Еврејска заедница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evrejska-zaednica/ За подобро да се разбереме Wed, 18 Oct 2023 16:04:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Еврејска заедница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evrejska-zaednica/ 32 32 Врз синагогата во Берлин фрлени молотови коктели https://arhiva3.republika.mk/vesti/vrz-sinagogata-vo-berlin-frleni-molotovi-kokteli/ Wed, 18 Oct 2023 16:04:40 +0000 https://republika.mk/?p=692580

Зградата на еврејската заедница во центарот на Берлин, во која се сместени и синагога и градинка, беше нападната со молотов коктел ноќта меѓу вторникот кон средата, по што германскиот канцелар Олаф Шолц најави зајакнување на безбедносните мерки околу објектите. на еврејската заедница во Германија, пренесува Хина.

На сите им е јасно дека не прифаќаме и никогаш нема да прифатиме напади врз еврејските институции во Германија – изјави германскиот канцелар Олаф Шолц, коментирајќи го ноќниот напад во Берлин за време на неговата посета на Египет.

Тој најави и конзистентен однос кон антисемитските протести.

Како што соопшти полицијата, двајца непознати напаѓачи во средата рано наутро фрлиле два молотови коктели врз зградата на еврејската заедница во централниот берлински кварт Мите, кои пукнале на тротоарот пред зградата, а пожарот што избувнал бил изгаснат од полицискиот службеник задолжен за складирање на предмети. Во зградата има неколку институции, меѓу кои училиште, градинка и синагога.

Како што соопшти полицијата, при увидот на лице место се случил уште еден инцидент кога едно лице со голема брзина се приближило со скутер и се упатило кон зградата на заедницата извикувајќи антисемитски и антиизраелски пароли. Мажот потоа бил приведен, а потоа ослободен.

The post Врз синагогата во Берлин фрлени молотови коктели appeared first on Република.

]]>

Зградата на еврејската заедница во центарот на Берлин, во која се сместени и синагога и градинка, беше нападната со молотов коктел ноќта меѓу вторникот кон средата, по што германскиот канцелар Олаф Шолц најави зајакнување на безбедносните мерки околу објектите. на еврејската заедница во Германија, пренесува Хина.
На сите им е јасно дека не прифаќаме и никогаш нема да прифатиме напади врз еврејските институции во Германија – изјави германскиот канцелар Олаф Шолц, коментирајќи го ноќниот напад во Берлин за време на неговата посета на Египет.
Тој најави и конзистентен однос кон антисемитските протести. Како што соопшти полицијата, двајца непознати напаѓачи во средата рано наутро фрлиле два молотови коктели врз зградата на еврејската заедница во централниот берлински кварт Мите, кои пукнале на тротоарот пред зградата, а пожарот што избувнал бил изгаснат од полицискиот службеник задолжен за складирање на предмети. Во зградата има неколку институции, меѓу кои училиште, градинка и синагога. Како што соопшти полицијата, при увидот на лице место се случил уште еден инцидент кога едно лице со голема брзина се приближило со скутер и се упатило кон зградата на заедницата извикувајќи антисемитски и антиизраелски пароли. Мажот потоа бил приведен, а потоа ослободен.  

The post Врз синагогата во Берлин фрлени молотови коктели appeared first on Република.

]]>
Еврејските заедници од Македонија, Бугарија, Србија и Грција потпишаа „Меморандум за разбирање“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/evrejskite-zaednitsi-od-severna-makedonija-bugarija-srbija-i-grtsija-potpishaa-memorandum-za-razbirane/ Fri, 16 Jun 2023 19:29:08 +0000 https://republika.mk/?p=652223

Под покровителство на Светскиот еврејки конгрес, Еврејските заедници од Македонија, Бугарија, Србија и Грција во Софија потпишаа „Меморандум за разбирање“ со кој се обврзуваат дека во годината кога се навршуваат осумдесет години од Холокаустот заеднички ќе работат на зачувувањето на автентичната историја на еврејските заедници на Балканот, а особено за историјата на Холокаустот.

