Лондонскиот аеродром Гетвик, наводно, е евакуиран, а на патниците им било кажано да „излезат веднаш и да се држат настрана“ додека полицајците го истражуваат безбедносниот инцидент.
Голем дел од јужниот терминал на аеродромот е евакуиран, а на патниците им е забранет влезот, објави британскиот весник „Сан“.
Аеродромот соопшти дека евакуацијата била „мерка на претпазливост“ додека полицајците истражуваат „безбедносен инцидент“.
The post Евакуиран аеродромот Гетвик, лондонската полиција истражува безбедносeн инцидент appeared first on Република.
]]>The post Евакуиран аеродромот Гетвик, лондонската полиција истражува безбедносeн инцидент appeared first on Република.
]]>Во петокот вечерта штабот на службата за цивилна заштита на округот Сараево нареди евакуација на населението од делови на општината Стари град поради опасност од активирање на лизгање на земјиштето откриено претходно на падините на Требевиќ.
Според наредбата потпишана од командантот на цивилната заштита Бојан Бошњак, жителите на сите куќи во населбата Широкача над која се наоѓа свлечиштето, привремено ќе бидат сместени во колективни сместувачки капацитети во другите делови на Сараево.
На падините на Требевиќ под местото каде што се гради луксузен станбено-хотелски комплекс наречен „Требевиќ Хилс“ претходно беше откриен потенцијално опасен одрон. Изградбата ја финансираат инвеститори од Турција, а спорната мегаградба се подига на само 50 метри од просторот кој е прогласен за парк на природата.
На градилиштето беше исечена шума, а дел од ископаниот материјал и почвата завршија во коритото на потокот Бистрица, кој се влева во Миљацка во центарот на Сараево. Трупците и наносите земја го спречија нормалното течење на водата, а жупанискиот инспекторат претходно предупреди дека поради тоа сега се закануваат поплави.
„Пукнатината која се појави на земјиштето и која се заканува да прерасне во свлечиште е создадена недалеку од зградата Требевиќ Хилс, која е во изградба, но и поради депонијата која беше формирана и каде што беше фрлен материјалот при изградбата на оваа зграда“, изјави Бошњак за локалните медиуми објаснувајќи дека проблемот настанал на дел од територијата што ѝ припаѓа на Република Српска и каде властите од Федерацијата БиХ немаат овластување да дејствуваат.
Градоначалникот на општина Стари Град, Ирфан Ченгиќ, изјави дека нема потреба од итна евакуација и паника бидејќи свлечиштето сè уште не започнало.
„Ситуацијата сега е иста како и пред 15 дена“, тврди Ченгиќ, додавајќи дека конечната одлука е на граѓаните дали ќе ја почитуваат наредбата на окружниот штаб и ќе ги напуштат своите домови.
The post Во Сараево наредена евакуација на жителите поради свлечиште на Требевиќ appeared first on Република.
]]>Во петокот вечерта штабот на службата за цивилна заштита на округот Сараево нареди евакуација на населението од делови на општината Стари град поради опасност од активирање на лизгање на земјиштето откриено претходно на падините на Требевиќ.
Според наредбата потпишана од командантот на цивилната заштита Бојан Бошњак, жителите на сите куќи во населбата Широкача над која се наоѓа свлечиштето, привремено ќе бидат сместени во колективни сместувачки капацитети во другите делови на Сараево.
На падините на Требевиќ под местото каде што се гради луксузен станбено-хотелски комплекс наречен „Требевиќ Хилс“ претходно беше откриен потенцијално опасен одрон. Изградбата ја финансираат инвеститори од Турција, а спорната мегаградба се подига на само 50 метри од просторот кој е прогласен за парк на природата.
На градилиштето беше исечена шума, а дел од ископаниот материјал и почвата завршија во коритото на потокот Бистрица, кој се влева во Миљацка во центарот на Сараево. Трупците и наносите земја го спречија нормалното течење на водата, а жупанискиот инспекторат претходно предупреди дека поради тоа сега се закануваат поплави.
