Ева Заева Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/eva-zaeva/ За подобро да се разбереме Wed, 04 May 2022 20:48:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ева Заева Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/eva-zaeva/ 32 32 Едната во Монте Карло, другата во Дубаи: Ќерките на Зоран и Вице Заеви ќе го памтат овој Велигден по луксуз и раскош https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ednata-vo-monte-karlo-drugata-vo-dubai-kjerkite-na-zoran-i-vice-zaevi-kje-go-pamtat-ovoj-veligden-po-luksuz-i-raskosh/ Wed, 04 May 2022 20:48:18 +0000 https://republika.mk/?p=497728

Скромноста на овој Велигден не ја почувствуваа децата на богатите. Магичните празнични денови ќе им останат во раскошно сеќавање на ќерките на браќата Заеви, Александра на Зоран и Ева на Вице.

Ќерката на Вице Заев, Ева Заева, дождливите пролетни денови ги минува во сончевиот Дубаи, една од дестинациите каде што многу често престојува. Ева живее на висока нога и нема морални сопирачки за да го крие тоа. Таа редовно им ги полни очите на своите следбеници од Македонија со раскошот во кој ужива. Знае да се пофали и со учењето, па ете знаеме дека дотуркала до крајот на студиите на Машинскиот факултет.

За разлика од неа, ќерката на нејзиниот чичко Зоран, Александра, за Велигден си дозволи да ја обиколи Западна Европа: Монте Карло, Барселона, Венеција, Рим. Ќерката на поранешниот премиер Зоран Заев постојано ги почестува своите следбеници на Инстаграм со нови фотографии од луксузните дестинации кои ги посетува.

Елегантна и стилизирана како и секогаш, таа на ова патување не ја тргна широката насмевка од лицето. Ева пак преферира да позира со загадочен поглед и филмска насмевка, па делува надмено. Александра, пак, ја наследила непосредноста од татка си, па иако парчињата алишта што ги носи вредат пакети масло или резервоар гориво, таа делува поскромно од братучетка си.

Истенчениот вкус на модните критичари веќе го прогласи стилот на братучетките Заеви за „задолжително парче во орманот“. Па така, скромната Ева од уште поскромното работничко семејство од Муртино, веќе го поседува долгиот летен фустан за кој би рекле дека е задолжително парче за претстојните топли денови кои нè очекуваат.

Во последните години Дубаи се смета за сврталиште за политичари и бизнисмени, кои не штедат на недвижнини во овој богат град.

Македонски државјани поседуваат вкупно 55 имоти во Дубаи, вредни 14 милиони евра, покажува истражувањето на норвешката веб-страница Е24, базирана на „протечени“ документи за имотите на странци во блискоисточната метропола.

Не е невообичаено, ниту незаконски странски државјани да поседуваат имот во Дубаи, но кога станува збор за „офшор“ инвестиции, тогаш работите се менуваат, се вели во извештајот. Според ова истражување, многу граѓани во светот купуваат имоти во Дубаи за да избегнат данок или да перат пари заработени на незаконски начин.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/korumpirani-politichari-i-biznismeni-perele-pari-preku-kupuvanje-imoti-vo-dubai-megju-niv-i-45-makedonci/

The post Едната во Монте Карло, другата во Дубаи: Ќерките на Зоран и Вице Заеви ќе го памтат овој Велигден по луксуз и раскош appeared first on Република.

]]>

Скромноста на овој Велигден не ја почувствуваа децата на богатите. Магичните празнични денови ќе им останат во раскошно сеќавање на ќерките на браќата Заеви, Александра на Зоран и Ева на Вице. Ќерката на Вице Заев, Ева Заева, дождливите пролетни денови ги минува во сончевиот Дубаи, една од дестинациите каде што многу често престојува. Ева живее на висока нога и нема морални сопирачки за да го крие тоа. Таа редовно им ги полни очите на своите следбеници од Македонија со раскошот во кој ужива. Знае да се пофали и со учењето, па ете знаеме дека дотуркала до крајот на студиите на Машинскиот факултет. За разлика од неа, ќерката на нејзиниот чичко Зоран, Александра, за Велигден си дозволи да ја обиколи Западна Европа: Монте Карло, Барселона, Венеција, Рим. Ќерката на поранешниот премиер Зоран Заев постојано ги почестува своите следбеници на Инстаграм со нови фотографии од луксузните дестинации кои ги посетува. Елегантна и стилизирана како и секогаш, таа на ова патување не ја тргна широката насмевка од лицето. Ева пак преферира да позира со загадочен поглед и филмска насмевка, па делува надмено. Александра, пак, ја наследила непосредноста од татка си, па иако парчињата алишта што ги носи вредат пакети масло или резервоар гориво, таа делува поскромно од братучетка си. Истенчениот вкус на модните критичари веќе го прогласи стилот на братучетките Заеви за „задолжително парче во орманот“. Па така, скромната Ева од уште поскромното работничко семејство од Муртино, веќе го поседува долгиот летен фустан за кој би рекле дека е задолжително парче за претстојните топли денови кои нè очекуваат. Во последните години Дубаи се смета за сврталиште за политичари и бизнисмени, кои не штедат на недвижнини во овој богат град.
Македонски државјани поседуваат вкупно 55 имоти во Дубаи, вредни 14 милиони евра, покажува истражувањето на норвешката веб-страница Е24, базирана на „протечени“ документи за имотите на странци во блискоисточната метропола.
Не е невообичаено, ниту незаконски странски државјани да поседуваат имот во Дубаи, но кога станува збор за „офшор“ инвестиции, тогаш работите се менуваат, се вели во извештајот. Според ова истражување, многу граѓани во светот купуваат имоти во Дубаи за да избегнат данок или да перат пари заработени на незаконски начин. https://republika.mk/vesti/ekonomija/korumpirani-politichari-i-biznismeni-perele-pari-preku-kupuvanje-imoti-vo-dubai-megju-niv-i-45-makedonci/

