Евреи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evrei/ За подобро да се разбереме Sun, 10 Mar 2024 07:55:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Евреи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evrei/ 32 32 Комеморативни активности во Штип и Битола по повод 81 година од депортацијата на македонските Евреи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/komemorativni-aktivnosti-vo-shtip-i-bitola-po-povod-81-godina-od-deportatsijata-na-makedonskite-evrei/ Sun, 10 Mar 2024 07:55:48 +0000 https://republika.mk/?p=753185

Во рамки на Комеморативната програма по повод 81 година од холокаустот на македонските Евреи, во Штип денеска ќе се реализираат повеќе активности. Во Советот на Градот ќе се одржи комеморативна програма на која ќе се обрати градоначалникот Иван Јорданов, а потоа следува „Поворката на живите“ - од Општина Штип до Споменикот на депортираните Евреи каде ќе биде положено цвеќе. Почит пред Споменикот со положување венец ќе оддадат и пратениците Никола Мицевски и Емилија Рамбабова. Програмата звршува со театарската претстава „Детето во пругасти пижами“ во Народен театар Штип.

Во Битола ќе продолжат активностите за оддавање почит кои почнаа вчера. Пред Споменикот на депортираните Евреи од Битола - „Камена менора“ и споменикот на Естреа Овадија Мара ќе биде положено цвеќе, а потоа следува „Поворка на живите“ од Здравствениот дом „д-р Хаим Абраванел“ до железничката станица, каде ќе се обрати градоначалникот Тони Коњановски. Пратеничките Марија Кочовска и Олга Лозановска ќе положат цвеќе на Споменикот на жртвите на Холокаустот од Битола.

Централните комеморативни активности ќе се одржат утре во Скопје, со оддавање почит пред Споменикот на 7.144 депортирани Евреи од Македонија во скопскиот Монопол. Обраќање ќе имаат претседателот на Еврејската заедница во земјава Пепо Леви, претседателот на техничката Влада, Талат Џафери и амбасадорката на Израел Симона Франкел. Потоа ќе се оддаде почит на Могилата на депортираните Евреи од Македонија и на Споменикот на паднатите борци од НОБ на градските гробишта „Бутел“. Цвеќе на Споменикот кај поранешен скопски Монопол ќе положи и собраниска делегација, предводена од потпретседателот на Собранието Горан Мисовски. Во делегацијата се пратеничките Марија Георгиевска, Бети Стаменковска Трајковска и Рашела Мизрахи. Тие ќе положат венци и на Споменикот на депортираните Евреи во „Бутел“.

Комеморативните активности по повод 81 година од депортацијата на македонските Евреи ќе завршат со Комеморативна вечер во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија на која ќе се обрати и претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Еврејската заедница во земјава Пепо Леви и специјалниот преставник на Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија Сарацин.

Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Република Македонија од 9 до 11 март 2024 година одбележуваат 81 година од холокаустот на македонските Евреи. Активностите почнаа вчера во Битола, со театарската претстава „Детето во пругасти пижами“ во Народниот театар.

На 11.03.1943 година, 7.144 македонски Евреи од Скопје, Битола и Штип се депортирани во „логорот на смртта“ - Треблинка што е и еден од највисоките проценти на депортирани Евреи во светот според бројот на население (98 отсто).

The post Комеморативни активности во Штип и Битола по повод 81 година од депортацијата на македонските Евреи appeared first on Република.

]]>

Во рамки на Комеморативната програма по повод 81 година од холокаустот на македонските Евреи, во Штип денеска ќе се реализираат повеќе активности. Во Советот на Градот ќе се одржи комеморативна програма на која ќе се обрати градоначалникот Иван Јорданов, а потоа следува „Поворката на живите“ - од Општина Штип до Споменикот на депортираните Евреи каде ќе биде положено цвеќе. Почит пред Споменикот со положување венец ќе оддадат и пратениците Никола Мицевски и Емилија Рамбабова. Програмата звршува со театарската претстава „Детето во пругасти пижами“ во Народен театар Штип. Во Битола ќе продолжат активностите за оддавање почит кои почнаа вчера. Пред Споменикот на депортираните Евреи од Битола - „Камена менора“ и споменикот на Естреа Овадија Мара ќе биде положено цвеќе, а потоа следува „Поворка на живите“ од Здравствениот дом „д-р Хаим Абраванел“ до железничката станица, каде ќе се обрати градоначалникот Тони Коњановски. Пратеничките Марија Кочовска и Олга Лозановска ќе положат цвеќе на Споменикот на жртвите на Холокаустот од Битола. Централните комеморативни активности ќе се одржат утре во Скопје, со оддавање почит пред Споменикот на 7.144 депортирани Евреи од Македонија во скопскиот Монопол. Обраќање ќе имаат претседателот на Еврејската заедница во земјава Пепо Леви, претседателот на техничката Влада, Талат Џафери и амбасадорката на Израел Симона Франкел. Потоа ќе се оддаде почит на Могилата на депортираните Евреи од Македонија и на Споменикот на паднатите борци од НОБ на градските гробишта „Бутел“. Цвеќе на Споменикот кај поранешен скопски Монопол ќе положи и собраниска делегација, предводена од потпретседателот на Собранието Горан Мисовски. Во делегацијата се пратеничките Марија Георгиевска, Бети Стаменковска Трајковска и Рашела Мизрахи. Тие ќе положат венци и на Споменикот на депортираните Евреи во „Бутел“. Комеморативните активности по повод 81 година од депортацијата на македонските Евреи ќе завршат со Комеморативна вечер во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија на која ќе се обрати и претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Еврејската заедница во земјава Пепо Леви и специјалниот преставник на Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија Сарацин. Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Република Македонија од 9 до 11 март 2024 година одбележуваат 81 година од холокаустот на македонските Евреи. Активностите почнаа вчера во Битола, со театарската претстава „Детето во пругасти пижами“ во Народниот театар. На 11.03.1943 година, 7.144 македонски Евреи од Скопје, Битола и Штип се депортирани во „логорот на смртта“ - Треблинка што е и еден од највисоките проценти на депортирани Евреи во светот според бројот на население (98 отсто).

The post Комеморативни активности во Штип и Битола по повод 81 година од депортацијата на македонските Евреи appeared first on Република.

]]>
Стотици Евреи се собраа во близина на Статуата на слободата во Њујорк и побараа прекин на огнот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stotitsi-evrei-se-sobraa-vo-blizina-na-statuata-na-slobodata-vo-nujork-i-pobaraa-prekin-na-ognot/ Tue, 07 Nov 2023 08:43:25 +0000 https://republika.mk/?p=699043

Околу 500 демонстранти, повеќето членови на групата „Еврејски глас за мир“, се собраа вчера кај Статуата на слободата во Њујорк, барајќи прекин на огнот во Појасот Газа, каде што во последниот месец, според палестинските здравствени власти, загинаа повеќе од 10.000 луѓе, меѓу кои околу 4.000 деца.

Ова е трет собир организиран од групата во последниве недели, по еден одржан на станицата Гранд Централ на Менхетен и еден пред Капитол Хил во Вашингтон.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Престанете на огнот сега! и „Целиот свет гледа“ и извикуваа „Никогаш повеќе никому, никогаш повеќе не е сега“, што беше еврејскиот крик по холокаустот.

„Исто како и Палестинците, така и многу од нашите предци копнееја да дишат слободно“, објави групата преку социјалната мрежа Икс.

Групата „Еврејски глас за мир“ се противи на политиката на актуелната израелска влада кон Палестинците, сметајќи ја за еден вид апартхејд.

 

 

The post Стотици Евреи се собраа во близина на Статуата на слободата во Њујорк и побараа прекин на огнот appeared first on Република.

]]>

Околу 500 демонстранти, повеќето членови на групата „Еврејски глас за мир“, се собраа вчера кај Статуата на слободата во Њујорк, барајќи прекин на огнот во Појасот Газа, каде што во последниот месец, според палестинските здравствени власти, загинаа повеќе од 10.000 луѓе, меѓу кои околу 4.000 деца. Ова е трет собир организиран од групата во последниве недели, по еден одржан на станицата Гранд Централ на Менхетен и еден пред Капитол Хил во Вашингтон. Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Престанете на огнот сега! и „Целиот свет гледа“ и извикуваа „Никогаш повеќе никому, никогаш повеќе не е сега“, што беше еврејскиот крик по холокаустот. „Исто како и Палестинците, така и многу од нашите предци копнееја да дишат слободно“, објави групата преку социјалната мрежа Икс. Групата „Еврејски глас за мир“ се противи на политиката на актуелната израелска влада кон Палестинците, сметајќи ја за еден вид апартхејд.    

The post Стотици Евреи се собраа во близина на Статуата на слободата во Њујорк и побараа прекин на огнот appeared first on Република.

]]>
ЕК: Евреите во Европа денес повторно живеат во страв https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ek-evreite-vo-evropa-denes-povtorno-zhiveat-vo-strav/ Sun, 05 Nov 2023 16:49:27 +0000 https://republika.mk/?p=698501

Европската комисија денеска оцени дека „Евреите од Европа повторно живеат во страв“ и остро го осуди „оживувањето“ на антисемитските инциденти низ Европската унија по избувнувањето на конфликтите на Блискиот Исток.