„Пукнатината која се појави на земјиштето и која се заканува да прерасне во свлечиште е создадена недалеку од зградата Требевиќ Хилс, која е во изградба, но и поради депонијата која беше формирана и каде што беше фрлен материјалот при изградбата на оваа зграда“, изјави Бошњак за локалните медиуми објаснувајќи дека проблемот настанал на дел од територијата што ѝ припаѓа на Република Српска и каде властите од Федерацијата БиХ немаат овластување да дејствуваат.
Градоначалникот на општина Стари Град, Ирфан Ченгиќ, изјави дека нема потреба од итна евакуација и паника бидејќи свлечиштето сè уште не започнало.
„Ситуацијата сега е иста како и пред 15 дена“, тврди Ченгиќ, додавајќи дека конечната одлука е на граѓаните дали ќе ја почитуваат наредбата на окружниот штаб и ќе ги напуштат своите домови.
The post Во Сараево наредена евакуација на жителите поради свлечиште на Требевиќ appeared first on Република.
]]>Британскиот министер за одбрана, Џон Хили, се сретна со воените сили кои се подготвуваат за евентуална евакуација на Британци од Либан, додека Блискиот Исток е на раб на целосна војна, јави ДПА.
Тој им се заблагодари на војниците кои учествувале во операцијата за заштита на Израел за време на иранскиот ракетен напад пред два дена.
Два авиони „Тајфун“, поддржани од авион-цистерна, учествувале во операцијата, иако Министерството за одбрана соопшти дека поради природата на нападот со балистички ракети, „тие не погодиле никакви цели“. Според Министерството, авионите „имале значајна улога во поширокото одвраќање и напорите за спречување на дополнителна ескалација“.
Во меѓувреме, чартер-лет со Британци полета од Бејрут и слета во Бирмингем синоќа.
Авионот на „Дан Ер“ слета на Меѓународниот аеродром во Бирмингем нешто пред 20:40 часот по локално време (19:40 часот по Гринич), откако претходно накратко слета во Букурешт. Уште летови се планирани за денес и наредните денови.
Друг посебно организиран лет на либанската авиокомпанија „Мидл Ист Ерлајнс“ исто така ќе врати Британци во својата земја.
- Првиот чартер-лет, со кој се враќаат Британци од Либан, веќе полета. Организиравме уште еден лет за утре и уште летови за колку што ќе биде потребно и безбедно, изјави синоќа министерот за надворешни работи, Дејвид Лами.
Британските власти се загрижени дека континуираните воени дејствија на Израел би можеле да го затворат аеродромот, со што би се отсекол најдиректниот пат за евакуација на околу 4 до 6 илјади Британци, кои се наоѓаат во Либан.
Австралија, исто така, објави дека организира летови за да врати стотици Австралијци од Либан.
Министерката за надворешни работи Пени Вонг денеска соопшти дека повикала илјадници свои сонародници, кои се уште се во земјата, да ја напуштат додека е можно.
Летови со капацитет од 580 лица ќе полетаат од Бејрут денеска и во сабота. Со нив ќе патуваат австралиски државјани, лица со постојано жителство и нивните семејства, прецизира Вонг.
Двата лета в сабота, кои треба да полетаат за Кипар, а од таму за Австралија, ќе зависат од условите на аеродромот во Бејрут, додаде министерката. Летови кон Австралија имаше и претходно оваа недела.
До сега 1.700 Австралијци и нивните семејства изразиле желба да го напуштат Либан. Австралија е дом на најголемата либанска дијаспора во странство, а околу 15.000 Австралијци живеат во Либан, потсети австралиското министерство за надворешни работи.
The post Велика Британија и Австралија евакуираат свои граѓани со организирани летови од Либан appeared first on Република.
]]>The post Велика Британија и Австралија евакуираат свои граѓани со организирани летови од Либан appeared first on Република.