The post Едната во Монте Карло, другата во Дубаи: Ќерките на Зоран и Вице Заеви ќе го памтат овој Велигден по луксуз и раскош appeared first on Република.

]]>
И на газдата на скопското парно, зетот на Вице Заев, му е ладно – на -9 во францускиот скијачки центар Вал Дизер https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/i-na-gazdata-na-skopskoto-parno-zetot-na-vice-zaev-mu-e-ladno-na-9-vo-francuskiot-skijachki-centar-val-dizer/ Wed, 12 Jan 2022 10:49:37 +0000 https://republika.mk/?p=443607

Малиот Чифлиганец, бизнисменот Душко, веќе неколку дена се смрзнува во францускиот скијачки центар Вал Дизер. Или, што би рекол Душко, си го пуштил мозокот на пасење. Веројатно сака да каже дека се солидаризира со „овците за стрижење“ кои останаа во Скопје да се смрзнуваат со млаки радијатори.

Семејството Чифлиганец од септември 2021 година е сопственик на топланите „Исток“ и „Запад“ на а.д. „Топлификација“ во стечај.

Бидејќи јавноста и акционерите во а.д. „Топлификација“ не беа шекнати од радост кога Чифлиганец ја доби „Топлификација“ вредна 30 милиони евра за 9 милиони евра, малиот Чифлиганец се обиде да ѝ објасни на јавноста зошто оваа зделка со државата е за доброто на сите.

Заменик-генералниот директор и одговорен за деловниот развој Душко Чифлиганец компанијата се одлучила на ваков чекор по повеќегодишни длабоки опсервации и согледувања на приликите во регулираниот бизнис со производство на топлинска енергија, како и врз основа на физибилити студија што ја изготвиле врни домашни експерти од областа на енергетиката.

Веруваме дека од досегашниот загубар „Топлификација“ АД, ќе изградиме успешна домашна приказна во бизнисот со топлинската енергија. Овој бизнис аспект ќе функционира како посебен правен ентитет под името „Адора Енерџи Солушн“, а менаџментот и раководството ќе биде целосно составено од домашни човечки ресурси. Во соработка со домашната стручна фела, имаме јасна визија како да го поставиме работењето на правилен начин и да го оптимизраме и модернизираме процесот на производство во согласност со сите последни технологии. Постојат многу сфери во работењето на кои ќе треба да се посвети интезивно внимание, труд и работа со цел да се изнајде економска оправданост, истакна Чифлиганец.

„Адора“, нагласи Чифлиганец, има афинитет на прифаќање деловни предизвици и донесе одлука дека овој бизнис од државно значење заслужува да биде во рацете на домашна компанија.

Мало потсетување на приватниот живот на малиот Чифлиганец за многу јавни работи да станат појасни

Освен како син на Чифлиганец постариот, Душко на македонската јавност ѝ е познат и како зет во Заеви, поточно на Вице Заев. Неколку години тој е во врска со ќерката на Вице, а од неодамна и ја кријат врската од јавноста. Двајцата се многу активни на социјалните мрежи, каде што Душко се претставува под псевдонимот The love guru,  а ева го корости сопственот име. Душко и Ева го пропатуваа светот, секако главно на луксузни дестинации. Радоста и восхитот од Бали, Малдиви, Африка, Европа... редовно ги споделуваа со јавноста, но пред летото престанаа. Иако се уште се следат на социјалните мрежи, на нивните профили не можеме веќе да видиме фотографии од заедничките убаво моменти во Африка, на Далечниот Исток, Дубаи, но и во монденските летувалишта во Европа, како во Монако на пример.