„Зголемувањето на антисемитските инциденти низ Европа во изминатите денови потсетува на некои од најмрачните периоди во историјата“, се вели во соопштението на Европската комисија.

Комисијата додаде дека тие случаи се против се што претставува Европа, против европските основни вредности и против европскиот модел на општество.

The post ЕК: Евреите во Европа денес повторно живеат во страв appeared first on Република.

]]>

Европската комисија денеска оцени дека „Евреите од Европа повторно живеат во страв“ и остро го осуди „оживувањето“ на антисемитските инциденти низ Европската унија по избувнувањето на конфликтите на Блискиот Исток. „Зголемувањето на антисемитските инциденти низ Европа во изминатите денови потсетува на некои од најмрачните периоди во историјата“, се вели во соопштението на Европската комисија. Комисијата додаде дека тие случаи се против се што претставува Европа, против европските основни вредности и против европскиот модел на општество.

The post ЕК: Евреите во Европа денес повторно живеат во страв appeared first on Република.

]]>
Изложба „Македонија памети. Никогаш да не се заборави!“ во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/izlozhba-makedonija-pameti-nikogash-da-ne-se-zaboravi-vo-memorijalniot-tsentar-na-holokaustot-na-evreite/ Sun, 12 Mar 2023 09:29:20 +0000 https://republika.mk/?p=618675

Во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите денеска ќе биде отворена изложбата „Македонија памети. Никогаш да не се заборави!“. Подготвена е од страна на Државниот архив на Македонија во соработка со Институтот за национална историја од Скопје, а по повод 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи.

Изложбата се состои од 19 паноа на кои се прикажани над 200 фотографии и архивски документи од Државниот архив на РСМ и неговите подрачни одделенија во Скопје, Битола и Штип, од Музејот на Македонија, Заводот и музеј Штип, Еврејскиот историски музеј во Белград и Централниот државен архив во Софија.

The post Изложба „Македонија памети. Никогаш да не се заборави!“ во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите appeared first on Република.

]]>

Во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите денеска ќе биде отворена изложбата „Македонија памети. Никогаш да не се заборави!“. Подготвена е од страна на Државниот архив на Македонија во соработка со Институтот за национална историја од Скопје, а по повод 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи. Изложбата се состои од 19 паноа на кои се прикажани над 200 фотографии и архивски документи од Државниот архив на РСМ и неговите подрачни одделенија во Скопје, Битола и Штип, од Музејот на Македонија, Заводот и музеј Штип, Еврејскиот историски музеј во Белград и Централниот државен архив во Софија.

The post Изложба „Македонија памети. Никогаш да не се заборави!“ во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите appeared first on Република.

]]>
Поворка на живите од Музејот на Град Скопје до Монопол-Империјал Тобако: Одбележување на 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/povorka-na-zhivite-od-muzejot-na-grad-skopje-do-monopol-imperijal-tobako-makedonija-ja-odbelezhuva-80-godishninata-od-holokaustot-na-makedonskite-evrei/ Sun, 12 Mar 2023 09:01:14 +0000 https://republika.mk/?p=618660

Со поворка на живите од Музејот на Град Скопје до Монопол-Империјал Тобако, денеска почна одбележувањето на 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи, што го организираат Еврејската заедница во земјава и Фондот на Холокаустот под мотото „11 март 1943 – Никогаш повеќе“.

Најавени се обраќања на претседателот на државата Стево Пендаровски, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, претседателот на парламентарната група за пријателство Израел - Македонија, Хамад Амар, како и на Ернест Херцог од Светскиот Еврејски Конгрес, Мариа Багдасарова од Европскиот Еврејски Конгрес и Пепо Леви, претседател на Еврејската заедница во земјава.

Во овој временски период ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на неколку сообраќајници во градот.

Одбележувањето ќе продолжи на Градските гробишта Бутел каде ќе биде положено цвеќе пред споменикот на депортираните Евреи и пред споменикот на паднатите борци во НОБ.

Вечерва во Националната опера и балет ќе се одржи комеморативен концерт на кој се очекува да се обратат премиерот Димитар Ковачевски, амбасадорката на Израел, Симона Франкел, претседателот на Еврејската заедница во земјава Пепо Леви и претседавачот на Американскиот Еврејски Конгрес, рабин Ендру Бејкер.

The post Поворка на живите од Музејот на Град Скопје до Монопол-Империјал Тобако: Одбележување на 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи appeared first on Република.

]]>

Со поворка на живите од Музејот на Град Скопје до Монопол-Империјал Тобако, денеска почна одбележувањето на 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи, што го организираат Еврејската заедница во земјава и Фондот на Холокаустот под мотото „11 март 1943 – Никогаш повеќе“. Најавени се обраќања на претседателот на државата Стево Пендаровски, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, претседателот на парламентарната група за пријателство Израел - Македонија, Хамад Амар, како и на Ернест Херцог од Светскиот Еврејски Конгрес, Мариа Багдасарова од Европскиот Еврејски Конгрес и Пепо Леви, претседател на Еврејската заедница во земјава. Во овој временски период ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на неколку сообраќајници во градот. Одбележувањето ќе продолжи на Градските гробишта Бутел каде ќе биде положено цвеќе пред споменикот на депортираните Евреи и пред споменикот на паднатите борци во НОБ. Вечерва во Националната опера и балет ќе се одржи комеморативен концерт на кој се очекува да се обратат премиерот Димитар Ковачевски, амбасадорката на Израел, Симона Франкел, претседателот на Еврејската заедница во земјава Пепо Леви и претседавачот на Американскиот Еврејски Конгрес, рабин Ендру Бејкер.

The post Поворка на живите од Музејот на Град Скопје до Монопол-Империјал Тобако: Одбележување на 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи appeared first on Република.

]]>
Евреите бараат Бугарија да не ја искривува историјата, Јотова најави музеј за нивното „спасување“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/evreite-baraat-bugarija-da-ne-ja-iskrivuva-istorijata-jotova-najavi-muzej-za-nivnoto-spasuvane/ Sat, 11 Mar 2023 12:59:57 +0000 https://republika.mk/?p=618466

Македонија денеска го обележува Меѓународниот ден на холокаустот и прогонот на македонските Евери во логорот Треблинка.Токму на овој ден од Бугарија стигнуваат најави дека и таа сака да биде дел од историјата на прогонот на Евреите но нашминкана по своја мерка.

Конкретно, потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова најави дека ќе градат музеј за спасувањето на Евреите. Светската историја е јасна дека Бугарија како дел од фашистичката коалиција не ги спасила Ереите туку помогнала да бидат депортирани во логорот на смртта.До пред неколку години имаше живи сведоци кои раскажуваа како Еверите натоварени во вагони во монополот биле натоварени и однесени на пат од кој нема назад.

Навистина е нејасно за какво спасување говори Јотова.?

„Република“ веќе пишуваше дека  на Бугарија почнува се повеќе да и пречи и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Македонија.

Бугарија сака да се доведе во прашање автентичноста на експонатите, посебно на железничкиот вагон, со што практично под знак прашалник се поставува и постоењето на самиот Центар, но и депортацијата на македонските Евреи и посебно улогата на бугарската окупациска власт во тој тргичен настан од Втората светска војна.

Дека Бугарија не треба да биде место каде Евреите ќе добијат уште еден музеј потврдува и бугарската еврејска организација „Шалом“.Оваа влијателна организација бара Бугарија да престане со искривување на историјата на еврејскиот народ.

- Нема да застанеме рамнодушни на обидите во изминативе недели за промена на историјата на Холокаустот во Бугарија бидејќи тешките антисемитски закони и државни мерки на бугарската влада оттогаш се претставија како навидум прифатени, но непостоечки во, да не заборавиме дека ова се законите и прописите поради кои илјадници луѓе страдаа за време на Холокаустот.Ова е навреда и за сеќавањето на нашите предци и за заслугите на сите праведни Бугари од овој период, а ние нема да молчиме пред ваквите запоставувања на Холокаустот, кој во многу земји од Европската Унија се смета за кривично дело-велат од „Шалом“

The post Евреите бараат Бугарија да не ја искривува историјата, Јотова најави музеј за нивното „спасување“ appeared first on Република.