]]>Италијанскиот меѓународен аеродром „Орио ал Серио“ во Бергамо утрово е затворен откако при слетувањето пукна гумата на авионот на летот на компанијата „Рајанер“, соопшти управата на аеродромот.
View this post on Instagram
Никој на летот кој пристигна од Барселона не е повреден, јавува Анса.
Пожарникарите помогнаа во евакуацијата на патниците.
The post Затворен аеродромот во Бергамо: Пожарникарите ги евакуираа патниците од авионот appeared first on Република.
]]>Никој на летот кој пристигна од Барселона не е повреден, јавува Анса. Пожарникарите помогнаа во евакуацијата на патниците.View this post on Instagram
The post Затворен аеродромот во Бергамо: Пожарникарите ги евакуираа патниците од авионот appeared first on Република.
]]>До овој момент, нема македонски државјани кои се обратиле за помош или евакуација од Либан, велат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија за МИА.
Поради влошенета безбедносна ситуација во Либан, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија во неколку наврати ги повика сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава, да ја напуштат во прва можна прилика и апелираше да се одложат сите патувања кон оваа држава, кои не се неопходни, посочуваат од Министерството.
Оттаму додаваат дека Министерството ги ставило сите свои капацитети за асистенција на нашите државјани преку 24 часовниот СОС дежурен телефон на Министерството за надворешни работи +389 75 268 736 (мејл адреса: globalsos@mfa.gov.mk).
До овој момент нема наши државјани кои се обратиле до Министерството за помош или евакуација, ниту е пристигнато известување дека има наши државјани кои се наоѓаат во земјата, наведуваат од Министерството.
Во меѓувреме, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел за попладнево закажа вонреден онлајн состанок на шефовите за дипломатии на членките на Унијата со единствена точка на дневниот ред – актуелната состојба во Либан.
Нашата порака е многу јасна, изразуваме жалење за цивилните жртви и бараме итен прекин на огнот, истакна портпаролот за надворешни работи и безбедносна политика на ЕК, Петер Стано, додавајќи дека ЕУ својот став за случувањата во Либан го искажа во минатонеделната изјава на Борел.
Повеќе од 100.000 луѓе од Либан преминале во Сирија по ескалацијата на конфликтот меѓу израелските сили и либанската група Хезболах овој месец, изјави денеска високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди.
Либанската новинска агенција (ННА) јави дека израелската армија изутрината извршила нов воздушен напад во областа Чија, во јужните предградија на Бејрут. Претходно, израелската армија (ИДФ) соопшти дека во текот на ноќта извршила воздушни напади во регионот Бека, источен Либан. Според ИДФ, нападите биле насочени кон десетици ракетни фрлачи и магацин за оружје на Хезболах. При нападите врз јужниот дел на Либан елиминиран е лидерот на Хамас, Фатех Шериф Абу ел Амин. Во нападот врз палестинскиот бегалски камп во Тир загинаа и сопругата, жерката и синот на Амин.
Според либанското Министерство за здравство во последните израелски напади загинале повеќе од 100 луѓе, додека бројот на жртвите во изминатите две недели се искачи на над 1.000, а околу 600 се повредени.
The post МНР: До овој момент нема наши државјани кои се обратиле за помош или евакуација од Либан appeared first on Република.
]]>The post МНР: До овој момент нема наши државјани кои се обратиле за помош или евакуација од Либан appeared first on Република.
]]>Едно лице загина, а повеќе од 10 се водат како исчезнати во невидените дождови што го погодија полуостровот Ното во централна јапонска префектура Ишикава, регионот кој беше погоден од силен земјотрес на 1 јануари.
Наредена е евакуација на десетици илјади луѓе, а повеќе од 6.000 домаќинства се без струја.
Јапонската метеоролошка служба издаде итно предупредување за обилни врнежи од дожд во областа на општина Ваџима на полуостровот Ното.
Повеќе од 120 милиметри дожд утринава паднаа во областа Ваџима за еден час, што се најобилните врнежи некогаш забележани во регионот.