Со Меморандумот се предвидува соработка во креирање на едукативни програми, дизајнирани како за еврејските заедници, така и за воспитувачи, наставници, професори и други образовни специјалисти во формалната и неформалната образовна сфера во своите земји, како координирано прикажување што се случувало во годините на Холокаустот, со сите можни институции во своите земји и надвор од нив и заедничка борба против сите обиди за искривување историјата на Холокаустот.

- Со овој меморандум лидерите на четирите еврејски заедници во регионот исто така се обврзуваат дека ќе го почитуваат споменот на 11.343 Евреи од денешна Македонија, западна Тракија во Грција и градот Пирот во Србија, кои беа депортирани од страна на бугарската пронацистичка влада како и споменот на 55.000 Евреи од Грција депортирани од нацистичка Германија, се наведува во соопштението на Еврејската заедница во Република Македонија.

Потписниците на Меморандумот воедно изразуваат жалење што „поединци со антисемитски идеи, позиции и дејствија се придодадени или предложени кон имињата на вистинските праведници меѓу народите и спасители на Евреите за време на Холокаустот и што голем број јавни личности се обидуваат да ја променат, искриват и препишат историјата на Холокаустот со префрлање на одговорноста од пронацистичките сојузници и соработници на нацистичка Германија“.

The post Еврејските заедници од Македонија, Бугарија, Србија и Грција потпишаа „Меморандум за разбирање“ appeared first on Република.

]]>

Под покровителство на Светскиот еврејки конгрес, Еврејските заедници од Македонија, Бугарија, Србија и Грција во Софија потпишаа „Меморандум за разбирање“ со кој се обврзуваат дека во годината кога се навршуваат осумдесет години од Холокаустот заеднички ќе работат на зачувувањето на автентичната историја на еврејските заедници на Балканот, а особено за историјата на Холокаустот. Со Меморандумот се предвидува соработка во креирање на едукативни програми, дизајнирани како за еврејските заедници, така и за воспитувачи, наставници, професори и други образовни специјалисти во формалната и неформалната образовна сфера во своите земји, како координирано прикажување што се случувало во годините на Холокаустот, со сите можни институции во своите земји и надвор од нив и заедничка борба против сите обиди за искривување историјата на Холокаустот.
- Со овој меморандум лидерите на четирите еврејски заедници во регионот исто така се обврзуваат дека ќе го почитуваат споменот на 11.343 Евреи од денешна Македонија, западна Тракија во Грција и градот Пирот во Србија, кои беа депортирани од страна на бугарската пронацистичка влада како и споменот на 55.000 Евреи од Грција депортирани од нацистичка Германија, се наведува во соопштението на Еврејската заедница во Република Македонија.
Потписниците на Меморандумот воедно изразуваат жалење што „поединци со антисемитски идеи, позиции и дејствија се придодадени или предложени кон имињата на вистинските праведници меѓу народите и спасители на Евреите за време на Холокаустот и што голем број јавни личности се обидуваат да ја променат, искриват и препишат историјата на Холокаустот со префрлање на одговорноста од пронацистичките сојузници и соработници на нацистичка Германија“.

The post Еврејските заедници од Македонија, Бугарија, Србија и Грција потпишаа „Меморандум за разбирање“ appeared first on Република.

]]>
Неприфатливо е на карневалот во Струмица да има маска со ликот на Хитлер, реагираат од Еврејската заедница во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/neprifatlivo-e-na-karnevalot-vo-strumitsa-da-ima-maska-so-likot-na-hitler-reagiraat-od-evrejskata-zaednitsa-vo-makedonija/ Mon, 06 Mar 2023 10:53:19 +0000 https://republika.mk/?p=616391

Во пресрет на 80 годишнината на комеморацијата од депортацијата на Евреите од Македонија во центарот за убивање Треблинка, 11 март, Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија се згрозени и навредени од се почестите антисемитски појави во нашата држава.

