„Евангелие по Ф.М. Достоевски“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evangelie-po-f-m-dostoevski/ За подобро да се разбереме Fri, 17 Nov 2023 10:20:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Евангелие по Ф.М. Достоевски“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/evangelie-po-f-m-dostoevski/ 32 32 „Евангелие по Ф.М. Достоевски“ на Српски народен театар од Нови Сад за крај на драмската прогрма на МОТ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/evangelie-po-f-m-dostoevski-na-srpski-naroden-teatar-od-novi-sad-za-kraj-na-dramskata-progrma-na-mot/ Fri, 17 Nov 2023 10:20:39 +0000 https://republika.mk/?p=702446

Денес на програмата на 48. издание на Фестивалот „Млад отворен театар“ ќе се одржи работилница, презентација на перформанс и театарска претстава.

Во продукција на Српскиот народен театар од Нови Сад, вечерва во 20 часот во сала 25 мај (МКЦ) ќе се изведе пиесата „Евангелие по Ф.М. Достоевски“.

„Филозофскиот фокус на „Евангелие по Ф.М. Достоевски“ е сконцентриран околу прашањата дали Бог постои и ако постои, зошто создал таков пекол на Земјата каде што живееме во толку многу болка и страдање; и ако не постои, каква надеж имаме за да излеземе од оваа беда и суровост? Лоренци и Старина првенствено ги поставуваат овие прашања со прикажување приказни за детските страдања. И навистина, детето е толку важен лајтмотив, што сликата на детето е на постерот за претставата (младиот Раскољников). Да го преформулираме прашањето на почетокот на параграфот – ако децата како најневини човечки суштества толку многу страдаат на Земјата, дали тоа е доказ дека Бог не постои или дека е крајно суров?“, се вели во описот за претставата.

Претставата е работена по оригинален текст на Достоевски, а во режија на Јернеј Лоренци. Во неа играат Радивој Ќупиќ, Лидија Стевановиќ, Ненад Пеќинар, Марија Меденица, Сонја Кеслер, Нина Пророчиќ Рукавина, Душан Вукашиновиќ и Димитрије Аранѓеловиќ.

Сценографија е на Бранко Хојник, костимографка е Белинда Радуловиќ. Композитори се Бранко Рожман и Димитрије Бељански, а кореографијата е на Грегор Луштек. Дизајнот на светло е на Бранко Хојник и Јернеј Лоренци. Соработник на текстот е Матиц Старина, асистенти на режија се Ана Јанковиќ и Исидора Куленовиќ и асистент на сценографија е Даниела Матовиќ.

Денеска во 12 часот во просториите на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) ќе се одржи работилницата наречена Карневал за „Себеси“ под менторство на Мирза Метин.

Оваа работилница претендира преку серија на физички и вокални вежби учесниците да доживеат автокарневалско искуство. Вежбите главно се составени од вокални и физички анализи на традиционални курдски танци и песни. Различните овчарски гласови се исто така една од темите што се провлекува низ овие вежби. Во вториот дел од работилницата ќе се користи и сопствената културна, физичка и вокална меморија на учесниците“, се вели во најавата.

Во 18 часот во Галерија 2 во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе има презентација на перформансот „Испробување феминистички иднини 2.0“. Се работи за платформа која Тиииит! Инк. ја формираше во 2021 година, со цел да придонесе кон афирмација, феминистичка едукација и развој на продукција во полето на современите изведувачки уметности.

Како продолжение на програмата ‘Испробување феминистички иднини 2.0’, годинава локален интердисциплинарен колектив развива феминистички преформанс, чијашто премиера е планирано да се случи во рамки на програмата МОТ+. Нивниот проект е ‘Мачката Елеонора’, кој допира до актуелни феминистички прашања преку преиспитувањето на можностите за радикална самоопределба и идентитетска трансформација. Поаѓајќи од истоимената монодрама на германската авторка Карен Јес (Die Katze Eleonore, Caren Jeß), тие ги истражуваат овие централни прашања од феминистичкиот и родовиот дискурс, но и можностите за колаборативна изведувачка практика, која се води од дијалогот помеѓу теоријата и уметноста“, се вели во најавата.

Во перформансот се вклучени видео, трансформација на простор, звук, тело, говор и авторски текст, колективот се занимава и со сопствената позиција во локалниот уметнички контекст, преведувајќи го изворниот текст и како израз на индивидуалната и колективна криза на припадност и неприпадност.