]]>

Македонија денеска го обележува Меѓународниот ден на холокаустот и прогонот на македонските Евери во логорот Треблинка.Токму на овој ден од Бугарија стигнуваат најави дека и таа сака да биде дел од историјата на прогонот на Евреите но нашминкана по своја мерка. Конкретно, потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова најави дека ќе градат музеј за спасувањето на Евреите. Светската историја е јасна дека Бугарија како дел од фашистичката коалиција не ги спасила Ереите туку помогнала да бидат депортирани во логорот на смртта.До пред неколку години имаше живи сведоци кои раскажуваа како Еверите натоварени во вагони во монополот биле натоварени и однесени на пат од кој нема назад.
Навистина е нејасно за какво спасување говори Јотова.?
„Република“ веќе пишуваше дека  на Бугарија почнува се повеќе да и пречи и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Македонија. Бугарија сака да се доведе во прашање автентичноста на експонатите, посебно на железничкиот вагон, со што практично под знак прашалник се поставува и постоењето на самиот Центар, но и депортацијата на македонските Евреи и посебно улогата на бугарската окупациска власт во тој тргичен настан од Втората светска војна. Дека Бугарија не треба да биде место каде Евреите ќе добијат уште еден музеј потврдува и бугарската еврејска организација „Шалом“.Оваа влијателна организација бара Бугарија да престане со искривување на историјата на еврејскиот народ.
- Нема да застанеме рамнодушни на обидите во изминативе недели за промена на историјата на Холокаустот во Бугарија бидејќи тешките антисемитски закони и државни мерки на бугарската влада оттогаш се претставија како навидум прифатени, но непостоечки во, да не заборавиме дека ова се законите и прописите поради кои илјадници луѓе страдаа за време на Холокаустот.Ова е навреда и за сеќавањето на нашите предци и за заслугите на сите праведни Бугари од овој период, а ние нема да молчиме пред ваквите запоставувања на Холокаустот, кој во многу земји од Европската Унија се смета за кривично дело-велат од „Шалом“

The post Евреите бараат Бугарија да не ја искривува историјата, Јотова најави музеј за нивното „спасување“ appeared first on Република.

]]>
Македонија се сеќава: Осумдесет години од погромот и депортацијата на битолските Евреи од бугарскиот фашистички окупатор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-se-sekava-osumdeset-godini-od-pogromot-i-deportatsijata-na-bitolskite-evrei-od-bugarskiot-fashistichki-okupator/ Sat, 11 Mar 2023 08:51:52 +0000 https://republika.mk/?p=618383

Големиот погром и прогон на битолските Евреи е извршен утрото на 11 март 1943 година кога во Треблинка беа депортирани 3.351 жители на градот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/bugarskiot-klub-vo-bitola-e-smesten-vo-kukja-na-deportirani-evrei-germanska-novinarka-ja-otkri-surovata-vistina/

Според сочувани списоци депортирани се 973 семејства, меѓу кои едно семејство со 12 членови, две семејства со 11 членови, четири семејства со по 10 членови, четиринаесет семејства со девет членови во семејството... а најмногубројни биле семејствата со три или два членови кои пеш биле однесени до Железничката станица во Битола, каде што, со последниот претрес, им биле одземени златните прстени, часовници, бисери и друг накит.

таа депортација ја изврши царска Бугарија, Филов, Габровски и Белев… не бугарскиот народ. Тие беа окупатори и фашисти, а не администратори. Ниту еден од депортираните не преживеа.

Во последно време на Бугарија почнува се повеќе да и пречи и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Македонија.

За релативно кратко време, во дел од медиумите во Софија, па и во Скопје се појавија текстови со кои во основа се доведува во прашање автентичноста на експонатите, посебно на железничкиот вагон, со што практично под знак прашалник се поставува и постоењето на самиот Центар, но и депортацијата на македонските Евреи и посебно улогата на бугарската окупациска власт во тој тргичен настан од Втората светска војна.

https://republika.mk/vesti/makedonija/na-bugarite-sega-im-prechi-i-memorijalniot-tsentar-na-holokaustot-problem-vidoa-i-vo-natpisite-na-vagonot-na-smrtta/

Во списокот на депортираните во Треблинка се и 129 ученици и 115 ученички, родени во иста година, сите депортирани во ист ден. Во Главните ученички книги од учебната 1942-1943 година што се чуваат во битолскиот Историски архив, на страницата на ученици Евреи, тогашните одделенски раководители напишале „Иселен на 11.03.1943 год.“, за како што нагласуваат хроничари, да се скрие насилството врз Евреите гимназијалци од Битола.

https://republika.mk/vesti/makedonija/brakjata-manaki-odigrale-kluchna-uloga-vo-registracija-na-bitolskite-evrei-koi-trebalo-da-bidat-deportirani/

Како што е познато, масовното населување на Евреи во Битола е регистрирано во 1497 година, а нивните огништа згаснаа со депортацијата на 11 март 1943 година.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-prakjajte-gi-evreite-vo-gasnite-komori-po-vtor-pat-otvorenoto-pismo-na-viktor-mizrahi-objaveno-na-ilinden/

The post Македонија се сеќава: Осумдесет години од погромот и депортацијата на битолските Евреи од бугарскиот фашистички окупатор appeared first on Република.

]]>

Големиот погром и прогон на битолските Евреи е извршен утрото на 11 март 1943 година кога во Треблинка беа депортирани 3.351 жители на градот. https://republika.mk/vesti/makedonija/bugarskiot-klub-vo-bitola-e-smesten-vo-kukja-na-deportirani-evrei-germanska-novinarka-ja-otkri-surovata-vistina/ Според сочувани списоци депортирани се 973 семејства, меѓу кои едно семејство со 12 членови, две семејства со 11 членови, четири семејства со по 10 членови, четиринаесет семејства со девет членови во семејството... а најмногубројни биле семејствата со три или два членови кои пеш биле однесени до Железничката станица во Битола, каде што, со последниот претрес, им биле одземени златните прстени, часовници, бисери и друг накит. таа депортација ја изврши царска Бугарија, Филов, Габровски и Белев… не бугарскиот народ. Тие беа окупатори и фашисти, а не администратори. Ниту еден од депортираните не преживеа.
Во последно време на Бугарија почнува се повеќе да и пречи и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Македонија. За релативно кратко време, во дел од медиумите во Софија, па и во Скопје се појавија текстови со кои во основа се доведува во прашање автентичноста на експонатите, посебно на железничкиот вагон, со што практично под знак прашалник се поставува и постоењето на самиот Центар, но и депортацијата на македонските Евреи и посебно улогата на бугарската окупациска власт во тој тргичен настан од Втората светска војна. https://republika.mk/vesti/makedonija/na-bugarite-sega-im-prechi-i-memorijalniot-tsentar-na-holokaustot-problem-vidoa-i-vo-natpisite-na-vagonot-na-smrtta/
Во списокот на депортираните во Треблинка се и 129 ученици и 115 ученички, родени во иста година, сите депортирани во ист ден. Во Главните ученички книги од учебната 1942-1943 година што се чуваат во битолскиот Историски архив, на страницата на ученици Евреи, тогашните одделенски раководители напишале „Иселен на 11.03.1943 год.“, за како што нагласуваат хроничари, да се скрие насилството врз Евреите гимназијалци од Битола. https://republika.mk/vesti/makedonija/brakjata-manaki-odigrale-kluchna-uloga-vo-registracija-na-bitolskite-evrei-koi-trebalo-da-bidat-deportirani/ Како што е познато, масовното населување на Евреи во Битола е регистрирано во 1497 година, а нивните огништа згаснаа со депортацијата на 11 март 1943 година. https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-prakjajte-gi-evreite-vo-gasnite-komori-po-vtor-pat-otvorenoto-pismo-na-viktor-mizrahi-objaveno-na-ilinden/

The post Македонија се сеќава: Осумдесет години од погромот и депортацијата на битолските Евреи од бугарскиот фашистички окупатор appeared first on Република.

]]>
Бугарија одбележа 80 години од „спасувањето на бугарските Евреи“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarija-odbelezha-80-godini-od-spasuvaneto-na-bugarskite-evrei/ Fri, 10 Mar 2023 20:11:26 +0000 https://republika.mk/?p=618299

На 10 март се навршуваат 80 години од спасувањето на бугарските Евреи. Денот на спасувањето на бугарските Евреи и жртвите на холокаустот и злосторствата против човештвото се одбележува од 2003 година, со одлука на Советот на министри од 13 февруари 2003 година, се вели во извештајот на одделот „Директориум“ на БТА. Определувањето на датумот е поврзано со декларацијата усвоена на 18 октомври 2002 година од министрите за образование на земјите членки на Советот на Европа, според која секоја земја одбележува ден во спомен на жртвите на холокаустот и на настраданите во злосторства против човештвото, согласно својата национална историја.

Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

На 17 март 1943 година, потпретседателот на 25. Народно собрание Димитар Пешев испратил изјава до премиерот, поддржана од 43 народни претставници, против депортацијата на бугарските Евреи. Со активното дејствување на пловдивскиот митрополит Кирил, софискиот егзарх Стефан, со интервенција на јавноста, од депортација се спасени близу 50.000 бугарски Евреи.

Од 2006 година се одбележува и Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од холокаустот, согласно резолуција на Генералното собрание на ОН.

Во Националната библиотека „Св. Св. Кирил и Методиј“, претседателот Румен Радев ја отвори документарната изложба „80 години од спасувањето на бугарските Евреи“. Почесен гостин на настанот беше познатиот историчар и јавна личност од Израел проф. Мајкл Бар-Зоар. Изложбата опфаќа експонати од колекцијата на Националната библиотека, документарни докази за животот на Евреите во бугарските земји, вклучително и и за време на Втората светска војна, како и наградите што му беа доделени постхумно на цар Борис III од меѓународните еврејски организации, вклучително и Светскиот еврејски конгрес и Лигата против клеветата.