Сметаме дека е апсолутно неприфатливо, под закрилата на „хуморот и сатирата“ да се исмеваат 6 милиони Евреи жртви на нацизмот од кои 7.144 Евреи од Македонија а како што беше случај на карневалот во Струмица на којшто, помеѓу другите маски, беше и онаа со ликот на Хитлер. Таквата маска не е во духот на карневалот и е во спротивност со мултиетничкиот и мулти конфесионален карактер на Македонија и пораката „Едно општество за сите“. Таквата маска го отвора прашањето дали за нас Евреите има место во оваа држава, реагираат од Еврејската заедница во Македонија.

Недоличните маски и глорификација на нацизмот и фашизмот не застанаа на карневалот. Само неколку дена по неговото одржување на 01.03.2023 на оградата на Еврејската заедница осамна графит со нацистички симбол – свастика. Дали јавната промоција на маската на Хитлер го потикна пишувањето на овој графит?

Би сакале да потсетиме дека македонската Влада уште на 8 март 2018 година, по повод одбележувањето на 75 годишнина од депортацијата на Евреите од Македонија ја прифати работната дефиниција на Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот (ИХРА) за борба против антисемтизмот, а потоа и работната дефиниција за искривоколчување и негирање на холокаустот. Усвојувањето на овие два документи значи и обврска за постојан ангажман и конкретно делување на сите институции на државно и локално ниво, но и на граѓанското општество и на сите нас како граѓани на оваа држава во спречувањето на ваквите појави а не нивна јавна промоција. Воедно, би сакале да укажеме дека уште во 2017 година Еврејската заедница предложи дополнување на Кривичниот законик, кои беа прифатени од работната група при Министерството за правда, а со коишто ваквите појави би се санкционирале соодветно, но за жал истите досега не се имплементирани, се вели во реакцијата.

The post Неприфатливо е на карневалот во Струмица да има маска со ликот на Хитлер, реагираат од Еврејската заедница во Македонија appeared first on Република.

]]>

Во пресрет на 80 годишнината на комеморацијата од депортацијата на Евреите од Македонија во центарот за убивање Треблинка, 11 март, Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија се згрозени и навредени од се почестите антисемитски појави во нашата држава. Сметаме дека е апсолутно неприфатливо, под закрилата на „хуморот и сатирата“ да се исмеваат 6 милиони Евреи жртви на нацизмот од кои 7.144 Евреи од Македонија а како што беше случај на карневалот во Струмица на којшто, помеѓу другите маски, беше и онаа со ликот на Хитлер. Таквата маска не е во духот на карневалот и е во спротивност со мултиетничкиот и мулти конфесионален карактер на Македонија и пораката „Едно општество за сите“. Таквата маска го отвора прашањето дали за нас Евреите има место во оваа држава, реагираат од Еврејската заедница во Македонија.
Недоличните маски и глорификација на нацизмот и фашизмот не застанаа на карневалот. Само неколку дена по неговото одржување на 01.03.2023 на оградата на Еврејската заедница осамна графит со нацистички симбол – свастика. Дали јавната промоција на маската на Хитлер го потикна пишувањето на овој графит? Би сакале да потсетиме дека македонската Влада уште на 8 март 2018 година, по повод одбележувањето на 75 годишнина од депортацијата на Евреите од Македонија ја прифати работната дефиниција на Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот (ИХРА) за борба против антисемтизмот, а потоа и работната дефиниција за искривоколчување и негирање на холокаустот. Усвојувањето на овие два документи значи и обврска за постојан ангажман и конкретно делување на сите институции на државно и локално ниво, но и на граѓанското општество и на сите нас како граѓани на оваа држава во спречувањето на ваквите појави а не нивна јавна промоција. Воедно, би сакале да укажеме дека уште во 2017 година Еврејската заедница предложи дополнување на Кривичниот законик, кои беа прифатени од работната група при Министерството за правда, а со коишто ваквите појави би се санкционирале соодветно, но за жал истите досега не се имплементирани, се вели во реакцијата.  

The post Неприфатливо е на карневалот во Струмица да има маска со ликот на Хитлер, реагираат од Еврејската заедница во Македонија appeared first on Република.