Во рамки на презентацијата на платформата која Тиииит! Инк. ја реализира во соработка со Локомотива – Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата, ФДУ Скопје и МОТ, ќе бидат претставени фрагменти од досегашната работа на перформансот преку кои ќе може да се увидат некои од основните принципи и методи на работа на колективот.

 

The post „Евангелие по Ф.М. Достоевски“ на Српски народен театар од Нови Сад за крај на драмската прогрма на МОТ appeared first on Република.

]]>

Денес на програмата на 48. издание на Фестивалот „Млад отворен театар“ ќе се одржи работилница, презентација на перформанс и театарска претстава. Во продукција на Српскиот народен театар од Нови Сад, вечерва во 20 часот во сала 25 мај (МКЦ) ќе се изведе пиесата „Евангелие по Ф.М. Достоевски“.
„Филозофскиот фокус на „Евангелие по Ф.М. Достоевски“ е сконцентриран околу прашањата дали Бог постои и ако постои, зошто создал таков пекол на Земјата каде што живееме во толку многу болка и страдање; и ако не постои, каква надеж имаме за да излеземе од оваа беда и суровост? Лоренци и Старина првенствено ги поставуваат овие прашања со прикажување приказни за детските страдања. И навистина, детето е толку важен лајтмотив, што сликата на детето е на постерот за претставата (младиот Раскољников). Да го преформулираме прашањето на почетокот на параграфот – ако децата како најневини човечки суштества толку многу страдаат на Земјата, дали тоа е доказ дека Бог не постои или дека е крајно суров?“, се вели во описот за претставата.
Претставата е работена по оригинален текст на Достоевски, а во режија на Јернеј Лоренци. Во неа играат Радивој Ќупиќ, Лидија Стевановиќ, Ненад Пеќинар, Марија Меденица, Сонја Кеслер, Нина Пророчиќ Рукавина, Душан Вукашиновиќ и Димитрије Аранѓеловиќ. Сценографија е на Бранко Хојник, костимографка е Белинда Радуловиќ. Композитори се Бранко Рожман и Димитрије Бељански, а кореографијата е на Грегор Луштек. Дизајнот на светло е на Бранко Хојник и Јернеј Лоренци. Соработник на текстот е Матиц Старина, асистенти на режија се Ана Јанковиќ и Исидора Куленовиќ и асистент на сценографија е Даниела Матовиќ. Денеска во 12 часот во просториите на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) ќе се одржи работилницата наречена Карневал за „Себеси“ под менторство на Мирза Метин.
Оваа работилница претендира преку серија на физички и вокални вежби учесниците да доживеат автокарневалско искуство. Вежбите главно се составени од вокални и физички анализи на традиционални курдски танци и песни. Различните овчарски гласови се исто така една од темите што се провлекува низ овие вежби. Во вториот дел од работилницата ќе се користи и сопствената културна, физичка и вокална меморија на учесниците“, се вели во најавата.
Во 18 часот во Галерија 2 во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе има презентација на перформансот „Испробување феминистички иднини 2.0“. Се работи за платформа која Тиииит! Инк. ја формираше во 2021 година, со цел да придонесе кон афирмација, феминистичка едукација и развој на продукција во полето на современите изведувачки уметности.
Како продолжение на програмата ‘Испробување феминистички иднини 2.0’, годинава локален интердисциплинарен колектив развива феминистички преформанс, чијашто премиера е планирано да се случи во рамки на програмата МОТ+. Нивниот проект е ‘Мачката Елеонора’, кој допира до актуелни феминистички прашања преку преиспитувањето на можностите за радикална самоопределба и идентитетска трансформација. Поаѓајќи од истоимената монодрама на германската авторка Карен Јес (Die Katze Eleonore, Caren Jeß), тие ги истражуваат овие централни прашања од феминистичкиот и родовиот дискурс, но и можностите за колаборативна изведувачка практика, која се води од дијалогот помеѓу теоријата и уметноста“, се вели во најавата.
Во перформансот се вклучени видео, трансформација на простор, звук, тело, говор и авторски текст, колективот се занимава и со сопствената позиција во локалниот уметнички контекст, преведувајќи го изворниот текст и како израз на индивидуалната и колективна криза на припадност и неприпадност. Во рамки на презентацијата на платформата која Тиииит! Инк. ја реализира во соработка со Локомотива – Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата, ФДУ Скопје и МОТ, ќе бидат претставени фрагменти од досегашната работа на перформансот преку кои ќе може да се увидат некои од основните принципи и методи на работа на колективот.  

The post „Евангелие по Ф.М. Достоевски“ на Српски народен театар од Нови Сад за крај на драмската прогрма на МОТ appeared first on Република.

]]>