По преживеани две национални катастрофи, Бугарија прави се што е можно за да не биде вовлечена во нова војна на Стариот континент. И покрај притисокот на нацистичка Германија врз бугарските институции, нашиот народ го отфрла антисемитизмот и сам, распарчен и прогонет, го бара патот за дијалог, за мирна ревизија на неправедниот Нејски диктат. Вака рече претседателот Румен Радев на отворањето на изложбата во Националната библиотека „Св. Св. Кирил и Методиј“.

Меѓу гостите на церемонијата беа техничкиот премиер Галаб Донев, потпретседателката Илијана Јотова, техничкиот вицепремиер Атанас Пеканов, техничкиот министер за надворешни работи Николај Милков, техничкиот министер за култура Најден Тодоров, техничкиот министер за иновации и раст Александар Пулев, техничкиотминистер за туризам Илин Димитров, техничкиот министер за одбрана Димитар Стојанов, поранешен премиер Симеон Саскобурготски, генералниот директор на Бугарската телеграфска агенција (БТА) Кирил Валчев, амбасадорот на државата Израел Јорам Елрон, познатиот историчар и јавен деец од Израел проф. Мајкл Бар-Зоар, јавни личности, свештеници и граѓани.

За мене е чест да ја отворам оваа изложба во присуство на нашите израелски пријатели и почитуваниот, драг почесен гостин проф. Бар-Зоар - јавна личност, историчар, верен пријател на Бугарија. Неговата извонредна книга „Спас“ на уникатен начин му ги открива на светот настаните од пролетта 1943 година, кои доведоа до спасување на бугарските Евреи“, рече Радев. „Проф. Бар-Зоар ја открива и толеранцијата, пријателските чувства и хуманизмот на бугарскиот народ во еден од најтемните периоди во историјата на човештвото, кога Европа беше здробена од чизмата на Хитлер“, додаде шефот на државата.

Според него, изолирана и загрозена од окупација, Бугарија била принудена да се приклучи на Тројниот пакт.

Изгубената неутралност доведе до усвојување на антиеврејско законодавство, но тоа не го промени односот на нашиот народ кон еврејските пријатели, соседи, соученици и колеги, рече Радев.

Шефот на државата изјави дека Бугарите не ја изневериле својата толеранција и емпатија кон оние што страдаат.

Бугарските институции продолжија да издаваат транзитни визи за илјадници Евреи кои бегаа од окупирана Европа. Нашите дипломати нагласуваат дека антиеврејското законодавство наметнато однадвор во Бугарија ќе биде спроведено на таков начин што ќе го замолчи секој обид за насилен антисемитизам.

Во деновите на највисоко искушение, бугарската држава и народ поминаа тест со огромна историска вредност со тоа што не дозволија ниту еден бугарски Евреин да загине во логорите на смртта или да биде убиен во Бугарија“, рече Радев.

Тој додаде дека спасувањето на бугарските Евреи продолжува да биде пример за моќта на јавната и политичката енергија посветена на една праведна кауза.

Во нашата историја засекогаш ќе остане лекцијата за државништво на 43-те пратеници од владиното мнозинство во Народното собрание, кои го потпишаа писмото на потпретседателот Димитар Пешев, на достојните духовни водачи на Бугарската православна црква, која во тоа време беше дел на државата, на активната јавна позиција, на голем број научни и стручни здруженија, на моралната улога на интелектуалната елита, која остана верна на традициите на својот народ и земја. Нема да го заборавиме придонесот на бугарските Евреи во антифашистичкиот отпор“, нагласи Радев.

Румен Радев додаде дека 80 години по настаните, невидениот чин на спасување на бугарските Евреи останува „наша силна морална основа во борбата против омразата, ксенофобијата и современите манифестации на антисемитизмот“.

По отворањето на изложбата од Националната библиотека „Св. Св. Кирил и Методиј“ до спомен-плочите на спасителите на бугарските Евреи, започна поворка во која учествуваа претседателот Румен Радев, премиерот Галаб Донев, потпретседателката Илијана Јотова, техничкиот вицепремиер Атанас Пеканов, техничкиот министер за надворешни работи Николај Милков, техничкиот министер за култура Најден Тодоров, техничкиот министер за иновации и раст Александар Пулев, техничкиотминистер за туризам Илин Димитров, техничкиот министер за одбрана Димитар Стојанов, поранешниот премиер Симеон Саскобурготски, генералниот директор на Бугарската телеграфска агенција (БТА) Кирил Валчев, амбасадорот на државата Израел Јорам Елрон, познатиот историчар и јавна личност од Израел проф. Бар-Зоар, јавни личности, свештени лица и граѓани.

Пред спомен-плочите на спасителите на бугарските Евреи беа поставени венци од името на претседателот Румен Радев, неговата Светост бугарскиот патријарх Неофит и Светиот синод на Бугарската православна црква, како и од царското семејство. Цвеќе пред спомен-плочите на спасителите на бугарските Евреи положија техничкиот вицепремиер Атанас Пеканов, техничкиот министерот за надворешни работи Николај Милков, техничкиот министер за иновации и развој Александар Пулев, техничкиот министер за туризам Илин Димитров, техничкиот министер за одбрана Димитар Стојанов, генералниот директор на бугарската телеграфска агенција Кирил Валчев, дипломати и граѓани.

Извор: МИА/БТА

The post Бугарија одбележа 80 години од „спасувањето на бугарските Евреи“ appeared first on Република.