]]>
Еврејската заедница го прославува празникот Ханука https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/evrejskata-zaednica-go-proslavuva-praznikot-hanuka/ Tue, 20 Dec 2022 07:24:18 +0000 https://republika.mk/?p=587841

Еврејската заедница вечер (19.00) во синагогата „Бет Јаков“ ќе го прославува празникот на светлината „Ханука“. Денеска е третиот ден од празникот, а од Заедницата најавуваат дека третата свеќа ќе ја запали претседателот Стево Пендаровски.

„Ханука“ се слави како сеќавање на победоносната ослободителна борба на еврејскиот народ на тлото на древниот Израел против елинистичкиот окупатор.

– Легендата запишана во Талмудот раскажува за тоа како Грците влегле во Храмот и го осквернавиле и маслото кое се чувало за палење на обредните свеќи. Макабејците, ослободители, по влегувањето во Ерусалим нашле во Храмот само еден сад со масло, со печат на големиот свештеник, кој бил доволен за горење за само еден ден. Тогаш се случило чудо (Божјо) и тоа масло горело во свеќникот осум дена. Затоа кога ја празнуваме Ханука и ден денес горат 8 свеќи осум дена, информираат од Еврејската заедница.

Оттаму велат дека „Ханука“ е пред сè семеен празник, свеќниците се палат секоја вечер во кругот на семејството и тоа првиот ден се пали една, а потоа секој ден по една свеќа повеќе. Тој обичај е сочуван до ден денес.

Синагогата „Бет Јаков“ во којашто ќе се одржува прославата се наоѓа на ул. „Борка Талески“ бр.24.

The post Еврејската заедница го прославува празникот Ханука appeared first on Република.

]]>

Еврејската заедница вечер (19.00) во синагогата „Бет Јаков“ ќе го прославува празникот на светлината „Ханука“. Денеска е третиот ден од празникот, а од Заедницата најавуваат дека третата свеќа ќе ја запали претседателот Стево Пендаровски. „Ханука“ се слави како сеќавање на победоносната ослободителна борба на еврејскиот народ на тлото на древниот Израел против елинистичкиот окупатор. – Легендата запишана во Талмудот раскажува за тоа како Грците влегле во Храмот и го осквернавиле и маслото кое се чувало за палење на обредните свеќи. Макабејците, ослободители, по влегувањето во Ерусалим нашле во Храмот само еден сад со масло, со печат на големиот свештеник, кој бил доволен за горење за само еден ден. Тогаш се случило чудо (Божјо) и тоа масло горело во свеќникот осум дена. Затоа кога ја празнуваме Ханука и ден денес горат 8 свеќи осум дена, информираат од Еврејската заедница. Оттаму велат дека „Ханука“ е пред сè семеен празник, свеќниците се палат секоја вечер во кругот на семејството и тоа првиот ден се пали една, а потоа секој ден по една свеќа повеќе. Тој обичај е сочуван до ден денес. Синагогата „Бет Јаков“ во којашто ќе се одржува прославата се наоѓа на ул. „Борка Талески“ бр.24.

The post Еврејската заедница го прославува празникот Ханука appeared first on Република.

]]>
Еврејската заедница ќе го проверува потеклото на куќата на клубот „Иван Михајлов“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/evrejskata-zaednica-kje-go-proveruva-potekloto-na-kukjata-na-klubot-ivan-mihajlov/ Tue, 09 Aug 2022 11:03:56 +0000 https://republika.mk/?p=538317

Еврејската заедница на Македонија започна со процедурата пред надлежната институција за да провери дали куќата во која сега е сместен бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ во Битола, некогаш била во сопственост на депортирано еврејско семејство.

Од Еврејската заедница на Македонија потврдуваат дека е започната процедура во Катастарот во Битола, за историја на движење на имотот на посочената куќа. Од катастарот им било соопштено дека процедурата ќе трае 7 дена.