Општинските власти соопштија дека 10 лица се водат за исчезнати во Ваџима, а едно лице загинало во градот Сузу во истиот регион.
Противпожарната служба во северниот дел на погоденото подрачје соопшти дека во надојдените реки се исчезнати три лица.
Илјадници куќи се поплавени, а медиумите јавуваат дека едно лице е живо закопано во свлечиштето.
Надлежните соопштија дека се излеале 16 реки.
Гувернерот на Ишикава, Хироши Хасе, ги повика жителите да дејствуваат „во согласност со очекуваната опасна ситуација“, имајќи предвид дека во некои области структурите се слаби по силниот земјотрес.
The post Едно лица загина, десетина се исчезнати: Јапонија нареди евакуација на десетици илјади луѓе поради невремето на полуостровот Ното appeared first on Република.
]]>The post Едно лица загина, десетина се исчезнати: Јапонија нареди евакуација на десетици илјади луѓе поради невремето на полуостровот Ното appeared first on Република.
]]>Светската здравствена организација денеска соопшти дека евакуирала речиси 100 луѓе, вклучително и десетици деца, од Газа во Обединетите Арапски Емирати, повикувајќи на обновување на редовните медицински трансфери од енклавата.
Претставникот на СЗО за окупираните палестински територии, Ричард Пајперкорн, објави дека евакуацијата, извршена во средата, е најголемата операција од ваков вид од почетокот на израелската војна во Појасот Газа во октомври 2023 година, пренесува Ројтерс.
На Газа и требаат медицински коридори. Ни треба подобро организиран и одржлив систем – рече тој.
Пајперкорн истакна дека околу 1.000 луѓе се уште чекаат на евакуација.
The post Евакуирани 100 луѓе од Газа, повеќето деца appeared first on Република.
]]>The post Евакуирани 100 луѓе од Газа, повеќето деца appeared first on Република.
]]>Илјадници луѓе се евакуирани од нивните домови додека голем пожар се шири северно од Атина, при што пламенот се издигнува до 25 метри. Историското место Маратон е меѓу областите чија што евакуација беше наредена.
Пожарникарите велат дека има изгорени домови и имоти во гратчето Варнавас, 35 километри од Атина, при што се обидуваат да извлечат луѓе заглавени во конвој од 20-25 возила.
Во саботата попладне избувнале повеќе од 40 пожари, од кои се активни седум. На терен се распоредени повеќе од 500 пожарникари, 150 возила и над 30 противпожарни летала.
„Работевме цела ноќ, но и покрај натчовечките напори, пожарот многу брзо се развива. Ветровите беа силни во текот на целата ноќ, па очекуваме разгорување на пожарите“, изјави портпаролот на пожарникарите Василис Ватракојанис.
Јужно од Атина се евакуирани три болници зашто пожарот се движел кон селото Пентели.
Стотици пожари се регистрирани во Грција од мај и властите предупредија дека ова ќе биде многу тешка недела.
„Половина од Грција ќе биде во црвено“, изјави министерот за климатска криза и цивилна заштита Василис Кикилијас, алудирајќи на температурите од 40-ина Целзиусови степени и силните ветрови.
The post Илјадници луѓе се евакуирани од нивните домови додека голем пожар се шири северно од Атина appeared first on Република.
]]>The post Илјадници луѓе се евакуирани од нивните домови додека голем пожар се шири северно од Атина appeared first on Република.
]]>Француските власти ги евакуираа луѓето на Ајфеловата кула откако маж беше забележан како се искачува на историската знаменитост неколку часа пред церемонијата на затворање на Олимписките игри во Париз.
Човекот попладнево бил забележан како се качува на кулата од 330 метри. Не е јасно каде го започнал своето искачување, но бил забележан веднаш над олимписките прстени поставени на второто ниво.
Кулата не се очекува да биде дел од церемонијата на затворање на Игрите, кои се очекува да започнат на Стад де Франс во регионот Сен Дени околу 21 часот по локално време.