]]>

На 10 март се навршуваат 80 години од спасувањето на бугарските Евреи. Денот на спасувањето на бугарските Евреи и жртвите на холокаустот и злосторствата против човештвото се одбележува од 2003 година, со одлука на Советот на министри од 13 февруари 2003 година, се вели во извештајот на одделот „Директориум“ на БТА. Определувањето на датумот е поврзано со декларацијата усвоена на 18 октомври 2002 година од министрите за образование на земјите членки на Советот на Европа, според која секоја земја одбележува ден во спомен на жртвите на холокаустот и на настраданите во злосторства против човештвото, согласно својата национална историја. Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор. На 17 март 1943 година, потпретседателот на 25. Народно собрание Димитар Пешев испратил изјава до премиерот, поддржана од 43 народни претставници, против депортацијата на бугарските Евреи. Со активното дејствување на пловдивскиот митрополит Кирил, софискиот егзарх Стефан, со интервенција на јавноста, од депортација се спасени близу 50.000 бугарски Евреи. Од 2006 година се одбележува и Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од холокаустот, согласно резолуција на Генералното собрание на ОН. Во Националната библиотека „Св. Св. Кирил и Методиј“, претседателот Румен Радев ја отвори документарната изложба „80 години од спасувањето на бугарските Евреи“. Почесен гостин на настанот беше познатиот историчар и јавна личност од Израел проф. Мајкл Бар-Зоар. Изложбата опфаќа експонати од колекцијата на Националната библиотека, документарни докази за животот на Евреите во бугарските земји, вклучително и и за време на Втората светска војна, како и наградите што му беа доделени постхумно на цар Борис III од меѓународните еврејски организации, вклучително и Светскиот еврејски конгрес и Лигата против клеветата. По преживеани две национални катастрофи, Бугарија прави се што е можно за да не биде вовлечена во нова војна на Стариот континент. И покрај притисокот на нацистичка Германија врз бугарските институции, нашиот народ го отфрла антисемитизмот и сам, распарчен и прогонет, го бара патот за дијалог, за мирна ревизија на неправедниот Нејски диктат. Вака рече претседателот Румен Радев на отворањето на изложбата во Националната библиотека „Св. Св. Кирил и Методиј“. Меѓу гостите на церемонијата беа техничкиот премиер Галаб Донев, потпретседателката Илијана Јотова, техничкиот вицепремиер Атанас Пеканов, техничкиот министер за надворешни работи Николај Милков, техничкиот министер за култура Најден Тодоров, техничкиот министер за иновации и раст Александар Пулев, техничкиотминистер за туризам Илин Димитров, техничкиот министер за одбрана Димитар Стојанов, поранешен премиер Симеон Саскобурготски, генералниот директор на Бугарската телеграфска агенција (БТА) Кирил Валчев, амбасадорот на државата Израел Јорам Елрон, познатиот историчар и јавен деец од Израел проф. Мајкл Бар-Зоар, јавни личности, свештеници и граѓани.
За мене е чест да ја отворам оваа изложба во присуство на нашите израелски пријатели и почитуваниот, драг почесен гостин проф. Бар-Зоар - јавна личност, историчар, верен пријател на Бугарија. Неговата извонредна книга „Спас“ на уникатен начин му ги открива на светот настаните од пролетта 1943 година, кои доведоа до спасување на бугарските Евреи“, рече Радев. „Проф. Бар-Зоар ја открива и толеранцијата, пријателските чувства и хуманизмот на бугарскиот народ во еден од најтемните периоди во историјата на човештвото, кога Европа беше здробена од чизмата на Хитлер“, додаде шефот на државата.
Според него, изолирана и загрозена од окупација, Бугарија била принудена да се приклучи на Тројниот пакт. Изгубената неутралност доведе до усвојување на антиеврејско законодавство, но тоа не го промени односот на нашиот народ кон еврејските пријатели, соседи, соученици и колеги, рече Радев. Шефот на државата изјави дека Бугарите не ја изневериле својата толеранција и емпатија кон оние што страдаат.
Бугарските институции продолжија да издаваат транзитни визи за илјадници Евреи кои бегаа од окупирана Европа. Нашите дипломати нагласуваат дека антиеврејското законодавство наметнато однадвор во Бугарија ќе биде спроведено на таков начин што ќе го замолчи секој обид за насилен антисемитизам. Во деновите на највисоко искушение, бугарската држава и народ поминаа тест со огромна историска вредност со тоа што не дозволија ниту еден бугарски Евреин да загине во логорите на смртта или да биде убиен во Бугарија“, рече Радев.
Тој додаде дека спасувањето на бугарските Евреи продолжува да биде пример за моќта на јавната и политичката енергија посветена на една праведна кауза.
Во нашата историја засекогаш ќе остане лекцијата за државништво на 43-те пратеници од владиното мнозинство во Народното собрание, кои го потпишаа писмото на потпретседателот Димитар Пешев, на достојните духовни водачи на Бугарската православна црква, која во тоа време беше дел на државата, на активната јавна позиција, на голем број научни и стручни здруженија, на моралната улога на интелектуалната елита, која остана верна на традициите на својот народ и земја. Нема да го заборавиме придонесот на бугарските Евреи во антифашистичкиот отпор“, нагласи Радев.
Румен Радев додаде дека 80 години по настаните, невидениот чин на спасување на бугарските Евреи останува „наша силна морална основа во борбата против омразата, ксенофобијата и современите манифестации на антисемитизмот“. По отворањето на изложбата од Националната библиотека „Св. Св. Кирил и Методиј“ до спомен-плочите на спасителите на бугарските Евреи, започна поворка во која учествуваа претседателот Румен Радев, премиерот Галаб Донев, потпретседателката Илијана Јотова, техничкиот вицепремиер Атанас Пеканов, техничкиот министер за надворешни работи Николај Милков, техничкиот министер за култура Најден Тодоров, техничкиот министер за иновации и раст Александар Пулев, техничкиотминистер за туризам Илин Димитров, техничкиот министер за одбрана Димитар Стојанов, поранешниот премиер Симеон Саскобурготски, генералниот директор на Бугарската телеграфска агенција (БТА) Кирил Валчев, амбасадорот на државата Израел Јорам Елрон, познатиот историчар и јавна личност од Израел проф. Бар-Зоар, јавни личности, свештени лица и граѓани. Пред спомен-плочите на спасителите на бугарските Евреи беа поставени венци од името на претседателот Румен Радев, неговата Светост бугарскиот патријарх Неофит и Светиот синод на Бугарската православна црква, како и од царското семејство. Цвеќе пред спомен-плочите на спасителите на бугарските Евреи положија техничкиот вицепремиер Атанас Пеканов, техничкиот министерот за надворешни работи Николај Милков, техничкиот министер за иновации и развој Александар Пулев, техничкиот министер за туризам Илин Димитров, техничкиот министер за одбрана Димитар Стојанов, генералниот директор на бугарската телеграфска агенција Кирил Валчев, дипломати и граѓани. Извор: МИА/БТА

The post Бугарија одбележа 80 години од „спасувањето на бугарските Евреи“ appeared first on Република.

]]>
И Евреите ќе влезат во Уставот, најави премиерот Ковачевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/i-evreite-ke-vlezat-vo-ustavot-najavi-premierot-kovachevski/ Fri, 10 Mar 2023 11:28:02 +0000 https://republika.mk/?p=618109

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски најави дека и еврејската заедница ќе биде една од заедниците кои што треба да бидат дел од нашиот Устав при уставните измени кои што очекува да бидат усвоени од Собранието.

Менувањето на Уставот за во него да бидат вметнати Бугарите е услов Македонија да ги продолжи пристапните преговори со Европската унија по завршување на скринингот на крајот на годинава.

Освен Бугарите и Евреите, се планира во преамбулата на Уставот да влезат и Хрватите, односно Црногорците.

Имав средба со претставници на Кнесетот, на израелското собрание. Тие се тука по повод одбележувањето на 80-годишнината од депортирањето на 7.144 евреи од Македонија во логорот на смртта `Треблинка`. Тие биле транспортирани и убиени во `Треблинка` од страна на фашистите и тоа се историски факти и не може да има дискусија на таа тема. Еврејската заедница кај нас е исклучително значајна заедница и сум кажал, како и коалициските партнери, дека при уставните измени и Евреите ќе бидат една од заедниците кои што сметаме дека треба да бидат дел од нашиот Устав, кажа Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата.

 

The post И Евреите ќе влезат во Уставот, најави премиерот Ковачевски appeared first on Република.

]]>

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски најави дека и еврејската заедница ќе биде една од заедниците кои што треба да бидат дел од нашиот Устав при уставните измени кои што очекува да бидат усвоени од Собранието. Менувањето на Уставот за во него да бидат вметнати Бугарите е услов Македонија да ги продолжи пристапните преговори со Европската унија по завршување на скринингот на крајот на годинава. Освен Бугарите и Евреите, се планира во преамбулата на Уставот да влезат и Хрватите, односно Црногорците.
Имав средба со претставници на Кнесетот, на израелското собрание. Тие се тука по повод одбележувањето на 80-годишнината од депортирањето на 7.144 евреи од Македонија во логорот на смртта `Треблинка`. Тие биле транспортирани и убиени во `Треблинка` од страна на фашистите и тоа се историски факти и не може да има дискусија на таа тема. Еврејската заедница кај нас е исклучително значајна заедница и сум кажал, како и коалициските партнери, дека при уставните измени и Евреите ќе бидат една од заедниците кои што сметаме дека треба да бидат дел од нашиот Устав, кажа Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата.
 

The post И Евреите ќе влезат во Уставот, најави премиерот Ковачевски appeared first on Република.

]]>
Живите потомци на депортираните Евреи не ги забораваат злосторствата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zhivite-potomtsi-na-deportiranite-evrei-ne-gi-zaboravaat-zlostorstvata/ Thu, 09 Mar 2023 17:05:49 +0000 https://republika.mk/?p=617841

Битола денеска одбележа 80 години без Евреите кои беа културното и трговското јадро во градот.

И додека сите си споменуваа за заедничкиот мултиетнички живот, портите на клубот Ванчо Михајлов, ги „сопна“ потомците на битолските Евреи.

Директорот на Фондот на холокаустот Горан Садикаријо, внукот на Хаим Садикарио преживеам од холокаустот и претседателот на Фондот на хололаустот Иван Николиќ, правнук на последниот битолски Рабин Аврам Романо, не забораваат и порачуваат дека без сеќавање нема иднина.

 

The post Живите потомци на депортираните Евреи не ги забораваат злосторствата appeared first on Република.

]]>

Битола денеска одбележа 80 години без Евреите кои беа културното и трговското јадро во градот. И додека сите си споменуваа за заедничкиот мултиетнички живот, портите на клубот Ванчо Михајлов, ги „сопна“ потомците на битолските Евреи. Директорот на Фондот на холокаустот Горан Садикаријо, внукот на Хаим Садикарио преживеам од холокаустот и претседателот на Фондот на хололаустот Иван Николиќ, правнук на последниот битолски Рабин Аврам Романо, не забораваат и порачуваат дека без сеќавање нема иднина.  

The post Живите потомци на депортираните Евреи не ги забораваат злосторствата appeared first on Република.

]]>
Костадиновска-Стојчевска: Битола 80 години го чува споменот за своите сограѓани, Евреите депротирани во Треблинка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kostadinovska-stojchevska-bitola-80-godini-go-chuva-spomenot-za-svoite-sogragani-evreite-deprotirani-vo-treblinka/ Thu, 09 Mar 2023 15:58:21 +0000 https://republika.mk/?p=617811

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, се обрати на комеморацијата по повод одбележувањето на 80-годишнината од холокаустот на македонските Евреи, што се одржa во Офицерскиот дом во Битола.

Во своето обраќање, Костадиновска-Стојчевска истакна дека на 11 март, битолчани секогаш ја наведнуваат главата од почит кон своите 3 350 жители, македонски Евреи, за никогаш да не се повтори.

И денеска, ќе бидеме дел од Поворката на живите, минувајќи го молкум патот што го врвеа оние што не се вратија. На пругата ќе оставиме каменчиња како симбол на вечно паметење и молитва за почит кон оние што неповратно беа одведени. Зашто драгите луѓе никогаш не ги погребуваме, нив ги испраќаме. Нека им е вечен споменот“, рече министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека Битола никогаш нема да го заборави тоа злокобно мартовско утро пред 80 години кога за последен пат 973 еврејски семејства го пречекорија прагот од своите домови. Истиот ден, со 14 сточни вагони почнала депортацијата на битолските Евреи. Првата станица бил логорот кај Скопскиот монопола, а следната и последна логорот Треблинка.