– Не би можел да потврдам дали посочениот објект во минатото бил во сопственост на македонски Евреи. Ние започнавме процедура и очекуваме одговор од надлежната институција. Точно е дека отспротива на куќата, се наоѓа објект што е во сопственост на Еврејската заедница на Македонија. Засега немаме конкретна информација, но верувајте дека ќе се потрудиме да ја добиеме – изјави за Плусинфо, Пепо Леви, претседателот на Еврејската заедница во Македонија.

„Nicht um jeden Preis in die EU“ или преведено на македонски јазик „Не по секоја цена во ЕУ“ е насловена репортажата што ја објави германскиот национален ТВ сервис ZDF на германската новинарка Брита Хилперт, која меѓу другото открива дека бугарскиот културен центар во Битола „Иван Михајлов“ е сместен во куќа на еврејско семејство кое во текот на Втората светска војна било депортирано.

The post Еврејската заедница ќе го проверува потеклото на куќата на клубот „Иван Михајлов“ appeared first on Република.

]]>

Еврејската заедница на Македонија започна со процедурата пред надлежната институција за да провери дали куќата во која сега е сместен бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ во Битола, некогаш била во сопственост на депортирано еврејско семејство. Од Еврејската заедница на Македонија потврдуваат дека е започната процедура во Катастарот во Битола, за историја на движење на имотот на посочената куќа. Од катастарот им било соопштено дека процедурата ќе трае 7 дена.
– Не би можел да потврдам дали посочениот објект во минатото бил во сопственост на македонски Евреи. Ние започнавме процедура и очекуваме одговор од надлежната институција. Точно е дека отспротива на куќата, се наоѓа објект што е во сопственост на Еврејската заедница на Македонија. Засега немаме конкретна информација, но верувајте дека ќе се потрудиме да ја добиеме – изјави за Плусинфо, Пепо Леви, претседателот на Еврејската заедница во Македонија.
„Nicht um jeden Preis in die EU“ или преведено на македонски јазик „Не по секоја цена во ЕУ“ е насловена репортажата што ја објави германскиот национален ТВ сервис ZDF на германската новинарка Брита Хилперт, која меѓу другото открива дека бугарскиот културен центар во Битола „Иван Михајлов“ е сместен во куќа на еврејско семејство кое во текот на Втората светска војна било депортирано.

The post Еврејската заедница ќе го проверува потеклото на куќата на клубот „Иван Михајлов“ appeared first on Република.

]]>
Бугарија да се извини, а антисемитизмот конечно да биде казнив со закон во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarija-da-se-izvini-a-antisemitizmot-konechno-da-bide-kazniv-so-zakon-vo-makedonija/ Mon, 18 Apr 2022 10:23:13 +0000 https://republika.mk/?p=489934

Во саботата – Шабат и прв ден Песах, кога Евреите од целиот свет го слават празникот за ослободување од египетско ропство, највисоките бугарски претставници на власта предводени од премиерот Кирил Петков, официјално отворија бугарски културен центар „Ванчо Михајлов“ по името на докажан фашист, соработник на Павелиќ, Мусолини и Хитлер, велат од Еврејската зедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.

Овој чин претставува навреда за Евреите и е закана за човековите слободи и права, кршење на демократскиот карактер и вредностите на модерна Европа. Чин со кој се загрозува мултикултурализмот и класичен пример за непочитување и искривување на историјата, се оценува во реакцијата.

Еврејската зедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија истакнаа дека се „згрозени и навредени од името на новиот културен дом во Битола, кој носи име на потврден фашист и близок соработник со нацистите“.

Еклатантен обид во таканаречената „заедничка историја“ на која инсистира Бугарија, таа да се претстави како ослободител, а не како фашистички окупатор кој во центарот за убивање Треблинка депортира 7.144 македонски Евреи или 98 проценти од еврејската популација во тоа време. Обид да се минимизира улогата на Р. Бугарија во холокаустот и окупацијата на Македонија. Искривување на фактите од европската и светска историја за Втората светска војна. Чин којшто не е во духот на добрососедските односи помеѓу Македонија и Бугарија, пишува во реакцијата на Еврејската зедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.