Повеќе од 30.000 полицајци се распоредени во и околу Париз за да ги чуваат последните олимписки настани и церемонијата на затворање денеска.
Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен рече дека околу 3.000 полицајци ќе бидат мобилизирани околу Стад де Франс и дека 20.000 полицајци, војска и други безбедносни лица околу Париз и Сен Дени ќе бидат мобилизирани до доцна вечерва за безбеден последен ден на ОИ
The post Евакуација на луѓето на Ајфеловата кула appeared first on Република.
]]>The post Евакуација на луѓето на Ајфеловата кула appeared first on Република.
]]>Фронтот на огнот од светиниколското с. Немањица продолжува да се движи во насока на Штип, известуваат вечерва од Центарот за управување со кризи.
[caption id="attachment_801439" align="aligncenter" width="1003"] Големиот оган се пири кон Штип[/caption]
Како што информираа претходно од ЦУК, дел од жителите на селото не сакале да бидат евакуирани и да ги напуштат куќите:
https://youtu.be/kjKvHbn9Zjs?si=Ilm53rSJ_QTV8W9X
Инаку, едно повозрасно лице загина во кумановското село Кокошиње, најверојатно задушено од чад, во пожарот што го зафати денеска ова село, информира попладнево директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Додаде дека сопругата на загинатиот била успешно евакуирана.
https://republika.mk/vesti/balkan/mazh-zagina-vo-pozharite-koi-besneat-kaj-sveti-nikole-i-kumanovsko/
The post Со полиција евакуирани жителите на Немањица кои одбивале да ги напуштат куќите и покрај големиот пожар appeared first on Република.
]]>The post Со полиција евакуирани жителите на Немањица кои одбивале да ги напуштат куќите и покрај големиот пожар appeared first on Република.
]]>Во населба во грчкиот град Патра денеска избувна пожар, а превентивно беа евакуирани жителите на неколку населби, како и детска болница што се наоѓа во близина, бидејќи огнените јазици стигнале до дворот на објектот, јави дописничката на МИА од Атина.
Од бројот 112 за итни случаи беа испратени три пораки до жителите на населбите зафатени од пожарот да се евакуираат, додека пак децата хоспитализирани во детската болница биле пренесени во останатите болници во градот.
Портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис за грчката телевизија ЕРТ рече дека интервенираат 78 пожарникари со три пешадиски тима, 26 возила, четири авиони и шест хеликоптери, од кои еден за координација.
Истакна дека „станува збор за пожар што многу брзо зазеде големи размери“, особено опасен и токму затоа од жителите било побарано да се евакуираат.
The post Голем пожар во Патра, евакуирани детска болница и жителите на неколку населби appeared first on Република.
]]>The post Голем пожар во Патра, евакуирани детска болница и жителите на неколку населби appeared first on Република.
]]>Австралија и Нов Зеланд најавија дека ќе испратат владини авиони за да ги евакуираат своите граѓани од Нова Каледонија, француска прекуморска територија каде што летовите се прекинати поради насилните протести по повод измените на изборните закони.
Граѓаните на Нов Зеланд во Нова Каледонија се соочија со неколку предизвикувачки денови и нивното враќање дома беше итен приоритет за нашата влада“, рече министерот за надворешни работи на Нов Зеланд, Винстон Питерс, по состанокот со неговите француски и австралиски колеги синоќа, кога беше договорена евакуацијата.
Во таа акција ќе учествуваат авиони од одбранбените сили на Австралија и Нов Зеланд, а француската Висока комисија во Нова Каледонија денеска соопшти дека аеродромот на тој остров се уште е затворен за комерцијални летови и дека ќе испрати војска да ги заштити јавните објекти.
Немирите започнаа на 13 мај, откако пратениците во националното собрание во Париз гласаа за промена на законот за да им се овозможи на повеќе француски граѓани да гласаат на локалните избори во Нова Каледонија, што според домородните лидери ќе го неутрализира домородното политичко влијание.