Денеска не им судиме на злосторниците и на нивните слуги. Денеска го чуваме од заборав нивното злосторство, за никогаш да не се повтори. Споменот за направеното злосторство е најголемиот кошмар за злосторниците и за нивните поколенија.

 

Ќе му оддадемe почит на доктор Хаим Абраванел, првиот лекар специјалист кој Битола го памети како врвен професионалец и голем човек, човек кој го подигна Здравствениот дом во Битола. Денеска ќе ѝ оддадеме почит и на храбрата Естреја Овадија, со партизанско име Мара. Загинала на неполни 22 години бранејќи ја својата Македонија од фашистичкиот окупатор. Прогласена е за народен херој. Естреја била една од стотиците македонски Евреи кои им се приклучиле на партизанските одреди.

 

И покрај сите материјални сведоштва“, додаде Костадиновска-Стојчевска, „некои и по 8 децении го негираат Холокаустот, затоа ним и денеска, од антифашистичка Битола, ќе им порачаме – Никогаш повеќе!“, изјави Костадиновска-Стојчевска

По завршувањето на комеморативната програма, беше положено цвеќе пред Споменикот на жртвите на холокаустот од Битола - Здравствен дом „Хаим Абраванел“, од каде што тргна и Поворката на живите, сѐ до Железничката станица, по истиот пат од каде беа депортирани битолските Евреи.

The post Костадиновска-Стојчевска: Битола 80 години го чува споменот за своите сограѓани, Евреите депротирани во Треблинка appeared first on Република.

]]>

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, се обрати на комеморацијата по повод одбележувањето на 80-годишнината од холокаустот на македонските Евреи, што се одржa во Офицерскиот дом во Битола. Во своето обраќање, Костадиновска-Стојчевска истакна дека на 11 март, битолчани секогаш ја наведнуваат главата од почит кон своите 3 350 жители, македонски Евреи, за никогаш да не се повтори.
И денеска, ќе бидеме дел од Поворката на живите, минувајќи го молкум патот што го врвеа оние што не се вратија. На пругата ќе оставиме каменчиња како симбол на вечно паметење и молитва за почит кон оние што неповратно беа одведени. Зашто драгите луѓе никогаш не ги погребуваме, нив ги испраќаме. Нека им е вечен споменот“, рече министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Таа додаде дека Битола никогаш нема да го заборави тоа злокобно мартовско утро пред 80 години кога за последен пат 973 еврејски семејства го пречекорија прагот од своите домови. Истиот ден, со 14 сточни вагони почнала депортацијата на битолските Евреи. Првата станица бил логорот кај Скопскиот монопола, а следната и последна логорот Треблинка.
Денеска не им судиме на злосторниците и на нивните слуги. Денеска го чуваме од заборав нивното злосторство, за никогаш да не се повтори. Споменот за направеното злосторство е најголемиот кошмар за злосторниците и за нивните поколенија.   Ќе му оддадемe почит на доктор Хаим Абраванел, првиот лекар специјалист кој Битола го памети како врвен професионалец и голем човек, човек кој го подигна Здравствениот дом во Битола. Денеска ќе ѝ оддадеме почит и на храбрата Естреја Овадија, со партизанско име Мара. Загинала на неполни 22 години бранејќи ја својата Македонија од фашистичкиот окупатор. Прогласена е за народен херој. Естреја била една од стотиците македонски Евреи кои им се приклучиле на партизанските одреди.   И покрај сите материјални сведоштва“, додаде Костадиновска-Стојчевска, „некои и по 8 децении го негираат Холокаустот, затоа ним и денеска, од антифашистичка Битола, ќе им порачаме – Никогаш повеќе!“, изјави Костадиновска-Стојчевска
По завршувањето на комеморативната програма, беше положено цвеќе пред Споменикот на жртвите на холокаустот од Битола - Здравствен дом „Хаим Абраванел“, од каде што тргна и Поворката на живите, сѐ до Железничката станица, по истиот пат од каде беа депортирани битолските Евреи.

The post Костадиновска-Стојчевска: Битола 80 години го чува споменот за своите сограѓани, Евреите депротирани во Треблинка appeared first on Република.

]]>
Андреј Ковачев во ЕП тврди дека Бугарија ги спасила Евреите, а не дека ги пратила во Треблинка https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/andrej-kovachev-vo-ep-tvrdi-deka-bugarija-gi-spasila-evreite-a-ne-deka-gi-pratila-vo-treblinka/ Thu, 09 Mar 2023 11:23:11 +0000 https://republika.mk/?p=617669

Европратеникот Андреј Ковачев во Европскиот парламент организира средби со парламентарци во кои тврди дека Бугарија ги спасила Евреите од Македонија и од Бугарија.

Настанот се одржува по повод светскиот ден на жртвите од Холокаустот.

The post Андреј Ковачев во ЕП тврди дека Бугарија ги спасила Евреите, а не дека ги пратила во Треблинка appeared first on Република.

]]>

Европратеникот Андреј Ковачев во Европскиот парламент организира средби со парламентарци во кои тврди дека Бугарија ги спасила Евреите од Македонија и од Бугарија. Настанот се одржува по повод светскиот ден на жртвите од Холокаустот.

The post Андреј Ковачев во ЕП тврди дека Бугарија ги спасила Евреите, а не дека ги пратила во Треблинка appeared first on Република.

]]>
Д-р Ефраим Зуроф: Сегашната бугарска влада со овие два таканаречени „културни центри“ сака да ги избрише нивните злосторства https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/d-r-efraim-zurof-segashnata-bugarska-vlada-so-ovie-dva-takanarecheni-kulturni-centri-saka-da-gi-izbrishe-nivnite-zlostorstva/ Tue, 11 Oct 2022 14:37:19 +0000 https://republika.mk/?p=559740

Центарот „Симон Визентал“ преку соопштение го поддржа предлог законот на пратеничката Рашела Мизрахи, со кој се предвидува да се забранат сите културни институции кои промовираат нацизам или фашизам. Предложениот закон утре треба да се гласа во Собранието.

Заднината на предложената легислатива е неодамнешното формирање во Македонија на два бугарски културни центри, именувани по бугарските нацистички соработници, еден во Битола минатиот април, именуван по Иван Михајлов и вториот пред неколку дена во Охрид, именуван по царот Борис III. И двајцата го поддржуваа сојузот на Бугарија со нацистичка Германија, се наведува во соопштението.

Според директорот за источноевропски прашања на Центарот, историчарот на холокаустот д-р Ефраим Зуроф, иако бугарското еврејство беше спасено од депортација во нацистичките логори на смртта, благодарение на напорите на бугарски функционери и црковни водачи, како што се потпретседателот на парламентот Димитри Пешев и митрополитите Стефан и Кирил, Бугарите кои ја анектираа Македонија депортираа повеќе од 7.000 Евреи.

Практично, целата еврејска заедница од Македонија беше однесена во Треблинка, каде што беше убиен секој депортиран Евреин, вклучително и повеќе од 2.000 деца. Сегашната бугарска влада, како и многу други поранешни комунистички режими во Источна Европа го преработи наративот на холокаустот, за да го избрише своето активно учество на холокаустот во злосторства и ги изгради овие два таканаречени „културни центри“ за препишување на историјата и за да ги избрише нивните злосторства, нагласува Зуроф.

The post Д-р Ефраим Зуроф: Сегашната бугарска влада со овие два таканаречени „културни центри“ сака да ги избрише нивните злосторства appeared first on Република.

]]>

Центарот „Симон Визентал“ преку соопштение го поддржа предлог законот на пратеничката Рашела Мизрахи, со кој се предвидува да се забранат сите културни институции кои промовираат нацизам или фашизам. Предложениот закон утре треба да се гласа во Собранието.
Заднината на предложената легислатива е неодамнешното формирање во Македонија на два бугарски културни центри, именувани по бугарските нацистички соработници, еден во Битола минатиот април, именуван по Иван Михајлов и вториот пред неколку дена во Охрид, именуван по царот Борис III. И двајцата го поддржуваа сојузот на Бугарија со нацистичка Германија, се наведува во соопштението.
Според директорот за источноевропски прашања на Центарот, историчарот на холокаустот д-р Ефраим Зуроф, иако бугарското еврејство беше спасено од депортација во нацистичките логори на смртта, благодарение на напорите на бугарски функционери и црковни водачи, како што се потпретседателот на парламентот Димитри Пешев и митрополитите Стефан и Кирил, Бугарите кои ја анектираа Македонија депортираа повеќе од 7.000 Евреи.
Практично, целата еврејска заедница од Македонија беше однесена во Треблинка, каде што беше убиен секој депортиран Евреин, вклучително и повеќе од 2.000 деца. Сегашната бугарска влада, како и многу други поранешни комунистички режими во Источна Европа го преработи наративот на холокаустот, за да го избрише своето активно учество на холокаустот во злосторства и ги изгради овие два таканаречени „културни центри“ за препишување на историјата и за да ги избрише нивните злосторства, нагласува Зуроф.