Во неа тие наведуваат дека како наследници на преживеаните од холокаустот нема да ги премолчуваат ваквите појави и бараат итно и неодложно во Собранието да се донесат измените на Кривичниот закон, иницирани од Еврејската заедница во 2017 година, со кои ширењето на антисемитизмот, негирањето и искривувањето на холокаустот, глорификација на фашизмот и нацизмот, како и употреба на нивните симболи и поздрави да бидат казниви со закон.

Еврејската заедница бара и да се поведе постапка околу правната издржаност културни и други центри, граѓански здруженија итн. да носат имиња по потврдени фашисти и докажани соработници на нацистите, Владата на Р. Бугарија да се извини за злосторствата и холокаустот направени од нивните претходници за време на Втората светска војна и Европската Унија и Европскиот парламент да го осудат ваквото поведение на Република Бугарија.

Ние, Евреите од Република Македонија, како и бројни македонски граѓани, имаме многу пријатели од Р. Бугарија, со којашто сакаме како соседи да живееме во мир и благосостојба. Фашистичкото минато на Бугарија под водство на цар Борис Трети и останатите докажани нацисти од врвот на власта на Царска Бугарија во Втората светска војна не смеат да претставуваат пречка во градењето добрососедски односи втемелени на заемна почит, пријателство и доверба. Денешницата не смее да биде жртва на историјата, како што и иднината не смее да биде жртва на вистината, пишува во реакцијата на Еврејска заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.

The post Бугарија да се извини, а антисемитизмот конечно да биде казнив со закон во Македонија appeared first on Република.

]]>

Во саботата – Шабат и прв ден Песах, кога Евреите од целиот свет го слават празникот за ослободување од египетско ропство, највисоките бугарски претставници на власта предводени од премиерот Кирил Петков, официјално отворија бугарски културен центар „Ванчо Михајлов“ по името на докажан фашист, соработник на Павелиќ, Мусолини и Хитлер, велат од Еврејската зедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.
Овој чин претставува навреда за Евреите и е закана за човековите слободи и права, кршење на демократскиот карактер и вредностите на модерна Европа. Чин со кој се загрозува мултикултурализмот и класичен пример за непочитување и искривување на историјата, се оценува во реакцијата.
Еврејската зедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија истакнаа дека се „згрозени и навредени од името на новиот културен дом во Битола, кој носи име на потврден фашист и близок соработник со нацистите“.
Еклатантен обид во таканаречената „заедничка историја“ на која инсистира Бугарија, таа да се претстави како ослободител, а не како фашистички окупатор кој во центарот за убивање Треблинка депортира 7.144 македонски Евреи или 98 проценти од еврејската популација во тоа време. Обид да се минимизира улогата на Р. Бугарија во холокаустот и окупацијата на Македонија. Искривување на фактите од европската и светска историја за Втората светска војна. Чин којшто не е во духот на добрососедските односи помеѓу Македонија и Бугарија, пишува во реакцијата на Еврејската зедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.
Во неа тие наведуваат дека како наследници на преживеаните од холокаустот нема да ги премолчуваат ваквите појави и бараат итно и неодложно во Собранието да се донесат измените на Кривичниот закон, иницирани од Еврејската заедница во 2017 година, со кои ширењето на антисемитизмот, негирањето и искривувањето на холокаустот, глорификација на фашизмот и нацизмот, како и употреба на нивните симболи и поздрави да бидат казниви со закон. Еврејската заедница бара и да се поведе постапка околу правната издржаност културни и други центри, граѓански здруженија итн. да носат имиња по потврдени фашисти и докажани соработници на нацистите, Владата на Р. Бугарија да се извини за злосторствата и холокаустот направени од нивните претходници за време на Втората светска војна и Европската Унија и Европскиот парламент да го осудат ваквото поведение на Република Бугарија.
Ние, Евреите од Република Македонија, како и бројни македонски граѓани, имаме многу пријатели од Р. Бугарија, со којашто сакаме како соседи да живееме во мир и благосостојба. Фашистичкото минато на Бугарија под водство на цар Борис Трети и останатите докажани нацисти од врвот на власта на Царска Бугарија во Втората светска војна не смеат да претставуваат пречка во градењето добрососедски односи втемелени на заемна почит, пријателство и доверба. Денешницата не смее да биде жртва на историјата, како што и иднината не смее да биде жртва на вистината, пишува во реакцијата на Еврејска заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.