Контингент од 1.700 полицајци од Франција веќе пристигна на островот. Властите прогласија вонредна состојба која вклучува ноќен полициски час, како и забрани за јавни собири, продажба на алкохол и носење оружје.
The post Австралија и Нов Зеланд испраќаат авиони за евакуација на туристи од Нова Каледонија appeared first on Република.
]]>The post Австралија и Нов Зеланд испраќаат авиони за евакуација на туристи од Нова Каледонија appeared first on Република.
]]>Се предвидува дека во Хјустон, Тексас, ситуацијата со поплавите ќе се влоши, еден ден откако силно невреме го зафати регионот, а властите ги предупредија жителите во ниските области на градот да се евакуираат пред очекуваните големи поплави.
Според прогнозата на метеоролозите, количината на врнежи од 2,5 до 7,6 сантиметри на метар квадратен вечерва ќе доведе до големи поплави.
Во Хјустон вчера околу 20 луѓе беа спасени од поплавеното подрачје, вклучително и оние кои се качиле на покривите на своите домови.
Локалните власти соопштија дека неколку стотици згради се во опасност од поплави, како и дека наставата во училиштата е откажана, а некои патишта се затворени поради поплави.
Обилните дождови со недели го зафатија Тексас и делови од американската сојузна држава Луизијана, а делови од југоисточниот дел на Тексас, северно од Хјустон, се поплавени.
The post Евакуација во Хјустон поради поплави appeared first on Република.
]]>The post Евакуација во Хјустон поради поплави appeared first on Република.
]]>По нападите од саботата на Иран врз Израел во МНР е формиран Кризен штаб чија примарна задача е да организира извлекување на македонските државјани од Израел и од поширокиот Блиски Исток доколку за тоа има потреба. Покрај Амбасадата во Тел Авив на граѓаните на располагање им стојат и амбасадите во Каиро, Абу Даби и Катар.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи информира дека само еден македонски државјанин побарал да биде евакуиран од Израел по повикот упатен до наши државјани кои во моментов се наоѓаат во таа земја и поширокиот регион на Блискиот исток по нападот од саботата на Иран врз Израел.
До сега се пријавил еден наш граѓанин во Амбасадата во Израел којшто бара да се евакуира веднаш поради состојбата. Веднаш му е даден патен лист за да може да ја напушти државата, а исто така од една компанија се јавија на СОС телефонот овде во Скопје за четворица вработени кои се во Израел да ги имаме предвид во случај да се влоши состојбата и да имаат и контактни броеви каде да ги контактираме за да може да ги извлечеме, вели Османи.
Тој оценува дека ситуацијата на Блискиот исток е делумно стабилна и се придружи на повиците до Израел да не возврати на нападот на Иран за како што вели, да се спречи влошување на состојбите и спиралата на конфликти.
По однос на ситуацијата во Блискиот исток денеска имав разговори со повеќето амбасадори во тој регион, меѓутоа и амбасадорот во НАТО и други партнерски земји. Во моментот состојбата е делумно стабилизирана. Училиштата во Израел се пуштени во функција, воениот кабинет се уште нема одлука дали ќе возврати. Јас еве ја користам оваа прилика до Израел да не донесе одлука бидејќи спиралата на конфликти тогаш само ќе се влоши, вели Османи.
На новинарско прашање како од околу 50 македонски државјани за кои се смета дека се во Израел, само еден се пријавил на повикот за извлекување, Османи вели дека тоа се должи на делумното стабилизирање на ситуацијата. Тој дал насока до нашиот амбасадор во Израел неговите деца да ја напуштат земјата, но откако утринава разговарал уште еднаш со него и со оглед дека училиштата повторно биле отворени, а состојбата е во моментот стабилна, сепак решиле тие да останат и да ја следат состојбата. Од Иран, посочи тој, нема барање од наши државјан, а во однос на студентите од Јордан кои сакале да се вратат во земјава, во моментот вели, нема некој притисок или барање од други држави на Блискиот Исток за евакуација, бидејќи вели ситуацијата е во скатус кво.
