покрај политичките заложби од двете страни за иднината на Македонија во Европската унија сè уште нема заеднички дневен ред за потребните реформи. Политичкиот јаз се продлабочува и потребните реформи затоа назадуваат, оцени евроамбасадорот Дејвид Гир на денешниот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет во македонското Собрание.

Гир посочи дека иако владеењето на правото и борбата против корупцијата се клучни и супштински во процесот на проширување на ЕУ, сепак во државава на овие полиња, како што рече, има голем број на загрижености кои се продлабочуваат во изминатите месеци.

Важно е да се адресираат недостатоците во спроведувањето на соодветните закони со што се обезбедува независноста и интегритетот на судиите. Овие прашања неодамна се појавија преку состојбите во Судскиот совет, тело одговорно за заштита и промовирање на овие принципи. Политичарите и политичките партии треба да ги одбиваат сите обиди на заробување на институциите, а Судскиот совет и судството имаат свои одговорности и обврски. Пензионирањето на судиите исто така влијае, па така приоритет е да се зајакнат човечките ресурси како во судството, така и во обвинителството. Процесот на избор на двајца судии во Уставниот суд и двајца членови во Советот на обвинители долго трае и треба што поскоро да се заокружи врз прнципот на меритократија, порача Гир.

Потсети и дека европското знаменце и забрзаните постапки за закони треба да се во голема мера ограничени. Воедно порача на максимална вклученост на јавноста во донесувањето на одлуките во Собранието.

Ги поздрави позитивните оценки за земјава од „Репортери без граници“, но истакна дека новинарите мора да бидат заштитени од говорот на омраза.

Државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања Дрита Абдиу Халили рече дека ги очекуваат извештаите од скринингот што е можно побрзо, со цел, како што посочи, да биде задржен фокусот и мотивацијата за реформи и во администрацијата и во општеството во целина.

Скрининг извештајот за фундаментални вредности е основа за подготовка за трите патокази- патоказ за владеење на правото со малцинскиот план за малцинства, патоказ за реформа на јавната администрација и двата како одредници за отворање на кластерот теми, како и патоказот за функционирање на демократските институции вклучително и продлабочување на дијалогот околу економското управување и исполнување на европските критериуми, рече таа.

Амбасадорка на Кралството Шведска, Ејми Ларсон Џеин ја поздрави усогласеноста на државата со надворешната и безбедносната политика на ЕУ која ја оцени како силен знак за стратешката посветеност на земјава за членство во Европската унија.

The post Политичкиот јаз се продлабочува и затоа потребните реформи назадуваат, смета евроамбасадорот Дејвид Гир appeared first on Република.

]]>

Има напредок, има чувство дека работите се движат напред особено во однос на усвојувањето на уставните измени во согласност со билатералните обврски преземени со Договорот меѓу државава и Бугарија, но за жал и покрај политичките заложби од двете страни за иднината на Македонија во Европската унија сè уште нема заеднички дневен ред за потребните реформи. Политичкиот јаз се продлабочува и потребните реформи затоа назадуваат, оцени евроамбасадорот Дејвид Гир на денешниот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет во македонското Собрание. Гир посочи дека иако владеењето на правото и борбата против корупцијата се клучни и супштински во процесот на проширување на ЕУ, сепак во државава на овие полиња, како што рече, има голем број на загрижености кои се продлабочуваат во изминатите месеци.
Важно е да се адресираат недостатоците во спроведувањето на соодветните закони со што се обезбедува независноста и интегритетот на судиите. Овие прашања неодамна се појавија преку состојбите во Судскиот совет, тело одговорно за заштита и промовирање на овие принципи. Политичарите и политичките партии треба да ги одбиваат сите обиди на заробување на институциите, а Судскиот совет и судството имаат свои одговорности и обврски. Пензионирањето на судиите исто така влијае, па така приоритет е да се зајакнат човечките ресурси како во судството, така и во обвинителството. Процесот на избор на двајца судии во Уставниот суд и двајца членови во Советот на обвинители долго трае и треба што поскоро да се заокружи врз прнципот на меритократија, порача Гир.
Потсети и дека европското знаменце и забрзаните постапки за закони треба да се во голема мера ограничени. Воедно порача на максимална вклученост на јавноста во донесувањето на одлуките во Собранието. Ги поздрави позитивните оценки за земјава од „Репортери без граници“, но истакна дека новинарите мора да бидат заштитени од говорот на омраза. Државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања Дрита Абдиу Халили рече дека ги очекуваат извештаите од скринингот што е можно побрзо, со цел, како што посочи, да биде задржен фокусот и мотивацијата за реформи и во администрацијата и во општеството во целина.