евиа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evia/ За подобро да се разбереме Fri, 11 Aug 2023 19:05:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png евиа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evia/ 32 32 Пожар избувна на грчкиот остров Евија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pozhar-izbuvna-na-grchkiot-ostrov-evija/ Fri, 11 Aug 2023 19:18:44 +0000 https://republika.mk/?p=671242

Пожарот избувна денеска напладне  и гори во шумска област во околината на Мелисонас Каристос, на југот од островот Евија, во Грција.

Пожарникарите кои се на лице место добија засилување, бидејќи пожарот избувнал во непристапен дел што им ја отежнува работата, а дува и силен ветер, но не е загрозена ниту една станбена зона, објави грчкиот портал „Прототема“.

На терен се 58 пожарникари и 20 возила, а во функција се и  четири авиони и четири хеликоптери.

Освен тоа, денеска околу пладне избувна пожар во земјоделско шумско подрачје во Пелеја, кај градот Краниди, во Арголис на Пелопонез, кој е ставен под контрола.

Тој пожар го гаснат 31 пожарникар и 12 возила, а периодично од воздух учествуваат четири авиони и еден хеликоптер.

Локалните власти ги истражуваат причините за пожарот.

The post Пожар избувна на грчкиот остров Евија appeared first on Република.

]]>

Пожарот избувна денеска напладне  и гори во шумска област во околината на Мелисонас Каристос, на југот од островот Евија, во Грција. Пожарникарите кои се на лице место добија засилување, бидејќи пожарот избувнал во непристапен дел што им ја отежнува работата, а дува и силен ветер, но не е загрозена ниту една станбена зона, објави грчкиот портал „Прототема“. На терен се 58 пожарникари и 20 возила, а во функција се и  четири авиони и четири хеликоптери. Освен тоа, денеска околу пладне избувна пожар во земјоделско шумско подрачје во Пелеја, кај градот Краниди, во Арголис на Пелопонез, кој е ставен под контрола. Тој пожар го гаснат 31 пожарникар и 12 возила, а периодично од воздух учествуваат четири авиони и еден хеликоптер. Локалните власти ги истражуваат причините за пожарот.

The post Пожар избувна на грчкиот остров Евија appeared first on Република.

]]>
По земјотресите на грчкиот остров Евија, денеска затворени училиштата во две општини https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/po-zemjotresite-na-grchkiot-ostrov-evija-deneska-zatvoreni-uchilishtata-vo-dve-opshtini/ Wed, 30 Nov 2022 09:24:56 +0000 https://republika.mk/?p=579934

Училиштата во две општини во јужниот дел на грчкиот остров Евија денеска превентивно се затворени по вчерашните земјотреси што беа регистрирани во морскиот дел, од кои најсилниот беше синоќа со јачина од пет степени, јави дописничката на МИА од Атина.

Земјотресот беше регистриран кусо по 22 часот по локално време во морскиот дел источно од островот, со ист епицентар каде што вчера наутро беа регистрирани три земјотреси меѓу 4,1 и 4,7 степени, а грчките сеизмолози, говорејќи за медиумите, оценија дека синоќешниот земјотрес веројатно беше главниот.

Сеизмологот Акис Целендис, како што објави грчката новинска агенција АНА-МПА, рекол дека во текот на ноќта имало над 85 помали земјотреси, најголемиот од 4,2 степени и додал дека веројатно синоќешниот бил и главниот.

Од земјотресот немаше повредени или поголема материјална штета, меѓутоа според заменик- префектот на Евија Јоргос Келаидитис во текот на денешниот ден градежни инженери ќе извршат проверка на објектите и домовите за евентуални проблеми и штети.

Келаидитис за АНА-МПА рекол дека поради низата помали земјотреси во текот на ноќта постоела загриженост кај жителите.

The post По земјотресите на грчкиот остров Евија, денеска затворени училиштата во две општини appeared first on Република.

]]>

Училиштата во две општини во јужниот дел на грчкиот остров Евија денеска превентивно се затворени по вчерашните земјотреси што беа регистрирани во морскиот дел, од кои најсилниот беше синоќа со јачина од пет степени, јави дописничката на МИА од Атина. Земјотресот беше регистриран кусо по 22 часот по локално време во морскиот дел источно од островот, со ист епицентар каде што вчера наутро беа регистрирани три земјотреси меѓу 4,1 и 4,7 степени, а грчките сеизмолози, говорејќи за медиумите, оценија дека синоќешниот земјотрес веројатно беше главниот. Сеизмологот Акис Целендис, како што објави грчката новинска агенција АНА-МПА, рекол дека во текот на ноќта имало над 85 помали земјотреси, најголемиот од 4,2 степени и додал дека веројатно синоќешниот бил и главниот. Од земјотресот немаше повредени или поголема материјална штета, меѓутоа според заменик- префектот на Евија Јоргос Келаидитис во текот на денешниот ден градежни инженери ќе извршат проверка на објектите и домовите за евентуални проблеми и штети. Келаидитис за АНА-МПА рекол дека поради низата помали земјотреси во текот на ноќта постоела загриженост кај жителите.

The post По земјотресите на грчкиот остров Евија, денеска затворени училиштата во две општини appeared first on Република.

]]>