Во секој случај ние сме спремни да се организираме веднаш. Ние имаме постојано дежурство коешто одговара на повиците на граѓаните, рече министерот Османи.
Тој кажа дека Кризниот штаб нема конкретна бројка на македонски државјани кои се наоѓаат во околните земји, а единствениот начин да се дојде до тоа е преку нивно пријавување во нашите амбасади.
Единствениот начин ние да имаме податоци, е граѓаните коишто ќе се пријават и ќе се јават во амбасадите за да кажат ние сме тука, планирајте не, ако состојбата излезе од контрола. И јас еве иако денеска е стабилна состојбата во Израел и на Блискиот Исток, сепак им препорачувам, пријавете се во Амбасада, нека ве има во списокот, дајте телефонски броеви. Утре ако се влоши ќе знаеме како да ве контактираме. Тоа е најдобриот начин да направиме јасен список за тие што се надвор, вели Османи.
По нападите од саботата на Иран врз Израел во МНР е формиран Кризен штаб чија примарна задача е да организира извлекување на македонските државјани од Израел и од поширокиот Блиски Исток доколку за тоа има потреба. Покрај Амбасадата во Тел Авив на граѓаните на располагање им стојат и амбасадите во Каиро, Абу Даби и Катар.
Сите државјани кои се наоѓаат во посочениот регион можат да стапат во комуникација со нашата Амбасада во Тел Авив на дежурниот телефон 972 549 267 378 како и СОС дежурните телефони на МНР 075 273 732 и 075 268 376 со цел подготовки за евентуална евакуација. Извлекувањето ќе зависи од динамиката на состојбите во наредните часови и денови како и од отворениот аеродором во Тел Авив кој повторно е ставен во функција, но, работи со ограничен капацитет. Алтернативна рута е копнен пат преку Јордан.
The post Само еден македонски државјанин побарал евакуација од Израел, еве каде треба да се обратат сите засегнати таму appeared first on Република.
]]>The post Само еден македонски државјанин побарал евакуација од Израел, еве каде треба да се обратат сите засегнати таму appeared first on Република.
]]>Досега еден наш државјанин побарал евакуација од Израел, а една компанија се пријавила да биде евидентирана.
Од Иран досега не стигнало такво барања, ситуацијата е смирена, училиштата работат и засега останува таму и семејството на амбасадорот, велат од македонското МНР од каде апелираат сите нашинци кои живеат или престојуваат на териториите на овие земји да се пријават со цел да се направи евиденција.
The post Еден македонски државјанин побарал евакуација од Израел, од Иран ниту еден appeared first on Република.
]]>The post Еден македонски државјанин побарал евакуација од Израел, од Иран ниту еден appeared first on Република.
]]>Во моментов се евакуира трговскиот центар Ист Гејт Мол.
ТВ21 дознава дека евакуацијата е поради запален автомобил во гаражата.
Според информациите, на терен интервенирале од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје
Причините за пожарот се уште не се познати.
The post Пожар во „Ист Гејт“ мол, се спроведува евакуација appeared first on Република.
]]>The post Пожар во „Ист Гејт“ мол, се спроведува евакуација appeared first on Република.
]]>Околу 2.000 луѓе беа евакуирани од своите домови во рускиот град Орск, еден ден по издигнувањето на реката Урал, поплавувајќи ги селата покрај реките и предизвикајќи пукнување на браната, соопштија руските власти.
На видеата објавени од Министерството за вонредни состојби се гледа како спасувачите им помагаат на жителите со елеци за спасување во чамците за спасување.
Локалните власти во регионот Оренбург, кој се наоѓа во регионот на планините Урал, во кој е вклучен и Орск, вчера ги повикаа жителите на селата покрај реките да се евакуираат откако се скрши ѕидот на браната.