За среќа, Душко, кој е љубител на мотори и скапи коли, летово ја провозил Ева во Монако со луксузно ламборгини со белградски таблички, па на Инстаграм профил кој објавува скапи коли се појави видеоисечок од богатите деца. Дури Ева и си ја подместува косата за пред камери.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nico Akli (@nicoakli)

РКЕ велат дека добиле гаранција од снабдувачите со топлинска енергија дека се целосно подготвена за новата грејна сезона дури и ако таа почне порано од 15 октомври. Минатата година дел од граѓаните се жалеа на слабо греење, поради што РКЕ побара измени со кои ќе може да изрекува казни кои ќе бидат врзани со приходите на компаниите.

Во моментов градско парно користат околу 60 илјади домаќинства. За една година приклучени се нови 2.000 потрошувачи. Најмалку корисници и натаму има на топланата Скопје Север.

The post И на газдата на скопското парно, зетот на Вице Заев, му е ладно – на -9 во францускиот скијачки центар Вал Дизер appeared first on Република.

]]>

Малиот Чифлиганец, бизнисменот Душко, веќе неколку дена се смрзнува во францускиот скијачки центар Вал Дизер. Или, што би рекол Душко, си го пуштил мозокот на пасење. Веројатно сака да каже дека се солидаризира со „овците за стрижење“ кои останаа во Скопје да се смрзнуваат со млаки радијатори. Семејството Чифлиганец од септември 2021 година е сопственик на топланите „Исток“ и „Запад“ на а.д. „Топлификација“ во стечај. Бидејќи јавноста и акционерите во а.д. „Топлификација“ не беа шекнати од радост кога Чифлиганец ја доби „Топлификација“ вредна 30 милиони евра за 9 милиони евра, малиот Чифлиганец се обиде да ѝ објасни на јавноста зошто оваа зделка со државата е за доброто на сите. Заменик-генералниот директор и одговорен за деловниот развој Душко Чифлиганец компанијата се одлучила на ваков чекор по повеќегодишни длабоки опсервации и согледувања на приликите во регулираниот бизнис со производство на топлинска енергија, како и врз основа на физибилити студија што ја изготвиле врни домашни експерти од областа на енергетиката.
Веруваме дека од досегашниот загубар „Топлификација“ АД, ќе изградиме успешна домашна приказна во бизнисот со топлинската енергија. Овој бизнис аспект ќе функционира како посебен правен ентитет под името „Адора Енерџи Солушн“, а менаџментот и раководството ќе биде целосно составено од домашни човечки ресурси. Во соработка со домашната стручна фела, имаме јасна визија како да го поставиме работењето на правилен начин и да го оптимизраме и модернизираме процесот на производство во согласност со сите последни технологии. Постојат многу сфери во работењето на кои ќе треба да се посвети интезивно внимание, труд и работа со цел да се изнајде економска оправданост, истакна Чифлиганец.
„Адора“, нагласи Чифлиганец, има афинитет на прифаќање деловни предизвици и донесе одлука дека овој бизнис од државно значење заслужува да биде во рацете на домашна компанија.

Мало потсетување на приватниот живот на малиот Чифлиганец за многу јавни работи да станат појасни

Освен како син на Чифлиганец постариот, Душко на македонската јавност ѝ е познат и како зет во Заеви, поточно на Вице Заев. Неколку години тој е во врска со ќерката на Вице, а од неодамна и ја кријат врската од јавноста. Двајцата се многу активни на социјалните мрежи, каде што Душко се претставува под псевдонимот The love guru,  а ева го корости сопственот име. Душко и Ева го пропатуваа светот, секако главно на луксузни дестинации. Радоста и восхитот од Бали, Малдиви, Африка, Европа... редовно ги споделуваа со јавноста, но пред летото престанаа. Иако се уште се следат на социјалните мрежи, на нивните профили не можеме веќе да видиме фотографии од заедничките убаво моменти во Африка, на Далечниот Исток, Дубаи, но и во монденските летувалишта во Европа, како во Монако на пример. За среќа, Душко, кој е љубител на мотори и скапи коли, летово ја провозил Ева во Монако со луксузно ламборгини со белградски таблички, па на Инстаграм профил кој објавува скапи коли се појави видеоисечок од богатите деца. Дури Ева и си ја подместува косата за пред камери.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Nico Akli (@nicoakli)

РКЕ велат дека добиле гаранција од снабдувачите со топлинска енергија дека се целосно подготвена за новата грејна сезона дури и ако таа почне порано од 15 октомври. Минатата година дел од граѓаните се жалеа на слабо греење, поради што РКЕ побара измени со кои ќе може да изрекува казни кои ќе бидат врзани со приходите на компаниите. Во моментов градско парно користат околу 60 илјади домаќинства. За една година приклучени се нови 2.000 потрошувачи. Најмалку корисници и натаму има на топланата Скопје Север.

The post И на газдата на скопското парно, зетот на Вице Заев, му е ладно – на -9 во францускиот скијачки центар Вал Дизер appeared first on Република.

]]>