The post Д-р Ефраим Зуроф: Сегашната бугарска влада со овие два таканаречени „културни центри“ сака да ги избрише нивните злосторства appeared first on Република.

]]>
Во државава се глорифицираат нацизмот, фашизмот и се шири говор на омраза: Кој дозволил регистрација на здружение Цар Борис III во Охрид? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-drzavava-se-glorificiraat-nacizmot-fashizmot-i-se-shiri-govor-na-omraza-koj-dozvolil-registracija-na-zdruzenie-car-boris-iii-vo-ohrid/ Wed, 10 Aug 2022 09:24:10 +0000 https://republika.mk/?p=538665

Згрозени сме од леснотијата со која во државата се глорифицираат нацизмот, фашизмот и се шири говор на омраза, се вели во соопштението на Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија од регистрaцијата на здружението Цар Борис III во Охрид.

Очигледно е дека зачестија регистрации на здруженија со бугарска самосвест кои носат називи на докажани соработници на нацистичка Германија. Тоа е свесна провокација и навреда за Еврејската заедница, навреда за македонската држaва и за нејзините граѓани… или некој можеби мисли поинаку, дека на овој начин, со промоција и величење на фашизмот и нацизмот, се зајакнуваат добрососедските односи, се вели во реакцијата на Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.

Името цар Борис III е поврзано со прогонот и уништувањето на Евреите од окупираните територии од страна на фашистичка Бугарија за време на Втората светска војна. Да потсетиме, цар Борис III и владата на Царска Бугарија се директни виновници за депортацијата на повеќе од 11.300 Евреи од окупираните територии во Македонија, Грција и Србија, од кои 7.144 се Евреи од Македонија, во центарот за убивање Треблика, во окупирана Полска. Цар Борис III на 21 јануари 1941 година го потпишува антиеврејскиот Закон за заштита на нацијата, ја презема паролата на нацистичка Германија ‘Eден цар, еден народ, една држава’ и е докажан заговорник за спроведување на таканараченото ‘конечно решение на еврејското прашање’.

Ова е еклатантен пример на негирање и искривоколчување на холокаустот, на исмевање и навреда за Евреите.

На 18 април во нашата реакција за отворањето на културниот клуб ‘Ванчо Михајлов’ во Битола повикавме ‘да се поведе постапка околу правната издржаност културни и други центри, граѓански здруженија и сл. да носат имиња на потврдени фашисти и докажани соработници на нацистите’.

Што треба да очекуваме да се случи следно? Регистрација на здруженија што го носат името на Александар Белев – комесар за еврејски прашања, Петар Габровски – министер за внатрешни работи и јавно здравје, Богдан Филов – премиер на Царска Бугарија, или можеби на Адолф Хитлер?

Несфатлива е рамнодушноста на надлежните органи во прилики кога одредени поединци на најгруб начин ја искривуваат историјата и газат по достоинството на Евреите и на сите граѓани на Македонија.

Кои се тие лојални граѓани на Македонија кои сеат омраза и глорифицираат антисемити, фашисти и нацисти основајќи вакви и слични ‘културни здруженија’?

Почитувани претставници на Владата, до каде е спроведувањето на двете заложби на државата преземени во Малме на Меѓународниот форум за сеќавање на холокаустот и борбата против антисемитизмот ‘Remember – React’, 12-14.10.2021 годina, а поврзани со заклучоците на Владата на Македонија од 14 септември 2021 година: 1. проширување на наставната програма за борба против антисемитизмот и негирање на холокаустот за учениците од 8. и 9. одделение; 2. задолжителна посета на Меморијалниот центар на холокаустот за учениците од основното и од средното образование?

Тоа е вистинскиот пат и начин како да се сузбие говорот на омраза и да се оневозможи искривување на историјата.

Нашата држава може и мора да застане на патот на сè позачестените појави на регистрирање вакви здруженија, кои со своите провокации и навреди шират говор на омраза и остануваат неказнети под превезот на слобода на говорот или добрососедство. Тоа е класичен пример за искривување на историските факти и величење на фашизмот и нацизмот. Чин што не е во духот на мултикултурализмот во нашата држава и не е во духот на добрососедските односи меѓу  Македонија и Бугарија“, се вели во соопштението.

The post Во државава се глорифицираат нацизмот, фашизмот и се шири говор на омраза: Кој дозволил регистрација на здружение Цар Борис III во Охрид? appeared first on Република.

]]>

Згрозени сме од леснотијата со која во државата се глорифицираат нацизмот, фашизмот и се шири говор на омраза, се вели во соопштението на Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија од регистрaцијата на здружението Цар Борис III во Охрид. Очигледно е дека зачестија регистрации на здруженија со бугарска самосвест кои носат називи на докажани соработници на нацистичка Германија. Тоа е свесна провокација и навреда за Еврејската заедница, навреда за македонската држaва и за нејзините граѓани… или некој можеби мисли поинаку, дека на овој начин, со промоција и величење на фашизмот и нацизмот, се зајакнуваат добрососедските односи, се вели во реакцијата на Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија. Името цар Борис III е поврзано со прогонот и уништувањето на Евреите од окупираните територии од страна на фашистичка Бугарија за време на Втората светска војна. Да потсетиме, цар Борис III и владата на Царска Бугарија се директни виновници за депортацијата на повеќе од 11.300 Евреи од окупираните територии во Македонија, Грција и Србија, од кои 7.144 се Евреи од Македонија, во центарот за убивање Треблика, во окупирана Полска. Цар Борис III на 21 јануари 1941 година го потпишува антиеврејскиот Закон за заштита на нацијата, ја презема паролата на нацистичка Германија ‘Eден цар, еден народ, една држава’ и е докажан заговорник за спроведување на таканараченото ‘конечно решение на еврејското прашање’. Ова е еклатантен пример на негирање и искривоколчување на холокаустот, на исмевање и навреда за Евреите. На 18 април во нашата реакција за отворањето на културниот клуб ‘Ванчо Михајлов’ во Битола повикавме ‘да се поведе постапка околу правната издржаност културни и други центри, граѓански здруженија и сл. да носат имиња на потврдени фашисти и докажани соработници на нацистите’. Што треба да очекуваме да се случи следно? Регистрација на здруженија што го носат името на Александар Белев – комесар за еврејски прашања, Петар Габровски – министер за внатрешни работи и јавно здравје, Богдан Филов – премиер на Царска Бугарија, или можеби на Адолф Хитлер? Несфатлива е рамнодушноста на надлежните органи во прилики кога одредени поединци на најгруб начин ја искривуваат историјата и газат по достоинството на Евреите и на сите граѓани на Македонија. Кои се тие лојални граѓани на Македонија кои сеат омраза и глорифицираат антисемити, фашисти и нацисти основајќи вакви и слични ‘културни здруженија’? Почитувани претставници на Владата, до каде е спроведувањето на двете заложби на државата преземени во Малме на Меѓународниот форум за сеќавање на холокаустот и борбата против антисемитизмот ‘Remember – React’, 12-14.10.2021 годina, а поврзани со заклучоците на Владата на Македонија од 14 септември 2021 година: 1. проширување на наставната програма за борба против антисемитизмот и негирање на холокаустот за учениците од 8. и 9. одделение; 2. задолжителна посета на Меморијалниот центар на холокаустот за учениците од основното и од средното образование? Тоа е вистинскиот пат и начин како да се сузбие говорот на омраза и да се оневозможи искривување на историјата. Нашата држава може и мора да застане на патот на сè позачестените појави на регистрирање вакви здруженија, кои со своите провокации и навреди шират говор на омраза и остануваат неказнети под превезот на слобода на говорот или добрососедство. Тоа е класичен пример за искривување на историските факти и величење на фашизмот и нацизмот. Чин што не е во духот на мултикултурализмот во нашата држава и не е во духот на добрососедските односи меѓу  Македонија и Бугарија“, се вели во соопштението.

The post Во државава се глорифицираат нацизмот, фашизмот и се шири говор на омраза: Кој дозволил регистрација на здружение Цар Борис III во Охрид? appeared first on Република.

]]>
Oдбележани 79 години од депортацијата на македонските Евреи во Tреблинка https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/odbelezani-79-godini-od-deportacijata-na-makedonskite-evrei-vo-treblinka/ Fri, 11 Mar 2022 17:18:41 +0000 https://republika.mk/?p=471440

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, организираше прием за претставници од Еврејската заедница по повод одбележување 79 години од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во 1943 година во нацистичкиот логор на смртта, Треблинка.

На приемот присуствуваа и амбасадорката на Израел во Македонија, Н.Е. Симона Франкел и претседателот на Еврејската заедница во РМ, Пепо Леви.

Амбасадорката на Израел, Н.Е. Симона Франкел и претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви, изразија благодарност до градоначалничката Арсовска, за почитта што секоја година Градот Скопје му ја оддава на еврејскиот народ одбележувајќи го овој датум, за да се запамети и никогаш да не се заборави.