Новинските агенции го цитираа локалното обвинителство дека браната на акумулацијата откажала поради лошо одржување.
Голем број руски региони во Сибир и Урал и пограничните области во соседен Казахстан се поплавени во последните денови.
The post Русија евакуираше околу 2.000 луѓе од нивните поплавени домови во Орск appeared first on Република.
]]>The post Русија евакуираше околу 2.000 луѓе од нивните поплавени домови во Орск appeared first on Република.
]]>Американската армија денеска соопшти дека по воздушен пат спровела евакуација на персоналот од Амбасадата на САД од главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс, со цел да ја засили безбедноста на Амбасадата додека во земјата трае вонредната состојба.
Во соопштението на Американската јужна команда се наведува дека САД остануваат посветени на поддршката за полицијата на Хаити, на плановите за распоредување на мисија на Обединетите нации, како и мирна транзиција на власта преку слободни и фер избори.
На Хаити минатата недела е прогласена вонредна состојба по ескалацијата на насилството помеѓу вооружените банди кои бараат оставка од премиерот Аријел Анри.
Претходно, портпаролот на Американската јужна команда, Мејсон Енглхарт истакна дека САД размислуваат и за испраќање на маринци на Хаити.
Распоредувањето на тимот „ФАСТ“ (FAST) е една од опциите што ги има Министерството за одбрана доколку Стејт департментот побара безбедносна поддршка од Американската амбасада во Порт-о-Пренс, наведе Енглхарт.
The post Американската армија го евакуира персоналот од Амбасадата на САД во Хаити appeared first on Република.
]]>The post Американската армија го евакуира персоналот од Амбасадата на САД во Хаити appeared first on Република.
]]>Обединети нации соопштија дека израелските власти наредиле евакуација на населението од две третини од територијата на Појасот Газа или од 246 квадратни километри, каде пред војната, живееја 1,78 милиони Палестинци, 77 отсто од населението во енклавата.
По нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година, израелската армија им препорача на Палестинците во северниот дел на Газа да ги напуштат своите домови и да се засолнат пред очекуваната копнена офанзива.
Во исто време продолжија воздушните напади врз јужниот дел на Газа, каде исто така жителите беа предупредени да ги напуштат домовите.
Израел тврди дека напаѓа само цели на Хамас, кој е одговорен за штетата предизвикана врз цивилите, бидејќи дејствува од цивилни локации.
За време на војната, наредбите за евакуација беа проширени и на други области во јужниот дел на Појасот Газа, вклучувајќи го градот Кан Јунис и околните области, кои сега се во фокусот на израелската копнена офанзива.
Десетици илјади луѓе избегаа и продолжуваат да бегаат, објави денеска Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (ОЦХА).
Повеќе од половина од 2,3 милиони жители на таа мала енклава сега се во градот Рафах на границата со Египет и неговата околина.
Од почетокот на војната речиси 27.500 луѓе загинаа во Појасот Газа, од кои две третини се жени и деца.
The post ОН: Две третини од Појасот Газа се евакуирани по наредба на израелските власти appeared first on Република.
]]>The post ОН: Две третини од Појасот Газа се евакуирани по наредба на израелските власти appeared first on Република.
]]>Во порака на арапски јазик, објавена на платформата X, ИДФ им нареди на жителите на 15 станбени блока јужно од долината Вади Газа, меѓу кои е вклучен и бегалскиот камп Ал-Бурејџ, веднаш да се засолнат во засолништата во Деир ал-Балах.
Од 10 до 14 часот ќе биде воведен привремен тактички воен прекин на активности за спроведување на хуманитарни цели (снабдување на населението) во јужниот кварт Деир ал Балах, се наведува во соопштението на израелските сили.
ИДФ, исто така, соопшти дека ќе дозволи „хуманитарно движење“ на цивилите низ обиколницата западно од Кан Јунис.
The post Израел нареди итна евакуација на централна Газа appeared first on Република.
]]>The post Израел нареди итна евакуација на централна Газа appeared first on Република.
]]>