The post Бугарија да се извини, а антисемитизмот конечно да биде казнив со закон во Македонија appeared first on Република.

]]>
Еврејската заедница во Македонија: Очекуваме надлежните да преземат соодветни мерки против оние кои шират говор на омраза https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/evrejskata-zaednica-vo-makedonija-ochekuvame-nadleznite-da-prezemat-soodvetni-merki-protiv-onie-koi-shirat-govor-na-omraza/ Tue, 22 Feb 2022 12:47:57 +0000 https://republika.mk/?p=461936

Еврејската заедница во Македонија е вчудоневидена од неверојатниот говор на омраза по повод престојот на една ортодоксно-религиозна еврејска група во државава, која е во основа мирољубива и не загрозува никого.

Од Еврејската заедница потенцираат дека една група од 38 члена, со регуларен престој во земјава, облечена во својата традиционална облека, при што повеќе од половината се жени и деца предизвика неверојатен говор на омраза, антисемитизам и ксенофобија.

Една мала група подбуцнувачи со своите изјави во стилот „Треба да се запали хотелот со се Евреите по него“ предизвикува страв и непријатно чувство кај Евреите во Република Македонија. Никогаш Евреите во Македонија, не се судриле со таков антисемитизам, ксенофобија и јазик на омраза, кој може да предизвика несогледиви последици - нагласуваат од Еврејската заедница.

Оттаму ги замолуваат новинарите крајно внимателно да известуваат за групата и она што се случува во врска со нив.

Инсинуациите дека се водат разноразни судски процеси за киднапирање на деца и други недолични работи од нив, не се точни и не се однесуваат за оваа група американски, канадски и други западно европски граѓани, припадници на оваа група со еврејска вероисповед. Јазикот на омраза и непочитување, ксенофобија, антисемитизам и фанизам, скапо го плати еврејскиот народ во Македонија. 7.144 евреи одведени на 11 март 1943 во Треблинка од каде никој жив не се врати, како и многуте борци Евреи кои загинаа во Втората Светска Војна борејќи се рамо до рамо со останатите македонски борци се цена што еврејскиот народ ја плати за идеалите на слободна Македонија. Дали сега треба да дозволиме да една мала група подбуцнувачи, а би се рекло и непријатели на демократскиот развој на Македонија, шират омраза и нетрпеливост кон Евреите? - се вели во соопштението.

Од Еврејската заедница очекуваат надлежните органи како што се Обвинителството, МВР, Комисијата за заштита од дискриминација и други, да преземат соодветни мерки против, како што велат „подбуцнувачите“ на омраза и ширење на фашизам, ксенофобија и антисемитизам, а градоначелниците од актуелните општини активно да се вклучат и им објаснат на луѓето што протестираат против престојот на оваа група во нивна средина, дека оваа група само затоа што е облечена во поинакви алишта и со поинаков изглед, практикувајќи ја ортодоксната еврејска религија не претставува никаква опасност за никого.

The post Еврејската заедница во Македонија: Очекуваме надлежните да преземат соодветни мерки против оние кои шират говор на омраза appeared first on Република.

]]>

Еврејската заедница во Македонија е вчудоневидена од неверојатниот говор на омраза по повод престојот на една ортодоксно-религиозна еврејска група во државава, која е во основа мирољубива и не загрозува никого. Од Еврејската заедница потенцираат дека една група од 38 члена, со регуларен престој во земјава, облечена во својата традиционална облека, при што повеќе од половината се жени и деца предизвика неверојатен говор на омраза, антисемитизам и ксенофобија.