The post Oдбележани 79 години од депортацијата на македонските Евреи во Tреблинка appeared first on Република.

]]>

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, организираше прием за претставници од Еврејската заедница по повод одбележување 79 години од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во 1943 година во нацистичкиот логор на смртта, Треблинка. На приемот присуствуваа и амбасадорката на Израел во Македонија, Н.Е. Симона Франкел и претседателот на Еврејската заедница во РМ, Пепо Леви. Амбасадорката на Израел, Н.Е. Симона Франкел и претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви, изразија благодарност до градоначалничката Арсовска, за почитта што секоја година Градот Скопје му ја оддава на еврејскиот народ одбележувајќи го овој датум, за да се запамети и никогаш да не се заборави.

The post Oдбележани 79 години од депортацијата на македонските Евреи во Tреблинка appeared first on Република.

]]>
Радев е убеден дека ги спасиле Евреите во Втората светска војна https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/radev-e-ubeden-deka-gi-spasile-evreite-vo-vtorata-svetska-vojna/ Thu, 10 Mar 2022 15:34:34 +0000 https://republika.mk/?p=470480

Цпасувањето на бугарските Евреи во текот на Втората светска војна е резултат на моралниот капитал на цели генерации, вели бугарскиот претседател Румен Радев во пораката по повод одбележувањето на 79-годишнината од спасувањето на бугарските Евреи.

Според него, по традиција на 10 март се одбележува светлиот подвиг на спасувањето на бугарските Евреи и истовремено се изразува жалење за сите жртви на таа жестока и мрачна епоха.

 

-Во текот на 1943 година бугарскиот народ храбро го издржа големиот историски тест и го направи тоа, што малкумина други во Европа успеаја или посакуваа да го сторат. Фундаментот на тоа спасување беше во огромниот морален капитал на цели генерации, а го надгради будната свест на Бугарија-православната црква, народни претставници, политички и општествени лидери, мнозинството обични Бугари, дополнува Радев.

Тој дополнува дека отфрлајќи го удобството на конформизмот и исправајќи се пред нееднаковоста, бугарските претци не ја дозволиле депортацијата на своите соседи, соученици и пријатели Евреи. Така тие ни оставија дел од нивната дрскост, храброст и вербата во човечкиот живот.

-Последниве денови живееме со чувството дека светот се наоѓа на историски крстопат, што може да ги оживее непростливите грешки од минатото и да го посее семето на нови неправди и страдања. Токму затоа примерот на нашите претци денеска грее особено силно. И не е случајност, што многу Бугари, достојни нивни наследници, ги отвораат своите срца, овојпат за невините жртви на една братоубиствена војна, подвлекува Радев.

Според него, приказната за чудото, направено од малата Бугарија во најмрачните години за Европа, треба да се раскажува.

-За да не заборавиме дека со заеднички напори можеме да се обединуваме околу доброто и да даваме надеж таму каде што е најпотребна, заклучува бугарскиот претседател.

The post Радев е убеден дека ги спасиле Евреите во Втората светска војна appeared first on Република.

]]>

Цпасувањето на бугарските Евреи во текот на Втората светска војна е резултат на моралниот капитал на цели генерации, вели бугарскиот претседател Румен Радев во пораката по повод одбележувањето на 79-годишнината од спасувањето на бугарските Евреи. Според него, по традиција на 10 март се одбележува светлиот подвиг на спасувањето на бугарските Евреи и истовремено се изразува жалење за сите жртви на таа жестока и мрачна епоха.  
-Во текот на 1943 година бугарскиот народ храбро го издржа големиот историски тест и го направи тоа, што малкумина други во Европа успеаја или посакуваа да го сторат. Фундаментот на тоа спасување беше во огромниот морален капитал на цели генерации, а го надгради будната свест на Бугарија-православната црква, народни претставници, политички и општествени лидери, мнозинството обични Бугари, дополнува Радев.
Тој дополнува дека отфрлајќи го удобството на конформизмот и исправајќи се пред нееднаковоста, бугарските претци не ја дозволиле депортацијата на своите соседи, соученици и пријатели Евреи. Така тие ни оставија дел од нивната дрскост, храброст и вербата во човечкиот живот.
-Последниве денови живееме со чувството дека светот се наоѓа на историски крстопат, што може да ги оживее непростливите грешки од минатото и да го посее семето на нови неправди и страдања. Токму затоа примерот на нашите претци денеска грее особено силно. И не е случајност, што многу Бугари, достојни нивни наследници, ги отвораат своите срца, овојпат за невините жртви на една братоубиствена војна, подвлекува Радев.
Според него, приказната за чудото, направено од малата Бугарија во најмрачните години за Европа, треба да се раскажува. -За да не заборавиме дека со заеднички напори можеме да се обединуваме околу доброто и да даваме надеж таму каде што е најпотребна, заклучува бугарскиот претседател.

The post Радев е убеден дека ги спасиле Евреите во Втората светска војна appeared first on Република.

]]>
Вупи Голдберг со скандалозна изјава: Холокаустот не е поврзан со расата, вклучени се две групи бели луѓе https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/vupi-goldberg-so-skandalozna-izjava-holokaustot-ne-e-povrzan-so-rasata-vklucheni-se-dve-grupi-beli-lugje/ Tue, 01 Feb 2022 11:29:49 +0000 https://republika.mk/?p=452397

Американската глумица и водителка, Вупи Голдберг, предизвика остри критики кон себе откако во своето ток-шоу изјави дека холокаустот „не бил поврзан со расата“ и дека во нацистичкиот геноцид врз Евреите и Ромите биле вклучени „две групи бели луѓе“.

Оскаровката, која е водителка на „Поглед“ (The View) од 2007 година, на својот ководител му кажа:

Мислам, тоа е холокаустот - убиството на шест милиони луѓе, но тоа не ви пречи? Тогаш ајде да бидеме искрени. Бидејќи холокаустот не е за раса. Не, не се работи за раса.

Нејзиниот кодомаќин Џои Бехар се надоврза дека нацистите ги сметаат Евреите за различна раса.

Но, се работи за надмоќ на белата раса. Се работи за прогон на Евреите и Ромите - надополни водителката Ана Наваро.

Водителката Сара Хејнс продолжи дека нив нацистите не ги сметале за бели.

Американскиот музеј на холокаустот има истакнато: „Расизмот беше средишна точка на нацистичката идеологија. Евреите беа дефинирани не според религијата, туку според расата. Нацистичките расистички уверувања поттикнаа геноцид и масовни убиства“.

Наспроти лавината критики, Голдберг подоцна се извини.

Во денешната емисија реков дека холокаустот не е за раса, туку за нечовечност од човек кон човек. Требаше да кажам дека тоа важи и за двете. Еврејскиот народ ширум светот отсекогаш ја имал мојата поддршка и никогаш нема да ја изгуби. Жалам за навредата, за болката што ја нанесов - напиша Голдберг на Твитер.

https://twitter.com/WhoopiGoldberg/status/1488320164517101574?cxt=HHwWjIC-4bvTyacpAAAA

The post Вупи Голдберг со скандалозна изјава: Холокаустот не е поврзан со расата, вклучени се две групи бели луѓе appeared first on Република.

]]>

Американската глумица и водителка, Вупи Голдберг, предизвика остри критики кон себе откако во своето ток-шоу изјави дека холокаустот „не бил поврзан со расата“ и дека во нацистичкиот геноцид врз Евреите и Ромите биле вклучени „две групи бели луѓе“. Оскаровката, која е водителка на „Поглед“ (The View) од 2007 година, на својот ководител му кажа:
Мислам, тоа е холокаустот - убиството на шест милиони луѓе, но тоа не ви пречи? Тогаш ајде да бидеме искрени. Бидејќи холокаустот не е за раса. Не, не се работи за раса.
Нејзиниот кодомаќин Џои Бехар се надоврза дека нацистите ги сметаат Евреите за различна раса.
Но, се работи за надмоќ на белата раса. Се работи за прогон на Евреите и Ромите - надополни водителката Ана Наваро.
Водителката Сара Хејнс продолжи дека нив нацистите не ги сметале за бели. Американскиот музеј на холокаустот има истакнато: „Расизмот беше средишна точка на нацистичката идеологија. Евреите беа дефинирани не според религијата, туку според расата. Нацистичките расистички уверувања поттикнаа геноцид и масовни убиства“. Наспроти лавината критики, Голдберг подоцна се извини.
Во денешната емисија реков дека холокаустот не е за раса, туку за нечовечност од човек кон човек. Требаше да кажам дека тоа важи и за двете. Еврејскиот народ ширум светот отсекогаш ја имал мојата поддршка и никогаш нема да ја изгуби. Жалам за навредата, за болката што ја нанесов - напиша Голдберг на Твитер.
https://twitter.com/WhoopiGoldberg/status/1488320164517101574?cxt=HHwWjIC-4bvTyacpAAAA

The post Вупи Голдберг со скандалозна изјава: Холокаустот не е поврзан со расата, вклучени се две групи бели луѓе appeared first on Република.

]]>